Дома Пријавете се за добивање американска иселеничка виза
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Економија > Архива > Март 2005

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 A1 RSS канали

 A1 на сателит

 

АРХИВА: Економија, Март 2005


 

Сопственици на Фени се „Бени Штајнец Груп“ и „Алферон“
[01.03.2005] Требаше премиерот Бучковски да отиде во Фени, за новите газди на кавадаречкиот комбинат конечно да откријат кои се и што им е планот. Сопственици на фабриката, од пред еден месец се две фирми - Бени Штајнец Груп и Алферон.

 

Зголемена бројката на загинати работници на работно место
[01.03.2005] 18 работници лани ги загубиле животите на своите работни места. Дури 6 од нив биле градежни работници. 112 работници пак доживеале тешки повреди на работа.

 

„Повардарие“ се уште не го исплати грозјето
[01.03.2005] Ветувањата на винарска визба Повардарие дека целосно ќе го исплати грозјето до крајот на март не се исполнија. Во целост е исплатена само првата рата, каде и застанаа работите за другите 3 рати.

 

Втор ден од штрајкот со глад на железничарите
[01.03.2005] Изнемоштени, преморени и прегладнети, отпуштените железничари втор ден штрајкуваат со глад. Со нив се солидаризираа и дел од оние кои не се на листата отпуштени.

 

И денеска не се избраа директорите на Поштенска банка
[01.03.2005] И денеска Поштенска банка не ги избра новите директори. Седницата на Управниот одбор е одложена за утре.

 

„Лукоил“ по втор пат сака да влезе во Македонија
[01.03.2005] Рускиот гигант „Лукоил“ во нов обид да инвестира во Македонија за својата намера ги извести македонските власти. Сепак допрва ќе проценува дали и колку пари треба да вложи.

 

ЈСП воведува поевтина маркица за една линија и повратен дневен билет
[01.03.2005] Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ од денеска воведува нова поевтина маркица која ќе важи само за една линија и повратен дневен билет кој се набавува исклучиво кај возачот.

 

„Макамтранс“ најавува штрајк
[01.03.2005] Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија „Макамтранс“ денеска најави дека овој месец камионџиите без претходно известување ќе одржат протест како израз на незадоволство поради тоа што Владата не излегла во пресрет на нивните барања.

 

Стопиран откупот на јагниња
[01.03.2005] Поради високите цени што производителите ги бараат за откуп на јагнињата, прифаќањето и извозот на јагнешко месо во југоисточниот дел од Македонија е стопиран, и тоа во пресрет на екот на откупната сезона.

 

Трет ден од штрајкот на земјоделците од Свети Николе
[02.03.2005] Три и пол илјади земјоделци од Свети Николе веќе трет ден штрајкуваат, незадоволни од поделбата на државното земјиште.

 

Се разгорува битката за нов претседател на Светската банка
[02.03.2005] По правило, првиот човек на Светската банка е Американец, додека првиот човек на ММФ секогаш доаѓа од Европа. Сегашниот претседател на Банката, Џејмс Вулфенсон заминува на први јуни, откако на чело на оваа институција е веќе два мандата или цели десет години.

 

Астрономски цени ја тресат македонската берза
[02.03.2005] Во македонската берза имаат две толкувања, зошто, особено деновиве, словенечки и хрватски брокери нагло купуваат илјадници акции од поуспешни македонски компании, поради што цените на нивните акции драстично се напумпани.

 

Прекинат штрајкот во Македонски железници
[02.03.2005] По 6 дена штрајк и блокада на сообраќајот, железничарите попуштија. Попладнето околу 15 часот го прекинаа штрајкот, без да добијат уште по 2.500 евра за секој отпуштен, како што бараа.

 

Светската банка против владиниот модел за продажба на ЕСМ
[02.03.2005] Владата знае за препораката на Светската банка, која бара нов модел за продажба на ЕСМ, без хидроцентралите, но не знае што да прави со неа. Светска банка им пиша на македонските министри да не ги продаваат хидроцентралите, а одвоено, не како еден систем, да ги продаваат термоцентралите и дистрибуцијата.

 

Цената на кафето зголемена за 20 денари по килограм
[02.03.2005] Цената на кафето од вчера е зголемена за 20 денари по килограм. Преработувачите на кафе во Македонија одлучиле да ги зголемат цените на сите видови кафе во просек за 10%, бидејќи неговата цена рипнала и на светските берзи. Главна причина е што годинава производството е помало, а побарувачката поголема.

 

Невработените се жалат дека Бирото за вработување не нуди работа
[02.03.2005] Невработените редовно се пријавуваат, но се жалат дека Државното биро за вработување веќе не нуди работа. Некои од невработените веќе изгубиле надеж. Велат, наместо да се создаваат услови за нови вработувања, Владата само не запишува по списоци.

 

Се очекува жестока битка за Поштенска банка
[03.03.2005] Управниот одбор на Поштенска банка за прв генерален директор го избра Зоран Николовски, сега втор генерален во Еуростандард банката. Одборот сакал да го именува и Фатмир Идризи за втор генерален, но тој побарал да биде изземен оти не сакал да биде втор, туку прв директор.

 

Три недели нема преговори за законот за работни односи
[03.03.2005] Синдикалците бараат итна средба со Министерот за труд Јакимовски за тој лично да им објасни зошто веќе три недели нема никакви преговори за законот за работни односи.

 

Екс вработените во Нипот со кривична пријава за стечајната управничка
[03.03.2005] Кривична пријава за големи малверзации против стечајната управничка на Нова Македонија - Гугушевска и поднесуваат поранешните вработени на Нипот.

 

Експертите ја критикуваат продажбата на ЕСМ
[03.03.2005] Стручњаците немаат дилема, ЕСМ сега и вака не смее да се продаде зошто последиците ќе бидат страшни. За едни е спорна намерата за приватизација бидејќи ќе донесе поскапа струја.

 

ДПМНЕ бара поништување на огласите за распределба на државно земјиште
[03.03.2005] ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини Владата за штрајкот на земјоделците од Свети Николе и побара да ги поништи сите огласи за распределба на државното земјоделско земјиште.

 

Железничарите најавуваат кривични пријави против раководството
[03.03.2005] Ни по синоќешните разговори железничарите не успејаа да го убедат директорот Наумов да ги повлече отказите за шестмината синдикалци од двата синдикати кои ја започнаа блокадата на сообраќајот.

 

Продолжуваат барањата на светиниколските земјоделци за државното земјиште
[04.03.2005] Преку протести, земјоделците од овчеполскиот регион веќе 5 деноноќија инсистираат на реална примена на нивната аграрна стратегија за развој во овој сектор.

 

„Мобимак“ ќе се преименува во „Ти Мобајл“
[04.03.2005] Промената на името на „Мобимак“ во „Ти Мобајл“ би можело да се случи годинава. Ова ребрендирање подразбира дека на таблите и натписите на рекламите и во сите деловни објекти на мобилната телефонска компанија ќе го пишува новото име „Ти Мобајл“.

 

УЦВП без конкурс вработила 15 луѓе со договор на дело
[04.03.2005] Управата за цивилна воздушна пловидба во јануари годинава без конкурс вработила 15 луѓе со договор на дело. Еден од нив се вика Бурим Положани и вработен е како одржувач на системи на охридскиот аеродром.

 

80% од граѓаните немаат доверба во институциите
[04.03.2005] Дури 80% од граѓаните немаат доверба во македонските институции и нивниот капацитет да ги решат проблемите. Ова се констатира во најновиот извештај на Обединетите Нации за навремено предупредување за проблемите во Македонија.

 

Муратовски со закани во власта
[04.03.2005] Ако Владата го игнорира Синдикатот, кога ќе ги намалува работничките права, ќе се соочи со секојдневни масовни штрајкови и протести. Притисок што власта не ќе можела да го издржи, се заканува синдикалниот лидер.

 

„Повардарие“ од Неготино доби нов газда
[05.03.2005] Само неколку дена пред да се случи финансискиот колапс, винарската визба „Повардарие“ од Неготино доби нов газда. Со блок трансакција на македонската берза, 67% од акциите ги откупи извесен американски бизнисмен со македонско потекло Љупчо Аневски, за што платил 1 милион долари.

 

Земјоделците шести ден на протест во Свети Николе
[05.03.2005] Наместо на плодното овчеполско земјиште, околу 200 трактори, со кои веќе 6 дена е блокиран центарот на Свети Николе и локалната самоуправа, денес ги поминаа сите асфалтни површини во градот.

 

Владата ќе преговара со синдикалците за пензионирањето
[06.03.2005] Владата најверојатно ќе го прифати предлогот на ССМ и ќе преговара со синдикалците - да се продолжи за уште 10 години одлуката во пензија да се заминува со 35 години стаж за жени и 40 за мажи, дознава А1.

 

Кортни и Розвадовски заедно ќе дојдат во Скопје
[07.03.2005] Шефовите на мисиите на Светската банка и на ММФ за Македонија, Брус Кортни и Гранек Розвадовски, се сретнале во петокот во Вашингтон, за да се договорат кога да дојдат во Скопје на продолжување на преговорите со македонската Влада за двата најавени аранжмани.

 

Опозицијата повторно со критики за продажбата на ЕСМ
[07.03.2005] Со моделот за приватизација на ЕСМ, што го одбра Владата, граѓаните ќе добиваат сметки за струја повисоки и за педесет проценти, тврди опозицијата.

 

Суспендираните синдикалци немаат пристап во МЖ
[07.03.2005] Шесте синдикалци од Железницата, кои раководството ги суспендираше за време на шестдневната блокада на сообраќајот, веќе немаат пристап во просториите на претпријатието. Тие денеска поднесоа и жалби до раководството.

 

Телефонски број за пријавување на работење на црно
[07.03.2005] 150 илјади луѓе работат на црно, без никаква заштита или гаранција за иднината, велат во Сојузот на синдикатите. ССМ влегува во засилена кампања за легализирање на црните вработувања. Отворена е телефонска линија во Скопје 2 779 303, на која работниците можат да ги пријават нелегалните вработувања.

 

Полицијата не го пушти новиот газда во „Ангропромет Тиквешанка“
[07.03.2005] Денес, претседателот на Управниот одбор на „Ангропромет Тиквешанка“ од Кавадарци, Киро Панов, чекаше судот и полицијата да го спроведат извршното судско решение и да му обезбедат влез во фирмата, по цели 8 месеци од наименувањето за директор.

 

Откажана блокадата на патот Штип-Велес
[07.03.2005] Земјоделците од Овчеполието ја откажаа блокадата на магистралниот пат Штип-Велес, што требаше да се одржи во периодот од 11 до 12 часот.

 

Цената на дизелот се зголемува за 3 денари
[07.03.2005] Бензините поскапуваат за половина денар. Но, драстично е зголемувањето кај цените на дизелот - за цели 3 денари по литар и на екстра лесното гориво - за 2,5 денари.

 

ЕСМ бара нови струјомери од граѓаните
[07.03.2005] Пред најавената приватизација и поскапувањето на цената на струјата, од ЕСМ уште еден струен удар по џебот на граѓаните. Во рок од два месеца ќе треба да се заменат сите струјомери кои се постари од 20 до 30 години, во зависно од производителот.

 

Таип Јакупи се повлекува од Поштенска банка
[08.03.2005] Директорот на Пошта, Таип Јакупи се повлекува од Поштенска банка. Ја напушта функцијата - претседател на Управниот одбор во банката откако Антикорупциската комисија, во неговиот случај откри конфликт на интереси - и директор на јавно претпријатие и претседател на Управен одбор на банка.

 

Нема заинтересиран купувач за Светскиот бизнис центар
[08.03.2005] Пропаѓа обидот на владата да ја продаде огромната зграда на светскиот бизнис центар во Скопје. Само два дена пред да заврши тендерот за продажба, нема заинтересиран купувач.

 

Јакимовски веќе 1 месец не разговара со Синдикатот
[08.03.2005] И по еден месец целосен прекин на преговорите со синдикатот, во време кога и владата и ММФ најавуваат кратење на работничките права по секоја цена, министерот за труд Јакимовски се уште не ги информирал синдикалците зошто го прекинал дијалогот и кога планира да се сретне со нив.

 

Утре почнува извозот на јагнињата
[08.03.2005] Од утре ќе проработат кантарите за откуп на јагнињата. Почнува велигденскиот извозен шпиц без промени во откупните цени.

 

Димовски: „Владата да не ги крати работничките права“
[08.03.2005] Владата да не ги крати работничките права туку да создаде услови што поголем број луѓе да добијат работа, вели владиниот советник Владо Димовски, словенечки експерт за труд и социјала.

 

Од земјоделци во социјалци поради неоткупување на млекото
[08.03.2005] Сафет Личина од скопското село Чифлик од земјоделец стана социјалец. Само пред една година од млекото го издржуваше семејството, а сега ги продава кравите бидејќи веќе една година во селото нема откуп.

 

Работниците од „Џумајлија“ го обвинуваат раководството за малверзации
[09.03.2005] Акционери и поранешно вработени во Светиниколски земјоделски комбинат Џумајлија го обвинуваат раководството за финансиски малверзаци тешки 400.000 евра.

 

Во продажбата на ЕСМ се вклучува и Антикорупциската комисија
[09.03.2005] Во дебатата за и контра продажбата на ЕСМ се вклучува и Антикорупциската комисија. Таа од владата ја бара одлуката за приватизација на ова јавно претпријатие, а од Министерството за економија информацијата за целиот проект и објаснувањето за неговата оправданост.

 

Во трката за фиксен оператор влегуваат и кабелските телевизии
[09.03.2005] Во трката за фиксен оператор влегуваат и кабелските телевизии. Според информации на А1 нивната намера да станат конкуренција во фиксната телефонија е сериозна. Во опција се вртат повеќе варијанти - како кабелските телевизии да станат и фиксни оператори.

 

Охис ќе се продава на странски партнер
[09.03.2005] Продолжува походот на владата по фабриките. Бучковски и неговата десна рака, Јорданов, денеска во Охис. Таму владата има 52% сопственост, а останатите 48% се на вработените.

 

Работниците од „Силика“ ги тужат стечајните судии и управникот
[09.03.2005] Некогашните работници од гостиварска Силика ги тужат стечајниот управник и тројцата стечајни судии, дека пред година и пол незаконски ја продале фабриката.

 

Македонија 85-та по користење интернет
[10.03.2005] Република Македонија се наоѓа на 85-то место по користење Интернет и други информациски технологии, се наведува во документот на Светскиот економски форум.

 

Караманлис: Проектот Бургас – Александрополис ќе биде реализиран
[10.03.2005] Грција се надева дека проектот за изградба на нафтоводот Бургас – Александрополис ќе биде реализиран, изјави во Атина премиерот Костас Караманлис.

 

Македонија пак ја прокоцка шансата да го промовира туризмот
[10.03.2005] Министерството за економија и годинава ја прокоцка шансата да го промовира македонскиот туризам на најголемата туристичка берза што се одржува во Берлин.

 

Македонија само набљудувач на Цебит 2005-та во Хановер
[10.03.2005] Следните 6 дена бизнис светот е фокусиран кон најголемата и најважна светска саемска манифестација Цебит 2005-та во Хановер. Над 60 земји и над 6.200 извадоци од светот на компјутерите, комуникациите и технологијата ја претставуваат иднината.

 

Фондот за патишта без тендер ќе купува фискални
[10.03.2005] Државниот фонд за патишта без тендер ќе ја избере фирмата од која ќе ги набави фискалните принтери потребни за фискализација на патарините.

 

ССМ стравува дека со флексибилноста ќе има масовни отпуштања
[10.03.2005] Во новиот закон за работни односи, ќе се олесни постапката за брзо отпуштање на работниците од работа, или како што владата го нарекува - флексибилност во отпуштањето, иако синдикатот е против ваквата одлука.

 

Стечајниот управник на „Силика“ контра екс вработените
[10.03.2005] Стечајниот управник на „Силика“ во контра напад на вчерашните обвинувања од поранешните работници. Тие беа вклучени во целиот процес на продажба, тврди тој.

 

Бранко Азески нов претседател на Стопанската комора на Македонија
[10.03.2005] Нов претседател на Стопанската комора на Македонија е Бранко Азески, основач и сопственик на компанијата „Хит Плус“.

 

Eкономијата зависи од стабилноста во регионот
[10.03.2005] Иако регионалниот самит во Скопје е обид - економијата да се истакне како идна, заедничка точка за развој на овој регион, сепак други два предуслова што немаат врска со неа, се истакнуваат како поважни.

 

Меморандумот за нафтоводот Бургас-Александрополис ќе се потпише на 15 април
[11.03.2005] Меморандумот за изградбата на нафтоводот Бургас-Александрополис ќе биде потпишан на 15 април во Софија.

 

Бил Гејтс повторно најбогат човек во светот
[11.03.2005] Човек што лани најмногу се збогатил на светот е сопственикот на скопска „Ладна валавница“, Индиецот Лакшми Митал. И на денеска објавената листа - најбогати луѓе на светот за оваа година, води 11-та година по ред, компјутерџијата Бил Гејтс со 46,5 милијарди долари, колку што Македонија создава во текот на десет години.

 

Телефонот за пријавување на работа на црно постојано ѕвони
[11.03.2005] Синдикатот не сака да каже колку луѓе досега се јавиле на новоотворената телефонска линија за пријавување на работа на црно. Само велат дека за првите 4 часа, кога се пушти овој телефон, се јавиле 20 луѓе.

 

4-те плати за отпуштените од МЖ ќе ги обезбеди претпријатието
[11.03.2005] Четирите плати, што вработените од Железница кои останаа на работа требаше да ги издвојат солидарно за своите отпуштени колеги, ќе ги исплати претпријатието. Вака денеска реши Управниот одбор на Железницата.

 

Народна банка назначи повереник во Поштенска
[11.03.2005] Повереникот е назначен денеска попладне, со решение од гувернерот Гошев. Тоа е вработен од супервизијата на Народната банка. До ваква одлука дојде откако човекот што Управниот одбор на Поштенска банка го предложи за нов директор, Зоран Николовски, вчера испратил писмо до гувернерот дека не ја прифаќа новата функција.

 

4.000 трудови инвалиди во текстилната индустрија
[11.03.2005] Бројката од 4 илјади трудови инвалиди само во текстилната индустрија е превисока во однос на вкупниот број на население и вкупно вработените во овој сектор, велат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

 

Бусек: „Странските инвестиции не доаѓаат на копче“
[11.03.2005] Пари во Пактот за стабилност има доволно, но ни требаат издржани проекти, вели првиот човек на пактот, Ерхард Бусек, учесник на скопскиот самит. Вели дека никогаш не е задоволен, оти секогаш можело повеќе.

 

Патиштата и пругите - клучни за развој на Балканот
[11.03.2005] Како да се скуси времето неопходно за да се стигне од Софија до Тирана, преку Скопје, а нафтата од Азија поевтино да се транспортира во Европа, како балканските туристички центри да им станат подостапни на европските гости?

 

„Меркатор“ заинтересиран да гради хипермаркет во Скопје
[12.03.2005] Словенечката трговска куќа „Меркатор“ го засилува притисокот за влез на македонскиот пазар. Претседателот на Управата на оваа фирма, Зоран Јанковиќ, денеска уште еднаш ја информирал владата, дека Меркатор ја сака локацијата спроти комплексот банки за свој трговски центар. Рекол дека веќе изработиле и проект за тоа.

 

Антикорупциската комисија бара поништување на приватизацијата на Фершпед
[12.03.2005] Антикорупциската комисија од јавното правобранителство бара веднаш да го почне судскиот процес за поништување на приватизацијата на една од најголемите скопски компании - Фершпед.

 

„Нова љубљанска банка“ нов сопственик на Поштенска
[14.03.2005] Нов сопственик на Поштенска банка, станува словенечката „Нова љубљанска банка“, која купува 66% од Поштенска, што сега се сопственост на „Ноел“ од Гевгелија и „Европа 92“ од Кочани.

 

Забранета работата на 3 брокерски куќи
[14.03.2005] По налог на Комисијата за хартии од вредност, берзата денеска исклучи од системот за тргување три брокерски куќи - Еуро брокер, Тутунска брокер и брокерското друштво Бро дил.

 

Владо Тошевски отпуштен од МЖ, а има 9 деца
[14.03.2005] „Директоре, ве молам да ме примите на разговор, зашто јас имам една голема мака, имам 9 дечиња. Ако после мислите да ме отпуштите од работа, јас може и самиот да си заминам“, порача Владо Тошевски, отпуштен работник од МЖ.

 

Земјоделците повторно на протест за правилна распределба на земјата
[14.03.2005] Едночасовниот мирен протест што денес напладне го одржаа стотина земјоделци од штипско претставува само уште едно потсетување до владините институции, од кои се очекува поништување на стариот оглас за распределба на државното земјиште под концесии и распишување на нов.

 

Потрошувачката кошница во февруари 9.971 денар
[14.03.2005] Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалоци на четиричлено семејство пресметана врз основа на цените на мало, минатиот месец изнесуваше 9.971 денар и во однос на јануари годинава е повисока за 1,4%, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

 

Цената на нафтата повторно над 55 долари за барел
[15.03.2005] Цената на нафтата на енергетските берзи во светот денеска повторно ја надмина границата од 55 долари за барел доближувајќи се до максимумот од 55,66 долари постигнат во октомври минатата година.

 

ММФ истражува како се составува буџетот во Македонија
[15.03.2005] Тим експерти од ММФ, следните десет дена во Скопје ќе истражуваат како се составува буџетот во Македонија. Кој учествува во тој процес, ја контролира ли некој владата како ги троши парите што народот и фирмите ги плаќаат за даноци.

 

Многу пари и нови надлежности за идните градоначалници
[15.03.2005] Новите градоначалници ќе располагаат со повеќе од 200 милиони евра. Ќе управуваат со училиштата, амбулантите, социјалните установи, културните домови. Ќе можат да се задолжуваат со кредити и да располагаат со општинскиот имот.

 

Потрошувачите се жалат дека не се заштитени
[15.03.2005] Неквалитетни и расипани производи, стоки со разни недостатоци, на ова најчесто се жалат граѓаните. Од државниот инспекторат и организацијата на потрошувачи велат дека најголемиот дел од нерешените пријави од граѓаните се однесуваат на монополските компании - Телеком и ЕСМ.

 

Македонското вино наместо во шишиња се продава во цистерни
[15.03.2005] Македонското вино наместо во шишиња се продава во цистерни. Со ова државата само од извозот во Европската унија губи по 50 милиони евра.

 

14 милиони долари за проект за катастарот во Македонија
[16.03.2005] Светската банка одобри 14 милиони долари за Проектот за катастар на недвижности и регистрација во Македонија, соопшти денеска Канцеларијата на Банката во Скопје.

 

Блажо Тасев утре во Скопје за да го потпише договорот за Саса
[16.03.2005] Словенечкиот бизнисмен Блажо Тасев утре ќе допатува во Скопје, за да го потпише купопродажниот договор за рудникот Саса. Тасев тврди дека поседува извршно решение, со кое судот во Кочани го задолжил стечајниот управник Виктор Тодоров да го потпише договорот во рок од три дена, но и дека жалбата не го одлага потпишувањето на договорот.

 

Производството во криза, индустријата никако да се врати во нормала
[16.03.2005] На индустриското производство никако да му тргне и во 2005. Според денеска објавените податоци, производството во јануари годинава било само за 9% поголемо од ланскиот јануари, кога пак, беше цели 45% во минус.

 

Управата за јавни приходи влегла во скопски „Фершпед“
[16.03.2005] Управата за јавни приходи влегла во скопски „Фершпед“. По налог на Јавното правобранителство, даночните инспектори ја чешлаат целата документацијата поврзана со приватизацијата на оваа скопска компанија.

 

Никако да се изгради хидросистемот Злетовица
[16.03.2005] Македонската Влада се уште не почнала да го користи кредитот што јапонската Банка за меѓународна соработка и го стави на располагање уште во 2003-та.

 

Свето Јаневски сака да го купи и велешки „Лозар“
[16.03.2005] Свето Јаневски влегува во поранешниот велешки агро-комбинат „Лозар“. Иако првично се говори дека неговата фирма „М6“ е закупувач на лозовите плантажи, официјално, од кавадаречки „Тиквеш“ тврдат дека токму тие се вистинските закупци на 640 хектари во велешко.

 

Отпуштени работници од Млаз Богданци на протест во Скопје
[17.03.2005] Отпуштени работници од транспортната фирма Млаз Богданци допатуваа во Скопје. Протестираа пред судовите и министерството за економија - лути зошто судовите веќе една година не го решаваат нивниот случај - да бидат вратени на работа.

 

Тасев дојде во Скопје да го потпише купопродажниот договор за Саса
[17.03.2005] Словенечкиот бизнисмен, Блажо Тасев дојде во Скопје за да го потпише купопродажниот договор за рудникот Саса. Стечајниот управник на рудникот Виктор Тодоров пак вели дека нема да го потпише договорот бидејќи собранието на доверители го поништи тендерот на кој победи Тасев.

 

Нова рекордна цена на нафтата - 56,69 долари за барел
[17.03.2005] Цената на нафтата на енергетските берзи во светот денеска достигна рекордна вредност од 56,69 долари за барел.

 

Експертите порачаа ЕСМ да не се продава цело
[17.03.2005] Македонските енергетичари и економисти и странските експерти и порачаа на владата дека греши со одлуката годинава како една целина да го продаде ЕСМ. Во неколку точки заклучоците од трибината изгледаат вака:

 

Лани 14.000 работници побарале правна помош од синдикатот
[17.03.2005] 14.000 работници лани побарале правна помош од синдикатот, бидејќи работодавците не го почитувале законот за работни односи. Во споредба со претходната 2003 година, дури 16% е зголемен бројот на работници кои се пожалиле на незаконско работење од страна на работодавците.

 

Силјановска: „Синдикатот не знае да ги заштити работничките права“
[17.03.2005] Ниту владата ниту синдикатот не знаат што прават. Државата нема стратегија за развој, а синдикатот не знае како да ги заштити работничките права вели остриот критичар Гордана Силјановска.

 

ЕУ запрепастена од предлогот Волфовиц да биде претседател на СБ
[17.03.2005] Американскиот претседател Џорџ Буш стави крај на битката за нов претседател на Светската банка, но отвори нов фронт со Европа и со земјите во развој. За прв човек на Светската банка Буш го предложи - заменикот министер за одбрана и архитект на војната во Ирак, Пол Волфовиц.

 

Продолжи процесот против обвинетите за нелегална продажба на НИП-от
[18.03.2005] „Во времето на потпишување на купопродажниот договор, „Нова Македонија“ се наоѓаше во катастрофална состојба со загуба од 20 милиони евра. Имаше повеќе варијанти, а како последна се прифати понудата акциите да се откупат за 2 милиони и 300 илјади евра, да се задржат сите 1.427 вработени, со тоа што би се склучил договор за преквалификација“ рече сведокот Ракочевиќ.

 

ММФ и СБ и подготвуваат преговарачка треска на Владата
[18.03.2005] ММФ и Светската банка и подготвуваат вистинска преговарачка треска на Владата. Прво ќе дојде тимот на Банката, па на Фондот, за на крајот да се спојат сите заедно.

 

Вистинска приказна од село Тумчевиште
[18.03.2005] „Петлите пејат и ние се будиме“, рече Лидија Јанева.

 

Македонските институции со меѓусебни обвинувања за Злетовица
[18.03.2005] Македонските институции, вклучени во проектот Злетовица, се обвинуваат меѓу себе што стартот на изградбата на хидросистемот доцни цели две години.

 

Муратовски со критики до експертите и новинарите
[18.03.2005] Тоа се аутсајдери и исфрустрирани професори. Вака ги оквалификува лидерот на ССМ, Ванчо Муратовски, експертите кои веќе неколкупати остро го критикуваат Синдикатот дека е заспан и дека повеќе сака да оди на вечери со премиерите, отколку на штрајкови. Нивниот став не ме интересира, вели Муратовски.

 

2 брокерски куќи ги обжалија решенијата за суспендирање
[18.03.2005] „Еуро брокер“ и „Тутунска брокер“ и се спротивставија на Комисијата за хартии од вредност - ги обжалија решенијата за суспендирање на нивната работа.

 

Блажо Тасев ненајавено во посета на Македонска Каменица
[18.03.2005] Блажо Тасев, купувачот на рудниците Саса, кој последните 7 месеци ги помина во очекување дека ќе го види потписот на стечајниот управник на другата страна од купопродажниот договор и записникот за примопредавање на имотот на рудниците, денес сосема ненајавено дојде пред управната зграда.

 

Се посвети ли Владата на Бучковски на економијата?
[19.03.2005] Во своите први сто дена од мандатот, Владата на Бучковски на јавноста и наметна слика дека целосно и е посветена на економијата. Не случајно избрана тема, бидејќи според сите истражувања на јавното мислење, економските проблеми се тие што најмногу ги мачат луѓето.

 

Владата и Макпетрол повторно без решение за гасоводот
[19.03.2005] Во обид да го решат спорот за сопственоста врз гасоводот, се поизвесно е дека Макпетрол и Владата се на добар пат само да ги продлабочат разликите.

 

50 работнички од „Макпримат“ се жалат дека се изиграни од газдата
[19.03.2005] Педесет текстилни работнички од скопски „Макпримат“ се жалат дека се изиграни од нивниот газда. Велат дека кога биле прогласени за технолошки вишок, потпишале празни листови, на кои сега стоело дека им се исплатени плати за отпремнини, иако ниту една од нив до денес не видела ниту денар.

 

Сеуште нема објаснување зошто се продава ЕСМ
[20.03.2005] И по два месеци откако Владата донесе одлуката за продажба на Електростопанството, нема објаснување за клучното прашање зошто се продава. Првичното објаснување дека на тоа Македонија е обврзана од ЕУ, падна веднаш откако се откри дека Унијата само препорачува либерализација на пазарот, а не приватизација.

 

Скопскиот аеродром ќе се дава под кирија на странци
[21.03.2005] Скопскиот аеродром дефинитивно ќе се дава под кирија на странци. Денеска владата ја прифати идејата на Министерството за транспорт да се распише тендер за модернизација на аеродромот, и да се даде под концесија на фирмата што ќе го реконструира.

 

Бензините поскапуваат за 2 денари по литар
[21.03.2005] Уште едно - ново поскапување на нафтените деривати кај нас. Од полноќ - бензините поскапуваат за цели 2 денари по литар, а дизелот и екстра лесното гориво за денар и пол.

 

Во новиот закон се предлага стечајот да трае 6 месеци
[21.03.2005] Скопската фабрика Газела веќе 5 години е во стечај. Порцеланка од Велес не работи повеќе од 4 години. Две години се затворени погоните на Алумина, а во Тораница и Бучим рударите повеќе од три години не влегле во окната.

 

Жителите од Источна Македонија пијат загадена вода
[21.03.2005] Додека стартот на проектот Злетовица доцни повеќе од половина година поради владината неажурност, жителите од Источна Македонија пијат нечиста и хемиски загадена вода.

 

Потфрли извозот на јагнешко
[21.03.2005] Извозот на јагнешкото заврши така како што почна - хаотично. Откако трговците и сточарите некако се испазарија околу откупната цена, проблем станаа бирократијата и документацијата.

 

Свинска чума во Бугарија
[21.03.2005] Во Македонија нема опасност од ширење на свинската чума која се појави во неколку погранични региони на Бугарија, велат од управата за ветеринарство.

 

Само 2 компании доставија понуди за Саса
[22.03.2005] Само две компании доставија понуди на тендерот за купување на рудникот Саса. Канадската фирма, „Ерин Венчерс“ за рудникот понуди 4 милиони евра, инвестиции од 13,4 милиони долари и вработување на 512 луѓе. Ветува дека рудникот ќе биде рестартиран за 6 месеци.

 

Владата допрва ќе ја убедува јавноста зошто се продава ЕСМ
[22.03.2005] Откако реши да го продаде и си го избра моделот без јавна расправа владата допрва ќе организира дебати за да ја увери јавноста зошто е добро да се продава ЕСМ.

 

Цената на нафтата ќе продолжи да расте, велат експертите
[22.03.2005] Македонија нема да може да го избегне ценовниот шок по неколкукратните поскапувања на бензините, предупредуваат експерти од нафтениот бизнис.

 

Антикорупциската комисија се жали дека нема увид во приватизацијата на ЕСМ
[22.03.2005] Антикорупциската комисија се жали дека владата ја игнорира и не и овозможува увид во текот на приватизацијата на ЕСМ.

 

Македонските фирми бараат тие да ја градат Скопската заобиколница
[22.03.2005] Три илјади градежни работници ќе останат без работа, ако македонските градежни фирми не бидат ангажирани во доизградбата на заобиколницата околу Скопје, предупредува Градежниот синдикат.

 

Градежниците бараат да не се менува решението за пензија
[22.03.2005] Градежните работници ќе ја притискаат владата да не го менува досегашното решение за пензија, според кое работниците може да се пензионираат со 35 години стаж за жени и 40 за мажи.

 

Лозарите успеаја да добијат дел од парите од Повардарие
[22.03.2005] По неколку месеци натегања, нервози и закани Тиквешките лозари успеаја да добијат дел од парите за предаденото грозје во Повардарие Неготино. Денеска на лозарите преку Радо банка им биле исплатени близу 750.000 евра за заостанатата втора рата.

 

Разврската за гасоводот најверојатно на суд
[23.03.2005] Главната гасоводна цевка од бугарска граница до Скопје е природен монопол, кој не смее да остане во рацете на приватна фирма. Вака Бладата го образложува предлогот што веќе го достави до Макпетрол - со оваа гасоводна магистрала да управува државата, а дистрибуцијата и продажбата на гасот целосно да му се препушти на Макпетрол.

 

Од сабота почнува летниот ред на летање
[23.03.2005] Од сабота почнува летниот ред на летање. Што ново донесува? Една странска авиокомпанија, чешката „Чез ерлајнс“, која на релација Прага-Скопје прага ќе лета три пати неделно.

 

„Нова љубљанска банка“ сака да ја докупи Поштенска
[23.03.2005] Откако купи две третини од Поштенска банка, словенечката „Нова љубљанска банка“ сега е во трка со една холандска банка за купување и на преостанатите 33% од Поштенска.

 

Почнува нова битка за рудникот Саса
[23.03.2005] Почнува нова битка за рудникот Саса. Компанијата „Ромтрејд“, регистрирана на карипскиот остров Сен Винсент и Гренадин, заедно со рускиот бизнисмен Павел Малиновски му испратиле писмо на премиерот Бучковски, во кое го информираат дека заедно со Саса сакаат да ја купат и велешката Топилница.

 

„Табак осигурување“ може да биде исклучен од Националното биро
[23.03.2005] Националното биро за осигурување му даде на „Табак осигурување“ рок од три дена да престане да ги дели купоните за бесплатно точење бензин за 500 денари, што секој автомобил ги добива ако при регистрацијата се осигура кај „Табак“.

 

Дебата за проблемите со млекото на една фарма
[23.03.2005] Дворот на сточарот Осман Лековиќ од велешкото село Оризари вчера на пладне беше сала на отворено за трибината „Како до конкурентно домашно млеко“. На едно место се собраа сточари, преработувачи, трговци.

 

Работници од 150 фирми пријавиле дека работат на црно
[24.03.2005] За само две недели откако Синдикатот ја отвори телефонската линија, пријавени се 150 фирми каде работат работници на црно. Според информациите на А1, вработувања на црно преку телефонската линија граѓаните пријавувале во речиси сите дејности, но најмногу во угостителството и трговијата.

 

Небото над Скопје повторно ќе биде црвено
[24.03.2005] „Небото над Скопје повторно ќе биде црвено - какво што го паметиме кога работеше топилницата за железо“, вака денеска министерот за финансии, Никола Поповски го најави проработувањето на скопска топилница, од неодамна сопственост на руско - англиската фирма Ромтрејд.

 

Владата притиска Макпетрол да се откаже од гасоводот
[24.03.2005] Владата го засилува притисокот врз Макпетрол, да се откаже од управувањето врз главната гасоводна цевка од бугарска граница до Скопје. Министерството за економија го образложи предлогот, преку нов закон за енергетика да се формира државна фирма што ќе управува со главната гасоводна магистрала. За Макпетрол ваквиот предлог е неразумен.

 

Светските економски експерти во обид на намалување на сиромаштијата
[24.03.2005] За милијарда луѓе во светот сиромаштијата е прашање на живот или смрт. Како да им се помогне. Одговор на ова прашање се обидоа да најдат неколку стотици врвни светски економски стручњаци.

 

СБ препорачува укинување на некои бесплатни здравствени услуги
[25.03.2005] Експертите од Светската банка, кои изминатите десетина дена ги испитуваа состојбите и спроведувањето на реформите во здравството, ќе препорачаат Фондот за здравство да укине некои од здравствените услуги што сега граѓаните ги добиваат бесплатно кога одат на лекар.

 

УЈП потврди дека врши контрола на „Фершпед“
[25.03.2005] Управата за јавни приходи и официјално потврди дека нејзини инспектори повеќе од една недела се во контрола на скопски „Фершпед“. Ја чешлаат документацијата поврзана со приватизацијата на компанијата.

 

МАТ најавува тужба против Џемаил Мехази
[25.03.2005] Незадоволен од летниот ред на летање што стартува задутре, редовниот авиопревозник МАТ најавува тужба против министерот за транспорт, Џемаил Мехази.

 

Трговскиот центар „Рамстор“ ќе биде отворен на крајот на мај
[25.03.2005] Трговскиот центар „Рамстор“, на турскиот инвеститор Коч, ќе биде отворен на крајот на мај, најавија менаџерите од „Рамстор Македонија“.

 

Секојдневно расте бројот на пријавени фирми што вработуваат на црно
[25.03.2005] Секојдневно се зголемува бројот на пријавени фирми што вработуваат на црно. Во последниве два дена на телефонската линија што ја отвори Синдикатот пред повеќе од 2 недели се пријавени нови десет фирми, со што вкупната бројка се зголеми на 160 компании.

 

Штрајк на градежните работници од велешки „Велес“
[25.03.2005] Десетте неисплатени плати и неплатените придонеси за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување за цели 8 години се причина за штрајкот на 120-те работници во ГП „Бетон“ во Велес.

 

„Табак“ ги повлече купоните за бесплатно точење бензин од 500 денари
[25.03.2005] „Табак осигурување“ ги повлече купоните за бесплатно точење бензин од 500 денари, што веќе десетина дена ги делеше за автомобилите што се осигуруваат кај „Табак“.

 

Ексим банката ја подобри политиката кон Македонија
[26.03.2005] Американската Ексим банка, познатата извозна кредитна агенција на САД, ја подобри политиката спрема Македонија. Ексим банката ги укина ограничувањата за одредени финансиски трансакции со Македонија, откако американската агенција за пресметување на ризик подобро ја рангираше земјава.

 

Промовирана Македонско-руската стопанска комора
[28.03.2005] Македонските бизнисмени сакаат да се вратат на рускиот пазар. Први производи што ќе ги лансираат ќе биле вино, тутун, текстил и метали.

 

Фирмата што сака да ја купи Саса може да биде дискфалификувана за 75 евра
[28.03.2005] Канадската фирма, „Ерин Венчерс“ која за купување на рудникот Саса понуди најмногу пари - 4 милиони евра може да испадне од трката. Канаѓаните може да бидат дискфалификувани бидејќи недостасувале 75 евра во депозитот од 100.000 евра кој фирмата го уплатила на тендерот.

 

Под концесија ќе се даваат двата аеродрома
[28.03.2005] Освен скопскиот владата ќе го дава под концесија и охридскиот аеродром. На денешната владина седница паднала одлука под кирија да се понудат и двата македонски аеродроми.

 

Русија ќе се раздолжува преку доизградба на гасоводот
[28.03.2005] Доизградбата на гасоводот дефинитивно влегува во проектите со кои Русија треба да се раздолжи кон Македонија. Меѓу 15 и 20 милиони долари ќе се пребијат со руска инвестиција во гасоводот, решија денеска владини претставници од двете земји.

 

Градежниците ќе го молат Бучковски да им ја даде заобиколницата
[28.03.2005] Домашните градежници гледаат последна надеж во премиерот Бучковски да им даде - тие да ја градат заобиколницата околу Скопје. Бараат од премиерот да ги прими за лично да му објаснат лично зошто е битно оваа работа да ја добијат македонските компании.

 

Се интензивира економската соработка меѓу Македонија и Русија
[29.03.2005] Копретседателите на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка Минчо Јорданов и Владимир Аверченко денеска потпишаа Протокол за интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Русија.

 

„Хохтиф“ со конкретна понуда за скопскиот аеродром
[29.03.2005] Од неколкуте странски компании заинтересирани за скопскиот аеродром, најконкретна досега е понудата на германскиот градежен гигант „Хохтиф“.

 

Претставници на „Ерин венчерс“ експресно допатуваа во Македонија
[29.03.2005] Откако слушнаа дека можат да бидат дисквалификувани од тендерот за купување на рудникот Саса, претставници на канадската фирма „Ерин венчерс“ експресно допатуваа во Македонија.

 

Цените на зеленчукот ќе останат високи цела пролет
[29.03.2005] „Ова тие од Камзали, од Струмица. Струмичка роба се е тоа. Патлиџанот по 90 денари, краставиците 70 денари“, изјави еден пазарџија.

 

Се укинува вработувањето на неопределено време
[29.03.2005] Со последната верзија на новиот закон за работни односи, што тајно се крчка во Министерството за труд, предвидено е да се укине сегашното вработување на неопределено време, или како што популарно се нарекува, вработување за стално.

 

Договорено како Русија да и го врати на РМ долгот од СФРЈ
[29.03.2005] Скопје и Москва договорија како Русија да и го врати на Македонија стариот долг, наследен од поранешна СФРЈ, вреден 46 милиони долари.

 

ОПЕК нема да го зголеми производството на нафта
[29.03.2005] Членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ќе ги одложат разговорите за повторното зголемување на дневното производството на нафта предвидени за април, јави германската агенција ДПА.

 

Владата и Макпетрол почнаа војна за гасоводот
[30.03.2005] Војна за гасоводот. Макпетрол го исели јавното претпријатие „Гама“ од своите простории, а државата најави, ова ја прели чашата - гасоводот е наш и ќе го преземеме. Со судско решение и извршител Макпетрол го исели „Гама“ од просториите, затоа што не плаќале кирија веќе 8 години.

 

Стартуваше конкуренцијата во фиксната телефонија
[30.03.2005] Стартуваше конкуренцијата во фиксната телефонија. За петнаесеттина дена интернет провaјдерот Он Нет воведува фиксен телефонски број кој ќе можат да го користат граѓаните и фирмите - но само за повици кон странство.

 

Хохтиф официјално ја објави кандидатурата за скопскиот аеродром
[30.03.2005] Германската компанија Хохтиф денеска и официјално ја објави својата кандидатура за концесионер на скопскиот аеродром. Интересот за него, Хохтиф ја објаснува со стратегијата за преземање на што е можно повеќе аеродроми во Југоисточна Европа.

 

Кој ќе ја купи Поштенска банка?
[30.03.2005] Двете фирми што имаат по една третина од Поштенска банка, мислат различно за тоа - кому да ги продадат своите акции. Во оваа игра е и државата која ја има третата третина.

 

Јакимовски: „Законот ќе биде каков треба да биде“
[30.03.2005] По вчерашните информации на А1 дека со новиот закон за работни односи се укинува постојаното вработување, се кратат отпремнините и се олеснува бркањето од работа, министерот кој тајно го изработува овој закон, Стевчо Јакимовски, денеска за А1 вели дека законот ќе бил таков каков што требало да биде.

 

Протести на скопските пазарџии
[30.03.2005] Илјадници пазарџии од речиси сите скопски пазари денеска ги затворија тезгите и излегоа на протести на Бит пазар. Тие бараат намалување на давачките за тезгите и одложување на одлуката на пазарната инспекција од 1 април да ги брка сите од пазарите што немаат регистрирано фирма или што не се регистрирани како земјоделци.

 

„Рено“ ќе инвестира една милијарда евра во „Дачија“
[31.03.2005] Француската компанија Рено ќе инвестира една милилјарда евра во Дачија во Романија поради се подобрата продажба на автомобилот Дачија Логан која ги надмина очекувањата, објави денеска весникот Зиарул финанчиар.

 

Бучковски се сретна со Павел Малиновски
[31.03.2005] Рускиот бизнисмен, Павел Малиновски, кој сака да го купи рудникот Саса, денеска лично лобираше кај премиерот Бучковски, Владата да му овозможи да го заокружи својот рударско-металуршки бизнис во Македонија. Земјава има капацитет, вели рускиот бизнисмен.

 

Пазарџиите и Скопски пазар не се договорија за давачките
[31.03.2005] Пазарџиите и Скопски пазар не се договорија за давачките. Денешните преговори завршија без конкретно решение. Пазарџиите бараа намалување на давачките за 50%, а Скопски пазар нудел 20%.

 

Пол Волфовиц ќе биде нов претседател на Светска банка
[31.03.2005] Пол Волфовиц - нов претседател на Светската банка. Неговото именување се очекува да биде потврдено денеска, откако Европската Унија вчера му даде зелено светло на контроверзниот американски предлог, челната функција на Светската банка да ја преземе досегашниот заменик директор за одбрана на САД, Пол Волфовиц.

 

Граѓаните незадоволни од првите 100 дена на Владата
[31.03.2005] „Што да кажам, ништо, од мене нула за него“, рече граѓанка.

 

Агенцијата за приватизација може да стане Инвестициски фонд
[31.03.2005] Агенцијата за приватизација не се затвори, иако законот е дециден дека таа требаше да згасне на овој ден - 31 март. Владата ја продолжи работата на Агенцијата за уште еден месец, со изговор дека требало да се продадат државните аптеки.

 

ССМ не реагира за најавеното кратење на работничките права
[31.03.2005] Синдикатот не реагира на информациите, кои Владата засега ги чува во строга тајност, дека со новиот закон за работни односи драстично ќе се скратат работничките права.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk