Дома Семејни интриги
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Економија > Архива > Јули 2004

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Најновите А1 вести на вашиот мобилен телефон
 

АРХИВА: Економија, Јули 2004


 

Груевски: „Новите телефонски цени спротивни на концесискиот договор“
[01.07.2004] „Владата има уште 30 дена до излегувањето на првите телефонски сметки да стори нешто во врска со покачувањето на цените на фиксната телефонија што беше одлучено од страна на „Македонски телекомуникации“, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

 

Стартуваат новите цени на Телеком
[01.07.2004] Со новиот тарифник за пресметување на цените, сите разговори над три минути ќе поскапат двојно. Ако до сега за три минути разговор, колку што се сметаше еден импулс сте плаќале 1,38 денари, по новиот ценовник ќе плаќате 3 денари.

 

Рекорден пад на македонската економија од 3,6% во првиот квартал
[01.07.2004] Македонската економија во првите три месеци годинава оствари рекорден пад од цели 3,6 проценти, објави денеска Заводот за статистика.

 

Македонските бизнисмени иницираа основање на стопански комори
[01.07.2004] Со оваа кампања, голема групација на македонски бизнисмени иницираше основање на стопански комори, кои конечно треба да се наметнат како партнер и креатор на економската политика. На денешниот иницијативен состанок, бизнисмените договорија прво да се формираат 4 комори.

 

По неколку месечен штрајк, тепачка во скопски Пролетер
[01.07.2004] 70 тина полицајци и специјалци денеска влегоа во скопски Пролетер, откако рано утрината во фирмата се случил инцидент, тепачка меѓу работниците што со месеци штрајкуваат и личното обезбедување на директорот Андоновски.

 

Наскоро почнува изградбата на трговскиот центар Рамстор Македонија
[01.07.2004] Изградбата на трговскиот центар Рамстор Македонија во центарот на Скопје, почнува наскоро, се пофали денеска инвеститорот на проектот, турската компанија Коч Холдинг и покажа како ќе изгледа трговскиот центар по десет месеци кога треба да биде готов.

 

Блокирана сметката на „Табак осигурување“
[02.07.2004] Електростопанство е пред опасност, ако се случи некаква хаварија, да нема кој да му ја надомести штетата, бидејќи „Табак осигурување“, каде е осигурано ова претпријатие веќе два дена има блокирана сметка.

 

Инспекцијата не ги објави имињата на неисправните салами и колбаси
[02.07.2004] Пазарната инспекција се уште не ги објавува имињата на месо преработувачите, кои наместо месо, во саламите и колбасите ставаат вода и маст. Засега е само потврдено дека со ваква измама ќарот го вадат 8 домашни производители.

 

Агенцијата за приватизација повторно го продава капиталот преку берзата
[02.07.2004] По половина година пауза, Агенцијата за приватизација повторно почнува со продажба на државниот капитал преку берзата.

 

Советот за радиодифузија предложи доделување 3 нови концесии
[02.07.2004] Скопските телевизии „Канал 5“ и „Телма“ и гостиварскиот бизнисмен Веби Велија да добијат концесија за телевизија на национално ниво. Ова е предлог одлуката на Советот за радодифузија, која сега треба да ја потврди Владата.

 

Интернетот поскапе двојно
[03.07.2004] Интернетот поскапе двојно. Ако до пред три дена за 1 час сурфање по интернет сте плаќале 27 денари, сега тоа ќе ве чини двојно повеќе, 60 денари.

 

Македонија единствена земја во регионот со пет национални телевизии
[04.07.2004] Македонија станува единствена земја во регионот со пет национални телевизии. И покрај предупредувањата на Европската Унија и на групата за медиуми од Пактот за стабилност дека македонскиот пазар е премал за толкав број на национални концесионери, Владата доделува три нови тв концесии на национално ниво.

 

Груевски „СДСМ е шок за македонската индустрија“
[04.07.2004] ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори, затоа што резултатите на Владата се длабока економска рецесија.

 

Откупната цена за пченицата 11 денари за кг.
[05.07.2004] Утврдена заштитна цена на пченицата. Годинава ќе биде поголема само за половина денар и за килограм предадена пченица земјоделците ќе добиваат по 10 и пол денари, плус стандардните половина денар за транспортни трошоци, вкупно 11 денари.

 

НВО бара бесплатен телефонски број за пристап на Интернет
[05.07.2004] Граѓанското здружение „Мрежен електронски центар“ бара државата да им овозможи на граѓаните еднаков и слободен пристап на Интернет со отворање бесплатен телефонски број.

 

„Влеча на возови“ се заканува со штрајк
[05.07.2004] Синдикатот на подружницата „Влеча на возови“ при ЈП „Македонски железници“ денеска донесе одлука за стапување во штрајк на членството на 21 овој месец.

 

Падот на индустријата за владата е симптоматичен
[05.07.2004] Владата денеска повторно се посомнева во реалноста на податоците кои покажуваат дека по огромниот пад на индустријата, паѓа и вкупната економија во земјава. Основа за недовербата на владата е тоа што истовремено со падот на индустријата растеле: потрошувачката на струја кај фабриките, платите и парите што банките го давале во стопанството.

 

Странска ревизорска куќа ќе ја испитува законитоста на поскапувањето на телефонот
[05.07.2004] Владата денеска објави дека ќе испитува дали поскапувањето на телефонот е во согласност со договорот за концесија со Телекомот.

 

Таип Јакупи: „Поштата не смееме да им ја дадеме на Канаѓаните“
[05.07.2004] Не смееме да им ја препуштиме нашата Пошта на Канаѓаните вели директорот на поштата Таип Јакупи. Преговорите за преземање на македонски од канадски пошти треба да продолжат во септември, но сите контакти изминатава година во која договорот беше во мораториум се неуспешни.

 

Се одземаат дуќани од „Газела“ бидејќи Дос не плаќал кирија
[05.07.2004] Работниците од „Газела“ тврдат дека успеале да си го повратат имотот на фабриката бидејќи Заводот за геодетски работи ја впишал „Газела во стечај“ како сопственик на имотот. Сега велат тие поранешниот сопственик на „Газела 2001“, Флоријан Дос без основа се обидува да го оспори ваквото решение на Геодетскиот завод.

 

Охридскиот аеродром од утре повторно отворен
[06.07.2004] Привршува реконструкцијата на Охридскиот аеродром. Од утре тој ќе биде отворен само за дневни летови, а комплетно ќе биде пуштен во сообраќај до крајот на идната недела. Дотогаш треба да заврши монтажата на новата светлосна сигнализација, која треба да ги опслужува ноќните полетувања и слетувања на авионите.

 

Формиран тимот за спас на производството
[06.07.2004] Во Министерството за економија е формиран работниот тим што треба да направи анализа и да предложи мерки за спас на производството, кое вратоломно паѓа веќе пет месеци. Од утре на овој проблем ќе работат експерти од Министерствата за економија и финансии, статистика и Народната банка. Вака се договорија на денешниот состанок, првите луѓе на овие институции.

 

Можен е повторен штрајк во Македонски железници
[06.07.2004] Владата ниту е заинтересирана, ниту пак има концепт да ги реши проблемите на најзадолженото јавно претпријатие Македонски железници, обвини денеска Синдикатот на сообраќајниот персонал.

 

Црвенковски: „Пад на производството има, но не се знаат причините за тоа“
[07.07.2004] Прво треба да се идентификуваат вистинските причини, каде лежи проблемот. Мислам дека сега гледаме само голи бројки без да се направи анализа на што се должи тоа, изјави во интервјуто за А1 Бранко Црвенковски претседател на Македонија.

 

ХЕЦ „Козјак“ стартува со редовно производство
[07.07.2004] Со протекување на првите киловатчасови електрична енергија од првиот агрегат денеска ќе биде означен стартот на новата хидроелектрична централа „Козјак“, а објектот свечено ќе го предаде во употреба претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски.

 

Костов го призна падот на индустријата
[07.07.2004] Премиерот Костов и официјално ги призна лошите бројки во индустријата и излез од огромниот пад гледа само ако почнат да работат рудниците.

 

Косово засега се повлекува од идејата зa царини кон Македонија
[07.07.2004] Косово засега се повлекува од идејата за воведување царини за македонските производи, но најавува дека има намера со Скопје да случи свој договор за слободна трговија. Косово сега го применува договорот за слободна трговија потпишан меѓу Македонија и некогашна Сојузна Република Југославија според кој Покраината и земјава тргуваат без плаќање царина.

 

Бизнисмените од Битола со поддршка за 4-те нови стопански комори
[07.07.2004] Зад основачката идеја за коморското здружување од 1 јули чии носители се сопствениците на фирмите „Стратус“, „Бујото“, „Хајтек корпорејшн“, „Тинекс“, „Леснина“, „ПКБ“ и други застанаа бизнисмените на „Енигма“, „Сан Марко“, „Мисома“, „Жито Битола“, и други компани од Битола.

 

Германски грант 5,1 милиони евра за развој на општините
[08.07.2004] Министерот за транспорт и врски Агрон Буџаку и германската амбасадорка во Македонија Ирене Хинриксен денеска потпишаа Спогодба за реализација на третата фаза од програмата „Социјална инфраструктура“.

 

Пропадна акцијата на синдикатот за помош на текстилците
[08.07.2004] Пропадна акцијата на синдикатот за помош на најзагрозените работници во земјава, текстилците. На црно во оваа дејност работат 12 илјади луѓе. Овие луѓе се плашат да пријават, оти ќе летаат од работа.

 

Од понеделник возовите ќе стојат по два часа во место
[08.07.2004] Од понеделник, возовите нема да сообраќаат по два часа дневно. Ќе застануваат таму каде што ќе се најдат. Кои ќе бидат тие два часа ќе се знае дополнително.

 

Табак осигурување го известило ЕСМ да не се грижи за евентуални хаварии
[08.07.2004] Раководството на Табак осигурување, кое повеќе од една недела има блокирана сметка, писмено го известило Електростопанство да не се грижи за евентуални хаварии во системот.

 

Заврши важноста на сертификатите на ТАТ
[08.07.2004] Заврши обештетувањето на татовци. По денешното последно берзанско тргување со сертификатите, тие се безвредни, бидејќи Владата не дозволи да се продолжи нивната важност до крајот на годината, така што штедачите ја тужат државата, Поповски и Црвенковски.

 

Сеуште нема договор меѓу Телеком и провајдерите за пониски цени на Интернетот
[08.07.2004] Интернет корисниците се во паника по последното поскапување на телефонските импулси, бидејќи за нив не важат специјалните пакети на Телеком за долги разговори, а Телеком и провајдерите не можат да се договорат за специјалната линија што ќе овозможува поефтин интернет.

 

Од понеделник едночасовна блокада на железничкиот сообраќај
[09.07.2004] Со едночасовен прекин на железничкиот сообраќај од понеделник до петок наредната недела вработените во ЈП „Македонски железници“ ќе се обидат да издејствуваат исплата на вториот дел од платата за април годинава и платата за мај најдоцна до 16-ти овој месец, а останатите плати да се исплаќаат согласно одредбите од Колективниот договор.

 

Запечатени 9 бензински што точеле екстралесно гориво
[09.07.2004] На 9 бензински пумпи им се заканува затворање откако пазарната инспекција утврди дека незаконски продаваат екстра лесно како дизел гориво.

 

Големи незаконски трошења од буџетот во 2002
[09.07.2004] Кредитирање фирми, отпис на долгови, ненаменско трошење на државните пари. Ова се само дел од злоупотребите во државниот буџет за 2002 година, констатирани во извештајот на државниот завод за ревизија, до кој дојде А1.

 

Европските фондови ќе ни бидат достапни во 2006
[09.07.2004] Кога и колку пари ќе може Македонија да зема од Европската унија. Не порано од 2006-та, ако дотогаш бидеме поканети за преговори. Колку? Е тоа зависи од вас самите, вели словенецот Мојмир Мрак, експерт за користење на фондовите од Унијата.

 

Заврши важењето на сертификатите од ТАТ
[09.07.2004] Претседателот Црвенковски веќе не е добредојден во Битола, велат штедачите на ТАТ разочарани од неисполнетото ветување дека ќе бидат обесштетени подобро отколку со сертификатите чија важност заврши вчера.

 

Продолжува битката за имотот на „Македонија табак“
[09.07.2004] Пресудата за бришење на „Македонија табак 2000“ од трговскиот регистер не е правосилна тврди актуелното раководство на фирмата.

 

Годишното собрание националниот совет за претприемништво
[10.07.2004] Зголемување на домашните и странските инвестиции, подобрување на управувачките способности, европската интеграција и државни инвестиции неопходни за економскиот раст на државата, се четирите приорите на кои во наредната календарска година ќе работи Националниот совет за претприемништво и конкурентност утврдени на денеска одржаното годишното собрание, на кое свое обраќње имаше и премиерот Хари Костов.

 

Стопанствениците ги поддржуваат новите стопански комори
[10.07.2004] И стопанствениците од источниот регион на Македонија синоќа се приклучија кон иницијативата за формирање на новите стопански комори.

 

Се уште непознати причините за економскиот пад
[11.07.2004] За крајот на неделава што претстои се очекуваат првите анализи за причините за огромниот пад на индустријата што предизвика пад и на целата економија. Во првите 5 месеци годинава производството падна за 31%, а економијата место да порасне за 3,2, падна за 3,6%.

 

Почна и заврши предупредувачкиот штрајк во МЖ
[12.07.2004] Три патнички и неколку товарни возови утрото од осум до девет часот стоеа на пругите каде што се затекнаа. Возот од Србија кон Скопје стоеше на Табановце, возот од Скопје за Битола стоеше на Богомила, а возот од Скопје кон Гевгелија кај Кукуречани. Преполни со патници по еден час го продолжија патувањето. Со тоа заврши предупредувачкиот штрајк на железничарите.

 

Прекината жетвата во Пелагонија
[12.07.2004] Земјоделците од пелагонискиот регион наместо на жетва тропаа на вратите на министерствата за земјоделие и за економија. Двата најголеми откупувачи за пченица во земјава не ја почитуваат заштитната цена од 11 денари за килограм.

 

Нема увоз на производи доколку немаат декларација на македонски
[12.07.2004] Странски производи веќе не може да влегуваат во Македонија ако немаат декларација на македонски јазик. Од денеска стапија на сила новите одредби од законот за трговија што увозот го условуваат со ваква декларација.

 

Граѓанската акција „Пружи отпор - кажи не“ најавува протест пред Телеком
[12.07.2004] Телеком да ги врати старите цени на импулсот и јавно да го објави концесискиот договор, а владата да ги повлече своите преставници од Управниот одбор на компанијата. Ова го бара граѓанската акција „Пружи отпор - кажи не“ која денеска на Телекомот и на владата им достави протесно писмо.

 

НБРМ ја намали каматната стапка на ломбардниот кредит
[13.07.2004] Народната банка денеска ги намали каматите на кредитите што таа им ги дава на банките во крајна нужност, односно кога тие немаат од каде од друго место да позајмат пари за да не одат во минус. Каматата на овие кредити, која за време на воената 2001 година изнесуваше дури 23 проценти, од денеска е намалена на 11, најниска стапка во историјата на самостојна Македонија.

 

Само колбасот на Солета не одговара на одредбите од правилникот
[13.07.2004] Супер анализата на осумте сувомеснати производи со сомнителен квалитет, покажа дека само посебниот барен колбас на производителот „Солета“ не одговара на одредбите од правилникот.

 

Градежните фирми тврдат дека државата им го зема бизнисот
[13.07.2004] Некогаш моќните македонските градежни фирми, тонат во се подлабока финансиска криза, и доколку државата не ги заштити од нелојалната конкуренција тие ќе се затворат, предупредија директорите на повеќе поголеми градежни компании.

 

Антикорупциската комисија порачува да се поништи договорот меѓу МРТ и СВРСА
[13.07.2004] Антикорупциската комисија денеска уште еднаш му препорача на Собранието да го поништи штетниот договор меѓу Македонската Радиотелевизија и СВРСА. Денешната седница на Антикорупциската комисија доаѓа по неприфаќањето на нејзините заклучоци од страна на собраниската комисија за транспорт и врски.

 

И Охридските фирми се приклучуваат кон 4-те нови стопански комори
[13.07.2004] И Охридските фирми се приклучуваат кон 4-те нови стопански комори, чие основачко собрание е закажано за утревечер.

 

Трендафилов „Имаме големи очекувања за ова коморско здружување“
[13.07.2004] Потребно е формирање на стопански комори затоа што досега не видовме среќа од постоечките стопански комори, не видовме никаква убавина и мир. Ние превземаме акција затоа што не беше превземено ништо, изјави за А1 Михајло Трендафилов Директорот на „Леснина Инженеринг“.

 

Јавни трибини за поскапувањето на телефонот
[14.07.2004] Додека невладините организации од внатрешноста се подготвуваат за протести против новите цени на телефонот, скопските невладини заедно со Телекомот ќе организираат трибини за граѓаните. Тврдат, дека со ова не го бранат Телекомот, туку сакаат да дојдат до вистината, дали новите цени ќе ги зголемат телефонските сметки.

 

Договор за соработка помеѓу Македонски и Косовски железници
[14.07.2004] Со цел ставање на дел од своите капацитети во функција на другите железнички субјекти на Балканот, Јавното претпријатие „Македонски железници“ информира дека денеска за потребите на УНМИК железниците од Косово ја предало во употреба првата ремонтирана дизел-електрична локомотива од серијата 661.

 

Смена на Јакупи, услов за продолжување на разговорите со Канадски пошти
[14.07.2004] Менаџерскиот врв на канадската пошта е разочаран од изјавата на првиот човек на Македонски пошти Таип Јакупи, кој рече дека на нашата пошта не и требаат Канаѓаните за да исплива од долговите. Тие возвраќаат, за да се обнови прекинатата соработка мора да се смени директорот.

 

РЗЗЗ испитува дали сокот Фруктал е исправен
[14.07.2004] Републичкиот завод за здравствена заштита испитува дали сокот од боровинка на фирмата Фруктал, што се произведува и продава во Македонија, содржи радиоактивни материи и дали е здравствено исправен.

 

„Глендор естејтс“ објави оглас во „Фајненшел тајмс“ за закупци на Бунарџик
[14.07.2004] „Фантастична можност за инвестирање и проширување на бизнисот во Слободната економска зона „Бунарџик“ во близина на аеродромот во Скопје, Македонија, формирана од македонската Влада за поттикнување на економскиот развој. Фирмите што ќе закупат простор во „Бунарџик“ ќе бидат ослободени од плаќање даноци и други давачки во период од 10 години“.

 

Македонија дел од транс-јадранскиот гасовод
[14.07.2004] Додека Владата и Макпетрол се расправаат чиј е гасоводот, а другиот турско-грчкиот транс-европски, ја заобиколи Македонија, швајцарската компанија „Егл“ денеска доби согласност од македонската Влада да гради нов гасовод што ќе минува низ Македонија.

 

Сокот на „Фруктал“ кај нас може да се пие слободно
[15.07.2004] И македонската анализа на сокот на Фруктал од боровинки, произведен во нивната фабрика во Скопје, покажа исто присуство на радиоактивната материја цезиум 137, поради што овој сок беше забранет за пиење во Србија и Црна Гора.

 

Македонија доби три заеми од Светската банка
[15.07.2004] „Некои од овие мерки предизвикаа бура во јавноста, но реформите нема да запрат“, рече денеска министерот Поповски, кој потпиша договори за три нови заеми од Светската банка во вкупна вредност од 50 милиони долари.

 

Над 500 бизнисмени го основаа Сојузот на стопански комори
[15.07.2004] Над 500 бизнисмени од цела држава го основаа Сојузот на стопански комори, движење што треба да ги промовира стопанствениците во фактор што ќе влијае во креирање на економската политика, што ќе создаде подобар амбиент за работа. Бизнисмените масовно се приклучуваа кон трите комори што се основаа вчера, трговската, индустриската и услужната комора. Стопанствениците главно и се лутат на државата што не создава услови за работа.

 

Заврши првата фаза од реформата во јавната администрација,
[15.07.2004] До денешниот последен рок за спроведување на првата фаза од реформата во јавната администрација, отпуштени се 994 луѓе.

 

Сокот на „Фруктал“ забранет за употреба во Република Српска
[16.07.2004] Министерството за здравство и социјална заштита на Република Српска привремено забрани увоз на соковите од боровинки на произведувачот „Фруктал“.

 

Цените на индустриските производи во јуни повисоки за 0,6%
[16.07.2004] Цените на индустриските производи минатиот месец во однос на мај годинава беа повисоки за 0,6%, во однос на ланскиот просек за 1,4%, а во споредба со истиот месец 2003 за 2,3%.

 

Поскапувањето на телефонот останува
[16.07.2004] Црвенковски, Костов и првиот човек на Матав Штрауб на заедничка средба во Скопје не најдоа заеднички јазик, поскапувањето на телефонските импулси останува.

 

„Водовод“ се заканува со исклучување за оние кои не плаќаат
[16.07.2004] Сега, во шпицот на летната сезона „Водовод“ ќе им ја исклучува водата на нередовните плаќачи на сметките. За да се спасат од исклучување граѓаните можат да ја искористат последната шанса, долгот да го платата на рати.

 

МЖ не ја исклучуваат можноста од целосен прекин
[16.07.2004] Вработените во Македонски железници ја добија само втората половина од априлската плата, но не и една од двете заостанати плати како што бараа. Со тоа раководството на МЖ исполни само дел од нивните барања.

 

Охрид полупразен
[17.07.2004] Шпицот на туристичката сезона која започна денеска ги загрижи охридските хотелиери и другите туристички работници.

 

Забранет уште еден контингент сокови „Фруктал“ во СЦГ
[17.07.2004] Санитарната инспекција на црногорското Министерство за здравство забрани за продажба уште еден контингент сокови од боровница на „Фруктал“, увезени од Македонија, поради присуство на недозволено количество радиоактивен Цезиум 137.

 

Скапо или ефтино, летувањето е екстра трошок за семејниот буџет
[17.07.2004] Козметика, костими за капење, летни реквизитеи, сандали. Преполни излози. Продавачите велат дека ова е најбараната и најкупувана стока овие месеци.

 

Царината со бај пас операции ќе ги решаваат турканиците за олимпијадата
[18.07.2004] Царината и полицијата со бај пас операции ќе ги решаваат турканиците што се очекуваат на границите пред олимпијадата во Атина. Како кризен период се смета од 25 јули кога ќе почне зголемена циркулација на возила и патници па се до завршување на олимпијадата.

 

Ликвидација на 25 водостопански претпријатија
[18.07.2004] Ликвидација на 25 водостопански претпријатија реши државата. 2.700 вработени сега се под бирото за вработување, а хаосот што владее повеќе од 10 години треба да го решат новите стопанства и нови вработени.

 

Љубљана протестираше до Советот за безбедност на ОН поради „Фруктал“
[19.07.2004] Словенија го извести Советот за безбедност на ОН за затворењето на магацинот на словенечкиот производител на сокови и пијалоци „Фруктал“ на Косово, истакнувајќи дека се работи за самоволие на косовските власти и непримерно однесување на УНМИК.

 

„Митилинеос“ не се откажува од рудникот Саса
[19.07.2004] Грчката компанија „Митилинеос“ не се откажува од рудникот Саса. Фирмата денеска повторно достави понуда од 650.000 евра за купување на рудникот. За „Саса“ заинтересиран е и бизнисменот од Словенија Блажо Тасев.

 

Утре двочасовен штрајк на МЖ, задутре целосен
[19.07.2004] Утре во 6 часот изутрина почнува двочасовната блокада на железничкиот сообраќај. Наместо во овој термин да тргнат, возовите ќе останат на пероните. Утрешната блокада ќе биде предупредување за граѓаните да не купуваат карти поради целосната блокада на возовите што ќе се случи во среда.

 

Вработените во фабриката за шински возила повторно во штрајк
[19.07.2004] По неуспешните два обиди со штрајк и стопирање на меѓународниот патнички воз на железничката станица во Велес од МЖ да издејствуваат исплата на заостанатите плати овој пат вработените во фабриката за шински возила Колска најавуваат дека штрајкот ќе трае до целосно исполнување на договорот.

 

Утрово делумна, утре целосна блокада на МЖ
[20.07.2004] Сите патнички и товарни возови, како и меѓународниот, за Србија, рано утрината, во 6 часот наместо да тргнат, останаа на пероните. Железничарите по вторпат го блокираа сообраќајот. Возовите стоеа два часа.

 

Бројот на интернет корисници драматично паѓа
[20.07.2004] Бројот на интернет корисници драматично паѓа, откако се зголемија цените на телефонските услуги, а Телеком не ги прифаќа решенија на монополската управа, која му наложи да воведе посебна линија за провајдерите со специјална интернет цена.

 

Тендер за продажба на НИП „Нова Македонија“
[21.07.2004] Имотот на Печатницата на НИП „Нова Македонија“ во стечај денеска повторно се нуди на продажба преку меѓународен тендер.

 

Блокадата на МЖ продолжува и утре
[21.07.2004] Сите патнички и товарни возови утрината останаа на пероните. Во 6.00 часот железничарите целосно го блокираа сообраќајот. Блокадата продолжува и утре бидејќи вработените не го прифатија предлогот на раководството заостаната плата да ја добијат во текот на идната недела.

 

Отварање на Царинскиот терминал на Блаце
[21.07.2004] Министерот за транспорт и врски Агрон Буџаку денеска свечено ќе го пушти во употреба Царинскиот терминал на граничниот премин Блаце.

 

Акционерите на ТКК се заканија со протести ако не се одржи собрание
[21.07.2004] Акционерите од Тутунскиот комбинат во Куманово (ТКК) се заканија со масовни протести пред кумановскиот Суд, ако не се испочитува законскиот рок за свикување акционерско Собрание со што ќе се отстрани финансиска блокада на Комбинатот, јавува Макфакс.

 

Буџаку не прифаќа одговорност за продажбата на државното земјиште
[21.07.2004] Буџаку не прифаќа одговорност за продажбата на државно земјиште, бидејќи вели - се било законски. Тој со контра удар: тврди дека државно земјиште по багателни цени продавале и другите министри во владата на Костов.

 

НВО секторот ќе повика на бојкотирање на јулската телефонска сметка
[21.07.2004] Невладините организации од внатрешноста ќе ги повикаат граѓаните да ја бојкотираат јулската телефонска сметка што ќе стаса со новите цени. Во консултација со адвокатската комора, предлогот ќе биде да не плаќа 49% од висината на сметката, колку што изнесува сопственоста на владата во Телекомот.

 

Железничкиот сообраќај делумно деблокиран
[22.07.2004] Возовите и денеска останаа на пероните. Железничарите втор ден го блокираа сообраќајот барајќи исплата на заостаната мајска плата. Раководството на МЖ денеска им ја исплати само половина плата.

 

Падот на производството нереално прикажан
[22.07.2004] Владата ги лоцираше виновниците за падот на производството, комбинација на лоши статистички показатели и фирми кои доставувале лажни податоци за сопственото производство. Извештајот на економскиот центар за анализи нарачан од владата оди на линија на досегашните ставови на министрите да не се признава пад на економијата туку да се обвинат компаниите.

 

Поповски: „Буџаку не знае што се случува во неговиот ресор, а не во други“
[22.07.2004] Министерот Буџаку не знае што се случува ниту во неговиот ресор, а не во другите. Вака министерот за финансии Никола Поповски одговори на обвинувањата од Буџаку дека и тој продавал земјиште.

 

Прекинат штрајкот на МЖ
[23.07.2004] Сите возови од денеска почнаа да сообраќаат. Железничарите ја прекинаа тридневната блокада на сообраќајот, откако раководството на Македонски железници им ја исплати и втората половина од заостаната мајска плата. Првата половина од плата вработените ја добија вчера.

 

„Митал“ одби да ги купи 28-те проценти од Валавница
[23.07.2004] Индискиот магнат „Митал“ денеска одби да ги купи 28-те проценти државни акции што Агенцијата за приватизација ги понуди за продажба на берзата. Иако беше најавено дека овој државен пакет денеска требаше да го купи Митал, за да стане сопственик на целиот имот на Валавницата, тоа не се случи.

 

Канаѓаните се поблиску до откажувањето од Македонска пошта
[24.07.2004] Договорот за влегување на Канадска во Македонска пошта во септември се реактивира, а Владата допрва ќе гради став дали на нашата пошта и требаат Канаѓаните. Од Торонто пак, стигнува порака, преговорите веднаш треба да се обноват.

 

Штрајкот во Пролетер ги погоди граѓаните кои патуваат низ земјава
[25.07.2004] Штрајкот во Пролетер ги погоди граѓаните кои патуваат низ земјава. Тие се жалат дека со часови чекаат автобуси. Нема каде да прашаме кога има автобус, па така трчаме од перон на перон за да се информираме, велат граѓаните.

 

Поскапуваат нафтените деривати
[26.07.2004] Од ноќеска на полноќ нови, повисоки цени на бензините. Нафтените деривати поскапуваат за 3,18% или за 1,5 денар за литар гориво. Така, литар премиум, што е замена за суперот ќе чини 57,50 денари.

 

Над 150 македонски туристи останаа 30 часа на аеродромот во Анталија
[26.07.2004] Повеќе од 150 македонски туристи кои биле на летување во Анталија останаа 30 часа на тамошниот аеродром. По речиси два дена на аеродром, тие попладнево полетаа за Скопје.

 

Просечната плата во мај 12.551 денар
[27.07.2004] Просечната исплатена нето-плата по работник во мај годинава изнесувала 12.551 денар, што претставува номинално зголемување за 3,6%, а реално зголемување за 3,1% во однос на април годинава, соопшти Заводот за статистика.

 

Словенечки бизнисмен го купи рудникот „Саса“
[27.07.2004] По неколку годишна агонија и повеќе неуспешни обиди да се најде купувач, рудникот за олово и цинк „Саса“ денеска доби нов сопственик. Собранието на доверители на „Саса“ го избра словенечкиот бизнисмен Блажо Тасев за нов газда на рудникот.

 

Словенците најтрудољубиви, а Французите најсреќни меѓу членките на ЕУ
[27.07.2004] Највредни граѓани во Европа се Словенците. Најмрзеливи се Германците и Норвежаните, а Французите најмногу спијат и се забавуваат, ова го покажало истражувањето на статистичката канцеларија на Европската Унија, Еуростат. Словенките работат речиси девет часа дневно. Мажите во словенија пак работат еден час помалку, отколку жените. Во Германија мажите и жените, според Еуростат работат само седум часа дневно, или два часа помалку отколку жените во Словенија.

 

ЕСМ со специјални екипи почна да ја исклучува струјата
[27.07.2004] Електростопанство со специјални тимови ќе исклучува цели села и региони кои не плаќаат струја. Од ЕСМ најавуваат радикални мерки за наплата на сметките на струјата.

 

Шанковите на Лагадин се уриваат, следи Градиште
[28.07.2004] Урбанистичката полиција денеска започна со уривање на диво поставените шанкови и времени објети на плажата Лагадин во Охрид.

 

Индустриското производство продолжува да паѓа
[28.07.2004] Индустриското производство продолжува да паѓа но, со намален интензитет. За прв пат годинава и тоа дури во шестиот месец, јуни, падот е едноцифрен.

 

Владата треба да предложи мерки за запирање на негативните трендови
[29.07.2004] Економскиот совет и министрите од кабинетот на Костов, доцна попладнево го разгледуваа експертскиот извештај за падот на индустриското производство и вкупната економија во државата.

 

Рекорден трговски дефицит и се заканува на македонската економија
[29.07.2004] Во 2004-та, која многу лесно и многу брзо се ближи до епитетот најлоша економска година за земјава од осамостојувањето, уште еден економски показател има шанси да биде рекордно најлош, трговскиот дефицит.

 

Откриен нов случај на кравјо лудило во Словенија
[29.07.2004] Во Словенија е потврден петтиот по ред случај на смртоносната болест, кравјо лудило. Заразената крава, кај која словенечките ветеринарни власти ја откриле болеста, се наоѓа на една фарма за производство на млеко во североисточна Словенија.

 

Од 1 август стартува новиот тарифен систем на ЈСП
[30.07.2004] Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП - Скопје од 1 идниот месец ќе воведе нов т.н. зонски тарифен систем. Според системот, територијата на градот ќе биде поделена на четири зони.

 

Нов начин на наплата на билетите за градското возење
[30.07.2004] Од задутре ЈСП Скопје почнува со нов начин на наплата на билетите. Наместо една цена од 25 денари за градско возење, од недела ќе се наплатува од 20 до 30 денари во зависност од должината на патувањето низ градот. Цените на билетите за приградските населби остануваат исти.

 

Индустриското производство паѓа, но не со таков интензитет
[30.07.2004] Индустриското производство паѓа, но не со таков интензитет како што било објавено, се огласи денеска Владата во обид да ја разубави сликата за лошата економска состојба во државата.

 

По неколку годишна пауза, проработи текстилната фабрика Готекс
[31.07.2004] По неколку годишна пауза, денеска проработи ткајачницата во гостиварската текстилна фабрика Готекс. Ремонтирани и исчистени од пајажина, а некои дури и од р'ѓа, машините во фабричката хала повторно се во погон.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk