Дома
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Економија > Архива > Февруари 2004

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Фудбалски резултати и статистики
 

АРХИВА: Економија, Февруари 2004


 

Манасиевски: „Причините за штрајкот на СОНК се неоправдани“
[01.02.2004] Причините за штрајкот се апсолутно неоправдани, затоа што беше прифатено суштинското барање на синдикатот, со кое состојбата на административно замрзнување на платите, што трае веќе 10 години, суштински се менува, изјави министерот за труд и социјална политика Јован Манасиевски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

 

Пратениците на СДСМ ќе го тужат Влатко Ѓорчев за клевета
[01.02.2004] Пратениците од СДСМ ќе го тужат портпаролот Ѓорчев оти дал изјави во кои обвинува министри, пратеници, бизнисмени и носители на јавни функции од СДСМ за учество во организиран криминал, шверц со нафта.

 

Жителите од виничката населба Јакимово, без вода
[02.02.2004] Подолг период дел од виничката населба Јакимово, без вода за пиење. Водата без судска одлука е сопрена по наредба на Јавното комунално претпријатие, кои жителите го обвинуваа за финасисики малверзации.

 

Цветановски: Штрајкот продолжува, Манасиевски шири невистини
[02.02.2004] На почетокот од втората недела од штрајкот во образованието, науката и културата, договор меѓу синдикатот и владата се уште нема. Откако министерот Манасиевски понуди хранарината и превозот да влезат во платата, фронтменот на штрајкот Цветановски рече дека во тој случај ќе го прекинат штрајкот.

 

Илија Филиповски ќе го тужи Влатко Ѓорчев
[02.02.2004] Во обраќањето до медиумите екс-министерот за економија Илија Филиповски, а по повод прес-конференцијата што Влатко Ѓорчев вчера ја одржа пред неговиот дом, вели:

 

„Алумина“ не се продаде
[02.02.2004] И осум месеци по намерата, владата не успеа да ја продаде скопска „Алумина“. Иако уште во јуни минатата година, владиниот повереник Џевдет Хајредини најави дека владата е во потрага по купувач, тоа до денеска не се случи.

 

Македонски експерти во Брисел почнаа преговори со ЕУ
[02.02.2004] Шестмина македонски експерти денеска во Брисел почнаа преговори со ЕУ за идниот трговски режим меѓу Македонија и десетте земји што од први мај стануваат нови членки на Унијата.

 

Две опции на Владата и ОКТА, суд во Париз или продолжување на преговорите
[02.02.2004] На суд во Париз, или продолжување на преговарачката агонија се двете опции што им стојат на располагање на Владата и на ОКТА по пропаѓањето на последната рунда преговори за демонополизација на рафинеријата.

 

Одложен генералниот штрајк на УПОЗ
[03.02.2004] Синдикатот на вработените во управата, правосудството и здруженијата на граѓани (УПОЗ) го одложи генералниот штрајк што го најави за утре, бидејќи во меѓувреме почнале преговори со Министерството за правда, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на УПОЗ Ванчо Муратовски.

 

Преговорите Влада-СОНК ќе продолжат кога ќе прекине штрајкот
[03.02.2004] Владата донесе официјална одлука дека со штрајкувачите веќе нема да преговара. Пораката на владата е дека со синдикатот на вработените од образованието, науката и културата ќе седнат на преговарачката маса тогаш кога штрајкот ќе биде прекинат.

 

Македонска банка негира дека одобрила кредит за купување на своите акции
[03.02.2004] Македонска банка негира дека одобрила кредит за купување на сопствените акции. Објавената информација на А1 дека е даден кредит од 3,7 милиони евра на компанија поврзана со „Јака 80“ како мнозински акционер во Македонска банка е целосно невистинита и не одговара на фактичката состојба.

 

ММФ во февруарска контрола на владата
[03.02.2004] Експертите на ММФ од утре ја почнуваат февруарската контрола на она што владата, изминатите 3 месеци, го направила во економијата. По првичната анализа од експертите, во понеделник на преговорите се приклучува и шефот на мисијата за Македонија, Розвадовски со кој пак ќе се отвори и најжешкото прашање, идниот аранжман меѓу Македонија и ММФ.

 

Брисел се откажа од бенефициите за новите членки
[03.02.2004] Брисел се откажа од барањето за пообемно зголемување на квотите за увоз во Македонија, но за возврат македонските преговарачи прифатија квотите за извоз на вино и текстил од земјава да се зголемат само за толку колку што досега сме ги извезувале овие производи во новите десет членки на унијата.

 

Незаконски влез на полицијата во „Мотор коач индустри интернационал“
[03.02.2004] Полицијата денеска бараше докази за даночно затајување во фирмата „Мотор коач индустри“. Но, со судскиот налог полицијата влезе во друга фирма - „Мотор коач индустри интернационал“ која според нивниот адвокат нема никаква врска со фирмата која е предмет на полициската истрага.

 

Софтверот на „Мајкрософт“ треба да се легализира за 3 месеци
[03.02.2004] Компаниите, кои сега работат со пиратски софтвер на „Мајкрософт“ треба да го легализираат во следните 3 месеци. По овој период, фирмите ќе бидат под лупата на инспекциите. Доколку се открие нелегално користење на софтверот, фирмата ќе биде казнета.

 

Продолжува штрајкот на СОНК
[04.02.2004] По само еден ден откако владата излезе со став дека со штрајкувачите веќе нема да преговара, денеска, министерот за образование Азис Положани телефонски го побарал лидерот на штрајкот Цветановски.

 

Штрајкбрејкери во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип
[04.02.2004] Доколку ставот на Владата за барањата на Синдикатот за образование наука и култура остануваат исти, излишно е да се продолжи со штрајк до бесконечност. Учениците остануваат дома додека наставниците напразно чекаат Владата за нив да одвои од буџетот и да се примени стариот систем за исплата на плати.

 

„Гранит“ ги отфрла обвинувањата на охридскиот градоначланик
[04.02.2004] Скопски „Гранит“ ги отфрла обвинувањата на охридскиот градоначланик дека фирмата ја презадолжила општината со милионски суми за фиктивно изврешени работи на колекторскиот систем на Охридското езеро.

 

Владата од ММФ ќе побара нов тригодишен аражман
[04.02.2004] Двонеделната мисија од претставниците на ММФ ќе биде последна во која тие ќе го оценуваат исполнувањето на сегашниот тнр. „стенд бај“ аранжман со македонската Влада.

 

250 инспектори во централата и продавниците на Орка
[04.02.2004] Над 250 инспектори во централата и продавниците на Орка низ цела Македонија пребаруваа буквално се, комјутерите, документацијата, ги легитимираа вработените, вршеа попис, под сомневање дека има неправилности во финансиското работење.

 

Кривична пријава за Таџедин Ајдари од министерството за транспорт
[04.02.2004] Таџедин Ајдари, висок функицонер во министерството за транспорт и врски заработи кривична пријава од полицијата поради незаконска поделба на дозволите за меѓународен транпорт.

 

Деветти ден од штрајкот на СОНК
[05.02.2004] Штрајкот на вработените во образованието, науката и културата продолжува и денеска, поради што веќе девети ден не работат градинките, основните и средните училишта, како и научните и културните институции во државава.

 

Разговорите за гасоводот продолжуваат по ставот на министерството за економија
[05.02.2004] Разговорите со „Макпетрол“ околу спорното прашање за сопственоста на гасоводот државата ќе ги започне откако Владата ќе изгради став по информацијата што Министерството за економија ќе ја достави до Владата, изјави министерот за економија Стевчо Јакимовски.

 

Муратовски на владата и остава 6 месеци за реализација на колективните договори
[05.02.2004] Муратовски во име на Синдикатот на државната управа и судството ќе и остави рок на владата од уште 6 месеци да ги реализира одредбите од колективните договори. Ова е епилогот од денешната средба, што синдикатот на УПОЗ ја имаше со министерот за првада Иџет Мемети.

 

Наставата во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип не започна
[05.02.2004] И покрај изјавата на директорот на основно училиште „Ванчо Прке“ од Штип, дека денеска таму ќе почне наставата, сепак тоа не се случило. Наставниците не држеле настава, бидејќи како што велат тие се во штрајк и не го прифатиле предлогот на директорот да почнат со настава.

 

Започнаа протестите во Штип
[05.02.2004] Првиот регионален синдикален протест, денеска во Штип започна во домот на културата, а потоа продолжи по централните улици.

 

Пазарната инспекција тврди дека во Орка открила стока без декларација
[05.02.2004] Пазарната инспекција тврди дека во три продавници на Орка открила стока вредна 40.000 евра без декларација, која се продавала на црно. Сопственикот на Орка тврди тоа е лага, власта со таа информација сака да ја оправда акцијата против „Орка холдинг“.

 

Буџаку не чувствува одговорност за скандалот со дозволите
[05.02.2004] Скандалот со поделбата на дозволите за транспорт не го засега министерот Буџаку. Не чувствувам одговорност за случувањата, зашто јас не сум полицаец па да знам се што се случува во мојот ресор, изјави за А1 Буџаку.

 

Јакимовски оптимист за странските инвестициите
[05.02.2004] Иако последните две години Македонија е на последно место во Европа според странски инвестиции, министерот за економија е оптимист. Следните две години странските инвестиции ќе се зголемеле за 100%, а извозот ќе ни пораснел за 50%.

 

Оглас за продажба на трафиките на „Нова Македонија“ во Скопје
[06.02.2004] Околу 180 киосци на ликвидираната НИП „Нова Македонија“, лоцирани во Скопје, од денеска се нудат на продажба преку оглас, кој ќе трае до 20-ти овој месец.

 

Се уште нема преговори меѓу СОНК и Владата
[06.02.2004] Продолжува штрајкот во образованието, науката и културата. И на крајот од втората недела на штрајкот, нема преговори меѓу синдикатот и владата. Штрајкувачите велат дека имаат испратено писмено барање до владата за преговори, но одговор од другата страна нема.

 

Камчев тврди дека во „Орка“ се работи законски
[06.02.2004] Директорот на „Орка холдинг“ Јордан Камчев денеска на прес конференција изјави дека оваа компанија има само една фирма со три фабрики и 21 продавница, нема ниту еден вработен кој не е пријавен и не врши затајување на данок, а записниците од упадот на 270 инспектори во компанијата покажале дека нема никакви неправилности во работењето.

 

Камчев вели дека никому не должи ништо
[06.02.2004] Продолжуваат контроверзиите на релација „Орка холдинг“ државни инспекции. Додека даночните и пазарните инспектори тврдат дека во фирмата е откриена и неевидентирана стока и затајување на данок сопственикот на „Орка“ Јордан Камчев вели дека не должи никому ништо.

 

И струмичката Мастика стана Бугарска
[06.02.2004] Дали по македонскиот Ајвар, Шарпланинскиот пес, македонскиот гулаб Дунек и струмичката Мастика ќе ја доживее нивната судбина други да ја прикажуваат како свој производ, вака денеска реагираа во струмички „Грозд“ единствениот македонски производител на мастика по веста дека Бугарија ќе побара од ЕК да ја регистрира Мастиката како национален производ.

 

Макамтранс со критики за Буџаку
[06.02.2004] Невозможно е Министерот за транспорт да незнаел што се случува во неговиот ресор покрај целата врева што се крена откако во јавноста изби скандалот со дозволите за меѓународен транспорт, тврдат камионџиите изненадени од вчерашната изјавата на министерот Буџаку.

 

Ќупев: „Растот на цените на акциите се должи на претходните информации за фирмите“
[06.02.2004] „Воведувањето на електронското тргување е губење на атрактивноста. Меѓутоа бенефициите се многу поголеми. Имаме побрзо тргување, побезбедно за инвеститорите и за самите брокери тоа тргување е поатрактивно“, изјави во интервјуто за А1 Милчо Ќупев, директор на Македонска берза.

 

„Брилијант“ ќе ги тужи Оровчанец и Ѓеоргиевски
[07.02.2004] ВМРО-ДПМНЕ води параноична и брутална хајка против Брилијант, вака денеска обвини раководството на оваа Штипска фирма која покрена кривична постапка за клевета изречена од Ѓорѓи Оровчанец и Борче Ѓеоргиевски.

 

Ништо од продажниот бум на нови автомобили
[07.02.2004] Ништо од продажниот бум на нови автомобили што го очекуваа автоимпортерите откако ги намалија цените на возилата за десетина проценти. Од почетокот на годинава кога се укина акцизата и се намали царината досега продадени се околу 500 нови автомобили.

 

Цветановски задоволен од ставот на Положани
[08.02.2004] Штрајкот на вработените во образованието, науката и културата ќе продолжи и утре. Првиот човек на СОНК, Дојчин Цветановски вчера се сретнал со Азис Положани, но несакаше да прецизира што било разговарано.

 

Се уште нема договор меѓу владата и СОНК
[09.02.2004] Иако се очекуваше постигнување договор меѓу владата и синдикалците денеска тоа не се случи. И владата и СОНК остануваа на својот став. Владата-прво да прекине штрајкот па потоа преговори. Синдикалците обратно-прво преговори па потоа ќе прекине штрајкот.

 

Само една фирма заинтересирана за Порцеланка
[09.02.2004] Само една фирма е заинтересирана да ја купи велешка Порцеланка. Одборот на доверители денеска ја отвори понудата на швајцарската фирма Гофи од Лугано, која за имотот на Порцеланка нуди 800.000 евра.

 

Оваа година 10.000 тони тутун помалку од лани
[09.02.2004] Годинава се очекува да бидат откупени околу 15.000 тони тутун, што е речиси двојно помала количина од лани.

 

Oд полноќ поефтинува бензинот
[09.02.2004] Поефтинува бензинот во просек по еден денар за литар.

 

Земјоделците ќе формираат политичка партија
[09.02.2004] Земјоделците ќе формираат политичка партија. Сојузот на земјоделци на Македонија денеска во скопскиот суд поденел барање за регистрација на земјоделска народна партија. Седиштето на новата политичка партија ќе биде во Битола каде што било одржано основачкото собрание.

 

Филипов: „Бугарија не може да ги присвои ракијата и мастиката“
[09.02.2004] Бугарија неможе да ги заштити ракијата и мастиката како свои производи, бидејки станува збор за имиња кои означуваат географско потекло, а не марка на производ, вели Ѓорѓи Филипов сопственик на агенцијата за заштита на индустриската сопственост - Берин.

 

Штрауб и Црвенковски ќе ја одредуваат цената на телефонските импулси
[09.02.2004] Штрауб и Црвенковски од утре на преговарачка маса. Унгарскиот директор од денеска е во Скопје а преговорите со македонската влада ќе стартуваат утре. Ново зголемување на цените на телефонските импулси, отпуштање на вработени од Телеком и делба на профитот остварен минатата година.

 

Розвадовски пристигна за преговорите со ММФ
[09.02.2004] Шефот на мисијата на ММФ за Македонија Розвадовски, утрово, уште на почетокот од двонеделните преговори, се соочи со македонската реалност. Доаѓајќи во министерството за финансии, наиде на железна ограда. Сепак, таа беше поставена само за Лавовите.

 

Договорот за ОКТА државата може да ја чини 800 милиони долари
[09.02.2004] Штетните одредби од контроверзната продажба на ОКТА може државата да ја чинат неверојатни 800 милиони долари, владата уште тактизира дали ќе прифати судска разрешница или ќе се обиде да ги реактивира преговорите со Грците.

 

Машиновозачите најaвија штрајк за следниот вторник
[10.02.2004] За следниот вторник повторно е најавен штрајк во железницата. Независниот синдикат на машиновозачите денеска објави дека за седум дена ќе почнат штрајк поради неисплатените плати и придонеси од плати.

 

Одбележувањето на добитокот услов за негов извоз
[10.02.2004] Системот за идентификација и регистрирање на говедата, чие воспоставување почна со пописот на сточарските домаќинства, треба да профункционира најдоцна до октомври годинва.

 

Просветните работници продолжуваат со штрајкот
[10.02.2004] Штрајкот на вработените во образованието науката и културата продолжува, но нема да се радикализира иако има такви барања од членовите на синдикатот, изјави лидерот на штрајкот, Дојчин Цветановски.

 

Бугарија не стои зад регистрацијата на Ракијата и Мастиката
[10.02.2004] Бугарското Биро за заштита на индустриската сопственост не стои зад информацијата дека нивната земја ќе побара да ги регистрира Ракијата и Мастиката во земјита од ЕУ како бугарски производи. Ваквиот став на Бирото доаѓа по изјавата на бугарската министерка за евроинтеграции дека овие производиво унијата ќе бидат патентирани единствени како бугарски.

 

Ќе поскапи локалниот телефонски импулс
[10.02.2004] Ќе има ребалансирање на цените на телефонските импулси и годинава. Првиот човек на „Матав“ Елек Штрауб со оваа реченица денеска ги информирал премиерот Бранко Црвенковски и министерот за финансии Никола Поповски дека практично ќе поскапи локалниот телефонски импулс.

 

Донесена одлука за распишување на четири телевизиски концесии
[10.02.2004] Владата вчера донесе одлука за распишување конкурс за четири нови концесии за телевизии на национално нива и за уште десетина локални радија и телевизиски станици.

 

Положани: „Штрајкот на СОНК не е добро смислен и организиран“
[11.02.2004] Штрајкот не е добро смислен и организиран, а наставниците незнаат што бараат, обвинува министерот за образование Азис Положани. Според него, владата нема да седне на преговорачка маса со штрајкувачите.

 

42 кандидати за економски промотори во странство
[11.02.2004] На огласот за испраќање економски советници во четири дипломатски претставништва на Македонија во Србија и Црна Гора, Русија, Германија и Италија, кој е објавен минатиот месец досега се пријавени 42-ца кандидати.

 

Продолжуваат преговорите на ММФ и Владата
[11.02.2004] Шефот на мисијата на ММФ, Розвадовски денеска помина цели 10 часа во зградата на министерството за финансии каде веќе трети ден за врши оценка на остварените резултатите на владата во областа на економијата во последните 6 месеци.

 

Роднини на Пенов незаконски купиле дуќани во ГТЦ
[11.02.2004] Антикорпуциската комисија бара кривични пријави за лицата вклучени во незаконска купопродажба на 3 дуќани во градскиот трговски центар. Станува збор за договори склучени во декември 2002-та кога прв човек на градскиот трговски центар е Петре Михајловски.

 

Најавено ново поскапување на лебот
[11.02.2004] Мелничките комбинати најавуваат ново поскапување на лебот, бидејќи постојано расте и цената на пченицата што се увезува. Производителите коментираат дека со цена од 14 денари за колку што сега ја купуваат пченицата, пазарната цена на векна леб треба да биде 30 до 32 денари, што значи ново корегирање на цените на лебот за 25%.

 

Кулминација на војната Влада-Макпетрол за гасоводот
[11.02.2004] Тивката војна на релација Влада-Макпетрол за спорната сопственост врз гасоводот што почна уште од московската екскурзија на Црвенковски во чие друштво беше и првиот човек на Макпетрол Јосифовски, ќе кулминира деновиве.

 

Лани од ДДВ се прибрани 26 милини евра помалку од планираните
[12.02.2004] Три причини со кои министерот Поповски го објаснува потфрлањето на приходите од ДДВ за минатата година се поголемиот поврат на ДДВ, помалата инфлација и понискиот курс на доларот.

 

Во Охрид затворени дуќани поради немање фискална каса
[12.02.2004] Лидерот кој ги предводеше македонските занаетчии во протестите против фискализацијата заврши со пломбиран објект. Причината е немањето на фискална каса за чие воведување Стојан Митревски и другите претставници се бунеа пред ресорното министерство и Владата за пропустите во законот за фискализација.

 

Владата предлага организирана исхрана за вработените во образованието
[12.02.2004] Нема плус пари за хранарина, но може да се договориме за организирана исхрана. Ова е последниот предлог од владата со што таа практично отвори простор за преговори со штрајкувачите и отстапи од својот цврст став дека не преговара додека трае штрајкот.

 

„Конфи Нелиде - Лугано“ нов газда на „Порцеланка“
[12.02.2004] Одборот на доверители на велешка „Порцеланка“ денеска ја продаде фабриката за производство на керамички плочки и порцелан на швајцарската фирма „Конфи Нелиде - Лугано“. За 800.000 евра продадени се производствени погони и објекти на вкупна површина од 85.000 метри квадратни и отворен простор од 200.000 метри квадратни.

 

Пенов негира дека неговите роднини незаконски купиле дуќани
[12.02.2004] Скопскиот градоначалник признава дека негови роднини купиле дуќани во градскиот трговски центар но, негира дека тоа го сториле на незаконски начин како што тврди антикорупциската комисија.

 

Нови построги правила за работа на туристички агенции
[12.02.2004] Сите туристички агенции што немаат лиценца за работа нема да можат да пренесуваат патници надвор од Македонија, а агенцијата која ќе ги изигра клиентите ќе мора да им плати финансиска отштета.

 

ДПМНЕ бара формирање анкетна комисија за случајот шверц со нафта
[13.02.2004] Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска ќе поднесе иницијатива до Собранието за прифаќање на предлог-одлука за формирање анкетна комисија која ќе го испита случајот со наводниот шверц со нафта.

 

Средба Јакимовски-Розвадовски за проблемите во стопанството
[13.02.2004] Проблемите во стопанството, кои особено се јавуваат со царините при увоз на суровините и репроматеријалите и при извозот кој се рализира во долари, беа главна теми на денешните разговори на министерот за економија Стевчо Јакимовски со шефот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија Франек Розвадовски.

 

Шеќеринска: „Договорот со Мајкрософт не е штетен“
[13.02.2004] Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија Радмила Шеќеринска денеска ги демантираше наводите изнесени на прес-конференција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека Владата склучила штетен договор со „Мајкрософт“.

 

Владата и синдикатот ги одмрзнуваат преговорите
[13.02.2004] Владата и штрајкувачите викеднов ќе седнат на преговарачка маса, по три недели целосна блокада на работата во училиштата, културните и научните институции.

 

ЕСМ ќе вложи напори да извезе струја во Грција за време на олимпијадата
[13.02.2004] Македонското електростопанство ќе се обиде да ја реактивира „Термо централата Неготино“, во обид да обезбеди струја за извоз во Грција.

 

Рудниците „Саса“ се уште не можат да стопанисуваат
[13.02.2004] Рудниците „Саса“ се уште не можат да стопанисуваат или да ја продадат фабриката за изработка на перисиски килими, која е изградена со средства од рударите и за вработување на женска работна рака од Македонска Каменица.

 

Не се знае дали ќе се зголемат цените на словенечките производи
[13.02.2004] Продавачите на словенечки производи во Македонија се уште не знаат дали од мај, кога поскапуваат царините за словенечката стока, ќе пораснат и цените на овие производи на нашиот пазар.

 

Aкционерските групирања во „Mакпетрол“ го привлекоа вниманието на берзата
[13.02.2004] Aкционерските групирања во „Mакпетрол“ го привлекоа вниманието на берзата. Комисијата за хартии од вредност му нареди на централниот депозитар да не ги регистрира акционерските промени во „Макпетрол“.

 

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се уште во конфликт за зделката со „Мајкрософт“
[14.02.2004] Во стратешкиот договор што го склучи владата со софтверскиот гигант „Мајкрософт“ постојат анекси, кои владата ги крие од јавноста, бидејќи токму во нив се содржани лошите решенија на склучената зделка, реагира опозиционата ВМРО ДПМНЕ.

 

Штрајкот на СОНК во мирување, од утре учениците на училиште
[15.02.2004] По 3 недели штрајк, утре почнуваат со редовна работа градинките, училиштата, факултетите и културните и научните установи. Советот на СОНК вечерва одлучи штрајкот да го стави во мирување откако 6 часа штрајкувачкиот одбор преговараше со владата.

 

Од утре машиновозачите на штрајк
[16.02.2004] Машиновозачите од утре на пладне ќе штрајуваат со делумна блокада на возовите, односно со минимум сообраќај. Тие се уште не земале плата за ноември.

 

Не се знае како ќе бидат надополнети изгубените часови
[16.02.2004] Конечно започна второто полугодие. По месец и половина, две недели од зимскиот распуст и три недели од штрајкот на СОНК, денеска учениците повторно се вратија во училиштата, а децата во градинките.

 

Протест на дел од членството на ССМ
[16.02.2004] Сојузот на синдикатите денеска го одржаа најавениот протест. Иако, офцијално на протестот организиран од страна на ССМ требаше да учествуваат сите 17 грански синдикати, сепак најголемиот број учесници беа од Синдикатот за образование, наука и култура.

 

Тендерот за мазут роди нов спор меѓу Владата и Окта
[16.02.2004] Окта и Владата, откако ги замрзнаа преговорите за демонополизација го радикализираат спорот. Електростопанство објави тендер за набавка на 280.000 тони мазут, а Окта експресно реагира, нема што да се објавува тендер кога Македонија со купопродажната договор со Хеленик Петролеум се обврза годишно од рафинерија да откупува по 500.000 тони мазут.

 

Министерството за економија предлага времено укинување на царината за 200 суровини
[16.02.2004] Министерството за економија предлага времено укинување на царината за 200 производи што се користат како суровини во текстилната и чевларската индустрија, за да им се помогне на фирмите од овие гранки да ја пребродат кризата во која паднаа поради огромниот пад на вредноста на доларот.

 

Договорите на „Mакпетрол“ се спротивни на правилата на берзата
[16.02.2004] Договорите на акционерите на „Mакпетрол“ со кои тие ги групираа акциите во единствен управувачки пакет од 64%, се спротивни на правилата за котација на берзата. Затоа берзата на директорите на „Макпетрол“ им дава рок од 15 дена да им препорачаат на акционерите да ги изменат спорните одредби од договорите што ги потпишале.

 

Чолаковски: Договорот со СОНК чекор за надминување на состојбите
[16.02.2004] Владата денеска беше информирана за текот на вчерашните преговори со претставниците на СОНК и за постигнатиот договор со синдикалците од образованието, науката и културата, што го оцени како вистински чекор за надминување на состојбите, соопшти владиниот портпарол Сашо Чолаковски.

 

„Брилијант“ доби нерефинирано масло од Русија
[16.02.2004] Прием на 500-тини тони сончогледово нерефинирано масло од Русија за фабриката Брилијант, денеска јавно беше презентирано на штипската железничка станица.

 

„Унитајрас“ не го купи „Фас 11-ти октомври“
[16.02.2004] Денеска иако беше последен ден, фирмата „Унитајрас“ не уплати еден милиони и двеста илајди евра за купување на целиот имот на „Фас 11-ти октомври“. Извори од владата за А1 потврдија дека „Унитајрас“ засега уплатил половина од сумата или помалку од 600.000 евра.

 

Комерцијална банка негира дека е купена од австриска банка
[17.02.2004] Комерцијална банка негира дека банката на Австрија е заинтересирана за нејзино купување. Од комерцијална велат дека Бенк оф острија само им понудила поволен кредит.

 

Почна штрајкот на машиновозачите
[17.02.2004] Незадоволни зашто уште не добиле плата за ноември машиновозачите денеска точно напладне запреа дел од возовите. Ретки беа возовите кои денеска замина од железничката станица во Скопје.

 

Преговорите меѓу Владата и СОНК одложени за утре
[17.02.2004] Преговорите меѓу синдикатот од образованието, науката и културата и владиниот тим, за барањата на СОНК, продолжуваат утре. Цветановски за преговарач го одбра министерот за образование Положани.

 

„Унитајарс“ доби нов рок за купување на „Фас“
[17.02.2004] Фирмата избрана како најповолен понудувач за купување на „Фас“, доби нов рок од три недели за уплаќање на парите, откако тоа не успеа да го стори во досегашниот рок.

 

Пронајдени фалсификувани денари и евра во источна Македонија
[17.02.2004] Само денеска и вчера во Штип, Кочани и Македонска Каменица се откриени фалсификувани банкноти од по 1000 денари и банкноти од по 50 евра. Вкупниот износ на откриените лажни пари е 70.000 денари и околу 650 евра.

 

ЕСМ подготвува тендер за купување на струја вредна 45 милиони евра
[17.02.2004] Електростопанство подготвува тендер за купување на струја од странство вредна околу 45 милиони евра. Хроничниот недостиг од струја, кој годинава достигна рекордно ниво ќе се решава повторно со увоз, освен ако ЕСМ на домашен терен не успеа да ја активира термо централата Неготино.

 

Гоговски: Оспорувањето на договорот меѓу владата и Мајкрософот е политизирано
[17.02.2004] Оспорувањето на стратешкиот договор меѓу владата и Мајкрософт е политизирано и без аргументи, оценува денеска претставникот на Мајкросфт во Скопје.

 

Продолжува штрајкот на машиновозачите
[18.02.2004] Домашниот железнички сообраќај и денеска е делумно блокиран поради штрајкот на членовите на Независниот синдикат на машиновозачите при ЈП „Македонски железници“, што почна вчера напладне.

 

СОНК задоволен од стартот на преговорите
[18.02.2004] Синдикалецот Цветановски задоволен од стартот на преговорите со Положани и неговите соработници. На денешниот прв состанок било договорено вработените во образованието науката и културата да добијат целосен износ на платите за деновите на штрајкот.

 

На Блаце спречен обид за шверц на цигари
[18.02.2004] Мобилната екипа на Царинската управа на Република Македонија, синоќа на граничниот премин Блаце, при контрола на товарно моторно возило комбе кое излегувало од државава, пронајде непријавени 69.000 парчиња цигари од марките „лаки страјк“ и „марлборо“ црвено и бело.

 

Земјоделците бараат поголема заштитна цена на тутунот и пченицата
[18.02.2004] Земјоделците бараат заштитната цена на тутунот да биде 200 денари, а на пченицата 15 денари, наместо досегашните 111 односно 10.

 

Протест на вработените во Жито лукс
[18.02.2004] Револтирани од отказите за седумдесетина свои колеги, вработените во Жито лукс денеска го запреа производството и продажбата на неколку часови, а дел од нив се собраа пред управната зграда.

 

Апелациониот суд ќе одлучи кој ќе биде директор на Благој Ѓорев
[18.02.2004] Вжештената ситуација со велешка Маслодајна денеска резултираше со одржана прес конференција на која бордот на директори на чело со Горанчо Лазов го искажаа своето мислење во врска со одбивањето на нивното барање за упис во регистарот од страна на Основниот суд Скопје 1.

 

Нема да има продолжување на учебната година
[18.02.2004] Ниту еден ден од штрајкот во образованието нема да се одработува, а нема да има ниту продолжување на учебната година. Вака денеска се договориле министерот Положани и претседателот на синдикатот Цветановски.

 

Германците преземаат дел од раководните функции во Телеком
[18.02.2004] Германските партнери во Телеком преземаат дел од раководните функции во македонски телекомуникации, во обид да ја намалат унгарската доминација во Телекомот под чие водство компанијата заработи одиум во јавноста.

 

Поповски и Трпевски задоволни од преговорите со ММФ
[18.02.2004] Крај на двонеделните преговори со ММФ за оценка на економската политика, со следниве констатации: инфлацијата дури била пониска од планираната, економскиот пораст токму колку што бил планиран, а денарот никогаш не бил постабилен.

 

Душан Петрески ја напушта Стопанската комора
[18.02.2004] Душан Петрески конечно ја напушта Стопанската комора. по 3 претседателски мандати, првиот човек на комората сега вели „доста ми е од оваа функција“. Тој ќе си замине од комората веднаш откако ќе биде донесен новиот закон за стопански комори, по што треба да се избере новото раководство.

 

Средношколците задоволни, што нема да продолжи школската година
[19.02.2004] Унијата на средношколци на Македонија целосно го прифаќа компромисот направен помеѓу Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и СОНК за непродолжување на учебната година, како и за максималното редуцирање на работните саботи.

 

И официјално потврдена смената на Реџепагиќ
[19.02.2004] Министерството за финансии и официјално се огласи за разрешувањето на Сезаир Реџепагиќ од директорската позиција и на уште една службеничка од скопската управа за јавни приходи.

 

Преговори меѓу СОНК и Министерството за образование
[19.02.2004] Претставници на Министерството за образование и наука и на Синдикатот на вработените во образованието, науката и културата на денешното продолжение на преговорите за барањата на СОНК ги отвориле прашањата за дополнување и изменување на некои членови од колективните договори за основно и средно образование.

 

Се радикализира штрајкот во Македонски железници
[19.02.2004] Половината плата што на штрајкувачите во железница денеска им ја вети директорот Стојан Наумов не е доволна за да се прекине штрајкот.

 

Рекордно ниска вредност на доларот
[19.02.2004] Некогаш и до 120, денеска за 100 долари се добиваат само 77 евра. И во Македонија, ако доларот беше прво 70 денари, потоа едно евро, еден долар, денеска за една зелена американска банкнота нема да добиете повеќе од 77 евро центи.

 

За утре најавено рестартирање на производството во ФАС
[19.02.2004] Сопственикот на Унитајарс, Славе Распашковски, иако ги нема уплатено сите пари и се уште не е официјален газда на ФАС, денеска во просториите на фабриката најави дека утре ќе почне со производство, ако од управата за јавни приходи добие решение за плаќање на данокот на опремата.

 

Загреб ќе го ратификуваа договорот за сукцесија на имотот на СФРЈ
[19.02.2004] Хрватска го деблокираше процесот на поделба на финансискиот имот на поранешна Југославија. Властите во Загреб ќе го ратификуваат договорот за сукцесија на имотот на СФРЈ, потпишан пред две години во виена.

 

Протести во битолски „Монтинг“
[19.02.2004] „Ние 150 души пуштивме од работа како технолошки вишок, колку што тој бараше ова е надвор од планот“, велат вработените.

 

Следната недела целиот персонал на МЖ во штрајк
[20.02.2004] Независниот синдикат на сообраќајниот пероснал на железничарите на Македонија НССПЖМ и Независниот синдикат на ЈП „Македонски железници“ НСМЖ при крајот на идната недела ќе му се приклучат на штрајкот на машиновозачите што почна на 17-ти овој месец.

 

Скопскиот аеродром ја губи шансата за главно авиопристаниште во регионот
[20.02.2004] На скопскиот аеродром му се заканува опасноста засекогаш да ја загуби шансата да стане главно авиопристаниште во регионот, откако германскиот градежен гигант Хохтиф го зема под концесија аердоромот во Тирана.

 

Заострената монетарна политика може да доведе до повисоки каматните стапки
[20.02.2004] Таман каматите на банкарските кредити почнаа да паѓаат и на едноцифрени бројки, Народната банка објави дека ја заострува монетарната политика, која лани беше една од најрелаксираните во последните години.

 

Доставени понуди за купување на Саса, Тораница и Злетово
[20.02.2004] Три фирми од Панама, Австрија и Кипар доставија понуди за купување на рудникот Саса, а за Тораница и Злетово има само по една понуда од истата фирма од Панама. Станува збор за фирмата „Асец Груп“ која за купување на Сас нуди 4-ри милиони и 50.000 евра.

 

Сепак Распашовски ќе го купи Фас
[20.02.2004] Одборот на доверители на „Фас“ преку ноќ го смени ставот и му даде поддршка на потенцијалниот купувач на фабриката Распашковски. Вчера стечајниот управник и дел од членовите на одборот на доверителите, тврдеа дека Распашковски нема право да го презема управувањето со „Фас“ додека не ја уплати целосната сума од 1.200.000 евра.

 

„Адвент Интернешнл“ нов сопственик на бугарскиот Телеком
[21.02.2004] Австриската фирма „Вива венчерс холдинг“, зад кој всушност стои американската групација „Адвент Интернешнл“, од синоќа е нов сопственик на бугарскиот телекомуникацискиот монопол БТК, јавува Макфакс.

 

За идната трансформација во МЖ ќе се расправа во четврток
[21.02.2004] За планот за трансформација на железница со список од 900 луѓе што треба да се отпуштат од железница идната недела во четврток ќе расправа управниот одбор на јавното претпријатие.

 

Лозарите од Кавадарци со критики до Петров, Петров со закани
[22.02.2004] Еден незадоволен кавадарчанец направи гужва на земјоделската трибина во Кавадарци на која присуствуваше и министерот за земјоделство Славко Петорв.

 

20 акционери од велешка маслодајна штракуваат со глад
[22.02.2004] 20 акционери во велешка маслодајна, кои на одржаното акционерско собрание му ја дадоа довербата на Ацо Начоров од денеска штрајкуваат со глад.

 

Жителите на Волково против обиколницата околу Скопје
[22.02.2004] Жителите на Волково денеска се собраа сред село во уште еден обид да изнудат поместување на трасата од обиколницата околу Скопје неколку стотини метри над селото.

 

СОНК повторно во штрајк ако не им се исплатат нивните плати
[23.02.2004] Вработените во образованието, науката и културата ќе стапат повторно во штрајк ако до четврток не им бидат исплатени јануарските плати кои доцнат две недели, тврди нивниот синдикален лидер Цветановски.

 

Познати 11-те загубари кои треба да се решат годинава
[23.02.2004] 11-те фирми загубари што се најдоа на списокот за решавање годинава се: ЗИК Куманово, Лозар од Велес, ЗИК Црвена Ѕвезда од селото Таринци, Агро Изворски од Богданци, Атом, Жито Ориз и ЗИК Моша Пијаде, сите од Кочани, Искра Инженеринг од Куманово и три дела на гевгелиски Винојуг.

 

Од петок целиот сообраќаен персонал на МЖ во штрајк
[23.02.2004] На машиновозачите од петок во штрајкот им се приклучува и сообраќајниот персонал на македонски железници. Железничарите и се лутат на Владата зашто ги игнорира нивните барања, исплата на две и пол заостанати плати и к-15 за минатата година како и запирање на трансформацијата на фирмата.

 

3 фирми од Европа потенцијални основачи на Бунарџик
[23.02.2004] Три фирми од Европа се потенцијални кандидати за да станат основачи на слободната економска зона Бунарџик. Норвешко германската „Петресен енд Тајмхат“, Велшката „Генофис Стејт“, и фирмата од Лихтенштајн „Интереншнал Висајкл Траст“.

 

Неизвесно згаснувањето на Агенцијата за приватизација
[23.02.2004] Министерството за економија и за финансии се во конфликт. Ќе продолжи ли со работа Агенцијата за приватизација и по предвидениот рок за згаснување 31. март. Министерството за економија со дециден став - агенцијата треба да се затвори во тој рок, за еден месец.

 

Апелациониот суд ја потврди одлуката за легитимноста на штрајкот во „ЕМО“
[24.02.2004] Апелациониот суд од Битола ја потврдил одлуката на Основниот суд од Охрид за легитимноста на штрајкот во охридски „ЕМО“ и сите ДОЕЛ-и во Македонија на ова акционерско друштво.

 

Спорот со имотот на „Газела“ во стечај го одолговлекува нејзиното продавање
[24.02.2004] Синдикатот на вработените во АД „Газела“ во стечај обвинува дека со одлуката на второстепената владина Комисија за управни постапки со која се прифаќа жалбата од АД „Газела 2001“ целата постапка за имотот на фабриката повторно се враќа на почетните позиции со што се одолговлекува продажбата на „Газела“ во стечај преку меѓународен тендер.

 

Владата се уште не решила дали ќе го запре увозот на пилешко од САД
[24.02.2004] Европската унија го забрани увозот на американска живина, дали и Македонија ќе го запре увозот на живинско месо од САД, ветеринарните власти ќе решат деновиве. Тие се уште прават проценка на ризикот дали појавата на птичји грип во САД ја загрозува и Македонија.

 

Неколку дуќанџии од населбата Аеродром се жалат на сметките за парно
[24.02.2004] Неколку десетици дуќанџии од скопската населба Аеродром, се жалат на високите сметки за парно греење кои ги добиле овој месец. Кај некои од нив сметките се повисоки дури и за пет пати. Сметката за јануари изнесува колку сметката што сме ја плаќале за цела грејна сезона, велат тие.

 

Екс работниците на „Газела“ не можат да располагаат со имотот на фабриката
[24.02.2004] Поранешните работници на „Газаела“ иако имаат документ за сопственост на имотот на фабриката се уште не можат со неа да располагаат. Причината е што вторстепената владина комисија го прифатила барањето на газдата на „Газела 2001“ Флорин Дос, за повторно разгледување на спорот со сопственоста.

 

Во МЖ ќе штрајкува и администрацијата
[24.02.2004] Во Македонски железници ќе штрајкува и администрацијата. Синдикатот на железничарите кој е дел од ССМ објави дека и овие вработени во железница за 10-тина дена ќе стапат во штрајк.

 

Зголемена опасност од ширење на птичји грип во Македонија
[25.02.2004] Царината предупредува дека е зголемена опасноста од проширување на птичјиот грип во Македонија и потенцира дека за внесување на живи птици во земјава е неопходен сертификат за здравствена исправност од ветеринарните власти.

 

Вработените во СОНК и денеска не добија плата
[25.02.2004] Вработените во основното и средното образование и во културните институции денеска не ја добија јануарската плата и покрај најавите од Владата дека најдоцна до крајот на денешниот работен ден ќе им биде исплатена платата на сите 37.000 вработени во образованието, науката и културата.

 

Ќе се преиспитува одлуката за зголемен ДДВ за становите во градба
[25.02.2004] Купувачите на станови во градба најверојатно ќе се спасат од плаќање на дополнителен ДДВ од 18%. Уставниот суд ќе ја преиспита уставноста на членот од законот што предвидува граѓаните да ја платат новата стапка од 18% за овие станови, наместо 5% ДДВ колку што им стоело во купопродажните договори.

 

Договорите на акционерите на Макпетрол не се валидни
[25.02.2004] Договорите на акционерите на Макпетрол не се валидни бидејќи се спротивни на повеќе закони, официјално потврди комисијата за хартии од вредност. Се додека акционерите не ги променат спорните одредби од договорите, комисијата нема да дозволи да се регистрираат акционерските промени во централниот депозитар.

 

9 месечното членство во СТО без странски инвестиции
[25.02.2004] Девет месеци по зачленувањето во Светската Трговска Организација, единствена придобивка за Македонија е прилагодување на целокупниот трговски систем кон правилата на СТО. Следува прилагодување на сите правилници, стандарди и на квалитетот на производите.

 

Топлификација: „Високите сметки за парно греење се реални“
[25.02.2004] Од Топлификација тврдат дека високите сметки за парно греење всушност се реални, бидејќи мерачите на топлинска енергија кои засега ги има главно кај дуќаните покажуваат точно колку е потрошено.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk