1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Германско обединување

Светилник на слободата

На свеченоста по повод 60-годишнината од постоењето на Германија, претседателот Хорст Келер го истакна значењето на уставот. Тој стапи во сила на 23 мај 1949 година, а граѓаните го исполнија со живот, рече Келер.

„Научивме и успеавме многу. Можеме да бидеме горди на постигнатото. Свесни сме за новите предизвици. Им пристапуваме со самодоверба. Ќе се докажеме!“

Ова е пораката на сојузниот перетседател Хорст Келер до 1400 официјални гости и германскиот народ по повод 60 годишнината од основањето на Сојузна Република Германија.

Во свечената сала на Концертната куќа на Жандармен Маркт, претседателот Хорст Келер најпрво се осврна на историјата и значењето на овој ден кога беше донесен Уставот на државата.

„Достоинството на човекот е неприкосновено. Ова е главната реченица на нашиот устав - рече Келер, потсетувајќи дека во документот се содржани најдобрите достигнувања на германската историја на правото со сите научени лекции од минатото- почнувајќи од Вајмарската република до злосторничкиот нацистички режим. На Уставот граѓаните му дадоа живот и тој стана вистински светилник на слободите“.

„Уставот ни дава слобода. Но живее од нашата одговорност. Затоа треба секој еден да се прашува дали ги користи можностите што му се дадени. Колкава е одговорноста што ја сноси ?“, подвлече претседателот, потсетувајќи дека Германија ги научи лекциите од минатото и тоа е вплотено во темелниот документ, кој е јасно против антисемитизмот, расизмот и непријателството кон странците. Со ваквата позиција Германија ја поврати довербата кај пријателите, кај соседите. Без Европската унија и заедничкииот пазар немаше да биде постигнато она што Германија го има денес.“

Обединувањето-голем момент

Келер потсети и на значењето на НАТО, на обединувањето од 1989, солидарноста и поддршката, која западниот дел им ја дава на новите покраини. Но не ги одмина и проблемите:

Хорст Келер

„Со обединувањето е како и со демократијата: никогаш не е завршена.Мора да заживува, да се испробува, восекојдневието секогаш одново да се препознава и спроведува... За вакви разоткривања се потребни средби, поголема љубопитност едни за други, заедничка потрага по нови одговори на новите прашања. Се исплатува да се слушаме еден со друг , рече сојузниот претседател, подвлекувајќи дека Германија слави роденеден во едно кризно време, во кое многумина имаат егзистенцијални грижи. Но кризата треба да се искористи како можност за создавање нови работни места.

„Сакам пред се‘ да се истакнат две шанси. Ни треба една нова еколошка инсдустриска револуција - секаде на светот. Мора да се најдат нови енергетски извори и да се равијат нови производни процеси. Разградувањето на суровините мора да прекине. Сето ова ќе го смени нашето секојдневие“,  кажа претседателот Келер, забележувајќи дека Германија има и научници и инженери и специјалисти. Втората шанса од кризата, според претседателот, ќе биде отворена доколку се има повеќе слух за човекот, за младите, за старите, за заедништвото.

Пред 60 години беа дадени многу ветувања кои се исполнети. Претседателот Келер запраша не е ли време сега дел од ветувањата повторно да се обноват и да се постават и нови цели, кои се адекватни за новото време, новите генерации и иднината.

Автор: Силвера Падори

Редактор: Жана Ацеска