Дома Пријавете се за добивање американска иселеничка виза
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Економија > Архива > Февруари 2005

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 A1 RSS канали

 A1 на сателит

А1 видео вести во Real Video формат
 

АРХИВА: Економија, Февруари 2005


 

Опозицијата бара референдум за продажбата на ЕСМ
[01.02.2005] Граѓаните треба да одлучуваат за продажбата на електростопанство. Опозицијата бара референдум на кој граѓаните ќе решат дали да се продаде највредното парче на македонската економија.

 

Охридска банка не е за продавање, порача управниот одбор
[01.02.2005] „Охридска банка не е за продавање на стратешки партнер“, објави Управниот одбор на оваа банка, една од трите во земјава за чие купување беше заинтересирана бугарската групација ДЗИ.

 

Ќе се истражуваат можните злоупотреби на буџетот од 2003
[01.02.2005] Јавното обвинителство ќе истражува дали во незаконското и ненаменско трошење на буџетските пари во 2003 има злоупотреба и криминал.

 

Започна кроењето на новиот закон за работни односи
[01.02.2005] Синдикатот, владата и работодавците почнаа да го кројат новиот закон за работни односи. На стартот од преговорите никој од нив не сакаше да даде изјава.

 

За 2 недели ќе се знае кој ќе биде отпуштен од МЖ
[01.02.2005] Списоците на луѓето кои ќе бидат отпуштени од Македонски железници ќе бидат објавени најдоцна за две недели. Раководството на железницата се уште тактизира и не ја соопштува конечната бројка на отпуштени работници.

 

Од ИФАД 2 искористени 452 кредита
[02.02.2005] Од Проектот за финансиски услуги во земјоделството (ИФАД 2) што почна да се имплементира во октомври 2003 година, досега се реализирани 452 кредита вредни вкупно 2,6 милиони американски долари.

 

Борба за купување на две третини од Поштенска банка
[02.02.2005] Моќни бизнис и банкарски групи од земјава во отворена борба - кој ќе купи две третини од Поштенска банка. Преставници на Управниот одбор на банката, денеска во Народната банка разговараа за новите директори што Поштенска треба да ги именува, откако гувернерот Гошев им ги одзема дозволите за работа на првиот и вториот генерален директор на Поштенска, пред еден месец.

 

Боледувањата овој месец нема да се исплаќаат
[02.02.2005] Боледувањата што корисниците ги добиваат по разни основи, овој месец нема да бидат исплатени. Парите ќе доцнат поради промената на начинот на кој се доставуваат до корисниците.

 

Лобирање и надежи во МЖ да се остане на работа
[02.02.2005] Лобирања, битки и надежи во Железница да се остане на работа. Никој од работниците не сака да го види своето име на списокот „отпуштени“. Неизвесноста до објавувањето на списоците ги испровоцира седумте синдикати на МЖ, секој да ги заштити своите членови.

 

Ликвидиран некогашниот велешки гигант „Лозар“
[02.02.2005] По барање на доверителите, ликвидиран е велешкиот агрокомбинат „Лозар“. Судот ги ликвидираше непрофитабилните 15 акционерски друштва, кои на доверителите им должеа вкупно 20 милиони евра, додека за трите исчистени од долгови и приватизирани ќе се решава во текот на месецов.

 

Драстично падна продажбата на автомобили
[02.02.2005] Драстично падна продажбата на автомобили. Воведувањето на акцизата комплетно го прекина увозот на стари, а ја намали продажбата и на новите автомобили.

 

Владата нема стратегија за излез од минусот во платно билансниот промет
[02.02.2005] Оваа Влада не само што нема стратегија како да излезе од постојаниот минус, кој и се создава во плаќањата од и кон надвор, односно во платно билансниот промет, туку не сака ни да чуе предлози како да се реши овој, еден од најголемите проблеми на македонската економија. Експертите дебатира сами.

 

Каланѕопулос: „Македонија е светла точка на Балканот“
[03.02.2005] Македонија била светла точка на Балканот. Така барем ја гледа Светската банка. Директорката за Македонија, Орсалија Калан-Ѕопулос вели дека земјава го поминала најтешкото.

 

Промовиран пасошот за македонските крави
[03.02.2005] Македонските крави на пола пат до Европа. Ветеринарната управа веќе дели бесплатни европски пасоши, кои со ушните маркички се дел од најсовремениот систем за регистрација и идентификација на животните. До крајот на мај сите крави ќе добијат свој пасош.

 

Бучковски и Муратовски задоволни од средбата
[03.02.2005] Топло добредојде, идилична атмосфера и насмевка за довидување Во овој амбиент денеска во Владата се сретнаа премиерот Бучковски и ресорните министри со претседателот на ССМ, Муратовски и неговите соработници. И Бучковски и Муратовски задоволни од средбата, но освен општиот заклучок, никој од нив не сакаше подетално да каже што точно разговарале.

 

На берзата се продадени 8% од „Табак осигурување“
[03.02.2005] На берзата денеска се продадени 8% од „Табак осигурување“. Според неофицијалните информации на А1, купувач е сопственикот на „Јака табак“, американски бизнисмен од македонско потекло, кој за акциите плати околу 190 илјади евра.

 

Косово бара воведување царини за македонските стоки
[03.02.2005] Иако беше договорено Македонија и Косово и со новиот договор за слободна трговија да тргуваат како и досега, без царини, косовската страна до македонското Министерство за економија доставило најнов предлог, во кој е предвидено воведување царини за увоз на нафта, хемиски производи и козметика од Македонија, што се всушност и најизвезуваните производи од земјава во Покраината.

 

Железничарите повторно се заканија со штрајк
[03.02.2005] Железничарите повторно се заканија со штрајк, ако до вторник Владата не разговара со нив. Тие не се откажуваат од барањето за седум илјади евра за секој кој ќе биде отпуштен од Железницата.

 

Холанѓани се купувачи на „Фени“
[03.02.2005] Кој е навистина новиот газда на кавадаречки „Фени“? Според потврдени информации на А1, акциите на комбинатот не ги купиле Швајцарци, ниту Британци, како што тврдеа од „Фени“, туку купувачите се од Холандија.

 

ССМ и дообјаснува на јавноста за средбата со Бучковски
[04.02.2005] По штурите изјави на премиерот Бучковски и на првиот синдикалец Муратовски за вчерашната владино-синдикална средбата, во ССМ денеска добија желба да дообјаснат што разговарале, за да на се сфатело дека нешто кријат од јавноста.

 

Косовското барање за царини е неприфатливо за Скопје
[04.02.2005] Косово, со сегашниот статус, никако не може да воведе царини за македонските производи, тврдат за А1 извори од македонската Влада. Тие појаснуваат дека за да се воведат царини, мора да се менува законот и да се склучи меѓудржавен договор, каков што Македонија и Косово сега не можат да склучат, поради нерешениот статус на Косово.

 

Годинава нема да има уште еден фиксен оператор
[04.02.2005] Македонските граѓани годинава нема да добијат уште еден фиксен оператор. Телеком останува монопол. Со новиот закон за електронски комуникации, само ќе се постават правилата за либерализација. Последната верзија на законот дојде откако Европската Унија упати сериозни забелешки на претходната.

 

Отпуштените од МЖ нема да добијат по 7.000 евра
[04.02.2005] Владата и дефинитивно им кажа на железничарите - отпуштените нема да добијат по седум илјади евра, колку што бараа. Ќе си заминат со максимум осум плати или најмногу 2.000 евра.

 

Годинава е една од најслабите за тутунопроизводителите
[04.02.2005] На самиот крај на откупот, дел од тутунарите со проблем. Досега, велат, немале пречки со откупот, бидејќи годинава нема многу тутун. Но, оние производители што тактизираа и го чуваа тутунот од прва класа за на крај, сега не можат да му ги земат парите. Наместо 160 денари, како за прва класа, откупувачите им нудат најмногу 130 денари за килограм.

 

Со воз патуваат само сиромашните и студентите
[05.02.2005] Воз. Кога, последен пат сте се возеле со него?

 

Агенцијата за приватизација ќе престане на 31 март
[05.02.2005] Агенцијата за приватизација ќе престане со работа на 31 март. Ова денеска и официјално го договорија премиерот Бучковски и економскиот тим министри.

 

Средба Бучковски-Каранѕопулос
[05.02.2005] Претседателот на Владата на Република Македонија Владо Бучковски денеска ја прими Орсалиа Каранѕопулос директор и регионален координатор на Источна Европа и Централна Азија на Светската банка.

 

Згаснувањето на Агенцијата за приватизација ги разбранува страстите
[06.02.2005] Згаснувањето на Агенцијата за приватизација, прашање што сериозно ги разбранувало страстите на вчерашната владина седница.

 

ССМ бара да не се продолжува работниот век на жените
[06.02.2005] ССМ преку женското лоби, бара да се продолжи за уште 10 години одлуката - во пензија да се заминува со 35 години стаж за жени и 40 за мажи. Вакво решение според законот за пензиски систем сега важи само до први септември оваа година.

 

Утре од 12 до 13 часот возовите ќе запрат
[07.02.2005] Утре напладне сите возови во земјава ќе запрат таму каде што ќе се најдат. Ќе стојат еден час. Ова е само предупредувачки штрајк, откако синдикалците и раководството на Железницата и денеска не успеаја да се договорат.

 

Поскапувањето на мазутот ги зголемува трошоците на земјоделците
[07.02.2005] Уште еден удар за оранжериското производство. Цената на мазутот расте, кога најмногу се троши, на зима. Иако поскапе за мал процент, во оранжериите мазутот се троши со илјадници тони и директно влијае врз цената на доматите и краставиците. Оранжеристите револтирани. Велат дека и годинава мазутот ги направи доматите и краставиците прескапи за обичниот човек.

 

„Охис“, „Тутунски“-Прилеп и „11 октомври еурокомпозити“ на тендер
[07.02.2005] Владата влезе во правен ќор сокак, по одлуката за продажба на државниот капитал во „Охис“, „Тутунски“ - Прилеп и „11 октомври еурокомпозити“. Овие три компании се под капата на Агенцијата за приватизација, ама проблемот е во тоа што Агенцијата по 1 јануари повеќе не смее да продава државни акции и удели.

 

ЕСМ може да биде продадено за бадијала
[07.02.2005] Во две одвоени изјави, премиерот Бучковски и министерот Никола Поповски ги урнаа шансите македонското Електростопанство да се продаде по добра цена.

 

Поскапеа двата типа мазут
[08.02.2005]  Двата типа мазут од ноќеска на полноќ се поскапи во просек за 0,4 насто, додека цените на бензините остануваат исти.

 

Поповски: „Очекувам структурен аранжман, другото е ирелевантно“
[08.02.2005] За министерот за финансии Поповски не е важно каков ќе биде новиот аранжман. Било важно само да е структурен.

 

Лавина забелешки за законот за конкуренција во телефонијата
[08.02.2005] Владиниот предлог закон кој треба да го отвори пазарот за конкуренција и во фиксната телефонија конечно стигна пред пратениците.

 

Не се знае каков аранжман ќе добие Македонија
[08.02.2005] Од утре во Скопје почнуваат 15 дневните преговори со ММФ за нов аранжман за Македонија. Извори од Фондот за А1 потврдуваат дека се уште не е познато дали на земјава ќе и доделат реформски аранжман ЕФФ или пак ќе одат на уште еден, лабав Стенд бај.

 

Нема купувач за Тутунскиот комбинат од Прилеп
[08.02.2005] Иако го стави „Тутунскиот комбинат“ од Прилеп на списокот на трите фирми со државен капитал, приоритетни за продажба, Владата не верува дека до рокот, 31 март, ќе успее да го продаде комбинатот.

 

Железничкиот сообраќај во Македонија во прекин
[08.02.2005] Од попладнето машиновозачите ги запреа сите возови во земјава. До целосната блокада на сообраќајот дојде откако никој од раководството на железницата не сакаше да разговара со синдикалците.

 

Едно семејство ноеви носи заработка од 15.000 денари месечно
[08.02.2005] Од едно семејство ноеви може да се заработи солидна плата од 15.000 денари месечно, велат фармерите. Одгледувањето не е тешко, а на пазарот ноевите се барани.

 

Договорот на владата со Мајкрософт не се спроведува
[08.02.2005] Точно една година по влезот на „Мајкрософт“ во земјава, договореното со Владата се уште е на мртва точка. Присуството на софтверскиот гигант засега се сведува само на ланската тримесечна кампања за легализација на компјутерите по фирмите.

 

Продолжува блокадата на железничкиот сообраќај
[09.02.2005] Ниту еден воз утрината не тргна од пероните. Вчерашната целосна блокада на патничкиот, товарниот и меѓународниот сообракај продолжува и денеска.

 

МАКАМТРАНС незадоволен од распределбата на ЦЕМТ дозволите
[09.02.2005] И годинава дел од камионџиите незадоволни од распределбата на ЦЕМТ дозволите за меѓународен транспорт.

 

Возачите од МРТВ штрајкуваат со глад
[09.02.2005] Возачите од македонската радиотелевизија кои неодамна беа прогласени за технолошки вишок вчера почнаа штрајк со глад во обид да го принудат раководството да ги врати на работа.

 

Владата нема да преговара ако Косово побара царини
[09.02.2005] Владата, на својата последна седница донесе одлука - да не преговара со Косово ако покраината не се откаже од барањето да воведе царини за македонските производи.

 

ДПМНЕ: „Владата го продава ЕСМ брзо и нетранспарентно“
[10.02.2005] ВМРО-ДПМНЕ смета дека нетранспарентната, неконтролирана и брза продажба на ЕСМ ќе предизвика колапс на македонското стопанство. Според партијата, процесот на реструктуирање треба да се одвои од приватизацијата.

 

Продолжува блокадата на железничкиот сообраќај
[10.02.2005] Владата и синдикалците во железницата не успејаа да се договорат колку пари да добијат оние кои ќе бидат отпуштени.

 

Прекинат штрајкот со глад во МРТВ
[10.02.2005] Штрајкот со глад во МРТВ е прекинат. Раководството се согласи да побара друг модел за да се ослободи од вишокот возачи во куќата. Најизвесен начин што ќе се прецизира во наредниот период е приватизација на дел од возилата.

 

Македонија лани оствари досега најголем трговски дефицит
[10.02.2005] Според денеска објавените официјални податоци од заводот за статистика, македонските фирми лани успеале да извезат стоки само за 1,7 милијарди долари, наспроти 3-те милијарди долари колку што странските фирми успеале да продадат во Македонија.

 

За да се продаде Tутунски од Прилеп мора да се исчисти од долговите
[10.02.2005] Владата го договори моделот како ќе го продава на најголемиот Tутунски комбинат - прилепскиот. За да го направи привлечен за странските инвеститори владата на вчерашната затворена седница одлучила дека мора прво да го исчисти од огромните долгови. Директорот Тони Мицајков е задолжен да ги продаде несуштинските делови кои ги поседува комбинатот.

 

Расте битката кој да го земе скопскиот аеродром
[10.02.2005] Германска компанија која реконструирала повеќе европски аеродроми е заинтересирана и за аеродромот во Скопје, тврдат за А1, доброупатени извори во домашниот авиобизнис.

 

Работничките права не смеат да се кратат, сметаат експертите
[10.02.2005] Работничките права во Македонија не смеат да се кратат, сметаат експертите. Постојниот закон за работни односи е добар.

 

Прекината блокадата на железничкиот сообраќај
[11.02.2005] Железничарите ја прекинаа четиридневната блокада на железничкиот сообраќај, без договор со Владата по колку пари ќе земат тие што ќе бидат отпуштени од работа, што беше клучна причина за штрајкот.

 

Владата ќе ги крати одморот, боледувањата и правото на штрајк
[11.02.2005] Паника во Синдикатот. Извори од таму велат дека до нив стасале информации дека Владата, освен породилното боледување, ги прифатила препораките на Светската банка да ги скрати и годишните одмори, боледувањата и правото на штрајк.

 

На патарините ќе се воведува автоматска наплата
[11.02.2005] Секое поминување на патарина без белешка никаде не се евидентира. Парите, наместо во државната каса, завршуваат во нечии џебови. За да го спречи одлевањето на милионски суми од државната каса, Фондот за патишта планира да ги отстрани луѓето од наплатните рампи. Ќе воведува автоматскиот систем на наплата со магнетна картичка, кој засега е само во експериментална фаза.

 

Експертите порачуваат парите од Телекомот повеќе да одат за развој
[11.02.2005] Парите што ги заработи од Телеком, Владата мора да ги потроши за развој на државата, сметаат експертите, и тоа со зголемување на јавните инвестиции во инфраструктурата.

 

Скопскиот аеродром ќе се даде на странска фирма
[11.02.2005] Владата ја забрзува постапката за издавање на аеродромот под концесија на странска фирма. Денеска министерот за транспорт Мехази го промовирал овој проект пред неговите колеги во Владата. Другата варијанта, аеродромот да остане на државата и таа сама да го реконструира, е се поневеројатна.

 

Македонија има национален план за намалување на невработеноста
[11.02.2005] Уште еден документ од владините фиоки со мерки за вработување - националниот акционен план. Бил усвоен уште лани. Направен по европски терк. Го имале сите земји на Унијата.

 

Недоверба во владините стратегии за намалување на сиромаштијата
[12.02.2005] Стратегија за намалување на сиромаштијата. Национален акционен план за вработување. Речиси да не постои документ, декларација, во која не пишува дека Владата нуди мерки да ја намали сиромаштијата, да вработува. За помладите, кои се најбројни на листата невработени, ваквите владини заложби остануваа само на хартија.

 

И бизнисмените од западна Македонија се регионализират
[13.02.2005] Подобрување на бизнис климата и поголемо влијание на релацијата држава-економија, е главната цел на граѓанската иницијатива „Економски круг на северозападна Македонија“.

 

ДПМНЕ: „Да се приватизира максимум 30% од ЕСМ“
[13.02.2005] ВМРО-ДПМНЕ не е против предвидената продажба на македонското електростопанство, но смета дека Владата тоа го прави нетранспарентно и прифаќа неадекватни суми.

 

50% од вработените во транспорт и врски се вишок
[13.02.2005] Вработените во Министерството за транспорт и врски се во паника, по објавената нова систематизација според која половина од вработените во министерството се вишок.

 

ДПМНЕ: „Владата во преговорите влегува без идеја“
[14.02.2005] На првиот преговарачки ден се јави и опозицијата. Ја обвинува владата дека на преговорите влегува без идеја, неподготвена и со катастрофални показатели во економијата.

 

Градежните работници ќе мора да доработат 6 години до пензија
[14.02.2005] Работниците кои работат под отворено небо, лето на сонце, зима на снег, наместо да се подготвуваат за пензија, работниот век ќе им биде продолжен. Според новиот закон, тие ќе се пензионираат дури на 64 години.

 

Со продажбата на ЕСМ ќе има поскапа струја и нови невработени
[14.02.2005] Ако го продаде електростопанство владата ќе ја направи една од клучните приватизациони грешки, поради која најмногу ќе трпат граѓаните сметаат експертите. Го критикуваат моделот што е одбран: да се продаде целото ЕСМ.

 

Владата бара Бугарија да и прости 2 милиони евра на МЖ
[14.02.2005] Македонската Влада во Скопје денеска ги убедуваше бугарските власти да простат половина од долгот што го има македонската кон бугарската Железница.

 

Владата ги продолжи преговорите со ММФ
[14.02.2005] Дали новиот аранжман да трае само до парламентарните избори или и по нив? Ова е клучната дилема, со која денеска во Скопје почнаа двонеделните преговори со ММФ.

 

Утре ќе се знае кој од МЖ ќе остане без работа
[15.02.2005] Утре ќе се знае кои 755 луѓе од македонски железници ќе останат без работа, како технолошки вишок. Вака денеска реши Управниот одбор на железницата.

 

Владата ќе ги скрати хранарината и превозот на буџетарите
[15.02.2005] Владата планира да ги укине надоместоците за храна, за превоз, к-15, дневниците за службени патувања и сите други кои сега вработените во буџетските институции ги добиваат дополнително од нето платата.

 

Одложен состанокот на сукцесорите во Скопје
[15.02.2005] Првото заседание на Постојаниот заеднички комитет за прашања на сукцесијата на поранешна Југославија, што требаше да се одржи утре во Скопје се одложува за средината на наредниот месец.

 

Владата без концепт сака да го даде аеродромот под концесија
[15.02.2005] Луѓето што треба да одлучат за иднината на скопскиот аеродром се нестручни и немаат концепт за негов развој, тврдат бившите директори на аеродромите во земјава.

 

Oд крадење струја ЕСМ е покусо за 15 милиони евра
[15.02.2005] Кражби на струја го доведоа во незавидна ситуација македонското електростопанство во годината кога се очекува негова приватизација. Лани од крадење на струја ЕСМ е покусо за 15 милиони евра.

 

Се возобновува идејата за пругата кон Бугарија
[15.02.2005] Македонската и бугарската влада од меѓународни институции заедно ќе бараат 230 милиони евра - пари потребни за доизградба на пругата кон Бугарија. Ова го договорија замениците министри за транспорт на Македонија и Бугарија, Кошутиќ и Крушкова.

 

Тутунопроизводителите од Прилеп гневни на Струмица Табак
[15.02.2005] Околу 1.000 тутунопроизводители од Прилеп и околните села не ги добија парите за предадениот тутун во Струмица Табак.

 

Опозицијата бара референдум за продажбата на ЕСМ
[16.02.2005] Додека чешката компанија „Чез“, со промоција на својата програма за електростопанство, го означи стартот на трката по најатрактивната македонска компанија, во Собранието опозицијата достави предлог за референдум, на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се „за“ или „против“ продажбата на ЕСМ.

 

Синдикатот на шумарите против кратењето на работничките права
[16.02.2005] Против владината најава за кратење на работничките права се огласи Синдикатот на шумарите.

 

Никој не сака да ги купи празните дуќани од ГТЦ
[16.02.2005] Никој не сака да ги купи празните дуќани од Градскиот трговски центар, што ги продава државата. Денешната лицитација за 30-тина дуќани доживеала вистински дебакл.

 

Розвадовски на средби со странските дипломати во Скопје
[16.02.2005] Шефот на ММФ за Македонија, Розвадовски, изминатите два дена се сретна со клучните странски дипломати во Скопје, со некои в канцеларија, со другите на ручек или вечера.

 

ССМ знаел за намерата за кратење на хранарината и превозот
[16.02.2005] Синдикатот денеска призна дека знаел за намерата на Владата да ги скрати надоместоците за храна, за превоз, К-15, дневниците за службени патувања и сите други кои сега вработените во буџетските институции ги добиваат дополнително од нето платата, но јавно не се спротивставиле на ова.

 

755 вработени во МЖ прогласени за технолошки вишок
[16.02.2005] Шокирани, потресени и разочарани, се 755 луѓе, кои утрото се видоа на списокот отпуштени од Македонски железници. Чувари, чистачи, техничари, одржувачи на пруги, самохрани мајки, инвалиди и само еден директор, кој доброволно се пријавил.

 

Бугарија нема да ги прости долговите на МЖ
[16.02.2005] Бугарската државна железница нема да им го прости долгот на „Македонски железници“, соопшти денеска прес-службата на бугарското Министерство за транспорт.

 

Возачите од МТВ повторно во штрајк со глад
[17.02.2005] Возачите од македонската радиотелевизија кои добија откази повторно штрајкуваат со глад. Велат дека раководството на куќата не постапило онака како што се договориле и затоа го активирале штрајкот.

 

Пазарите преполни со зеленчук, но никој не купува
[17.02.2005] За овој период од годината, пазарите се преполни со луѓе и зеленчук. Без муштерии ги затекнавме само тезгите со домати и краставици. Продавачите велат, никој не купува домати од 90 денари и краставици од 120 денари за килограм.

 

ССМ утре ќе каже што мисли за кратењето на хранарината и превозот
[17.02.2005] Синдикатот дури утре ќе каже што мисли за одговорот на владата во европрашалникот дека на буџетарите планира да им ги укине хранарината, превозот, к-15 и дневниците за службени патувања.

 

Малите земјоделци се грижат за цената на струготините
[17.02.2005] Помалите земјоделци немаат проблем со мазутот. Нив ги загрижува цената на струготините. Снаодливите со една приколица струготини, која чини 1.000 денари, расадот во фолиите можат да го загреваат целиот период до садењето.

 

Трет пат: „Продажбата на ЕСМ злостор на столетието“
[17.02.2005] Расте отпорот против начинот на продажба на електростопанството. Опозицијата тврди дека продажбата ќе значи удар за стопанството и граѓаните, невладините организации обвинуваат дека владата нетранспарентно го води овој процес.

 

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата ја излажала ЕУ за Телекомот
[17.02.2005] ВМРО-ДПМНЕ е огорчено и разочарано од одговорите на прашалникот што македонската Влада ги предала во Брисел за областа телекомуникации, бидејќи навела оти монополот на Македонски телекомуникации престанал и ја излажала Европската унија.

 

Почнаа да се делат отказите во МЖ
[17.02.2005] И денеска луѓето од железница си ги бараа имињата во списоците за отпуштање. Велат дека вчера, немале храброст да го сторат тоа. Некои дознале од колегите, но сепак доаѓаат за да се уверат со свои очи.

 

Компјутерски ќе се следат камионите со нафта и цигари
[17.02.2005] Царината конечно објави дека почнал да работи системот за сателитско следење на камионите што превезуваат нафта, алкохол и цигари.

 

Паника и револт кај отпуштените во МЖ
[18.02.2005] Паника и револт кај отпуштените во Македонски железници. Некои од нив ги потпишале отказните решенија, но голем дел од работниците одбиле да го сторат тоа. Никој од фирмата и денеска не им кажува по кој критериуми и зошто се избркани од работа.

 

Се вжештува отпорот против продажбата на ЕСМ
[18.02.2005] Се вжештува отпорот против продажбата на ЕСМ. Ако Собранието не распише референдум, опозицијата има резервен план - ќе ги собира потребните 150 илјади потписи, по што Парламентот ќе мора да го стори тоа. И граѓански здруженија денеска објавија дека ќе собираат потписи против продажбата на ЕСМ.

 

ССМ нема да прифати укинување на хранарината и превозот
[18.02.2005] Синдикатот нема да прифати укинување на хранарината, превозот, К-15 и дневниците за службени патувања. Ова е одговорот на ССМ, откако пред три дена беше објавена информацијата дека Владата има намера да ги укине овие надоместоци.

 

Власта го кочи нашето банкарство, велат експертите
[18.02.2005] Македонскиот банкарски систем тоне поради лошата монетарна политика на власта. Најостриот економски критичар, Наталија Николовска, смета дека банкарството е пред финансиски колапс, бидејќи им остана единствено кредитирањето на граѓаните, како последица на недостигот од инвестиции во стопанството.

 

Ќе се распишува нов тендер за продажба на Саса
[18.02.2005] Ќе се распишува нов тендер за продажба на рудникот Саса. Собранието на доверители во кочанскиот суд одлучи да ја поништи продажбата на рудникот на бизнисменот Блажо Тасев.

 

ММФ и ССМ со спротиставени ставови
[18.02.2005] „Нема да ги исклучиме ни демонстрациите, ни протестите, ни штрајковите. Немаме намера да се откажеме од правата, ни по која цена“, изјави Ванчо Муратовски, претседател на ССМ.

 

ВМРО-Народна бара референдум за продажба на ЕСМ
[18.02.2005] Пратеникот Спиро Мавровски од ВМРО-Народна партија, поддржан од пратениците на неговата пратеничка група, бара македонското Собрание да распише референдум на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат дали се за или против приватизацијата на Електростопанство на Македонија.

 

Сојузот на стопански комори бара намалување на давачките
[18.02.2005] Бизнисмените од Сојузот на стопански комори беа домаќини на Премиерот и вицепремиерот. Побараа намалување на давачките, Владата воздржана.

 

Одбележување на 83 години од коморското здружување
[18.02.2005] Стопанската комора на Македонија денеска одбележува 83 години од коморското здружување во земјава. Повелбата за основање институција од ваков вид ја донел Президиумот на АСНОМ на 18 февруари 1945 година.

 

Без решение за идниот аранжман за Македонија
[20.02.2005] Неделно, без вратоврски, Бучковски со министрите Јорданов и Поповски, повеќе од два часа преговараше со шефот на ММФ за Македонија, Розвадовски.

 

Проектот Бунарџик е на добар пат да пропадне
[20.02.2005] Проектот Бунарџик е на добар пат да пропадне. По два дена разговори со Владата, нема договор за клучното барање на Британците да ја добијат слободната економска зона во трајна сопственост.

 

Македонија земја на невработеност и необразовани луѓе
[21.02.2005] Катастрофална невработеност, необразовани луѓе, мал број вработени жени, млади кои учат факултет, не за да се образуваат, туку колку да не седат без работа по средното образование.

 

Ќе има отпуштања во јавните водостопански претпријатија
[21.02.2005] Од јавните водостопански претпријатија ќе се отпуштаат работници. Но раководството се уште незнае колку.

 

Македонските работници имаат помали права во однос на земјите во ЕУ
[21.02.2005] Со новиот предлог закон за работни односи, кој треба да биде објавен идниот месец, Владата планира да го намали платеното породилно, платените боледувања, годишните одмори, но и да ја зголеми работната недела и да воведе флексибилен начин на вработување.

 

Формирано Здружение за рекламна индустрија, маркетинг и пропаганда
[21.02.2005] Во Стопанската комора на Македонија денеска се формира Здружението за рекламна индустрија, маркетинг и пропаганда.

 

Синдикатот на МЖ бара повлекување на списоците
[21.02.2005] Списоците со имињата на отпуштените од железницата да бидат повлечени, се додека не се утврди со колку пари ќе си заминат, бараат железничарите. Ако тоа не се случи ќе го блокираат железничкиот сообраќај и ќе протестираат пред владата.

 

Годинава ќе се увезе рекордно количество струја
[21.02.2005] Годинава Македонија ќе увезе рекордно количество струја - 2, 3 милиони мегават часови, со вкупна вредност од околу 80 милиони евра.

 

Киро Панов се уште не може да ја преземе „Ангропромет Тиквешанка“
[21.02.2005] Денеска во Основниот суд во Кавадарци заврши доказната постапка во врска со барањето на доминантниот сопственик Киро Панов за времена мерка за влез во „Ангропромет Тиквешанка“.

 

Мехази: „На Македонија и треба модерен регионален аеродром“
[22.02.2005] На Македонија и треба модерен регионален аеродром, вели за А1 министерот за транспорт Џемаил Мехази, конечно јавно промовирајќи ја намерата за давање на Скопскиот аеродром под концесија на странска фирма.

 

Случајот ТАТ се пресели во Скопскиот суд
[22.02.2005] Штедачката приказна за ТАТ-овци од денеска се пресели во Скопскиот суд. Ја тужат државата дека им го ускратила правото да ги искористат сертификатите.

 

Пропаднаа денешните преговори меѓу Владата и железничарите
[22.02.2005] Продолжува неизвесноста по колку пари ќе добијат отпуштените од Железница. И на денешните преговори со Синдикатот, Владата не попуштила - отпуштените ќе добијат најмногу 2,5 илјади евра. Синдикатот не се откажува од борбата за 5 илјади евра.

 

Гасоводот ќе се доизградува во услови на нерешена сопственост
[22.02.2005] Гасоводот ќе се доизградува во услови на нерешен спор за сопственоста. Претставници на руската фирма „Росњефт газ строј“ сакаат да ја доизградат гасоводната мрежа во Македонија. Денеска дојдоа во Скопје, на вицепремиерот Минчо Јорданов да му ја соопштат својата визија.

 

Опозицијата ја продолжува кампањата против продажба на ЕСМ
[22.02.2005] А опозицијата ја продолжува кампањата против продажба на ЕСМ. Велат, идниот газда ќе продава скапа струја, што ќе значи затворање на многу фабрики.

 

ССМ ќе ги брани работничките права во Парламентот
[22.02.2005] Работничките права, Синдикатот ќе ги брани и во Парламентот. Претседателот на Собранието, Јордановски, денеска на средба со синдикалецот Муратовски ветил дека Синдикатот ќе биде вклучен во собраниските комисии, кога ќе се разговара за законот за работни односи.

 

Економскиот раст на Балканот годинава помал од лани
[22.02.2005] Просечната стапка на економски раст во балканските земји годинава најверојатно ќе достигне 5%, во однос на минатогодишната која изнесуваше 6,4%, оценува Економската комисија на ОН за Европа (УНЕЦЕ).

 

Владата со неуверливи аргументи ја брани тезата дека ЕСМ мора да се продава
[22.02.2005] Владата со неуверливи аргументи ја брани тезата дека Електростопанство мора да се продава. На денешната презентација, Министерството за економија продажбата ја правдаше со директивите на ЕУ, но Владата не нуди објаснување зошто новите членки на Унијата, како Словенија, уште не почнале постапка за продажба. Процесот не е почнат ниту во Хрватска, која е на пат да стане кандидат за членство во Унијата.

 

Четири месеци блокирана продажбата на печатницата
[23.02.2005] Конечно в петок ќе се одржи одбор на доверители на Нова Македонија пред кој стечајната управничка Гугушевска треба да одговори кој е виновен зошто цели четири месеци е блокирана продажбата на печатницата и на деловниот простор во кој беше сместена амбулантата.

 

Вајгел го одложи доаѓањето во Македонија
[23.02.2005] Теодор Вајгел, економскиот советник на премиерот Бучковски го одложи за денеска најавеното доаѓање во Македонија.

 

Текстилците најексплоатирани и со најмалку права
[23.02.2005] Безмилосна експлоатација, кршење на работничките права, непочитување на работното време и мали плати, се жалат текстилните работници. Уште најавуваат дека ќе ни ги крателе правата, велат работниците на излегување од една скопска текстилна фабрика и се прашуваат кои.

 

Дефа банката нуди кредити за изградба на патишта
[23.02.2005] Доизградба на автопатот од Куманово до Гевгелија, до Охрид, Бугарија, Источна Македонија и пруга кон Албанија и Бугарија. Ова се само поважните инфраструктурни објекти што македонските влади не успеваат да ги изградат ниту по 15 години независност и самостојно одлучување.

 

Синдикатот во Македонија воопшто не дејствува, сметаат експертите
[23.02.2005] Синдикатот во Македонија воопшто не дејствува. Тој е политизиран и се однесува како да е почеток на 19 век. Вака научните работници ја оценуваат работата на ССМ.

 

4-ти тендер за продажба на Саса
[23.02.2005] По 4-ти пат на меѓународен тендер ќе се препродаваат рудниците Саса во стечај. Нема почетна минимална цена, а можноста за купување на рудникот ќе им биде ускратена на физичките лица.

 

Се активира идејата за слободна економска зона во Прдејци кај Гевгелија
[23.02.2005] Грчкиот бизнисмен Димитри Кондоминас и македонската влада ја активираат идејата за отворање на слободна економска зона во Прдејци кај Гевгелија. Денеска во кабинетот на премиерот се сретнаа Кондоминас и Бучковски.

 

„Вработување берза“ прва приватна берза на пазарот на труд
[23.02.2005] Како и каде да се најде работа во земја како што е Македонија - оаза на невработеноста. Секој четврт работоспособен граѓанин изминативе години го мачи истиот проблем, безработицата.

 

Новиот закон за заштита на конкуренцијата неприменлив во македонски услови
[24.02.2005] Македонија нема да може да ги контролира и казнува монополските компании ниту со новиот закон за заштита на конкуренцијата. Ова, според информации на А1, го сфатиле и европските експерти кои го читале законот. Тие за новиот закон рекле дека е како лав без заби - добро решение, ама само на хартија.

 

Владата и железничарите не отстапуваат од своето пред утрешните преговори
[24.02.2005] Ниту Владата, ниту железничарите на утрешните преговори немаат намера да отстапат од своите ставови за висината на отпремнините. Владата не дава повеќе од 2,5 илјади евра или 10 плати од неа и 4 солидарни од тие што ќе останат на работа.

 

„Чез ерлајнс“ ќе лета на релација Скопје-Прага
[24.02.2005] Пролетниот ред на летање на скопскиот аеродром ќе му донесе уште една странска авиокомпанија. Чешката „Чез ерлајнс“ од македонските воздухопловни власти добила право да лета од и до Македонија, останува Чесите уште да го дефинираат бројот на операции на релација Прага-Скопје и обратно.

 

ММФ си замина со жестоки критики за македонското здравство
[24.02.2005] ММФ и Владата не ги завршија преговорите за нов аранжман. Ќе продолжат во април, по локалните избори. Розвадовски си замина од Скопје со невидено остри критики за македонското здравство.

 

Расправии во ССМ, Владата ги крати правата
[24.02.2005] Незадоволните 4 синдикати, кои помпезно најавија отцепување од ССМ, се премислуваат. Велат, сега приоритет треба да биде како да се спречи Владата да ги намали работничките права.

 

Вајгел ја почна својата советничка работа
[25.02.2005] Поранешниот министер за финансии на Германија, Теодор Вајгел почна со својата советничка работа, вечераше со Бучковски и Јорданов, а разговараше и со другите министри и опозицијата.

 

Синдикалците му се скараа на Поповски
[25.02.2005] Експресна реакција од синдикатот на вчерашната изјава на министерот Никола Поповски кој рече дека „Владата веќе ја изработила работната верзија на новиот закон за работни односи и со неа го запознала и синдикатот“.

 

Работнички од Макпримат отпуштени затоа што зборуваа на ТВ
[25.02.2005] Се појавија на телевизија, кажаа што мислат општо за работничките права и останаа без работа. Четирите работнички од Макпримат кои случајно, на излегување од фабриката беа анкетирани од А1, се избркани од работа.

 

Се разгорува битката за Поштенска банка
[25.02.2005] Се разгорува битката за една од подобрите банки во земјава, Поштенска. Управниот одбор и денеска не избра директор. Ќе се чека прво новиот газда, па тој да си изберел прв човек.

 

Блокиран железничкиот сообраќај
[25.02.2005] Железничарите попладнето ги запреа возовите, откако владата им кажа дека отпуштените ќе добијат само 12 плати, согласно колективниот договор.

 

ССМ не прифаќа закон за работни односи по терк на владата
[25.02.2005] Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Ванчо Муратовски денеска изјави дека министерот за финансии Никола Поповски со, како што вели неодмерените изјави во врска со законот за работни односи, го иритира членството на ССМ и отвора можност за преземање радикални мерки од страна на Синдикатот.

 

Иван Штериев нов директор на Македонска берза
[25.02.2005] Берзата доби нов директор - Иван Штериев, до сега секторски раководител. Долгогодишниот директор - Евгениј Зогравски поднесе оставка откако одборот на директори го именуваше Штериев за главен извршен директор, а Зогравски само на втората позиција - извршен директор.

 

8 луѓе од двата синдикати на МЖ добија откази
[26.02.2005] Надвор од списокот на 755 отпуштени, раководството на железницата денеска им подели откази и на двајцата синдикални лидери кои ја предводат блокада на железничкиот сообраќај.

 

Продолжува штрајкот на железничарите
[27.02.2005] Директорите отпремуваат возови - железничарите штрајкуваат. Ова е денешна слика во Македонски железници. Во обид да го разбие штрајкот првиот човек на железница Стојан Наумов им дал наредба на шефовите сами да ги испраќаат возовите.

 

ССМ: „Владата нема слух за предлозите за законот за работни односи“
[27.02.2005] Владата покажа дека нема слух за аргументите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на преговорите кои во врска со изготвувањето на новиот закон за работни односи и затоа синдикатот треба да се подготвува за штрајк, е оценката на претседателот на ССМ Ванчо Муратовски.

 

Опозицијата ја обвинува Владата за состојбата во МЖ
[28.02.2005] Опозицијата обвинува дека Владата избрала најлош модел за трансформација на Железницата, кој предвидува само отпуштање на луѓе.

 

Зогравски и официјално ја напушти берзата
[28.02.2005] По оставката, Зогравски денеска и официјално ја напуштил берзата, го одработил последниот ден, земал годишен одмор и соопштил дека повеќе нема да се врати на работа.

 

Поштенска банка не избера нови генерални директори
[28.02.2005] Поштенска банка и денеска не успеа да избере нови генерални директори, откако на досегашните уште пред еден месец Народната банка им ги одзема дозволите за работа, поради прикривање податоци.

 

Вработените во МЖ почнаа штрајк со глад
[28.02.2005] Штрајк со глад во Железницата, откако и по 3-дневната блокада железничарите не успеаа да изнудат повеќе пари за отпуштените.

 

Породилното нема да се намалува
[28.02.2005] Породилното нема да се намалува. И во новиот закон ќе остане сегашното решение, 9 месеци платено отсуство. Нема да се скратат ниту деновите за годишен одмор. Останува постојното решение, од 18 до 26 работни дена.

 

ССМ го повтори ставот - против скратување на работничките права
[28.02.2005] Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека е погрешно сфаќањето основен мотив за донесување на нов закон за работни односи да биде скратувањето на работничките права и инсистирањето тие да се усогласат со европското законодавство, изјави денеска претседателот на ССМ Ванчо Муратовски на отворањето на дводневната тркалезна маса за создавање европски модел на работничко законодавство.

 

Цената на нафтата повторно над 52 долари за барел
[28.02.2005] Цената на нафтата на енергетските берзи во светот денеска го надмина нивото од 52 долари за барел, достигнувајќи највисока вредност во последните четири месеци.

 

Презентација на македонскиот туризам во странство
[28.02.2005] Охридските хотелиери и туристички агенции, во изминатите денови, се претставија на заеднички штанд на туристичкиот саем во Софија, со најави за интензивна презентација на македонскиот туризам во Хаг, Берлин, Белград и Тирана.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk