Дома Semejni intrigi - od ponedelnik do petok vo 20:00
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Април 2004

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Vreme online
 

АРХИВА: Свет, Април 2004


 

Ранети 2 лица во акција на СФОР на Пале
[01.04.2004] Силите на СФОР го блокира еден час после полноќ потесниот центар на Пале, во рамките на акцијата, која, според извори на НАТО, претставува нова потрага по поранешиот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ.

 

Уапсени 4 Турски учители на Филипини поради тероризам
[01.04.2004] Четворица турски учители синоќа се уапсени во Котобато Сити, јужниот дел на Филипини под сомнение дека се вмешани во тероризам, соопшти денеска Замзамин Ампатуан потсекретар во Канцеларијата за муслимански прашања.

 

Маоистите киднапираа околу 1.000 селани во Непал
[01.04.2004] Вооружени маоистички бунтовници киднапираа околу илјада лица во западната област во Непал Баџура, јавија денеска непалските медиуми.

 

Нигерија ги забрани вестите „Во живо“
[01.04.2004] Во Нигерија од утре стапува на сила забраната на домашните радио и телевизиски станици да се пренесуваат вести од странските станици „во живо“.

 

Апаратот на НАСА за дијагностицирање ќе прегледува и „обични смртници“
[01.04.2004] Специјалната техника за поставување дијагноза со помош на ултразвук, усовршена од страна на Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА), за контрола на здравјето на космонаутите наскоро би можела да се применува и за преглед на „обичните смртници“, посебно во итни случаи.

 

Израел ќе се повлече од подрачјата кои нема да ги контролира
[01.04.2004] Израелскиот премиер Ариел Шарон изјави дека Израел мора унилатерално да се повлече од подрачјата кои сигурно нема да ги контролира, во рамките на конечниот мировен договор со палестинците.

 

„Дејли телеграф“: Убиството на Конева е фијаско на британскиот систем
[01.04.2004] Убиството на 12-годишното девојче Катерина Конева од Македонија чиј убиец лондонскиот суд го осуди на доживотен затвор го покажува целосното фијаско на британскиот имиграциски систем и целосниот хаос што владее во него, пишува денеска „Дејли телеграф“.

 

Оставка на Британскиот министер за имиграција
[01.04.2004] Британскиот министер за имиграција Беверли Хјуз поднесе оставка на својата функција во Министерството за внатрешни работи. Повлекувањето од владината администрација го потврди и претставник на Министерството.

 

Во ЈАР се делат бесплатни лекови против СИДА
[02.04.2004] Во пет државни болници во Јоханесбург од вчера бесплатно се делат лекови против СИДА, од која во Јужноафрикансата Република (ЈАР) се заразени или заболени над пет милиони луѓе.

 

Истакнати знамињата на новите земји членки во НАТО пред Брисел
[02.04.2004] Трите балтички земји- Естонија, Летонија и Литванија, трите балкански- Бугарија, Романија и Словенија и уште една поранешна социјалистичка-словачка во ноември 2002-та година добија официјални покани за членство во НАТО. 6 месеци претходно беше создаден советот НАТО-Русија.

 

Известија: Косово може да ги скара Русија и Западот
[02.04.2004] Косово повторно, како и во 1999 година за време на бомбардирањата на НАТО врз Југославија, може да ги скара Русија и Западот, пишува денеска московскиот весник „Известија“.

 

Форум на новинарите од ЦЕИ во Варшава
[02.04.2004] Во организација на полското Министерство за надворешни работи и Клубот на европски новинари - асоцијацијата на полски новинари денеска во Варшава почна Вториот форум на новинарите од земјите на Централно европската иницијатива (ЦЕИ).

 

Израелски полицaјци упаднаа во џамијата Ал Акса
[02.04.2004] Израелски полицајци денеска упаднаа на плоштадот пред џамијата Ал Акса, откако Палестинците претходно ја каменувале полицијата и еврејските верници, соопшти израелската полиција.

 

Учител се обидел да обеси ученик зошто немал домашна
[02.04.2004] Учителот Алберт Колман од градот Њуверк во американската држава Њу Џерси го врзал со јаже за лустер својот седмогодишен ученик, затоа што детето не напишало домашна задача.

 

Спречен нов терористички напад во Шпанија
[02.04.2004] Бомба е откриена денеска на железничка пруга по која сообраќа експресниот воз на релација Мадрид- Севиља, соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи Анхел Асабес.

 

Мајкл Грејд нов претседател на BBC
[02.04.2004] Британската Влада денеска го избра 61-годишниот Мајкл Грејд за нов претседател на Би-Би-Си.

 

Шарон изјави дека e можна акција против Арафат
[02.04.2004] Израелскиот премиер Ариел Шарон изјави дека Израел би можел да почне акција против палестинскиот лидер Јасер Арафат, пренесе вчера израелската телевизија.

 

Ширак утре ќе го посети Рускиот вселенски центар
[02.04.2004] Францускиот претседател Жак Ширак утре треба да ја посети Русија и да стане првиот западен претседател кој ќе го види тајниот вселенски центар. Посетата на Жирак на вселенскиот „Краснознаменск“ се гледа како знак на пријателство и доверба од страна на претседателот Путин.

 

Словачка избира претседател
[03.04.2004] Во Словачка денеска се одржува првиот круг претседателски избори, а меѓу кандидатите се актуелниот претседател Рудолф Шустер, министерот за надворешни работи Едуард Кукан, поранешниот премиер Владимир Мечиар и уште осум кандидати.

 

Неколку повредени во експозија на автомобил-бомба во Ирак
[03.04.2004] Неколку лица се повредени од експозија на автомобил-бомба активирана во градот Бакуба, во северен Ирак, потврдија полицијата и очевидци.

 

Во Наблус уапсени 20 Палестинци
[03.04.2004] Израелските војници денеска во Наблус уапсија 20 Палестинци, за кои се претпоставува дека се членови на радикалната исламистичка организација Хамас, соопштија палестински извори.

 

Шпанците трети на листата на Ал Каеда
[03.04.2004] На листата на непријателите на терористичките организации по Американците и Британците, на трето место се наоѓаат Шпанците, пренесуваат денеска шпанските медиуми.

 

Хамас се закани дека ќе го запали Израелскиот Парламент
[03.04.2004] Военото крило на Хамас, Бригадите Изадин ал Касам, се закани дека ќе го уништи израелското Собрание (Кнесет) во знак на одмазда поради убиството на својот духовен лидер шеикот Ахмед Јасин.

 

Масовни демонстрации во Германија
[03.04.2004] Околу 200.000 демонстранти излегоа денеска по улиците на Берлин барајќи подобрување на социјалната положба на вработените, а слични собири се одржани и во Штутгард и Келн.

 

Жак Ширак ја посети Русија
[03.04.2004] Францускиот претседател Жак Ширак денеска престојува во еднодневна посета на Москва која треба да ги потврди добрите односи меѓу Франција и Русија.

 

Дете заспало додека Буш држел говор
[03.04.2004] Се роди новата ѕвезда 12 годишниот Тајлер Кроти деновиве ги полни телевизиските вести и новинските страници, неговата слика е насекаде, и тоа каква слика додека претседателот Буш држи говор во Оринџ Каунти како претседателски кандидат позади него се наоѓа 12 годишното момче како упорно зева, ја врти главата пробувајќи да остане буден, ама тоа не му успева и на крајот заспива стоејќи.

 

Во тек се акции против припадници ДХКПЏ
[03.04.2004] Во Турција и уште 5 европски земји, Британија, Германија, Холандија, Белгија и Италија во тек се акции против ДХКПЏ, Турската револуционерна народна ослободителна партија фронташи за која турската разузнавачка служба има утврдено дека подготвувале терористички акции за време на претстојниот самит на НАТО во Истанбул што треба да се одржи на 28 и 29 јуни.

 

Организаторот на нападите во Мадрид загина во експлозија
[04.04.2004] Еден од четворицата загинати во синоќешната антитерористичка акција на шпанската полиција во мадридското предградие Леганес е организаторот на минатомесечните напади во Мадрид, изјави денеска шпанскиот министер за внатрешни работи Анхел Асебес.

 

20 загинати во протестите во Наџаф
[04.04.2004] Најмалку 20 Ирачани загинаа, а повеќе од 150 лица се повредени кога шпанските војници отворија оган на демонстрантите во Наџаф, 160 километри јужно од Багдад.

 

Во Франција откриена работилница на ЕТА за производство на оружје
[04.04.2004] Француската полиција денеска во близина на шпанската граница откри работилница за производство на оружје за која се претпоставува дека и припаѓа на баскиската сепаратистичка организација ЕТА.

 

Нови судири во Багдад и Флауџа
[05.04.2004] Жестоки борби од изутрината се водат во два ирачки града - Багдад и Фалуџа, помеѓу американските сили и локалното Шиитско население и нивната милиција.

 

Во Токио започна конференцијата за Западен Балкан
[05.04.2004] Јапонија и Европската унија ќе продолжат да го поддржуваат процесот на демократизација на Балканот, соопштено е денеска во Токио на отворањето на министерската конференција за јакнење на мирот и економскиот развој на Западен Балкан.

 

Хусеин се уште ништо не признал
[05.04.2004] Садам Хусеин е затворен во просторија без прозорци некаде во Ирак и се уште ништо не признал што би можело да се искористи против него во судскиот процес, пишува лондонскиот дневник „Сандеј Тајмс“, повикувајќи се на неименуван висок официјален претставник од Вашингтон.

 

Ариел Шарон: Оние кои убиваат Евреи заслужуваат смрт
[05.04.2004] Израелскиот премиер Ариел Шарон денеска повторно го обвини палестинскиот лидер Јасер Арафат дека е одговорен за „атентатите врз Евреите во последните десет години“.

 

Терористите повторно и се закануваат на Шпанија
[05.04.2004] Терористите кои ја презедоа одговорноста за мартовските напади и се заканија на Шпанија со нови напади ако не ги повлече своите трупи од Ирак и од Авганистан и не прекине да ги поддржува САД, објави денеска шпанскиот весник „АБЦ“, каде вчера пристигнало заканувачкото писмо.

 

Вооружен ограбувач држи 8 заложници во Шпанија
[05.04.2004] Маж, кој тврди дека е вооружен со пиштол и бомба, земал денеска во заложништво осум лица при грабеж на банка во шпанскиот град Аликанте, на истокот на земјата, јавуваат агенциите.

 

Денкташ стравува од „Косовско сценарио“ за Кипар
[05.04.2004] Лидерот на кипарските Турци Рауф Денкташ ја обвини денеска меѓународната заедница дека се обидува да воспостави „насилен мир“ на Кипар, порачувајќи оти „Косово и Палестина“ се примери што треба да се избегнат при евентуалното обединување на кипарскиот остров.

 

Хомосексуалците дел од претседателската кампања во САД
[05.04.2004] Хомосексуалците и нивните права се еднакво важна тема дури колку и економијата и надворешната политика, овде во Америка на претседателските избори. Сеедно што ова е конзервативна земја во која бракот и неговите вредности во принцип се глорификуваат од страна на политичарите, демократи или републиканци.

 

29 загинати во сообраќајка во Иран
[05.04.2004] Најмалку 29 лица загинаа и 28 се повредени во судар на автобус и цистерна во иранската провинција Корасан, јави денеска државното радио.

 

Рускиот нуклеарен експерт обвинет за шпионажа
[06.04.2004] Рускиот експерт за атомско оружје Игор Сутјагин е прогласен виновен за предавство поради откривање на тајни податоци за руските нуклеарни подморници на САД и Велика Британија.

 

Над 53% Американци не ја одобруваат политиката на Буш во Ирак
[06.04.2004] Повеќе од 53% Американци не ја одобруваат политиката на претседателот Џорџ Буш во Ирак, покажува најновото истражување на истражувачкиот центар на вашингтонскиот Институт Пју.

 

Заврши заложничката драма во Шпанија
[06.04.2004] Шпанската полиција ноќеска го уапси мажот кој држеше 8 заложници во банката во Аликанте, во источниот дел на Шпанија.

 

Раздвоените египетски близнаци ја напуштија болницата
[06.04.2004] Египетските сијамски близнаци, кои беа поврзани за главата, се пуштени од болницата во Далас и за прв пат живеат со своите родители, изјави докторите.

 

Ел Барадеи ги започна разговорите за Иранската нуклеарна програма
[06.04.2004] Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамад Ел Барадеи денеска ја почна првата рунда преговори во Техеран за контроверзната нуклеарна програма на Иран.

 

Чешката полиција уби Албански нарко бос
[06.04.2004] Чешката полиција во неделата вечер спровела акција при што на пет различни места уапсиле 13 лица, воглавно странци осомничени за трговија со дрога, а притоа е убиен еден од „нарко-босовите“, Албанецот Аслан Асани, пишуваат денеска чешките весници.

 

Жестоки судири во Ирак, 4 војници на САД загинаа
[06.04.2004] Четворица американски маринци се убиени во судирите со бунтовниците во ирачката провинција Ал Анбар, која се наоѓа западно од Багдад, соопшти денеска американската војска.

 

Поeфтини лекови за СИДА во САД
[06.04.2004] Обединетите нации, Светската банка, Глобалниот фонд за борба против сида, туберколоза и маларија, како и поранешниот американски претседател Бил Клинтон објавија денеска дека изготвиле нов заеднички план за купување и дистрибуција на лекови против СИДА, што по пониска цена ќе им бидат достапни на вкупно 122 сиромашни земји во светот.

 

10 години од најбрзиот геноцид во 20 век
[06.04.2004] Пред десет години во Руанда започна најбрзиот геноцид во дваесеттиот век, во кој за сто денови беа убиени скоро милион луѓе, од кои најголем дел на малцинското племе Тутси во поранешната белгиска колонија во Африка.

 

Руски научник осуден 15 години затвор за шпиунирање
[07.04.2004] Судот во Москва го осуди денеска на 15 години затвор рускиот експерт за контрола на вооружувањето Игор Сутјагин, прогласувајќи го за виновен за велепредавство во корист на Соединетите Американски Држави (САД).

 

Продолжуваат судирите меѓу ирачките бунтовници и коалиционите сили
[07.04.2004] Во ноќешните судири меѓу силите на коалицијата и ирачките бунтовници убиени се повеќе од 30, а ранети стотина лица, јавуваат западните медиуми.

 

20 повредени во расистички напад во Волгoград
[07.04.2004] Едно лице е убиено, а 20 се повредени во денешниот инцидент во Волгоград, кога група од 50-на лица ги нападнале продавачите - азијци и лицата од кавкаскиот регион на текстилниот пазар во овој град во јужниот дел на Русија.

 

Грчката црква ги анатемиса САД и ЕУ
[07.04.2004] Грчки владика ги анатемиса денеска САД и Европската унија, обвинувајќи го Вашингтон дека станал „архитект на светскиот тероризам“, а Брисел дека „флертува со исламот“.

 

Властите во Јордан стравуваат од граѓанска војна во Ирак
[07.04.2004] Јорданскиот министер за надворешни работи Марван Муашер денеска предупреди дека ситуацијата во соседниот Ирак оди кон „граѓанска војна“.

 

5 загинати во авионска несреќа во Швајцарија
[07.04.2004] Пет лица, загинаа, меѓу кои и едно дете, откако помал едномоторен авион, со кој патувале се урнал денеска на швајцарските Алпи, соопштија полициски извори.

 

Украинските војници се евакуираат од ирачкиот град Кук
[07.04.2004] „Украинските војници утрово се евакуираа од ирачкиот град Кут по судирите со приврзаниците на радикалниот шиитски лидер Моктад Садра, кои ја презедоа контролата над градот“, соопшти украинското Министерство за одбрана.

 

Убиен еден од лидерите на Абу Сајаф
[08.04.2004] Висок претставник на исламската радикална група Абу Сајаф и пет негови приврзаници се убиени во денешната оружена престрелка со владините сили во јужниот дел на Филипините.

 

26 Индиски полицајци загинаа во експлозија на мина
[08.04.2004] Најмалку 26 индиски полицајци загинаа во експлозија на мина во источната индиска држава Џаркехн, соопштија индиските медиуми.

 

Во Русија разбиен синџир за трговија со човечки органи
[08.04.2004] Руските власти во источниот дел на земјата откриле и разбиле организиран систем што преку легални здравствени институции вршел продажба на човечки органи за трансплантација.

 

Продолжуваат жестоките судири во Фалуџа
[08.04.2004] Петмина Ирачани се убиени, а десет ранети во текот на ноќта во судири меѓу ирачките бунтовници и американските трупи во западниот ирачки град Фалуџа.

 

Робин Кук: „Бремер мора да оди на одмор“
[08.04.2004] Вашингтон мора да го испрати на одмор цивилниот администратор во Ирак Пол Бремер ако тој е „навистина доволно луд“ да нареди напад врз џамија или да ја реализира заканата дека ќе го „улови“ воинствениот шиитски имам Моктад ал-Садр, пишува поранешниот британски министер за надворешни работи Робин Кук во својата колумна во објавена во лондонски „Индепендент.

 

Русија смета дека Ирак стана „легло на тероризмот“
[08.04.2004] Ирак стана „легло на тероризмот“ и меѓународната заедница мора да обезбеди стабилност во оваа земја пред Вашингтон да им ја предаде власта на локалните официјални претставници, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија Јуриј Федотов.

 

Милтон Фридман: „Земјите во транзиција да не се угледуваат на САД“
[08.04.2004] Земјите во транзиција да не ги земаат за пример Содинетите Американски Држави, препорача денеска добитникот на Нобеловата награда за економија во 1976 година, Милтон Фридман.

 

Унгарија нема да ги повлече своите војници од Ирак
[08.04.2004] Унгарија не планира да ги повлече своите војници од Ирак, без оглед што насилствата таму ескалираат“, изјави денеска унгарскиот премиер Петер Меѓеши.

 

30.000 Ирачани демонстрираат во Мосул
[08.04.2004] Најмалку 3.000 Ирачани демонстрираа денеска во Мосул, на северот на Ирак, со цел да го поддржат движењето на радикалниот шиитски лидер Моктад Садра и жителите на Фалуџа кои се под опсада на американските сили.

 

Шпанија обвинува Бошњак за терoристичките напади во Мадрид
[08.04.2004] Заменик-министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Драган Мектиќ денеска потврди дека шпанската Влада барала проверка на идентитетот на Санел Сјекирица, осомничен за учество во терористичките напади во Мадрид на 11 март во кои загинаа околу 200 луѓе.

 

Започна сослушувањето на Кондолиза Рајс
[08.04.2004] Со кревање на десната рака за да се заколне дека ќе ја зборува вистината за нападите на 11. септември започна сослушувањето на Кондолиза Рајс, советничката за национална безбедност.

 

5 Грчки војници загинаа од струен удар
[08.04.2004] Пет грчки војници загинаа денеска од струен удар во воената база во областа Еврос на грчко-турската граница.

 

15 Ирачани загинаа во судири во Кербала
[09.04.2004] Во ноќешните судири на полските и бугарските војници со шиитските бунтовници во Кербала загина 15 Ирачани, додека на еден полски контролен пункт се убиени шест ирански аџии, соопштија денеска локалната полиција и медицински извори.

 

Јапонски астрономи откриле ледени кристали во комета
[09.04.2004] Јапонски научници од астрономската опсерваторија во префектурата Гума откриле ледени кристали во кометата Линеара, која до крајот на април ќе биде видлива со голо око.

 

Американците се повлекоа од шиитскиот дел на Багдад
[09.04.2004] Американските сили ноќеска ја евакуирале полициската станица и зградата на општината од шиитскиот кварт Садр во Багдад, по крвавите судири со шиитските бунтовници.

 

Париз добил закана за теористички напад
[09.04.2004] Станиците долж главната линија на метрото во Париз се евакуирани, а сообраќајот е запрен поради терористичка закана, соопшти синоќа локалната полиција.

 

Лондонскиот градоначалник го нарече Шарон злосторник
[09.04.2004] Лондонскиот градоначалник Кен Ливингстон изјави денеска дека израелскиот премиер Ариел Шарон треба да заврши во затвор и тоа во соседната ќелија до поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, на кого му се суди пред Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во Хаг.

 

27 загинати во судирите во Кашмир
[09.04.2004] Во најновиот бран насилства во индискиот дел на Кашмир загинале 27 лица, а повредени се 83, соопшти денеска индиската полиција.

 

„Ла Република“: „ Следна можна цел на терористите Рим“
[09.04.2004] Италијанските власти презедоа засилени мерки на безбедност по предупредувањата од разузнавачките служби дека следна цел на терористите е Рим, објавува денеска весникот „Ла Република“.

 

Продолжуваат жестоките судири во Ирак
[09.04.2004] Најмалку 9 лица загинаа во близина на Багдад во нападот на ирачките бунтовници врз еден американски воен конвој што пренесувал безин.

 

Жестоки борби во Фалуџа, САД нуди прекин на огнот
[10.04.2004] Продолжуваат борбите меѓу американските маринци и ирачките бунтовници иако и двете страни повикуваат на прекин на огнот за да им се даде шанса на преговорите.

 

УИЦЕФ: „Проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми трговијата со луѓе“
[10.04.2004] Проширувањето на Европската унија ќе има за последица зголемување на обемот на трговијата со луѓе, бидејќи лицата кои се занимаваат со таква трговија ќе имаат повеќе патишта за криумчарење деца од југоисточна Европа во земјите од Унијата, соопшти денеска УНИЦЕФ.

 

Ловци Ф-16 принудиле на слетување мал авион што летал над ранчот од Буш
[10.04.2004] Авиони ловци Ф-16 пресретнале и принудиле на слетување мал авион што синоќа летал во близина на Крофорд, ранчот во Тексас на американскиот претседател Џорџ Буш, кој престојува во резиденцијата за време на велигденските празници.

 

Буш бил предупреден за нападите на 11 септември
[10.04.2004] Тајниот документ кој му бил врачен на американскиот претседател еден месец пред нападите врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, содржел предупредување дека терористичката мрежа Ал Каеда се обидува да влезе во САД и да изврши напад, објави денеска весникот „Вашингтон пост“.

 

„Гардијан“: „Лондон не е задоволен од случувањата во Ирак“
[10.04.2004] Официјален Лондон му испорачал порака на Вашингтон во која вели дека е незадоволен од тоа што се случува во Ирак во последните неколку денови, пишува весникот „Гардијан“, наведувајќи дека на тој начин е прекинато долготрајното молчење на Велика Британија за најновата ескалација на насилствата во земјата.

 

САД ги игнорирал симптомите на заболените војници во Ирак
[10.04.2004] Шестмина американски војници, кои заболеле по враќањето од Ирак, изјавиле дека армијата не обрнувала внимание кога тие се жалеле на труење со ураниум од американското оружје што било користено во воените акциии, како и дека им било одбиено и барањето за тестирање на радиоактивни супстанци.

 

9 загинати при масовно бегство од затвор на Филипини
[10.04.2004] При масовно бегство на затвореници од филипинскиот затвор во градот Изабела сити загинаа осум затвореници и еден чувар, јавија западните агенции.

 

Најмалку 6 загинати во експлозија во руски рудник
[10.04.2004] Повеќе од шест рудари загинаа утринава, а 33 се водат како исчезнати во експлозија на метан во рускиот рудник за јаглен Тајжин во областа Кемерово, во Сибир.

 

Ирак повторно станува сериозна грижа за Буш
[10.04.2004] Ирак повторно станува сериозна грижа за Америка особено за американскиот претседател Буш. Тој во своето обраќање рече дека мала фракција се бори да ја завземе контролата врз Ирак. Ова се хаотични денови, прилично густо станува во Фалуџа, симболот на отпор за некои Ирачани.

 

40 загинати во рударската несреќа во Русија
[11.04.2004] Четириесет рудари загинаа во вчерашната експлозија на метан во рудникот за јаглен Тајжин во сибирскиот регион Кузбас во Русија, се вели во денеска објавениот извештај за билансот на жртвите.

 

Патријархот Алексеј и папата Јован Павле II прв пат заемно си го честитаа Велигден
[11.04.2004] Сите христијани во светот, православни, католици и протестанти, денеска го прославија денот на христовото воскресение. За првпат, еден православен и католички поглавар, рускиот патријарх Алексеј и папата Јован Павле II, заемно си го честитаа Велигден.

 

Прекинат огнот во Фалуџа
[11.04.2004] Во Фалуџа, центарот на ирачкото востание против американските сили денеска само спорадични судири меѓу бунтовниците и американските сили.

 

Буш знаел за нападите на 11.септември
[11.04.2004] Расположен со насмевка на лицето, така изгледал американскиот претседател Џорџ Буш 11 месеци пред нападите на двете кули близначки.

 

Во Ирак ослободени 12 заложници
[12.04.2004] Членот на ирачкиот владејачки Совет, Мохсен Абдел Хамид денеска изјави дека во Ирак се ослободени 12 заложници, изразувајќи надеж дека до ноќеска и со останатите заложници ќе биде сторено истото.

 

Буш: Немаше доволно конкретни податоци во документот
[12.04.2004] Од како во јавноста излезе документот на ЦИА, кој предупредува за можните напади на Ал Каеда еден месец пред 11.септември. Буш е на потег.

 

46 загинати во рударската несреќа во јужен Сибир
[12.04.2004] Бројот на жртвите во рударската несреќа во јужен Сибир што се случи во саботата се искачи на 46, а еден рудар се уште се води како исчезнат, јавија руските гласила, повикувајќи се на спасувачките екипи.

 

Киднапирани 7 Кинези во Фалуџа
[12.04.2004] Непознати лица киднапирале седум кинески државјани во Фалуџа во централниот дел на Ирак, јавија агенциите.

 

Прекршено неформалното примирје во Фалуџа
[12.04.2004] Ирачките бунтовници и американската војска меѓусебно се обвинуваат за кршење на неформалното примирје во Фалуџа. Во текот на ноќта во градот непрекинато се слушале експлозии и рафали од автоматско оружје.

 

Во Москва убиен бизнисменот Борис Голдман
[13.04.2004] Рускиот бизнисмен Борис Голдман, претседател на рекламната компанија НСК е убиен синоќа во Москва. Во атентатот загинаа уште три лица, а двајца се повредени.

 

Епидемија на заразната болест денага во Индонезија
[13.04.2004] Индонезиското Министерство за здравство денеска соопшти дека од почетокот на годинава заразната болест денга, која се пренесуваат преку убод од комарци, во Индонезија усмртила 634 лица.

 

Спречен атентат врз израелскиот претседател во Будимпшета
[13.04.2004] Спречен е обид за атентат врз израелскиот претседател Моше Кацав, кој денеска допатува во официјална посета на Будимпешта, јави локално радио, повикувајќи се на анонимни извори во унгарската полиција.

 

Соборен Американски хеликоптер во Фалуџа
[13.04.2004] Американските сили денеска загубија уште еден воен хеликоптер во Ирак откако ирачки бунтовници со рачен фрлач погодија најверојатно транспортен хеликоптер, во близина на Фалуџа.

 

Бугарија ги повлекува своите војници од Кербала
[13.04.2004] Бугарските власти разгледуваат дислоцирање на своите 480 војници од базата во ирачкиот град Кербала на друго побезбедно место.

 

Руски државјани киднапирани во Ирак
[13.04.2004] Единаесетмина Руси, кои работеле за една енергетска компанија, се киднапирани во Багдад по престрелка меѓу киднаперите и Ирачаните кои ги чувале руските работници, јави синоќа катарската телевизија Ал Џазира, повикувајќи се на неименуван извор.

 

Убиени 3, исчезнати 9 Американци во Ирак
[13.04.2004] Централната команда на Вооружените сили на САД синоќа го потврди убиството на уште тројца американски војници во Ирак во изминатите неколку дена.

 

Штрајк на 100.000 јавни службеници во Британија
[13.04.2004] Околу 100.000 службеници во дел од јавната администрација од денеска стапија во штрајк незадоволни од ниските плати.

 

Џон Кери води за 7% пред Џорџ Буш
[13.04.2004] Кандидатот на демократите за американски претседател Џон Кери има предност од седум проценти пред актуелниот шеф на државата, републиканецот Џорџ Буш, покажуваат резултатите од анкета на јавното мислење објавена во најновиот број на весникот „Њусвик“.

 

Бунтовниците во Ирак држат околу 40 заложници
[14.04.2004] Ирачките бунтовници држат околу 40 заложници, а деветмина Ирачани загинаа во судирите со американските маринци во Фалуџа и покрај тоа што официјално е прогласено примирје, соопшти претставник на коалиционите сили во Ирак.

 

„Дејли телеграф“: Велика Британија и САД разединети околу Ирак
[14.04.2004] Велика Британија и САД се разединети во однос на она што се случува сега во Ирак, а и за мерките што треба да се преземат за да се скрши ескалацијата на насилствата, пишува денеска лондонски „Дејли телеграф“ повикувајќи се извори од Вашингтон.

 

117 загинати во предизборно насилство на Филипини
[14.04.2004] Вкупно 117 лица загинаа, а 124 се ранети од декември лани во предизборното насилство на Филипини, соопшти денеска полицијата.

 

Убиен еден од 4-те киднапирани Италијанци
[15.04.2004] Италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини синоќа потврди дека е убиен еден од четворицата Италијанци киднапирани во Ирак.

 

Бин Ладен и понуди примирје на Европа
[15.04.2004] Најмалку две арапски телевизии денеска емитуваа аудио обраќање на лице за кое се тврди дека е лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен, но чија автентичност не може да им се потврди.

 

Aнан и Хамас ја критикуваа поддршката на Буш на планот на Шарон
[15.04.2004] Генералниот секретар на ОН Кофи Анан синоќа ја критикуваше поддршката на американскиот претседател Џорџ Буш на плановите на Израел за задржување на некои еврејски доселенички населби на Западниот Брег.

 

Русија ги повлекува своите граѓани од Ирак
[15.04.2004] Русија денеска треба да почне со евакуација на нејзините, како и граѓаните на другите членки на Заедницата на независни држави (ЗНД), кои се вработени во руските компании во Ирак

 

3 Ирачани загинаа при бомбардирање на авиони на САД
[15.04.2004] Три Ирачани загинаа, а двајца се повредени во денешното бомбардирање што американската војска го изврши североисточно од Бакуба.

 

15 Ирачани загинаа во Фалуџа
[16.04.2004] „Петнаесет Ирачани загинаа синоќа, а најмалку 20 се повредени во судирите меѓу американските сили и бунтовниците“, изјави ирачки лекар од локалната болница.

 

Минофрлачки гранати го потресоа Багдад
[17.04.2004] Ирачката престолнина утрово ја потресоа серија експлозии во квартот Карада, каде што паднаа повеќе минофрлачки гранати.

 

Oслободени двајца Јапонци во Ирак
[17.04.2004] Двајца јапонски државјани киднапирани во Ирак, денеска се ослободени во Багдад, соопшти јапонското Министерство за надворешни работи.

 

Убиен лидерот на Хамас
[18.04.2004] Лидерот на палестинското движење Хамас, Абдел Азиз ал Рантиси, е убиен вчера во израелски ракетен напад во Газа, потврдија палестински болнички извори.

 

Иван Гаспарович нов претседател на Словачка
[18.04.2004] Иван Гаспарович во вториот круг на претседателските избори е избран за претседател на Словачка со освоени 59,9% од гласовите на избирачите, потврди Централната изборна комисија.

 

САД нема да преговараат за ослободување на заложниците во Ирак
[19.04.2004] „САД нема да преговараат со бунтовниците за ослободување на киднапираните американски војници во Ирак“, изјави синоќа советникот за национална безбедност на американскиот претседател Кондолиза Рајс, додавајќи дека копнените сили прават напори за ослободување на заложниците.

 

Америка очекувала Шпанија да ги повлече војниците од Ирак
[19.04.2004] Одлуката на шпанскиот премиер Хозе Луис Сапатеро да ги повлече своите трупи од Ирак не беше неочекувана, изјави синоќа висок претставник на Стејт департментот.

 

20 повредени при експлозија на гас во зграда во Русија
[19.04.2004] Најмалку 20 лица се повредени синоќа во Москва при експлозија што се случила во деветоспратна станбена зграда населена со виетнамски државјани, соопшти портпаролот на руската полиција.

 

Ким Јонг Ил во посета на Кина
[19.04.2004] Севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ил допатува денеска во ненајавена посета на Пекинг на разговори со кинеските власти кои треба да се фокусираат на нуклеарната програма на Пјонгјанг.

 

Буш одвои 600 милиони долари за дополнителни меѓународни сили
[19.04.2004] Американскиот претседател Џорџ Буш одлучи да одвои дополнителни 600 милиони долари за да привлече дополнителни меѓународни сили, пишува денешен „Вашингтон пост“.

 

Ако се побунат Шиите во Басра коалицијата е немоќна
[19.04.2004] Британскиот премиер Тони Блер денеска во парламентот треба ги предупреди пратениците дека Британија мора да биде подготвена на нов бран на насилства во Ирак во наредните неколку седмици, пишува Сандеј телеграф.

 

Експлозија во амбасадата на Шведска во Багдад
[19.04.2004] Силна експлозија одекна денеска во зградата на шведската амбасада во Багдад, јавуваат агенциите.

 

Насилства за парламентарните избори во Индија
[20.04.2004] Првиот ден од парламетарните избори во Индија го обележаа насилства при што во повеќе напади во пет сојузни држави четири лица загинаа, а 11 се ранети.

 

Терористи планирале бомбашки напад на стадионот Олд Трафорд
[20.04.2004] Десетмината осомничени терористи уапсени вчера во Манчестер планирале самоубиствен бомбашки напад на стадионот Олд Трафорд, за време на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул во сабота, пишува денеска лондонскиот весник „Сан“.

 

Именувани 5 нови министри во словенечката Влада
[20.04.2004] Словенечкиот парламент го потврди именувањето на петмина нови министри во 16-члениот кабинет на премиерот Антон Роп.

 

Италијанската полиција заплени 8.000 Калашникови
[20.04.2004] Италијанските власти запленија над 8.000 автомати „Калашников“ од брод кој пловел под турско знаме, при транзит кај италијанското пристаниште Џор Тауро, во областа Калабрија, јужна Италија, соопшти италијанската финансова полиција.

 

21 лице загина во ракетен напад во Багдад
[20.04.2004] 21 затвореник загина, а повеќе од 100 се повредени во ракетниот напад врз затвор, 20 километри западно од Багдад.

 

Повеќе од 68 убиени во Басра
[21.04.2004] Повеќе од 68 лица се убиени, а околу 200 повредени во денешните напади врз три полициски станици во Басра, соопштија болнички извори. Началникот на полицијата во Басра Мохамад Кадем ал Али изјави дека врз полициските станици било стрелано со ракети.

 

„Ал-Шарк ал Авсат“: „Хусеин уште мисли дека е претседател“
[21.04.2004] „Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин и понатаму мисли дека е претседател“, објави арапскиот весник „Ал-Шарк ал Авсат“ повикувајќи се на американскиот Судски совет.

 

Анкетитете покажуваат дека Буш води пред Кери во популарност
[21.04.2004] Џорџ Буш води пред неговиот ривал за претседателската позиција во САД, Џон Кери, посочуваат резултатите од две анкети објавени денеска во американскиот печат.

 

Џон Хауард: „Австралија нема да се повлече од Ирак“
[21.04.2004] Австралискиот премиер Џон Хауард призна вчера дека австралиските војници во Ирак ќе бидат изложени на нови опасности, но вети дека нема да го следи примерот на Шпанија и Хондурас кои одлучија да ги повлечат своите трупи, јавуваат австралиските медиуми.

 

Ослободен техничарот што ја разоткри израелската нуклеарна програма
[21.04.2004] Израелецот Мордекај Ванун денеска е ослободен од затвор по отслужување 18 години затворска казна на која беше осуден поради издавање државни тајни за израелската нуклеарна програма, јавуваат западните агенции.

 

Канада го призна геноцидот на Турција врз Ерменците
[22.04.2004] Долниот дом на канадскиот Парламент со 153 гласови „за“ и 68 „против“ синоќа изгласа текст во кој се признава дека Турција извршила геноцид врз ерменеското население во 1915 година.

 

10 нови членки во ЕУ во 2004
[22.04.2004] Европското семејство на 01.05.2004 година ќе се зголеми на 25 членови. Во шестото досега најголемо проширување на Европската унија во полноправно членство ќе бидат примени Словенија, Полска, Чешка, Унгарија, Словачка, Естонија, Литванија, Летонија, Кипар и Малта.

 

Русија стави вето на резолуцијата за Кипар
[22.04.2004] Русија денеска со вето го спречи донесувањето резолуцијата на Советот на безбедност на ОН со која кипарските Грци и Турци се повикуваат да го подржат планот на ОН за обединување на Кипар.

 

ОИК го осуди планот на Израел за повлекување од Газа
[22.04.2004] Организацијата на исламската конференција (ОИК) на денешниот состанок во Малезија го осуди планот на Израел да се повлече од Газа и притоа да задржи некои населби на палестинските територии, истовремено критикувајќи ги САД за поддршката на тој план.

 

Покренато обвинение против Мајкал Џексон
[22.04.2004] Калифорнискиот суд покрена обвинение против поп-пејачот Мајкл Џеоксон на основа на доказите собрани за време на истрагата по обвиненијата за сексуално малтретирање малолетно дете.

 

73 загинати во нападите во Басра
[22.04.2004] Бројот на загинати во вчерашните самоубиствени напади во ирачкиот град Басра се искачи на 73 , отако петмина тешко повредени синоќа им подлегнале на повредите.

 

Русија и ЕУ го усогласија протоколот за проширување на ЕУ
[22.04.2004] Русија и Европската унија го усогласија протоколот за проширување на Унијата и се договорија околу транзитот до западната руска енклава, Калининградската област.

 

„Бригадите ал арамаин“ ја презедоа одговорноста за нападот во Ријад
[22.04.2004] Саудиската екстремистичка група „Бригадите ал арамаин“ ја презеде одговорноста за вчерашниот самоубиствен бомбашки напад врз зградата на силите за безбедност на Ријад, при што загинаа најмалку четворица, а беа повредени 148 лица.

 

13 загинати во паника кога снемало струја во џамија во Пакистан
[22.04.2004] Најмалку 13 Шиити загинаа, а 56 лица се повредени во паниката која настанала откако снемало струја во џамија за време на одбележување на верскиот шиитски празник Ашура, во Пакистан.

 

3.000 загинати во железничка несреќа во Северна Кореја
[22.04.2004] Околу 3.000 лица загинаа или се повредени при денешната експлозијата предизвикана од судир на два воза натоварени со запаливи супстанции на една железничка станица во Северна Кореја, јави јужнокорејската телевизија Вај-Ти-ЕН.

 

3 палестинци се убиени во престрелка на Западниот Брег
[23.04.2004] Тројца Палестинци се убиени, а еден е ранет денеска во престрелка меѓу израелски војници и палестински милитанти во градот Калкилија на Западниот Брег.

 

Пакистанец планирал терористички напад во Австралија
[23.04.2004] Против австралиски архитект од пакистанско потекло е поведена истрага за подготовка на терористички напади, под сомнение дека планирал да предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија на целата територијата на Австралија со помош на рачно изработена експлозивна направа, објави денеска австралискиот печат.

 

МИ-5 предупредува од можен напад на Ал Каеда на Британскиот Парламент
[23.04.2004] Британската служба за внатрешно разузнавање МИ-5 предупредила на „конкретна закана“ од напад со хемиско или биолошко оружје што би го извршила терористичката организација Ал Каеда врз Долниот дом на британскиот Парламент.

 

Најмалку 150 загинати во железничката несреќа во Северна Кореја
[23.04.2004] Најмалку 150 лица, меѓу кои и голем број ученици, загинаа, а над 1.200 се повредни при вчерашната експлозија предизвикана од судирот на два воза натоварени со запаливи супстанции во Рионгчон, 50 килметри јужно од севернокорејскиот град Синуиџи, во близина на кинеската граница, соопшти денеска Ан О'Махони, регионален директор на хуманитарната агенција „Концерн“.

 

Војници на САД убија двајца Талибанци во Авганистан
[23.04.2004] Двајца припадници на талибанското движење се убиени денеска при судир со американски војници во провинцијата Хост во источниот дел на Авганистан, соопштија локални претставници.

 

Уапсен осомничениот за експлозијата во Архангелск
[23.04.2004] Во Москва денеска е уапсен поранешен работник во градската сервисна служба осомничен дека ја предизвикал експлозијата во Архангелск во која загинаа повеќе од 50 лица.

 

За 3 недели во Ирак загинаа 600 лица
[23.04.2004] Близу 600 лица загинаа, а повеќе од 2.000 се ранети во текот на изминатите три недели во судирите во меѓу коалиционите сили и сунитските бунтовници западно од Багдад, како и во судирите на коалицијата со шиитските бунтовници во Багдад и другите делови на Ирак.

 

Во Кина утврдени 2 нови случаи на САРС
[23.04.2004] Во Кина досега се потврдени два нови случаи на тешкиот акутен респираторен синдром (САРС), а се регистрирани уште двајца потенцијални болни.

 

37 загинати во лизгање на земјиште во Индонезија
[24.04.2004] Најмалку 37 лица го загубија животот во несреќата што се случила ноќта меѓу петокот и саботата при лизгање на земјиште на островот Суматра во западниот дел на Индонезија, кога одрон од неколку тони земја затрупал патнички автобус.

 

Најмалку 154 загинати во железничката несреќа во Рионгчон
[24.04.2004] Најмалку 154 лица загинаа, а повеќе од 1.300 се повредени во несреќата во четвртокот што се случи во севернокрејскиот град Рионгчон во близина на границата со Кина, кога дојде до експлозија при судар на два товарни воза, јави денеска кинеската новинска агенција Синхуа.

 

4 Ирачани загинаа при експлозија на автомобил-бомба
[24.04.2004] Четворица Ирачани го загубија животот, а 16 се повредени при експлозија на автомобил-бомба во Тикрит.

 

Убиени 3 Палестинци во Џенин
[24.04.2004] Тројца палестински активисти на „Бригадите на мачениците од Ал Акса“ се убиени денеска од израелската војска на Западниот брег, соопштија палестински болнички извори.

 

Најмалку 11 Ирачани загинаа во ракетен напад во Багдад
[24.04.2004] Најмалку 11 Ирачани загинаа, а 33 се ранети, откако неколку гранати паднале денеска на пазар во шиитското предградие Садр во Багдад, јавуваат западните агренции.

 

Арафат: „Израел никогаш нема да се ослободи од мене“
[24.04.2004] Палестинскиот лидер Јасер Арафат денеска ги отфрли последните израелски закани против него и изјави дека Израел никогаш нема да се ослободи од него.

 

Франција и Германија против референдум за Уставот на ЕУ
[24.04.2004] Ова е игра со висок ризик коментираше Брисел по најавата на Тони Блер за одржување на референдум околу идниот Устав на ЕУ.

 

Нови напади во Ирак, загинаа 4 Ирачки ученици
[25.04.2004] Четири ирачки ученици загинаа во престрелката што се случи по експлозијата на бомба во која беше оштетено американско воено возило во Багдад.

 

Патен:„Ако Британија не го прифати Уставот на ЕУ мора да излезе од неа“
[25.04.2004] Ако британските гласачи не го прифатат европскиот устав на референдумот што минатата недела го најави премиерот Тони Блер, Велика Британија ќе мора да излезе од Европската Унија, изјави еврокомесарот за надворешна политика Крис Патен за лондонски „Обсервер“.

 

Австрија избира претседател
[25.04.2004] Претседателски избори се одржуваат денеска во Австрија, на кој избирачите треба да се определат за еден од двајцата кандидати - Хајнц Фишер од Социјалдемократската партија или Бенита Фереро - Валднер, која е кандидат на Народната партија.

 

Заменикот на Шарон негира дека има план за напад врз Арафат
[25.04.2004] Заменикот на израелскиот премиер Ариел Шарон изјави денеска оти не постои план се кој се предвидува во скора иднина да му се наштети на палестинскиот лидер Јасер Арафат, иако Шарон од неодамна повторно му се заканува.

 

Американски војници ќе ги заменат Шпанците во Ирак
[26.04.2004] Американските војници ќе бидат распоредени на местата од каде што ќе биде повлечен шпанскиот контингент во Ирак, соопшти претставник на командата на САД во Багдад.

 

Палестински екстремисти убија Израелски војник
[26.04.2004] Еден израелски војник е убиен, а двајца други се ранети доцна синоќа во напад на палестинските екстремисти во реонот на градот Хеброн, на Западниот Брег на реката Јордан.

 

Пожар во фабрика за фрижидери во Русија
[26.04.2004] Едно лице е повредено при пожар што избивна во текот на ноќта во фабриката за фрижидери „Ч-14“ во Москва.

 

Северна Кореја ги обвини САД дека сакаат да ја нападнат
[26.04.2004] Армијата на Северна Кореја се закани дека повторно ќе го отвори прашањето околу Договорот за примирје со кој беше ставен крај на Корејската војна и ги обвини САД дека се подготвуваат да ја нападнат земјата.

 

Tрет круг од парламентарните избори во Индија
[26.04.2004] Во Индија денеска се одржува третиот круг од парламентарните избори на кој 173 милиони избирачи од 11 сојузни држави треба да изберат 137 членови на Долниот дом на индискиот Парламент, Лок Саба.

 

Махмуд ас Захар нов политички лидер на Хамас
[26.04.2004] Махмуд ас Захар е избран за нов политички лидер на палестинското Исламско движење на отпорот (Хамас), објавуват денеска израелските медиуми.

 

Германија обештети Роми за страдањата од Втората светска војна
[26.04.2004] Група од 38 српски Роми од околината на Јагодина добија од Германија отштета од околу 270.000 евра за претрпен страв за време на Втората светска војна, јави агенцијата Фонет.

 

Хајнц Фишер нов претседател на Австрија
[26.04.2004] Социјалдемократот Хајнц Фишер е избран за нов претседател на Австрија.

 

Британците се набљудувани од 4 милиони јавни камери
[26.04.2004] Бројот на видеокамери поставени на јавни места во Велика Британија се зголемил за 4 пати во последните 3 години и сега е над 4 милиони, се наведува во еден извештај на Европската комисија што е објавен во Манчестер.

 

Процесот на обединување на ЕУ се приближува кон крајот
[26.04.2004] Со влегувањето на 10 нови земји во Европската унија, што на 1-ви мај ќе биде прославено во Даблин, главниот град на Ирска која во оваа полугодие претседава со ЕУ, процесот на обединувањето на до сега поделениот континент, се приближува кон крајот.

 

Ирак доби ново знаме
[26.04.2004] Ирачкиот владеачки Совет го прифати денеска решението за новото државно знаме, кое ќе има обележја на мирот, исламот и курдското население кое живее во Ирак, изјави денеска во Багдад портпаролот на Советот Хамид ал-Кефае.

 

Жестоки судири меѓу американците и бунтовниците во Фалуџа
[26.04.2004] Американските маринци и ирачките бунтовници денеска започнаа жестока вооружена престрелка во два кварта на градот Фалуџа.

 

Продуцентот на „Шиндлерова листа“ и „Пијанист“ во затвор
[26.04.2004] Продуцентот на „оскаровците“ „Шиндлерова листа“ и „Пијанист“, Лев Ривин, е осуден денеска на две и пол години за примање мито, во најголемиот корупциски скандал во Полска од падот на комунизмот во 1989 година.

 

Берлински „Хилтон“ евакуиран поради лажна закана
[27.04.2004] Неколку стотици гости вчера четири часа беа евакуирани од хотелот „Хилтон“ во Берлин, поради лажна тревога за подметната бомба.

 

ЕУ одвои 259 милиони евра помош за кипарските Турци
[27.04.2004] Европската унија денеска донесе одлука да издвои 259 милиони евра помош за кипарските Турци, по референдумското одбивање на кипарските Грци на планот на Обединетите нации за обединување на островот.

 

Шпанските војници се повлекоа од Наџаф
[27.04.2004] Шпанските војници денеска го напуштиле Наџаф и се повлекле во својата главна база во Диванија, јави шпанското национално радио.

 

ГПЦ и Цариградската патријашија пред шизма
[27.04.2004] Грчката православна црква и Царигратската патријаршија се на прагот на шизма, откако Светиот синод на ГПЦ избра четворица нови митрополити без одобрение на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

 

Ариел Шарон обвинет за нов корупциски скандал
[27.04.2004] Името на израелскиот премиер Ариел Шарон повторно е вмешано во корупциски скандал, откако израелските медиуми објавија дека австрискиот „шеф на хазардот“ Мартин Шлаф му платил три милиони долари на неговиот син, Гилад во замена за повластици за казиното во сопственост на Австриецот во Израел.

 

Најмалку 13 загинати во пожар во близина на Москва
[27.04.2004] Најмалку 13 лица загинаа, а осум други се повредени при пожар во фабрика за мебел во местото Пирогово во близина на Москва.

 

24 лица загинати во верските судири во Индонезија
[27.04.2004] Најмалку 24 лица загинаа, а над 100 се повредени на третиот ден од судирите меѓу муслиманите и христијаните на индонезиските Молучки Острови, соопшти денеска претстваник на Министерството за внатрешни работи на Индонезија.

 

4 деца загинаа во сообраќајка во Индија
[27.04.2004] Најмалку четири деца загинаа, а 68 се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска во индиската сојузна држава Западен Бенгал, соопшти индиската полиција

 

Ал Каеда се закани со нови напади врз Американците
[27.04.2004] Ал Каеда се закани со нови напади против американските интереси преку аудио-порака што ја објави денеска исламска веб-страница, која наводно му припаѓа на Абделазиз ел Мукрин, еден од саудиските лидери на Ал Каеда.

 

Свечености по повод проширувањето на ЕУ
[27.04.2004] Најголемото проширување на Европската унија во историјата, лидерите на 25 те држави членки на први мај ќе го дочекаат со здравица во Даблин, моменталната престолнина на Европската унија.

 

50-тина екс Британски дипломати ја нападнаа политиката на Блер
[27.04.2004] Педесетина поранешни британски дипломати потпишаа заедничко писмо во кое ја напаѓаат надворешната политика на премиерот Тони Блер, посебно онаа што се спроведува во Ирак и на Блискиот исток.

 

Демонстрации во Мосул против новото ирачко знаме
[28.04.2004] Студентите во Мосул демонстрираа денеска против новото ирачко знаме што го предложија привремените власти во Багдад. Повеќе од илјада демонстранти се собраа околу старото знаме извикувајќи „не го продаваме нашето знаме“.

 

8 Американци загинаа во Ирак
[29.04.2004] 8 Американски војници загинаа а 4 се повредени во експлозија на автомобил бомба во близина на Махмудија, јужно од Багдад. Експлозијата се сучила кога војниците поминувале низ оваа област.

 

EУ нема да го смени знамето после проширувањето
[29.04.2004] Знамето на Европската унија со 12 ѕвезди на сина основа нема да се менува по нејзиното проширување на 1 мај, бидејќи бројот на ѕвездичките не го претставува бројот на земјите членки, образложи денеска Европската комисија.

 

Бугарските војници во Ирак бараат да се вратат во Бугарија
[29.04.2004] Група бугарски војници стационирани во Ирак побараа да се вратат во својата земја, по повторните напади врз базата на нивниот пешадиски баталјон во градот Кербала, потврди Министерството за одбрана во Софија.

 

Пауел: „ЕУ не треба да се сомнева во одлучноста на САД за Ирак“
[30.04.2004] Европа не би требало да се сомнева во американската одлучност во Ирак, изјави државниот секретар на САД Колин Пауел во интервју за лондонски „Тајмс“.

 

Популарноста на Буш на најниско ниво
[30.04.2004] Поддршката на Американците на војната во Ирак драстично опадна последните месеци и прв пат таа изнесува помалку од 50%, дека популарноста на претседателот на САД Џорџ Буш е на најниско ниво од почетокот на мандатот, се наведува во резултатите од анкетата што ја спроведоа „Њујорк Тајмс“ и телевизијата Си-Би-Ес њуз.

 

Американците ја напуштаат Фалуџа
[30.04.2004] Американските маринци утрово почнаа да ги напуштаат своите позиции во југоисточниот дел на сунитскиот град Фалуџа, соопштија западните агенции.

 

Талибанците убија 5 Авганистански војници
[30.04.2004] Талибанските бунтовници синоќа во јужната провинција Кандахар убија 5 Авганистански војници, а еден е повреден.

 

Синодот на Цариградската Патријаршија заседава за спорот со ГПЦ
[30.04.2004] Светиот синод на Вселенската патријаршија денеска треба да одржи седница за да го разгледа случајот на Грчката православна црква, која и покрај забраната на патријаршијата, назначи нови митрополити за четири грчки градови, јавија грчките медиуми.

 

Започнува прославата за проширувањето на ЕУ
[30.04.2004] Во Европа денеска почнува прославата поради „обединување на континентот“, односно приемот на десетте нови земји во членството на Европската унија, која од утре ќе брои 25 држави и ќе обединува 450 милиони луѓе.

 

САД распоредуваат нови ракети во Јужна Кореја
[30.04.2004] Нови американски против воздушни ракети „Патриот“ ќе бидат распоредени до крајот на годинава во Јужна Кореја, со цел да се засили одбраната од Северна Кореја, јавија западните агенции, повикувајќи се на воени извори.

 

Ирачките студенти со жив штит ќе го бранат Садр
[30.04.2004] Околу 300 студенти од градот Амара, што се наоѓа во југоисточен Иарк пристигнаа во Наџаф, за да му изразат поддршка на радикалниот шиитски лидер Муктад Ал Садр и да направат „човечки штит“ за да го заштитат при евентуална американска офанзива.

 

Блер: „Британија беше и останува за проширување на ЕУ“
[30.04.2004] Велика Британија беше досега, а и понатаму останува приврзаник на натамошното проширување на Европската унија, затоа што тоа е добро и за земјата и за Европа, вели британскиот премиер Тони Блер во авторскиот текст во денешен „Тајмс“ посветен на приемот на десете нови членки од Источна и Јужна Европа.

 

Емитувани снимки на Американци како мачат Ирачани
[30.04.2004] Американската телевизиска мрежа Си-Би-Ес во ударен термин емитуваше фотографии на кои е прикажано како американски воени полицајци мачат зарабоени Ирачани во багдадскиот затвор Ал Граиб.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk