Дома Берза за вработување
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Економија > Архива > Јануари 2005

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 A1 RSS канали

 A1 на сателит

Време online
 

АРХИВА: Економија, Јануари 2005


 

Се намалуваат царините за многу производи
[01.01.2005] Паднаа царините за огромен број производи. Согласно обврските кон Светската трговска организација, од денеска многу производи од сите индустриски гранки се ослободуваат од царина, а кај други се намалува царинската стапка.

 

За дел од работниците нема одмор за Нова година
[01.01.2005] Додека градот полека се буди од бурниот дочек за работниците нема време за одмор. Велат кога мора да се работи не е тешко и не застанаа.

 

Во 2005-та автомобилите со повисока цена
[02.01.2005] Автомобилите поскапеа. Иако пратениците само пред неколку дена гласаа за воведување на акцизите, старите возила на автопазар веќе се продаваат по нови, повисоки цени.

 

Саса не е повеќе најголемо наоѓалиште за оловоцинкова руда на Балканот
[02.01.2005] По 50 години црпење на оловоцинкова руда најголемото наоѓалиште на балканот, второ во Европа престанува да ги носи овие епитети, бидејќи една по една се затвораат рударските јами.

 

Вајгел ќе подели совети за излез од економската криза
[03.01.2005] На релација Берлин-Цирих-Скопје со крајна дестинација Охрид Тео Вајгел ќе ги подели првите совети како македонската економија да се извлече од криза. Поранешниот министер за финансии на Германија, со авион на МАТ пристигна во Скопје.

 

Кинескиот текстил ја загрозува домашната индустрија
[04.01.2005] 2005-та ќе донесе многу тешкотии за текстилните капацитети кои традиционално во изминатите 4 децении работат по лон производство за европскиот пазар.

 

Вајгел за две недели ќе реши дали ќе работи за Македонија
[04.01.2005] Поранешниот министер за финансии на Германија, Теодор Вајгел следните две недели ќе размислува - дали да го прифати предлогот на Бучковски - да биде советник на владата за економски и финансиски прашања.

 

Се уште трае млечната криза за 300 семејства во скопско
[04.01.2005] Наместо крави во шталите ја чуваме сламата што ни остана. Кравите ги продадовме. По млечната криза никој веќе не ни го откупува млекото, се пожалија жителите на неколку скопски села од општина Петровец.

 

Албанскиот телеком ќе се продава годинава
[05.01.2005] Албтелеком, единствениот фиксен оператор во Албанија ќе биде понуден на продажба во текот на оваа година - пишува денеска печатот во Тирана.

 

Грција не се откажува од нафтоводот Бургас - Александрополис
[05.01.2005] Грција нема да се откаже од плановите за изградба на нафтоводот Бургас - Александрополис, независно од потпишувањето на меморандумот за изградба на нафтоводот АМБО, изјави денеска грчкиот министер за надворешни работи Петрос Молијавитис.

 

Парите се клучниот проблем за ангажирање на Вајгел
[05.01.2005] Парите се клучниот проблем од македонска страна за ангажирање на германскиот експерт Теодор Вајгел, кој два дена беше во земјава на преговори околу неговиот евентуален ангажман како советник на Владата.

 

„Вечерњи лист“: Иселеничките евра ја спасуваат Македонија
[06.01.2005] Македонија, чиј годишен буџет изнесува 960 милиони евра, се спасува од стечај само благодарение на половината милијарда евра колку што на своите семејства во земјата годишно им испраќаат македонските иселеници.

 

Македонскиот граѓанин просечно со 12.600 денари
[07.01.2005] „Само да се прехраниме, ете за толку стасува платата што ја земаме“. Ова е главниот коментар на македонскиот граѓанин, кој месецот го живее просечно со 12 илјади и 600 денари.

 

Струмичани во борба за гола егзистенција
[07.01.2005] Сиромаштијата и борбата за гола егзистенција за поголем број струмичани се главните карактеристики на годината што замина и затоа во новата, покрај мирот и здравјето, си посакаа работа и повеќе пари.

 

Затворените рудници во Пробиштип го уништија градот
[07.01.2005] Во Пробиштип, некогаш рударски град и гордост на Македонија, денеска работат само жените. И тие, за мали пари, по текстилните фабрики. Со затворањето на рудниците, за мажите од Пробиштип работа нема. Велат - ги смениле улогите. Сега жените работат, а мажите пазарат.

 

Македонија ги намали царините на илјадници производи
[08.01.2005] Вистински увозен бран на над 3 илјади производи ќе се случи на Македонија од понеделник. Притисната од правилата на Светската трговска организација, Македонија од 1-ви јануари драстично ги намали царините на илјадници производи. За некои групи тие и целосно се укинати.

 

„Хеиритиџ“: Македонија има претежно слободна економија
[08.01.2005] Македонија е во групата на земји со претежно слободна економија. Според истражувањето на фондацијата „Хеиритиџ“ од Вашингтон, од вкупно 155 земји, Македонија е на 69-то место, според економските слободи.

 

Почнува делба на квотите за бесцарински увоз во Македонија
[09.01.2005] Почнува делба на квотите за бесцарински увоз во Македонија. Утре во царината околу 250 фирми ќе се борат да добијат дозвола за да увезат некои од производите, за кои нема да плаќаат царина. Бугарско сирење и кашкавал, пилешко, сувомеснати и млечни производи, маслинки, чоколади, пченица.

 

Ништо од повторената успешна продажба на „Бучим“
[09.01.2005] Сеуште ништо од помпезната најава за повторената успешна продажба на „Бучим“. Дали со изборот за најповолен купувач, Русинот Павел Малиновски Собранието на доверители повторно направи грешка? Ова прашање си го поставуваат рударите од „Бучим“, на рудникот, кој во 3 наврати беше ликвидиран.

 

Се вжештуваат синдикалните превирања
[09.01.2005] Се вжештуваат синдикалните превирања по празничното затишје. Четворицата синдикални фронтмени, кои најавија отцепување од ССМ, тврдат - Муратовски на терен се обидува да предизвика раздор меѓу членството на нивните синдикати. Битката да се поддржи или не Муратовски, отворено се води во синдикатот на металците, енергетичарите и рударите. За А1, дел од рударите тврдат дека не биле прашани дали се за отцепување. Лути, најавуваат формирање на нов рударски синдикат, кој ќе остане во ССМ.

 

Почна бесцаринскиот увоз на стоки
[10.01.2005] 15 илјади тони пилешко и свинско месо, маслинки, портокали, лимони, масла и сувомеснати производи само денеска влегоа во Македонија без царина.

 

Костов не ги прими вработените од „Треска“
[10.01.2005] Вработените од „Треска“ се обидоа да влезат во банката, откако првиот човек на Комерцијална, Хари Костов, одби да ги прими на јавна средба, каква што имаше во премиерскиот кабинет.

 

Светска банка: Меѓуминистерската соработка клучна за реформите
[10.01.2005] Десетина стручњаци од Светската банка, заедно со македонската Влада, следните две недели ќе утврдуваат кои конкретни реформи треба да се спроведат во земјава во наредните три години.

 

Грција сака да се потпише договор за нивниот нафтовод
[10.01.2005] Откако почна да ја губи битката за нафтоводите, и Грција сака, по примерот на Албанија, Македонија и Бугарија, да потпише трипартитен договор на највисоко ниво за нивниот нафтовод. Грчката Влада ќе предложи потпишување на ваков договор меѓу Русија, Бугарија и Грција.

 

Забавување на приватизацијата на електростопанството, бара СБ од Србија
[11.01.2005] Ја менува ли Светската банка енергетската стратегија во регионот. Да се забави приватизацијата на електростопанството - оваа препорака Светската банка ја упатила деновиве до српската влада. Во Македонија, каде продажбата е на почеток, ваква порака се уште нема - велат во канцеларијата на банката во Скопје.

 

Кортни: „Да се подобри климата за инвестиции“
[11.01.2005] Доцна попладнево стартуваа двонеделните преговори со Светската банка. Преговарачкиот тим на банката е предводен од шефот на мисијата Брус Кортни. Тој ја испрати првата порака до владата - да донесе програма за спроведување на конкретни реформи.

 

Поевтине дизелот, поскапе мазутот
[11.01.2005] Дизелот и екстра лесното масло од полноќ се поевтинуваат за еден односно, половина денар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика

 

Бучковски на чело на владиниот тим за преговори со ММФ
[11.01.2005] Премиерот Владо Бучковски ќе го предводи владиниот тим за преговори со ММФ. На денешната неформална средба во Владата со ресорните министри за економија, утврдени се приоритетите на осум реформски проекти: судството, јавната администрација, здравството, Македонски железници, системот на јавниот телевизиски сервис - МРТВ, ЕСМ, пазарот на работна сила и подобрувањето на бизнис климата во Македонија.

 

За еден месец ќе бидат отпуштени 830 вработени од МЖ
[11.01.2005] Од македонски железници, најдоцна за еден месец, од работа ќе бидат избркани 830 луѓе, кои управата на ова државно претпријатие ги прогласи за технолошки вишок. Иако овие луѓе бараа по седум илјади евра, владата за нив нема намера да издвои повеќе од осум плати, колку што предвидува сегашниот закон.

 

Малиновски нов газда на Бучим
[11.01.2005] Рускиот бизнисмен Павел Малиновски од денеска и официјално е газда на „Семкор“ поранешен „Бучим“ од Радовиш. Стечајниот судски совет во Струмичкиот суд ја потврди одлуката на Одборот на доверители кои во декември лани за најповолна ја прифати понудата на Малиновски од 9 милиони и 100.000 евра.

 

Стагнираат реформите во Македонија
[11.01.2005] Европската унија го објави годишниот извештај за економијата во земјите од Западен балкан. Според Брисел, реформите во Македонија, стагнирале.

 

Пратениците ги скратија правата на работниците
[11.01.2005] Се кратат правата на работниците кои ќе останат без работа. Работниците прогласени за технолошки вишок и стечајците со законските измени ќе ги направиме социјалци и тоа токму пред новиот бран отпуштања со најавените реформи, реагираа опозициските пратеници.

 

Рестартиран „ЧИК“
[12.01.2005] Кумановскиот Чевларско индустриски комбинат (ЧИК) повторно почна да произведува чевли со нови газди, јавува дописникот на Макфакс од Куманово.

 

ЕСМ ќе ги продава несуштинските делови
[12.01.2005] Осум друштва со ограничена одговорност кои работат во состав на ЕСМ први ќе бидат предмет на продажба преку јавен тендер.

 

ССМ бара вистински преговори со Владата
[12.01.2005] Ако и новата Влада го игнорира синдикатот, ќе го раскинеме социјалниот договор за партнерство, се заканија Сојузот на синдикатите. Повеќе нема да веруваме на убави зборови, велат од ССМ и ќе бараме писмени гаранции дека работниците ќе имаат ефекти од ветувањата на Владата.

 

ЕСМ признава дека препораката на СБ ги затекнала
[12.01.2005] ЕСМ признава дека препораката на Светската банка за запирање на продажбите на електростопанствата на земјите во регионот ги затекнала. По веста, што вчера ја објави А1, дека Светска банка до Владата на Србија веќе препорачала успорување, па и стопирање на продажбата на нивното електростопанство, од македонското велат - слушнавме за препораката.

 

Бордот на Телеком го усвои бизнис планот за годинава
[12.01.2005] Бордот на Телеком го усвои бизнис планот за годинава, но жешките прашања ќе ги решава во февруари, по средбата на премиерот Бучковски лично со првиот човек на Матав, Штрауб.

 

Европската банка спремна да поддржи спојувања меѓу малите банки
[12.01.2005] Европската банка за обнова и развој е спремна во 2005-та година да поддржи спојувања меѓу малите банки во земјава, изјави за А1 директорот во Европската банка, Курт Гајгер.

 

Протести на вработените од „Треска“
[12.01.2005] Протести на вработените од „Треска“ пред зградите на Владата и Комерцијална банка. Тие бараат решавање на проблемот со скопската фабрика, која не работи повеќе од година и пол. Си ги бараат и заостанатите плати и придонеси за осум години.

 

Таксистите засега куртулија од купување фискални каси
[12.01.2005] Таксистите засега куртулија од купување фискални каси. Владата го промени начинот на фискализација за таксистите. Наместо мобилни фискални каси, тие ќе треба да постават фискални таксиметри.

 

Утре штрајк на техничарите од контролата на летање
[13.01.2005] Владата повторно им се закани на техничарите од цивилна воздушна пловидба дека нема да разговара со нив ако не го одложат за утре најавениот штрајк.

 

На повидок нова млечна криза
[13.01.2005] На повидок нова млечна криза, овојпат поради бранот драстични намалувања на царините. Обврската од светската трговска организација која овозможува бесцарински увоз на илјадници производи најмногу ќе ги погоди земјоделците и млекарниците.

 

Дејан Крстевски ќе биде главен финансиски директор во Мобимак
[13.01.2005] Дејан Крстевски од 1 март годинава ќе биде главен финансиски директор во Мобимак наместо актуелниот Петер Конц, кому му истекува четиригодишниот договор со комапнијата.

 

Дуќанџиите од ГТЦ во паника пред неговата продажба
[13.01.2005] Дуќанџиите од градскиот трговски центар во паника пред стартот на продажбата на ГТЦ. Продаваат станови, куќи, возила за да дојдат до пари за да ги купат дуќаните во сега се закупци.

 

Воздухопловните техничари штрајкот го почнаа работно
[14.01.2005] Денешниот штрајк, воздухопловните техничари го почнаа работно. За време штрајк, тие мораат да ги опслужуваат воените, хуманитарните и државните летови.

 

Управата за јавни приходи најавува силни контроли
[14.01.2005] Кафеаните, продавниците, но и стоматолошките ординации, сите што работат на диво и не се пријавени како даночни обврзници, годинава ќе бидат на силен удар на инспекцијата.

 

СБ не препорачала српското Електростопанство да не се приватизира
[14.01.2005] Светската Банка не му препорачала на српското Електростопанство да ја стопира приватизацијата. Ваквата препорака, што ја објави новинар од весникот на Електростопанството на Србија, дошла од независен консултант на Министерството за енергетика на Србија, кој бил против приватизацијата. Не е познато зошто новинарот на весникот на српското Електростопанството напишал дека е тоа став на Светската Банка.

 

Земјава не знае како да ги земе парите од јагнешкото месо
[14.01.2005] Црни јагниња од бели овци во беровско трло. Стопанот Јован Буовски вели - ова е раса цигаја и дури пораснат јагнињата, ќе побелат и ќе го фатат патот за Италија или Грција.

 

Воздухопловните техничари го прекинаа штрајкот
[15.01.2005] Техничарите го прекинаа штрајкот по средбата со директорот на Управата за цивилна воздушна пловидба, Илир Мехмеди и претставник од Министерството за транспорт и врски.

 

Нема епилог од штрајкот на вработените во А.Д. „Диос“
[15.01.2005] И по 2 месеци нема епилог од штрајкот на вработените во А.Д. „Диос“. Наместо преговори со штрајкувачкиот одбор за решавање на проблемите, раководството им забранило на работниците да штрајкуваат во кругот на друштвото.

 

Дуќанџиите од ГТЦ револтирани и во паника
[15.01.2005] Дуќанџиите од ГТЦ - револтирани и во паника. Раководството - во акција. Денеска ги подготвуваше понудите за откуп на дуќаните што ќе им ги доставува од понеделник.

 

Долгот на Македонија достигна блиску 2 милијарди долари
[16.01.2005] Надворешниот долг на Македонија во минатата година достигна рекордни една милијарда и 869 милиони долари, долгови кон меѓународни финансиски институции, банки, земји кредитори.

 

Воздухопловните техничари го прекинаа штрајкот
[16.01.2005] Премиерот Бучковски ги слушна барањата на воздухопловните техничари и очекува на утрешната владина седница тие позитивно да бидат решени. Доколку тоа не се случи техничарите повторно ќе штрајкуваат.

 

Бучковски оствари средба со вработените во „Треска“
[17.01.2005] Претседателот на Владата на Република Македонија Владо Бучковски денеска оствари средба со преставници на вработените во фабриката „Треска“.

 

Средба на претставниците на СБ и Сојузот на стопански комори
[17.01.2005] Претставниците на Светската банка денеска разговараа и со бизнисмените од Сојузот на стопанските комори.

 

„Треска“ заминува во стечај
[17.01.2005] Скопската фабрика за мебел, „Треска“ заминува во стечај. Ова на вработените од „Треска“ им го соопшти премиерот Бучковски, со кого тие имаа кратка средба.

 

Поповски: „Аранжманот со Светската банка ќе се склучи во јуни“
[17.01.2005] Траншата од новиот ПДПЛ аранжман со Светската банка, за што во моментов нејзина Мисија престојува во Македонија, треба да се добие по октомври кога треба да помине на Бордот на директори на Банката, а аранжманот како што е договорено би се склучил во јуни.

 

Притисок од СБ и ММФ врз владата, конечно да почне со реформи
[17.01.2005] Засилен притисок од Светската банка и ММФ врз владата, конечно да почне да спроведува економски реформи.

 

Декемвриските сметки за струја повисоки за 30%
[17.01.2005] Електростопанство ги набилда декемвриските сметки за струја. Најголем дел од сметките до граѓаните стасаа повисоки од вообичаените за 20% до 30%, што предизвика чудење и паника, бидејќи вака зголемените сметки ги дочекуваат во јануари, месец кој и онака тешко се преживува.

 

Стопанска и Тутунска ќе управуваат со приватниот пензиски фонд
[17.01.2005] Избрани двете банки кои ќе го формираат и кои ќе раководат со првиот приватен пензиски фонд следните 10 години. Тоа се Стопанска банка заедно со својот доминантен сопственик Националната банка на Грција и Тутунска банка заедно со нејзиниот словенечки партнер Љубљанска банка.

 

Нема зголемување на платата на воздухопловните техничари
[17.01.2005] Владата нема да ги зголеми платите на техничарите од цивилната воздушна пловидба туку ќе им исплаќа ваздухопловен додаток во висина од 20% од платата.

 

Турците почнаа да градат нов нафтовод
[18.01.2005] Додека Македонија и Грција водат лоби битка за нафтоводите, Турците почнаа да градат нафтовод, преку кој ќе се транспортира касписката нафта кон Европа. На ова денеска предупреди првиот човек на „Окта“, Анрафалидис, сериозно загрижен дека турскиот нафтовод е директна конкуренција за грчкиот нафтовод, но и за АМБО.

 

Бучковски во посета на економски капацитети во Куманово
[18.01.2005] Министерска екипа, на чело со премиерот Бучковски, во Куманово на средба со бизнисмени - од една приватна фирма и од две фабрики, бивши загубари.

 

Владата ја забрзува постапката за воведување на трет мобилен оператор
[18.01.2005] Владата ја забрзува постапката за воведување на трет мобилен оператор. Сепак, сеуште не кажува кога таа ќе почне. Допрва ќе се прави анализа за техничките можности и за тоа кога е најдобро време новиот мобилен оператор да се појави во земјава.

 

Дуќанџиите од ГТЦ сепак ќе ги купуваат дуќаните
[18.01.2005] Дуќанџиите од Градскиот трговски центар се помирија со условите за продажба на дуќаните, што им ги наметна Владата. По првичното незадоволство и обид да се спротивстават, сега се растрчаа да обезбедат пари, за да ги купат дуќаните што сега ги работат под кирија.

 

ДЗИ сака да купи 3 македонски банки и 1 осигурителна компанија
[18.01.2005] Најголемата финансиска групација во Бугарија, ДЗИ, сака да купи три македонски банки и една осигурителна компанија, објавија денеска бугарските медиуми.

 

Граѓаните масовно ги враќаат сметките за струја
[18.01.2005] Граѓаните масовно ги враќаат сметките за струја. Бараат корекција, откако Електростопанство во декемвриската сметка им испорача многу повисоки суми.

 

Претставници од швајцарската компанија „БСГ“ во посета на „Фени“
[18.01.2005] Денес во посета на „Фени индустри“ пристигнаа претставници од швајцарската компанија „БСГ“. Според извори од комбинатот, „БСГ“ е фирма, која е инвеститор во рестартот на втората технолошка линија.

 

Поповски смета дека трансформацијата на МЖ е неминовна
[19.01.2005] Трансформацијата на ЈП „Македонски железници“ е неминовна и ако оди се како што треба таа ќе заврши во наредните 12 до 15 месеци, најави министерот за финансии Никола Поповски, додавајќи дека Владата сега ги има и забелешките на Светската банка по законот за Македонски железници што треба да се разгледа на следната владина седница.

 

Порасна цената на нафтата
[19.01.2005] Геополитичките немири и огромната побарувачка од Кина ја подигнаа цената на нафтата на највисоко ниво во последните шест недели.

 

Фергусон: „Конкретните работи на АМБО ќе почнат за 3 месеци“
[19.01.2005] Конкретните работи на нафтоводот АМБО ќе почнат за три месеци, а се очекува да биде завршен за околу 3,5 години изјави претседателот на конзорциумот за изградба на нафтовод што ќе минува низ Бугарија, Македонија и Албанија Тед Фергусон за радиото „Глас на Америка“ на македонски јазик.

 

ДЗИ почна преговори за преземање на Радо банка
[19.01.2005] Најголемата финансиска групација од Бугарија, ДЗИ денеска во Скопје почна преговори за преземање на Радо банка. Банкарски извори за А1 откриваат дека состанокот се одржал меѓу консултативната агенција на бугарската групација ДЗИ и претставници на Радо банка.

 

Вајгел прифати да биде советник на Бучковски
[19.01.2005] Поранешниот министер за финансии на Германија, Теодор Вајгел, прифатил да биде советник на македонскиот премиер Бучковски, дознава А1 од странски дипломатски извори. Писмо дека прифаќа да биде советник, Вајгел денеска му испратил на Бучковски.

 

Батлер: „Не сум чул дека некој е осуден за корупција“
[19.01.2005] Во Македонија сум со години. До сега не сум чул дека некој е осуден за корупција, против која владата постојано вели дека се бори. Оваа критика отворено, пред премиерот и бизнис елитата денеска на владата и ја упати американскиот амбасадор во заминување Батлер.

 

Владата ќе добие нов авион
[19.01.2005] Владата до крајот на месецов ќе го доплати новиот авион. Тој е готов и чека паркиран во фабриката на производителот Бомбардиер во Америка. Засега од таму долета само сметката.

 

Тихомир Петрески нов генерален директор на Пивара
[19.01.2005] Скопска пивара од утре ќе ја води Тихомир Петрески. Досегашниот прв човек, Светозар Јаневски се повлекува за да има повеќе време да ја спасува државата. Бесплатно ќе го советува премиерот Бучковски оти чуствувал морална обврска да и помогне на економијата со своето искуство.

 

Владата ќе го вклучи ССМ во изработката на законот за работни односи
[19.01.2005] Синдикалниот лидер Муратовски денеска лесно се договори со министерот за труд Јакимовски, владата да го вклучи синдикатот во работната група што ќе прави нов закон за работни односи.

 

ДЗИ потврди дека сакаат влез во Македонија
[20.01.2005] Емил Колев, сопственик и прв човек на најголемата банкарска група во Бугарија вели дека нивните експерти подолго време ја следат економската ситуација во земјава и дека се добро запознаени со банкарската и осигурителната сфера.

 

Власта повторно удри по најсиромашните
[20.01.2005] По едно месечни најави власта повторно удри по најсиромашните, на битолските улични продавачи денеска им беше забрането да ги постават своите тезги во чаршијата. Од 180 колку што ги има половината го празнуваа Курбан Бајрам, а останатите најавуваат големи протести доколку не се најде решение за нив.

 

Рударите од Бучим сега живеат од кршење камен
[20.01.2005] Вакво е секојдневието на некогашните Бучимци - слики како од голи оток, но не под казна туку за гол живот. За мала надница што ја добиваат од газдите со овој бизнис, рачно ги кршат големите камења од планината.

 

Јакимовски: „Работниците нема да бидат заштитени како мечки во планина“
[20.01.2005] Работниците повеќе нема да бидат заштитени како мечки во планина порача министерот за труд и социјала Јакимовски. Тој се согласува со ставовите на работодавците дека се потребни драстични кратења на работничките права останати од социјализмот.

 

Железничарите останаа на своите барања, 7.000 евра за секој отпуштен
[20.01.2005] Владата, синдикалците и раководството од Македонски железници седнаа на иста маса. Едните ги повторија барањата - другите ставовите.

 

Вајгел и официјално прифати да биде советник
[20.01.2005] И официјално - германецот Вајгел ќе му биде советник на Бучковски за финансиско економски прашања. Владата потврди дека искусниот експерт, поранешен министер за финансии на Германија испратил писмо со кое го известил Бучковски оти ја прифаќа неговата понуда.

 

ССМ бара неотповиклива оставка на Јакимовски
[21.01.2005] Не работниците, туку министрите се заштитени како мечки в планина, му порачаа синдикалците на министерот за труд Јакимовски. Навредени од изјавите на Јакимовски, ССМ побара Министерот веднаш да си даде оставка.

 

Вајгел бил изненаден од понудата од Македонија
[21.01.2005] Тео Вајгел тврди дека бил изненаден од понудата од Македонија и дека негов единствен мотив е да се обиде да и помогне на земјата, на која, како што вели, и се потребни многу помош, поддршка и сопствен ангажман.

 

Владата се реши да отвори економско биро во Приштина
[21.01.2005] Скопје и Приштина можат да ги решат отворените прашања во директни контакти. Го повикувам Бучковски да го посети Косово, му порача и Харадинај преку ТВ Телма.

 

Работниците од „Фригомак“ не ги даваат просториите на фирмата
[21.01.2005] Работниците од кумановската фирма „Фригомак ладилник“, не ги даваат просториите во кои е сместена фирмата, а кои денеска стечајниот управник се обиде да им ги земе, со судска и полициска помош.

 

Светската банка и Владата ги завршија јануарските преговори
[21.01.2005] Светската банка и Владата ги завршија јануарските преговори, кои до октомври треба да резултираат со нов, тригодишен аранжман. Одушевени се едни од други.

 

ДЗИ се откажува од купување на банки во Македонија
[21.01.2005] Бугарската групација ДЗИ се откажува од купувањето на банки во Македонија, изјави денеска првиот човек на оваа најголема бугарска финансиска групација, Емил Ќулев.

 

Опозицијата го критикува предлог закон за електронски комуникации
[21.01.2005] Владиниот предлог закон за електронски комуникации е нејасен, недоречен и ќе создаде хаос во комуникациската сфера, обвини опозицијата, надоврзувајќи се на забелешките што за законот ги имаше и Европската комисија.

 

Земјоделците од Струмичко се жалаат на исплатените оштети
[23.01.2005] Сите оштетени не добивме пари за 25% од претрпените штети како што препорача министерството за земјоделство и затоа одлучивме по судски пат да го добиеме тоа што ни следува, велат земјоделците кои поднесоа колективни тужби против општинските комисии за проценка на штети од елементарни непогоди и месните заедници.

 

Бензините поскапуваат по 3 денари за литар
[24.01.2005] Од ноќеска на полноќ, повисоки цени на нафтените деривати во Македонија. Новата цена на бензинот 96 е 56,50 денари, на бензинот од 90 октани - 53 денари, на безоловниот - 53,50 денари. Литар дизел чини 44,50 денари, а екстралесното достигнува 34,50 денари.

 

Жителите на Босилово бараат отчет за потрошените пари за отштетата
[24.01.2005] Ни оставија кусо време за пријавување за да можат да манипулираат со парите за оштета, обвинуваат земјоделците од општина Босилово кои не зеле ниту денар за штетите од ланските поплави.

 

Повторно се актуелизира идејата за гасна централа
[24.01.2005] Гасната централа, која како главен извор на енергија ќе го користи гасот, ќе произведува струја и топлинска енергија. Извори од владата за А1 велат дека странските инвеститори, пред да влезат, бараат промена на законот за енергетика за да се овозможи отворање на пазарот на енергија.

 

Странски амбасадори лобираат за купување на ЕСМ
[24.01.2005] Почнаа дипломатски и бизнис притисоци врз владата на Бучковски за продажбата на Електростопанство. Додека меѓународни експерти се сомневаат во оправданоста за приватизација, големите компании не губат време.

 

Владата демонстрира посветеност на реформите
[24.01.2005] Продолжуваат посетите на премиерот Бучковски по министерствата. Пред претстојните преговори со Светската банка и ММФ, обид на владата да покаже забрзување на динамиката во спроведувањето на реформите.

 

Во 2003-та незаконски потрошени 18 милиони евра
[24.01.2005] Како актуелниот и бившиот министер за финансии Поповски и Гошев во 2003 година раководеле со државниот буџет? Незаконски и ненаменски се потрошени милионски суми евра, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија до кој дојде А1.

 

Синдикатот бара породилното да се зголеми на 1 година
[24.01.2005] Наместо скратување на породилното боледување синдикатот од владата ќе бара тоа да остане како досега девет месеци со можност за зголемување на една година.

 

Бизнисмените од Кочани бараат слободна царинска зона
[25.01.2005] По Охрид и Куманово Бучковски со министерската свита од економските ресори денеска во Кочани. Таму 36 сопственици на фабрики лоцирани во индустриската зона на градот му побараа - владата да им дозволи да отворат слободна зона.

 

ЕСМ најверојатно ќе се продава цело
[25.01.2005] Електростопанство најверојатно ќе се продава цело, а не парче по парче, како што бараше првиот човек на фирмата Панде Лазаров. Одлуката ЕСМ да се продаде како една целина е готова работа и покрај укажувањата дека со тоа државниот монопол ќе се замени со приватен.

 

Со буџетски пари покривани дупки во јавните претпријатија
[25.01.2005] Со пари на граѓаните владата во 2003-та покривала милионски дупки на јавните претпријатија, а ревизорите не нашле доказ дека тие долгови навистина постојат. Само за покривање на долговите на јавните претпријатија спрема градежните фирми биле потрошени 5 и пол милиони евра пари од буџетот.

 

Среднорочна прогноза на светската економија
[25.01.2005] Економскиот институт Вифо ја презентираше својата среднорочна прогноза за светското стопанство, според која трговијата во светот од 2004 до 2009 ќе бележи просечен растеж од 6,6%, а светското производство годишно ќе расте за 3,2%, што е за половина насто повеќе во однос на периодот 1999-2004.

 

Јакимовски: „Изјавата за работничките права е извадена од контекст“
[25.01.2005] Министерот за труд Јакимовски пред синдикалците се правдаше дека неговата изјавата оти работниците се заштитени како мечки во планина му била изведена од контекст.

 

ОПЕК ќе го намали производството на нафта
[26.01.2005] Членките на Организацијата на државите извознички на нафта, ОПЕК, в недела на Конференција во Виена ќе донесат одлука за намалување на дневното производство на нафта, јавуваат австриските медиуми, повикувајќи се на извори во виенската консултантска фирма ПВМ.

 

42,4 милиони евра дивиденда од Телеком
[26.01.2005] Владата ќе добие 42,4 милиони евра од профитот на Телеком. Ова го договорија првиот човек на Матав, Елек Штрауб и премиерот Бучковски.

 

Поповски и Гошев демантираат дека незаконски се трошеле пари
[26.01.2005] За гувернерот Гошев државните ревизори и А1 телевизија која го објави нивниот извештај се тајфа која се насочила против малкуте чесни луѓе во државава. Гошев тврди дека немало никакви злоупотреби на државните пари.

 

Владата одлучи ЕСМ да го продава цело
[26.01.2005] Владата одлучи: ЕСМ ќе го продава како една целина, зошто така ќе земе повеќе пари од продажбата. Оваа одлука доаѓа по петчасовна расправа на која претходеше презентација од Мејнел банката, која е владин консултант за моделите за продажба.

 

Цената на телефонот незаконски покачена за 54%
[26.01.2005] Во граѓанското здружение за заштита на потрошувачите Демос тврдат дека поскапувањето на телефонот во 2004 се незаконски. Тие за ова писмено ги известиле премиерот Бучковски и директорот на Матав, Штрауб.

 

Македонија доби двојка за транзицијата
[26.01.2005] Свесна дека ретко кој во земјава ги чита странските извештаи каде се наведуваат слабостите и решенијата за нивно надминување, Европската банка денеска во Скопје и официјално го презентираше извештајот за транзиција, 3 месеци откако е тој јавно издаден.

 

Македонците не се заинтересирани за бизнис предавања
[26.01.2005] Колку пари годишно троши Пактот за стабилност во Македонија за да им помогне на македонските фирми да извезуваат на странски пазари?

 

Одземени дозволите за работа на директорите на Поштенска банка
[26.01.2005] Гувернерот на Народната банка Петар Гошев денеска потврди дека им ги одземал дозволите за работа на првиот и вториот генерален директор на Поштенска банка, поради тоа што за време на супервизиската контрола криеле податоци.

 

Светот ги зголемува, Македонија ги крати мајчинските права
[26.01.2005] Во годината која Светската здравствена организација во центарот ги става мајката и децата со слоганот, „Направете секоја мајка и дете да бидат важни“, македонската владата се обидува да ги намали нивните права.

 

Црвенковски во посета на „Чик“
[27.01.2005] За само десет дена чевларските работици од кумановски „Чик“ повторно домаќини на висока државна делегација. Само што го испратија премиерот Бучковски, во „Чик“ на гости дојде и претседателот Црвенковски. Промовирајќи инвестиција вредна 350 илјади долари, најави дека економијата ќе почне да чекори напред.

 

Владата тврди дека може да ја контролира цената на струјата
[27.01.2005] Владата одлучи ЕСМ да се продаде како една целина, за да земе повеќе пари, но тврди дека преку Регулаторната комисија може да ја контролира цената на струјата.

 

Индустриското производство во декември остварило пораст од 15%
[27.01.2005] По целогодишен пад, индустриското производство во декември остварило пораст од скоро 15%, како резултат на зголеменото производство во металската индустрија, објави денеска Заводот за статистика.

 

Цените на производите со намалени царини уште се исти
[27.01.2005] Еден месец по намалувањето или целосното укинување на царините за околу 3.000 производи, цените за нив сеуште не се намалени. Од владините најави за поевтинување на голем број стоки останаа само очекувањата.

 

Малиновски: „Наодот на државниот ревизор за нас претставува факт“
[27.01.2005] Антикорупциската комисија ќе истражува како се трошени парите на граѓаните во 2003-та. Наодите на државните ревизори, во кои се констатирани незаконско, ненаменско трошење пари и други неправилности во раководењето со буџетот за 2003, биле доволен повод Антикорупциската комисија да се заинтересира за овој случај.

 

Неизвесно е каков аранжман ММФ ќе и додели на Македонија
[27.01.2005] Иако за 13 дена во Скопје почнува новата рунда преговори, на која Владата и ММФ треба да го договорат следниот аранжман за Македонија, се уште е неизвесно дали Фондот ќе додели тригодишен аранжман, како што бара Владата, или ќе оди на аранжман за пократок период.

 

Молк по вчерашната продажба на „Фени“
[27.01.2005] Новите газди на кавадаречкиот комбинат „Фени индустри“, кои вчера преку блок трансакција на македонската берза, за 14 милиони долари ги купија сите 150.000 акции на „Фени“, денес недостапни да објаснат зошто влегуваат во комбинатот и што планираат за во иднина.

 

Помалку буџетски пари за развој на селата
[27.01.2005] Помалку буџетски пари за развој на селата. Од 4 милиони, лани Бирото за недоволно развиени подрачја годинава ќе има на располагање само 3 милиони и 700 илјади евра. Образложението е класично - немало доволно пари ни во буџетот.

 

Душан Петрески разрешен од функцијата
[28.01.2005] Стопанската комора на Македонија денеска го разреши досегашниот претседател Душан Петрески на негово барање. До изборот на нов претседател Собранието на Комората за вршител на должност ја именува Савка Димитрова, директор на фабриката „Европа“ и член на Извршниот одбор на Стопанската комора.

 

Грција најави реализација на нафтоводот Бургас - Александропулос
[28.01.2005] Најдоцна до 15 март годинава ќе биде потпишан меѓувладиниот меморандум за изградба на нафтоводот Бургас - Александропулос, преку кој руска нафта ќе биде испорачувана за Грција и оттаму за државите од Западна Европа, изјави грчкиот заменик-министер за развој Јоргос Салагудис.

 

Продолжуваат критиките поради намалување на породилното
[28.01.2005] Тешко на тоа стопанство кое развојот го гледа преку намалување на правата на мајките. Со оваа и многу други слични констатации педијатрите, женското лоби, ССМ и невладините организации денеска се спротивставија на идејата за намалување на породилното боледување.

 

756 луѓе ќе бидат отпуштени од Македонски железници
[28.01.2005] 756 луѓе ќе бидат отпуштени од Македонски железници. А1 дојде до оваа конечна бројка на вработени, кои треба да си заминат од фирмата.

 

Секој трет вработен во Македонска банка ќе остане на улица
[28.01.2005] Секој трет вработен од Македонска банка ќе остане на улица. 126 луѓе добија известувања дека се на списокот за технолошки вишок. Дефинитивно банката ќе ја напуштат во мај.

 

Макпетрол нема да добие 4,5 милиони евра отштета од државата
[28.01.2005] Макпетрол нема да добие 4,5 милиони евра отштета од државата, реши Врховниот суд. Спорот меѓу Макпетрол и Владата ќе почне од почеток во нова судска постапка.

 

Поповски не ги признава наодите на Државниот завод за ревизија
[28.01.2005] Министерот Поповски не ги признава наодите на Државниот завод за ревизија, во кој се констатирани бројни неправилности во раководењето со буџетот.

 

Дел од дуќаните во ГТЦ ќе се продаваат на лицитација
[28.01.2005] Големите дуќани во ГТЦ - Шутекс, Еко шопинг, неколку кафани, бутици и уште 20-тина други ќе се продаваат на лицитација, зошто нивните сегашни кираџии не ги подмириле долговите кон ГТЦ и со тоа не ги исполниле условите да ги откупат. Останатите закупци земале понуди за откуп на дуќаните, но тоа не значи дека и сите ќе обезбедат пари да ги платат.

 

Бучковски ги построи вработените во Министерството за земјоделство
[28.01.2005] Македонското земјоделство нема стратегија каде оди и што треба да прави. Затоа, потребно е државата јасно да им каже на земјоделците со кои конкретни мерки ќе им помогне.

 

Од 1 февруари секоја фирма ќе може да ја плати царината одложено
[28.01.2005] Од вторник 1 февруари, секоја фирма ќе може да ја плати царината одложено, во рок од 30 дена. За тоа, таа треба да поднесе банкарска гаранција на сума што е иста или поголема на износот на царината, што треба да ја плати.

 

Ивановски: „Ги повикуваме сите граѓани да прават штети на сегашната власт“
[28.01.2005] Унијата на независни синдикати ги повикува работниците да им се спротивстават на обидите за кратење на работничките права.

 

Нов бран отпуштања во „Жито лукс“
[30.01.2005] Нов бран отпуштања во „Жито лукс“. Грчките газди оцениле дека во фирмата и натаму има превработеност. Сега бараат доброволци, кои под одредени услови ќе си заминат од фирмата.

 

Се искомплицира продажбата на печатницата на НИП-от
[31.01.2005] Ќе пропадне ли зделката за продажба на НИП-овата печатница, вредна 2,6 милиони евра? Продажбата е во ќор сокак веќе месец и половина, а од парите не е уплатен ниту денар.

 

Државата ќе ги задржи пругите, ќе се приватизира превозот
[31.01.2005] Владата го усвои законот за железници, кој сега треба да биде доставен до Собранието. Македонски железници ќе се подели на две фирми, инфраструктура и транспорт.

 

Протести на работниците од Македонска банка
[31.01.2005] Дел од работниците од Македонска банка прогласени за технолошки вишок се собраа пред дирекцијата на банката. Но и денеска не добија одговор зошто и по кои критериуми се бркаат на улица, без работа.

 

Шалдаров: „Во Жито лукс има превработеност“
[31.01.2005] Најновата чистка во Жито лукс не го реши проблемот со превработеноста. Сега доброволно си заминуваат само триесетина вработени, останатите остануваат на работа во надеж дека грчките газди нема да се осмелат да делат нови откази.

 

Владата дезинформираше за намалувањето на цените, велат трговците
[31.01.2005] Со најавите за поевтинување на околу 3.000 производи, поради намалување на царинските стапки од почетокот на годината, Владата само ги дезинформираше граѓаните, тврдат трговците.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk