Дома Пријавете се за добивање американска иселеничка виза
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Maj 2005

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 A1 RSS канали

 A1 на сателит

Пријавете се за добивање американска иселеничка виза
 

АРХИВА: Свет, Maj 2005


 

Бенедикт XVI им го честита Велигден на православните христијани
[01.05.2005] Поглаварот на Римокатоличката црква Бенедикт XVI денеска со „особена приврзаност“ им го честита Велигден на православните верници и изрази надеж дека патот за единство меѓу христијаните ќе продолжи, јавија светските агенции.

 

Први мај - меѓународен ден на трудот
[01.05.2005] Први мај е меѓународен ден на трудот, кој се слави во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на работничките права.

 

Одговорноста за нападите во Каиро ја презеде исламистичка организација
[01.05.2005] Египетската полиција уапси 200 лица осомничени за вмешаност во вчерашните терористички напади во Каиро, за кои одговорноста ја презеде милитантната исламистичката организација „Бригадите на мачениците на Абдула Азам“.

 

Велигденски пораки на Вартоломеј и Алексеј Втори
[01.05.2005] Вселенскиот патријарх Вартоломеј во денешната Велигденска порака ја осуди склоноста кон убивање, за која рече дека е широко распространета во современиот свет.

 

Тајванскиот претседател ја повика Кина на директни преговори
[01.05.2005] Тајванскиот претседател Чен Шуи-бјен ги повика денеска властите на Народна Република Кина да започнат директни преговори со неговата влада.

 

5 загинати во експлозија во Багдад
[01.05.2005] Пет ирачки цивили загинаа, меѓу кои и едно девојче, а 12 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во источниот дел на Багдад, соопшти ирачката полиција.

 

Северна Кореја истрела ракета со мал дострел во Јапонското Море
[01.05.2005] Сеул ја потврди информацијата дека Северна Кореја истрелала утринава во Јапонското Море ракета со мал дострел, јавија руските медиуми.

 

Најмалку 40 загинати во напади во Ирак
[02.05.2005] Повеќе од 30 лица загинаа, а 50 се повредени синоќа во самоубиствен бомбашки напад во местото Тал Афар, западно од ирачкиот град Мосул, изјавија локални ирачки претставници.

 

САД се повлекуваат од Ирак во декември?!
[02.05.2005] Соединетите Американски Држави (САД) се надеваат дека во декември ќе започнат со повлекување на војската од Ирак, пишува лондонскиот весник Дејли телеграф, повикувајќи се на документ што циркулира меѓу високите американски официјални лица.

 

28 жртви во експлозија во Авганистан
[02.05.2005] Најмалку 28 лица загинаа денеска, а 70 се повредени во експлозија во магацин за муниција во селото Башга, во северниот дел на Авганистан, соопшти полицијата.

 

Силен земјотрес во Иран
[02.05.2005] Силен земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа ја погоди југоисточната иранска провинција Керман.

 

Израел и Турција во борба против тероризмот
[02.05.2005] Израел и Турција мораат заедно да се борат против тероризмот - се согласија израелскиот претседател Моче Кацав и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

 

2004 - година на жалост за новинарите
[03.05.2005] Најмалку 50 новинари биле убиени во текот на минатата година, повеќе од 100 биле лишени од слобода, а околу 1.150 биле нападнати додека ја извршувале својата должност.

 

24 жртви во експлозија во Пакистан
[03.05.2005] Дваесет и четири лица загинале денеска, а 20 се повредени во експлозија во една зграда во пакистанскиот град Лахоре.

 

Земјотрес во Иран
[03.05.2005] Едно лице загина, а 26 се повредени во земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала, што денеска ја погоди западната иранска провинција Лурестан.

 

Најмалку 14 загинати во борби во Ирак
[03.05.2005] Најмалку 14 лица загинаа денеска во борбите на американските војници и Ирачката национална гарда со бунтовниците во ирачкиот град Рамади.

 

Рајс ја потсети Северна Кореја за воената моќ на САД
[03.05.2005] Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс синоќа ја потсети Северна Кореја на големата воена моќ што САД ја имаат во областа на Пацификот, откако Пјонгјанг за време на викендот изврши ракетна проба во Јапонското Море.

 

Капитализмот во Чешка чинел 19 милијарди евра
[04.05.2005] За трансформацијата на чешкото стопанство и преминот од социјализам во капитализам граѓаните преку даноците платиле 19 милијарди евра, пресметало Чешкото министерство за финансии.

 

45 загинати во самоубиствен напад во Ирак
[04.05.2005] Четириесет и пет луѓе загинаа, а 95 се ранети во напад на бомбаш-самоубиец во северниот ирачки град Арбил, соопшти гувернерот на провинцијата Арбил Наузад Хади.

 

Агент на ЦИА требало да ја донесе главата на Бин Ладен
[04.05.2005] Бивш агент на ЦИА изјави дека имал заповед од претпоставените да ја донесе главата на Осама бин Ладен во кутија со мраз, јавуваат денеска американските медиуми.

 

На споменикот во Арлингтон додадени имињата на 78 новинари
[04.05.2005] На Светскиот ден на медиумите, на споменикот на убиените новинари во Арлингтон, вчера се додадени имињата на 78 новинари настрадани минатата година додека ја извршувале својата професионална должност.

 

Русија работи на производство на тајно оружје
[04.05.2005] Русија работи на производство на оружје за кое никој нема да дознае се додека не биде целосно испитано, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов во интервју за весникот „Росијскаја газета“.

 

Мнозинството Американци смета дека не вредело да се војува во Ирак
[04.05.2005] Мнозинството Американци сметаат дека не било вредно да се војува во Ирак, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење на Агенцијата Галуп, Си-Ен-Ен и „Ју-Ес-Еј тудеј“.

 

Хронологија на самоубиствени бомбашки напади во Ирак
[04.05.2005] Хронологија на најтешките самоубиствени бомбашки напади во Ирак во последните 15 месеци:

 

Полска ја повика Русија да ја признае окупацијата на Балтикот
[04.05.2005] Полската дипломатија ја поддржа иницијативата, прашањето за некогашната советска окупација на балтичките републики Литванија, Летонија и Естонија, да биде ставено на дневен ред на Самитот ЕУ-Русија, закажан за 10.мај во Москва.

 

Најмалку 25 загинати во серија напади во Ирак
[05.05.2005] Најмалку 25 загинаа, а над осум лица се ранети во денешната серија напади врз ирачките сили за безбедност во Багдад, соопшти претставник од Министерството за внатрешни работи на Ирак.

 

Болшевиците бараат оставка на Путин
[05.05.2005] Членовите на руската опозициона Национално-болшевистичка партија закачија синоќа недалеку Кремљ огромен плакат со повик за оставка на претседателот Владимир Путин

 

Репортери без граници: Кремљ ја засили контролата врз медиумите
[05.05.2005] Контролата врз руските медиуми од страна на Кремљ е засилена, оценува организацијата „Репортери без граници“ во годинешниот извештај за состојбата со медиумите во Русија.

 

Израел го стопира повлекувањето од Западниот Брег
[05.05.2005] Израелската Влада денеска одлучи да го замрзне трансферот на контрола на безбедноста на Палестинците во повеќе градови на Западниот Брег, спротивно на договореното на самитот во февруари во Шарм ел Шеик.

 

Прекинат најголемиот шверцерски канал во Јужна Америка
[05.05.2005] Бразилската полиција го прекина најголемиот шверцерски ланец во Јужна Америка, при што уапси 64 лица во четири бразилски сојузни држави, соопшти синоќа претставник на полицијата.

 

Шредер ги критикуваше недостатоците на турската демократија
[05.05.2005] Германскиот канцелар Герхард Шредер критикуваше некои недостатоци на демократијата во Турција, која сака да стане членка на Европската унија.

 

Нова антиромска кампања по проширувањето на ЕУ
[05.05.2005] Комесарот за човекови права во Советот на Европа е вознемирен од новата антиромска кампања во некои држави од Западна Европа, по проширувањето на Европската унија.

 

Парламентарни избори во Британија
[05.05.2005] Денес Британците гласаат на парламентарни избори. 645 изборни единици ги отворија гласачките места во 7 часот изутрина и лидерите на трите најголеми партии веќе гласаа.

 

И Ангола потпиша договор за неиспорачување Американци пред МКС
[05.05.2005] САД досега потпишаа 100 билатерални спогодби со други земји за неиспорачување на Американци пред Меѓународниот кривичен суд, објави портпаролот на Стејт Департментот Ричаед Баучер.

 

Серија земјотреси во Југоисточна Азија
[05.05.2005] Пет земјотреси со интензитет од 5,0 до 5,9 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во текот на минатата ноќ во регионот на Југоисточна Азија и Океанија.

 

Експлозија пред Британскиот конзулат во Њујорк
[05.05.2005] Рано утрово по локално време пред британскиот конзулат во Њујорк беше активирана експлозивна направа, а во експлозијата нема повредени, соопшти њујоршката полиција.

 

Руските сили запленија 1.200 кг. експлозив во Чеченија
[05.05.2005] Руските сили за безбедност во Чеченија пресретнаа камион со 1.200 килограми експлозив, кој требал да биде употребен во самоубиствени напади, изјави денеска портпаролот на главниот Птаб на руските сили на северен кавказ, генерал Илија Чабалкин.

 

Спречен терористички напад со отрови во Кавказ
[05.05.2005] Руските Федерални сили за безбедност спречиле голем терористички напад со отровни гасови во реонот на Северен Кавказ, соопшти Илја Шабалкин, претставник на Регионалниот оперативен штаб за управување со антитерористички оперции во Северен Кавказ.

 

Полскиот премиер поднесе оставка
[06.05.2005] Полскиот премиер Марек Белка денеска поднесе оставка, јавија полските медиуми.

 

Ќемал Дервиш нов администратор на УНДП
[06.05.2005] Генералното Собрание на ОН едногласно за нов администратор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го избра поранешениот турски министер за финансии и висок претставник на Светската банка, Ќемал Дервиш.

 

Најмалку 10 жртви од менингитис во Њу Делхи
[06.05.2005] Најмалку 10 лица починаа во Њу Делхи од бактериски менингитис, а се стравува дека од оваа болест се инфицирани повеќе од 50 луѓе, соопштија медицински извори во индискиот главен град.

 

„Фатах“ победник на локалните избори на Западниот брег и Газа
[06.05.2005] Движењето „Фатах“ на претседателот на Палестинската автономија Махмуд Абаз е победник на вчерашните локални избори на Западниот брег и појасот Газа, соопштија официјални извори.

 

Победа на Блер и Лабуристичката партија на изборите
[06.05.2005] Вчера на Британските парламентарни избори трет пат по ред победи Лабуристичката партија. Тони Блер повторно ќе формира влада.

 

7 ирачки полицајци се убиени при самоубиствен напад во Тикрит
[06.05.2005] Седум ирачки полицајци се убиени утрово при самоубиствен бомбашки напад во северниот ирачки град Тикрит, 180 километри северно од Багдад.

 

Индија е нова вселенска сила
[06.05.2005] Индија е новата вселенска сила во светот, откако вчера успешно лансирала во орбитата два сателити кои биле однесени со индиска ракета.

 

Откриени 14 застрелани тела во Багдад
[06.05.2005] Ирачката полиција открила 14 застрелани тела во северниот дел на Багдад, соопштено е од полициски извори.

 

Разрешен Ерусалимскиот Патријарх на ГПЦ
[07.05.2005] Синодот на Грчката православна црква во Ерусалим го разреши од должност досегашниот патријарх Иринеј Први поради соменавање дека е вмешан во продажба на црковно земјиште на израелски градежни инвеститори.

 

Авион со 15 патници се урна во Австралија
[07.05.2005] Австралиски двомоторен авион од типот „ферчајлд“ со 15 патици и членови на екипажот се урна денеска во северниот ненаселен дел на Австралија, соопштија локалните власти.

 

22 загинати во бомбашки напад во Багдад
[07.05.2005] Дваесет и две лица загинаа, а најмалку 35 се повредени во две експлозии на плоштадот Тахрир во центарот на Багдад, соопштија ирачките власти.

 

Путин: „Русија ослободи 17 држави од фашизмот“
[07.05.2005] Претседателот на Русија Владимир Путин при денешното откривање на меморијален споменик во Москва по повод 60 години од победата над фашизмот, изјави дека рускиот народ во Втората светска војна не ја заштитил само својата татковина туку ослободил и 17 држави во Европа.

 

Блер ја реконструира владата
[07.05.2005] Британскиот премиер Тони Блер изврши реконструкција на владата по победата на неговата Лабуристичка партија на парламентарните избори.

 

Светот ја прославува победата над фашизмот
[08.05.2005] Европа ја одбележува 60 годишнината од победата над фашизмот. Пред точно 60 години германскиот генерал Алфред Јодл во командата на сојузничките сили во Реим ја потпиша безусловната капитулација на нацистичката германска војска.

 

Шеесет години од победата над фашизмот
[08.05.2005] Европа на 9 мај одбележува 60 години од победата над фашизмот. Во 1945 година на тој ден фашистичка Германија потпишала безусловна капитулација и била окупирана од сојузничките војски на САД, СССР и Велика Британија.

 

Чешките деца мислат дека Хитлер бил комунист
[08.05.2005] Чешките деца покажаа поразувачко незнаење за поновата историја и Втората светска војна со такви „бисери“, каква што е на пример изјавата дека Адолф Хитлер бил комунист и претседател на Чехословачка, Јосиф Висарионович Сталин - руски поп пејач, а концетрационите логори - место каде луѓето се криеле од страотиите на војната.

 

Иванов: „Во Втората светска војна загинаа 26 милиони граѓани на СССР“
[08.05.2005] Рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов изјави дека според податоците на Генералштабот на Руската армија, во Втората светска војна загинале вкупно 26 милиони и 600 илајди војници и граѓани на некогашниот СССР.

 

Најмалку 40 мртви во сообраќајка во Перу
[08.05.2005] Најмалку 40 лица загинаа, а 18 беа повредени доцна синоќа кога автобус се урна во северниот дел на Перу, соопшти полицијата.

 

Холанѓаните се против европскиот Устав
[09.05.2005] Околу 42% Холанѓани ќе гласаат против европскиот устав на референдумот на 1 јуни, додека 37% ќе гласаат „за“, покажува најновото испитување на јавното мислење, кое преку интернет го спроведе експертот Морис де Хонд.

 

Американските сили убиле 75 бунтовници во Ирак
[09.05.2005] Американските сили убиле 75 бунтовници, меѓу кои и странски борци, во последните 24 часа во операција во пустинската област во северозападен Ирак, близу до границата со Сирија.

 

Втора светска војна
[09.05.2005] Европа на 9 мај одбележува 60 години од победата над фашизмот. Во 1945 година на тој ден фашистичка Германија потпишала безусловна капитулација и била окупирана од сојузничките војски на САД, СССР и Велика Британија.

 

Во Москва централна прослава на победата над фашизмот
[09.05.2005] Во Москва на Црвениот плоштад светот ја одбележа 60-годишнината од победата над фашизмот. Руските војници со црвеното знаме на некогашниот СССР маршираа пред повеќе од 50 шефови на држави и влади кои присуствуваа на традиционалната воена парада.

 

10 загинати во експлозија во Багдад
[09.05.2005] Десет луѓе загинаа при експлозија на автомобил-бомба што се случи во јужниот дел на Багдад, соопшти ирачката полиција.

 

Зачестени антисемитски и неонацистички злосторства во Германија
[09.05.2005] Бројот на пријавените антисемитски и неонацистички злосторства во Германија се зголемил во текот на минатата година, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.

 

9 мај - Ден на Европа
[09.05.2005] Деветти мај е Европски симбол или Денот на Европа, што заедно со заедничката валута - еврото, знамето и химната, го претставуваат политичкиот идентитет на Европската унија.

 

Германците и Русите со позитивно мислење едни за други
[09.05.2005] Германците и Русите 60 години по Втората светска војна имаат воглавно позитивно мислење едни за други, покажува репрезентативното испитување на јавното мислење, спроведено од фондацијата „Роза Луксембург“ од Берлин и социолошкиот центар при Руската академија за државна управа.

 

Најмалку 7 Ирачани загинаа при експлозија во Багдад
[10.05.2005] Најмалку 7 Ирачани утрово загинаа, а 16 се повредени при експлозија на автомобил-бомба во центарот на Багдад, активирана во момент кога поминувал конвој на американската армија.

 

Најмалку 30 загинати при напад на бунтовниците во Непал
[10.05.2005] Најмалку 30 луѓе загинаа при напад на комунистичките бунтовници врз 3 полициски станици во источниот дел на Непал.

 

Јужна Кореја против влез на Јапонија во Советот за безбедност
[10.05.2005] Јужнокорејскиот претседател Ро Му-хјун му соопшти на генералниот секретар на ОН Кофи Анан дека е против идејата Јапонија да стане постојана членка на Советот за безбедност.

 

Земјотрес од 6,6 степени според Рихтер на Суматра
[10.05.2005] Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди изутрината индонезискиот остров Суматра, но нема информации за жртви или штети, јавија агенциите.

 

Северна Кореја демантира дека подготвува нуклеарна проба
[10.05.2005] Северна Кореја денеска демантираше дека подготвува нуклеарна проба, тврдејќи дека тоа е дел од пропагандата на САД.

 

Берлускони: „Јас сум заслужен за успехот на церемонијата во Москва“
[10.05.2005] Шефот на италијанската Влада Силвио Берлускони смета дека тој е заслужен за успехот на церемонијата што во Москва беше организирана по повод одбележувањето на 60-годишнината од победата над фашизмот.

 

Трет ден од американската офанзива во западен Ирак
[10.05.2005] Американските сили веќе трет ден со помош на хеликоптери и воени авиони ја продолжија офанзивата врз упориштата на бунтовниците во западен Ирак во близина на границата со Сирија, соопшти американската војска.

 

Русија и ЕУ склучија спогодба за соработка
[10.05.2005] Русија и Европската унија денеска склучија спогодба за соработка со цел да се намали тензијата предизвикана со проширувањето на Унијата до руските граници.

 

Буш во посета на Грузија
[10.05.2005] Грузијците денеска во Тбилиси го дочекаа американскиот претседател Џорџ Буш како рок ѕвезда и воодушевени од неговиот говор за демократијата го пробија полицискиот кордон и ја урнаа безбедносната ограда, но без потешки последици.

 

Израел одбележува 57 години од независноста
[11.05.2005] Под засилени мерки за безбедност, Израел денеска ја одбележува 57-та годишнина од својата независност.

 

Сомнежи за нерегуларности при гласањето по пошта во Британија
[11.05.2005] Домашните набљудувачи кои го надгледувале гласањето преку пошта на парламентарните избори во Велика Британија оддржани на 5 мај, констатирале дека и овој пат како и на минатогодишните локални избори се забележани „бројни нерегуларности“.

 

Австрискиот Парламент го ратификува Уставот на ЕУ
[11.05.2005] Австрискиот Парламент на денешната седница го ратификува Уставот на Европската унија.

 

Најмалку 54 загинати во серија напади во Ирак
[11.05.2005] Најмалку 54 лица загинаа, а десетици се повредени во повеќе напади во Ирак, што се случија утринава во Багдад и во северниот дел на земјата, соопшти полицијата.

 

6 лица загинаа при експлозија во индискиот дел на Кашмир
[11.05.2005] Шест лица загинаа, а 40 се повредени при експлозија на две мини во станбен комплекс во Шринагар, престолнината на индискиот дел на Кашмир.

 

Германија денеска ја затвора втората нуклеарка
[11.05.2005] Германија денеска ќе го затвори вториот нуклеарен реактор во електраната ЕнБВ, во Обрихајм, во рамки на политиката на постапно укинување на користење на нуклеарна енергија, изјави синоќа портпаролот на државата Баден Виртемберг.

 

Антиамерикански демонстрации во Кабул
[12.05.2005] Три лица се убиени и најмалку петмина се повредени во источниот дел на Авганистан, каде и денеска продолжуваат антиамериканските протести.

 

Бундестагот го ратификува Уставот на ЕУ
[12.05.2005] Бундестагот, Долниот дом на германскиот Парламент денеска го ратификува новиот Устав на Европската унија, објавија германските медиуми.

 

Најмалку 20 загинати при напади во Ирак
[12.05.2005] Најмалку 15 лица загинале, а 84 се ранети во експлозија на автомобил бомба, што се случи денеска во трговски кварт во Багдад, јавија агенциите.

 

Ново масовно самоубиство во Јапонија
[12.05.2005] Јапонската полиција денеска пронајде тела на петмина млади луѓе, три момчиња и две девојки, во автомобил во централната јапонска провинција Мие, оценувајќи дека најверојатно станува збор за уште еден случај на групно самоубиство, што во последно време е во пораст во оваа земја.

 

Заркави тешко ранет во неговото засолниште
[12.05.2005] Меѓународно познатиот терорист Абу Мусаб ал Заркави е тешко ранет кога во неговото засолниште во градот Ел Каим, во западниот дел на Ирак, паднала ракета, јавуваат арапските медиуми.

 

Немири во Узбекистан, 9 загинати
[13.05.2005] Најмалку 9 лица загинаа и 34 се ранети во судирите што вооружени бунтовници ги почнаа синоќа во градот Абиџан на исток во Узбекистан, поради што и соседен Киргистан ја затвори границата.

 

Лавров: „Русија ќе ги брани базите во Грузија“
[13.05.2005] „Доколку постојат закани за нејзините бази во Грузија, Русија нема да седи со скрстени раце“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

 

Во Израел вршени медицински експерименти врз болни луѓе
[13.05.2005] Во Израел се извршени неколку недозволени медицински експерименти врз луѓе, воглавно ментални болни, старци и деца, покажа истрагата што ја покрена израелскиот државен контролор и омбудсман Елиезер Голдберг.

 

Над 12 милиони луѓе се робови
[13.05.2005] Најмалку 12,3 милиони луѓе во светот работата како робови или се жртви на други облици на принудна работа, соопшти синоќа во Њујорк Меѓународната организација на трудот (ИЛО).

 

Бенедикт XVI сака забрзано да го прогласи Јован Павле II за светец
[13.05.2005] Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Бенедикт XVI денеска одлучи со забрзан процес да го прогласи за светец својот претходник папата Јован Павле Втори.

 

Почина најстарата жена во светот
[13.05.2005] Ли Чајронг од Јужна Кина, жената за која се верува дека е најстариот жител на Земјата, почина во 119 година од животот, јавија денеска кинеските медиуми.

 

Каримов: „Исламски групи стојат зад немирите во Андиџан“
[14.05.2005] Исламски групи поврзани со забранетото движење Хезби Тахрир стојат зад бунтот во Андиџан и се причина за смртта на околу 30 луѓе - изјави денеска Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов.

 

Тајванската владејачка партија победи на парламентарните избори
[14.05.2005] Тајванската владејачка партија победи на парламентарните избори за собрание кое ќе треба да го донесе новиот устав, со што е потврдена поддршката на политиката кон Кина која ја води тајванскиот претседател Чен Шуи бијан.

 

Садам Хусеин пишува мемоари во затвор
[14.05.2005] Соборениот ирачки диктатор Садам Хусеин, додека во затворот го чека почетокот на судењето, одличил да пишува мемоари во кои ќе го опише својот живот и работењето за „доброто на Ирак“.

 

Различни информации за бројот на жртвите во Узбекистан
[14.05.2005] Повеќе од 100 лица загинаа во судирите меѓу бунтовниците и узбекистанските сили за безбедност во градот Андиџа, во источниот дел на Узбекистан, јави денеска рускиот канал НТВ, повикувајќи се на локалните медиуми.

 

Земјотрес од 6,9 степени според Рихтер на Суматра
[14.05.2005] Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала го потресе денеска индонезискиот остров Суматра, но засега нема информации за евентуални жртви или причинети материјални штети.

 

Немирите во Узбекистан продолжуваат во друг град
[14.05.2005] Немирите во Узбекистан продолжуваат во друг град во Андиџанската област - градот Иличовск, кој се наоѓа на самата гранична линија со Киргистан.

 

11 загинати во сообраќајна несреќа во Русија
[14.05.2005] Единаесет лица загинаа, а 15 се повредени во судар на камион и автобус што се случи во областа Ориол, централна Русија, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.

 

НАТО повикува на воздржаност во Узбекистан
[15.05.2005] НАТО ги повика „сите страни“ во Узбекистан на воздржаност, соопштено е официјално во Брисел.

 

Буш е задоволен од американската економија
[15.05.2005] Американскиот претседател Џорџ Буш изрази задоволство од состојбите и движењата во американското стопанство, јавуваат светските агенции.

 

Претседателите на Кина и САД ќе си разменат посети
[15.05.2005] Кинескиот и американскиот претседател до крајот на оваа година ќе разменат посети на Вашингтон и на Пекинг.

 

Полска против заедничка Европска полиција
[15.05.2005] Полска се противи на создавање заедничка Европска полиција, односно на создавање на европски интервентни полициски сили.

 

Израел им дозволи на палестинските полицајци да носат оружје
[15.05.2005] Израел денеска им дозволи на стотици палестински полицајци распоредени во сите градови на автономијата по Западниот брег и река Јордан да носат оружје.

 

Рајс во неочекувана посета на Ирак
[15.05.2005] Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска пристигна во прва и неочекувана посета на Ирак, откако кон крајот на јануари ја презеде функцијата на државен секретар.

 

На депонија во Багдад откриени уште 13 тела
[15.05.2005] Ирачката полиција денеска откри тела на 13 застрелани лица, оставени на депонија во Багдад.

 

Властите ја контролираат ситуацијата во Андиџан
[15.05.2005] Властите целосно ја контролираат ситуацијата во Андиџанската област, соопшти прес-службата на узбекистанскиот претседател Ислам Каримов.

 

Асошиејтед прес: Околу 500 загинати во Андиџан
[15.05.2005] Близу 500 тела на убиени се наоѓаат во едно од училиштата на узбекистанскиот град Андиџан каде пред два дена избувнаа масовни нереди насочени против власта на претседателот Ислам Каримов.

 

600 повредени при уривање на трибина во Бразил
[16.05.2005] Околу 600 лица се повредени при уривање на трибина изградена заради трговски саем што се случи во саботата во бразилскиот град Вареза, во државата Мато Гросо, јавија денеска светските агенции.

 

Антиамерикански демонстрации во Кабул
[16.05.2005] Антиамериканските демонстрации поради информациите дека американски војници ја сквернавеле светата исламска книга Куран пред затвореници во базата Гвантанамо на Куба, ставајќи ја во тоалети, денеска се проширија и во авганистанскиот главен град Кабул.

 

Ирак подмитувал руски функционери
[16.05.2005] Владата на Садам Хусеин на некои руски функционери им дала права за продажба на нафта вредна милиони долари во рамките на програмата на ОН „Нафта за храна“, надевајќи се дека ќе влијаат врз укинување на санкциите на ОН за Ирак, соопшти денеска истражната комисија на американскиот Сенат.

 

Започна третиот самит на Советот на Европа
[16.05.2005] Во Варшава претпладнево започна Третата средба на шефовите на држави или влади на 46-те земји-членки на Советот на Европа, на која учествува и македонскиот претседателот Бранко Црвенковски.

 

Гласини за цунами испразнија град на Суматра
[17.05.2005] Гласини поврзани со вулканска ерупција и нови цунами предизвикаа стотици исплашени жители на индонезискиот остров Суматра да ги напуштат домовите денеска, објавија локалните медиуми.

 

Харман осудена за лошиот третман на затворениците во Абу Граиб
[17.05.2005] Припадничката на американската воена полиција Сабрина Харман е осудена поради лошиот третман на затворениците во ирачкиот затвор Абу Граиб, изјави денеска портпаролот на американската војска Џејмс Витмајер.

 

21 лице загина при експлозија во рудник во Кина
[17.05.2005] Најмалку 21 лице загина во експлозија на гас во еден рудник во југозападниот дел на Кина, јавуваат кинеските медиуми.

 

Зголемен бројот на исламски екстремисти во Германија
[17.05.2005] Цифрата на исламски екстремисти кои се наоѓаат во Германија е зголемена во минатата година, изјави денеска министерот за внатрешни работи Ото Шили.

 

Опозицијата тврди дека има најмалку 745 убиени во Андиџан
[17.05.2005] Најмалку 745 лица се убиени во бунтот што избувна во градот Андиџан, на истокот на Узбекистан, пишува денеска московска „Известија“ повикувајќи се на изјава на узбекистанската опозициона партија Слободни селани.

 

Судот го прогласи Ходорковски за виновен
[17.05.2005] Московскиот суд денеска го прогласи рускиот нафтен магнат Михаил Ходорковски за виновен по сите 7 точки од обвинението за затајавуње данок и финансиски малверзации.

 

Исламистите и десниот екстремизам - закана за Германија
[18.05.2005] Исламистичкиот и десниот екстремизам и натаму претставуваат најголема опасност по безбедноста на Германија, соопшти синоќа германскиот министер за внатрешни работи Ото Шили.

 

Дипломати и новинари денеска ќе го посетат Андиџан
[18.05.2005] Група странски дипломати и новинари пристигнале денеска во узбекистанскиот град Андиџан, за на лице место да се уверат во состојбата по минатонеделните насилства во овој дел на земјата.

 

Генералка на вселенската станица
[18.05.2005]  Екипажот на Меѓународната вселенска станица прави подготовки за прием на американскиот вселенски брод „Дискавери“, соопшти денеска претставник на московскиот Центар за управување со летови Валериј Линдин.

 

Латиноамериканец градоначалник на Лос Анѓелес
[19.05.2005] На изборите за градоначалник на Лос Анѓелес победи Антонио Виљараигоса, со што стана прв градоначалник латиноамериканец во вториот по големина град во САД.

 

Војската воспостави контрола врз узбекистанскиот град Кара-Су
[19.05.2005] Владините трупи ја воспоставија контролата над источниот узбекистански град Кара-Су, каде што се уапсени бунтовничкиот лидер Бахтијор Рахимов и неколку негови помошници кои вчера изјавија дека сакаат да создадат исламска држава и оти се подготвени да војуваат доколку војската се обиде да задушат бунтот.

 

Буш призна дека Американците имаат проблеми во Ирак
[19.05.2005] Американскиот претседател Џорџ Буш призна дека Американците имаат проблеми во повоениот Ирак, при тоа додавајќи дека САД мораат брзо да одговорат, со што на новата демократија би и помогнале во изградбата на институциите.

 

Застрелани 6 цивили во Авганистан
[19.05.2005] Вооружени напаѓачи во јужен Авганистан застрелале шестмина Авганистанци, кои работеле за меѓународна хуманитарна организација.

 

Израел се закани дека ќе ја продолжи офанзивата во Газа
[19.05.2005] Израелскиот заменик-министер за одбрана Зеев Боим денеска изјави дека Израел мора посилно да одговори на зачестените палестински минофрлачки напади врз еврејските населби во Појасот Газа, кои го нарушија тримесечниот прекин на огнот во судирот што трае повеќе од 4 години.

 

Повеќе од 50 затрупани рудари во Кина
[19.05.2005] Најмалку 51 рудар се затрупани во еден кинески рудник северно од Пекинг по екслозија на гас што се случи утринава, изјави претставник од рудникот.

 

Споменикот на Бенеш во Чешка проблем за Унгарија
[20.05.2005] Унгарското министерство за надворешни работи официјално и упати нота на Чешка во која изразува жалење поради откривањето на споменикот во Прага на Едвард Бенеш, повоениот претседател на Чехословачка, кој ги протера Унгарците од земјата.

 

ИХФ: Околу 1.000 загинати во немирите во Узбекистан
[20.05.2005] Силите за безбедност во Узбекистан убиле околу 1.000 цивили во судирите од минатата недела, објави синоќа Меѓународната хелсиншка федерација за човекови права (ИХФ), која обединува околу 40 невладини организации.

 

Израелската војска уби Палестинец во Газа
[20.05.2005] Израелската војска утринава уби еден Палестинец што пукал на еврејска населба во појасот Газа, соопшти војската.

 

Нема предоговарање за европскиот Устав
[20.05.2005] Луксембуршкото претседателство на Европската унија ја исклучува можноста за предоговарање за европскиот Устав, во случај Франција да го отфрли документот на референдумот што ќе се одржи на 29 мај, изјави премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер.

 

САД ја прекинаа помошта во храна за Северна Кореја
[21.05.2005] Американските власти донеле одлука да ги прекинат сите достави на храна за Северна Кореја до крајот на оваа година, соопштија претставници на американската Агенција за меѓународна помош.

 

Руски воен авион се урна во Таџикистан
[21.05.2005] Руски ловец - бомбардер Су-25 се урна денеска во Таџикистан. Пилотот успеал да преживее катапултирајќи се од авионот.

 

Топлотните удари причина за смртта на 150 луѓе во Индија
[21.05.2005] Најмалку 150 лица починаа како последица на неколкудневните топлотни удари во Индија.

 

Јункер: Ако Франција гласа против уставот, ЕУ ќе изгуби 20 години
[21.05.2005] Премиерот на Луксембург и претседавач со Европската унија Жан Клод Јункер изјави дека за ЕУ ќе биде невозможно да го продолжи процесот на усвојување на Уставот без Франција.

 

Шведските партии против ратификацијата на Уставот на ЕУ
[22.05.2005] Шведска би требало да го суспендира ратификувањето на уставот на ЕУ доколку Франција гласа против него идниот викенд, соопштија денеска две евроскептични партии кои ја поддржуваат шведската влада.

 

Прв пат по 20 години бродови на Северна Кореја преминаа во Јужна Кореја
[22.05.2005] Три брода на Северна Кореја за прв пат од 1984 година ја поминаа морската граница со Јужна Кореја синоќа за да натоварат вештачко ѓубриво, помош за земјата од Сеул.

 

Перес оптимист за мирот на Блискиот исток
[22.05.2005] По разговорот со палестинскиот премиер Ахмед Кореи во Јордан, заменикот израелски премиер Шимон Перес оцени дека Блискиот исток дува „ветарот на мирот“.

 

Најмалку 148 загинати во 3 несреќи во Бангладеш
[22.05.2005] Најмалку 148 лица загинаа кога три фериброда потонаа минатата седмица во реките во Бангладеш, а се стравува дека никој од 172 лица што се водат како исчезнати нема да бидат пронајдени живи, соопшти денеска полицијата.

 

Данците веројатно ќе го прифатат уставот на ЕУ
[22.05.2005] Повеќето Данци најверојатно ќе гласаат за уставот на Европската унија на референдум на 27 септември, покажува истржувањето на јавното мислење објавено денеска во весникот „Берлингске Тиденде“.

 

Семејството на Садам Хусеин ќе ги тужи „Сан“ и „Њујорк Пост“
[23.05.2005] Семејството на Садам Хусеин ќе покрене судски процес против британскиот весник „Сан“ и американскиот весник „Њујорк Пост“ оти објавиле фотографии на поранешниот ирачки претседател во долна облека.

 

Се повеќе Швеѓани против влез во НАТО
[23.05.2005] Бројот на Швеѓаните кои се противат на влезот во НАТО се повеќе се зголемува, покажаа резултатите од истражувањето објавени денеска, еден ден пред средбата на министрите на НАТО и земјите партнери.

 

Тројца членови на „Ансар ал Суна“ осудени на смрт
[23.05.2005] Тројца членови на групата „Ансар ал Суна“, поврзана со терористичката мрежа „Ал Каида“, обвинети за убиства, киднапирања и силувања, беа осудени на смрт од ирачкиот суд.

 

Најмалку 50 загинати во напади во Ирак
[23.05.2005] Нова серија на бомбашки напади во Ирак. Најмалку 50 луѓе загинаа при експлозија на автомобил-бомба пред еден ресторан во Багдад.

 

Телевизиска дебата меѓу Јерузелски и Валенса
[23.05.2005] Полската државна телевизија доцна синоќа ја емитуваше историска телевизиска дебата меѓу двајцата бивши полски претседатели - генералот Војчех Јерузелски и синдикалниот водач Лех Валенса.

 

Убиен советникот на ирачкиот Премиер
[23.05.2005] Советникот во кабинетот на ирачкиот премиер Ваел ал Рубаеи беше убиен изутринава во Багдад, соопшти полицијата.

 

Спасени железничките работници заробени под земја во Кина
[23.05.2005] Дванаесет работници на железница во југозападниот дел на Кина се спасени по 6 дена од рушењето на еден од тунел што ги зароби под земја.

 

Поштенски марки со ликот на новиот папа
[24.05.2005] Поштенски марки со ликот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Бенедикт Шеснаесетти денеска ќе бидат пуштени во продажба, соопшти Филателистичката служба на Ватикан.

 

Русија ќе го убедува Пјонгјанг да не врши нуклеарни проби
[24.05.2005] Русија ќе направи се што е во нејзина моќ да ја одврати Северна Кореја да изврши нуклеарни проби, изјави началникот на рускиот Генералштаб Јуриј Балуевски.

 

Русија ја повика ОБСЕ да ги заштити малцинствата во Латвија и Естонија
[24.05.2005] Русија ја повика Организацијата за безбедност и соработка во Европа да разработи мерки за законска заштита на националните малцинства во Латвија и Естонија.

 

Северна Кореја не исклучува превентивен напад врз САД
[24.05.2005] Северна Кореја соопшти денеска дека не ја исклучува можноста од превентивен нуклеарен напад врз Соединетите Американски Држави.

 

35 загинати во 2 самоубиствени напади во Ирак
[24.05.2005] Во двата самоубиствени напади што синоќа се случија во северноирачкиот град Тал Афур загинаа 35 лица, а други 25 се ранети, соопшти денеска висок претставник на Демократската партија на Курдистан.

 

Најмалку 9 загинати во пожар во Тајван
[24.05.2005] Најмалку 9 лица загинаа во пожар што рано утрово целосно уништи фабрика за производство пластика во тајванскиот град Тајчун.

 

Продолжува да паѓа популарноста на Буш
[24.05.2005] Во последните 3 седмици популарноста на претседателот на САД продолжи да паѓа и веќе 46% од Американците изразуваат незадоволство од начинот на кој нивниот претседател, ги решава големите проблеми.

 

Гутереш - висок претставник на ОН за бегалци
[25.05.2005] Поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш е именуван за висок претставник на ОН за бегалци.

 

Патријархот на Ерусалим отстранет од тронот
[25.05.2005] Поглаварите на православните цркви и нивните претставници синоќа во Истанбул решија да го отстранат патријархот на Ерусалим Иринеј од патријаршкиот трон.

 

Уште 45 милијарди долари за операциите во Ирак и Авганистан
[25.05.2005] Поткомитетот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри уште 45 милијарди долари за потребите на американските сили во Ирак и во Авганистан, со што вкупните трошоци за операциите во тие земји ја надминаа сумата од 300 милијарди долари.

 

Голем дел од Москва остана без струја
[25.05.2005] Голем дел од Москва денеска претпладне остана без струја, што предизвика колапс во сообраќајот и запирање некои линии на метрото.

 

Австрија го ратификуваше европскиот Устав
[25.05.2005] Австрија денеска стана осма членка на Европската унија што го ратификува европскиот Устав, откако документот доби зелено светло во Горниот дом на парламент.

 

Поројни дождови предизвикаа големи поплави во Бангладеш
[25.05.2005] Поројни дождови предизвикаа големи поплави и оставија без покрив најмалку 100.000 лица во Бангладеш.

 

Британија испраќа уште 400 војници во Ирак
[26.05.2005] Британската влада одлучи да испрати уште 400 војници во Ирак, како дополнување на сегашниот состав на британската армија што се наоѓа таму.

 

Разбиена педофилска мрежа во Шпанија
[26.05.2005] Во Шпанија е разбиен канал, чии учесници на интернет распространувале фотографии на кои имало сексуална злоупотреба на деца.

 

54% французи против европскиот Устав
[26.05.2005] Три дена пред референдумот за Европскиот устав, 54% од Французите изјавуваат дека ќе гласаат против, додека 46% ќе го поддржат, посочуваат резултатите од анкетата на весникот „Монд“ и телевизиските канали Ер-Те-Ел и Ел-Се-И.

 

Баросо „го преживеа“ корупцискиот скандал со Лацис
[26.05.2005] Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо „го преживеа“ корупцискиот скандал поврзан со грчкиот тајкун Спирос Лацис.

 

Кина создаде вакцина против птичји грип
[26.05.2005] Додека научниците на запад предупредуваат на можноста од пандемија од птичјиот грип која би убила милиони луѓе, Кина подготвила вакцина која го спречува ширењето на смртоносниот вируса Х5Н1 меѓу птиците и цицачите, објави Синхуа.

 

Најмалку 10 луѓе загинаа во поплавите во Бангладеш
[26.05.2005] Најмалку 10 луѓе загинаа во поплавите во Бангладеш, а стотици куќи се под вода, соопштија денеска официјалните лица.

 

Двајца американски војници загинаа при уривање на хеликоптер во Ирак
[27.05.2005] Двајца американски војници загинаа синоќа, кога нивниот хеликоптер беше урнат во престрелка во близината на Бакуба, североисточно од Багдад, објави денеска американската војска.

 

18 загинати во експлозија во Исламабад
[27.05.2005] Најмалку 18 лица загинаа во силна експлозија што денеска се случи пред светилиштето на Бари Имам во Исламабад.

 

Германскиот парламент го одобри Европскиот устав
[27.05.2005] Германскиот Бундесрат (горниот дом на парламентот) денеска го ратификуваше Европскиот устав. Во присуство на поранешниот француски претседател Валери Жискар д’Естен, кој го раководеше Конвентот, што го изработи уставниот договор на Европската унија, членовите на Бундесратот го ратификуваа договорот.

 

Суспендиран вториот штрајк во Би-Би-Си
[27.05.2005] Најавениот 48 часовен штрајк на новинарите, продуцентите и техничарите во Би-Би-Си, втор по ред и најавен за следната недела, е суспендиран со одлука на синдикатот по одржаните два круга преговори со управата на најголемата британска јавна информативна компанија.

 

ЕУ нема план ако се отфрли Уставот
[27.05.2005] Отфрлувањето на Уставот на Европската унија на референдумот во Франција закажан за в недела и три дена подоцна во Холандија, ќе ја турне унијата во институционална и политичка криза, од која излезот нема да биде лесен.

 

Басаев: „Чеченските бунтовници ја оставија Москва без струја“
[28.05.2005] Лидерот на чеченските бунтовници Шамил Басаев тврди дека неговите борци нападнале електрична подстаница, поради што дојде до голема хаварија во електроснабдувањето во Москва, јавуваат денеска руските медиуми.

 

Најмалку 10 лица починаа од ебола во Конго
[28.05.2005] Најмалку 10 лица починаа од хеморагична треска - ебола, што се појави на почетокот на овој месец во северозападниот дел на Конго, соопшти синоќа светската здравствена организација.

 

Најмалку 20 загинати во 2 експлозии во Индонезија
[28.05.2005] Најмалку 20 лица загинаа, а над 40 се повредени во денешните експлозии на две бомби во градот Тентана на индонезискиот остров Сулавези.

 

90 милиони Кинези живеат на прагот на сиромаштија
[28.05.2005] 90 милиони државјани на Кина живеат на прагот на сиромаштијата со еден долар дневно, изјави кинескиот министер за трговија Бо Силаи.

 

САД подготвуваат нова стратегија за борба против тероризмот
[29.05.2005] Американската Влада планира да ја измени стратегијата на борбата против тероризмот на тој начин што приоритетното апсење на лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда ќе го замени со глобален пристап чија цел е да се соочи со „насилниот екстремизам“, пишува денеска весникот „Вашингтон пост“.

 

Папата се заложи за обединувањето на сите христијани
[29.05.2005] Поглаварот на Римокатоличката црква папата Бенедикт Шеснаесетти на неделната миса во јужниот италијански град Бари, изрази подготвеност да работи на обединувањето на сите христијани.

 

Парламентарни избори во Либан
[29.05.2005] Во Либан денеска се одржуваат парламентарни избори, први по триесет години без присуство на сириските сили во земјата.

 

Басаев ја презеде одговорноста за пожарот во московскиот театар
[29.05.2005] Чеченскиот бунтовнички лидер Шамил Басаев доцна синоќа ја презеде одговорноста за пожарот во московскиот театар Станиславски и најави слични акции ширум Русија.

 

Европскиот Устав на референдум пред Французите
[29.05.2005] Европскиот Устав денеска на референдум пред Французите. Последните анкети покажуваа дека повеќе од 50% од 42 милиони регистрирани гласачи ќе се изјаснат против највисокиот европски правен акт.

 

Мнозинството Французи се изјаснија против Уставот на ЕУ
[30.05.2005] Франција гласаше против европскиот Устав. Само еден час по затворањето на гласачките места францускиот претседател Жак Ширак и се обрати на јавноста.

 

Француското „НЕ“ го собори еврото
[30.05.2005] Француското „не“ на националниот референдум за Уставот на Европската унија беше причина што изутрината падна вредноста на еврото во однос на доларот на азиските валутни пазари.

 

Групата на Заркави ја презеде одговорноста за нападите во Хила
[30.05.2005] Организацијата за џихад на Ал Каида преводена од Јорданецот Абу Мусаб ал Заркави ја презеде одговорноста за двата денешни крвави самоубиствени напади во ирачкиот град Хила.

 

Печатот за француското „НЕ“ за европскиот Устав
[30.05.2005] Францускиот печат, денеска, речиси на сите насловни страници пишува по повод негативниот референдумски одговор на Французите да го прифатат Уставот на Европската унија (ЕУ).

 

Над 20 загинати во самоубиствени напади во Ирак
[30.05.2005] Најмалку 20 лица загинаа, а 35 се повредени денеска во два самоубиствени напади во Хила, град претежно населен со шиити, јужно од Багдад, соопшти локалната полиција.

 

Лавров: „Русија до 2008-ма ќе ги затвори базите во Грузија“
[30.05.2005] Русија до 2008 година ќе ги затвори своите две воени бази во Грузија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

 

Коалицијата на Харири прогласи победа на изборите во Либан
[30.05.2005] Либанскиот министер за надворешни работи Хасан Сабех денеска и официјално прогласи изборна победа во Бејрут на политичката коалиција на Саад Харири, син на убиениот либански премиер Рафик Харири.

 

Различни реакции за референдумот во Франција
[30.05.2005] Проширувањето на ЕУ и референдумот во Франција околу европскиот Устав формално не се меѓусебно зависни.

 

Три лица загинаа во невреме во Полска
[31.05.2005] Три лица загинаа, а повеќемина други се повредени во силното невреме што синоќа го зафати југозападниот дел на Полска, околу Вроцлав, соопшти локалната полиција.

 

Иран успешно лансираше ракета со дострел над 2.000 километри
[31.05.2005] Иран изврши успешно лансирање на ракета со дострел над 2.000 километри со тврдо гориво, изјави денеска иранскиот министер за одбрана, контраадмиралот Али Шамани.

 

Во Бразил запленети 10 тони дрога
[31.05.2005] Во рамките на обемната операција за спречување на илегалната трговија со наркотици, бразилските сили за безбедност во последните 2 дена запленија околу 10 тони дрога, соопшти претставник на Вооружените сили на Бразил.

 

Два умерени земјотреси во Јапонија и Индонезија
[31.05.2005] Два умерени земјотреси се регистрирани во текот на минатата ноќ во Јапонија и во Индонезија.

 

Заркави му порача на Бин Ладен дека е полесно повреден
[31.05.2005] Лидерот на терористичката група Организација на Ал Каеда за Џихад во Ирак, Абу Мусаб ал Заркави синоќа преку аудио запис му порача на Осама бин Ладен дека е полесно повреден.

 

Најмалку 11 загинати во безредија во Пакистан
[31.05.2005] Најмалку 11 луѓе загинаа, а 20 се повредени по мешаница што настана откако бомбаш самоубиец се разнесе во една шиитска џамија во Карачи, Пакистан,

 

Ходорковски осуден на 9 години затвор
[31.05.2005] Московскиот суд денеска го прогласи за виновен и го осуди на казна од 9 години затвор нафтениот магнат Михаил Ходорковски, против кого беа поднесени повеќе обвиненија, вклучувајќи и за измама и не плаќање данок.

 

Доминик де Вилпен е нов премиер на Франција
[31.05.2005] Доминик де Вилпен е новиот премиер на Франција. Само неколку минути по очекуваната оставка на премиерот Жан Пјер Рафарен, претседателот Жак Ширак побара од Вилпен, инаку министер за внатрешни работи да ја презеде премиерската функција.

 

И Британија се подготвува да се откаже од референдумот
[31.05.2005] По дебаклот во Франција сега Британија се подготвува да се откаже од референдумот за уставот на Европската унија.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk