Дома Пристаниште на чудата
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Октомври 2004

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Фудбалски резултати и статистики
 

АРХИВА: Свет, Октомври 2004


 

Најмалку 10 загинати во експлозија пред џамија во Пакистан
[01.10.2004] Најмалку десет лица загинаа, а десетина други се повредени при експлозија за време на петочната молитва пред една шиитска џамија во градот Сиалкоту во источен Пакистан.

 

Над 100 загинати во американската офанзива во Самара
[01.10.2004] Еден американски војник загина, а четворица други се повредени при денешните судири во ирачкиот град Самара, соопшти портпаролот на американската Прва пешадиска дивизија стационирана во Ирак, полковникот Роберт Пауел.

 

Блер сака и трет мандат за премиер
[01.10.2004] Сакам да отслужам уште еден, трет по ред мандат како британски премиер, но тоа би бил последниот во мојата политичка кариера, изјави шефот на британската Влада Тони Блер во интервју за Би-Би-Си.

 

Тавхид ва Џихад презеде одговорност за вчерашните напади
[01.10.2004] Екстремистичката организација Тавхид ва Џихад, во соопштение чија автентичност се уште не е потврдена, презеде одговорност за вчерашните експлозии на автомобил-бомби во Багдад, при што загинаа најмалку 42 лица, а над 140 се повредени, вклучувајќи и голем број деца.

 

Прва телевизиска дебата на Буш и Кери
[01.10.2004] Конечно се погледнаа очи во очи и си ги кажаа работите кои ги мислат еден за друг. Претседателот Буш и Сенаторот Кери синоќа ја имаа првата дебата од претседателската кампања. Ирак, Иран, Авганистан, Северна Кореја, односите со Русија и Националната безбедност беа главни теми.

 

Во Пакистан убиени околу 100 припадници на Ал Каеда
[01.10.2004] Пакистанските сили за безбедност во последната операција долж границата со Авганистан убија близу 100 членови на Ал Каеда, соопшти пакистанскиот претседател Первез Мушараф.

 

Најмалку 2 лица загинаа при напад на израелската армија во Газа
[01.10.2004] Најмалку две лица загинаа, а неколкумина други се повредени денеска кога израелски хеликоптери истрелаа ракета врз палестинскиот бегалски камп Џебалија во Појасот Газа, соопштија палестински извори.

 

12 загинати во судирите во Садр сити
[01.10.2004] Деветмина припадници на Армијата на Махди и тројца цивили загинаа денеска во судирите меѓу американската војска и шиитски бунтовници во багдадскиот кварт Садр Сити, соопштија медицински извори.

 

Израел го уништи седиштето на Арафат во Газа
[01.10.2004] Израелската војска испали денеска најмалку десет тенковски гранати врз седиштето на палестинскиот лидер Јасер Арафат во Беит Ханон, во северниот дел на Појасот Газа и уби еден Палестинец во зградата, јавија западните агенции, цитирајќи очевидци.

 

Убиен војник на САД во Ирак
[02.10.2004] Еден американски војник синоќа е убиен во Багдад, соопшти командата на силите на САД во Ирак.

 

Прогласена вонредна состојба во Палестина
[02.10.2004] Палестинските влада прогласи вонредна состојба на палестинските територии поради израелската воена операција во Појасот Газа и ја повика меѓународната заедница да ги спречи нападите на Израел врз Палестинците.

 

Експлозии во Индија, над 28 загинати
[02.10.2004] Најмалку 28 загинати и 87 повредени е последниот биланс на настрадани во серијата екплозии што се случија денеска во североисточните индиски сојузни држави Нагаленд и Асам.

 

Масовни работнички протести во Амстердам
[02.10.2004] Меѓу 150 и 200.000 лица демонстрираа денеска на улиците на Амстердам против најавата на десничарската холандска Влада за реформи на социјалниот систем со кои ќе се ограничат некои работнички права.

 

Протести во Берлин поради најавените социјално-економски реформи
[02.10.2004] Околу 10.000 лица денеска протестираа во Берлин поради најавените социјално-економски реформи на германската Влада.

 

Откриен таен бункер на источно германскиот диктатор Хонекер
[02.10.2004] Градежни работници што работеле во центарот на Берлин, откопале таен подземен бункер кој бил изграден за поранешниот источно германски диктатор Ерих Хонекер, објави весникот „Берлинер Цајтунг“.

 

Американски шпионски авион се урна во Пакистан
[03.10.2004] Американски шпионски беспилотен авион денеска се урнал во близина на американската воена база во јужен Пакистан, соопшти пакистанската полиција.

 

Во Австралија се самоубија 4 осомничени педофили
[03.10.2004] Четворица Австралијци кои беа осомничени за детска порнографија на Интернет се самоубија, соопшти денеска австралиската полиција.

 

Франција уапси 20 лица осомничени дека се членови на ЕТА
[03.10.2004] Француската полиција во голема акција спроведена изутрината уапсила 20 лица осомничени дека се припадници на баскиската сепаратистичка организација ЕТА.

 

Њузвик: „Кери води 3 проценти пред Буш“
[03.10.2004] Претседателскиот кандидат на демократите Џон Кери го поддржуваат 49 отсто, а републиканскиот кандидат и актуелен претседтаел на САД Џорџ Буш 46 поценти од гласачите, покажуваат резултатите од последната анкета објавена во списанието „Њузвик“.

 

Жестоки судири во Газа, убиени над 50 Палестинци
[03.10.2004] Израелскиот премиер Ариел Шарон денеска изјави дека израелската воена операција во Појасот Газа, во која досега се убиени повеќе од 50 Палестинци, ќе продолжи се додека не бидат спречени палестинските ракетни напади врз територијата на Израел.

 

Американски воздушни напади врз Фалуџа
[03.10.2004] Најмалку четворица ирачки цивили се убиени, а 12 се повредени во ноќешните американски воздушни напади врз севроисточниот ирачки град Фалуџа.

 

Германија го одбележува Денот на обединувањето
[03.10.2004] Германија денеска го одбележува Денот на обединувањето во знак на сеќавање на 3 октомври 1990 година кога и официјално беше означен крај на политичкиот процес на обединувањето на Западна и Источна Германија, започнат една година порано со падот на Берлинскиот ѕид.

 

Италија бара муслиманските држави да ги заменат странските војски во Ирак
[04.10.2004] Италија бара од муслиманските држави да почнат постепено да ги заменуваат странските војски во Ирак, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини во интервјуто за весникот „Кориере дела сера“.

 

Најмалку 15 загинати во експлозија на автомобил-бомба во Багдад
[04.10.2004] Најмалку 15 лица загинаа, а 81 се повредени при експлозија на автомобил-бомба на влезот на т.н. Зелената зона во Багдад, каде се наоѓаат зградите на Американската амбасада и на ирачката Влада, соопштија болнички и воени извори.

 

Сеул тврди дека Северна Кореја е подготвена за „виртуелна војна“
[04.10.2004] Северна Кореја обучила 500 хакери способни да почнат „виртуелна војна“ против САД, тврди јужнокорејскиот министер за одбрана Јон Кван-вонг.

 

Анан бара од Израел да ја прекине воената акција во Газа
[04.10.2004] Генералниот секретар на Светската организација Кофи Анан побара синоќа од Израел да ја прекине воената акција во Појасот Газа, каде во последните пет дена беа убиени 66 Палестинци.

 

Најмалку тројца Палестинци загинаа при израелски напад во Газа
[04.10.2004] Најмалку тројца Палестинци, меѓу кои и еден од лидерите на Хамас, се убиени рано утрово во израелскиот воздушен напад во бегалскиот логор Џабалија во северниот дел од Појасот Газа, соопштија претставници од болницата и очевидци.

 

ЦИА: Во ЈАР се крие новото поколение лидери на Ал Каеда
[04.10.2004]  Јужноафриканската република е меѓу земјите каде се крие новото поколение лидери на терористичката мрежа Ал Каеда, се вели во извештајот на Централно разузнавачката агенција (ЦИА) .

 

Продолжуваат американските напади врз Фалуџа
[04.10.2004] Најмалку девет лица, од кои три жени и две деца, загинаа во два воздушни напади на американската војска врз засолниште на бунтовници во ирачкиот град Фалуџа, западно од Багдад, јавуваат западните агенции, повикувајќи се на американско воено соопштение.

 

Најмалку 17 имигранти се удавиле на пат од Тунис кон Италија
[04.10.2004] Најмалку 17 илегални имигранти се удавиле, а 47 се видат како исчезнати при превртувањето на чамецот со кој имигрантите патувале од Тунис кон Италија, соопшти денеска туниската крајбрежна стража.

 

5 години пауза по проширувањето на ЕУ во 2005г.
[04.10.2004] После 2007 година за кога е најавено следното проширување на Европската унија, ќе следуваат пет години пауза до новиот бран проширување, се наведува во најновиот извештај на Европската комисија што ќе биде објавен задутре.

 

Полските војници ќе останат во Ирак до крајот на 2005 година
[04.10.2004] Полските војници ќе останат во составот на мултинационалните сили во Ирак до крајот на 2005 година, изјави денеска полскиот министер за одбрана Јержи Снајѓински.

 

Седум лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во Мосул
[04.10.2004] Седум лица, од кои две деца, загинаа во денешната експлозија на автомобил-бомба недалеку од основно училиште во Мосул, град во северниот дел на Ирак.

 

Убиени 4 Ирачани во Латифија
[05.10.2004] Четворица Ирачани се убиени од страна на вооружени лица кои го нападнале нивниот автомобил во Латифија, 40 километри јужно од Багдад, соопшти претставник на полицијата.

 

Даунер: „Австралиските војници ќе останат во Ирак колку што е потребно“
[05.10.2004] Австралискиот министер за надворешни работи Александар Даунер денеска повторно одби да одреди конкретен план за повлекување на австралиските војници од Ирак, откако вчера полскиот претседател соопшти дека Полска ќе го повлече својот контингент до крајот на 2005 година.

 

Анан потпиша спогодба за соработка на ОН со МКС
[05.10.2004] ОН потпишаа спогодба за соработка со новиот Меѓународен кривичен суд (МКС) и покрај спротивставувањата на Вашингтон за создавање на Трибуналот.

 

4 војници на САД осомничени за убиство на ирачки генерал
[05.10.2004] Против четворица американски војници од Форт Карсон - Колорадо, ќе биде поведена судска одговорност за убиство на ирачки генерал за време на испрашување.

 

Буш е во предност пред Кери
[05.10.2004] Американскиот претседател Џорџ Буш е во предност пред Џон Кери, покажуваат социолошките истражувања спроведени четири недели пред претседателските избори во САД.

 

Порасна антиисламизмот во САД
[05.10.2004] Секој четврти граѓанин на САД е негативно настроен кон муслиманите и е убеден дека исламот проповеда насилство и омраза, покажуваат резултатите од направеното истражување од Советот за американско-исламски односи.

 

Рамсфелд призна дека нема врска меѓу Хусеин и Бин Ладен
[05.10.2004] Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд призна дека разузнавачките информации пред инвазијата врз Ирак биле погрешни, додавајќи дека не видел ниту еден доказ што го поврзува поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин и лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда Осама бин Ладен.

 

Пјонг Јанг ги обвинува САД за мешање во внатрешните работи
[05.10.2004] Законскиот акт усвоен од страна на американскиот Конгрес со кој се бараат пошироки човекови права во Северна Кореја, покажува дека нуклеарните разговори се бесмислени, а целта на САД е да ја срушат комунистичката држава, соопшти денеска севернокорејското Министерство за надворешни работи.

 

САД ќе ги ослободат затворениците од базата Гвантамо
[05.10.2004] Американската војска има намера наскоро да ослободи поголем број затвореници од базата Гвантамо на Куба, изјави за денешниот број на весникот „Фајненшл Тајмс“ заменик командантот на единицата што ја води базата бригадниот генерал Мартин Луценти, пренесуваат агенциите.

 

Шпанија може да испрати војници во Ирак за време на изборите
[05.10.2004] Шпанија би можела да ја разгледа опцијата за повторно испраќање војници во Ирак доколку тоа го побараат ОН, изјави денеска шпанскиот министер за одбрана Хозе Боно.

 

Откриени две ракети „земја-воздух“ на ЕТА во Франција
[05.10.2004] Француската полиција и шпанската жандармерија, во денешната заедничка акција во јужниот дел на Франција, открија две ракети „земја-воздух“ што ги набавила терористичката организација ЕТА, а што биле сокриени во подземни бункери преполни со оружје, јавуваат агенциите.

 

На берзата во Њујорк нафтата ја премина границата од 51 долари за барел
[06.10.2004] Цената на американската сурова нафта на њујоршката берза пред објавувањето на количествата на комерцијалната понуда на нафта во САД и Мексиканскиот залив денеска достигна нова рекордна вредност од 51.48 долари за барел.

 

ЦИА нема докази за поврзаност на Заркави со Хусеин
[06.10.2004] Нема цврсти докази за поврзаност на Абу Мусаб Заркави и Садам Хусеин пред почетокот на воената интервенција во Ирак, се наведува во последниот извештај на американската разузнавачка агенција ЦИА испратен до Белата куќа.

 

ЕУ воведува построги правила во преговорите за членство
[06.10.2004] Европската комисија даде до знаење дека може да ги откаже преговорите за членство со земјите - кандидатки доколку тие не ги исполнат критериумите на Европската унија.

 

МААЕ: Светот го губи трпението за севернокорејската нуклеарна програма
[06.10.2004] Светот го губи трпението поради продолжувањето на двегодишната криза околу севернокорејската нуклеарна програма, изјави денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Мохамед ел Барадеј кој се наоѓа во посета на Јужна Кореја.

 

Тројца Палестинци загинаа во напад на израелската армија во Газа
[06.10.2004] Тројца Палестинци загинаа, а 12 се ранети во нападот на израелската армија што се случи утрината во бегалскиот камп Џабалија, во појасот Газа, јавуваат западните агенции, повикувајќи се на палестински болнички извори.

 

Уапсени петмина припадници на ЕТА
[06.10.2004] Петмина припадници на баскијската сепаратистичка организација ЕТА утрината беа уапсени во шпанската провинција Баскија, јавија западните агенции.

 

Во авионска несреќа во Судан загинаа четворица Руси
[06.10.2004] Четири члена на екипажот на судански товарен авион го загубија животот во вчерашната несреќа што се случила во суданска провинција Јужен Кордофан.

 

МААЕ: Иран има преработено неколку тони суров ураниум
[06.10.2004] Иран има преработено неколку тони суров ураниум во хексафлуорид гас, неопходен за збогатување, изјави Хусеин Мусавиан, постојан претставник на Иран во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

 

Експлозија на бомба за време на предизборен митинг во Авганистан
[06.10.2004] Две лица се убиени, а други две ранети при експлозија на бомба за време на предизборен митинг во Фаизабад, во северниот дел на Авганистан.

 

ОБСЕ ќе ги набљудува претседателските избори во САД
[06.10.2004] Четири години после хаосот што настана при пребројувањето на гласовите во сојузната држава Флорида кога беше избран актуелниот американски претседател Џорџ Буш, тим набљудувачи на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) денеска патува во САД за да ги следи претседателските избори закажани за 2 ноември.

 

Хауард: „Австралија не згреши кога ја поддржа војната во Ирак“
[07.10.2004] Австралија не згреши кога ја поддржа војната во Ирак, независно од заклучокот на главниот американски инспектор дека поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин немал оружје за масовно уништување.

 

Двајца Палестинци се убиени при напад на израелски тенк во Газа
[07.10.2004] Двајца Палестинци се убиени кога израелски тенк отворил оган врз група палестински момчиња во северниот дел на Газа.

 

Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер го потресе Токио
[07.10.2004] Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер синоќа го потресе Токио, при што се полесно повредени три лица, а не се предизвикани причинети штети.

 

Најмалку 39 лица загинаа во експлозија на бомба во Пакистан
[07.10.2004] Најмалку 39 лица загинаа и 52 се повредени во експлозија на автомобил-бомба за време на утринска религиозна церемонија во централниот пакистански град Мултан.

 

Алханов има намера да преговара со сепаратистите
[07.10.2004] Новиот промосковски претседател на Чеченија Алу Алханов изјави дека има намера да разговара со неколку групи на чеченските сепаратисти, кои, според негови зборови, би сакале да му се вратат на мирното живеење.

 

Ширак во одбрана на јазичните и културните вредности
[07.10.2004] Францускиот претседател Жак Ширак денеска во Ханој во рамките на дводневната посета на Виетнам, застана во одбрана на јазичните и културните различности и се спротивстави на американската хегемонија, за која смета дека води до вистинска еколошка катастрофа.

 

Експлозија на две бомби пред полициска станица во Шведска
[07.10.2004] Пред една полициска станица во западна Шведска денеска експлодраа две бомби при што нема повредени, освен причинетата материјална штета.

 

Во Ирак уапсени 60 лица, а ослободени 240 затвореници
[07.10.2004] Шеесет лица се уапсени во одделни операции на американските и ирачките сили југозападно од Багдад, соопшти денеска американската армија.

 

ОН: На Газа и се заканува голема хуманитарна криза
[07.10.2004] На Појасот Газа му се заканува голема хуманитарна криза со оглед на тоа дека речиси 70 проценти од Палестинците живеат во сиромаштија заради израелската политика и воените операции во тоа подрачје, предупредија ОН.

 

Група лабуристички пратеници против трет мандат на Блер
[07.10.2004] Група лабуристички пратеници, противници на ирачката војна и припадници на левото крило на пратијата, се закануваат дека ќе ги спречат обидите на британскиот премиер Тони Блер да се бори за освојување на третиот мандат на изборите предвидени за следната година.

 

Американски хеликоптер се урна во Кувајт
[07.10.2004] Американски воен хеликоптер се урна денеска непосредно по полетувањето од базата Кемп Арифџан во Кувајт, соопшти Командата на Петтата флота на Воената морнарица на САД.

 

Над 100 убиени во Газа во последната офанзива на Израел
[07.10.2004] Речиси 100 лица загинаа, а над 400 се повредени во големата офанзива, која израелските сили ја започнаа минатата недела во северниот дел на Појасот Газа, покажуваат најновите податоци на Обединетите нации.

 

Американски експерти за оружје го испитувале Садам Хусеин
[07.10.2004] Американски експерти за оружје во затворот го испитувале поранешниот претседател на Ирак Садам Хусеин, во обид да ја разоткријат ирачката програма за развој на оружјето за масовно уништување.

 

Експлозија пред Индонезиската амбасада во Париз
[08.10.2004] Десет лица се лесно повредени при експлозија пред индонезиската Амбасада во Париз, соопшти Француското радио. Според француските власти причина за експлозијата е експлозивна направа со средна моќност.

 

11 загинати во воздушен напад во Фалуџа
[08.10.2004] Единаесет лица загинаа, меѓу кои и деца и жени, а 17 се повредени во синоќешните напади на американската авијација во Фалуџа, јавија локални болнички извори.

 

Американско државјанство за странците кои војуваат за САД
[08.10.2004] Директорот на Службата за имиграција и натурализација на САД Едвардо Агире на 80 странски војници кои служат во американската војска во Ирак, Авганистан и во Германија на одржаната пригодна церемонија им додели американско државјанство.

 

Австралија ги повика граѓаните да не патуваат за Бали
[08.10.2004] Австралија ги повика своите граѓани да избегнуваат патувања на индонезискиот остров Бали во периодот кога се одбележува втората годишнина од нападите врз два тамошни ноќни клубови, кога загинаа 202 лица, меѓу кои и 88 Австралијци.

 

Во Еквадор запленети 44 кг. наркотици
[08.10.2004] Одделот за борба со наркотици во еквадорската провинција Пичинча, во која се наоѓа главниот град Кито, во текот на септември конфискувала 44 килограми наркотици, скриени во поштенски пратки, пишува локалниот весник „КРЕ сателитал“.

 

Исламски џихад и Хамас се оградија од нападите во Египет
[08.10.2004] Претставници на радикалните палестински групи Исламски џихад и Хамас изјавија денеска дека не ги извршиле нападите во египетските одморалишта на Синајскиот полуостров.

 

Над 31 загинат во експлозија на хотел во Египет
[08.10.2004] Најмалку 31 лице загина, 122 се ранети, а 38 се водат за исчезнати во три бомбашки напади што се случија ноќеска во египетските одморалишта на Синај, јавува израелското воено радио, пренесуваат агенциите.

 

Садам бил меѓународен гангстер, но не и нуклеарен терорист
[08.10.2004] Садам бил меѓународен гангстер, но не и нуклеарен терорист.

 

Продолжува израелската акција во Газа
[09.10.2004] Двајца палестински полицајци загинаа во текот на минатата ноќ при израелски ракетен напад врз бегалскиот логор Хан Јунус во Појасот Газа, соопштија палестински извори.

 

Победа на владејачката коалиција на изборите во Австралија
[09.10.2004] Опозициската Лабуристичка партија го призна поразот на денешните парламентарни избори во Австралија, честитајќи и ја победата на владејачката коалиција составена од Либералната и Националната партија.

 

Претседателски избори во Авганистан
[09.10.2004] Петнаесет од вкупно 18-те кандидати на претседателските избори во Авганистан денеска соопштија дека се повлекуваат од изборната трка, оценувајќи дека изборниот процес е нелегитимен.

 

Наследник на Петрос Седми е митрополитот Феодор од Зимбавбе
[09.10.2004] Наследник на загинатиот александриски патријарх Петрос седми е митрополитот Феодор од Зимбавбе.

 

ОН усвоија нова резолуција за борба против тероризмот
[09.10.2004] Советот за безбедност на ОН синоќа усвои нова резолуција за унапредување на борбата против тероризмот и ги повика сите нации да преземат акции за апсење или испорачување на сите кои ги поддржуваат, финансираат или учествуваат во терористичките акти.

 

Буш и Кери во се пожестока битка за гласови
[09.10.2004] Буш и Кери во се пожестока битка за гласови, оти анкетите покажуваат тесен резултат. Економија и внатрешна политика беше темата на втората дебата меѓу двајцата кандидати за претседател, но пак работата се сведе на Ирак.

 

Рамсфелд во ненајавена посета на Ирак
[10.10.2004] Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд утрово допатува во ненајавена посета на Воздухопловната база „Асад“ во западниот дел на Ирак, во близина на ирачко-сириската граница.

 

Тајфунот Маон однесе четири жртви во Јапонија
[10.10.2004] Тајфунот Маон однесе четири жртви во Јапонија, а пет лица се водат за исчезнати.

 

Најмалку 157 лица загинаа во поплави во Индија
[10.10.2004] Најмалку 157 лица загинаа во поплавите што од средата го зафатија североисточниот дел на Индија, соопштија денеска индиските власти.

 

Најмалку 24 лица загинаа при серија бомбашки напади во Ирак
[10.10.2004] Најмалку 17 лица загинаа при самоубиствен бомбашки напад пред зградата на Полициската академија во Багдад, јавија медиумите од ирачкиот главен град повикувајќи се на изјави на очевидци.

 

Групата на Заркави ја презеде одговорноста за експлозиите во Багдад
[10.10.2004] Исламски Интернет сајт денеска објави соопштение на групата на јорданскиот екстремист Абу Мусаб аз Заркави во кое таа ја презеде одговорноста за денешните експлозии во Багдад во кои загинаа најмалку 17 лица.

 

Најмалку 20 лица загинаа во автобуска несреќа во Кина
[10.10.2004] Најмалку 20 лица загинаа денеска, а четири се исчезнати кога автобусот со кој патувале паднал во река во планинска област, во кинеската провинција Сечуан, јавија кинеските медиуми.

 

Американците ослободија 154 Ирачани од затворите
[11.10.2004] Американската армија соопшти дека денеска се ослободени 154 затвореници од затворите Абу Гариб во Багдад и Кемп Бука во јужен Ирак.

 

Ракетирана куќата на еден од лидерите на Исламски џихад во Газа
[11.10.2004] Израелска армија денеска ја ракетираше куќата на Мохамед Шеик Халил, еден од лидерите на групата Исламски џихад во бегалскиот логор Рафах.

 

Најмалку 7 лица загинаа во експлозија од бомбаш-самоубиец во Пакистан
[11.10.2004] Најмалку седум лица загинаа, а четири се ранети во експлозијата предизвикана од бомбаш-самоубиец во шиитска џамија на истокот од Пакситан.

 

Приврзаниците на Моктада Садр започнаа да го предаваат оружјето
[11.10.2004] Приврзаниците на радикалниот шиитски лидер Моктада Садр, започнаа да го предаваат оружјето во полициските станици во багдадскиот кварт Садр.

 

Почина филмскиот супермен Кристофер Рив
[11.10.2004] Филмскиот супермен, Кристофер Рив, вчера почина од срцев удар.

 

Христијанско-демократска унија против влез на Турција во ЕУ
[11.10.2004] Тоа што опозицијата го нарекува разумна идеја, власта го критикува како непристоен популистички предлог. Опозиционата Христијанско-демократска унија размислува за акција за собирање потписи против влез на Турција во ЕУ.

 

Од Ирак исчезнува опрема за нуклеарно оружје
[12.10.2004] Од Ирак исчезнуваат опрема и материјали со коишто би можеле да се произведе нуклеарно оружје, соопшти меѓународната агенција за атомска енергија.

 

Шарон започна преговори за нова коалиција
[12.10.2004] Израелскиот премиер Ариел Шарон денеска започна преговори за промена на составот на владејачката коалиција, откако синоќа доживеа пораз на симболичното гласање во Кнесетот (парламентот), каде што 53 пратеници се изјаснија против тоа тој да го образложи својот план за повлекување од појасот Газа, додека 44 гласаа „за“.

 

Пакистан изврши успешен тест на балистичка ракета
[12.10.2004] Пакистан денеска изврши успешна проба на истрелување балистичка ракета со среден дострел способна да има нуклеарно полнење, се наведува во коминике на пакистанската армија.

 

Кери води 1% пред Буш
[12.10.2004] Демократот Џон Кери води само еден процент пред актуелниот претседател Џорџ Буш во предизборната претседателска кампања, покажува последната анкета на Галуп.

 

7 лица групно се самоубија во Јапонија
[13.10.2004] Јапонската полиција започна истрага во врска со групното самоубиство на седум лица од Токио, за кои постои сомневање дека заеднички се решиле на ваквиот чекор по запознавањето и разговорите преку Интеренет.

 

Во Ријад убиен еден од најбараните саудиски екстремисти
[13.10.2004] Еден од најбараните екстремисти во Саудиска Арабија е меѓу тројцата вооружени лица кои вчера загинаа во претрелка со саудиските безбедносни сили за во Ријад, соопшти денеска саудиското Министерство за внатрешни работи.

 

Трет ТВ дуел меѓу Буш и Кери
[13.10.2004] Американскиот претседател, републиканецот Џорџ Буш и неговиот главен противкандидат на претседателските избори, демократот Џон Кери вечерва ќе го имаат третиот и последен телевизиски дуел, што ќе се одржи во Темпи во сојузната држава Аризона.

 

Израелците навлегоа подлабоко во Газа
[13.10.2004] Израелски воени извори соопштија дека нејзините војници навлегле во нов реон во Појасот Газа, како дел од операцијата за прекинување на палестинските ракетни напади врз израелските населби.

 

Ханс Бликс: „Војната во Ирак не ги обесхрабри терористите“
[13.10.2004] Ако војната во Ирак требаше да претставува порака до терористите да ги прекинат своите активности, тогаш таа навистина пропадна и само го стимулираше тероризмот, изјави поранешниот шеф на испекторите за оружје на Обединетите нации Ханс Бликс за радио Би-Би-Си.

 

Хјуман рајт воч: „Исчезнати“ најмалку 11 осомничени на Ал Каеда“
[13.10.2004] Најмалку 11 осомничени припадници на Ал Каеда „исчезнале“ во американските затвори, објави синоќа американската организација за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ), со седиште во Њујорк.

 

ЕК предлага намалување на канцерогените супстанции во храната
[13.10.2004] Европската комисија предложи намалување на нивото на канцерогени хемиски супстанции во сушеното месо и во колбасите со цел да се подобри исправноста на храната.

 

Тројца војници на САД загинаа во Ирак
[13.10.2004] Тројца американски војници загинаа синоќа при експлозија во источниот дел на Багдад, соопшти денеска Командата на силите на САД во Ирак.

 

Штрајк на вработените во Франс прес
[13.10.2004] Персоналот во француската новинска агенција АФП стапи во штрајк, поради високите плати на некои вработени кои се наоѓаат на високи позиции во Агенцијата.

 

Вашингтон тајмс: „Чеченски терористи илегално влегле во САД“
[13.10.2004] Американските власти проучуваат разузнувачки извештај што укажува дека група од 25 чеченски терористи во текот на јули илегално влегле во Соединетите Американски Држави преку Мексико, пишува весникот „Вашингтон тајмс“.

 

Берлин против обединувањето на ИСАФ со американската операција
[13.10.2004] Германија не се согласува со обединувањето на командата на НАТО силите и американските сили во Авганистан, рече германскиот министер за одбрана Петер Штрук за време на неформалната средба на министрите за одбрана на НАТО во Романија.

 

Пожар во зграда на Претставничкиот дом на САД
[14.10.2004] Пожар избувна синоќа во визбата на зградата со канцеларии на членовите на Претставничкиот дом на САД во Вашингтон, јавија американските медиуми повикувајќи се на полициски извори.

 

Најмалку 15 загинати во судири во Ирак
[14.10.2004] Најмалку 15 членови на Националната гарда на Ирак загинаа денеска при напад на ирачките бунтовници во градот Каим, во близината на границата на Сирија.

 

Последна телевизиска дебата меѓу Буш и Кери
[14.10.2004] Демократскиот претседателски кандидат Џон Кери во синоќешната дебата го обвини актуелниот претседател Џорџ Буш за лошо водената војна во Ирак, за пораст на невработеноста и за зголемување на бројот на лицата кои останале без здраствена заштита.

 

Два земјотреси го погодија Иран
[14.10.2004] Два земјотреси со интензитет од 5,2 и 4,2 степени според Рихтеровата скала утринава ги погодија иранските градови Заранд и Равар, во провинцијата Керман.

 

Алу Алханов го назначи Сергеј Абрамов за премиер на Чеченија
[14.10.2004] Чеченскиот претседател Алу Алханов денеска го назначи Сергеј Абрамов за премиер на чеченската република, јавија руските медиуми.

 

Нородом Сихамони избран за нов крал на Камбоџа
[14.10.2004] Принцот Нородом Сихамони, помалиот син на поранешниот крал на Камбоџа Нородом Сиханук, денеска официјално е избран за нов камбоџански монарх, откако неговиот татко абдицира минатата недела.

 

Петмина Палестинци загинаа при израелски напади во Газа
[14.10.2004] Петмина Палестинци загинаа, а седумина други се повредени при ракетни напади на израелското Воено воздухопловство во Појасот Газа на почетокот на третата седмица од најголемата израелска офанзива на тоа подрачје во последните четири години.

 

Рејтингот на САД во светот е во пад
[15.10.2004] Рејтингот на САД во светот е во пад, покажуваат координираните анкети спроведени во Канада, Франција, Велика Британија, Шпанија, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Мексико, Израел и Русија.

 

Годишно умираат 1.6 милиони луѓе поради греење со цврсти горива
[15.10.2004] Околу 1.6 милиони луѓе годишно умираат од последиците на чад при готвењето и затоплувањето на домовите со цврсти горива, предупредија во денешното заедничко соопштение Светската здравствена организација (СЗО) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

 

Шарон нареди повлекување на војската од северoт на Газа
[15.10.2004] Израелскиот премиер Ариел Шарон синоќа нареди повлекување на војската од северниот дел на Појасот Газа, со цел да се намали военото присуство во палестинските области пред муслиманскиот празник Рамазан, јави Израелското радио.

 

ЕУ ќе донира 200 милиони евра за обнова на Ирак
[15.10.2004] Европската унија во пресметките за следната година планира да одвои 200 милиони евра за обнова на Ирак, објавено е по завршувањето на четвртата донаторска конференција за Ирак во Токио, јавуваат агенциите.

 

Двајца војници на САД загина во Авганистан
[16.10.2004] Двајца американски војници загина, а тројца се повредени кога возилото во кое се превезувале нагазило на мина во јужната авганистанска провинција Урузган.

 

Експлозии пред христијански цркви во Багдад
[16.10.2004] Рачно изработени бомби изутрината експлодираа пред пет христијански цркви во Багдад, соопшти претставник на ирачката полиција.

 

Избрани нови непостојани членки на Советот за безбедност
[16.10.2004] Грција, Аргентина, Данска, Јапонија и Танзанија од први јануари 2005 година ќе бидат нови непостојани членки на Советот за безбедност на ОН. Одлуката за тоа синоќа формално ја донесе Генералното собрание на ОН.

 

Заврши акцијатa на Израел во Газа
[16.10.2004] Израел синоќа ги повлече и последните тенкови од населените места во северниот дел на појасот Газа со што ја заврши најголемата воена акција на палестинските територии во последните четири години.

 

Буш ја зголеми предноста пред Кери
[16.10.2004] Американскиот претседател Џорџ Буш,по последното телевизиско соочување на претседателските кандидати, ја зголемил предноста во однос на демократот Џон Кери, покажуваат синоќа објавенитерезултати од анкетата на агенцијата „Зогби“.

 

3 деца убиени во Авганистан
[16.10.2004] Три деца и еден полицаец настрадаа во експлозија на бомба поставена на пат во местото Асмар, во провинцијата Кунар, на истокот на Авганистан, јавија денеска западните агенции, цитирајќи очевидци.

 

Во Белорусија референдум за промена на уставот
[17.10.2004] Во Белорусија денеска се одржува рефeрендум на кој гласачите треба да се изјаснат за промена на Уставот што ќе му овозможи на претседателот Александар Лукашенко да се кандидира по трет пат, по истекот на неговиот мандат во 2006 година.

 

Анан: „Војната во Ирак не придонесе за безбедноста во светот“
[17.10.2004] Војната во Ирак не придонесе многу за зајакнување на безбедноста во светот, ниту ја запре активноста на меѓународните терористи, оцени денеска генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан.

 

Терористите во Беслан биле наркозависници
[17.10.2004] Сите терористи кои учествуваа во заложничката драма во северноосетиското училиште во Беслан, биле наркозависници, соопшти денеска заменикот јавен обвинител на Русија Николај Шепел.

 

Протести во Лондон против војната во Ирак
[17.10.2004] Таканаречената антивоена коалција во Британија организира протестен марш низ улиците на Лондон против војната во Ирак.

 

Седум загинати во експлозија во Багдад
[18.10.2004] Седум лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во синоќешната експлозија на автомобил-бомба пред кафеана што ја посетувале ирачки полицајци во багдадскиот кварт Џадрија, соопшти американската армија.

 

Лукашенко може да се кандидира за трет мандат
[18.10.2004] Мнозинството Белоруси на вчерашниот референдум гласаа од Уставот да се избрише одредбата со која на претседателот Александар Лукашенко му се оневозможува по третпат да се кандидира за шеф на државата.

 

Американски вод одбил задача во Ирак
[18.10.2004] Пентагон потврди дека еден американски вод од копнените сили стациониран во Ирак се наоѓа под истрага бидејќи одбил да изврши задача, што е прв таков случај од почетокот на војната во Ирак.

 

САД ќе градат нуклеарна централа во Кина
[19.10.2004] Вашингтон во следните два месеца најверојатно ќе ја одобри првата продажба на моќен нуклеарен реактор направен во САД на Кина, соопштија денеска американските официјални лица.

 

Реакции на САД и Полска по изборите во Белорусија
[19.10.2004] Вашингтон синоќа соопшти дека изборите во Белорусија, како и референдумот со кој на претседателот Александар Лукашенко му е дозволено да се кандидира по третпат, имале „сериозни пукнатини“.

 

Буш ќе прифати исламистичка влада во Ирак ако народот го сака тоа
[19.10.2004] Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека, иако безволно, ќе прифати исламска фундаменталистичка влада во Ирак доколку ирачкиот народ избере таква влада на слободни избори.

 

Двајца Ирачани се убиени во градот Дулуја
[19.10.2004] Двајца Ирачани се убиени, а десет ранети при денешната операција на американските и ирачките сили во градот Дулуја, 70 киометри северно од Багдад, соопштија болнички извори.

 

Во напад на ирачки бунтовници загинале повеќе од 100 лица
[19.10.2004] Ирачки бунтовници денеска извршија напад врз штабот на Ирачката национална гарда, северно од Багдад, при што најверојатно повеќе од 100 лица загинале или се повредени, соопштија ирачките власти.

 

Европската комисија ја тужи Британија поради царините
[20.10.2004] Европската комисија отвара правна постапка со тужба до британската влада поради спорот што подолго време трае меѓу Брисел и Лондон околу примената на европската царинска политика и царинските давачки што ги наметнува британската царина.

 

Иран не се откажува од производството на збогатен ураниум
[20.10.2004] Иран е решен да го продолжи збогатувањето на ураниумот поради потребите за нуклеарните централи, но, нема да го отфрла и мислењето на западните земји, изјави висок ирански функционер.

 

Масхадов повикува на прекин на насилствата во Чеченија
[20.10.2004] Чеченскиот сепаратистички лидер Аслан Масхадов е подготвен да воспостави контакт со руската невладина организација „Комитет на војничките мајки“ со цел да се издејствува евентуално примирје во Чеченија и мирни преговори, изјави денеска портпаролот на Масхадов, Ахмед Закаев.

 

Новите членки на ЕУ не се спремни за воведување на еврото
[20.10.2004] Ниту една од новите членки на Европската унија,ниту Шведска, не ги задоволуваат строгите критериуми за влез во зоната на еврото, соопшти денеска Европската комисија.

 

Модернизирани нуклеарните реактори од видот на Чернобил
[20.10.2004] Единаесет нуклеарни реактори во Русија од видот на тие во Чернобил, кои се уште работат, се модернизирани. Елиминирани се сите можности во Русија да дојде до катастрофа, слична на таа со украинската атомска електроцентрала во Чернобил, изјавија руски и западни експерти во Москва.

 

Индискиот премиер предложи основање азиска економска заедница
[20.10.2004] Индискиот премиер предложи основање азиска економска заедница, што би ги опфатила земјите на АСЕАН, како и државите од североисточна Азија , за да би можела да и конкурира на Европската унија.

 

Најмалку 7 загинати во авионска несреќа во Мисури
[20.10.2004] Најмалку седум лица загинаа денеска при уривање на мал американски патнички авион додека слетувал на аеродром во североисточниот дел на сојузната држава Мисури.

 

Тајфунот Токаге пустоши низ Јапонија
[20.10.2004] Три лица исчезнаа, а најмалку осум се повредени во налетот на тајфунот Токаге во западниот дел на Јапонија, јавуваат западните агенции.

 

Бунт во кинескиот град Чонгкинг
[20.10.2004] Најмалку десет полицајци се повредени во нередите во јужнокинескиот град Чонгкинг, кои започнаа во понеделникот со караница на пазарот за овошје, која го разгоре гневот на луѓето против корумпираните финкционери, јавија денеска западните агенции.

 

Претепан еден од лидерите на белоруската опозиција
[20.10.2004] Еден од лидерите на белоруската опозиција Анатолиј Лебедко е претепан синоќа, во полициска акција на растерување на демонстрантите во Центарот на Минск, а повеќе лица се уапсени.

 

САД се загрижени околу евентуалната продажба на Јукос
[20.10.2004] Американскиот Стејт департмент изрази денеска загриженост поради понудените услови за продажба на главната филијала на рускиот нафтен гигант Јукос - Оганскнефтгаз.

 

Најмалку 4 загинати при напад на автобус во Багдад
[21.10.2004] Најмалку четири лица загинаа, а повеќемина се ранети при денешниот напад во предградие на Багдад од страна на вооружени мажи врз автобус кој пренесувал службеници на багдадскиот аеродром.

 

Словачките пратеници мора да говорат исклучиво на словачки јазик
[21.10.2004] Словачките пратеници ќе мораат и понатаму да говорат исклучиво на официјалниот државен словачки јазик бидејќи Парламентот го отфрли предлогот за измена на деловниокот со кој би им се дало правото за употреба на мајчиниот, малцински казик.

 

Најмалку 51 лице загина од тајфун во Јапонија
[21.10.2004] Најмалку 51 лице загинаа, а околу 30 се водат како исчезнати во Јапонија во силниот тајфун, за кој се проценува дека е најголемото невреме што ја има зафатено земјата во последните десет години.

 

САД го тргна Ирак од терористичката листа
[21.10.2004] Американската администрација го иззема Ирак од списокот држави означени дека го поддржуваат тероризмот, објави Службениот весник на САД.

 

Австралија е подготвена да преговара за ослободување на Хасан
[21.10.2004] Австралиските власти се подготвени да преговараат со киднаперите на раководителката на австралиската ќелија на хуманитарната организација „Кејар интернешенел“ во Ирак Маргарет Хасан, но нема да плати откуп, ниту да ја промени својата политика кон Ирак, изјави министерот за надворешни работи Александар Даунер.

 

САД воведоа економски санкции за Белорусија
[21.10.2004] САД и воведоа економски санкции на Белорусија, обвинувајќи ја за кршење на демократските принципи и човековите права.

 

Убиена независна новинарка во Белорусија
[21.10.2004] Независната новинарка Вероника Черкасова од Белорусија, ноќеска беше убиена во својот стан во Минск, беше соопштено од полициски и извори блиски до роднините на убиената.

 

Падна кубанскиот претседател Кастро
[21.10.2004] Кубанскиот претседател Фидел Кастро се здоби со скршеници на коленото и рацете откако падна по едночасовниот говор.

 

Буш го нарече Лукашенко диктатор
[21.10.2004] Американскиот претседател Џорџ Буш за прв пат го нарече претседателот на Белорусија Александар Лукашенко диктатор, јавуваат агенциите

 

Најмалку 56 рудари загинаа во експлозија на метан во Кина
[21.10.2004] Најмалку 56 рудари загинаа, додека 92 се водат како исчезнати во експлозија на метан во еден кинески рудник во централниот дел на земјата.

 

Тајфунот „Токаге“ однесе 69 жртви
[22.10.2004] Шеесет и девет лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати од тајфунот „Токаге“, што ја зафати јужна и централна Јапонија.

 

Војник на САД осуден на 8 години затвор поради Абу Граиб
[22.10.2004] Американскиот војник Иван Фредерик, е осуден на осумгодишна затворска казна за сексуално и физичко злоставување на ирачки затвореници во затворот Абу Граиб, во Багдад.

 

За изборите во САД потрошени 4 милијарди долари
[22.10.2004] Трошоците во предизборната кампања за изборите во САД оваа година ќе изнесуваат најмногу досега - речиси четири милијарди долари, се наведува во студијата на независната институција на Центарот одговорен за политика.

 

Муслиманите ќе гласаат за Кери, Буш агитира кај православните
[22.10.2004] Муслиманските организации во САД изразија поддршка за кандидатот на демократите за претседател Џон Кери.

 

Двајца француски војници загинаа во Авганистан
[22.10.2004] Двајца француски војници загинаа утринава, а еден беше ранет во инцидент на патот во близина на Кабул, соопшти денеска портпаролот на францускиот контингент.

 

Русија ја „убива“ идејата за трансбалкански нафтовод
[22.10.2004] Москва, по се изгледа, ја „убива“ идејата за изградба на трансбалкански нафтовод со што ќе се поврзат Црното море и егејското пристаниште Алкесандрополис, а за сметка на тоа ќе биде избегнат турскиот теснец.

 

Најмалку 8 лица загинаа во атентат со автомобил-бомба во Ирак
[23.10.2004] Најмалку осум лица загинаа, а 40 се ранети во атентат со автомобил-бомба врз центар за регрутирање полицајци во град близу до Рамади, 200 километри западно од Багдад.

 

Земјотрес од 6,8 по Рихтер го погоди Токио
[23.10.2004] Најмалку две лица загинаа, а повеќе од сто се повредени во земјотресот што денеска ја погоди централна Јапонија и реонот на Токио.

 

Бжежински: „Војната во Ирак е потешка од војната во Виетнам“
[23.10.2004] Американскиот експерт за геостратешки анализи и поранешен советник за национална безбедност на САД, Збигњев Бжежински изјави дека кризата во Ирак за САД е многу потешка отколку виетнамската војна.

 

Шорт го обвини Блер за измама на Парламентот за Ирак
[23.10.2004] Поранешната британска министерка Клер Шорт го обвини премиерот Тони Блер дека ја довел во заблуда британската јавност за мотивите околу војната во Ирак.

 

Групата на Заркави со ново име
[24.10.2004] Групата на Абу Муса ал Заркави објави на една интернет страница повеќе соопштенија, потпишани со името „Организација ал каида џихад во земјите Рафидаин (Еуфрат и Тигрис во Ирак)“, во која ја презема одговораноста за повеќе операции во Ирак.

 

Убиен американски дипломат во Ирак
[24.10.2004] Еден американски дипломат денеска беше убиен во минофрлачки напад на ирачки бунтовници врз база недалеку од аеродромот во Багдад.

 

Откриени 49 мртви војници од новата ирачка армија
[24.10.2004] Припадниците на ирачката полиција јужно од градот Бакуба откриле 49 мртви војници од редовите на новата ирачка армија.

 

Претседателот на Сомалија бара „сини шлемови“ во земјата
[24.10.2004] Конар побарал испраќање на 20.000 „сини шлемови“ во земјата, каде граѓанската војна практично трае од јануари 1991 година.

 

Иран не ја прекинува програмата за збогатување на ураниумот
[25.10.2004] Иран го отфрли предлогот на Европската унија да ја прекине својата програма за збогатување на ураниумот, во замена за цивилна нуклеарна технологија, јавија агенциите.

 

Лабуристичката партија победи на литванските избори
[25.10.2004] Опозициската Лабуристичка партијата на милионерот Виктор Успаских освои 39 пратенички места на парламентарните избори во Литванија, чиј втор круг се одржа вчера, соопшти доцна синоќа Централната изборна комисија.

 

Групата на Ал Заркави одговорна за убиството на 48 ирачки војници
[25.10.2004] Одговорноста за убиството на 48 ирачки војници, синоќа преку еден исламистички веб-сајт, ја презеде организацијата на Абу Мусаб ал Заркави.

 

Исламската армија на Ирак одговорна за убиството на американскиот дипломат
[25.10.2004] Исламската армија на Ирак ја презеде одговорноста за минофрлачкиот напад во кој вчера загина американски дипломат задолжен за безбедност, јави синоќа катарската телевизија „Ал Џезира“.

 

Албанското лоби донира 510.000 долари за Кери
[25.10.2004] Албанската заедница во САД собра 510.000 долари за претседателската кампањата на демократот Џон Кери, кој им вети брзо решавање на косовскиот проблем, тврди лондонскиот Институт за истражување на војна и мир.

 

Куба го укинува користењето на американскиот долар
[26.10.2004] Од 8 ноември Куба го укинува користењето на американскиот долар на своја територија, како одговор на зајакнатите економски санкции од САД.

 

Јасер Арафат подложен на мала хируршка интервенција
[26.10.2004] Палестинскиот лидер Јасер Арафат денеска беше подложен на мала хируршка интервенција во своето седиште во Рамала на Западниот Брег и се наоѓа во стабилна состојба, изјави денеска еден висок палестински претставник.

 

Северна Кореја: Буш ја користи нуклеарната криза за изборни поени
[26.10.2004] Северна Кореја денеска ја обвини администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш дека го користи прашањето за нејзината нуклеарна програма за да добие гласови на претседателските избори на 2 ноември.

 

„Индипендент“: Во Велика Британија дејствуваат 32 руски шпиони
[26.10.2004] Британската служба за контраразузнавање МИ5 го предупредила министерот за внатрешни работи Дејвид Бланкет дека се зголемува нивото на руската шпионска дејност во Велика Британија, објавува весникот „Индипендент“.

 

Анан повтори дека на ОН им се потребни реформи
[26.10.2004] Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан синоќа изјави дека наскоро ќе предложи пакет мерки за реформи со цел Светската организација да стане поефикасна при решавање на проблемите во светот.

 

Париз бара притисок врз САД за ратификување на договорот од Кјото
[26.10.2004] Францускиот министер за екологија Серж Лепетље ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз САД за да ги натераат да го ратификуваат Договорот од Кјото.

 

Украински новинари започнаа штрајк со глад
[26.10.2004] Новинарите на една од најгледаните телевизии во Украина - Канал 5, започнаа денеска штрајк со глад, обвинувајќи ги властите дека сакаат да ја затворат нивната куќа.

 

САД и Јужна Кореја со спогодба за селење на воената база од Сеул
[26.10.2004] САД и Јужна Кореја потпишаа спогодба за преместување на главната американска воена база од Сеул надвор од главниот град, соопшти јужнокорејското министерство за одбрана.

 

Во Фалуџа Американците убија близок соработник на Ал Заркави
[26.10.2004] Близок соработник на јорданскиот милитант Абу Мусаб ал Заркави утрово загина при напад на американската авијација во Фалуџа, потврди американската армија.

 

Во Унгарија одобрен референдум за двојно државјанство
[26.10.2004] Уставниот суд на Унгарија одобри одржување референдум за двојно државјанство за Унгарците од соседните држави.

 

Најмалку 80 лица се убиени во судири во Тајланд
[26.10.2004] Најмалку 80 лица се убиени во вчерашните судири помеѓу демонстранти и полицијата во провинцијата Наратијат, на југот на Тајланд, јавија денеска западните агенции, повикувајќи се на официјални извори. Претходно беше соопштено за шестмина загинати и десетици ранети.

 

Киднапиран јапонски државјанин во Ирак
[27.10.2004] Јапонски државјанин е киднапиран во Ирак од припадници на групата на Мусаб ал Заркави, кои се заканија дека ќе го обезглават доколку во рок од 48 часа Токио не ги повлече јапонските војници од земјата.

 

Нов земјотрес во Јапонија со јачина од 6,1 степени според Рихтер
[27.10.2004] Нов земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска повторно го погоди јапонскиот град Нагаока во префектурата Ниигита.

 

Група Чилеанци поднесоа тужба против Буш
[27.10.2004] Група Чилеанци поднесоа тужба за воени злосторства против американскиот претседател Џорџ Буш, еден месец пред неговата планирана посета на Чиле.

 

Израелскиот Парламент изгласа повлекување од Газа
[27.10.2004] Израелскиот Парламент гласаше денеска „за“ планот на премиерот Ариел Шарон за повлекување од Појасот Газа, со што треба да биде ставен крај на 37-годишната окупација и еврејска колонизација на таа палестинска територија.

 

Од јуни во 92 самоубиствени напади во Ирак загинале 567 лица
[27.10.2004] Од формирањето на привремената ирачка Влада, во јуни годинава, во 92 самоубиствени напади со автомобил-бомби загинаа 567 лица“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Фалак ал Накиб.

 

Рускиот совет на Федерацијата го ратификуваше Протоколот од Кјото
[27.10.2004] Горниот дом на рускиот Парламент, Советот на Федерацијата денеска ги ратификуваше Протоколот од Кјото и Рамковната конвенција на ОН за климатските измени.

 

Јапонија не се повлекува од Ирак по киднапирањето на Јапонецот
[27.10.2004] Јапонија нема да ги повлече војниците од Ирак и покрај заканите на една ирачка екстремистичка група дека ќе обезглави јапонскиот заложник, изјави денеска премиерот Јуничиро Коиѕуми.

 

Еден американски војник е убиен при напад врз воен конвој во Ирак
[27.10.2004] Еден американски војник е убиен, а друг е ранет во денешниот напад врз американски воен конвој северно од Багдад, соопшти војската на САД.

 

„Гардијан“ ќе им откаже поддршка на лабуристите
[27.10.2004] Весникот „Гардијан“, кој во британската јавност важи за гласило наклонето кон левите партии, најавува дека ќе ја напушти досегашната уредувачка политика за поддршка на Лабуристичката партија и на следните парламентарни избори би можело да ја поддржи партијата Либерални демократи.

 

Индија тестираше балистичка ракета со среден дострел
[27.10.2004] Индија денеска изврши пробно лансирање на балистичка ракета со среден дострел, способна да доси нуклеарна глава, соопштија воени извори.

 

Најмалку 13 рудари загинаа при експлозија во рудник во Русија
[28.10.2004] Најмалку 13 рудари загинаа, а 23 се повредени при експлозија на метан во рудникот Листвјажнаја во близина на рускиот град Белов во регионот Кемерово во западниот дел на Сибир, соопштија официјални претставници.

 

Критична здравствената состојба на Арафат
[28.10.2004] Здравствената состојба на палестинскиот лидер Јасер Арафат сериозно се влошува и станува критична, јавуваат западните агенции.

 

Над 140 загинати во експлозија на рудник во Кина
[28.10.2004] Вкупно 141 рудар загина, а уште седуммина се водат како исчезнати при експлозија во рудникот за јаглен Дапин, во провинцијата Хунан во централна Кина, јавија денеска кинеските медиуми.

 

Исчезнале 58.000 гласачки листови на Флорида
[28.10.2004] Инспекторите на американската поштенска служба се обидуваат да лоцираат 58.000 гласачки ливчиња што исчезнаа во Флорида, една од клучните држави за претседателските избори.

 

Биографија на Јасер Арафат
[28.10.2004] Мохамед Абдел-Рауф Арафат Ас Кудва ал-Хусеини е роден на 24.август во 1929 година во Каиро, од татко палестински трговец со текстил со египетско потекло и мајка од старо палестинско семејство во Ерусалим.

 

Најмалку две лица загинаа при серија експлозии во Тајланд
[29.10.2004] Најмалку две лица загинаа, а над 40 се ранети во серија бомбашки напади што синоќа и утрово биле извршени во немирните јужни провинции во Тајланд, јавија денеска западните агенции, повикувајќи се на официјални извори.

 

Анан ги отфрли обвинувањата за сексуално малтретирање против Луберс
[29.10.2004] Генералниот секретар на ОН Кофи Анан ги отфрли обвинувањата за сексуално малтретирање против високиот комесар на ОН за бегалци Руд Луберс, покренати од негова соработничка.

 

Арафат пристигна на лекување во Париз
[29.10.2004] Палестинскиот лидер Јасер Арафат попладнево слета на парискиот аеродромот Вилакубле, од каде ќе биде пренесен на лекување во воената болница Перси во Кламар, крај Париз.

 

Убиени двајца ирачки полицајци во близина на Латифија
[29.10.2004] Група вооружени мажи застрелаа двајца ирачки полицајци во близина на местото Латифија, на патот од Багдад кон Кербала, соопштија полициски извори.

 

Северна Кореја ги обвини САД дека планираат да ја нападнат
[29.10.2004] Властите во Пјонгјанг ги обвинија САД дека планираат да ја нападнат Северна Кореја и дека поради тоа го зголемуваат бројот на своите војници во реонот на Корејскиот Полуостров, пишува весникот „Нодон Синмун“.

 

Експлозија во рафинеријата за нафта во Индија
[29.10.2004] Шестнаесет лица се тешко повредени и се наоѓаат во критична состојба, при денешната силна експлозија во рафинеријата за нафта во западната индиска држава Гуџарат, соопштија владини претставници.

 

САД се подготвуваат за напад врз бунтовниците во Фалуџа и Рамади
[29.10.2004] Американските маринци се подготвуваат за напад врз бунтовниците во ирачките градови Фалуџа и Рамади, јавуваат медиумите од Ирак, повикувајќи се на изјава на американски воен претставник.

 

Лидерите на 25-те членки го потпишаа Уставот на ЕУ
[29.10.2004] Со зголемени мерки на безбедност и со звуците на европската химна бетовеновата „Ода на радоста“, лидерите на 25-те земји членки на ЕУ денеска во Рим го потпишаа првиот европски устав.

 

Израелската Влада поделена околу враќањето на Арафат во Рамалах
[29.10.2004] Израелската Влада е поделена околу тоа дали на палестинскиот претседател Јасер Арафат треба да му се дозволи да се врати во Рамалах на Западниот Брег, кога ќе го заврши лекувањето во Париз, јави денеска израелското воено радио.

 

Руската служба за безбедност: Терористи ќе вршат напади во Русија
[29.10.2004] Шефот на руската Федерална служба за безбедност (ФСС), Николај Патрушев денеска соопшти дека повеќе од 80 атентатори-самоубијци кои се обучувани во странство се подготвени да извршат терористички напади во Русија.

 

Нородом Сихамони крунисан за нов крал на Камбоџа
[29.10.2004] Поранешниот балетан Нородом Сихамони денеска на свечена церемонија во кралскиот дворец во Пном Пен беше крунисан за нов крал на Камбоџа.

 

Европскиот устав предвидува промени во функционирање на ЕУ
[29.10.2004] Првиот Европски устав што денеска во Рим го потпишаа лидерите на 25-те земји-членки од ЕУ предвидува темелни промени во начинот на функционирање на Унијата.

 

САД ја подигна борбената готовност во Вашингтон
[30.10.2004] Војската на САД го подигна нивото на борбената готовност во Вашингтон, со цел да не се дозволат терористички дејства да влијаат врз претседателските избори, закажани за 2 ноември или да влијаат на нивниот исход.

 

Десетици Ирачани се убиени или ранети во Хасуа
[30.10.2004] Десетици Ирачани се убиени или ранети во градот Хасуа, околу 40 километри јужно од Багдад, откако ирачките гардисти и полицијата отвориле оган по нападот врз американска колона.

 

Експлозија во близина на телевизијата Ал Арабија во Багдад
[30.10.2004] Најмалку три лица загинаа, а десетина се повредени денеска во западниот дел на Багдад во експлозија на бомба што се случи пред зградата на Саудиската телевизија Ал Арабија.

 

Бин Ладен ја презеде одговорноста за нападите од 11 септември
[30.10.2004] На само три дена од изборите, Бин Ладен се вмеша во предизборната кампања на Буш и Кери. Неговата порака, што вчера ја емитуваше Ал Џезеира, пак го сврте вниманието на Американците кон прашањето: Дали се безбедни?

 

Грузија нема да дозволи странски бази на своја територија
[30.10.2004] Грузискиот претседател Михаил Сакашвили денеска објави дека Тбилиси нема да дозволи на своја територија воени бази на странски држави.

 

Заврши предизборната кампања во САД
[30.10.2004] Американскиот претседател Џорџ Буш и неговиот соперник на претстојните претседателски избори Џон Кери влегоа со подеднакви шанси во самиот финиш на предизборната трка и затоа е сосема незивесно кој ќе победи в вторник.

 

Осум американски маринци загинаа западно од Багдад
[30.10.2004] Осум американски маринци загинаа, а девет се повредени во „безбедносните операции“ во провинцијата Анбар, западно од Багдад, соопшти денеска американската војска.

 

Германија ги заострува правилата за давање визи за влез во земјата
[30.10.2004] Германија ги заострува правилата за давање визи за влез во земјата. Причина за новата уредба, според Министерството за надворешни работи во Берлин, е влошената безбедносна ситуација во светот.

 

САД ја предупредија Украина да одржи фер избори
[30.10.2004] Соединетите Американски Држави ги предупредија украинските власти дека Вашингтон ќе воведе казнени мерки, ако утрешните претседателски избори не бидат слободни и фер, јавуваат агенциите.

 

Арафат се уште без дијагноза
[30.10.2004] Француски лекари специјалсти денеска во Париз го прегледаа палестинскиот лидер Јасер Арафат, но засега не поставија конечна дијагноза, јавија агенциите повикаувајќи се на палестински извори.

 

8 Ирачани загинаа во престрелка со Американците
[31.10.2004] Осуммина Ирачани загинаа, а повеќе од десет се повредени во денешните судири со американските сили во Рамади, 110 километри западно од Багдад.

 

Арафат не боледувал од леукемија
[31.10.2004] Испитувањата направени кај палестинскиот лидер Јасер Арафат ги демантираа шпекулациите дека тој боледува од тешка болест, соопштија неговите советници.

 

Токио потврди дека обезглавеното тело е на киднапираниот Јапонец
[31.10.2004] „Обезглавеното тело кое е пронајдено во Ирак е на јапонскиот цивил 24-годишниот Шосеи Кода, кој беше киднапиран од припадниците „Организација на Ал Каеда“ на Абу Мусаб ал Заркави, соопшти денеска јапонскиот министер за надворешни работи Нобутака Мачимуро.

 

Бин Ладен не е во Иран, тврди официјален Техеран
[31.10.2004] Ниту Осама бин Ладен, ниту кој било друг припадник на терористичката мрежа на Ал Каеда, освен оние кои се во затвор, не се наоѓаат во Иран, изјави денеска во Техеран портпаролот на иранското Министерство за надворешни рабти.

 

Ал Џазира емитуваше снимка со 3-јцата киднапирани во Кабул
[31.10.2004] Катарската телевизија Ал Џазира прикажа видео-снимка со тројцата соработници на Обединетите Нации, киднапирани во Авганистан.

 

Украина избира претседател
[31.10.2004] Во Украина денеска се одржуваат претседателските избори, четврти по ред откако земјата се стекна со независност по распадот на Советскиот сојуз во 1991 година. На изборите ќе гласаат 36 милиони граѓани со право на глас за 24 претседателски кандидати.

 

Германија ќе затвори 105 воени бази
[31.10.2004] Германија ќе затвори 105 воени бази, како дел од мерките за намалување на трошоците на одбраната, соопшти денеска портпарол на Министерството за одбрана.

 

Шарон нема да дозволи Арафат да биде погребан во Ерусалим
[31.10.2004] Израелскиот премиер Ариел Шарон денеска изјави дека додека е тој жив палестинскиот лидер Јасер Арафат нема да биде погребан во Ерусалим.

 

Буш ја зголеми предноста по појавувањето на Бин Ладен
[31.10.2004] На 48 часа пред изборите нема промена во неизвесноста кој ќе биде идниот претседател на САД. Откако Бин Ладен се вмеша во трката процентите за поддршка се покачија кај Буш. Според анкетата на Галуп тој сега е 4 % подобар од Кери, но според Вашингтон пост Кери заостанува со само 1% поддршка од гласачите.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk