1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Програма

Нема вести на ДВ преку Канал 77

Од 24.08.2012 ДВ престана да емитува вести преку програмата на радио Канал 77. Емитувањето на Утринскиот радио магазин на ДВ преку Првата програма на Македонското радио продолжува.

Договорот со кој беше регулирано емитувањето на пет емисии вести на Дојче веле (ДВ) од по три минути, секој ден од понеделник до петок (07.30, 09.30, 11.30.13.30 и 15.30 часот) преку програмата на радио Канал 77, истече на 23 август 2012 година.

Ваквиот развој произлегува од новата стратегиска ориентација, која ДВ ја следи и спроведува веќе втора година. Таа предвидува постепено намалување и напуштање на радиото како медиум, а за сметка на тоа, јакнење на продукцијата на видео-содржини. Интернетот останува стабилен столб на мултимедијалната програмска понуда на ДВ.

ДВ сепак, и по оваа промена, ќе продолжи да одржува радио-програма на македонски јазик. Имено, и натаму редовно ќе се емитува Утринскиот магазин (08.30 - 08.45 часот, секој ден од понеделник до петок) преку Првиот програмски сервис на Македонското радио.

На нашиот партнер Канал 77 му благодариме за беспрекорната соработка, а на сите негови и наши слушатели за довербата и верноста во изминатите години.