Дома Премиер лига - распоред, резултати, статистики
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Економија > Архива > Јули 2003

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Фудбалски резултати и статистики
 

АРХИВА: Економија, Јули 2003


 

ВМРО ДПМНЕ поседува 25 фирми
[01.07.2003] Партијата ВМРО ДПМНЕ поседува 25 фирми. Дел од нив ги основала, а дел ги купила. На листата фирми за кои постојат докази дека се основани од партијата се наоѓаат „Илинденка“, „Магналекта“, партискиот весник „Глас“, „Еверест 2000“, „Здравец“, „Труст Трејд“.

 

Возот од Скопје до Бар преку Ниш, повторно е пуштен
[01.07.2003] Возот од Скопје до Бар преку Ниш, повторно е пуштен годинава, по едногодишна пауза. Тој пред се е наменет за превоз на македонските туристи до црногорското приморје. 

 

Струјата поскапе за 7%
[01.07.2003] Oд денеска плаќаме поскапа струја. Новите цени се повисоки за 7%, за сите категории потрошувачи.

 

„Матав“ ја зголемува својата сопственичка доминација во „Телеком“
[01.07.2003] Унгарски „Матав“ ја зголемува својата сопственичка доминација во „Македонскиот Телеком“. „Матав“ деновиве купи нови 3,05% од акциите во оваа комапанија. Овие акции им ги продаде фондот за источна Европа на „Сорос“.

 

Производителите на пченица без премија од државата
[02.07.2003] На стартот на откупот на пченицата најавен за почетокот на идната недела, се уште не е утврдено колкава ќе биде откупната цена.

 

Агенцијата за приватизација ќе продава нови пакети акции и удели во 14 фирми
[02.07.2003] Во петок Агенцијата за приватизација ќе понуди на продажба нови пакети акции и удели во 14 фирми. Цената на акциите ќе биде 10% и 20% од номиналната вредност.

 

Ревизијата во трошењата на Телеком без резултати
[02.07.2003] Ревизијата во трошењата на Телеком не дава резултати затоа што ја вршат истите луѓе што го правеа Договорот за купопродажба, Ванчо Каргов од Министерството за финансии и Вецко Буревски од Министерството за транспорт и врски.

 

Блокада на преговорите за сукцесија
[02.07.2003] Блокада на преговорите за делба на финансискиот имот на бившата југословенска федерација. Денеска во Белград Србија и Црна Гора не дозволиле формирање на специјален тим од сите земји наследнички кој требаше да влезе во трагата на 587-те милиони долари, пари кои во времето на Милошевиќ исчезнале од банките со мешан капитал.

 

„Експорт импорт банка“ ќе ги обештетува штедачите
[02.07.2003] На околу 5.200 штедачи во „Експорт импорт банка“ ќе почне да им се исплатува обештетување за нивните влогови во оваа банка. Вака денеска реши Фондот за осигурување на штедните влогови. Исплатата се очекува да почне по две недели.

 

Во собранието се расправаше за отпуштањата во ЕСМ
[03.07.2003] Отпуштањата во ЕСМ преку улиците стасаа и во собранието, опозицијата обвинува владата ги брка од работа само вработените од 99 та наваму, без реални критериуми, само за да се ослободи од кадрите кои ги смета за партиски.

 

Производителите на пченица незадоволни од откупната цена
[03.07.2003] Да се произведе кило пченица чини многу повеќе од 8 денари по колку што сега сакаат да ни ја откупат комбинатите, вели овој земјоделец од скопското село Петровец кој од зори е на својата нива. Тој се жали дека е се потешко да се живее од производство на пченица.

 

Граѓаните кои не ги платиле сметките за вода ќе останат жедни
[03.07.2003] Aко не сте платиле две или повеќе сметки за вода веќе сте на листата за исклучување. Водата може да ви биде сопрена уште од утре, кога почнува масовната акција на скопски Водовод за исклучување на должниците.

 

Заостанатите придонеси ќе се плаќаат на рати ако дозволи ММФ
[04.07.2003] Се уште не се знае дали фирмите што имаат неплатени придонеси ќе можат да ги плаќаат на рати. Министерот за труд и социјална политика Јован Манасиевски вели дека договорот за ваква исплата постигнат меѓу Владата, Синдикатот и Комората пред да се примени требало да добие согласност и од ММФ.

 

Економската криза во светски рамки продолжува
[04.07.2003] Војната во Ирак и болеста САРС се најважни причини за кризата, се вели во последниот извештај на Обединетите нации за состојбата во светската економија.

 

Со ревизијата не се влезе во трагите на матните Телеком зделки
[04.07.2003] Работата на луѓето што ја вршеа ревизијата во Телеком била само да се анализираат одредбите од неколкуте договори со кои „Матав“ стана сопственик на Телеком, а не да се влезе во трагите на матните Телеком зделки со кои се одлеваше профитот од компанијата.

 

Водовод ќе остави жедни неколку илјади семејства
[04.07.2003] Водостопансто ќе им ја запре водата на неколку илјади семејства. По налог на раководството на јавното претпријатие, екипите од денеска во масовната акција за исклучување на нередовните плаќачи.

 

Македонските граѓани најмалку веруваат во царината и синдикатот
[05.07.2003] Кому му веруваат македонските граѓани?  Не, на царината, не на синдикатот. Напротив, овие две институции, заедно со судиите имаат најмала доверба меѓу граѓаните.

 

Откупната цена на пченицата е помала од цената на триците
[06.07.2003] Откупната цена на пченицата оваа година е помала и од цената на триците, се жалат земјоделците пред стартот на откупот на тутунот што треба да почне од утре.

 

За „Хемтекс“ заинтересирани две фирми
[07.07.2003] „Хемтекс“ сакаат да го купат две фирми. За имотот на овој скопски загубар, кој на тендерот беше понуден на продажба во два дела, понуди доставиле „Леснина инжењеринг“ и „Рудине ММ“.

 

Олимпијадата ќе ги чини Грците околу 2 милијарди евра
[07.07.2003] Организацијата на Олимпијадата во Атина ќе ги чини Грците околу 2 милијарди евра. Зошто големите градови сакаат да организираат Олимпсики игри, ако тоа чини многу пари?

 

Националната платежна картичка никако да профункционира
[07.07.2003] 7,5 милиони евра вредниот проект Национална платежна картичка никако да почне да функционира. Сегашните доминантни акционери во Картичката, „Македонска“ и „Балканска банка“ генерално прифатија во проектот да се вклучат и големите банки, во обид проектот да проработи.

 

Продолжена привремената управа во „Експорт-импорт банка“
[07.07.2003] Избирајќи меѓу стечај или продолжување на привремената управа, Советот на Народната банка денеска реши да ја продолжи привремената управа во „Експорт - импорт банка“ за нови шест месеци.

 

Нема здравствени картони за „ниповци“
[07.07.2003] Нема здравствени картони, е одговорот што со месеци го добива Славица Тодорова, повредена на работното место во НИП „Нова Македонија“.

 

Македонија на европското дно според странските инвестиции
[08.07.2003] Странски инвеститор заинтересиран да ги купи 25-те проценти од акциите во Скопска Топлификација, што државата како нивни сопственик ги продава на берзата, се обраќа до една ревизорска куќа од Македонија со барање таа да му направи длабочинска анализа на Топлификација и да го советува дали да ги купи акциите.

 

Проблеми во купопродажбата на „Нова трговија“
[08.07.2003] Една од најатрактивните трговски фирми во источниот дел на Македонија, „Нова трговија“, која поседува огромен деловен и магацински простор во Штип, беше продадена за 1..250.000 евра на тројца штипски бизнисмени. Но, американската фирма „Илија и Мендос“ тврди дека четири секунди пред истекот на тргувањето доставила понуда од 1.900.000 евра.

 

Милијарда и двеста илјади луѓе во светот се сиромашни
[08.07.2003] Милијарда и двеста илјада луѓе во светот се сиромашни. Тие живеат со помалку од еден долар дневно. Со цел овој број да се преполови до 2015-тат година, Обединтети нации денеска во сите земји во светот ги промовираа милениумските развојни цели.

 

Пласманот на струмичкиот бостан доведен во прашање
[09.07.2003] На Кванташкиот пазар во Струмица бостанот со првокласен квалитет деновиве се нуди по 0,8 до два денара за килограм. И покрај исклучително ниската цена, велат земјоделците, големи количини остануваат непродадени и гнијат на нивите.

 

Компанијата која ќе ги преземе долговите на „Алумина“ ќе стане газда
[09.07.2003] Компанија која е подготвена да ги преземе долговите на „Алумина“ од 30 милиони евра ќе стане газда на фабриката за без пари. Владата е во потрага на стратешки партнер кој би ја преземал „Алумина“ во пакет со нејзините долгови кои се поголеми од вредноста на имотот.

 

Нови банкноти во апоени од 500 и 1.000 денари
[09.07.2003] Народна банка ќе издаде нови банкноти во апоени од 500 и 1.000 денари. Новите банкноти, според најавите од Народната Банка, ќе имаат поголем степен на заштита.

 

Производителите на прехранбени производи ќе бараат заштита од државата
[09.07.2003] Домашните производители на пченица, млеко, месо и други земјоделско прехранбени производи од идната година ќе може да бараат заштита од државата од нелојалната конкуренција од надвор.

 

Инвеститорот заинтересиран за Топлификација се откажа
[09.07.2003] Странскиот инвеститор заинтересиран за купување на 25-те проценти од акциите на скопска топлификација што в петок државата ќе ги продава на берзата, се откажа од оваа намера, иако Агенцијата за приватизација денеска доставила писмо до Топлификација за да му ја овозможи на овој инвеститор бараната длабочинска анализа на фирмата.

 

Во Македонија се повеќе владее сивата економија
[09.07.2003] Од црните бизниси со кои се заобиколуваат давачките кон државата, во Македонија годишно се вртат 1 милијарда и 700 милиони евра. Според мерењата на австрискиот универзитет „Јоханез Хеплерк“ уделот на сивата економија во бруто домашниот производ на Македонија учествува со дури 45%.

 

Во струмичко почна откупот на пченицата
[10.07.2003] Во „Жито Струмица“ и повеќе приватни мелници од Струмичкиот регион деновиве почна откупот на пченицата. Дел од преземените количини се исплаќа во брашно и сточна храна, а останатиот во денари.

 

Американците заинтересирани за македонското сирење и кашкавал
[10.07.2003] Тимот на проектот за конкурентност на Американската агенција за помош (УСАИД) што работи на кластерот за јагнешко место и сирење, на средбата со претставници на одгледувачите на овци, на млекарниците, кланиците, здруженијата на овчарите, универзитетите, Владата и на давателите на деловни услуги, ги презентираше наодите од истражувањата на пазарот што минатиот месец го спроведе во САД.

 

Гошев задоволен од состојбата во стопанството
[10.07.2003] Mинистерот за финансии Гошев констатира позитивни движења во стопанството во првите шест месеци, а за поддршка на ваквиот став ги понуди статистичките показатели: растат во производството и извозот, се намалува инфлацијата и каматите. 

 

Македонската берза упати јавна критика на „Еуро брокер“
[10.07.2003] Одборот на директори на Македонската берза упати јавна критика на „Еуро брокер“, брокерска куќа што обвини дека во берзанската транскација со акциите на штипска нова трговија имало големи неправилности.

 

„Телеком“ 3 месеци без технички директор
[10.07.2003] И по 3 месеци откако на барање на македонската страна беше сменет техничкиот директор во „Телеком“ Бела Козма, владата не излегла со предлог име за ова место.

 

Се гради нов заобиколен пат за камионите
[10.07.2003] Тешки товарни камиони по скопските улици. Ова е секојдневна слика, бидејќи заобиколниот пат околу градот се уште не е изграден. Државата веќе четири години е во конфликт со граѓаните од повеќе скопски села кои не ја дозволуваат изградбата жалејќи се дека автопатот ќе биде штетен и еколошки и економски.

 

Неопходен е слободен прекуграничен премин за градинарските производи
[11.07.2003] Владата треба да овозможи слободен премин преку граница за градинарите од земјава кои сакаат да ги извезат своите производи, а не од нив да бара документ дека имаат регистрирано фирма за надворешно трговско работење, смета Федерацијата на македонски фармери (ФМФ).

 

30 семејства кои живеат во иста зграда цела недела без вода
[11.07.2003] Триесет семејства кои живеат во иста зграда цела недела се без вода. Станарите се социјалци, инвалиди, стари лица и мали деца.

 

Вработените од „Топлификација“ ги откупија акциите од фирмата
[11.07.2003] Вработените од „Топлификација“ беа единствени учесници во берзанско тргување со 25-те проценти општествен капитал од компанијата. Акциите ги купија за половина од нивната номинална вредност која изнесува 50 евра.

 

Српската влада почна истрага за продажбата на телекомот
[11.07.2003] Српската влада почна истрага за аферата врзана за продажбата на акциите на „Телеком Србија“ на италијанските партнери. Министерот за правда, Владан Батиќ потврди дека за продажбата на јавното претријатие во 1997 година се поднесени и кривични пријави, но не кажа против кого.

 

Членовите на „СМЕР“ не се задоволни од Сојузот на синдикатите
[11.07.2003] Членовите на „СМЕР“, синдикатот на металците, енергетичарите и рударите, не се задоволни од работата на сојузот на синдикатите и претседателот Ванчо Муратовски.

 

Земјоделците се борат за заштита на земјоделските култури
[12.07.2003] Ако борбата за извоз на бостанот е изгубена да ги спасиме останатите земјоделски култури, велат од федерацијата на македонските фармери, лоцирајќи го проблемот што се провлекува со години, односно неможноста да извезуваат затоа што не се регистрирани како правни лица.

 

За Коридорот 8 не се прави речиси ништо
[13.07.2003] „За Македонија и Бугарија Коридорот 8 е коридор број 1“, рече лани во април шефот на државата Борис Трајковски, на една од претходните средби со неговиот бугарски колега Георги Прванов. Но, реалноста ја демантираше неговата изјава.

 

ФМФ бара подобра цена за пченицата и бостанот
[14.07.2003] Владата мора на земјоделците да им ја обезеди загаранираната цена од 10,5 денари за килограм пченица, а не како што нудат мелничките комбинати само 8 денари, порачуваат од Федерацијата на македонските фармери која е формирана да ги штити интересите на индивидуалните земјоделци.

 

Министерството за финансии не отстапува од есенското селење на жиро сметките
[14.07.2003] Министерството за финансии се подготување за есенското селење на жиро сметките на фондовите за пензиско и инвалидско осигурување, за здравствено осигурување, за патишта, за води и за животна средина, како и на Заводот за вработување.

 

Од понеделник ММФ во контрола
[14.07.2003] Од понеделник, експертите на ММФ ќе проверуваат дали и колку македонската Влада ги спроведува преземените обврски со аранжманот „Станд бај“. Владата генерално е задоволна од постигнатото и не очекува некои поголеми замерки од страна на Фондот.

 

Владата нема концепт што ќе прави со партиските фирми
[15.07.2003] Финансиските контроли во политичките партии се при крај, а Владата нема концепт што ќе прави со фирмите за кои ќе биде докажано дека се партиски, вели Слаѓана Тасева, претседател на Антикорупциската комисија.

 

„Про бизнис банка“ ќе пласира каматни стапки од 12 до 19%
[15.07.2003] Банката за микрофинансирање основана од четири меѓународни финансиски институции, „Про бизнис банката“ се вклопува во македонскиот амбинет на скапи кредити и парите ќе ги пласира со каматни стапки од 12 до 19%.

 

Во сметката за струја ќе биде вметната и радиодифузната такса
[15.07.2003] Измената на Законот за радиодифузија предвидува во сметката за струја да биде вметната и радиодифузната такса, но нејзиниот износ нема да биде како до сега - издвоен, туку ќе биде прикажан во вкупниот износ на потрошената струја.

 

„Козјак“ интензивно се полни со вода
[15.07.2003] Езерото на браната „Козјак“ интензивно се полни со вода, длабочината достигна до 30 метри, а вкупно акумулацијата ќе биде длабока 126 метри. Се очекува првите количини струја да се произведат следната година во јуни, до кога треба целосно да се монтира опремата на хидроцентралата.

 

Владата се позајми 30 милиони евра за обиколницата околу Скопје
[15.07.2003] Владата денеска потпиша договор за заем од 30 милиони евра со Европската банка со кои ќе треба да се изгради западниот дел од обиколницата околу Скопје кон селата Орман и Волково.

 

Работниците од „Хемтекс“ не го даваат магацинот за 335.000 евра
[16.07.2003] За работниците од „Хемтекс“ е неприфатлива денешната одлука на Одборот на доверители, што предвидува магацинот од 5.000 квадратни метри да се продаде на фирмата „Рудине“.

 

Мари Елен Брикнел: „Луѓето страдаат од недостиг на работа“
[16.07.2003] По четиригодишен мандат, постојаниот претставник на Светската банка во Македонија, Мари Елен Брикнел заминува од земјава. Следните четири години таа ќе ја извршува истата функција, но за Турција, што во кадровската политика на Светската банка се смета за унапредување.

 

Отпуштените од ЕСМ се судрија со полицијата
[16.07.2003] Неколкумина повредени протестанти и полицајци, е епилог од неколкучасовниот протест на отпуштените работници од ЕСМ пред Собранието, каде пратениците расправаа за отпуштањата. До судир дојде кога гневните работници се обидоа да влезат во собраниската сала.

 

„Свис“ од октомври нема да лета од и до Македонија
[16.07.2003] Швајцарската авиокомпанија „Свис“ од октомври нема да лета од и до Македонија. Сега од Скопје до Цирих и обратно „Свис“ лета секој ден, а линијата што македонските патници ја користат како врска до подалечните дестинации е рентабилна со 70% пополнетост на авионот.

 

Средба Муратовски - Црвенковски
[17.07.2003] Синдикалниот лидер Ванчо Муратовски денеска по втор пат за само неколку месеци беше сам на состанок со премиерот Црвенковски, кој пак во неговиот кабинет во зградата на владата го пречекал со тројцата економски министри, за финансии, за економија и за труд и социјална политика.

 

„Ер Вардар“ бара од премиерот дозвола за летање
[17.07.2003] Авиокомпанијата „Ер Вардар“ бара премиерот лично да и помогне да добие дозвола за летање. Во писмото до Црвенковски до кое дојде А1, „Ер Вардар“ ги обвинува воздухопловните власти дека работат неодговорно и непрофесионално поради лични интереси на директорот на управата за цивилна воздушна пловидба Илир Мехмеди и неговиот заменик Симеон Здравев.

 

Шверцот овој месец зголемен на сите гранични премини
[17.07.2003] Царинската управа потврдува дека од почетокот на месецов драстично се зголемува шверцот на речиси сите гранични премини. Се шверцува сирење, текстил, цигари, алкохол и техничка стока.

 

Владата со погрешен став за реформи во администрацијата
[18.07.2003] Владата избра погрешен пристап во отпочнувањето на реформата вo јавната администрација, оценуваат експертите кои велат дека реформа не се определува со определување на бројки и проценти, туку со дефинирање на јасен концепт. Тие функции кои не и требаат на државата може да преминат во приватна сопственост.

 

Граѓаните од Чаир 12 дена без вода
[18.07.2003] Или капе или воопшто  ја нема. Цели дванаест дена, на пеколни температури граѓаните од повеќе скопски населби од реонот на Чаир живеат без вода. Ваква е ситуацијата од денот кога се случи големиот дефект на водоводната мрежа пред две недели.

 

Македонците трошат 30% повеќе за мобилен телефон од Европјаните
[19.07.2003] Македонците трошат 30- тина проценти повеќе за мобилен телефон од Европјаните. Во просек еден македонски претплатник секој месец плаќа по околу 25 евра за разговорите на својот мобилен телефон, што е блиску само до сумата што за мобилен ја одвојуваат Британците, Французите и Хрватите кои плаќаат по околу 23 евра месечно.

 

Владата предвиде кои институции ќе ги укине
[20.07.2003] Најрадикалното решение што подразбира укинување на институцијата, владата го предвидува за Агенцијата за развој и инвестиции, своевремено отворена под закрилата на Васил Тупурковски, за Фонд за регионални и магистрални патишта чии ингеренции треба да преминат во ЈП „Македонија пат“ и за Фондот за животна средина чии надлежности треба да ги преземе ресорното министерство.

 

Нов сопственик на управната зграда на штипска „Селена“
[21.07.2003] Нов сопственик на управната зграда на произведствената хала и главниот магацин на штипска „Селена“ единствената фабрика за производство на светилки во Македонија е штипската конфекција „Артекс“.

 

Муратовски ќе добие уште една шанса кај синдикалците
[21.07.2003] Пред да свикаат вонреден конгрес за да го сменат, синдикалците му даваат уште една шанса на нивниот лидер Муратовски за да ги исправи своите грешки. Претседателите на синдикатите од металната индустрија, образованието и здравството викендов се сретнале со Муратовски во Охрид.

 

НИП „Нова Македонија“ се подготвува за ликвидација
[21.07.2003] НИП „Нова Македонија“ се подготвува за ликвидација, а имотот за продажба. Од денеска фирмата „Ексинг“ врши проценка на вредноста на имотот, а консултантската куќа „Лајонс едн бриџ“ план за продажба на Нипот. Но долговите ја надминаа вредноста на имотот на Нипот.

 

Издавачката куќа „Вац“ ќе стане грчка компанија
[21.07.2003] Германската издавачка компанија „Вац“ која ги купува трите најтиражни дневни весници во Македонија, „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“, многу скоро ќе стане грчка компанија.

 

Купувачот на „ФАС“ не ги уплати парите
[21.07.2003] Потенцијалниот купувач на „ФАС“ не успеа до денешниот рок да ги уплати 12-те милиони евра, колку што понуди за скопската фабрика. Поради тоа одборот на доверители на „ФАС“ му го продолжи рокот за уплата на парите до четврток.

 

Усвоени измените во законот за девизно работење
[22.07.2003] Собранието претпладнево без многу дискусија ги усвои измените и дополнувања на Законот за девизно работење, со кои, меѓудругото, се предвидува можност банките да можат да одобруваат кредити на начин и под услови што ќе ги утврди Народната банка на Република Македонија.

 

Цената на нафтата ќе остане висока
[22.07.2003] Цената на нафтата на светскиот пазар ќе остане на високо ниво до крајот на годината поради намалените резерви, доколку Организацијата на земјите извознички на нафта не преземе акција или Ирак не почне повторно да извезува, се проценува во месечниот извештај на лондонскиот Центар за глобални енергетски студии.

 

Трајковски ги загуби ингеренциите да предлага вицегувернери
[22.07.2003] Пратениците денеска ги усвоија измените на Законот за Народна Банка со што претседателот на државата ги загуби ингеренциите да предлага вицегувернери.

 

Парламентот ги усвои измените на Законот за банки
[22.07.2003] Парламентот денеска ги усвои и измените на Законот за банки. Клучната промена е всушност исправање на грешките што поранешната власт и сегашниот гувернер ги правеа во последните две години од мандатот.

 

Владата повторно ќе ја преиспита позицијата за Македонски пошти
[22.07.2003] Владата уште еднаш ќе ја преиспита својата позиција пред да им понуди на Канадски пошти ревизија на договорот за Македонски пошти. Во текот на наредните денови експерти од македонска страна повторно ќе ги анализираат штетните одредби од договорот, по што ќе ги повикаат Канаѓаните на преговори.

 

Владата ја чека пресудата за Окта
[22.07.2003] Окта нема став, владата чека официјално да ја добие пресудата од лондонскиот суд за да се изјасни, а „Џет Оил“ на Мамидакис очекува наплата на отштетата од 17 милиони долари.

 

Нафтата поефтини по веста за смртта на синовите на Хусеин
[23.07.2003] Веста за смртта на синовите на Садам Хусеин ја „бутна“ цената на нафтата во светот. Стручњаците велат дека до опаѓање на цената на нафтата дошло, бидејќи загинувањето на двајцата синови ги подгреа надежите дека во Ирак сега ќе попушти напнатоста и дека ќе престанат грабежите и саботажите на нафтените постројки, така што земјата ќе може да го зголеми производството.

 

Радиодифузната такса ќе се плаќа заедно со струјата
[23.07.2003] Според денешната измена, радиодифузната такса отсега ќе се плаќа заедно со струјата на иста сметка, но нејзиниот износ веќе нема да биде издвоен, туку ќе биде прикажан во вкупниот износ на потрошена струја.

 

Македонска банка ќе издава нова емисија акции
[23.07.2003] Акционерското собрание на Македонска банка на денешната седница донесе одлука да издаде нова емисија на акции. Се планира издавање на 56.707 акции, односно исто онолку колку што и сега имаа оваа банка.

 

Нападнат работник од ЕСМ
[23.07.2003] Еден работник на ЕСМ е каменуван, а две службени возила се оштетени кога екипа на ЕСМ се обидела да и ја исклучи струјата на фирмата „Лилика“ во скопски Чаир, поради долг од 3.200 евра.

 

Железницата ги укина кушет колите
[23.07.2003] Патниците кои патуваат со возот од Солун до Љубљана и обратно, се жалат на одлуката на Македонски Железници, да ги укине кушет вагоните во овој воз.

 

Македонија ќе добие 38,5 милиони евра од ЕУ
[23.07.2003] Македонија годинава од „Кардс“ програмата на Европската унија ќе добие 38,5 милиони евра кои ќе бидат искористени за различни економски и политички проекти.

 

Раководството на Табак со тврдење дека се формира нова „Македонија табак“
[24.07.2003] Раководството на „Македонија табак 2000“, контра штрајкувачите, денеска тврди дека мала група на вработени поддржани од луѓе однадвор сакаат да го преземат управувањето во фирмата. Прогласивме колективен одмор за да се смират страстите велат директорите, но тие вчера насила влегоа во просториите. 

 

Oд шверцот со нафта годишно се губат 10 милиони долари
[24.07.2003] Македонија од шверцот со нафтени деривати годишно губи околу 10 милиони долари. Сивата економија во нафтениот бизнис главно се должи на шверц и нерегулирана продажба на супер бензин, дизел и нафта за домаќинство.

 

Купувачот на „Фас“ доби уште 7 дена
[24.07.2003] Потенцијалниот купувач на „Фас“ Дамјановски има дополнителни седум дена да уплати 12 милиони евра за купување на имотот на „Фас“.

 

Јајцата од иста класа ќе се продаваат по иста цена
[24.07.2003] Сите јајца од иста класа ќе се продаваат по иста цена во цела држава, која ќе ја договорат живинарите. Од договорената цена нема да се отстапува без разлика на пазарните услови, се договорија денеска фармерите.

 

Управниот одбор на „Хеленик Петролеум“ ќе допатува во Скопје
[25.07.2003] Претседателот на управниот одбор на „Хеленик Петроулеум“, Атанасиос Карахаљас со својот преговарачки тим ќе допатува во Скопје на 30 јули, за да одржи трета рунда преговори за демонополизација на Окта и укинување на екстра бенифициите.

 

Новиот сопственик на Југохром ја тужи државата
[25.07.2003] Француската компанија, нов сопственик на Југохром, ја тужи државата за да и ја овозможи бесцаринската зона договорена при купопродажбата на комбинатот.

 

Новата обиколница создаде проблеми со имотите во Стајковци
[25.07.2003] Луѓето на кои треба да им бидат одземени плодните ниви велат дека, надлежните владини институции им ги процениле имотот по пониска вредност од онаа што им е запишана во катастарот.

 

Парламентот ги избра новите вицегувернери
[25.07.2003] Парламентот денеска ги избра новите вицегувернери. Тоа се Ванчо Каргов, досегашен државен секретар во Министерствто за финансии, Емилија Нацевска директор на дирекцијата за платен биланс во народната банка и Фатмир Бесими, кој новата функција ја добива од директорската позиција на ЈП за аеродромски услуги.

 

Партиите во Македонија финансирани од анонимни донатори
[27.07.2003] Aнонимни донатори се главните финансиери на политичките партии во Македонија. Парите ги добиваат во готово, на нетранспарентен начин и без контрола на надлежните органи, стои во државната програма на антикорупциската комисија.

 

Неуспешна рунда разговори за Окта
[28.07.2003] Преговарачките тимови на Филиповски и на Карахаљас кои треба да дојдат до решението за укинување на ексклузивните права на Окта ја одржаа трета рудна разговори, без постигнат договор.

 

ММФ со рунда преговори во Скопје
[28.07.2003] Ребаланс на буџетот, односно намалување на државната каса и намалување на планираната стапка на инфлација за годинава, се двете можни корекции што би произлегле од двонеделната рунда преговори со мисијата на Меѓународниот Монетарен Фонд што официјално почнаа денеска во Скопје.

 

Од полноќ бензинот поскапува за денар
[28.07.2003] Од ноќеска на полноќ поскапуваат бензините по еден денар за литар. Владата денеска донесе одлука за зголемување на цените на бензините во просек за околу 2,35%.

 

„ВАЦ“ ја формира компанијата „Медиа принт Македонија“
[28.07.2003] Германската медиумска компанија „Вац“, која неодамна ги купи трите најтиражни дневни весници во „Македонија“, „Дневник“, „Вест“ и „Утрински“, формираше и фирма во Скопје што ќе ги издава овие три дневни весници.

 

ОПЕК нема да го ограничи производството на нафта
[29.07.2003] Претседателот на ОПЕК Абдулах ал-Атијах проценува дека нема потреба да се менува сегашниот производен лимит од 25,4 милиони барели дневно се додека цените се во близина на горната граница од проектираните цени од 22 до 28 долари за барел нафта.

 

Инспекција во 80 приватни автобуси
[29.07.2003] Ненајавената контрола на инспекцијата во над 80 автобуси на приватните превозници ги остави патниците, ни криви ни должни, да чекаат по пеколните горештини.

 

ЛДП ќе предложи закон за финансирање на партиите
[29.07.2003] Политичките партии не смеат да бидата финансирани од анонимни извори, владини институции, меѓународни организации, јавни претпријатија и од неприватизирани фирми. Ова е само дел од законот за финансирање на политичките партии кој ќе го предложи ЛДП.

 

Туристичките градови во Црна Гора без вода
[29.07.2003] Вест за оние кои планираат да летуваат на црногорското приморје. Атрактивните туристички градови во Црна Гора немаат вода, јавува белградската агенција „Бета“.

 

Синдикатот од Велес ги изнесе стечајните работници на протест
[29.07.2003] Синдикатот од Велес, поради нарушената економска состојба во градот ги изнесе на плоштадот некогашните работници. За причините на социјалниот револт говореа фабричките синдикални лидери.

 

Во НБМ пристигна втората рата од „ФЕСАЛ 2“
[29.07.2003] На специјална сметка во Народната Банка денеска пристигна втората рата од аранжманот од Светската Банка за структурни реформи, „ФЕСАЛ 2“. Износот на оваа рата е 20 милиони долари.

 

ССМ бараат поголема ангажираност на владата
[29.07.2003] Синдикалниот лидер Муратовски и неговите соработници денеска од премиерот и министрите за финансии, труд и економија побараа: да се регулираат неплатените придонеси за 73.000 работници вредни 200 милиони евра, брзо и ефикасно да се реши статусот на фирмите загубари, учество на синдикатот во реформата на јавната адмистрација и исплата на популарниот К-15.

 

Пресудата на Тепев е спорна и неконечна
[30.07.2003] Пресудата на Врховниот суд со која минатиот месец се потврди дека бизнисменот Илија Тепев е сопственик на Транс Велес за група акционери и вработени е спорна и неконечна.

 

Состанокот на ССМ и Црвенковски не е оценет многу оптимистички
[30.07.2003] Синдикалниот лидер Муратовски и премиерот Црвенковски по вчерашната средба во ССМ излегоа задоволни од разговорите. Сепак, состанокот на кој премиерот и тројцата министри за финасии, економија и труд разговараа со синдикалецот Муратовски и неговите соработници, не е оценет како многу оптимистички. 

 

Расправата околу „Македонија табак 2000“ продолжува
[30.07.2003] Во разграбувањето на имотот на „Македонија табак“ една од клучните улоги игра Тутунска банка, тврдат денеска штрајкувачите од оваа фирма.

 

Популарната „буба“ заврши во музеите
[30.07.2003] Автомобилот што стана мит и беше рекордер и заштитен белг на едно време денеска се сели во музеите. По цели 70 години производство денеска во производната лента во Пуебла беше испратен последниот фолцваген „буба“.

 

Тутунска банка ги демантира изјавите на синдикалците од „Македонија табак“
[31.07.2003] Тутунска банка ги демантира изјавите на синдикалците од „Македонија табак“, кои вчера тврдеа дека оваа банка се обидува отворено да го превземе имотот на „Македонија табак“.

 

Развојот на приватниот бизнис ќе зависи од стопанствениците
[31.07.2003] Бизнисмените не можат да ја чекаат владата да го намали буџетот за да се ослободат пари за стопанството и затоа развојот на приватниот бизнис ќе зависи само од стопанствениците, оценуваат првите луѓе на националниот совет за конкурентност.

 

ССМ од Муратовски ќе бараат отчет за потрошените пари
[31.07.2003] Синдикалците од ССМ ќе побараат од Муратовски веќе на првата наредна седница да даде отчет како се потрошени парите од донацијата вредна еден и пол милион евра што пред година и пол ја доби ССМ, а која требаше да ги опреми сите грански синдикати и стручните служби со компјутери и телефони.

 

Македонските иселеници се плашат да инвестираат во Македонија
[31.07.2003] Македонските иселеници се плашат да инвестираат во Македонија, власта ги убедува дека земјава е сигурно место за бизнис. Иселениците денеска се собраа во Скопје, на форум, да видат какви бизнис можности им нуди Македонија.

 

Радовиш без струја и вода
[31.07.2003] Денеска во општината Радовиш се исклучени повеќе домаќинства и фирми од електричното напојување. Според наделжните од подрачната единицита сечењето на електрични кабли е ефективна метода за зголемување на процентот на наплата, кој за кратко време пораснал на близу 50%.

 

Фирмите на Снешка побогати за 7 милиони евра
[31.07.2003] Под наслов „Фирмите на Снешка побогати за над седум милиони евра“, магазинот „Зум“ во најновиот број пишува дека трите фирми кои произлегуваат од поранешениот „Скодел“, сопственост на Снежана Георгиевска и Ванчо Ефтимов ја зголемиле основната главница за седум милиони евра.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk