1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
  • Koга лисјата паѓаат

    Есен во Германија

    Koга лисјата паѓаат

    Летото помина, пивските градини и уличните кафулиња се затвораат - во Германија е есен. Лисјата се шарени, време е за костени и за летање на змејовите... Иако времето се’ повеќе заладува: Есента има многу убави страни.

  • Собирање на паднатите лисја

    Есен во Германија

    Собирање на паднатите лисја

    Една од задачите на есен, која не причинува големо задоволство е собирање на паднатите лисја. Сопствениците на куќи во Германија имено законски се обврзани да го чистат тротоарот пред нивните домови.

  • Есенско сонце

    Есен во Германија

    Есенско сонце

    Календарски есента на северната полутопка почнува на 23. септември. Просечните дневни температури тогаш во Германија се движат околу 18 степен, додека навечер на некои места се мерат и само 4 степени целзиусови.

  • Низ алеите

    Есен во Германија

    Низ алеите

    На есен е особено убаво во многу предели на истокот од Германија, каде се’ уште постојат алеите од пруското време. Посебноста на пејсажите особено доаѓа до израз ако има „циганско лето“.

  • Есенска жетва

    Есен во Германија

    Есенска жетва

    Есен е време на жетва. Полињата ширум Германија во овој период се жнејат и се ораат и се собираат плодовите.

  • Низ лозјата на Германија

    Есен во Германија

    Низ лозјата на Германија

    Во областите каде се засадени лозниците сега се одвива и бербата на грозјето. Околу 80.000 лозари во Германија годишно произведуваат 9,5 милиони хектолитри вино. Најголем дел потекнува од покраината Рајнланд - Фалц.

  • Октоберфест

    Есен во Германија

    Октоберфест

    Есента е време за славје: Најпознат фестивал секако е минхенскиот Октоберфест, но се слави и во други региони низ Германија: Таму се оддржуваат фестивали на виното или црковни манифестации.

  • Магла по полињата

    Есен во Германија

    Магла по полињата

    Во раните утрински часови на многу места дрвјата, полињата и далноводите се обвиени во магла. Од земјата се издига студениот воздух од ноќта и се судира со потопли воздушни слоеви - така се создава магла и волшебни пејсажи.

  • Време на костени

    Есен во Германија

    Време на костени

    Кога плодовите со бодлива обвивка паѓаат од гранките на дрвјата на земја, предизвикуваат силен звук и се распрскуваат. Од нив излегуваат еден до три темно кафеави плодови. Децата од костените потоа прават различни животни и фигури.

  • Силни ветрови

    Есен во Германија

    Силни ветрови

    Ветрот во есенските месеци е посилен и може да прерасне во бура. На бреговите на Северното или Балтичкото Море доаѓа и до поплави. Со промената на климата се покачува нивото на морето, а тоа ја зголемува веројатноста за силни бури.

  • Супа од тиква

    Есен во Германија

    Супа од тиква

    Во многу германски рестоаранти во овој период се служи супа од тиква - со печени семки од тиква, масло од тиква и павлака. Во зависност од типот на тиквата секоја супа има поинаков вкус. Исто така од тиква се произведува и храна за бебиња.

  • Есенско расположение

    Есен во Германија

    Есенско расположение

    Портокалово, жолто, црвено - во овие есенски нијанси се обоени и лозјата на замокот Хамбахер во Фалц. Во непосредна близина минува една од најстарите туристички рути во Германија - улицата на виното.


    Автор: ДВ/ Александра Трајковска | Редактор: Симе Недевски

ТВ магазин - Европанорама