Дома Premier liga na A1
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Јануари 2004

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 

АРХИВА: Свет, Јануари 2004


 

Новата година свечено пречекана во светот
[01.01.2004] Граѓаните на Европа и САД ја дочекаа Новата година со зголемени мерки за безбедност поради загриженоста од можни терористички напади, додека во некои делови од светот славењето помина со трагични последици.

 

189 жртви на студ во Индија
[01.01.2004] Четириесет и три лица починаа од студ за време на новогодишната ноќ во северниот дел на Индија, соопштија индиски официјални претставници.

 

Во Италија 600 повредени од петарди, во Франција 300 автомбили запалени
[01.01.2004] Околу 600-ни Италијанци се повредени од петарди и ракети за време на новогодишната ноќ, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи во Рим.

 

Ирска претседавач со ЕУ
[01.01.2004] Ирска од Италија денеска го презема ротациското претседателството со Европската унија, шестмесечен период во кој се очекува најмалку еден историски настан.

 

Силен земјотрес го погоди Мексико
[02.01.2004] Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди градот Мексико, но засега нема информации за жртви и причинета материјална штета.

 

42 лица загинаа за Нова година во Централна Америка
[02.01.2004] Повеќе од 42 лица го загубија животот за време на новогодишната прослава во Централна Америка, соопштија спасувачките екипи и властите на државите од овој регион.

 

Буш: „Помошта на САД за Иран не е „одмрзнување“ на односите“
[02.01.2004] Американскиот претседател Џорџ Буш синоќа изјави дека одлуката на Вашингтон да му помогне на Иран по катастрофалниот земјотрес не значи „одмрзнување“ на американско-иранските односи.

 

Тајмс: „Стравот од тетористички напади ги приземјува авионите“
[02.01.2004] Заканата од терористички напади ги приземјува авионите на нивните летови кон САД, пишува денеска весникот „Тајмс“, информирајќи за вчерашното неочекувано откажување на попладневниот редовен лет на „Бритиш ервејс“ од Лондон кон Вашингтон.

 

Пјонгјанг ќе дозволи САД да посетат нивна нуклеарна постројка
[02.01.2004] Северна Кореја се согласи да дозволи делегација на САД идната недела да ја посети главната нуклеарна постројка во Јонгбјон, северно од престолнината Пјонгјанг, пишува денеска американскиот весник „USA Today“.

 

Американски војник загина во хеликоптерска несреќа во Ирак
[02.01.2004] Еден американски војник загина, а еден е повреден кога хеликоптер се урна денеска во близина на ирачкиот град Фалуџа.

 

Проди: „Да се обноват активностите за идниот устав на ЕУ“
[02.01.2004] Претседателот на Европската комисија Романо Проди во денешното интервју што го објави весникот „Ла Република“ оцени дека е неопходно што побрзо да се обноват активностите кои се однесуваат на идниот европски устав, по неуспехот на декемврискиот самит во Брисел.

 

Повеќе од 300 мачки учествуваа на пет шоу во Пекинг
[02.01.2004] По вториот ден по завршувањето на новогодишните празници како разонода за најмладите а и постарите љубители на домашни миленичиња, во Пекинг беше организирано пет шоу каде учествуваа повеќе од 300 мачки.

 

Се откажуваат летови поради страв од нови терористички напади
[03.01.2004] Британската национална авио-компанија „Бритиш ервејз“ од безбедносни причини вчера попладне го откажа летот за саудиската престолнина Ријад. Само неколку часа претходно, од исти причини „Бритиш ервејз“ повторно го откажа летот со број 223 за Вашингтон.

 

Американски војник загина во Ирак
[03.01.2004] Еден американски војник загина, а двајца се повредени во минофрлачки напад врз американската воена база во местото Балад, северозападно од Багдад, соопшти денеска претставник за печат на силите на САД во Ирак.

 

154 лица загинаа во авионска несреќа во Египет
[03.01.2004] 154 патници загинаа синоќа кога египетски авион „Боинг 737“ се урнал во Црвеното Море непосредно по полетувањето од аеродромот во одморалиштето Шарм ел-Шеик, јавија египетските медиуми.

 

103 лица го загубија животот за Нова година во Централна Америка
[03.01.2004] Повеќе од 103 лица го загубија животот за време на новогодишната прослава во неколку земји во Централна Америка, како последица на конзумирање големи количини алкохол, употреба на петарди и во сообраќајни несреќи.

 

Во 2003 убиени 36 новинари
[03.01.2004] Известувајќи за случувањата ширум светот, минатата година загинаа 36 новинари, значително повеќе од 19-те кои загинаа во 2002 година, соопшти Комитетот за заштита на новинарите, со седиште во Њујорк.

 

Во Бангладеш починаа 70 лица од студ
[03.01.2004] Најмалку 70 лица починаа од студениот бран што во изминатите неколку недели го зафати Бангладеш.

 

Убиени 3-ца палестинци во Наблус
[03.01.2004] Тројца Палестинци меѓу кои двајца тинејџери се убиени денеска во судири меѓу израелските војници и Палестинците во градот Наблус на Западниот Брег.

 

Претседателските избори во Грузија оценети како успешни
[04.01.2004] Претседателот на Централната изборна комисија на Грузија Зураб Кјаберашвили денеска изјави дека претседателските избори во земјата успеале, бидејќи на изборните места до 17 часот по локално време гласале повеќе од 50 отсто од избирачите.

 

Над 32 лица во Непал умреа од студ
[04.01.2004] Најмалку 32 лица починаа во студениот бран што оваа седмица зафати дел од Непал.

 

Локаторот на мобилниот телефон ја открива локацијата
[04.01.2004] Загрижен Њујорчанец на своите две ќерки им подарил мобилни телефони со помош на кои, тој секој час може да ги следи на компјутерска мапа, пренесува „Њујорк тајмс“, констатирајќи ја неговата загриженост за нивната безбедност.

 

Лажна тревога во американскиот конгрес
[04.01.2004] Американски официјални претставници потврдија дека зградата на американскиот Конгрес синоќа била евакуирана како резултат на лажна тревога.

 

ДНК тестови за идентификација на жртвите од авионската несреќа во Египет
[04.01.2004] Францускиот заменик-министер за надворешни работи Рено Мизлије денеска во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик изјави дека не е можно да се изврши идентификација на досега извлечените 60 делови од тела од 148 загинати патници во вчерашната авионска несреќа над Црвеното Море и оти ќе мора да се прават ДНК тестови.

 

„Спирит“ ги испрати првите снимки од површината на Марс
[04.01.2004] Научниците од Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) ги примија првите снимки од површината на Марс од роботското возило „Спирит“, што на „Црвената планета“ се спушти неколку часа претходно.

 

НАТО доби нов генерален секретар
[05.01.2004] Холанѓанецот Јап де Хоп Шефер од денеска официјално ја презема должноста генерален секретар на НАТО, во чувствителен момент за Алијансата, која, покрај ангажманот во Авганистан и најавеното проширување со источноевропските држави, се почесто ја најавува и можноста да се активира во Ирак.

 

На Филипините три лица со можни симптоми на САРС
[05.01.2004] Филипинските власти изолираа три лица под сомневање дека се заболени од САРС, потврдија денеска властите во Манила. Министерството за здравство соопшти дека е изолирана една брачна двојка која била на привремена работа во Хонг Конг, и лекарот кој и пружил помош.

 

„Националното движење“ во Грузија освои 95% од гласовите
[05.01.2004] Лидерот на грузиското „Национално движење“ Михаил Сакашвили, според првичните резултати, освои 95% од гласовите на вчера одржаните претседателски избори во Грузија, соопшти денеска претседателот на Изборната комисија Зуран Кјаберашвили.

 

Бин Ладен со повик на борба против САД
[05.01.2004] Катарската сателитска телевизија Ал-Џезеира синоќа емитуваше аудио-снимка во која лидерот Осама бин Ладен ги повикува муслиманите на борба против американската окупација во Ирак.

 

Странците при влез во САД ќе оставаат отпечатоци
[05.01.2004] Сите странци, на кои за влез во САД им е потребна виза пред влегување во земјата ќе мораат да остават отпечатоци од прстите и да дозволат да бидат фотографирани. Странците ќе оставаат отпечатоци и при напуштањето на САД.

 

Писмо бомба експлодира во Европскиот парламент
[05.01.2004] Писмо-бомба експлодира денеска во зградата на Европскиот парламент во Брисел. Во инцидентот нема повредени. Писмото било адресирано до претседателот на групата на Европската народна партија Ханс-Герт Пјотеринг.

 

Египетскиот авион ја поминал француската контрола
[05.01.2004] Авионот на египетската чартер компанија, што се урна во саботата навечер при што загинаа 148 патници и членови на екипажот, успешно ја поминал техничката контрола извршена во Тулуз, во октомври минатата година, објави денеска претставник на Европската цивилна авијација (ЕЦАЦ).

 

Ансар Ел Хак ја презеде одговорноста за падот на авионот во Египет
[05.01.2004] Досега непознатата екстремна исламска група Ансар Ел Хак, приврзаници на правдата, ја презеде одговорноста за падот на авионот на египетската авио компанија при што загинаа сите 148 патници и членови на екипажот.

 

ЕУ ќе формира група за борба против писма-бомби
[06.01.2004] Неколкумина европски експерти денеска одлучија да формираат работна група која ќе работи на борбата против писмата бомби.

 

Де Вилепен: „Тврдењето за напад на египетскиот авион неосновано“
[06.01.2004] Превземањето на одговорност на една исламистичка група за напад на египетскиот авион, што во саботата се урна во Црвеното море, „не делува основано“, изјави синоќа во Лисабон францускиот министер за надворешни работи Доминик де Вилепен.

 

Сеул подготвен да го запре производството на нуклеарно оружје
[06.01.2004] Северна Кореја денеска понуди да го запре производството на нуклеарно оружје, додавајќи дека е подготвена да престане и со производство на атомска енергија за мировни цели. Оваа понуда треба да биде разгледана како важна отстапка на Северна Кореја спрема САД и како прва фаза на мерките за постигнување на решение за нуклеарната криза.

 

Турција и Израел склучија договор „вода за оружје“
[06.01.2004] Израелскиот премиер Ариел Шарон и турскиот министер за енергетика Зеки Цакан, во Ерусалим склучија Договор наречен „вода за оружје“, со кој ќе се обезбедат милиони галони свежа вода која во танкери преку Медитеранот ќе пристигне во израелските пристаништа, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“

 

САД нема да ги укине санкциите кон Либија
[06.01.2004] Амриканскиот претседател Џорџ Буш одби да ги укине санкциите кон Либија, оценувајќи дека за таквата одлука е неопходно либискиот водач Моамер Гадафи да преземе конкретни чекори и да го исполни ветувањето дека ќе ја напушти програмата за производство на хемиско и нуклеарно оружје.

 

10 загинати во експлозија на бомба во Кандахар
[06.01.2004] Повеќе од десет лица загинаа, а 15 се повредени во силна експлозија, што се случи денеска на улица во јужниот авганистанскиот град Кандахар.

 

Пауел: „Во војната со тероризмот се направени и грешки“
[06.01.2004] Во војната против меѓународниот тероризам се направени и грешки, но сепак целта беше племенита, а таа беше ширење на демократијата и на човековите слободи, вели американскиот државен секретар Колин Пауел во својот напис објавен денеска во весникот „Тајмс“.

 

Пронајдена „црната кутија“ на египетскиот авион
[06.01.2004] Француските нуркачи ја лоцираа „црната кутија“ и положбата на египетскиот авион, што во саботата се урна во Црвеното море, при што загинаа сите 148 патници и членови на екипажот, јавија денеска локалните медиуми, повикувајќи се на француски извори.

 

Во 2003 убиени 42 новинари
[06.01.2004] 42 новинари загинале за време на извршување на професионалните задачи ширум светот, се вели во извештајот на меѓународната организација за слобода на печатот „Репортери без граници“, објавен денеска во Берлин и Париз.

 

Садам е испрашуван по 12 часа дневно
[06.01.2004] Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин е испрашуван од страна на американските иследници по 12 часа дневно, пишува денеска арапскиот весник „Аш Шарк ал Аусат“, повикувајќи се на претставник на Ирачкиот национален конгрес.

 

600-тини жртви на студ во јужна Азија
[06.01.2004] Уште 92 лица починаа во студениот бран, што го зафати Бангладеш и северните области на Индија, со што бројот на жртвите во последните две недели во регионот на јужна Азија се зголеми на 574.

 

Хусеин депонирал банки во бугaрските банки
[06.01.2004] Дел од парите во соопственост на Садам Хусеин се депонирани во бугарските банки, пишува лондонскиот весник „Сандеј експрес“. Хусеин наводно чувал неколку милијарди фунти во 18 лондонски банки, а подоцна парите биле трансферирани во банки во Швајцарија, Германија, Јапонија и во Бугарија.

 

Почнува истрагата за смртта на принцезата Дијана и Доди ал Феад
[06.01.2004] По повеќе од шест години од смртта на принцезата Дијана и нејзиниот тогашен придружник Доди ал Фаед, во Лондон почна првата истрага што британските власти воопшто ја покренуваат за причините поради кои го загуби животот поранешната сопруга на престолонаследникот принцот Чарлс.

 

Покојната принцеза Дијана го обвинила Чарлс дека сака да ја убие
[07.01.2004] Во писмото што принцезата Дијана го испратила до својот батлер, 10 месеци пред смртта, таа посочува дека принцот Чарлс сака да ја убие, објавува лондонскиот таблоид „Дејли мирор“ на првиот ден од истрагата за причините за смртта на поранешната сопруга на британскиот престолонаследник и мајката на идниот крал. Станува збор за прва истрага што се води од британските власти по повеќе од шест години.

 

Мијаиловиќ го призна убиството на Ана Линд
[07.01.2004] Осомничениот за убиството на шведската министерка за надворешни работи Ана Линд денеска го призна злосторството, изјави неговиот адвокат.

 

Мраз и снег го попречуваат сообраќајот низ Европа
[07.01.2004] Источниот дел на Европа денеска го зафати бран мраз и снег, кој предизвика бројни проблеми во сообраќајот.

 

Бонус за војниците на САД кои ќе останат подолго во Ирак и Авганистан
[07.01.2004] Американската армија одлучи на своите војници во Ирак, Кувајт и во Авганистан да им понуди бонус до 10.000 долари, доколку прифатат да ја продолжат службата во тие земји, соопшти портпаролот на војската на САД.

 

Блер најавува влез во еврозоната до 2007
[07.01.2004] Британскиот премиер Тони Блер најави дека до 2007 гоидна, Обединетото кралство ќе и се приклучи на еврозоната и фунтата ќе ја замени со единствената европска валута, пишува денеска весникот „Индипендент“, повокувајЌи се на извори од Даунинг стрит.

 

1 американски војник загина во ракетен напад во Багдад
[08.01.2004] Еден американски војник загина, а 34 се повредени синоќа во ракетен напад врз база на Армијата на САД во околината на Багдад, соопшти денеска американски воен претставник.

 

Тројца кинески новинари се хоспитализирани со симптоми на САРС
[08.01.2004] Тројца кинески новинари се хоспитализирани денеска во една болница во Хонгконг со симптоми на тешкиот акутен респираторен синдром САРС.

 

САД имале информации за терористички напади на Божиќ
[08.01.2004] Американската разузнавачка служба имала информации за планиран терористички напад во САД на Божиќ, изјави американскиот секретар за безбедност Том Риџ.

 

Стотици починати од студ во Индија
[08.01.2004] Најмалку 168 лица починаа како последица на студот во изминатите четири дена во северната индиска држава Утар Прадеш, со што бројот на жртвите кои починаа од студ во Индија оваа зима достигна 324 лица.

 

САД го повлекува тимот кој бараше оружје во Ирак
[08.01.2004] Американската администрација повлече од Ирак тим од 400 членови кој трагаше по воена опрема во земјата, објавија претставници на американската администрација.

 

Кина отпушти 45.000 полицајци поради корупција
[08.01.2004] Кина отпушти околу 45.000 полицајци поради неквалификуваност, корупција и други прекршоци, во акција чија цел е да се подигнат полициските стандарди на повисоко ниво, објавија денеска државните медиуми.

 

Блер најавува оставка ако Хатон докаже дека ги излажал пратениците
[08.01.2004] Британскиот премиер Тони Блер најави дека ќе поднесе оставка ако во извештајот на лордот Хатон за смрта на владиниот советник Дејвид Кели се покаже дека премиерот ги излажал пратениците во Парламентот.

 

„Ал-Анба“: „Хусеин е болен од рак“
[08.01.2004] Поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин е болен од рак на лимфните жлезди, пишува денеска кувајтскиот дневен весник „Ал-Анба“, повикувајќи се на изјава на ирачки официјален претставник.

 

Се урна хеликоптер на САД во Ирак, 8 загинати
[08.01.2004] 8 лица загинаа денеска откако американски хеликоптер од типот „Блекхок“ се урна во близина на ирачкиот град Фалуџа во обид принудно да слета.

 

8 лица умреле од студ во Турција
[09.01.2004] Најмалку осум лица починале од студ во Турција, која деновиве е зафатена од силно снежно невреме и ниски температури, јавуваат турките медиуми.

 

Голем пожар се приближува кон Сиднеј
[09.01.2004] Голем шумски пожар се приближува кон најголемиот град во Австралија, Сиднеј од север, југ и запад, јавија денеска австралиски медиуми.

 

Ширак се залага за враќање на суверенитетот на Ирачаните
[09.01.2004] Францускиот претседател Жак Ширак се заложи за „најбрзо можно враќање на суверенитетот на Ирачаните“, јавуваат агенциите.

 

Напад со минифрлач врз хотел во Багдад
[09.01.2004] Хотелот „Бурџ ал Хајат“ во Багдад, каде се сместени лица вработени во странски компании, кои имаат договори со сојузничките сили, изутринава беше нападнат со два истрели од минофрлач, соопштија припадниците на обезбедувањето изнајмено од овие фирми.

 

Ирачки министер ги обвини САД за кршење на човековите права
[09.01.2004] Ирачкиот министер за човекови права Абдел Басет Турки синоќа во Каиро упати критика до САД поради, како што наведе, прекршување на човековите права во Ирак.

 

83 жртви на студ во Полска
[09.01.2004] Од почетокот на зимата во Полска од студ починаа 83 лица, јавуваат денеска локалните медиуми.

 

Корекција на орбитата меѓународната вселенска станица
[09.01.2004] Меѓународната вселенска станица е подигната на орбита со максимална висина од 392 километри, со што се создадени подобри услови за спојување со товарниот брод „Прогрес“, кој доаѓа од Земјата.

 

Израел ја отфрла идејата за двонационална држава
[09.01.2004] Висок израелски функционер денеска ја отфрли идејата на палестинскиот премиер Ахмед Кореи, кој изјави дека постои можност Палестинците да прифатат создавање двонационална држава Израел, доколку се согледа дека не постои перспектива за создавање на палестинска држава.

 

Нови обиди за воспоставување контакт со Бигл 2
[09.01.2004] Британските вселенски експерти ќе се обидат до почетокот на февруари да воспостават врска со истражувачката сонда „Бигл-2“, која се наоѓа на површината на Марс.

 

Во Португалија запленети 820 кг. кокаин
[10.01.2004] Португалската полиција, во рамките на меѓународната истрага за шверц со дрога, заплени 820 килограми кокаин на брод укотвен во близината на Лисабон.

 

Хусеин се уште не проговорил
[10.01.2004] Заробениот Садам Хусеин се уште не проговорил, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“.

 

Расистичка „војна“ на улиците во Белфест
[10.01.2004] Во Северна Ирска, каде 99 отсто од населението се белци, се развива опасен расизам и оваа британска покраина станува најголемото расистичко легло во Европа, пишува денешен „Гардијан“.

 

10 лица починаа од студ во Турција
[11.01.2004] Десет лица починаа од студ во Турција во изминативе три денови, додека голем дел од патиштата во земјата се затворени поради обилните снежни врнежи.

 

300 повредени во земјотрес во Алжир
[11.01.2004] Околу 300 лица се повредни во земјотресот со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала што синоќа го погоди Алжир.

 

Нов случај на САРС во јужна Кина
[11.01.2004] Втор случај на САРС е откриен во провинцијата Кантон во јужниот дел од Кина, објавија денеска здравствените власти на Хонг Конг.

 

Во Канада измерени -49 степени
[11.01.2004] Седум лица го загубија животот во Канада поради ниските температури кои во источните делови од државата се спуштиле и до минус 49 степени Целзиусови.

 

Судијата лорд Хатон се повлече од британскиот Врховен суд
[11.01.2004] Британскиот врховен судија лорд Хатон, кој ја води истрагата за смрта на владиниот советник за оружје Дејвид Кели, денеска се повлече од Врховниот суд, јави „BBC“.

 

Епидемија нa птичји грип во Јапонија
[12.01.2004] Јапонските власти денеска потврдија дека во земјата има епидемија од заразен птичји грип кој влегол од Азија и во последните седмици однел неколку илјади жртви.

 

Во Хондурас 1.300 килограми
[12.01.2004] Воздухопловните сили на Хондурас заплениле 1.300 килограми кокаин кој се наоѓал во авион што летал од Колумбија за САД, соопшти синоќа министерот за безбедност Оскар Алварез.

 

Шведскиот јавен обвинител подигна обвинение против Мијаиловиќ
[12.01.2004] Главниот обвинител на Шведска Агнета Блидберг денеска подигна обвинение против Мијаило Мијаиловиќ осомничен за убиство на шведската министерка за надворешни работи Ана Линд, најавувајќи оти во текот на судењето на површина ќе излезат многу изненадувања.

 

Уапсени 20 Палестинци осомничени за напади врз Израел
[13.01.2004] Израелската армија во текот на изминатата ноќ на Западниот брег уапсила 20 Палестинци, осомничени за вмешаност во напади против Израел.

 

САД бараат истрага за интервјуто на CBS со екс министерот О'Нил
[13.01.2004] Американското Министерство за финансии побара истрагата за да се утврди дали телевизијата CBS во интервјуто со поранешниот министер за финансии Пол О'Нил обајавила информации кои биле државна тајна.

 

Буш со критики до Кастро
[13.01.2004] Американскиот претседател Џорџ Буш им порача на лидерите од државите од Латинска Америка дека имаат „од Господ дадено право“ на слобода и остро го нападна кубанскиот претседател Фидел Кастро.

 

Москва и се заканува на Полска поради базите на САД
[13.01.2004] Доколку САД ги преместат своите бази од Германија во Полска, Русија ќе преземе противмерки и во Калининград ќе размести нуклеарни ракети со кратког и среден дострел, тврди полскиот весник „Газета виборча“, повикувајќи се на разговорот на рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов со новинари, пред православната Нова година.

 

Се урна американски хеликоптер во Ирак
[13.01.2004] Американски воен хеликоптер „Апачи“ се урна денеска во близина на Хабанија, во западен Ирак.

 

Израел нема намера да ја врати Голанската висорамнина
[13.01.2004] Израелската Влада нема намера да ја врати окупираната Голанска висорамнина, без разлика на какви било преговори со Сирија, изјави денеска израелскиот министер за јавна безбедност Цахи Ханегби.

 

САД со нови правила за влез во државата
[13.01.2004] „Насмевка ве молам и да ги пружите десниот и левиот прст“ да ве фотографираат и да ви земат отпечатоци, ако сакате да влезете во Америка и покрај тоа што имате виза.

 

Четворица руски војници загинаа во Чеченија
[14.01.2004] Четворица руски војници загинаа, а двајца се повредени при експлозија на мина на патот во чеченскиот округ Шатој, соопшти денеска чеченското Министерство за внатрешни работи.

 

Започна судењето против Мијаиловиќ
[14.01.2004] Во Стокхолм денеска започна судењето на Мијаило Мијаиловиќ кој е обвинет за убиството на шведската министерка за надворешни работи Ана Линд. Неговиот адвокат Петар Алтин во уводното излагање изјави дека тој не го планирал убиството и побара на неговиот клиент да му се суди за убиство без предумисла.

 

4 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во Газа
[14.01.2004] Најмалку 4 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад на контролниот пункт ерец, меѓу Израел и Појасот Газа.

 

О'Нил ги отфрла критиките дека користел тајни документи
[14.01.2004] Поранешниот американски министер за финансии Пол О'Нил, ги негираше обвиненијата дека користел тајни документи за да ги поддржи своите критики за админстрацијата на Буш, кои ги изнесе во неговата нова книга „Цената на лојалноста“.

 

Од бугарскиот батаљон за Ирак се откажаа уште 62 војници
[14.01.2004] Од вториот баталјон за Ирак се откажале 62 војници, соопшти денеска началникот на генералштабот на Бугарската армија генерал Никола Колев.

 

САД и Франција го повикаа Иран да ги исполни обрските кон МААЕ
[15.01.2004] САД и Франција го повикаа Иран да ги исполни обрските кон Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) што се однесуваат на барањето на неопределено време да запре со какви било обиди за збогатување и преработување на ураниум.

 

Грузија го смени националното знаме
[15.01.2004] Грузискиот Парламент вчера донесе одлука за промена на сегашното национално знаме со знамето на политичката партија на новиот претседател на државата Михаил Саакашвили, Национално движење.

 

Граѓаните на Басра за предвремени избори во Ирак
[15.01.2004] Околу десетина илјади демонстранти се собраа денеска во ирачкиот град Басра во знак на поддршка на барањето на шиитскиот свештеник - ајатолахот Али ал Систани, кој предложи во рок од неколку месеци да се одржат директни избори и на тој начин да се избере суверена ирачка влада.

 

Израел го блокира Појасот Газа
[15.01.2004] Израелската војска изврши целосна блокада на Појасот Газа, по вчерашниот палестински самоубиствен бомбашки напад на граничниот премин Ерец во кој загинаа четири Израелци. Одговорноста за нападот ја презедоа палестинските радикални групации Хамас и Бригадите на мачениците на Ал Акса.

 

Умерен земјотрес во јужен Иран
[15.01.2004] Земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала рано изутринава ја потресе јужната иранска провинција Фарс, предизвикувајќи помали оштетувања на објектите во областа, но без човечки жртви.

 

САД ќе го предадат Хусеин на Ирачаните
[15.01.2004] САД на новите ирачки власти ќе им го предадат поранешниот лидер Садам Хусеин заради судење за злосторства кон сопствениот народ.

 

Ракетирана база на САД во Авганистан
[15.01.2004] Неколку ракети беа истрелани доцна синоќа врз главната американска база во јужен Авганистан, третата по големина база на коалиционите сили во оваа земја. Засега нема информации за евентуални жртви.

 

Воспоставен „Црвен телефон“ меѓу НАТО и Русија
[15.01.2004] Северноатлантската алијанса воспостави „црвена“ телефонска линија со Русија, преку која ќе се обезбеди директен и сигурен контакт.

 

8 лица повредени во експлозии во Карачи
[15.01.2004] Две силни експлозии денеска го потресоа бизнис квартот во јужниот пакистански град Карачи, при што беа повредени најмалку 8 лица меѓу кои и тројца полицајци.

 

Во Канада измерени -55 степени
[15.01.2004] Канадските власти преземаат вонредни мерки поради големиот студ во источните делови на Канада, каде на некои места температурата достигна и до 55 степени под нулата.

 

Убиено дете во Ирак додека војници на САД деактивирале бомба
[16.01.2004] 15-годишно момче беше убиено, а 5 лица повредени при експлозија на бомба во центарот на Багдад, додека американските војници и ирачката полиција се обидувале да ја деактивираат истата.

 

Џорџ Буш исвиркан во Атланта
[16.01.2004] Неколку стотини демонстранти го исвиркаа американскиот претседател Џорџ Буш додека полагаше венец на гробот на познатиот борец за човековите права Мартин Лутер Кинг во Атланта, во сојузната американска држава Џорџија.

 

130 Кинези затруени од хлор
[16.01.2004] Најмалку 130 лица завршија во болница поради труење со хлор што истекол од еден резервоар во североисточниот дел на Кина. Засега нема информации за смртни случаи, а сите хоспитализирани лица се надвор од животна опасност.

 

Во Чеченија убиени во 6 руски војници
[16.01.2004] Во Чеченија вчера се убиени шест руски војници, соопшти денеска претставник на проруската чеченска администрација.

 

Првите јапонски војници денеска заминуваат во Ирак
[16.01.2004] Јапонија денеска ја испрати првата група војници кои заминуваат за Ирак, соопштија извори од јапонското Министерство за одбрана.

 

Ал Каеда активна и во Бенелукс
[16.01.2004] Израелската разузнавачка служба Мосад ги предупреди полициите на земјите од Бенелукс дека терористите во овие држави, кои се поврзани со организацијата Ал Каеда, поседуваат хемиско оружје, објави холандскиот весник „Де Телеграф“.

 

Шпанија го обвини НАТО дека користи неисправни авиони
[16.01.2004] Шпанската влада усвои извештај во кој ја обвинува Агенцијата на НАТО за одржување и снабдување (НАМСА) дека користи неисправни авиони за транспорт на војниците, објави денеска шпанскиот весник „Ел Паис“.

 

Уставниот суд на Шпанија ја потврди забраната за партијата Батасуна
[17.01.2004] Уставниот суд на Шпанија ја потврди одлуката за забрана на активностите на екстремната баскиска партија Батасуна, за која властите во Мадрид тврдат дека е составена од фракции на вооружената организација ЕТА.

 

Убиени 5 американски војници во бомбашки напад во Ирак
[17.01.2004] 5 американски војници се убиени, а двајца се повредени при бомбашки напад врз оклопно возило северно од Багдад, соопшти американската телевизиска мрежа CNN.

 

Индија ликвидира дел од кашмирските сепаратисти
[17.01.2004] Индиските сили за безбедност вчера го ликвидирале Гулама Расула Дара, еден од лидерите на кашмирските сепаратисти.

 

Австриските министри се најдобро платени во Европа
[17.01.2004] Австриските министри со бруто плати од 17.587 евра месечно, се најдобро платените министри во Европа - пишува денеска виенскиот неделник „Формат“.

 

Пронајдена втората црна кутија на авионот на „Флеш еарлајнс“
[17.01.2004] Канцеларијата на францускиот премиер Жан Пјер Рафарен соопшти дека е пронајдена втората црна кутија на авионот Боинг 737 на египетската авиокомпанија „Флеш еарлајнс“, кој се урна на 3. јануари во Црвеното Море, при што загинаа 148 лица.

 

Израелскиот амбасадор во Шведска уништил уметнички експонат
[17.01.2004] Израелскиот амбасадор во Шведска Зви Мазел уништи еден уметнички експонат на отварањето на изложбата во Историскиот музеј во Стокхолм, по што практично беше исфрлен од овој објект, јавуваат денеска шведските медиуми.

 

Мајкл Џексон може да добие 21 година затвор
[17.01.2004] „Не сум виновен“, ака се обрати Мајкл Џексон од обвинителната клупа на која седи поради сексуално вознемирување и злоупотребување на малолетник. Овој пат Џексон не чекореше на црвен тепих но тој се однесува баш така, самоуверено бидејќи е славен.

 

Сирија го отфрли повикот на Пауел да ја следат Либија
[18.01.2004] Сирија денеска го отфрли повикот на американскиот државен секретар Колин Пауел, властите од оваа земја да ја следат Либија и да се откажат од програмата за развивање оружје за масовно уништување, порачувајќи дека ваков апел треба да му биде упатен на Израел.

 

Бин Ладен, Мула Омар и Завахири се во добра здравствена состојба
[18.01.2004] Лидерот на терористичката организација Ал Каеда Осама Бин Ладен, неговиот помошник Ајман Завахири и раководителот на талибанците Мула Омар се во добра здравствена состојба, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на исламистичка Интернет страница.

 

Најмалку 35 лица загинаа во експлозија во Багдад
[18.01.2004] Најмалку 35 Ирачани загинаа во денешниот бомбашки напад во Багдад, кога автомобил-бомба експлодира пред претседателската палата во градот, каде се наоѓа седиштето на коалиционите сили, изјави началникот на багдадската полиција, Хасан ал Обеиди.

 

Израел ја укина блокадата во Појасот Газа
[18.01.2004] Израелската војска ја укина блокадата во Појасот Газа, која беше воведена по нападот на Палестинката-самоубиец на контролниот пункт во Ерзез, на границата со Израел, при што загинаа четворица Израелци, соопштија воените власти.

 

Лондон стравува од напади врз амбасадите во Венецуела
[18.01.2004] Британската Амбасада во Венецуела предупреди синоќа на можни закани за безбедносна својата дипломатска мисија, но и на мисите на САД и Шпанија во јужноамериканската земја.

 

Мал авион се урна во езерото Ири, на границата меѓу САД и Канада
[18.01.2004] Мал транспортен авион со 9 патници се урна денеска во езерото Ири, на границата меѓу САД и Канада.

 

Американски новинари донирале пари за политички кампањи
[18.01.2004] Илјадници долари се даваат за демократите и републиканците, но тоа не е вест. Она што е пикантерија е веста дека тоа го прават американските новинари, а медиумите некои од нив немаат забрана за такви потези. Некои не се среќни и тоа го кажуваат отворено.

 

5 милијарди долари за семејствата на загинатите од нападите на 11. септември
[18.01.2004] Семејствата на лицата кои загинаа при терористичкиот напад врз САД од 11. септември ќе добијат 5 милијарди долари, соопшти Кенет Фајнбергм раководител на специјално формираниот фонд за помош на настраданите.

 

Штрајк на авионскиот сообраќај во Италија
[19.01.2004] Стотици авионски летови во Италија се одложени денеска поради осумчасовниот штрајк на авионскиот персонал, кој може да го парализира воздушниот сообраќај во Европа.

 

Пет лица починаа од птичји грип во Виетнам
[19.01.2004] Осумгодишно девојче е петтата жртва на птичјиот грип во Виетнам, потврди денеска Светската здраствена организација. СЗО нагласува дека сите починати од оваа болест, која обично ги напаѓа птиците, се во главниот град на Виетнам, Ханој.

 

Побаран доживотен затвор за убиецот на Ана Линд
[19.01.2004] Шведскиот јавен обвинител Анита Блидберг во завршниот збор на судењето за убиството на шефот на шведската дипломатија Ана Линд денеска побарала казна доживотен затвор за обвинетиот Михајло Михајловиќ.

 

Убиени 3 лица при рација на војската на САД во Багдад
[19.01.2004] Американските војници денеска убија двајца Јеменци и еден Сириец, кои отвориле оган врз нив за време на рација во ирачкиот главен град Багдад.

 

Американците против испраќање луѓе на Месечината и Марс
[19.01.2004] Повеќето Американци се против планот на американскиот претседател Џорџ Буш за испраќање луѓе на Месечината и на Марс, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од весникот „Тајмс“.

 

20 загинати во експлозија во Алжир
[20.01.2004] Најмалку 20 работници загинаа, а 74 се повредени во синоќешната експлозија во комплекс за преработка на природен гас во рафинеријата „Скикда“, на 500 километри од главниот град на Алжир.

 

Застрелан пратеник во Грузија
[20.01.2004] Грузискиот пратеник Каха Ѓулашвили се наоѓа во критична здравствена состојба, откако синоќа е пукано врз него пред неговиот дом во Тбилиси, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Грузија.

 

Судењето на Милошевиќ продолжи зад затворени врати
[20.01.2004] Судењето на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ продолжи денеска пред Хашкиот трибиунал на затворена седница, бидејќи исказот го дава сведок на кој му се одобрени максимални мерки на заштита на идентитетот.

 

Во Русија измерени -40 степени
[20.01.2004] Руската република Тува, на истокот на Сибир, ја зафати студен бран поради што температурата се спушти до минус 40 степени.

 

Постои можност убиецот на Ана Линд да извршил уште едно убиство
[20.01.2004] Шведската полиција деновиве проверува дали Михајло Михајловиќ, обвинет за убиството на шведскиот министер за надворешни работи Ана Линд, во 2002 година извршил друго убиство.

 

3 морнари загинаа во превртување на брод кај Норвешка
[20.01.2004] Тројца морнари загинаа, а 15 се водат како исчезнати по превртувањето на товарниот брод „Рокнес“, во територијалните води на Норвешка, во близина на Берген. Дванаесет членови од 30-члениот екипаж се спасени, а спасувачите се надеваат дека ќе ги пронајдат преживеаните кои останале на бродот.

 

Убиен командантот на ирачката полиција во Киркук
[21.01.2004] Ирачките чувари во една британска компанија во Киркук, 250 километри северно од Багдад, вчера го убиле командантот на ирачката полиција во овој град, сунитот Мухамед Шабан ал Насари, соопшти локалната полиција.

 

Уапсени 30 членови на „семејството“ Бонано
[21.01.2004] Околу 30 членови и соработници на мафијашкото „семејство“ Бонано се уапсени синоќа од страна на стотици њујоршки полицајци и агенти на ФБИ, јавија локалните медиуми.

 

Светски економски форум во Давос
[21.01.2004] Во швајцарскиот град Давос денеска почнува Светскиот економски форум на кој ќе учествуваат 2.100 владини и стопански претставници од повеќе од 30 држави.

 

Критики на обраќањето на Буш во САД
[21.01.2004] Претставници на опозиционата Демократска партија упатија остри критики на обраќањето на американскиот претседател Џорџ Буш до нацијата, обвинувајќи го за водење неразумна надворешна политика, која ги оддалечила САД од сојузниците и ги оставила сами да ги сносат трошоците од војната во Ирак.

 

Лондон ги притиска САД да се согласат за избори во Ирак
[21.01.2004] Британската Влада врши притисок врз американската Администрација со цел таа да се согласи на што поскоро одржување избори во Ирак, објавува денешен „Гардијан“.

 

Француските железничари стапија во штрајк
[21.01.2004] Синдикатот на француските железничари синоќа прогласи 36-часовен штрајк, што предизвика намалување на обемот на железничкиот сообраќај во Франција за 50%.

 

„Фајненшл тајмс“: ЕУ се повеќе заостанува зад САД
[21.01.2004] Европската унија нема да може да ја оствари договорената амбиција на нејзините земји-членки, до 2010 година да се надмине САД како најголема светска економска сила, пишува денеска „Фајненшл тајмс“.

 

Ирачкиот министер за јавни работи избегна атентат
[21.01.2004] Ирачкиот министер за јавни работи Несрен Бервари во понеделникот избегнала атентат при посетата на Кербала, објавува денеска весникот „Ал-Заман“ кој се издава во Лондон.

 

Рускиот Патријарх за одржување на сеправославен собор
[21.01.2004] Партијархот на Руската православна црква Алексеј Втори денеска во Москва се заложи за одржување на светски православен собор.

 

Протест на новинарите до ЕУ за правилата за економско информирање
[21.01.2004] Повеќе европски медиумски организации упатија протестно писмо до ЕУ во кое го изразуваат своето незадоволство од европската директива, која го определува, а со тоа и го ограничува новинарското известување за работата на претпријатијата, јавија западните агенции.

 

Опаѓа довербата за Шарон
[22.01.2004] Довербата на јавноста кон израелскиот премиер Ариел Шарон значително опадна со објавувањето на скандалот во кој премиерот се доведува во врска со корупциски зделки, од пред неколку години.

 

Цариградскиот Патријарх ќе отвора православна црква во Куба
[22.01.2004] Поглаварот на Цариградската патријаршија, патријархот Вартоломеј синоќа пристигна во Куба каде денеска треба да ја отвори првата православна црква изградена по револуцијата во 1959 година.

 

Путин ги разреши советниците
[22.01.2004] Рускиот претседател Владимир Путин со указ денеска ги разреши своите специјални претставници Дмитри Рогозин, Абдул-Хаким Султигов, како и Борис Пастухов, јавуваат руските медиуми.

 

Убиени 2-ца Американци и 6 Ирачани во Ирак
[22.01.2004] Двајца американски војници се убиени, а еден е потешко ранет при напад ракетен напад врз америкнаската воена база кај ирачкиот град Бакуба.

 

Според Американците ситуацијата во Ирак се подобрува
[23.01.2004] Повеќето Американци сметаат дека ситуацијата во Ирак од минатата есен почнала да се подобрува, се наведува во најновото истражување што го спроведе „Пју рисрч центар“ со седиште во Вашингтон.

 

Борис Березовски го смени името во Платон Јелењин
[23.01.2004] Рускиот милијардер Борис Березовски, кој има статус на бегалец во Велика Британија има и нов идентитет - Платон Јелењин, како и главниот јунак на филмот кој е снимен по неговиот живот.

 

Рекордни 186 милиони невработени во светот
[23.01.2004] Цифрата на невработени се искачи на рекордни 186 милиони лица, додека стотици вработени, примаат плата од која едвај преживуваат, соопштија ОН.

 

50 лица загинаа на свадба во Индија
[23.01.2004] Најмалку 51 лице загина во пожарот што денеска узбувна на една свадба во градот Срирангам, во јужната индиска држава Тамил Наду.

 

Продолжува Светскиот економски форум
[23.01.2004] Светскиот економски форум, кој по 33-ти пат се одржува во швајцарскиот скијачки центар Давос денеска ја продолжува работата, која треба да заврши во недела.

 

Хеликоптер на САД се урна во Ирак, 2 загинати
[24.01.2004] Двајца американски пилоти загинаа синоќа кога нивниот хеликоптер од типот „Кајова“ се урнал во северниот дел на Ирак.

 

Еден од лидерите на Ал Каеда уапсен во Ирак
[24.01.2004] Американските сили во Ирак го уапсиле Пакистанецот Хасан Гул, кој важи за еден од водечките луѓе на терористичката мрежа Ал Каеда.

 

Визи за САД во замена на Чешки војници во Авганистан
[24.01.2004] Група пратеници на владејачката чешка Социјалдемократска партија се подготвени да го спречат испраќањето чешки војници во Авганистан, доколку САД не прифатат да ги укинат визите за државјаните на Чешка, пишуваат денеска чешките медиуми.

 

Европа зафатена од студен арктички бран
[24.01.2004] Европа и реонот на Медитеранот последниве денови е зафатена од студен арктички бран кој предизвика хаос во многу делови на континентот.

 

Путин и Кучма за единство на православната црква
[24.01.2004] Претседателите на Русија и Украина Владимир Путин и Леонид Кучма денеска во Киев се заложија за единството на православната црква, пренесуваат руските агенции.

 

Кук: „Блер мора да признае дека Ирак беше грешка“
[24.01.2004] Британскиот премиер Тони Блер мора да признае дека акцијата во Ирак беше грешка, изјави денеска поранешниот министер за надворешни работи на Велика Британија Робин Кук, кој пред почетокот на ирачката војна, во март минатата година, се повлече од функцијата лидер на пратеничката група на владејачката Лабуристичка партија во Парламентот.

 

Поделба на ЕУ на „јадро“ и „останати“
[24.01.2004] Неуспешните преговори за заеднички устав можат да предизвикаат поделба на ЕУ на „јадро“ и на останати држави, сметаат повеќе од 43% на Австријците.

 

„Дејли Телеграф“: Во Велика Британија е откриен змеј
[24.01.2004] Во Велика Британија е откриен змеј. Научниците се уште се скептични, но нагласуваат дека ги поседува сите карактеристики што може да ги има едно вакво суштество, за кое досега се мислеше дека постои само во старите сказни и во филмовите за доживувањата на Хари Потер, пишува весникот „Дејли Телеграф“.

 

Михаил Сакашвили положи заклетва
[25.01.2004] Грузискиот претседател Михаил Сакашвили денеска положи заклетва во зградата на националниот парламент во Тбилиси.

 

Пауел: „Можно е во Ирак да нема оружје за масовно уништување“
[25.01.2004] Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска изјави дека е „отворено“ прашањето за пронаоѓање на оружје за масовно уништување во Ирак и призна дека е возможно такво оружје воопшто и да нема.

 

Ајкула нападна нуркач во Австралија
[25.01.2004] Нуркач во Австралија успеал по „борба“ со ајкула да се врати во неговиот чамец, објавија медиумите во Сиднеј.

 

Во Иран обесена сопственичка на бордел
[25.01.2004] Сопственичка на бордел во иранскиот град Казвин, западно од Техеран, е обесена врз основа на пресудата изречена кон крајот на минатата година, објавуваат денеска локалните медиуми.

 

„Опортунити“ успешно слета на Марс
[25.01.2004] Вселенскиот робот „Опортунити“ денеска успешно слета на Марс, три недели по атерирањето на роботот „Спирит“, соопшти Лабораторијата за реактивно движење во Пасадина, Калифорнија.

 

Иран ќе почне да произведува нова ракета земја-вода
[26.01.2004] Иран соопшти дека ќе почне да произведува нова ракета земја-вода или вода-вода со дострел од 150 километри.

 

Ирачките Курди собираат потписи за референдум за самоопределување
[26.01.2004] Во областите каде што живеат ирачките Курди почнала акција за собирање потписи за одржување референдум за самоопределување на идниот ирачки Курдистан, јавија денеска светските агенции.

 

Убиени три лица во Ирак
[26.01.2004] Непознати лица вчера во Багдад извршија напад врз камион на јапонскиот контингент, при што е убиен возачот на возилото кој е јордански граѓанин, соопштија денеска светските агенции повикувајќи се на јапонското Министерство за одбрана.

 

Четворица загинати во експлозија во Чеченија
[26.01.2004] Четири руски војници загинаа, а уште четворица се повредени во денешната експлозија на поставена бомба што се случи во јужниот дел на Чеченија додека по патот минувал воениот конвој, соопшти чеченското Министерство за внатрешни работи.

 

Иванов и Пауел позитивно ги оценија односите САД-Русија
[26.01.2004] Руско-американските односи почиваат на цврсти темели, а двете земји имаат и заднички стратешки цели - оценија денеска во Москва шефовите на дипломатиите на Русија и САД Игор Иванов и Колин Пауел.

 

Сорос: „Америка ја водат екстремисти“
[26.01.2004] „Соединетите Држави се во рацете на екстремисти“ - е насловот на острата критика против актуелната американска администрација, што денеска во форма на коментар ја објави бизнисменот Џорџ Сорос во британскиот весник „Гардијан“.

 

Чешкиот премиер ја отфрли идејата визи за САД-војници во Авганистан
[26.01.2004] Чешкиот премиер Владимир Шпидла ја отфрли иницијативата на поедини претставници на својата Социјалдемократска партија, испраќањето стотици чешки специјалци во Авганистан да се услови со укинување на американските визи за чешките државјани.

 

Анан: „Меѓународната заедница е крива за геноцидот во Сребреница“
[26.01.2004] Генералниот секретар на ОН Кофи Анан ја обвини меѓународната заедница дека не сторила доволно за да ги спречи геноцидите во 90-те година во Југославија и во Руанда.

 

8 лица загинаа при уривање на зграда во Каиро
[27.01.2004] Спасувачки екипи досега извадија 8 мртви тела од под урнатините на 12-катна зграда во предградието на Каиро, што се урна синоќа откако на еден од катовите избил пожар.

 

Арапската лига бара инспекција на израелски нуклеарни инсталации
[27.01.2004] Арапската лига денеска ја повика меѓународната заедница од Меѓународната агенција за атомска енрегија да побара да изврши инспекција во сите израелски нуклеарни инсталации.

 

Напад врз Полска база во Ирак
[27.01.2004] Еден ирачки полицаец загина во престрелката со вооружена група која доцна синоќа нападнала хотел во Кербала во кој се стационирани полски војници, соопшти портпаролот на полицијата во Кербала Рахман Машауи.

 

Пауел: „Ќе се намалува бројот на воени бази на САД во ЕУ “
[27.01.2004] Бројот на воените бази на САД во Европа ќе се намалува, изјави денеска за радиото Ехото на Москва американскиот државен секретар Колин Пауел кој се наоѓа во посета на Русија.

 

Убиени 6 лица во Грузија
[27.01.2004] 6 лица се убиени, а 7 се повредени кога вооружени напаѓачи упаднале во едно грузиско село во близина со границата на регионот Абхазија, соопшти денеска грузиската полиција.

 

ЕУ нема заеднички став за израелскиот заштитен ѕид
[27.01.2004] Министрите за надворешни работи од ЕУ на вчерашната средба не успеаја да се договорат околу заеднички став пред Меѓународниот суд во Хаг за легалноста на таканеречниот заштитен ѕид што Израел го гради на палестинските територии.

 

Уште една жртва на птичјиот грип
[27.01.2004] Шестгодишно дете утрово почина од птичји грип во Тајланд, јавија локалните медиуми.

 

Русија одбележува 60 години од германската опсада врз Ленинград
[27.01.2004] Русија денеска одбележува 60 години од крајот на 900-дневната германска опсада врз Ленинград, денешен Санкт Петербург.

 

OН ќе испратат експертски тим за ирачките избори
[27.01.2004] Обединетите нации ќе испратат експертски тим во Ирак задолжен за испитување на можностите за спроведување на избори за транснационалниот парламент, изјави денеска во Париз генералниот секретар на ОН Кофи Анан.

 

Масовни демонстрации на Хаити
[28.01.2004] Меѓу 15 и 20 илјади жители на Хаити синоќа демонстрираа во главниот град Порт-о-Пренс, во знак на протест против политиката на Владата и со барање за оставка на претседателот Жак Бертранд Аристид.

 

8 лица починаа од птичји грип во Виетнам
[28.01.2004] Испитувањата на двете сестри кои минатата недела починаа во Виетнам покажаа дека причината за нивната смрт е птичјиот грип, соопштија денеска виетнамски медицински извори, со што бројот на лица кои починаа како последица на оваа болест се искачи на осум.

 

Најмладата актерка номинирана за Оскар има 13 години
[28.01.2004] Државјанката на Нов Зеланд Кејша Касл-Хјуз е најмлада актерка која е номинирана за наградата Оскар за најдобра главна женска улога во филмот „Јавач на китови“.

 

Кина воведува електронски лични карти
[28.01.2004] Секој полнолетен кинески државјанин до 2008 година ќе добие нова лична карта со врграден електронски чип, јавија денеска кинеските медиуми.

 

Патријархот Вартоломеј ќе го покани Кастро на Света Гора
[28.01.2004] Вселенскиот Патријарх Вартоломеј ќе го покани претседателот на Куба Фидел Кастро да ја посети Света Гора, јавуваат денеска грчките медиуми.

 

Во Банкок се одржа итен состанок посветен на птичјиот грип
[28.01.2004] Претставници на десеттина азиски земји во Банкок одржаа итен кризен состанок за епидемијата на птичјиот грип, што се шири низ Азија.

 

Франција го одобри нацрт-законот за забрана на религиозни симболи во училиштата
[28.01.2004] Француската Влада денеска го одобри нацрт-законот со кој се забранува носењето шамии и други упадливи религиозни симболи во државните училишта.

 

Жак Делор: „Проширувањето на ЕУ е избрзано“
[28.01.2004] Поранешниот претседател на Еврокомисијата Жак Делор смета дека десетте идни членки на Европската унија, кои ќе бидат примени на први мај, не се подготвени за членство.

 

Голема акција за разбивање на Италијанската нарко мафија
[28.01.2004] Околу 100 налози за апсење се издадени денеска во Италија и во 40-тина други земји, во рамките на обемна акција за разбивање на илегална трговија со дрога во чии рамки се запленети повеќе од 1.000 килограми кокаин од колумбиско потекло.

 

Убиени 13 Палестинци во Газа
[28.01.2004] 13 палестинци биле убиени а 5-мина биле повредени од страна на израелските војници, јави израелското радио. Вооружените Палестинци се судриле со израелските трупи кои со булдожери, оклопни возила и тенкови навлегле во палестинскиот кварт Ал Зејтун, во јужниот дел на Газа, при што биле убиени двајца Палестинци.

 

3 лица загинаа пред хотелот Шахин во Багдад
[28.01.2004] Најмалку 3 лица загинаа во експлозија пред хотелот „Шахин“ во квартот каруда во центарот на Багдад, соопштија официјални лица.

 

Еден Британски војник загина во Кабул
[28.01.2004] Еден Британски војник загина а тројца цивили се повредени во самоубиствен напад на автомобил бомба во Кабул, соопшти заменик командантот на меѓународните сили за поддршка на безбедноста во Аваганистан Ендру Лесли. Самоубиствениот напад се случил на патот за Џалалабад, стотина метри од кампот Сатар каде е стациониран поголем дел од Британскиот контингент во Кабул.

 

Најмалку 10 лица повредени во бомбашки напад во Бакуба
[29.01.2004] Најмалку десет припадници на ирачката граѓанска одбрана се повредени во денешната експлозија на бомба на пат во близина на градот Бакуба, 55 километри северно од Багдад, соопшти локалната полиција.

 

Хусеин е болен и одбива да јаде
[29.01.2004] Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин е болен и се жали на болки во стомакот и одбива да јаде, наведуваат дел од западните медиуми.

 

Џејмс Браун обвинет за насилство
[29.01.2004] Популарниот „кум на соулот“ Џејмс Браун кој минатиот месец во Вашингтон беше награден со уште четири ѕвезди за придонес во американската култура, е уапсен поради насилство во семејството.

 

Самоубиствен бомбашки напад во Ерусалим
[29.01.2004] Палестинското радикално движење Исламски џихад ја презеде одговорноста за денешниот самоубиствен бомбашки напад во Ерусалим, во кој животот го загубија најмалку десет лица.

 

Силен земјотрес ги потресе индонезиските Малуку острови
[29.01.2004] Силен земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска ги потресе индонезиските Малуку острови.

 

Кина и Египет за обновување на мировниот процес во Израел
[30.01.2004] „Кина и Египет повикаа за обновување на блискотисточниот мировен процес и се согласија дека решението на кризата треба да биде базирано врз идејата за постоење на две држави - Израелска и Палестинска, изјави вчера египетскиот претседател Хосни Мубарак по средбата со шефот на кинеската држава Ху Џинтао.

 

Aмерика ќе го намали военото присуство во ЕУ
[30.01.2004] САД во договор со НАТО планираат да го намалат бројот на своите војници и бази во Европа, изјави доцна синоќа американскиот државен секретар Колин Пауел.

 

Руска новинарка уапсена поради корупција
[30.01.2004] Руската новинарка Јулија Пелекова, популарна поради текстови во кои разоткривала случаи на корумпирани државни функционери, е уапсена во Москва, поради сомневање дека барала мито.

 

САД ќе ги отстрануваат активистите на ПКК во Ирак
[30.01.2004] Американскиот државен секретар Колин Пауел го уверил турскиот министер за надворешни работи Абдула Ѓул дека САД ќе преземат акции за отстранување на активистите на Курдската работничка партија (ПКК) од Северен Ирак.

 

Нови 4 можни случаи на птичји грип
[30.01.2004] Тајландските власти соопштија денеска за 4 нови можни случаи на птичји грип кај луѓе.

 

Украина и се заканува исклучување од Советот на Европа
[30.01.2004] Парламентарното Собрание на Советот на Европа доцна синоќа усвои Резолуција во врска со Украина, во која се наведува можноста таа земја да биде исклучена од членството во најстарата европска институција.

 

Водач на култот „Суден ден“ од Јапонија осуден на смрт
[30.01.2004] Јапонскиот хемичар и водач на култот „Суден ден“ Масами Цучија денеска е осуден на смрт, откако беше прогласен виновен за нападот со гас во 1995 година во метрото во Токио при што загинаа 12 лица.

 

Хамас ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад во Ерусалим
[30.01.2004] Палестинската милитантна група Хамас денеска ја презеде одговорноста за вчерашниот самоубиствен бомбашки напад во Ерусалим во кој беа убиени 10, а повредени околу 50 Израелци.

 

BCC:„Ирачкото оружје за масовно уништување болен процес за САД“
[30.01.2004] До неодамна американскиот претседател Џорџ Буш цврсто стоеше на ставот дека во Ирак ќе биде пронајдено оружје за масовно уништување. Но, во последните неколку интервјуа неговата советничка за национална безбедност Кондолиза Рајс рече дека се можни пропусти во информациите на разузнавањето пред војната, јави денеска BCC.

 

Продолжуваат немирите во Газа
[30.01.2004] Изралеските војници под се уште неразјаснети околности, утрово во северниот дел на Појасот Газа убиле еден Палестинец.

 

59 убиени борци на Хезболах предадени на Либан
[30.01.2004] Тела на 59 убиени борци на Хезболах денеска беа довезени до граничниот премин Накура на либанско-израелската граница, како дел од планот за размена на заробеници со Израел.

 

ЕУ не е подготвена за проширување
[31.01.2004] Европската унија пред претстојното проширување со десет нови членки се соочува со големи проблеми, изјави европскиот комесар за проширување Гинтер Ферхојген за денешниот број на германскиот весник Ротлингер Генерал Анцајгер.

 

9 лица загинаа во експлозија во Ирак
[31.01.2004] Најмалку девет лица загинаа, а 45 се повредени во експлозија на автомобил бомба што денеска се случи во третиот по големина ирачки град Мосул, јавија западните агенции.

 

Момчило Крајишник идната недела пред трибуналот
[31.01.2004] Поранешниот политички лидер на босанските Срби Момчило Крајишник ќе се појави идната недела пред Хашкиот трибунал за да се соочи со изменето и дополнето обвинение, кое го товари за воени злосторства, сторени за време на војната во Босна и Херцеговина.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk