Дома Премиер лига - распоред, резултати, статистики
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Август 2004

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Најновите А1 вести на вашиот мобилен телефон
 

АРХИВА: Свет, Август 2004


 

Во Ирак киднапирани двајца турски камионџии
[01.08.2004] Терористичката група на јорданскиот екстремист Абу Мусаба ал Заркави соопшти дека во Ирак киднапирала двајца турски возачи на камион и се закани оти ќе ги убие во рок од 48 часа доколку нивната компанија не ја прекине работата во таа земја, јави синоќа арапската телевизија Ал Џазира.

 

Русија го превзема преседавањето со Советот за безбедност на ОН
[01.08.2004] Русија денеска ја презема функцијата претседавач со Советот за безбедност на Обединетите нации.

 

Над 5 загинати и 50 повредени во самоубиствен напад во Мосул
[01.08.2004] Повеќе од пет лица загинаа, а 50 се повредени во самоубиствен напад во северниот ирачки град Мосул.

 

Заплени 2,6 тони кокаин во Мексико
[01.08.2004] Мексиканската полиција на брод во пристаништето Манцанило заплени 2,6 тони кокаин од Колумбија, скриен во контејнери на кои пишувало дека пренесуваат какао.

 

Во Њујорк се стравува од нови напади на Ал Каеда
[01.08.2004] По новите податоци дека меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда планира напади на комерцијални и финансиски институции во Њујорк, полицијата во овој мегалополис побара од обезбедувањето во зградите на различни делови од градот додатни мерки на претпазливост.

 

Над 18 повредени во експлозија во центарот на Прага
[01.08.2004] Најмалку 18 лица се полесно повредени, меѓу кои едно дете, во денешната експлозија на бомба, во центарот на Прага, кога непознат напаѓач фрлил рачна граната под паркиран џип, јавуваат агенциите.

 

Усвоена нацрт-спогодбата за либерализација на светската трговија
[01.08.2004] Претставници на 147 земји-членки на Светската трговска организација (СТО), на средбата во Женева, ја усвоија прелиминарната спогодба за либерализација на глобалната трговија.

 

Шест жртви во напад во Пакистан
[01.08.2004] Пакистанските бунтовници убија шест лица вклучувајќи и пет војници во провинцијата Балучистан во југозападниот дел на Пакистан, соопшти полицијата.

 

Над 20 повредени во две експлозии во Ирак
[01.08.2004] Најмалку 20 лица се повредени денеска во две силни експлозии пред две цркви во Багдад, јавија западните медиуми повикувајќи се на очевидци и на американските воени сили.

 

Над 20 загинати во автобуска несреќа во Индија
[01.08.2004] Повеќе од 20 лица загинаа во автобуска несреќа што се случи во северната индиска држава Втаранчал.

 

Американската војска го опколи домот на Моктад Садр
[02.08.2004] Американските воени сили во Ирак вечерва го опколија домот на радикалниот шиитски лидер Моктад Садр во градот Наџаф, јавија западните медиуми.

 

„Тајмс“: Ал Каеда му се заканува и на Лондон
[03.08.2004] Заканата на терористичката мрежа на Ал Каеда во која како цели на напад се споменуваат берзата во Њујорк, седиштето на Светската банка и на Меѓународниот монетарен фонд, се однесува и на Лондон и неговиот деловно - финансиски центар каде се сместени и бројни американски компании и банки.

 

Турските камионџии нема да работат за војската на САД во Ирак
[03.08.2004] Здружението на турски возачи на камиони, синоќа, најави дека нема веќе да превезуваат стока за американската војска во Ирак.

 

Тројца ирачки војници загинаа во експлозија во Бакуба
[03.08.2004] Тројца припадници на ирачката национална гарда загинаа, а четворица се повредени денеска во експлозија на автомобил-бомба во близина на еден контролен пункт на влезот во Бакуба, северно од Багдад.

 

Јордан е спремен да испрати војници во Ирак
[03.08.2004] Јордан може да испрати војници во Ирак, ако привремената ирачка Влада побара сојузничките сили да бидат заменети со арапски војници, изјави денеска јорданскиот крал Абдула Втори во интервју за телевизијата Ал Арабија.

 

Во Авганистан убиени преку 40 Талибанци
[03.08.2004] Најмалку 40 талибански борци биле убиени во понеделникот во судирите со силите на меѓународната коалиција во источниот дел на Авганистан, соопшти денеска американската војска.

 

Ослободени двајцата турски заложници од Ирак
[04.08.2004] Терористичката група Таухид уа Џихад на Абу Мусад ал Заркави ги ослободила двајцата турски заложници во Ирак, откако фирмата за која работеле двајцата возачи соопшти дека прекинува со работата во Ирак, соопшти денеска катарската телевизија Ал Џазира.

 

Ранети тројца Палестинци во Појасот Газа
[04.08.2004] Тројца Палестинци се ранети денеска кога израелски хеликоптер истрелал ракета врз неопределена цел близу градот Беит Ханун, во северниот дел на Појасот Газа, јавија дел од западните медиуми, повикувајќи се на изјави на очевидци и на информации на спасувачките служби.

 

28 работници загинаа при одрон на земјиште во Индија
[04.08.2004] Дваесет и осум работници го загубија животот во вчерашната несреќа кога се урнал тунел при изградба на брана во Индија.

 

Анан го повика Судан да ја почитува резолуцијата на ООН
[04.08.2004] Генералниот секретар на Обединетите нации (ООН) Кофи Анан, синоќа, ги повика суданските власти да се однесуваат во согласност со резолуцијата, со која, против оваа земја се предвидуваат санкции ако не ги разоружа полициските припадници во покраината Дарфур.

 

Портир во градинка во Пекинг избодел 15 деца и 2 учителки
[04.08.2004] Еден портир во детска градинка во Пекинг денеска со кујнски нож избодел 15 деца и најмалку две учителки, при што едно од децата починало на лице место.

 

Посетата на Хун на Гибралтар ги скара Лондон и Мадрид
[04.08.2004] Посетата на британскиот министер за одбрана Џеф Хун на Гибралтар ги скара Лондон и Мадрид и предизвика дипломатска криза која според соопштението од шпанското Министерство за надворешни работи може да придонесе за влошување на односите меѓу двете земји.

 

Именувана новата Влада во Чешка
[04.08.2004] Чешкиот претседател Вацлав Клаус денеска ја именуваше новата Влада, предводена од најмладиот премиер во историјата на земјата, 34-годишниот Станислав Грос.

 

Над 21 загинат во сообраќајка во Кина
[04.08.2004] Најмалку 21 лице загина во Кина во судар на камион и возило на три тркала во кое биле сместени 24 лица, јави агенцијата Синхуа.

 

Најмалку 5 загинати во експлозија во Ирак
[05.08.2004] Најмалку пет лица загинаа, а 21 се повредени во експлозија на автомобил-бомба пред полициската станица во градот Махавил, што се наоѓа 85 километри јужно од Багдад, соопштија западните медиуми повикувајќи се на медицински извори.

 

Чичолина се кандидира за градоначланик на Милано
[05.08.2004] Поранешната италијанска порно - ѕвезда со унгарско потекло Илона Сталер денеска и официјално ќе ја објави својата кандидатура за учество на изборите за градоначалник на Милано.

 

Шест лица загинаа во пожар во Франција
[05.08.2004] Шестмина малолетници, на возраст меѓу 13 и 15 години, синоќа загинаа во пожар што избувнал во јавачкиот центар во францускиот град Лешерен, соопштија денеска локални официјални претставници.

 

ОН повикува на почитување на Олимпиското примирје на ЛОИ
[05.08.2004] Претседателот на Генералното собрание на ОН Џулиан Хунте ги повика сите нации да го почитуваат традиционалното Олимписко примирје и да ги прекинат сите непријателски активности за време на одржувањето на Летните олимписки игри во Атина, од 13 до 29 август.

 

13 загинати војници во несреќа на воен хеликоптер
[05.08.2004] Сите 13 војници загинале во несреќа на пакистански воен хеликоптер, што се урнал денеска во северозападниот дел на земјата, објави војската.

 

Британската полиција уапси висок член на Ал Каеда
[05.08.2004] Британската полиција уапси високо рангиран член на Ал Каеда за кого се претпоставува дека е шеф на нејзината терористичка мрежа во Велика Британија.

 

Девет жртви во напад на воена база во Шринагар
[05.08.2004] Девет индиски полицајци се убиени, а осум се повредени во напад на исламски екстремисти на една база во Шринагар.

 

Шведскиот обвинител вложи жалба до Врховниот суд за убиецот на Линд
[05.08.2004] Шведскиот обвинител Фредерик Версаел вложи жалба до Врховниот суд по пресудата со која на убиецот на министерката за надворешни работи Ана Линд, Мијаило Мијаиловиќ му е одреден психијатриски притвор.

 

Соборен американски хелихоптер во Ирак
[05.08.2004] Американски хеликоптер е соборен близу до јужниот ирачки град Наџаф за време на судирити меѓу американските сили и приврзаниците на радикалниоит шиитски лидер Моктад Садр.

 

САД уапсија двајца оџи поради поддршка на терористи
[06.08.2004] Двајца оџи во градот Олбани, во американската сојузна држава Њујорк. се уапсени во четвртокот под обвинение оти наводно подготвувале заговор да му помогнат на човек, за кој мислеле дека е терорист, да купи рачен ракетен фрлач, соопштија американските федерални власти.

 

Кучма: Украина и натаму за ЕУ и НАТО
[06.08.2004] Украинскиот претседател Леонид Кучма денеска изјави дека приклучувањето кон Европската унија и НАТО „и натаму претставува важен дел на украинската политичка стратегија“, покрај неодамнешната промена на воената доктрина во спротивен правец.

 

Американски авиони го бомбардираа Наџаф
[06.08.2004] Авиони на американското воено воздухопловство утрово бомбардираат цели и објекти во ирачкиот град Наџаф. Интензивно се ракетираат и градските гробишта, каде се наоѓаат припадници на милицијата на шиитскиот лидер Моктада ал Садр.

 

Берлускони најавува промени во владата во септември
[06.08.2004] Претседателот на италијанската влада на десниот центар Силвио Берлускони најави промени во својот кабинет, во разговорот за весникот „Република“, објавен во бројот од вчера.

 

Лапсус на Буш: „САД се подготвени да си наштетат“
[06.08.2004] Американскиот преседател Џорџ Буш во сала полна со преставници на Министерството за одбрана изјави дека неговата администрација никогаш нема да престане да бара начини да им наштети на САД.

 

Потерница за шест припадници на ЕТА
[06.08.2004] Шпанската полиција распиша потерница за шест млади активисти од забранетата Баскиска сепаратистичко - терористичка организација ЕТА, осомничени за подготовка на атентати во текот на ова лето, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи во Мадрид.

 

Загинаа четири патници во авионска несреќа во Данска
[06.08.2004] Четворица патници загинаа кога туристички авион на данската компанија „Ер Такси“ се урна денеска во морето во близина на брегот Солред Странд, јужно од Копенхаген, соопшти денеска данската полиција.

 

Италијанската полиција уапси познат водач на мафија
[06.08.2004] Италијанската полиција денеска соопшти дека го уапсила познатиот водач на мафијата Пасквал Тегани, кој беше во бегство 10 години.

 

Загинаа двајца маринци во судир со ирачки бунтовници
[06.08.2004] Двајца маринци загинаа во судир со ирачките бунтовници во провинцијата Наџаф во централниот дел на Ирак, соопшти денеска американската команда.

 

Руските граничари запленија еден тон хероин
[06.08.2004] Руските погранични сили запленија на таџикистанско-авганистанската граница еден тон хероин што потекнува од Авганистан, што е досега најоглема количина дрога запленета воопшто на оваа граница, соопшти пограничната служба.

 

Оставка на двајца министри во Палестина
[07.08.2004] Двајца палестински министри поднеле оставка на функциите, соопштија денеска палестински политички извори, што се смета нов удар за Владата на премиерот Ахмед Кореи која се соочува со барањата на милитантите за спроведување реформи.

 

Објавена снимка од убиство на американски заложник во Ирак
[07.08.2004] Бунтовничката група на Абу Мусаб ал Заркави на својата интернет-страница објави видео-запис од убиство на американски заложник.

 

Над 10 рудари загинаа во експлозија во рудник во Кина
[07.08.2004] Најмалку десет рудари загинаа, додека пет се водат како исчезнати, во експлозија на гас во рудник за јаглен во северната кинеска покраина Шанси.

 

Над 7 загинати и 29 ранети во престрелки во Багдад
[07.08.2004] Најмалку седум лица се убиени, а 29 ранети во денешните обновени судири меѓу американските трупи и борците лојални на радикалниот шиитски лидер Моктада ал Садр во багдадскиот кварт Садр Сити. Меѓу жртвите има и една жена, а ранети се пет жени и пет деца.

 

Најмалку две лица загинаа во напад на Талибанци
[07.08.2004] Група талибански борци нападна мал конвој во кој се наоѓаа службеници кои ги подготвуваат авганистанските избори во централната покраина Урузган, при што најмалку две лица ги загубија животите, потврдија денеска официјални претставници.

 

Ирачката Влада објави амнестија за оние кои сториле помали дела
[07.08.2004] Ирачаните кои сториле помали злосторства ќе бидат амнестирани и нема да одговараат пред законот, откако денеска претседателот на привремената ирачка Влада Ијад Алави го стави потписот на долгоочекуваниот закон за амнестија во овие случаи.

 

ЕТА одговорна за експлозии во две шпански летувалишта
[07.08.2004] Две мали бомби експлодираа денеска во два туристички града во северниот дел на Шпанија, при што нема повредени, соопшти шпанската полиција.

 

Седум рудари загинаа во експлозија во Иран
[08.08.2004] Седум рудари загинаа, а пет се повредени во експлозија во еден рудник за јаглен во иранската провинцијата Мазандаран, во северниот дел на земјата, соопшти денеска Црвената полумесечина.

 

Продолжуваат судирите во Ирак
[08.08.2004] Најмалку 43 лица загинаа во изминативе 24 часа во судирите меѓу американските војници и припадиците на радикалните шиитски милиции во Багдад и во светиот ирачаки град Наџаф, соопшти денеска ирачкото Министерство за здравство.

 

Во Ирак нападнати војници од данскиот контингент
[08.08.2004] Војниците од данскиот контингент во составот на мултинационалните сили во Ирак биле нападнати вчера во околината на градот Ал Курнах, во јужниот дел на земјата, соопшти командата на данската армија.

 

Двајца американски војници и еден преведувач загинаа во Авганистан
[08.08.2004] Двајца американски војници и еден преведувач загинаа во јужниот дел на Авганистан во експлозија на бомба поставена на патот по кој поминувало нивното блиндирано возило, соопшти денеска американската воена команда во оваа земја. Во нападот што се случил вчера во местото Газна, околу 250 километри јужно од Кабул, ранет е и еден американски војник, кој е префрлен во болницата во американската база во Кандахар, се додава во соопштението.

 

Киднапиран кувајтски возач во Ирак
[08.08.2004] Ирачките екстремисти вчера во Ирак киднапираа возач на камион со кувајтски регистарски таблички, јавија денеска кувајтските медиуми.

 

Убиени петмина војници во Колумбија
[08.08.2004] Петмина припадници на колумбиските вооружени сили, четири војници и еден офицер, беа убиени од заседа во источниот дел на земјата.

 

Претставници на ОБСЕ ќе ги набљудуваат изборите во САД
[08.08.2004] Соединетите Американски Држави одлучија да поканат меѓународни набљудувачи за да вршат мониторинг на престојните претседателски избори, закажани за 2 ноември, соопшти помошник-државниот секретар на САД Пол Кели.

 

Седумгодишно дете убиено во Киркуг
[08.08.2004] Седумгодишно дете е убиено, а три лица се ранети денеска во експлозија во Киркуг, во северен Ирак.

 

Техеран подготвен да тестира нова балистичка ракета
[08.08.2004] Иран наскоро ќе тестира нова усовршена верзија на балистичката ракета Схахаб-3, објави иранскиот министер за одбрана, а денеска тоа го пренесува весникот „Техеран Тајмс“.

 

Прекинато судењето на Ингланд
[08.08.2004] Воениот суд кој го испитува случајот на припадничката на американската војска Линди Ингланд, која е обвинета за злоставување заробеници во ирачкиот затвор Абу Гариб, реши синоќа привремено да ја прекине работата.

 

Дански војници убија двајца бунтовници во јужен Ирак
[08.08.2004] Двајца ирачки бунтовници загинаа, а седум се ранети во оружената пресметка во јужен Ирак со припадниците на данскиот контингент, соопшти денеска ирачката полиција.

 

Киднапиран ирански конзул во Кербала
[08.08.2004] Иранската Амбасада во Багдад денеска ја потврди информацијата дека екстремисти го киднапирале иранскиот конзул во Кербала, соопшти Иранската државна телевизија.

 

Иран го отфрли барањето на Багдад да ги врати авионите
[09.08.2004] Техеран го отфрли барањето на официјален Багдад да ги врати авионите што Ирак за време на Заливската војна од 1991 година ги засолни во Иран, објави иранската студентска новинска агенција ИСНА.

 

Откриен антидепресив во водата за пиење во Британија
[09.08.2004] Мерливи количини од познатиот антидеприсив „Прозак“ се откриени во британската вода за пиење, објави лондонскиот весник „Обсервер“ во бројот од недела.

 

Италијанските хотелиери ја обвинуваат Хрватска дека им ги грабнала туристите
[09.08.2004] Хрватска на италијанските летувалишта им ги грабна германските и австриски туристи, обвини синоќа Сојузот на италијанските хотелиери „Федералберги“, давајќи оценка за годинешната туристичка сезона.

 

Две лица загинаа при напад на висок функционер во Ирак
[09.08.2004] Две лица загинаа, а најмалку 13 се повредени при експлозија на автомобил-бомба, поставена пред куќата заменик-гувернерот на ирачката провинција Диала, Акил Хамед во селото Балад Руз.

 

Еврокорпусот ја презеде командата со ИСАФ
[09.08.2004] Штабот на Еврокорпусот, под раководство на францускиот генерал Жан - Луи Пи, на денешната свечена церемонија во Кабул ја презеде командата со Меѓународните сили за поддршка на безбедноста (ИСАФ), што претставува прва мисија на Еврокорпусот надвор од Европа.

 

Шест жртви во атентат во Бакуба
[09.08.2004] Најмалку шест лица загинаа, а 16 се ранети во експлозија на бомба подметната под автомобил пред дом на локален функционер во ирачкиот град Бакуба, јавија западните агенции, повикувајќи се на ирачката полиција.

 

Муслимански сепаратисти убија тројца цивили
[09.08.2004] Муслимански сепаратисти убија тројца цивили поради сомневање дека им одавале информации на војската стационирана во јужниот дел на Филипините, соопштија денеска филипински полициски извори.

 

САД повикани да го уништат нуклеарното оружје
[09.08.2004] Градоначалникот на Нагасаки Итчо Ито на денешната свеченост во спомен на жртвите на втората атомска бомба во историјата, ги повика Американците да го уништат нуклеарното оружје, јавуваат агенциите.

 

Хаварија во јапонска нуклеарна централа
[09.08.2004] Најмалку четири лица починаа, едно е во критична состојба, а 18 се повредени откако денеска во јапонската нуклеарна електрана Михама дојде до истекување на гас, јави јапонската агенција Кјодо.

 

Садр: „Ќе го бранам Наџаф до последната капка крв“
[09.08.2004] Радикалниот шиитски свештеник Моктада ел Садр денеска на конференција за новинари во светиот шиитски град порача дека против окупацијата на Наџаф ќе се бори до последната капка крв.

 

Сергеј Иванов: „НАТО никогаш нема да го види нуклеарното оружје на Русија“
[09.08.2004] Земјите-членки на НАТО никогаш нема да имаат директен пристап до воените нуклеарни инсталации на Русија, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов, по воената вежба на која за првпат присуствуваа и набљудувачи на НАТО.

 

Ал Каеда се финансира од шверц со дијаманти, смета судот во Сиера Леоне
[10.08.2004] Високи членови на Ал Каеда купувале дијаманти од земји од западна Африка непосредно пред атентатите од 11 септември во САД и директно тргувале со тогашниот претседател на Либерија Чарлс Тејлор, се истакнува во извештајот на Специјалниот суд на Обединетите нации за Сиера Леоне.

 

Продолжуваат жестоките судири во Наџаф
[10.08.2004] 

Експлозии и истрели утрово се слушаат во центарот ирачкиот град на Наџаф, каде се стационирани приврзаниците на шиитскиот лидер Моктада ал Садр, а американски авиони ја надлетуваат областа.

 

Британските сили во Ирак во зголемена подготвеност
[10.08.2004] Британските сили во југоисточниот дел на Ирак се во состојба на зголемена подготвеност откако британски војник беше убиен во Басра при престрелка со шиитските милиции на Муктада Садр, соопшти британското Министерството за одбрана.

 

3 лица повредени во пожар во Берлинското метро
[10.08.2004] Три лица утрово се полесно повредени во пожар што избувна во берлинското метро, во близина на станицата Анхалтере Банхоф.

 

Нема пари да се спречи наездата на скакулци во Африка
[10.08.2004]  Светската организација за исхрана на населението при Обединетите нации, предупреди на сериозен недостиг на средства во борбата против наездата на скакулци во Западна Африка, јавуваат агенциите.

 

Њујорк тајмс: „Ал Каеда регрутира ново поколение“
[10.08.2004] Од пониските ешалони на терористичката мрежа Ал Каеда се регрутира ново поколение оперативни раководители кои го пополнуваат вакуумот настанат по апсењата и ликвидациите на дел од раководителите на организацијата, пишува денеска весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на високи извори од американските разузнавачки служби.

 

Тајландскиот контингент започна повлекување од Ирак
[10.08.2004] Тајландскиот воен контингент денеска почна да се повлекува од Ирак, иако претходно беше соопштено дека војниците од таа земја ќе си заминат на 20 септември.

 

Робин Кук ги смирува британските муслимани
[10.08.2004] Поранешниот министер за надворешни работи на Велика Британија Робин Кук и покрај летните одмори и паузата во политичкиот живот на земјата, ги посетува муслиманските заедници во Велика Британија во своевидна кампања за враќање на довербата на муслиманите во Лабуристичката партија што е значително изгубена со војната во Ирак.

 

Поради страв од антракс затворена амбасадата на САД во Шри Ланка
[10.08.2004] Амбасадата на САД во Шри Ланка денеска беше затворена поради закана од напад со антракс, по испраќање на мистериозниот прав, јавуваат западните агенции.

 

Шиитските радикали воведоа полициски час и вондредна состојба во Багдад
[10.08.2004] Шиитските радикали денеска воведоа полициски час и прогласија вондредна состојба во Багдад. Предвидено е мерките да останат на сила се додека траат судирите во ирачкиот град Наџаф.

 

Преговори Токио-Пјонг Јанг за киднапираните пред десетина години
[11.08.2004] Јапонски и севернокорејски дипломати денеска почнаа преговори за судбината на јапонски државјани кои Северна Кореја ги киднапирала пред десетици години.

 

Ибрахим Дафари бара повлекување на странските сили од Наџаф
[11.08.2004] Заменик премиерот на привремената ирачка Влада Ибрахим Дафари упати апел странските војски да го напуштат ирачкиот град Наџаф.

 

Најмалку 12 Палестинци повредени во хеликоптерски напад во Газа
[11.08.2004] Најмалку 12 Палестинци утрово се повредени од кои тројца се во критична состојба при хеликоптерски напад во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, потврдија палестински болнички извори.

 

Вашингтон тајмс: „Ал Каеда планира голем напад со двојна цел“
[11.08.2004] Терористичката мрежа на Осама бин Ладен Ал Каеда планира голем напад со двојна цел, да ја дезорганизира американската економија и да ги попречи претседателските избори во САД закажани за 2 ноември, пишува денеска „Вашингтон тајмс“.

 

Жестоки судири во Ирак, убиен шеф на ирачка партија
[11.08.2004] Во ирачкиот град Махмуди утрово вооружени напаѓачи го убија шефот на регионалната канцеларија на една од најголемите шиитски политички партии Али ел Халиси, соопшти претставник на властите.

 

Во Пакистан уапсени 4 Турци поврзани со Ал Каеда
[11.08.2004] Во текот на изминатиот викенд во Лахор, источен Пакистан, се уапсени четворица Турци поврзани со Ал Каеда, соопшти денеска претставник на пакистанските безбедносни служби.

 

Велика Британија дозволи клонирање човечки ембрион
[11.08.2004] Велика Британија денеска за првпат им дозволи на научниците да клонираат човечки ембрион, три години откако Британија стана прва држава што ја озакони техниката за производство на базична клетка за медицински истражувања.

 

Бомбашки напад врз израелски воен пункт во близина на Ерусалим
[11.08.2004] Најмалку еден Палестинец загина и шестмина Израелци се повредени во експлозија на автомобил-бомба што денеска се случи во близина на Ерусалим, соопштија израелски безбедносни извори.

 

Јужна Кореја ја преместува престолнината од Сеул
[11.08.2004] Сеул повеќе нема да биде главен град на Јужна Кореја, чии власти наскоро ќе започнат да градат нова престолнина јавија денеска западните агенции

 

Коалиционите сили се подготвуваат за голема офанзива во Наџаф
[11.08.2004] Американските и ирачките сили се подготвуват за голем офанзивен напад против приврзаниците на шиитскиот водач Моктада ал Садр во градот Наџаф, изјави денеска претставник на американската армија.

 

Иран тестираше балистичка ракета „Шахаб-3“
[11.08.2004] Иранската војска денеска ја тестираше најновата верзија на балистички ракети со среден дострел од типот „Шахаб-3“, соопштија медиумите во Техеран.

 

Муслиманите нема да ја простат суровоста на Американците
[11.08.2004] Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Саед Али Хаменеи денеска изјави дека муслиманите на САД нема да им ги простат жестоките напади во Наџаф.

 

Двајца маринци загинаа во хелихоптерска несреќа
[12.08.2004] Американски воен хеликоптер се урна западно од Багдад при што загинаа двајца маринци, а тројца други се ранети, соопшти денеска американската воена команда во Ирак.

 

Тројца убиени во немири во јужна Осетија
[12.08.2004] Три лица се убиени, а десетици се ранети во синоќешните интензивни престрелки помеѓу грузиските и осетиските сили во јужна Осетија, соопшти денеска грузиската полиција.

 

Израелската војска упадна во бегалски камп во Појасот Газа
[12.08.2004] Израелски тенови и булдожери упаднаа денеска во бегалски камп во Појасот Газа и започнаа со уништување куќи, неколку часа откако на контролен пункт во Западниот брег во напад со автомобил - бомба беа убиени двајца Палестинци.

 

Над 56 загинати во бомбардирањето на американските сили во Ирак
[12.08.2004] Најмалку 56 лица загинаа, а 110 се повредени во синоќешното бомбардирање на американските военовоздушни сили во ирачкиот град Кут што се наоѓа 80 километри југоисточно од Багдад.

 

Американско-ирачка офанзива во Наџаф
[12.08.2004] Експлозии и пукотници одекнуваат во светиот шиитски град Наџаф откако утрово американските и ирачките сили презедоа заедничка операција за конечно задушување на бунтот на приврзаниците на радикалниот шиитски лидер Муктада Садр.

 

Дил Џафар:„Ирачката нуклеарна програма е прекината во 1991“
[12.08.2004] Ирачката нуклеарна програма е прекината уште во 1991, а целата опрема беше уништена, по налог на тогашниот претседател Садам Хусеин и никогаш повеќе не беше обновена, изјави раководителот на таа програма др. Џафар Дил Џафар во синоќешното телевизиско интервју за политичката програма на Би-Би-Си.

 

Тајмс: „Ал Каеда планира атентати врз британски политичари“
[12.08.2004] Оперативци на терористичката мрежа на Ал Каеда планирале серија атентати врз британски политичари и врз други државници „блиски до американскиот претседател Џорџ Буш“, открива лондонскиот весник „Тајмс“ повикувајќи се на извори во пакистанското разузнавање.

 

Објавени имињата на комесарите на ЕК
[12.08.2004] Новоизабраниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, денеска го обајви списокот на комесари кои ќе бидат во новиот состав комисијата од ноември.

 

Извадени седум тела од реката Буриганга во Бангладеш
[13.08.2004] Спасувачките екипи на Бангладеш синоќа извадија седум тела од реката Буриганга во близина Дака, а 50 се водат како исчезнати при потонување на ферибот.

 

Пауел и предложи на Јапонија да го смени Уставот
[13.08.2004] Јапонија треба да внесе извесни промени во националниот Устав доколку сака да стане постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, објави јапонската агенција „Кјодо“, посочувајќи оти такви сингали испратил официјлен Вашингтон.

 

САД нема да го почитува олимпсикото примирје
[13.08.2004] Соединетите Американски Држави (САД) денеска соопштија дека нема да ги запрат воените операции во Ирак за време на Олимписките игри во Атина, јавуваат западните агенции.

 

Засилени мерките за безбедност во Рим
[13.08.2004] Италијанското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека поради „актуелната состојба со терористичките закани на исламистичките организации поврзани со Ал Каеда, која најави дека на 15. август на Италија и истекува ултиматумот за повлекување на нејзините војници од Ирак, во Рим е воведена вистинска опсадна состојба“, јавуваат агенциите.

 

Поради пожар во Валенсија евакуирани 2.500 жители
[13.08.2004] Околу 2.500 жители на шпанскиот регион Валенсија се евакуирани, откако во планинското подрачје Сиера де Калдерона се прошири пожарот, кој уништи повеќе од 700 хектаори површина.

 

Киднапиран британски новинар во Басра
[13.08.2004] Британски новинар е киднапиран доцна синоќа од хотел во јужниот ирачки град Басра, потврди денеска хотелската управа.

 

Три жртви на птичји грип во Виетнам
[13.08.2004] Виетнамските власти денеска потврдија за три нови смртни случаи од болеста птичји грип.

 

Над 63 жртви во тајфунот Рананим во Кина
[13.08.2004] Најмалку 63 лица загинаа, а 1.800 се повредени во тајфунот Рананим, кој вчера ја зафати кинеската крајбрежна провинција Џјицјан.

 

Садр ранет при бомбардирањето на Наџаф
[13.08.2004] Лидерот на радикалните шиити Моктад ал-Садр е ранет при вчерашното американско бомбардирање на светиот град Наџаф, јавија западните агенции, повикувајќи се на изјава на негов портпарол.

 

Евакуација на Флорида поради ураганот Чарли
[13.08.2004] Локалните власти вчера наредија евакуација на 380.000 жители на Тампа, Флорида, поради ураганот Чарли кој се доближува преку Максикнскиот залив а се очекува да удри денеска попладне.

 

Мандатот на ОН во Ирак е продолжен за една година
[13.08.2004] Советот за безбедност на Обединетите нации (ООН) синоќа, едногласно донесе одлука за продолжување на мандатот на нивната мисија во Ирак за една година.

 

Се заоструваат грузиско-руските односи
[13.08.2004] Грузискиот парламент денеска ќе разгледува предлог Декларација која се однесува на состојбата во Осетија, со која дополнително се затегнуваат грузиско - руските односи.

 

Во Венецуела протести за и против Чавес
[13.08.2004] Воочи неделниот референдум за отповикување на венецуелскиот претседател Уго Чавес, на улиците на Каракас синоќа се собраа повеќе од половина милион луѓе, приврзаници и противници на Чавес.

 

Ирачки министер тврди дека Ал Садр не е повреден
[13.08.2004] Шиитскиот клерик Моктада ал Садр не е повреден и преговара со ирачката влада за заминување од џамијата на Имамот Алија во светиот град Наџаф, изјави денеска ирачкиот министер за внатрешни работи Фалах ал Накиб.

 

Нападната колона возила во која се наоѓал премиерот на Грузија
[13.08.2004] Непознати лица денеска пукаа врз колоната возила во Јужна Осетија во која се движел премиерот на Грузија Зураб Жванија.

 

Можно е Израел да се повлече од Голанската висорамнина
[13.08.2004] Висок израелски армиски претставник изјави дека државата можно е да се повлече од Голанската висорамнина како дел од евентуален мировен договор со Сирија.

 

Ирачки претставници и приврзаници на Садр преговараат за прекин на огнот
[13.08.2004] Претставници на ирачката Влада и приврзаници на шиитскиот лидер Мокатда ал Садр преговараат денеска за прекинување на борбите во Наџаф, изјави градоначалникот на овој свет град Адман ал Зарафи.

 

Грузија и Јужна Осетија договорија примирје
[14.08.2004] Грузија и сепаратистичката република Јужна Осетија се договорија за прекин на огнот, изјави грузискиот заменик-министер за безбедност Гиги Огулава, изразувајќи надеж дека тоа ќе ја запре ексалацијата на насилства предизвикана од тврдењата за статусот на Јужна Осетија.

 

Фајненшл тајмс: „САД ќе повлечат 100.000 војници од ЕУ и Азија“
[14.08.2004] САД би требало в понеделник да објават повлекување на околу 100.000 војници од Европа и Азија, како дел од најголемото реструктуирање на своето воено присуство во светот од Втората светска војна, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

 

Продолжуваат судири во Ирак
[14.08.2004] Околу 40 екстремисти и тројца полицајци загинаа во Хили во судирите меѓу припадниците на шиитската милиција и на американската војска и ирачката полиција, соопшти денеска претставник на ирачкото Министерство за внатрешни работи.

 

Во Бурунди припадници на Хуту убија 150 бегалци Тутси
[14.08.2004] Најмалку 153 лица загинаа, а 111 се ранети во нападот кој вооружени лица го извршија доцна синоќа во Бурунди врз бегалскиот камп на бегалци тутси од Демократска република Конго, соопшти официјален локален претставник.

 

Стапува на сила примирјето меѓу Грузија и Јужна Осетија
[15.08.2004] На седницата на Мешовитата контролна комисија за регулирање на конфликтот меѓу Грузија и сепаратистичката република Јужна Осетија денеска е потпишан протокол, со кој се воведуваа механизам за прекинување на огнот.

 

Во Сеул протести против испраќањето војници во Ирак
[15.08.2004] Околу 6.000 демонстранти протестираа денеска пред американската амбасада во Сеул против испраќањето на јужнокорејските војници во Ирак.

 

Во Ирак убиени еден холандски и еден украински војник
[15.08.2004] Еден холандски војник е убиен, а петмина тешко ранети синоќа при престрелка во Ирак, соопшти холандското Министерство за одбрана.

 

Киднаперите на Фаридон Џихани бараат од Иран ослободување на 500 Ирачани
[15.08.2004] Терористите од Исламската армија на Ирак, кои го киднапираа иранскиот дипломат Фаридон Џихани, на иранската Влада и поставија ултиматум за 48 часа да бидат ослободени 500 Ирачани, заробени за време на иранско-ирачката војна од 1980 до 1988 година, соопшти катарсаката телевизија Ал Џезира.

 

10 лица загинаа во Багдад, обновени борбите во Наџаф
[15.08.2004] Борбите во светиот шиитски град Наџаф денеска беа обновени. Истрели од тенкови се слушаа околу гробиштата каде што се позициите на шиитските полицајци.

 

Израелски хеликоптер ракетирал бегалски камп во Рафа
[15.08.2004] Израелски хеликоптер испукал утрово две ракети на бегалски камп во Рафа, на југот на појасот Газа.

 

Екстремисти се закануваат со напади на Италија
[15.08.2004] Една екстремистичка група која тврди дека е поврзана со Ал Каеда денеска ги повика своите приврзеници да ги нападнат сите цели во Италија, бидејќи таа земја, како што наведува групата, не го почитувала рокот за повлекување на своите трупи од Ирак.

 

Најмалку 15 лица загинаа во експлозија во Индија
[15.08.2004] Најмалку 15 лица, меѓу кои има и деца, загинаа денеска во експлозија на бомба во текот на дефилето по повод одбележувањето на националниот празник Денот на независноста во индијската провинција Асам, соопшти полицијата.

 

Буш деновиве на уште една мака
[15.08.2004] Очите на Америка се свртени кон Флорида, најмалку 13 мртви и илјадници остана без домови откако ураганот Чарли беснее неделава. Додека политичките кругови на демократите се бесни заради еден секс скандал.

 

При хеликоптерски напад убиени 2 Палестинци во кампот Џабалија
[16.08.2004] Двајца Палестинци синоќа загинаа при хеликоптерски напад на израелската армија врз бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа.

 

Кина бара од ОН да ја одбие кандидатурата на Тајван за членство
[16.08.2004] Официјален Пекинг испрати писмо до генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан со кое го осудува обидот на Тајван да стане членка на Светската организација.

 

САД ќе испратат ескадрила авиони Ф-15Е во Јужна Кореја
[16.08.2004] Американска ескадрила на ловци од типот Ф-15Е, што е стационирана на Алјаска, идниот месец ќе биде испратена во Јужна Кореја за поддршка на американската армија, соопшти денеска портпаролот на американските сили.

 

4 Пакистанци загинаа во експлозија на мина во Пакистан
[16.08.2004] Четири лица утрово загинаа, а други четворица се повредени кога камион на државната нафтена компанија нагази на мина во пакистанската провинција Белуџистан, 270 километри од административниот центар на провинцијата - Куета.

 

Најмалку 22 лица убиени во Авганистан
[16.08.2004] Најмалку 22 лица загинаа во неколкудневните борби меѓу групата на локалниот паштунски командант Аманула Хан и приврзаниците на гувернерот на авганистанската провинција Херат, таџикот Исмаил Хан.

 

Тројца Ирачки војници и двајца цивили убиени во Бакуба
[16.08.2004] Тројца припадници на Ирачката национална гарда загинаа утрово при експлозија на бомба во Бакуба, додека двајца цивили настрадаа при минофрлачки напад во истиот град што се наоѓа 60 километри североисточно од Багдад.

 

Хуго Чавез останува на функцијата
[16.08.2004] Претседателот на Венецуела Хуго Чавез победи на референдумот на кој гласачите се изјаснуваа дали тој да го продолжи мандатот или предвремено да ја напушти функцијата, јавија агенциите.

 

Шефот на грузиската одбрана предупредува на можна војна
[16.08.2004] Министерот за одбрана на Грузија предупреди денеска дека постои можност за почеток на нова војна во сепаратистичката Јужна Осетија

 

Ирачката национална конференција побара од Садр да се повлече од Наџаф
[16.08.2004] Делегатите на Ирачката национална конференција го повикаа денеска шиитскиот лидер Моктада ал Садр да се откаже од бунтот против американските сили и ирачката полиција и да ги повлече приврзаниците од гробниците во Наџаф.

 

„Чарли“ уби 16 луѓе и предизвика штета од 11 милијарди долари
[16.08.2004] Тимови за спасување, проценувачи на осигурителните компании и екипи на Националната гарда денеска патролираат ширум Флорида за да им помогнат на луѓето од оваа американска држава полесно да се справат со последиците што зад себе ги остави ураганот „Чарли“, најсилната непогода што ја погоди таа сојузна американска држава во последните десетици години.

 

Паника од антракс во амбасада на САД во Куала Лумпур
[16.08.2004] Паника поради антракс ги зафати вработените во американската Амбасада во Куала Лумпур , откако е откриен сомнителен прав во едно писмо.

 

Буш најави повлекување на американските трупи од Европа и Азија
[16.08.2004] Америка полека ќе ја напушти Европа. Одлуката е да повлече голем број свои војници од Европа и Азија, одлука на претседателот Буш, која допрва ќе се детализира, па затоа нема прецизна бројка.

 

Садр прифати папата да посредува во решавањето на кризата
[17.08.2004] „Го поздравуваме предлогот на папата Јован Павле Втори да посредува во решавањето на кризата во Наџаф“, изјави денеска портпаролот на шиитскиот духовен лидер Моктада Садр, Ахмед ал-Чаибани.

 

Повторно борби во Јужна Осетија
[17.08.2004] Локалните грузиски медиуми јавија денеска дека во Јужна Осетија се регистрирани борби по смртта на двајца грузиски војници кои загинаа откако базата во близина на селото Ередви во која биле стационирани, била нападната од војници на сепаратистите.

 

Жестоки борби во Наџаф
[17.08.2004] Жестоки борби се водат во центарот на Наџаф, во близина на гробот на имамот Али меѓу американската војска и ирачките сили за безбедност и приврзаниците на шиитскиот духовен лидер Моктада Садр.

 

САД не ги призна резултатите од референдумот во Венецуела
[17.08.2004] САД денеска ги одбија резултатите од референдумот во Венецуела, на кој е потврден претседателскиот мандат на Уго Чавез, барајќи хитна истрага по повод обвинувањето од страна на опозицијата за изборна кражба.

 

Кери го обвинува Буш дека ги користи големите корпорации
[17.08.2004] На претседателските избори во Америка демократите се сетуваат од време на време дека се опозиција, нема тука жестокост ниту нова идеја. Но сепак има некаква дебата. Овој пат демократскиот кандидат Џон Кери го обвинува Буш дека ги користи големите корпорации, тие му даваат милионски суми и донации за кампањата и тој одеднаш станува галантен ги поштедува од некои законски регулативи.

 

Ирачки мировен тим ќе патува за Наџаф
[17.08.2004] Ирачка делегација денеска се упати кон градот Наџаф во обид да ги прекине борбите меѓу американските сили и приврзаниците на шиитскиот лидер Моктада Садр.

 

Експлозија на автомобил бомба во центарот на Багдад
[17.08.2004] Автомобил бомба експлодираше во центарот на Багдад утрово.

 

Над 7 загинати и 42 повредени во Багдад
[17.08.2004] Најмалку седум лица загинаа, а 42 се повредени при денешниот напад со гранати врз улицата Ал Рашид, во центарот на Багдад.

 

Осум повредени во поплавите во англиската грофовија Корнвол
[17.08.2004] Осум лица се полесно поврдени како последица на поплавите што синоќа ја зафатија англиската грофовија Корнвол, јавија денеска британските медиуми, цитирајќи претставници на спасувачките служби, кои ја санираат состојбата во погоденото подрачје.

 

Кларк: „Повлекувањето на војниците од ЕУ и Азија е грешка“
[18.08.2004] Повлекувањето на американските војници од Европа и од Азија е лоша, дури и погрешна стратегија за Европа и Азија, смета поранешниот командант на оружените сили на НАТО во Европа генерал Весли Кларк, објави весникот „Ел паис“.

 

Садр ги прифати барањата на Ирачката конференција
[18.08.2004] Шиитскиот духовен лидер Моктада ал Садр ги прифати барањата на делегацијата на Ирачката национална конференција за прекин на кризата во Наџаф, изјави портпаролот на Садр Ахмед Шабани за телевизијата Ал Џазира.

 

Кинез осуден на смрт поради кражба на антиквитети
[18.08.2004] Кинезот Хајтао Ли е осуден на смртна казна, додека четворицата негови помошници осудени се на затвор поради кражба на 259 антиквитети во период од десет години.

 

Силно невреме го зафати Нов Зеланд
[18.08.2004] Силна бура, придружена со врнежи од снег, го блокира движењето во Велингтон и во централниот дел на Нов Зеланд.

 

Русија испрати хуманитарна помош за Северна Кореја
[18.08.2004] Северна Кореја доби 25.000 тони пченица која Русија ја испрати како хуманитарна помош.

 

Иран ќе го уништи израелскиот нуклеарен реактор ако биде нападнат
[18.08.2004] Иран синоќа соопшти дека ќе го уништи израелскиот нуклеарен реактор во Димона, ако израелската држава ги нападне иранските нуклеарни постројки, при тоа предупредувајќи оти нивните проектили го имаат потребниот домет за такво нешто.

 

Вонредно заседание на ОБСЕ поради кризата во Јужна Осетија
[18.08.2004] Постојаниот совет на ОБСЕ денеска во седиштето на организацијата во Виена ќе одржи вонредна седница во врска со усложнувањето на ситуацијата во Јужна Осетија.

 

8 лица обвинети за тероризам во Британија
[18.08.2004] Велика Британија обвини осум лица за планирање на убиства и за тероризам, две недели откако ги уапси во операцијата организирана по низата предупредувања добиени од Соединетите американски држави, јавуваат агенциите.

 

Тајфунот „Меги“ однесе 4 жртви во западна Јапонија
[18.08.2004] Четири лица загинаа, а две се водат како исчезнати во невремето и поплавите предизвикани од тајфунот Меги кој од вчера беснее во западна Јапонија.

 

Тројца загинати и 5 мина ранети Грузиски војници
[18.08.2004] Тројца грузиски војници загинаа, а пет други се ранети при престрелката доцна синоќа во зоната на грузиско - јужноосетискиот конфликт, јавија руските медиуми.

 

Откриени две бомби на Сардинија по средбата Берлускони-Блер
[18.08.2004] Две експлозивни направи се пронајдени денеска во Порто Ротонда на Сардинија, место, близу кое се наоѓа вилата на италијанскиот премиер Силвио Берлускони, неколку часа откако тој одржа состанок со својот британски колега Тони Блер, објави агенцијата Анса.

 

САД демантираат дека Израел обучува американски војници
[18.08.2004] Амбасадата на САД во Израел ја демантира информацијата објавена во денешниот весник „Џерузалем пост“ дека израелската армија обучува американски војници од коалициските сили во Ирак.

 

Шалан: „Ако шиитската милиција не се предаде ќе добие лекција за паметење“
[18.08.2004] Ирачкиот министер за одбрана Хазим ал Шалан на припадниците на шиитската милиција им даде рок од неколку часа за да се предадат, во спротивно им порача дека ќе добијат лекција која никогаш нема да ја заборават.

 

Петмина мртви на пазар во Мосул
[18.08.2004] Петмина цивили загинаа, а 21 се ранети денеска кога бунтовниците истрелале минофрлачка ракета на пазарот во северниот ирачки град Мосул, јавија западните агенции, повикувајќи се на официјални ирачки извори.

 

Ирачката Влада им дава ултиматум на бунтовниците да се предадат
[18.08.2004] Ирачкиот министер за одбрана денеска на шиитската милиција во светиот град Наџаф и даде неколку часа да се предаде, предупредувајќи дека војниците се подготвуваат за голем напад, за да им „одржат лекција што никогаш нема да ја заборават„

 

Арафат ги призна грешките
[18.08.2004] Палестинскиот лидер Јасер Арафат призна денеска во обраќање до јавноста дека палестинската власт правела грешки и вети дека ќе направи се за да ги исправи.

 

Русија против организирање конференција за Јужна Осетија
[18.08.2004] Русија ја отфрли идејата за организирање меѓународна конференција за грузиската сепаратистичка територија Јужна Осетија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

 

Над 38 загинати во железничка несреќа во Индија
[18.08.2004] Најмалку 38 лица загинаа во судирот на два воза што се случи денеска попладне по локално време во близина на градот Кхарагпура, на околу 180 километри од Калкута, на истокот на Индија, јавуваат агенциите.

 

Дауд: „Набрзо ќе почне офанзива, ако Садр не ја распушти армијата“
[19.08.2004] „Набрзо ќе почне решителна офанзива против радикалната шиитска милиција ако нивниот лидер Моктада ал Садр јавно не објави дека ја распушта Армијата на Махди“, изјави ирачкиот државен министер Касим Дауд.

 

Двајца полски војници загинаа, а пет се ранети во Ирак
[19.08.2004] Двајца полски војници го загубија животот, а петмина се ранети во несреќа кога врз возилото со кое патувале бил отворен оган од автоматско оружје, во близИна на нивната база Вавилон во јужниот дел на Ирак.

 

Американските сили го зазедоа Садр сити
[19.08.2004] Американски трупи, со поддршка на десеттина тенкови и борбени возила, утрово го зазедоа Садр сити, предградието на Багдад населено со шиити и едно од упориштата на радикалниот шиитски свештеник Моктада ал Садр, изјавија очевидци.

 

Над 6 Грузијци убиени во Јужна Осетија
[19.08.2004] Најмалку шест грузиски војници се убиени, а седум други се ранети во синоќешните престрелки меѓу сепаратистите од Јужна Осетија и грузиските безбедносни сили, јавија дел од западните медиуми повикувајќи се на изјава на претставник од Министерството за внатрешни работи.

 

Шарон ќе продолжи со политиката за повлекување од Газа
[19.08.2004] „Израелскиот премиер Ариел Шарон ќе продолжи да го спроведува планот за повлекување на Израел од Појасот Газа до крајот на 2005 година и покрај тоа што не го поддржува неговата партија Лукид“, изјави синоќа неименуван извор од премиерскиот Кабинет.

 

Пет новинари во САД казнети поради криење на нивните извори
[19.08.2004] На петмина американски новинари им е наложено да плаќаат по 500 долари секој ден се додека не ги откријат нивните извори од Владата за шпионската афера во 1999-2000 година во која беше вмешан Вен Хо Ли.

 

Ирачки киднапери се заканија дека ќе го убијат американскиот новинар
[19.08.2004] Тв мрежата Ал-Џазеира прикажа синоќа видео снимка на која една до сега непозната ирачка група се заканува дека ќе го убие американскиот новинар Мицах Гарен, киднапиран во саботата во Ирак, ако за 48 часа американските сили не се повлечат од Наџаф.

 

Тајфунот Меги усмрти девет лица
[19.08.2004] Најмалку девет лица загинаа денеска во западна Јапонија, во надојдената вода и поплавите што ги предизвика тајфунот Меги јавија јапонските медиуми.

 

Кореја побара од САД да го одложат намалувањето на воениот контингент
[19.08.2004] Јужна Кореја побара од САД да ги одложат плановите за намалување на воениот контингент на Корејскиот Полуостров, соопшти портпаролот на Владата во Сеул.

 

Два силни земјотреси ја потресоа Индонезија
[19.08.2004] Два силни земјотреси денеска ја потресоа Индонезија, а засега нема инфомрации за евентуални жртви.

 

Јапонија објави нови мерки против тероризмот
[19.08.2004] Јапонската полиција денеска објави нови мерки против тероризмот, вклучувајќи поголем надзор над муслиманите кои живеат во таа земја, земање отпечатоци од прстите на имигрантите и поставување вооружени чувари во патничките авиони.

 

Убиени 5 Ирачани при бомбардирање на Фалуџа
[20.08.2004] Пет Ирачани се убиени, а шест ранети при денешното американско бомбардирање на Фалуџа, јавија западните медиуми. Во воздушните напади се целосно разрушени и пет куќи.

 

Приднестровиските власти го обвини ОБСЕ дека создава тензии
[20.08.2004] Сепаратистите во самопрогласената автономна област Приднестровие во Молдавија, ја обвинија Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) дека ја потхранува напрегнатоста во регионот, истовремено заканувајќи се со ограничување на движењето на претставниците на ОБСЕ, јавија локалните медиуми.

 

Опаѓа поддршката на Џон Кери
[20.08.2004] Во последниот месец е опадната предноста на претседателскиот кандидат на демократите Џон Кери во однос на републиканскиот претседателски кандидат Џорџ Буш, покажуваат резултатите од денеска објавената анкета на телевизијата Си-Би-Ес.

 

Садр повика да продолжи заштитата на Наџаф
[20.08.2004] Радикалниот шиитски водач Моктада Садр ги повика своите приврзаници да продолжат со заштита на светиот шиитски град Наџаф, соопшти неговиот портпарол Ахмед аш Шаибани.

 

Неформален состанок на членовите на новата ЕК
[20.08.2004] Членови на идната Европската комисија (ЕК), за прв пат ќе се соберат денеска во Брисел, на неформален состанок што главно ќе биде посветен на меѓусебно запознавање.

 

6 полицајци ранети во експозија на бомби во Авганистан
[20.08.2004] Шест полицајци се ранети синоќа во експлозија на две бомби во бирото на ОН за регистрација на избирачите во западниот авганистански град Фарах.

 

Чаки Елбегдорј нов премиер на Монголија
[20.08.2004] Либералот Чаки Елбегдорј е именуван за нов премиер на Монголија со што е ставен крај на четиригодишното владеење на Револуционерната и народна партија на Монголија.

 

Во Лондон има повеќе од 8.000 проститутки
[20.08.2004] Повеќе од 8.000 жени работат како проститутки само во Лондон, во изнајмени станови, во салоните за масажа, во сауни или како „придружнички“ на бизнисмени.

 

Во поплавите во Индија загинаа 1.332 луѓе
[20.08.2004] Во поплавите кои ја зафатија Индија загинаа 1.332 луѓе, а повеќе од 1,44 милиони куќи се уништени или оштетени, соопшти денеска министерот за земјоделство Канти Лал Бурија.

 

Тројца загинати при судири во Авганистан
[21.08.2004] Три лица загинаа денеска при судири меѓу припадници на авганистанските сили за безбедност и 80-тина талибански бунтовници во јужниот дел на Авганистан.

 

Жестоки борби во Куфа
[21.08.2004] Американските сили и приврзаниците на шиитскиот верски лидер Моктада ал Садр водеа жестоки борби во текот на изминатата ноќ во Куфа, на 10 километри источно од ирачкиот град Наџаф.

 

Уште тројца американски војници убиени во Ирак
[21.08.2004] Тројца американски војници загинаа, а петмина други се повредени во последниве 24 часа во два одвоени напади на бунтовниците во Ирак.

 

Отфрлено барањето за запирање на испораката на Фишер во САД
[21.08.2004] Јапонскиот суд денеска го отфрли барањето за запирање на процедурата за депортација на поранешниот светски првак во шах Боби Фишер, кого САД го обвинуваат дека ги прекршил санкциите против поранешна СР Југославија.

 

Ватикан знаел за хомосексуалноста во верското училиште
[21.08.2004] Ватикан повеќе од две години знаел за хомосексуалната пракса и порнографијата во австриското католичко учлиште Свети Поелтен, што го затвори Папата на 12 август, открива германската телевизиска станица „АРД“, јавуваат агенциите.

 

Џамијата на имамот Али сеуште под контрола на приврзаниците на Садр
[21.08.2004] Четири силни експлозии утрово го потресоа Наџаф, но се уште не е познато што ги предизвикало.

 

Судански бегалци на бреговите на Ламанш
[21.08.2004] Стотици бегалци од Судан подигнале логор во близината на шумите крај францускиот град Кале на бреговите на каналот Ламанш, со намера да ја искористат првата можност за да се префрлат во Велика Британија.

 

Јавно обесени тројца шверцери на дрога во Иран
[21.08.2004] Тројца шверцери на дрога се јавно обесени во јужната провинција Керман, објави денеска иранскиот весник „Џомхури је ислами“.

 

Над десет убиени, а стотици ранети во експлозии во Бангладеш
[21.08.2004] Најмалку десет лица се убиени, а стотици се ранети при денешната серија експлозии за време на митингот на опозициската Народна лига во главниот град на Бангладеш, јавија дел од западните медиуми.

 

Експлозии во два шпански туристички града
[21.08.2004] Помали експлозивни направи дигнаа во воздух неколку контрејнери во Бајона и Санченчо, приморски градови во Галиција, провинција во северозападна Шпанија, а предходно до редакцијата на еден баскиски весник е упатен анонимен телефонски повик во кој, во име на ЕТА, е предупредено дека ќе следува детонација.

 

Годишнина од задушувањето на „Прашката пролет“
[21.08.2004] Чешка и Словачка денеска ја одбележуваат 36-та годишнина од инвазијата на силите на Варшавскиот пакт врз поранешна Чехословачка во 1968 година, со што беа запрени реформите и демократизацијата во оваа земја.

 

Палестинското движење го повика Садр да ги нападне нафтените постројки
[21.08.2004] Радикалното палестинско движење Исламски џихад денеска ги повика приврзаниците на милитантниот шиитски водач Моктада ел Садр, кој се бори против американските сили во светиот град Наџаф во Ирак, да ги нападне нафтените постројки во таа земја.

 

Ирачките бунтовници истрелаа две гранати во Багдад
[22.08.2004] Ирачките бунтовници денеска истрелаа две минофрлачки гранати во центарот на Багдад, при што е повреден еден Ирачанец, соопшти Министерството за внатрешни работи.

 

Судан достави до ОН имиња на сторители на злосторства во Дардуф
[22.08.2004] Суданскиот министер за правда Али Мухамед Јасин му предаде листа со имињата на лицата обвинети за злосторства, пред се за силување во Дарфур, на меѓународниот набљудувач на Комисијата на Обединетите нации за човекови права, Емануел Акој од Гана.

 

Во подметнат пожар во Париз уништен еврејскиот центар
[22.08.2004] Подметнат пожар го уништи еврејскиот општествен центар во Париз синоќа, при што немаше жртви, јави париската градска управа.

 

Рубин: „Ако победи Кери ќе посвети големо внимание на Балканот“
[22.08.2004] „Демократот Џон Кери доколку победи на изборите ќе посвети поголемо внимание на Балакнот за разлика од актуелниот претседател Џорџ Буш, кој има други приоритети во надворешната политика“, потврди советникот за надворешна политика на кери, Џејмс Рубин, поранешен помошник - државен секретар.

 

Уапсени 74 неонацисти кои му одавале почест на Рудолф Хес
[22.08.2004] Германската полиција уапсила 74 неонацисти кои вчера во Вундисел учествуваа во маршот по повод 17 годишнината од смртта на заменикот на Хитлер, Рудолф Хес.

 

САД обвинети дека ја уништуваат мировната карта
[22.08.2004] Палестински официјални високи претставници денеска ги обвинија САД дека ја уништуваат „картата за патот кон мирот“ на Блискиот исток, како и надежта за обновување на мировните преговори со Израел за создавање независна Палестина заради најавите дека Вашингтон би можел да прифати извесно ширење на еврејските населби на Западниот брег.

 

Над 40 загинати Ирачани во борбите во Наџаф
[22.08.2004] Најмалку 40 Ирачани загинаа во жестоките борби во близина на светиот шиитски град Наџаф, на југот од Ирак,соопшти денеска ирачкото Министерство за внатрешни работи.

 

Четворица загинати, а 12 ранети руски полицајци во Грозни
[22.08.2004] Во специјалната операција во чеченската престолнина Грозни синоќа загинаа четворица руски полицајци, а други 12 се ранети, соопшти денеска прес - службата на Министерстрвото за внатрешни работи на Руската Федерација, објавија руските медиуми.

 

Путин и дозволи на Чеченија користење на средствата од извозот на нафта
[22.08.2004] Претседателот на Русија Владимир Путин денеска ја посети Чеченија, каде што во Центурој, положи венец на гробот на убиениот чеченски претседател Ахмад Кадиров, заедно со неговиот син Рамзан Кадиров потпретседател на чеченската влада за безбедност и претседателски кандидат, јавија руските медиуми.

 

Џинтао: „Ќе биде спречен секој обид за независност на Тајван“
[22.08.2004] За Пекинг е прифатлива идејата во врска со Тајван да биде применета формулата „една земја, два системи“, како во случајот со Хонконг и Макао, изјави денеска шефот на кинеската држава Ху Џинтао и додаде дека ќе биде спречен секој обид на Тајпеј да објави независност на островот.

 

Продолжуваат тензиите во Бангладеш
[22.08.2004] Разгневени припадници на опозициската Народна (Авами) лига денеска демолираа и запалија еден патнички воз во централниот дел на Бангладеш.

 

Најмалку 25 загинати во авионска несреќа во Венецуела
[22.08.2004] Сите 22-ца патници и тројцата членови на екипажот загинаа денеска при уривање на авион на венецуелското Воено воздухопловство во централниот дел на Венецуела.

 

Северна Кореја нема да преговара со САД за својата нуклеарна програма
[23.08.2004] Северна Кореја денеска објави дека е невозможно да учествува во нови преговори за својата нуклеарна програма со САД, и го нарече американскиот претседател Џорџ Буш „тиранин“ и „политички малоумник“.

 

Жестоки борби во Наџаф
[23.08.2004] Во Наџаф утрово повторно избувнаа жестоки престрелки меѓу коалициските сили и приапдниците на ирачките бунтовнички групи, соопштија светските медиуми повикувајќи се на очевидци.

 

Најмалку три загинати во судир на два мали авиони во САД
[23.08.2004] Три лица загинаа во судир на два мали едномоторни авиони во Калифорнија, јавија американските медиуми.

 

Израел ги проширува еврејските населби на Западниот брег
[23.08.2004] Израел започна со изградба на нови 100 куќи во населба вон Ерусалим, настојувајќи да ги прошири еврејските населби на окупираните подрачја на Западен брег, објавија денеска израелски политички извори.

 

Исламистичка група тврди дека киднапирала 12 Непалци во Ирак
[23.08.2004] Исламистичка група синоќа објави на Интернет страница фотографии на 12 мажи за кои се претпоставува дека се Непалци киднапирани во Ирак, што оваа група ги обвинува за соработка со американските сили.

 

Над 160 бунтовници убиени во последните три месеци во Индонезија
[23.08.2004] Најмалку 160 бунтовници се убиени во покраината Ацех, во текот на изминатите три месеци, соопшти денеска индонезиската војска.

 

Над 300 луѓе заложници во пожарот околу манастирот Монтекасино
[23.08.2004] Околу 300 луѓе, во најголем број монаси, се „заложници“ на пожарот околу Бенедиктанскиот манастир Монтекасино во Италија.

 

ФБИ: „Албанците од Балканот созаваат нова мафија во САД“
[23.08.2004] Илјадници Албанци и други лица кои во последните години го напуштија Балканот и избегаа во САД почнуваат да претставуваат сериозен проблем. Нивните организирани криминални групи, според неодамнешните проценки на високи функционери од ФБИ, сега ја загрозуваат и водечката позиција на семејствата што ја сочинуваат Коза ностра, јави Си-Ен-Ен.

 

Комерсант: „САД планира да го собори Лукашенко“
[23.08.2004] Американските власти планирата да го соборат од власт белорускиот претседател Александр Лукашенко, тврди денеска во совоето електронско издание рускиот весник „Комерсант“.

 

Индонезијец и Филипинец убиени во Мосул
[23.08.2004] Двајца странци, кои работеле во компанија за мобилни телефони се убиени од страна на бунтовниците во северниот ирачки град Мосул, јави денеска арабската телевизија „Ал Џазира“.

 

Хатами: „Ирачкото времено раководство може да ја изгуби довербата“
[23.08.2004] „Ирачкото времено раководство може да ја загуби довербата кај народот заради поддршката на воените операции против шиитските бунтовници во светиот град Наџаф“, изјави денеска претседателот на Иран Мохамед Хатами.

 

Нејдер: „Во САД владее еднопартиски систем“
[23.08.2004] Независниот претседателски кандидат Ралф Нејдер изјави дека во САД владее еднопартиски политички систем и дека нема разлика меѓу републиканците и демократите.

 

Евакуирана лондонската железничка станица „Ватерло“
[23.08.2004] Британската полиција денеска ги евакуира патниците и вработените од лондоската железничка станица „Ватерло“ и ги блокира приодите кон неа, откако во објектот беше откриен сомнителен пакет.

 

Шест загинати во пожар во автобус во Москва
[24.08.2004] Шест лица загинаа, а едно е повредено кога избувнал пожар во еден автобус во источиот дел на Москва.

 

Исламисти тврдат дека киднапирале Јорданец и Кениец
[24.08.2004] Исламистичка интернет страница објави соопштение потпишано од Бригадите на мачениците од Ирак во кое се тврди дека припадница на оваа милтантна група како заложници задржале еден Јорданец и еден Кениец, кои работеле како возачи за американската војска.

 

Двајца загинаа во обид за атентат врз ирачки министер
[24.08.2004] Две лица загинаа, а три други се повредени утрово во центарот на Багдад при обид за атентат врз министерот за образование на Ирак, Сами ал Мудафар, соопшти ирачката полиција.

 

Уште еден американски војник загина во Ирак
[24.08.2004] Еден американски војник загина, а двајца други се ранети синоќа при бомбашки напад врз патрола на коалициските сили во Багдад, соопшти Командата на силите на САД во Ирак.

 

Тајфунот Аере ги погоди Јапонија и Тајван
[24.08.2004] Тајфунот Аере денеска предизвика прекин на воздушниот и морскиот сообраќај на Тајван и ги принуди берзите, училиштата и компаниите во Тајпеј и околината да прекинат со работа.

 

Ирачката министерка за животна средина цел на самоубиствен напад
[24.08.2004] Ирачката министерка за животна средина Мишкат Мумин изјави дека таа била цел на самоубиствен напад со автомобил-бомба што денеска се случи во Багдад, во кој загинаа четворица нејзини телохранители.

 

Бомбардирања во Наџаф, Фалуџа и Багдад
[24.08.2004] Американски авиони и артилерија изминатата ноќ напаѓале цели во неколку ирачки градови.

 

Неуспешен првиот круг преговори за Наџаф
[24.08.2004] Првиот круг од преговорите меѓу суданската делегација и претставниците на бутновничките групи во провинцијата Дарфур, што се одржа во главниот град на Нигерија Абуџа, заврши неуспешно.

 

Над 250 илегалци фатени во јужна Италија
[24.08.2004] Најмалку 250 илегални доселеници, во чамец долг 20 метри денеска пристигнаа на јужноиталијанскиот остров Лампедуза, соопштија италијанските власти, додавајќи дека најголем дел од бегалците се Палестинци, а останатите се од Бангладеш.

 

Над 12 Чеченци загинаа во судир со руските сили во Грозни
[24.08.2004] Дванаесет чеченаски бунтовници загинаа синоќа во судир со руската војска во близина на Грозни, соопшти денеска претставник на руските сили во Чеченија.

 

Јапонија нема да му даде азил на Боби Фишер
[24.08.2004] Јапонија одби да му даде политички азил на поранешниот светски шампион во шах Боби Фишер и ќе го депортира, потврди денеска портпаролот на јапонското Министерство за правда.

 

Во Полска уапсени над 100 членови на меѓународна банда на хакери
[24.08.2004] Во Полска се уапсени повеќе од 100 членови на меѓународната банда на хакери, кои преку кражби на електорнски информации стекнале милионска заработувачка.

 

Русија предлага реформи во ОБСЕ
[24.08.2004] Русија ќе им предложи на сите членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за реформи на Организацијата, најави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата со претседателот Владимир Путин во Сочи.

 

Екстремисти им се закануваат на амбасадите во Шведска
[25.08.2004] Екстремистичка организација се закани дека во Шведска ќе изврши напади врз амбасади на држави што ја поддржуваат коалицијата во Ирак предводена од САД.

 

Чешкиот Парламент избра нова Влада
[25.08.2004] Новата чешка Влада на чело со најмладиот премиер во историјата на земјата Стањислав Грос (34) доцна синоќа доби доверба од пратениците.

 

94 жртви во две авионски несреќи во Русија
[25.08.2004] Осумдесет и девет лица загинаа во авионски несреќи кога два руски авиони се урнаа ноќеска во близина на градовите Тула и Ростов на реката Дон и предизвикаа ширење на страв од тероризам.

 

Американската армија на 20 метри од гробницата на имамот Али во Наџаф
[25.08.2004] Американски оклопни возила утрово се доближија на 20 метри од портата на мавзолејот на имамот Али во Наџаф, каде што се сместени борците на радикалниот шиитски лидер Моктада Садр.

 

Американските војници во затворот Абу Граиб мачеле и адолесценти
[25.08.2004] Американските војници во ирачкиот затвор Абу Граиб злоставувале и адолесценти, се вели во Извештајот на Американската копнена војска, а чии делови се објавени во „Вашингтон пост“, јавуваат агенциите.

 

Израел се надева дека ЕУ нема да гласа против спорниот ѕид
[25.08.2004] Израелскиот министер за надворешни работи Силван Шалом изрази денеска надеж дека земјите на Европската унија (ЕУ), за време на гласањето во септември, нема да ја поддржи резолуцијата на Обединетите нации (ООН) против „зидот“ изграден на Западниот брег.

 

Експлозија на автобуска станица во Москва
[25.08.2004] Четири лица се повредени при експлозија на една автобуска станица во јужниот дел на Москва.

 

Уапсен синот на Маргарет Тачер поради обид за пуч
[25.08.2004] Полицијата на Јужна Африка утринава го уапси синот на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, Марк, под обвинение дека е замешан во обидот за соборување на владата на Екваторијална Гвинеја, јавуваат агенциите.

 

20 загинати и 50 ранети при судири во Јужен Ирак
[25.08.2004] Дванаесет Ирачани загинаа, а 50 други се ранети во последните 24 часа во судирите меѓу британските војници и ирачките бунтовници во јужноирачкиот град Амара, соопшти претставник на ирачкото Министерство за здравство.

 

Зголемени мерки на безбедност во Русија по уривањето на авионите
[25.08.2004] Мерките за безбедност во Русија, по уривањето на двата патнички авиони што се случи синоќа, се зголемени, јавија руските гласила, повикувајќи се на извор во московската општинска управа, иако се уште нема потврда дали уривањето е поврзано со терористички напади.

 

Над 10 загинати во поплавите во Кина
[25.08.2004] Најмалку 10 лица загинаа при одрони на земјиштето и поплави во планинската провинција Сечун во југозападна Кина, јавија денеска кинеските медиуми.

 

Нема докази дека уривањето на авионите во Русија е терористички акт
[25.08.2004] Досега не се пронајдени докази за терористички активности на местата каде синоќа се урнаа двата руски патнички авиони, изјави денеска претставникот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Сергеј Игњатченко.

 

Рим, Берлин и Токио бараат постојано место во Советот за безбедност
[25.08.2004] Покрај Германија, и Јапонија и Италија ќе побараат во рамките на претстојните реформи на структурите на ОН да добијат постојано место во Советот за безбедност на Светската организација, објавува во денешниот број лондонскиот „Фајненшел Тајмс“.

 

Почнаа преговорите меѓу ајатолахот Систини и Садр
[26.08.2004] Шиитскиот ајатолах Али Систини и шиитскиот лидер Моктада ел Садр денеска во Наџаф почнаа преговри за надминување на кризата во овој свети град.

 

Германската полиција презеде акции против расисти
[26.08.2004] Полицијата во средна и јужна Германија започна низа рации против припадници на десничарската радикална сцена, таканаречените „скинхедси“, при што приведе неколку лица и заплени поголема количина пропаганден материјал со десничарска содржина.

 

Бугарија ја снабдува Грузија со оружје
[26.08.2004] Претседателот на непризнатата република Јужна Осетија Едуард Кокојти ја обвини Бугарија дека и помага на Грузија, доставувајќи и на нејзината армија оружје и муниција

 

Унгарскиот премиер Меѓеши поднесе оставка
[26.08.2004] Унгарија од денеска има преодна влада, откако досегашниот премиер Петер Меѓеши синоќа и официјално поднесе оставка до претседателот Ференц Мадл.

 

Над 25 загинати во напад на џамијата во Куфа
[26.08.2004] Најмалку 25 лица загинаа, а 60 се повредени во ракетниот напад врз главната џамија во Куфа, свет шиитски град што го контролираат приврзаници на радикалниот шиитски лидер Моктада Садр, соопштија болнички извори.

 

Тајмс: „Марк Тачер може да заработи 15 години затвор“
[26.08.2004] Лондонскиот весник „Тајмс“ денеска пишува дека на синот на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, Марк, му се заканува затворска казна од 15 години во Јужна Африка, каде што вчера беше уапсен и пуштен со кауција, јавуваат агенциите.

 

Авионските несреќи обид за напад на резиденцијата на Путин
[26.08.2004] Терористички напад врз резиденцијата на Путин во Сочи е првата верзија што ја разгледуваат руските специјални служби, задолжени за утврдување на причините за вчерашните авионски несреќи во Тулската и Ростовската област во Русија, јави рускиот електронски медиум „Утро“, повикувајќи се на информации објавени во весникот „Жизн“.

 

Спор Рим-Париз околу испораката на осудени за тероризам
[26.08.2004] Нов италијанско-француски спор е отворен деновиве околу испораката на италијанските граѓани осудени во Италија за терористички напади, а кои живеат во Франција, јавуваат агенциите.

 

15 загинати при лизгање на земјиште во Тајван
[26.08.2004] Најмалку 15 лица загинаа при лизгање на земјиште во едно село во северниот дел на Тајван, предизвикано од тајфунот Аере.

 

Објавено 24-часовно примирје во Наџаф
[26.08.2004] Ирачките власти најавија дека ќе прогласат 24 -часовен прекин на огнот во Наџаф, откако во градот ќе пристигне Ајатолахот Али Систани, соопшти градоначалникот на Наџаф, Аднан Зорфи.

 

Нападнати 20 нафтоводи во Ирак
[26.08.2004] Ирачките бунтовници нападнаа околу 20 нафтоводи во јужниот дел на земјата, поради што е намалена дистрибуцијата на нафта од главниот регион за најмалку една третина, јавија агенциите.

 

Милијарди луѓе во светот без основни санитарни услови
[26.08.2004] Околу 40 проценти од вкупната светска популација, односно повеќе од 2,6 милијарди лица, немаат основни санитарни услови за живот, а околу една милијарда луѓе се уште употребуваат небезбедни извори на вода за пиење, штетни по нивното здравје.

 

Авионска несреќа во Франција, нема загинати
[26.08.2004] Авион „Мираж“ на француското воздухопловство утрово се сруши кај градот Оберергејм во областа Алзасд во источниот дел на Франција. Во несреќата нема повредени, бидејќи пилотите успеале да се катапултираат.

 

Најмалку 8 лица умреа од труење со печурки во Украина
[26.08.2004] Најмалку осум лица умреа во Украина како последица на труење со печурки во последните десет дена, соопшти денеска украинското Министерство за здравство.

 

Буш го превзема водството пред Кери
[26.08.2004] Американскиот претседател Џорџ Буш за прв пат во изминатите седмици поведе во трката за претседателските избори, покажуваат резултаите од анкета што денеска ја објави весникот „Лос Анџелес Тајмс“.

 

Тревога од највисок степен во американската поморска база на Сардинија
[26.08.2004] Тревога од највисок степен била прогласена неодамна во американската поморска база на Сардинија поради опасноста од терористички напади , објави денеска на првата страница италијанскиот весник „Кориере де ла Сера“.

 

Над 6 загинати и 70 повредени во бомбашки напади во Индија
[26.08.2004] Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени во два кординирани бомбашки напади што се случија денеска во севороисточната индиска држава Ашам, јавуваат агенциите.

 

Украдени оружје и возило од воена база во Норвешка
[26.08.2004] Непознати лица вчера украле стотина парчиња огнено оружје и едно воено возило од норвешката воена база „Лилехамер“, северно од Осло, соопшти денеска портпаролот на базата.

 

Берлускони: „Италија останува во Ирак“
[27.08.2004] Италијанскиот премиер Силвио Берлускони изрази одлучност да ги задржи трупите во составот на меѓународните сили во Ирак, а убиството на италијанскиот новинар Енцо Балдони го окарактеризира како варварски чин.

 

Садр ги предаде клучевите од џамијата во Наџаф
[27.08.2004] Врховниот шиитски верски водач во Ирак ајатолахот Али Систани, денеска ги доби клучевите од џамијата во Наџаф, откако претходно постигна мировен договор со радикалниот свештеник Моктада ал-Садар, јави утрината сателитската телевизиска станица Ал Арабија.

 

Експлозивен материјал меѓу остатоците од авионот Ту-154
[27.08.2004] Руските експерти пронашле траги од експлозивен материјал хексоген меѓу остатоците од авионот Ту-154, што во вторникот се урна во близина на Ростов на Дон, изјави денеска портпаролот на Федералната служба за безбедност Сергеј Игначенко.

 

Систани и Садр постигнаа договор за мир во Наџаф
[27.08.2004] Врховниот водач на ирачките шиити, ајатолахот Али Систани и радикалниот шиитски лидер Муктада Садр постигнаа договор за прекин на насилствата во ирачкиот град Наџаф, јави телевизијата Ал Арабија.

 

Четворица загинати и 39 повредени во две експлозии во Индија
[27.08.2004] Четири лица загинаа, а 39 се повредени во две одвоени експлозии на бомби во индиската држава Асам, во североисточниот дел на земјата, соопшти полицијата.

 

Врховниот суд на Чиле му го одзеде имунитетот на Пиноче
[27.08.2004] Врховниот суд на Чиле му го одзеде имунитетот на поранешниот диктатор Аугусто Пиноче за случајот „План Кондор“.

 

Протести за убиството на италијанскиот новинар во Ирак
[27.08.2004] Организацијата за заштита на новинарите „Репортери без граници“ денеска изрази протест за убиството на италијанскиот новинар Енцо Балдони во Ирак.

 

Над 10 цивили повредени при експлозија во Мосул
[27.08.2004] Најмалку десет ирачки цивили се повредени при експлозија на автомобил-бомба во Мосул.

 

Буш признава дека направил грешка со поствоен Ирак
[27.08.2004] Американскиот претседател Џорџ Буш во интервјуто за денешното издание на „Њујорк тајмс“ првпат признава дека „направил погрешна проценка“ за условите во поствоен Ирак.

 

Муслимански екстремисти презедоа одговорност за уривањето на авионите
[27.08.2004] Групата наречена Бригадите на Исламбули ја презеде одговорноста за уривањето на двата руски патнички авиони, во кои загинаа 89 лица.

 

Ирачките киднапери го убија италијанскиот новинар
[27.08.2004] Ирачки киднапери го убија италијанскиот новинар Енцо Балдони, киднапиран на 19.август, бидејќи Италија не го исполни нивниот претходен ултиматум да ги повлече своите сили од Ирак, објави синоќа арапската телевизија Ал-Џезеира.

 

Рускиот авион Ту-154 праќал сигнали дека е киднапиран
[27.08.2004] Контролата врз рускиот авион Ту-154 што во вторникот се урна во близина на Ростов на Дон ја презеле терористи, соопштија денеска претставници на руските авио-диспечерски служби.

 

Екваторијална Гвинеја бара да се испорача Марк Тачер
[27.08.2004] Владата на Екваторијална Гвинеја денеска побара од Јужна Африка да и го испорача Марк Тачер, син на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, кој се наоѓа во домашен притвор поради обвиненија дека учествувал во подготовка на пуч во Екваторијална Гвинеја, јавуваат агенциите.

 

Најмалку 29 загинати во сообраќајка во Мароко
[28.08.2004] Најмалку 29 лица загинаа и 20 се повредени во сообраќајна несреќа што денеска се случи на еден пат во јужниот дел на Мароко.

 

Судири во Багдад, американски напади во Фалуџа
[28.08.2004] Двајца ирачки цивили се убиени, а 6 повредени во денешниот минофрлачки напад во Багдад што го извршија ирачките бунтовници, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Ирак Аднан Абдул Рахман.

 

Најдени телата на двајца убиени Турци во Ирак
[28.08.2004] Во близина на ирачкиот град Бајџи се пронајдени телата на двајца застрелани турски државјани кои беа држени како заложници од радикалните ирачки бунтовнички групи, јави катарската телевизија „Ал Џезира“.

 

Пронајдени остатоци од експлозив и на вториот руски авион
[28.08.2004] Веќе нема дилема, уривањето на двата Тупоњева во вторникот, на две различни локации во Русија, при што загинаа 90 лица се терористички напади. Руската федерална служба за безбедност денеска потврди дека и на остатоците од вториот Тупољев, кој се урна во Тулската област, се откриени траги од експлозивот Хесоген.

 

Американски аналитичар осомничен дека е израелски шпиун
[28.08.2004] Шпиунска афера го потресува Пентагон. Аналитичар поврзан со канцеларијата на Рамсфелд е осомничен дека е Израелски шпиун. Тој пренел тајни документи за Иран до Еврејската држава.

 

Иницијатива за импичмент на Тони Блер
[28.08.2004] Група пратеници во британскиот Парламент, противници на војната во Ирак, предводена од велшката националистичка партија Кимру, сакаат да покренат импичмент против премиерот Тони Блер.

 

Вонредни претседателски избори во Чеченија
[29.08.2004] Под засилени безбедносни мерки поради страв од можни терористички напади на чеченските сепаратисти, денеска во Чеченија се одружваат вонредни претседателски избори.

 

Во Ирак киднапирани двајца Французи
[29.08.2004] Ирачки милитанти грабнаа двајца Французи и за нивно ослободување бараат од Владата во Париз во рок од 48 часа да ја укине забраната за носење муслимански шамии во училиштата, јави катарската телевизија Ал Џезира.

 

Најмалку 9 деца загинаа во експлозија во Авганистан
[29.08.2004] Девет деца и еден возрасен загинаа во експлозијата што се случи денеска во едно училиште во југоисточната авганистанска провинција Пактија, соопштија американските сили во Авганистан, кои почнаа истрага за утврдување на причините за експлозијата.

 

Над 13 загинати во верижен судар во Франција
[29.08.2004] Во верижен судар на шпански автобус и 20-тина возила што се случи денеска во јужна Франција загинаа најмалку 13 лица, а 45 се повредени.

 

Буш не се откажува од борбата со тероризмот
[29.08.2004] Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека САД мораат да реагираат на терористичките закани и да ги совладаат терористите и надвор од нејзините граници.

 

Индија тестира балистичка ракета со среден дострел
[29.08.2004] Индија денеска успешно тестираше балистичка ракета земја-земја „Агни 2“ со среден дострел, која може да носи и нуклеарно полнење, соопшти индиското Министерство за одбрана.

 

Судир меѓу Буш и лидерот на Британската опозиција
[29.08.2004] Претседателот на САД Џорџ Буш одби да се сретне со лидерот на британската опозиција Мајкл Хауард, па Белата куќа ја откажа средбата покажувајќи на тој начин дека односите меѓу американските републиканци и британските ториевци се во длабока криза.

 

Кувајт одобри 65 милиони долари помош за Ирак
[30.08.2004] Кувајт одобри 65 милиони долари помош за соседен Ирак, од кои пет милиони за обнова на светиот град Наџаф, соопшти министерот за информации Мохамед Абдула Абасд Абдулхасан.

 

Алханов е нов претседател на Чеченија
[30.08.2004] Чеченскиот министер за внатрешни работи Алу Алханов освои 73,48 проценти од гласовите на вчерашните претседателски избори во Чеченија.

 

Буш: „Јас ја создавам историјата“
[30.08.2004] „Јас сум човек кој ја создава историјата“ - изјави американскиот претседател Џорџ Буш во интервјуто за списанието „Тајм“ што излезе денеска.

 

Боби Фишер: „САД, е досадна земја која може да ме убие“
[30.08.2004] Некогашниот светски шампион во шах Боби Фишер изјави дека стравува од убиство од страна на САД, за која кажа дека е една „досадна и празна земја“.

 

Франција нема да го поништи законот за шамии
[30.08.2004] Франција нема да го поништи законот според кој се забранува носење муслимански марами во француските државни училишта и покрај барањата од страна на грабнувачите на француските заложници во Ирак, соопшти претставник на Министерството за правда во Париз.

 

Чешка им продаде радарски системи на САД
[30.08.2004] Чешка им продаде на САД радар од типот „Вера“, потврди чешкиот министер за надворешни работи Сирил Свобода. Како што пишува во денешното издание чешкото списание „Право“, Чешка пред три месеци под притисок на Вашингтон се откажала од плановите за продажба на радарот на Кина.

 

Руски војник убил тројца припадници на неговата единица
[30.08.2004] Еден војник од службата за брза помош на пограничен одред на руската армија убил тројца и ранил еден војник од неговата единица.

 

Целосно прекината испораката на нафта од Јужен Ирак
[30.08.2004] Искораките на нафта од наоѓалиштата во јужниот дел на Ирак се целосно во прекин по вчерашните напади врз нафтоводите во рагионот, изјави денеска висок претставник на ирачката нафтена индустрија.

 

Пет лица повредени при ракетен напад во Пакистан
[30.08.2004] Пет лица се ранети, од кои три деца, синоќа кога најмалку четири ракети паднаа во стамбениот реон во североисточниот пакистански град Бану. Медиуми оценуваат дека цел на нападот најверојатно била воената база во градот.

 

Во Германија уапсен грчки бизнисмен осомничен за шверц со кокаин
[30.08.2004] Германските власти утрово го уапсија грчкиот бизнисмен Александрос Ангелопулос, осомничен за организирање шверц на 4,5 тони кокаин што беше откриен и запленет во јули на бродот „Африка 1“ во Атлантскиот Океан јужно од Гибралтар.

 

Дејвид Толберт нов заменик на Главниот обвинител на Хашкиот трибунал
[30.08.2004] Американскиот правник Дејвид Толберт денеска ја презеде должноста заменик на Главниот обвинител на Хашкиот трибунал. Тој доаѓа на местото на Грејем Блуит од Австрија.

 

Бин Ладен купувал оружје во СФРЈ во осумдесетите
[30.08.2004] Најбараниот светски терорист во светот Осама бин Ладен во срединта на осумдестите бил во Југославија - во Загреб и Белград, од каде купувал оружје за борбата против советските сили во Афганистан, пишува хрватскиот неделник „Глобус“, повикувајќи се на документ од 1986 година, на тогашната Сојузна дирекција за стоков промет со седиште во Белград.

 

Екс директорот на Би-Би-Си го обвинува Блер за измама на Британците
[30.08.2004] Поранешниот генерален директор на Би-Би-Си Грег Дајк кој поднесе оставка по објавувањето на извештајот на лордот Хатон, жестоко го нападна британскиот премиер Тони Блер обвинувајќи го дека ја измамил британската јавност во врска со војната во Ирак.

 

Франција превзема акции за спас на киднапираните новинари
[30.08.2004] Франција, денеска, започна со серија активности за ослободување на двајцата француски новинари, што на 20.август во Ирак беа киднапирани од групата наречена Исламска војска во Ирак.

 

Тројца Американци и тројца Авганистанци загинаа во Кабул
[30.08.2004] Тројца Американци и тројца Авганистанци загинаа при вчерашниот напад во центарот на Кабул, потврдија Меѓународните сили за поддржување на безбедноста (ИСАФ).

 

Испратени писма-бомби до локалната власт во Баварија
[30.08.2004] Две писма-бомби денеска се испратени до претставници на локалната власт во јужната германска покраина Баварија, соопшти германската полиција.

 

Руските авиони се урнале поради експлозии во опашките
[30.08.2004] Причината за уривањето на двата руски авиони Ту-134 и Ту-154 минатиот вторник е експлозија, соопшти денеска Федералната служба за безбедност на Русија.

 

Моктада ел Садр најави формирање на политичко движење
[30.08.2004] Поради ситуацијата во Наџаф и останатите ирачки провинции ги повикуваме сите членови на Армијата на Махди да ги прекинат борбите, освен во самоодбрана и да бидат трпеливи се додека не се објави политичката програма на следбениците на Моктада ел Садр, изјави денеска шеикот Али Смеисим за либанската телевизија Ал Манар

 

Русија ќе им плати отштета на семејствата на загинатите
[31.08.2004] Руската Влада на денешната седница се очекува да донесе одлука за доделување еднократна помош на семејствата на руските и странските граѓани кои загинаа во двете авионски несреќи на 24 август.

 

Киднапираните новинари повикаа на протест против законот за шамии
[31.08.2004] Двајцата француски новинари кои се киднапирани во Ирак, апелираа до Французите да протестираат против францускиот закон со кој се забранува носењето шамии во државните училишта, а киднаперите за 24 часа го продолжија ултиматумот за ослободување на заложниците.

 

Чеченскиот претседател бара сепаратистите да го положат оружјето
[31.08.2004] Победникот на претседателските избори во Чеченија Алу Алханов ги повика сепаратистите да го положат оружјето и да се вратат кај семејствата.

 

Седум загинати и 150 ранети од тајфунот Чаба во Јапонија
[31.08.2004] Седум лица загинаа, четворица се исчезнати, а повеќе од 150 се ранети во југозападните делови на Јапонија што се зафатени од најсилниот за оваа година тајфун Чаба.

 

Шарон претстави детали од планот за повлекување од Газа
[31.08.2004] Израел би можел да почне со повлекување од Појасот Газа кон почетокот на идната година, осум месеци порано од претходно планираното, судејќи по забрзаниот план што премиерот Ариел Шарон го претстави пред пратеничката група на неговата конзервативна партија Ликуд.

 

Хамас и советниците на Садр бараат ослободување на новинарите
[31.08.2004] Палестинското радикално движење Хамас повика на ослободување на двајцата француски новинари кои беа киднапирани во Ирак.

 

Заклани дванаесетте Непалци во Ирак
[31.08.2004] Дванаесет киднапирани Непалци се заклани во Ирак, објави исламистичката група Ансар ас Суна, која соработува со Ал Каеда. Според изјавата, објавена на веб-сајтот на Ансар ас Суна, Непалците се убиени затоа што им служеле на евреите и христијаните против муслиманите и затоа што нивни бог бил Буда.

 

Над 12 загинати во експлозија на бомби во Ерусалим
[31.08.2004] Најмалку 12 луѓе загинаа, а неколку десетици се повредени, во експлозија на бомби во два автобуса што се случија денеска во јужниот израелски град Беершеба.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk