1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Програма

Нов потфат: ТВ магазин на ДВ на македонски јазик

„Европанорама“ ќе се емитува секоја недела, почнувајќи од 10. јуни 2012, на програмата на Алфа ТВ (19.30 часот) и на интернет-страницата на ДВ на македонски јазик.

Македонската редакција во Дојче веле (ДВ) зачекорува во светот на телевизијата: од недела (10.06.2012) започнува да емитува телевизиски магазин „Европанорама“. Тоа е третиот медиум на Дојче веле на македонски јазик, по радиото и интернетот.

Наш партнер во најновиот проект е Алфа ТВ, на чија програма секоја недела во 19.30 часот ДВ ќе ви пренесе слика од случувањата во Европа преку конкретни животни приказни. Во „Европанорамата“ зборуваме за економија, политика, социјални прашања, но и за култура, спорт и занимливости од стариот континент.

Алфа ТВ е нашиот нов партнер

Доколку ја пропуштите премиерата, на Алфа ТВ ќе можете да го следите репризното издание на „Европанорамата“, секој четврток во 14.00 часот.

Телевизискиот магазин, се разбира, ќе можете да го најдете и погледате и на нашата интернет-страница www.dw.de/macedonian

Македонската редакција на ДВ и натаму ќе ве информира за најновите случувања во светот и особено за заднината на настаните преку својата радио програма и содржините на интернет. Ни останува целта што си ја зададовме - секогаш да бидете добро и објективно информирани. Веруваме дека и телевизискиот магазин „Европанорама“ ќе ја добие вашата доверба, почитувани слушатели, корисници на интернет -ДВ-,  а сега и гледачи, оти Дојче веле на македонски е приказна за меѓусебна доверба што трае веќе  43 години.