Дома Семејни интриги
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Август 2003

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Време online
 

АРХИВА: Свет, Август 2003


 

Штрајк со глад на палестинските затвореници во Израел
[01.08.2003] Повеќе од 1.000 палестински затвореници во Израел денеска почнаа штрајк со глад, барајќи ослободување. Затворениците исто така се жалат на условите во израелските затвори.

 

Пјонгјанг се согласи на мултилатерални преговори
[01.08.2003] Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја потврдува дека Пјонгјанг донел одлука да учествува во мултилатералните преговори за решавањето на нуклеарната програма.

 

Кина демантира дека насочила нови ракети кон Тајван
[01.08.2003] „Тврдењата на САД дека се насочени нови ракети кон Тајван е само изговор на Вашингтон за да му продаде оружје на Тајван и да влијае врз јавното мислење“, се наведува во денешното соопштение на кинеското Министерство за надворешни работи.

 

Хезболах ги обвинува САД за спонзори на тероризмот
[01.08.2003] „Администрацијата на САД отсекогаш била спонзор на тероризмот и затоа нема никакво морално и законско право да одлучува кој е терорист, а кој не“, изјави генералниот секретар на либанската шиитска организација Хезболах, шеик Хасан Насрала.

 

Четворица убиени, тројца повредени во напади во Ирак
[01.08.2003] Четворица Ирачани се убиени, а тројца американски војници се повредени во денешните одделни напади врз американските сили во близината на Багдад.

 

Загинаа најмалку 10 Чеченци и еден руски милицаец
[01.08.2003] Најмалку 10 Чеченци и еден припадник на руските сили за безбедност загинаа, а пет руски војници се ранети синоќа во центарот на чеченски град Аргуна, соопштија денеска претставници на здружената воена групација за Северен Кавказ.

 

Пјонгјанг одбива нуклеарната програма да се разгледува пред ОН
[02.08.2003] Северна Кореја денеска соопшти дека секој обид на САД прашањето за кризата околу нуклеарната програма да се разгледува во Советот за безбедност ќе ги наруши планираните мултилатерални преговори и може да доведе до војна.

 

Садам Хусеин предаден од најблиските соработници
[02.08.2003] „Американско-британските коалициони сили го освоија Багдад благодарејќи на предавството од страна на блиските соработници на Садам Хусеин“, изјави во денешното интервју за арапската телевизија „Ал Арабија“ постарата ќерка на поранешниот ирачки претседател.

 

Руските сили убија тројца чеченски екстремисти
[02.08.2003] Руските безбедносни сили во повеќе одвоени акции убија тројца, а осуммина екстремисти се уапсени, соопшти претставник на Оперативниот штаб за северен Кавказ.

 

Еден загинат во експлозија на автомобил-бомба во Бејрут
[02.08.2003] Едно лице загина, а едно е тешко повредено во експлозија на автомобил-бомба која изутринва се случи во јужното преградие на Бејрут, каде се наоѓа централата на радикалното шиитско движење Хезболах, соопштија извори од либанските служби за безбедност.

 

Тони Блер премиер со најдолг стаж кај лабуристите
[02.08.2003] Тони Блер од денеска е премиер со најдолг стаж во историјата на британската Лабуристичката партија, соопштуваат сите лондонски медиуми, потсетувајќи дека тој го надмина рекордот што досега го држеше лабуристот Клемент Атли, кој бил премиер од 1945 до 1951 година.

 

Се повлекува шефот на британската разузнавачка служба
[03.08.2003] Шефот на британската разузнавачка служба „МИ-6“, сер Ричард Дирлав се повлекува од својата функција, означена како „позиција Ц“, поради „несреќното користење“ на разузнавањето за Ирак, објави денеска неделникот „Обсервер“.

 

Откриен соларен опсерваториум од камено време
[03.08.2003] Германските археолози откриле круг од камен, за којшто претпоставуваат дека е најстар соларен опсерваториум во Европа, многу постар од Стоунхеџ во Англија.

 

Нова аудио снимка на лидер на Ал Каеда
[03.08.2003] Сателитската телевизија „Ал-Арабија“ емитуваше денеска нова аудио снимка на која наводно еден од лидерите на Ал Каеда, Ајман Ал-Завахри ги предупредува САД дека ќе „платат висока цена ако повредат некој од затворениците во базата Гвантанамо“, на Куба.

 

Исчезнаа знамињата од гробовите на Удај и Кусај
[03.08.2003] Ирачките знамиња во кои беа завиткани посмртните останки на вчера погребаните Удај и Кусај, синови на поранешниот претседател Садам Хусеин, синоќа биле вешто украдени, а американските војници кои го чувале влезот на гробиштата во Тикрит изјавиле дека не знаат ништо во врска со тоа.

 

Најмалку 58 загинати во експлозија во Пакистан
[03.08.2003] Најмалку 58 лица загинаа, а околу 200 се повредени денеска кога експлозив наменет за изградба на патишта случајно се запалил во едно село во северен Пакистан, јавија официјални претставници на пакистанската полиција.

 

Парламентарни избори во Северна Кореја
[03.08.2003] Во Северна Кореја денеска се одржуваат првите парламентарни избори после повеќе од пет години, на кои не се очекуваат никакви изненадувања.

 

Палестинските сили уапсија 20 екстремисти
[03.08.2003] Палестинските безбедносни сили уапсија дваесетина екстремисти, кои веќе неколку месеци се кријат од израелските војници во седиштето на палестинскиот лидер Јасер Арафат во Рамалах на Западниот брег.

 

Северна Кореја очекува почеток на преговорите
[04.08.2003] Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти денеска дека очекува шестстраните преговори околу севернокорејската нуклеарна програма да се одржат мошне скоро во Пекинг.

 

„Жена од акција“ на чело на НАТО
[04.08.2003] На чело на НАТО од наредната година би можело за првпат да се најде една жена, пишува денеска британскиот весник „Индипендент“.

 

Американската армија и ирачката полиција се судрија со вооружени напаѓачи
[04.08.2003] Припадници на американската армија и на ирачката полиција денеска се судрија со група вооружени напаѓачи во ирачкото село Халидија.

 

Израелците го откажуваат повлекувањето
[04.08.2003] Израелската армија ќе престане со повлекувањето од окупираните палестински територии на Западниот Брег, поради вчерашниот вооружен напад во Ерусалим, во кој беа ранети мајка и нејзините три деца, соопшти денеска израелскиот министер за одбрана Шаул Мофаз.

 

Затруени 114 лица на свадба во Украина
[04.08.2003] Вкупно 114 лица, меѓу кои и 26 деца се хоспитализирани поради труење со храна на една свадба во Украина, соопшти денеска украинското Министерство за вонредни состојби.

 

Европа зафатена од големи горештини
[04.08.2003] Повеќето европски држави во последните неколку дена ги зафати топол бран, кој предизвика рекордно високи температури, големи суши и пожари.

 

Абас го откажа состанокот со Шарон
[05.08.2003] Палестинскиот премиер Махмуд Абас го откажа состанокот со својот израелски колега Ариел Шарон, обвинувајќи го Израел дека не се ангажира доволно во спроведувањето на мировниот план за Блискиот Исток.

 

Најмалку 13 загинати во експлозија во Џакарта
[05.08.2003] Најмалку 13 лица загинаа, а 150 се повредени во експлозија што одекна пред хотелот „Мариот“ во Џакарта, главниот град на Индонезија. Експлозијата најверојатно е дело на бомбаш-самоубиец, соопштија официјалните власти. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

 

Лабуристите со најнизок рејтинг во последните 16 години
[05.08.2003] Поддршката на британската Лабуристичка партија опадна на 34%, што е најниско ниво во изминативе 16 години, но сепак партијата на Тони Блер и натаму е најсилна политичка групација во Велика Британија, објавува денеска лондонскиот весник „Тајмс“.

 

Во Русија има 100 организирани криминални групи
[05.08.2003] Во Русија дејствуваат повеќе од 100 организирани криминални групи, од кои повеќе од 10 располагаат со солидни материјални и други ресурси, соопшти денеска руското Министерство за внатрешни работи.

 

Мултинационална дивизија ќе ги замени маринците во Ирак
[05.08.2003] Американските десантно-поморски сили во Ирак денеска ги објавија националноста и бројот на војниците кои во септември ќе ги заменат американските маринци во провинциите со доминантно шиитско население - Наџаф, Кербала, Бабел, Васат и Кадиси.

 

Европа под топлотен удар
[05.08.2003] Топлотниот удар што ги погоди деловите од Европа ги присили француските власти да почнат да ги разладуваат ѕидовите на еден нуклеарен реактор, поливајќи ги со студена вода, додека во Британија е прекинато сообраќањето на неколку железнички линии, поради страв од извиткување на шините.

 

Топлотниот бран ги прегрева европските нуклеарни централи
[06.08.2003] Високите температури кои ја зафатија Западна Европа ја загрозуваат работата на нуклеарните централи и бараат зголемување на мерките за безбедност, што веќе се случи во Франција и Германија.

 

58 години од нападот на Хирошима
[06.08.2003] Хирошима денеска ја одбележа 58-годишнината од трагедијата, кога во Втората светска војна над овој јапонски град експлодира атомска бомба.

 

Тајван повторно бара прием во ООН
[06.08.2003] Тајванското Министерство за надворешни работи соопшти дека 15 земји, со кои Тајпеи има дипломатски односи, ги повикале Обединетите нации да ги примат Тајван во членство на заседанието на Генералното собрание на ОН во сетпември годинава.

 

Американските сили уапсиле 18 Ирачани
[06.08.2003] Американските сили во Ирак уапсиле 18 Ирачани осомничени за соработка со ирачкиот претседател во бегство Садам Хусеин. Во исто време, еден ирачки герилец бил убиен во моментот кога се подготвувал да истрела ракета кон американска патрола.

 

„Џама Исламија“ одговорна за нападот во Џакарта
[06.08.2003] Милитантната муслиманска група Џама Исламија ја презеде одговорноста за вчерашниот самоубиствен бомбашки напад во Џакарта, во кој, според податоците на Црвениот крст, загинале 15 лица, а околу 150 се ранети, пишува денеска сингапурскиот весник „Стреитс тајмс“.

 

Еден загинат во експлозија во Тел Авив
[06.08.2003] Едно лице загина, а две се ранети при експлозија на автомобил бомба што се случи претпладнето во главниот град на Израел, Тел Авив, соопшти израелската полиција.

 

Избран првиот бискуп хомосексуалец
[06.08.2003] Каноникот Џин Робинсон од Њу Хемпшир, кој јавно ја изнесуваше својата хомосексуална ориентација, на синоќешната конвенција на Епископалната црква на САД, одржана во Минеаполис, Минесота, беше избран за бискуп.

 

Бекам „идеална мета“ за ЕТА
[07.08.2003] Баскиската сепаратистичка организација ЕТА се закани дека ќе го нападне новиот член на „Реал Мадрид“, англиската фудбалска sвезда Дејвид Бекам или некого од членовите на неговото семејство - сопругата Викторија или еден од двајцата синови.

 

Атентаторот од Бали осуден на смрт
[07.08.2003] Амрози Бин Нурхасин, учесник во минатогодишниот бомбашки напад на Бали, во кој загинаа 202 лица, а 350 беа повредени, денеска е осуден на смртна казна.

 

Идентификуван бомбашот од Џакарта
[07.08.2003] Индонезиската полиција верува дека го идентификувала бомбашот-самоубиец, познат како Асмал, одговорен за нападот на хотелот „Мериот“ во центарот на Џакарта, во кој загинаа 15 лица, а околу 150 беа повредени.

 

Шварценегер ќе се кандидира за гувернер
[07.08.2003] Американскиот актер од австриско потекло, Арнолд Шварценегер, синоќа соопшти дека ќе се кандидира на изборите за гувернер на Калифорнија, што ќе се одржат наесен.

 

Топлотниот бран во Европа може да трае до септември
[07.08.2003] Топлотниот бран што ја зафати Европа ова лето и однесе повеќе десетици човечки животи, предизвика голем број пожари и пресуши неколку реки, може да трае до септември, оценуваат европските метеоролози.

 

Израелската армија уапси седум Палестинци
[07.08.2003] Израелските војници во две одделни операции денеска уапсија седум Палестинци на Западниот Брег, меѓу кои и тројца членови на екстремистичката групација Исламски џихад, соопштија палестински извори.

 

Експлозија ја разнесе јорданската амбасада во Багдад
[07.08.2003] Најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои и пет полицајци, а 57 се повредени во денешната експлозија пред јорданската амбасада во Багдад, соопштија извори во багдадската болница „Искан“, каде што се пренесени телата на жртвите. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

 

Во Италија владее лото грозница
[08.08.2003] Италијанците се зафатени од вистинска лото грозница, откако по 43 кола без добивка, утрешната премија изнесува рекордни 63 милиони евра.

 

Тројца загинати во палестински бегалски логор
[08.08.2003] Двајца Палестинци и еден израелски војник загинаа денеска при акција на израелските сили за безбедност во палестински бегалски логор во близина на градот Наблус на Западниот Брег.

 

Убиени петмина Ирачани во Тикрит
[08.08.2003] Петмина Ирачани, меѓу кои едно дете, денеска беа убиени од американската војска на пазарот во Тикрит, родното место на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин.

 

„Џама Исламија“ одговорна за нападот во Џакарта
[08.08.2003] Терористичката групација Џама Исламија е одговорна за самоубиствениот бомбашки напад пред хотелот „Мериот“ во Џакарта, во кој загинаа 15 лица, а 150 се повредени, соопшти денеска индонезиската полиција.

 

Нов бомбардер за руското воздухопловство
[08.08.2003] Руското воено воздухопловство до крајот на годината ќе биде снабдено со нов модел на бомбардерот „ТУ-160“, оспособен да носи нов тип стратегиски нуклеарни ракети кои имаат дострел помеѓу 2.500 и 2.800 километри.

 

Во Ирак не е пронајдено забрането оружје
[08.08.2003] Во Ирак не е пронајдено оружје за масовно уништување, се наведува во најновиот извештај на британската разузнавачка служба „МИ-6“.

 

Сорос донира 10 милиони долари за борба против Буш
[09.08.2003] Американскиот мултимилијардер Џорџ Сорос донирал 10 милиони долари во невладината организација „Американците се обединуваат“ за борба против реизбор на Џорџ Буш на претседателските избори во 2004 година и придобивање на гласовите во корист на демократите.

 

55 милиони долари отштета за злоупотребувани деца од свештеници
[09.08.2003] Римокатоличката надбискупија во Бостон понудила 55 милиони долари за спогодба со која би се решиле повеќе од 500 тужби против свештеници за сексуално злоупотребување.

 

По војната во Ирак убиени околу 60 американски војници
[09.08.2003] Иако од прогласувањето крај на војната во Ирак се убиени околу 60 американски војници, претседателот на САД Џорџ Буш смета дека американските сили во изминатите 100 дена од прекинот на воените операции оствариле голем напредок во таа држава.

 

Лидерот на чеченските бунтовници на црната листа на САД
[09.08.2003] САД го ставија лидерот на чеченските бунтовници Шамил Басаев на списокот терористи, со образложение дека претставува закана за американската национална безбедност и одлучија да ги замрзнат неговите финансиски средтсва.

 

Илјадници екстремисти бараат ослободување на лидерот на Џама Исламија
[10.08.2003] Околу 3.000 исламски екстремисти се собраа вчера во индонезискиот град Соло, на островот Јава, со цел да му дадат поддршка на уапсениот верски лидер Абу Бакар Башир, осомничен дека е основач на терористичката мрежа Џама Исламија, за која се верува дека е поврзана со Ал Каеда и оти е одговорна за неодамнешниот бомбашки напад во хотелот „Мериот“ во Џакарта.

 

На Европа и претстои уште една недела горештини
[10.08.2003] На европскиот континент му претстои уште една недела рекордни горештини. Пад на сахарските температури кои траат веќе седум дена би можел да се очекува од 15 август, предупредија француските метеоролози.

 

Непознати напаѓачи убија пет лица во Карачи
[10.08.2003] Непознати напаѓачи утринава отворија оган врз еден караван во пакистанскиот пристанишен град Карачи, при што беа убиени пет лица.

 

„Терминаторот“ и „Кралот на порнографијата“ се кандидираа за гувернер на Калифорнија
[10.08.2003] Холивудската актерска sвезда Арнолд Шварценегер и „кралот на порнографијата“ Лари Флинт официјално се кандидираа за учество на изборите за гувернер на државата Калифорнија.

 

Израелски авиони бомбардираа во јужен Либан
[10.08.2003] Израелски борбени авиони нападнаа денеска едно село во јужен Либан, откако во нападот на либанонската герилска организација Хезболах на Израел загина едно лице, јавија агенциите.

 

Лондонската полиција ќе пука без предупредување
[10.08.2003] Лондонската полиција поради зголемениот ризик од нови самоубиствени напади добила наредба да „пука без предупредување“, во случај нејзините припадници да се најдат во првите борбени редови, пишува денеска „Сандеј телеграф“.

 

Ранети двајца американски војници близу Тикрит
[10.08.2003] Двајца американски војника се ранети денеска во Ирак кога нивното возило нагазило на експлозивна направа на автопатот близу Тикрит, родниот град на Садам Хусеин.

 

НАТО ја презема мисијата во Авганистан
[11.08.2003] Северноатланскиот сојуз денеска ќе ја почне првата мировна мисија надвор од Европа, преземајќи ја командата на мировните сили во авганистанскиот главен град Кабул.

 

Еден загинат, двајца повредени американски војници во Ирак
[11.08.2003] Еден американски војник загина, а двајца се повредени во бомбашки напад врз полициска станица во северниот ирачки град Бакуба, соопшти денеска Командата на американската армија во Ирак.

 

Израелски авиони го пробиле звучниот ѕид над Бејрут
[11.08.2003] Израелски авиони во текот на изминатата ноќ над Бејрут го пробија звучниот ѕид, соопшти либанската полиција. Силни експлозии одекнаа над либанскиот главен град и предизвикаа вознемиреност меѓу населението, но потврдено е дека немало никаков напад.

 

Горештината во Европа не попушта
[11.08.2003] Жешкиот бран кој пред две недели ја зафати Европа се уште не покажува знаци на попуштање, а високите температури и пожарите на стариот континент до сега однесоа десетици животи и над 200.000 хектари шуми.

 

„Индипендент“: Истрагата за д-р Кели политичко судење на Блер
[11.08.2003] Иако не станува збор за судење во техничка смисла на зборот, сепак истрагата што лордот Хатон ја почнува денеска со сослушување на првите сведоци, претставува политичко судење на британскиот премиер Тони Блер, на неговата Влада, на разузнавачките и безбедносни служби и на телевизиската мрежа „ВВС“, вели во својот денешен коментар лондонски „Индепендент“.

 

И Ал Каеда ја презеде одговорност за нападот во Џакарта
[11.08.2003] Терористичката организација Ал Каеда ја презеде денеска одговорноста за минатонеделниот напад на хотелот „Мериот“ во главниот индонезиски град Џакарта, во кој загинаа најмалку 11 лица, а околу 150 беа повредени.

 

Пожари и натаму беснеат низ Европа
[12.08.2003] Пожари и натаму беснеат низ Европа оставајќи зад себе пустош, а жешкиот бран им ја отежнува работата на пожарникарите.

 

Два самоубиствени напади за еден час во Израел
[12.08.2003] Најмалку четири лица загинаа, а 12 Израелци беа повредени денеска во два самоубиствени напади во Израел и на Западниот брег, кои се случија за само еден час.

 

Индонезиските обвинители бараат 15 години затвор за лидерот на Џама Исламија
[12.08.2003] Индонезиските обвинители побараа денеска 15 години затвор за исламскиот лидер Абу Бакар Башир, кој се смета за основач на терористичката група Џама Исламија, одговорна за бомбашките напади во Бали минатата година и минатонеделниот напад врз хотелот „Мериот“ во Џакарта.

 

САД не знаат колку затвореници имаат на Куба
[12.08.2003] Американските власти денеска соопштија дека немаат точен број, ниту сите имиња на стотината луѓе уапсени во Авганистан пред повеќе од една година, кои се наоѓаат во заробеништво во базата „Гуантанамо“ во Кубанскиот залив.

 

Во Франција запленети 2,5 тони шверцувани цигари
[12.08.2003] Околу 2,5 тони шверцувани цигари, скриени во еден германски камион, се запленети кај местото Гравелин во северниот дел на Франција, соопшти денеска Царинската управа во Денкерк.

 

Спречен обид за внесување ракетни ситеми во САД
[13.08.2003] ФБИ спречи обид за внесување на преносни ракетни системи во САД, со кои можат да бидат урнати авиони, изјави претставник на Бирото, дополнувајќи дека операцијата е извршена во соработка со британските и руските специјални служби.

 

ЕУ ќе упати истражувачка мисија на Месечината
[13.08.2003] Европската вселенска агенција најави дека Европската унија на почетокот на септември годинава ќе ја упати својата прва истражувачка мисија на Месечината.

 

Рекордни температури во Швајцарија и Оман
[13.08.2003] Во Швајцарија вчера се измерени 41,4 степени во градот Гроно, што претставува досега највисока регистрирана температура од 1864 години, кога почнале метеоролошките мерења. Во Оман, пак, вчера е измерена рекордно ниска температура од 35,5 степени.

 

Кампања за повлекување на американските војници од Ирак
[13.08.2003] Семејствата на околу 600 американски војници, распоредени во Ирак, вознемирени од тамошната безбедносна ситуација и условите за живот, почнаа кампања со која ќе бараат од Конгресот и од претседателот Џорџ Буш воените сили да се вратат во САД.

 

Судир на два брода во Белгија
[13.08.2003] Два товарни брода кои превезувале автомобили се судрија денеска во близина на белгиското пристаниште Антверпен. Засега не се соопштени информации за евентуални жртви и за причинетата материјална штета.

 

Во Авганистан убиени 13 терористи
[13.08.2003] Најмалку 13 Tалибанци и припадници на Ал Каeда се убиени денеска во престрелка со авганистанските владини сили во бизина на границата меѓу Авганистан и Пакистан.

 

Вториот човек на Ал Каеда пребегал во Турција
[13.08.2003] Вториот човек во терористичката организација Ал Каеда Ајман аз Зауахири пред два дена избегал од Иран во Турција, пишува денеска арапскиот весник „Аш Шарк ал Аусат“.

 

Предупредување за можни нови напади во Индонезија
[14.08.2003] Австралискиот министер за надворешни работи Александер Даунер денеска предупреди дека на националниот празник на Индонезија - 17 август, е можен нов терористички напад во оваа земја.

 

Пет руски војници загинаа во Чеченија
[14.08.2003] Петмина руски војници загинаа синоќа во Чеченија, а тројца други се повредени, кога оклопното возило со кое патувале нагазило на мина во реонот на Ведено, соопшти претставник на руските федерални сили во Северен Кавказ.

 

Метеоролозите најавуваат заладување на Европа
[14.08.2003] Во наредните неколку дена ќе дојде до опаѓање на температурите, со што ќе биде означен и крајот на топлотниот бран кој во минатите неколку недели предизвика бројни пожари и однесе неколку стотици човечки животи во Западна Европа, прогнозираат метеоролозите.

 

Убиен командант на Исламски Џихад
[14.08.2003] Израелските војници денеска во Хеброн го убија Мохамед Седер, локален командант на палестинската екстремистичка група Исламски Џихад, со што повторно е доведено во прашање шестнеделното примирје меѓу Израел и Палестинците.

 

Садам Хусеин ги повикува ирачките шиити на џихад
[14.08.2003] Катарската телевизија „Ал Џезира“ синоќа објави писмо за кое тврди дека е потпишано од поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин, во кое се повикуваат духовните лидери на шиитите во Ирак да прогласат „света војна против американските окупатори“.

 

Советот за безбедност на OН усвои резолуција за Ирак
[15.08.2003] Советот за безбедност на Обединетите нации усвои вечерва Резолуција 1500 со која се поздравува формирањето на Советот на преодната ирачка влада и овозможува воспоставување мисија на ОН за помош на Ирак (УНАМИ), која во таа држава ќе предводи во хуманитарните операции и процесот на обнова.

 

Уапсен организаторот на бомбашките напади на Бали и во Џакарта
[15.08.2003] Белата куќа соопшти дека уапсила терорист за кого се знае дека е организаторот на бомбашките напади на Бали минатата година и неодамнешниот терористички акт врз хотелот „Мариот“ во Џакарта.

 

Израел ослободи 73 Палестинци
[15.08.2003] Израел денеска ослободи 73 палестински затвореници во „знак на добра волја“ за остварување на мировниот план поддржан од САД.

 

Најмалку 30 убиени на Денот на независноста на Индија
[15.08.2003] Најмалку 30 лица се убиени, а 28 се ранети денеска во два одделни напади на бунтовниците во индиската сојузна држава Трипури.

 

Загинаа пет руски војници во Чеченија
[15.08.2003] Пет руски војници загинаа, а петмина други се ранети во вооружена пресметка со чеченските бунтовници во регионот Ведено, јавуваат денеска руските медиуми, кои се повикуваат на чеченски полициски извор.

 

Хаварија во електросистемот на САД и Канада
[15.08.2003] 50 милиони луѓе без електрична енергија, целосен застој на сообраќајот во градовите. Илјадници заглавени во лифтовите и подземните железници за среќа без човечки жртви. Ова е само билансот од вчерашниот прекин на електричната енергија во североисточниот дел на САД и дел од Канада.

 

Почина суровиот диктатор на Уганда Иди Амин
[16.08.2003] Иди Амин, некогашниот суров диктатор на Уганда, умрел денеска во болница во Саудиска Арабија каде беше во кома повеќе од еден месец, јавуваат светските агенции.

 

24 повредени во железничка несреќа во Германија
[16.08.2003] Најмалку 24 лица се повредени, од кои две потешко, при денешниот судар на два патнички воза во близина на германскиот град Минхен.

 

За 24 часа убиени 15, повредени 40 руски војници во Чеченија
[16.08.2003] Во изминативе 24 часа во Чеченија се убиени 15, а се повредени 40 руски војници, соопшти претставник на чеченската администрација.

 

САД и Канада се враќаат во нормала по електро-шокот
[16.08.2003] САД и Канада полека се враќаат во нормала по електро-шокот од пред два дена кога без струја останаа повеќе од 50 милиони жители. Причината за најголемиот прекин во снабдувањето со електрична енергија во историјата на северна Америка се уште не е утврдена.

 

Турски адвокати ќе го тужат Блер за геноцид во Ирак
[16.08.2003] Група турски адвокати соопштија дека пред Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг ќе го тужат британскиот премиер Тони Блер за злосторства и геноцид извршени од страна на британски војници во Ирак.

 

Во Чеченија убиени 13 руски војници
[17.08.2003] Тринаесет руски војници се убиени, а 34 ранети во судирите со чеченските екстремисти во изминатото деноноќие во Чеченија.

 

Оштетен главниот водовод во Багдад
[17.08.2003] Силна експлозија денеска оштети дел од главниот водовод во Багдад, поради што повеќе од 100 000 жители на ирачката престолнина останаа без вода.

 

Во Ирак убиен еден дански и двајца американски војници
[17.08.2003] Еден дански војник од составот на сојузничките сили во Ирак и двајца Ирачани се убиени денеска во престрелка во Басра.

 

Сандеј телеграф : „Аферата Кели ќе ја уништи кариерата на министерот Хун“
[17.08.2003] „Смртта на др. Дејвид Кели ќе ја уништи мојата кариера“, им рекол британскиот министер за одбрана Џеф Хун на некои од своите најблиски соработници, пишува во својот денешен број весникот „Сандеј телеграф“.

 

Дефект на три далеководи, причина за хаваријата во САД
[17.08.2003] Причина за хаваријата на електро-системот во Северна Америка најверојатно бил дефект на три далеководи во северниот дел на Охајо, соопшти синоќа шефот на Северноамериканскиот совет за контрола на сигурноста на електричната мрежа Мајкл Џент.

 

56 повредени во земјотресот во северна Кина
[17.08.2003] Две лица загинаа, а 56 се повредени во вчерашниот земјотрес со интензитет од 5,9 степени, што го погоди северниот дел на Кина.

 

Цела Грузија остана без струја
[18.08.2003] Цела Грузија денеска остана без струја поради дефект во електросистемот, чија причина засега е непозната.

 

Пјонгјанг бара промена на американската политика
[18.08.2003] Северна Кореја денеска соопшти дека доколку САД не ја променат својата политика кон Пјонгјанг, за време на мултилатералните преговори во Пекинг ќе објави дека нема намера да го демонтира своето нуклеарно оружје.

 

Бин Ладен и Мула Омар живи и здрави
[18.08.2003] Арапската телевизија „Ал Арабија“ синоќа емитуваше тон од аудио касета, на која наводен портпарол на Ал Каеда тврди дека нејзиниот лидер Осама бин Ладен е жив и се чувствува добро, исто како и талибанскиот лидер Мула Омар.

 

Американските патнички авиони со антиракетни системи
[18.08.2003] Американските патнички авиони веднаш треба да бидат опремени со антиракетни системи, бидејќи сосема е реално да се очекуваат терористички напади со рачни ракети.

 

Една жртва, пет повредени во експлозија во Тел Авив
[18.08.2003] Една жена загина, а пет лица се повредени во силната експлозија што се случи денеска во центарот на израелскиот град Тел Авив.

 

Американски војници убиле камерман на „Ројтерс“ во Ирак
[18.08.2003] Американски војници вчера во Багдад го убиле камерманот на агенцијата „Ројтерс“ Мазен Дана, мислејќи дека неговата камера е рачен фрлач на гранати.

 

Иран нема да прекине со нуклеарните активности
[19.08.2003] Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хамнеи ги отфрли барањата на западните земји Техеран да прекине со своите нуклеарни активности, јави официјалната агенција „ИРНА“.

 

Хамбали обезбедил 45.000 долари за нападите во Индонезија
[19.08.2003] Лидерот на јужноазиската милитантна група Џама Исламија, Хамбали, кој минатата недела е уапсен во Тајланд, во јуни обезбедил 45.000 долари за бомбашките напади во Индонезија, соопшти претставник на полицијата.

 

Талибански бунтовници убија 10 полицајци
[19.08.2003] Талибанските бунтовници убија 10 полицајци од заседа, кога најмалку 12 вооружени лица отвориле оган врз полициско возило јужно од Кабул, соопшти денеска регионален воен командант.

 

Кинезите ќе стапуваат во брак без дозвола од работодавачите
[20.08.2003] Кина ќе го укине прописот според кој паровите кои сакаат да стапат во брак мораат да имаат дозвола од своите работодавачи, но забраната за брак на парови од ист пол и понатаму останува на сила, објавуваат денеска кинеските медиуми.

 

Загубен контакт со хеликоптер кој превезувал руски гувернер
[20.08.2003] Руските власти денеска загубиле контактот со хеликоптерот кој го превезувал гувернерот на Сахалин и уште 12 лица во рускиот Далечен исток.

 

Најмалку 20 Евреи настрадаа во напад на палестински бомбаш
[20.08.2003] Најмалку 20 лица настрадаа, вклучително и неколку деца, а стотина се повредени, во синоќешниот самоубиствен напад на палестински бомбаш врз автобус со којшто се превезувале ултра-ортодоксни Евреи, соопштија полициски извори.

 

Експлодира автомобил-бомба во седиштето на ОН во Багдад
[20.08.2003] Најмалку 24 лица загинаа, меѓу кои специјалниот пратеник на Обединетите нации во Ирак, Серџо Виеира де Мело, а околу 100 се повредени во вчерашниот напад со автомобил-бомба врз седиштето на Светската организација во Багдад. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

 

Двете Kореи сo заеднички настап на Олимпијадата
[20.08.2003] Северна и Јужна Кореја денеска се согласија да настапат со заеднички тим на Олимписките игри во Атина во 2004 година.

 

Луѓето можат да ја колонизираат Месечината
[21.08.2003] Луѓето за 20 години ќе можат да живеат на Месечината, тврди експертот на Европската вселенска агенција, Бернард Фоинг.

 

Седиштето на ОН во Багдад го урнала непозната група
[21.08.2003] Спасувачките екипи денеска извлекоа уште најмалку три мртви тела од урнатините на седиштето на Обединетите нации во Багдад, со што бројот на починати во бомбашкиот напад се зголеми на најмалку 23 лица. Oдговорноста за нападот ја презеде извесен Вооружениот фронтален одред на Втората армија на Мохамед, јави арапската телевизија „Ал Арабија“.

 

Високите температури одзедоа 3.000 животи во Италија
[21.08.2003] Бројот на Италијанци кои починале поради високите температури, ова лето изнесува 3.000 лица, тврди невладината група „Кодаконс“, повикувајќи ја Владата да започне истрага поради големиот број на смртни случаи.

 

Убиен лидер на Хамас во Газа
[21.08.2003] Исмаил Абу Шанаб, еден од лидерите на палестинското движење Хамас, и неговите двајца телохранители беа убиени во денешниот израелски ракетен напад во градот Газа.

 

Уапсен соработникот на Хусеин, Али Хемичарот
[21.08.2003] Американските сили во Ирак го уапсија роднината и блискиот соработник на Садам Хусеин, Али Хасан ал Маџид, познат како Али Хемичарот, јави „CNN“.

 

Запленети 28 тони илегална воена опрема за Иран
[21.08.2003] Летонската полиција и царинските служби на аеродромот во Рига запленија 28 тони воена опрема што илегално требало да биде испорачана во Иран.

 

Западна Канада зафатена од пожари
[22.08.2003] Околу 5.000 лица се принудени денеска да ги напуштат своите домови во западна Канада поради огнената стихија што се повеќе се шири кон предградијата на Келон во Британска Колумбија, јавуваат агенциите.

 

Девет руски војници загинаа во Чеченија
[22.08.2003] Девет руски војници загинаа во Чеченија во експлозија на бомба активирана во паркиран автомобил.

 

Дејвид Кели: „Ќе ме најдат мртов во шума, ако има војна во Ирак“
[22.08.2003] „Веројатно ќе ме најдат мртов во шума ако Велика Британија изврши инвазија врз Ирак“, рекол Дејвид Кели во разговорот со британскиот дипломат Дејвид Бруцер, постојан британски претставник на Kонференцијата за разоружување во Женева, кој се појави како сведок во истрагата околу случајот.

 

Заробени двајца американски војници во Ирак
[22.08.2003] Непозната група тврди дека заробила двајца американски војници во Ирак. Претставник на Пентагон ги демантираше информациите.

 

Пентагон планира „он-лајн берза на терористи“
[22.08.2003] Американското Министерство за одбрана планира да организира берзанско-обложувачки пазар на терористички напади, се вели во текст на весникот „Њујорк тајмс“.

 

Исламски џихад и Хамас прогласија крај на примирјето
[22.08.2003] Радикалните палестински групи Исламски џихад и Хамас денеска во заедничко соопштение прогласија крај на примирјето со Израел.

 

Односите помеѓу Италија и Германија се добри, оценија Берлускони и Шредер
[23.08.2003] Италијанскиот премиер Силвио Берлускони и германскиот канцелар Герхард Шредер, кои денеска за првпат се сретнаа по дипломатскиот скандал во јуни, ги оценија како добри односите меѓу двете држави.

 

Португалецот Лопес да Силва назначен за привремен претставник во Ирак
[23.08.2003] Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан го назначи португалецот Рамира Лопес да Силва за привремен специјален претставник во Ирак.

 

Тројца убиени американски војници во Басра
[23.08.2003] Тројца британски војници се убиени, а еден е тешко ранет во јужниот ирачки град Басра.

 

Се повеќе Американци против втор мандат на Буш
[24.08.2003] Се поголем број Американци не би поддржале уште еден мандат на актуелниот претседател Џорџ Буш, стравувајќи американските сили да не останат заглавени во Ирак, објавува денеска „Њузвик“.

 

Воен транспортер разнесен од нагазна мина во Ирак
[24.08.2003] Воен транспортер на силите на коалицијата нагази на мина во близина на ирачкиот град Каим, на границата со Сирија, при што загина целиот екипаж, јави катарската телевизија „Ал Џазира“, која емитуваше снимка со изјави на очевдици кои тврдат дека сите војници од воениот транспортер загинале.

 

„Нотинг Хил Карневал“ во Лондон
[24.08.2003] Во лондонскиот кварт Нотинг Хил денес и утре се одржува традиционалниот карневал, за кој се вели дека е најголемата европска улична забава.

 

Марс најблиску до Земјата
[24.08.2003] Талкањето на планетите ќе го донесат Марс на 27. август најблиску до Земјата, во последните 60.000 години.

 

Убиени пет авганистански војници и тројца Талибанци
[24.08.2003] Пет авганистански војници и тројца Талибанци се убиени денеска во најновите судири на војската со приврзаниците на поранешниот талибански режим во провинцијата Забул.

 

Убиени четворица палестински екстремисти
[25.08.2003] Висок претставник на вооружено крило на Хамас, Ахмед Штауи е меѓу четворицата убиени Палестинци во синоќешниот израелски ракетен напад во градот Газа. Во нападот загинал и Вахид ал Хамс, исто така член на вооруженото крило на Хамас.

 

Авионска несреќа без преживеани на Хаити
[25.08.2003] Најмалку 21 лице загина во авионска несреќа на патнички авион, што се случи синоќа на Хаити, јавуваат агенциите.

 

Ирачките беспилотни летала не претставувале опасно оружје
[25.08.2003] Американските експерти за оружје утврдиле дека ирачките беспилотни летала не биле приспособени за носење биолошко и хемиско оружје за масовно уништување, како што тврдеше американската администрација пред нападот врз Ирак, јавија светските агенции, повикувајќи се на неименуван член на американската експертска група.

 

Најмалку 41 жртва на две силни експлозии во Бомбај
[25.08.2003] Најмалку 46 луѓе загинаа, а повеќе од 150 се ранети во експлозиите на два автомобила бомби, рано изутрината во центарот на Бомбај. Експлозивните направи, поставени во багажниците на две такси возила биле активирани, првин во близина на позната туристичка атракција „Портата на Индија“, споменик од колонијалниот период и половиона час подоцна на пазарот за злато во близина на хиндуистичкиот храм Мумба Деви.

 

Шпиунски подморници ги следат руските вежби на Далечниот Исток
[25.08.2003] Странски шпиунски подморници ги следат стратешките воени вежби на Руската Федерација што се одвиваат на Далечниот Исток, изјави денеска командантот на руската воена морнарица.

 

Три истовремени експлозии на југот од Русија
[25.08.2003] Најмалку две лица ги загубија животите во три речиси истовремени експлозии што утринава одекнаа во Краснодар, на југот од Русија, во близина на чеченската граница, јавија руските гласила, повикувајќи се на руски безбедносни извори.

 

За Шенген виза во иднина и отисок од прстите
[25.08.2003] Странците на кои им е потребна виза за влез во државите од Европската унија што пристапиле кон Шенгенскиот договор, во иднина ќе мора најверојатно да дадат отисок од прстите и фотографија адекватна за „автоматска анализа на лицето“.

 

Израелската армија уапси двајца Палестинци
[26.08.2003] Израелската армија во болницата во Наблус на Западниот брег денеска уапси двајца Палестинци, припадници на Бригадите на мачениците од Ал Акса, кои имале прострелни рани, а во болницата биле примени во петокот откако биле ранети во судир со израелски војници.

 

Русија бара екстрадиција на Гусински
[26.08.2003] Руското државно обвинителство денеска соопшти дека се подготвува барање за екстрадиција на рускиот медиумски магнат Владимир Гусински, кој во саботата беше уапсен на меѓународниот аеродром во Атина и се наоѓа во притвор.

 

Се урнаа два руски хеликоптери на воена вежба
[26.08.2003] Пет лица загинаа, а едно е повредено изутрината кога два руски хеликоптери се урнаа на Далечниот исток додека учествувале во вежба на Тихоокеанската флота, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

 

Никој не презел одговорност за нападите во Бомбај
[26.08.2003] Се уште не знае кој е одговорен за бомбашкиот напад врз трговскиот центар во Бомбај, соопшти индиската Влада, нагласувајќи оти една муслиманска студентска група учествувала во слични напади во последните неколку месеци.

 

Кина апелира на трпение во севернокорејската криза
[26.08.2003] Кина, како домаќин на конференцијата посветена на севернокорејската криза, што ќе трае од 27 до 30 август, апеплира на трпение во решавањето на проблемот и изрази надеж дека ќе биде постигнато мирно решение.

 

Ал Каеда одговорна за нападот врз ОН во Багдад
[26.08.2003] Терористичката организација Ал Каеда преку Интернет ја презеде одговорноста за минатонеделниот напад на седиштето на ОН во Багдад, во кој загинаа 23 лица.

 

Смртта на доктор Кели веќе му наштети на Блер
[27.08.2003] Истрагата за смртта на доктор Кели оваа недела влегува во клучната фаза, а без оглед на нејзиниот исход, штетата на угледот на британскиот премиер Тони Блер веќе му е нанесена, оценуваат денеска британските гласила.

 

Повеќе американски војници загинале по војната во Ирак
[27.08.2003] Бројот на американски војници кои загинале во Ирак откако американскиот претседател Џорџ Буш на први мај прогласи крај на главните воени операции во земјата, е поголем отколку во текот на војната, објави синоќа Пентагон.

 

Најмалку 20 загинати во експлозија во Кина
[27.08.2003] Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени во експлозијата што денеска се случи во магацин за пиротехнички средства во југоисточна Кина, јавија локалните медиуми.

 

Мултилатерални преговори за севернокорејската криза
[27.08.2003] Мултилатералните преговори за решавање на нуклеарната криза на Корејскиот полуостров започнаа утринава во Пекинг, објавија официјалните кинески медиуми.

 

Еден Палестинец убиен, 23 повредени во израелски напад
[27.08.2003] Еден Палестинец е убиен, а 23 цивили се повредени синоќа во Појасот Газа кога израелски хеликоптери истрелале ракети врз автомобил. Цел на нападот биле Ваел Акилане и Калед Масуд, припадници на вооруженото крило на Хамас, бригадите Езедин ал Касам, кои го преживеале нападот.

 

60. издание на Венецискиот филмски фестивал
[27.08.2003] Најновиот филм на американскиот режисер и актер Вуди Ален, „Уште нешто“, вечерва ќе го отвори 60. издание на Венецискиот филмски фестивал, што ќе трае 11 дена, а во чии рамки ќе се прикажат 143 филма во пет секции.

 

Блер ќе поднесе оставка ако биде потврден извештајот на „ВВС“
[28.08.2003] Британскиот премиер Тони Блер денеска изјави дека ќе поднесе оставка на функцијата доколку биде потврден извештајот на „ВВС“ за наводно преувеличување на доказите за досието на Владата за Ирак.

 

Судири во Кашмир за време на посетата на индискиот премиер
[28.08.2003] Четити лица загинаа, а седум се повредени во Шринагар, индискиот дел на Кашмир, во жестока престрелка меѓу полицијата и исламистички сепаратисти кои во текот на ноќта се засолниле во еден хотел, соопшти денеска локалната полиција.

 

Ранети петмина американски војници и еден Ирачанец
[28.08.2003] Во напад со ракетен фрлач северно од аеродромот во Багдад денеска се ранети петмина американски војници и еден Ирачанец, потврди портпаролот на американската војска.

 

Хамас го одби повикот на Арафат за повторно примирје
[28.08.2003] Палестинската милитантна група Хамас го одби денеска барањето на палестинскиот лидер Јасер Арафат за прекин на нападите врз Израел.

 

Струјниот колапс во САД предизвикан од човечка грешка
[28.08.2003] Колапсот на струјното коло што пред две седмици предизвика огромни штети во поголемиот дел на Северна Америка е предизвикан од човечки грешки, се оценува во извештајот од истрагата, на кој што се повикува весникот „Њујорк тајмс“.

 

Иран подготвен да соработува со ИАЕА
[28.08.2003] Официјален Техеран со писмо ја информира Меѓународната агенција за нуклеарна енергија дека е подготвен да почне преговори за потпишување додатен протокол на Договорот за неширење на атомското оружје, изјави иранскиот министер за надворешни работи Камал Харзаи.

 

Пјонгјанг негира дека поседува тајна нуклеарна програма
[28.08.2003] Северна Кореја негираше дека поседува тајна нуклеарна програма, на преговорите што „шестмината“ ги одржуваат во Пекинг, јавуваат јужнокорејските медиуми.

 

Положбата на Марс може негативно да влијае на Земјата
[29.08.2003] Сегашната положба на Марс во однос со Земјата може негативно да влијае на личниот и општествениот живот на жителите на планетава, смета познатиот руски астролог Тамара Глоба.

 

92 загинати, 230 повредени во експлозија во Нацаф
[29.08.2003] Најмалку 92 лица се убиени, а 230 повредени во денешната експлозија на поставена бомба во ирачкиот град Наџаф, што се наоѓа 175 километри јужно од Багдад.

 

Аферата „Кели“ ќе и наштети на британската Влада
[29.08.2003] Еден ден по сведочењето на британскиот премиер Тони Блер во истрагата за смртта на советникот на британското Министерство за одбрана, доктор Дејвид Кели, продолжуваат критиките за односот на Владата кон починатиот Кели.

 

Јапонија ќе гради противракетен штит
[29.08.2003] Јапонската армија денеска соопшти дека од САД ќе добие планови за изградба на противракетен штит, со цел да се заштити од заканите што доаѓаат од Северна Кореја.

 

Дискутабилни мировните преговори Индија - Пакистан
[29.08.2003] Индија нема да може да ги прифати мировните преговори со Пакистан ако продолжат нападите на муслиманските екстремистим изјави денеска индискиот премиер Атал Бехари Ваџпај.

 

Убиен уште еден член на Хамас
[29.08.2003] Еден член на радикалната исламистичка група Хамас е убиен, а уште тројца Палестинци се повредени во синоќешниот изрелски ракетен напад во градот Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.

 

Неочекуван прекин на преговорите за севернокорејската криза
[29.08.2003] Тридневните шестстрани преговори за севернокорејската криза неочекувано завршија денеска кога претставникот на Северна Кореја по само час и половина го напуштил состанокот откако еден американски претставник изјавил дека Пјонгјанг се заканил дека ќе изврши проба со нуклеарно оружје.

 

Дванаест загинати во сообраќајна несреќа во Русија
[29.08.2003] Дванаест лица загинаа, а 25 се повредени во судар на автобус и камион во регионот на Волга во Русија, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.

 

Иран купувал нуклеарни компоненти на црниот пазар
[29.08.2003] Иран купувал нуклеарни компоненти на меѓународниот црн пазар, соопшти денеска шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед ел Барадеи и го повика Техеран да биде поактивен во контактите со Агенцијата.

 

Иран нема да соработува со САД во борбата против Ал Каида
[30.08.2003] Иран нема намера да соработува со САД во борбата против Ал Каида, затоа што Вашингтон ја поддржува вооружената иранска опозиција, изјави иранскиот министер за надворешни работи Камал Харзаи.

 

Потона руска нуклеарна подморница
[30.08.2003] Руска нуклеарна подморница со десетчлена посада потона синоќа во Баренцовото Море, објавија руските медиуми, повикувајќи се на Министерството за одбрана. Истите извори јавија дека еден од морнарите е спасен, двајца се пронајдени мртви, а потрагата по останатите седум продолжува. Изгледите тие да се живи, според офицер на руската морнарица, се мошне мали.

 

Северна Кореја ќе ја унапредува нуклеарната програма
[30.08.2003] Северна Кореја се закани дека ќе ја унапредува својата нуклеарна програма по шестпартитните разговори кои завршија без остварен напредок, објави денеска јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.

 

Убиени двајца членови на воено крило на Хамас
[30.08.2003] Двајца членови на бригадите Изедин ал Касам, воено крило на Хамас, се убиени во денешниот напад на израелски хеликоптер кој испукал четири ракети врз нивниот автомобил што се движел меѓу два палестински бегалски кампови во централниот дел на Појасот Газа.

 

„Гардијан“: Крај на една ера на лабуристите
[30.08.2003] Оставката на Алистер Кемпбел, директор за комуникации во кабинетот на Тони Блер е крај на една ера на лабуристите, затоа што си заминува еден од коавторите на новите лабуристи, но и креатор на самиот Блер, пишува денеска „Гардијан“.

 

Во Кашмир убиен еден од главните исламски сепаратисти
[30.08.2003] Индиските безбедносни сили денеска соопштија дека го убиле исламскиот сепаратист Гази Баба, за кој тврдат дека го организирал нападот врз индискиот Парламент во 2001 година.

 

Тинејџер заразил стотици илјади компјутери со вирус
[30.08.2003] Средношколецот Џефри Ли Парсон (18) е обвинет за ширење на компјутерскиот вирус „Бластер“, со кој преку Интернет беа заразени стотици илјади компјутери низ целиот свет.

 

Буш ќе се сретне со Путин, Ширак и Шредер за стабилизација на Ирак
[30.08.2003] Белата куќа, како што се тврди во Брисел, планира наскоро да одржи серија разговори со тројцата „непослушни“ европски лидери, рускиот претседател Александар Путин, шефот на француската држава Жак Ширак и германскиот канцелар Герхард Шредер. Целта е САД да добијат што поширока меѓународна поддршка во процесот на повоената стабилизација на Ирак.

 

Во Авганистан повредени тројца американски војници
[31.08.2003] Три американски војници се повредни, а четворица талибански борци се убиени во судирите што денеска се случиле во близина на градот Шкина.

 

Кели ја поддржал воената интервенција во Ирак
[31.08.2003] Доктор Дејвид Кели, британски експерт за биолошко оружје и советник во Министерството за одбрана, непосредно пред да почне воената интервенција во Ирак напишал опширен текст за воениот потенцијал на садамовиот режим и во него ја поддржал промената на власта во Багдад, пишува денешен „Обсервер“.

 

Над 300.000 луѓе денеска во Багдад го почнаа погребниот марш
[31.08.2003] Над 300.000 луѓе денеска во Багдад го почнаа погребниот марш кој ќе заврши за два дена по180 километри пат во шиитското светилиште Наџаф, каде ќе биде погребан лидерот на ирачките Шиити Ајатолахот Мохамед Бакир Ал Хаким, кој загина во завчерашниот терористички напад во градот Наџаф.

 

Снег во северна Италија
[31.08.2003] Во северните планински реони на Италија денеска падна снег кој ја влоши ситуацијата по вчерашниот ураган.

 

Потонувањето на нуклеарната подморница „K-159“ човечка грешка
[31.08.2003] Причините за потонувањето на нуклеарната подморница „K-159“ во Баренцовото море се лекомисленост и неодговорност на офицерите во морската флота, изјавија денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов и главниот командант на морската флота Владимир Куроедов.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk