Дома Недела во 11
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Јуни 2003

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 

АРХИВА: Свет, Јуни 2003


 

Буш задоволен од потрагата по оружје за масовно уништување во Ирак
[01.06.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш денеска изрази задоволство од потрагата по оружје за масовно уништување во Ирак, наведувајќи дека се откриени лаборатории за производство на биолошко оружје во земјата.

 

Антиглобалистички демонстрации против Самитот во Евијан
[01.06.2003] Припадници на швајцарската специјална полиција попладнево навлегоа во кампот Бурдонет, југозападно од Лозана, каде се забарикадирани околу 400 антигобалисти, кои демонстрираа против одржувањето на Самитот на Групата осум индустриски најразвиени земји (Г-8), што попладнево започна во францускиот град Евијан.

 

Земјотрес во Иран
[01.06.2003] Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди северната иранска провинција Ардебил.

 

Започна Самитот на Г-8 во Евијан
[01.06.2003] Во францускиот град Евијан попладнево започна тридневната Средба на лидерите на осумте индустриски најразвиени земји во светот (Г-8).

 

Два нови случаи на САРС во Кина
[01.06.2003] Кинеското Министерство за здравство денеска јави за два нови случаи на тешкиот акутен респираторен синдром (САРС), и оти во текот на денешниот ден нема нови смртни случаи од болеста.

 

Русија овој месец претседавач со Советот за безбедност на ОН
[02.06.2003] Постојаниот амбасадор на Русија во ОН Сергеј Лавров денеска ќе одржи билатерални консултации со другите членови на Советот за безбедност за програмата за работа на овој орган кој е одговорен за одржувањето на мирот и безбедноста во светот.

 

САД ќе формираат привремен Совет во Ирак
[02.06.2003] Американски администратори за Ирак одлучиле да формираат привремен совет со 25 до 30 избрани ирачки политички претставници наместо да организираат голема национална конференција на која би била избрана преодна управа, објавува денеска „Вашингтон пост“.

 

Пјонгјанг признал дека поседува нуклеарно оружје
[02.06.2003] Северна Кореја на делегацијата американски конгресмени им соопшти дека веќе поседува нуклеарно оружје и оти планира и понатаму да го произведува, изјави денеска по враќањето од Пјонгјанг шефот на американската делегација, републиканецот Курт Велдон.

 

САД му се заканија Пјонгјанг со „разорна реакција“
[02.06.2003] Помошникот на американскиот секретар за одбрана Пол Волфовиц денеска и се закани на Северна Кореја со „разорна реакција“ на евентуална агресија врз корејскиот полуостров и ги повтори притисоците на САД земјата да ја прекине работата на својата нуклеарна програма.

 

Масакар во ДР Конго
[02.06.2003] Преку 250 мажи, жени и деца меѓу кои и 20-тина бебиња се масакрирани со мачеви во селото Кјомна, источно Конго, јавија денеска африканските медиуми.

 

Започна судењето на обвинетиот за нападите на Бали
[02.06.2003] Судењето на 33-годишниот информатичар, обвинет за осмислување на терористичкиот напад во Бали, каде настрадаа околу 200 лица, започна денеска на овој индонезиски остров.

 

Прв ден без нови случаи на САРС во Кина
[02.06.2003] Кинеското Министерство за здравство денеска соопшти дека во државата не е регистриран нов случај на САРС, прв ден без нови случаи од 20 април кога официјални лица соопштија за појавата на таа болест во Кина.

 

Снег во Москва
[03.06.2003] Жителите на Москва утрово беа непријатно изненадени од врнежите снег и студен ветар што го зафатија градот. Јунскиот снег во центарот на градот паѓал неколку минути и се топел кога ќе го допрел тлото.

 

Убиени американски војници во Ирак
[03.06.2003] Припадничка на американската армија денеска е убиена, а уште еден војник ранет од снајперист во градот Рамади во западниот дел на Ирак. Претходно, еден американски војник е убиен додека патролирал во централен Ирак.

 

Двајца лидери на ЕТА осудени на 2.354 години затвор
[03.06.2003] Двајца лидери на баскиската терористичка организација ЕТА беа осудени на 2.354 години затвор за еден од најкрвавите терористички акти во историјата на организацијата во која загинаа 11 лица, влучувајќи и пет деца.

 

Австрија блокирана од штрајк
[03.06.2003] Јавниот живот во Австрија денеска целосно е блокиран поради најголемиот штрајк во поновата историја на оваа држава.

 

Северна Кореја предупреди на можна нуклеарна војна
[03.06.2003] Северна Кореја денеска ја предупреди Јужна Кореја дека акциите на нејзините бродови на западната морска граница би можеле да доведат до судир на морнариците, односно до војна.

 

Буш: „На светот му е потребна палестинска држава“
[03.06.2003] „На светот му е потребна палестинска држава, која ќе биде слободна и мирна и поради тоа американската Влада ќе работи со сите заинтересирани страни со цел да се оствари таквата визија“, изјави претседателот на САД Џорџ Буш на Самитот во египетското летувалиште Шарм ел Шеик.

 

Воен напад врз Иран самоубиство за напаѓачот
[04.06.2003] Евентуален воен напад врз Иран ќе значи самоубиство за оној што ќе се реши на ваков потег, изјави иранскиот духовен водач, ајатолахот Али Хамнеи во обраќањето пред неколку десетни илјади верници.

 

Засилено антиамериканското расположение во светот
[04.06.2003] Војната во Ирак значително го засилила антиамериканското расположение во целиот свет, особено во исламските држави и го продлабочила трансатлантското несогласување, покажуваат резултатите од големото меѓунардоно проучување извршено во 20 држави и палестинските територии од страна на „Пју Глоубал Етитјуд Проџект“.

 

Судир на два воза во Шпанија
[04.06.2003] Најмалку пет лица настрадаа, 40 се повредени, а 21 лице се сметаат за исчезнати, во судирот на два воза што синоќа се случи во близина на градот Чинчиле, на истокот од Шпанија, соопштија шпанските власти.

 

Шарон ќе поддржи создавање палестинска држава
[04.06.2003] Израелскиот премиер Ариел Шарон ќе го поддржи создавањето палестинска држава со привремени граници, но само доколку бидат исполнети претходно поставените услови, соопшти неговиот Кабинетот.

 

Пјонгјанг ги критикува САД за подготовка на војна
[04.06.2003] Во ситуација кога трае нуклеарната криза на Корејскиот полуостров, планот на САД за разместување свои сили во Јужна Кореја Пјонгјанг го оцени како подготовка на војна против Северна Кореја.

 

20.000 протестанти против вонредната состојба во Перу
[04.06.2003] Најмалку 20.000 жители денеска излегоа на улиците во Лима, во знак на протест поради минатонеделното воведување вонредна состојба во Перу.

 

Денеска без нови случаи на САРС во Тајван и Кина
[04.06.2003] Тајван денеска го бележи првиот ден без нови случаи на заболени или починати од САРС од избивањето на епидемијата во оваа земја, а во Кина веќе втор ден како не е пријавен ниту еден новозаболен или починат од тешкиот акутен респираторен синдром.

 

Експлозија во зграда во Париз
[04.06.2003] Најмалку 24 лица, од кои четворица потешко, се повредени при денешната експлозија во една зграда во центарот на Париз.

 

Белгискиот премиер доби отровно писмо
[05.06.2003] Белгиските власти открија 10 писма, испратени на официјални адреси, кои содржат отровни супстанци за создавање нервен гас.

 

Самоубиствен напад на воен автобус во Чеченија
[05.06.2003] 16 лица загинаа, а 15 беа повредени во денешниот самоубиствен напад на воен автобус, во кој патувале припадници на руските воздухопловни единици во Северна Осетија, на границата со Чеченија.

 

Нов напад врз американските сили во Ирак
[05.06.2003] Еден американски војник загина, а петмина се повредени во денешниот вооружен напад во Фалуџа, западно од Багдад, кога непознато лице отворило оган од ракетен фрлач врз американските војници.

 

Блискоисточниот мировен план „прашање од највисок приоритет“
[05.06.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш им нареди на своите политички советници, блискоисточниот мировен план да стане „прашање од највисок приоритет“ и именуваше ветеран на американската дипломатија да ја надгледува примената на спогодбата.

 

Шпанските спасувачки екипи ја прекинаа потрагата
[05.06.2003] Шпанските спасувачки екипи денеска ја прекинаа потрагата по преживеани од сударот на патнички и товарен воз во близината на градот Чинчила, при што загинаа 26 лица, додека околу 40 се повредени.

 

Два веројатни случаи на САРС во Нов Зеланд
[05.06.2003] Здравствените власти во Нов Зеланд денеска информираа за два сомнителни случаи на САРС. Портпаролот на „Гринлајн хоспитал“ Меган Ричардс изјави дека лицата патувале во земји кои се во групата ризични подрачја од САРС и се хоспитализирани откога е утврдено дека имаат блага настинка.

 

Хамас го прекинува дијалогот со палестинскиот премиер
[06.06.2003] Радикалното исламистичко движење Хамас реши да го прекине дијалогот со палестинскиот премиер Махмуд Абас и повика на масовни протести против исходот од Самитот во Акаба, изјави денеска еден од лидерите на Хамас.

 

Експлозија во Грозни
[06.06.2003] Најмалку 11 лица, меѓу кои 8 деца загинаа, а најмалку три се повредени во експлoзијата која денеска избувна во една петкатница во чеченскиот главен град Грозни.

 

Американските војници се повлекуваат од корејската граница
[06.06.2003] Вашингтон и Сеул синоќа го објавија распоредот на повлекување на американските сили од демилитаризираната зона, ничија земја што ја дели капиталистичка Јужна Кореја од комунистичка Северна Кореја.

 

Пронајдени 1.130 златни прачки во Киркук
[06.06.2003] Американска воена патрола открила 1.130 златни прачки во еден автобус што бил запрен на еден контролен пункт во близина на градот Киркук во Ирак.

 

Само две нови жртви од САРС во Кина
[06.06.2003] Кина денеска соопшти за нови две жртви од последиците на атипичното воспаление на белите дробови, а во земјата е забележан само еден нов случај на САРС.

 

ЕУ потпиша договор за екстрадиција со САД
[06.06.2003] Министрите за правда од Европската унија денеска се согласија да потпишаат договор со САД за екстрадиција, по речиси една година преговори и критики од страна на групите за заштита на човековите права.

 

Убиен раководител на руски концерн за оружје
[06.06.2003] Игор Килимов (42), вршител на должноста генерален директор на еден од најголемите руски концерни за производство на оружје „Алмаз - Атеиа“, утринава е убиен во центарот на Москва.

 

Авион удри во зграда близу Холивуд
[07.06.2003] Најмалку две лица загинаа, а седуммина се повредени во пожарот кој избил по ударот на мал авион „Бичкрефт бонанца“ во станбен блок во областа Ферфакс во близина на Холивуд.

 

Загинаа шест ИСАФ војници во Авганистан
[07.06.2003] Шест војници од меѓународните сили ИСАФ во Авганистан загинаа, а уште неколку десетици се повредени од експлозија утринава откако бомбаш-самоубиец се судрил во автобус во кој војниците патувале кон периферијата на Кабул.

 

Извештајот за нуклеарната програма на Иран за САД алармантен
[07.06.2003] „Извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија за нуклеарната програма на Иран е исклучително алармантен“, изјави портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер.

 

„Жетва“ на илегалното оружје на Ал Акса
[07.06.2003] Шефот на палестинската служба за безбедност Мухамед Дахлан најави дека идните денови ќе се откупува нелегалното оружје на припадниците на Бригадата на маченици Ал-Акса, која е поврзана со организацијата на палестинскиот лидер Јасер Арафат.

 

Токио и Сеул нема да го толерираат Пјонгјанг
[07.06.2003] Демократска Народна Република Кореја нема да биде толерирана ако продолжи да ја развива програмата за нуклеарно разоружување, е потенцирано на денешната средба на јужнокорејскиот претседател Ро Му Хјун со јапонскиот премиер Џуничиро Коиsуми.

 

Шест загинати, 30 повредени во сообраќајка во Италија
[07.06.2003] Шест лица загинале, а триесеттина се повредени кога германски автобус со 60 туристи, во најголем дел од Молдавија, удрил во ѕид на тунел денеска претпладне на автопатот недалеку од Виченца во Италија.

 

Од мистериозна болест во Индија починале 19 деца
[07.06.2003] Во источна Индија од мистериозна болест досега починале 19 деца, а уште стотина се заболени, соопштија денеска локалните власти.

 

Убиен уште еден директор на руска компанија за производство на оружје
[08.06.2003] Во петокот е убиен Сергеј Шчитко, комерцијален директор на водечката руска компанија за производство на оружје „Ротек“, само неколку часа по убиството на Игор Климов, вршител на должноста генерален директор на „Алмаз-Антеи“, еден од водечките руски концерни за производство на оружје во чиј состав се наоѓа и „Ротек“, соопшти денеска руската полиција.

 

13 деца исчезнале во несреќа на ферибот во Кина
[08.06.2003] Тринаесет деца исчезнале на југот на Кина, кога фериботот кој ги превезувал се запалил, удрил во карпи и потонал.

 

Киднаперите на членовите на ОН бараат откуп од два милиони долари
[08.06.2003] Киднаперите на четворицата припадници на мисијата на Обединетите нации, киднапирани мината недела во Грузија, побарале два милиони долари за нивно ослободување.

 

Израелската војска уби тројца вооружени Палестинци
[08.06.2003] Израелската војска утринава уби тројца вооружени Палестинци кои се обидувале да влезат во Појасот Газа, јавуваа Израелското радио.

 

Во Тајван регистрирани три нови „можни“ случаи на САРС
[08.06.2003] Тајванското Mинистерство за здравство денеска соопшти дека се потврдени три нови „можни“ случаи на појава на респираторниот вирус САРС, кој предизвикува атипична пневмонија.

 

Во Пакистан убиени 11 полицајци
[08.06.2003] Најмалку 11 полицајци беа убиени и деветмина се повредени во денешниот напад во градот Квета, југозападен Пакистан, кога двајца мотоциклисти отвориле оган врз нив со лесен митралез.

 

Рајс: „ САД ќе го откријат ирачкото тајно оружје“
[08.06.2003] САД ќе го откријат оружјето за масовно уништување во Ирак, изјави денеска советничката за национална безбедност на американскиот претседател Џорџ Буш, Кондолиза Рајс.

 

Вашингтон нема да се меша во внатрешните работи на Иран
[09.06.2003] „Вашингтон нема да се меша во внатрешните работи на Иран, иако властите на оваа земја се закана за светкиот мир“, изјави американскиот државен секретар Колин Пауел.

 

Северна Кореја со нуклеарното оружје ќе се штити од САД
[09.06.2003] Северна Кореја денеска соопшти дека сака да поседува нуклеарно оружје за да го намали бројот на своите конвенционални сили. Властите во Пјонгјанг објаснуваат дека нуклеарното оружје е потребно и за да им се парира на заканите од САД.

 

Израел бара остри мерки против палестинскиот тероризам
[09.06.2003] „Доколку палестинската влада не преземе остри мерки против палестинскиот тероризам, нема да има никаков напредок. Но, подготвени сме да направиме болни отстапки за да постигнеме траен мир и сигурност“, изјави израелскиот премиер Ариел Шарон.

 

Нови две жртви од САРС во Торонто
[09.06.2003] Нови две жртви од САРС се регистрирани во Торонто, со што бројот на смртни случаи од оваа болест се зголеми на 33 лица, објавија синоќа здравствените власти.

 

Полјаците изгласаа влез во ЕУ
[09.06.2003] Околу 56,2% од Полјаците гласаа на референдумот за влез на Полска во Европската унија, од кои 81,9% гласаа „за“, се првите неофицијални резултати што синоќа ги објави полската телевизија.

 

Четворица загинати во невреме во Германија
[09.06.2003] Четири лица загинаа, а неколкумина се повредени во вчерашното невреме во Германија, информираат денеска германските медиуми.

 

САД не планираат да ја нападнат Куба
[10.06.2003] САД не планираат да ја нападнат Куба, но ќе ги зголемат своите напори за демократска промена на островот, изјави американскиот државен секретар Колин Пауел.

 

САД бараат ново изземање од МКС
[10.06.2003] САД побараа да се продолжи за уште една година примената на резолуцијата со која нејзините војници се изземаат од јурисдикција на Меѓународниот кривичен суд, додека четири земји-членки на ОН предложија да се отвори јавна дебата во Советот за безбедност за тој документ и за американското барање.

 

Пјонгјанг демантира дека извезува наркотици и фалсификува пари
[10.06.2003] Северна Кореја денеска ги отфрли обвинувањата на САД дека Пјонгјанг извезува наркотици и фалсификува пари. САД и нејзините сојузници тврдат дека на тој начин Северна Кореја обезбедува средства за производство на нуклеарно оружје.

 

Четворица Палестинци убиени, 30 повредени во Газа
[10.06.2003] Четворица Палестинци се убиени, а 30 се ранети во денешниот напад на израелската армија во северниот дел на Газа.

 

ЦИА одамна знаела дека Садам Хусеин нема врска со Ал Каеда
[10.06.2003] ЦИА одамна знаела дека е мала веројатноста за постоење врска меѓу поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин и терористичката организација Ал Каеда, пишува денеска „Гардијан“, цитирајќи извор од американските разузнавачки служби.

 

Шест нови случаи на САРС во Тајван
[10.06.2003] Тајванските здравствени власти денеска пријавија шест случаи на САРС, во моментот кога се очекуваше Светската здравствена организација да ја укине препораката да не се патува во Тајван.

 

Грк доаѓа на местото на Бликс
[10.06.2003] Обединетите Нации планираат на местото на досегашниот шеф на инспекторскиот тим за контрола на оружјето во Ирак Ханс Бликс, од 1 јули да го постават Гркот Димитри Перикос, шеф на одделението за планирање и операции при Комисијата на ОН за набљудување, контрола и инспекции.

 

Најмалку 10 загинати во експлозија во Ерусалим
[11.06.2003] Најмалку 10 лица загинаа, а 40-тина се повредени во денешната експлозија во еден автобус во центарот на Ерусалим. Според првичните информации, експлозијата ја предизвикал еден палестински бомбаш самоубиец.

 

Ирански нуклеарни експерти ја посетувале Северна Кореја
[11.06.2003] Ирански експерти за атомска енегија во текот на оваа година тајно ја посетувале Северна Кореја, најверојатно со цел да добијат совет од Севернокорејците како да се однесуваат со инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија, пишува денеска јапонскиот весник „Санкеј шимбун“.

 

Непозната болест усмрти 50 деца во Индија
[11.06.2003] Повеќе од 50 деца починаа, а 250 се заразени од засега непозната болест во индиската држава Западен Бенгал, јавија денеска индиските медиуми.

 

Успешно лансирана ракета за испитување на Марс
[11.06.2003] Од американскиот вселенски центар „Кејп Канаверал“ денеска успешно е лансирана ракетата „Делта-2“ со првиот робот-џип „Спирит“ кој ќе ја испитува површината на планетата Марс.

 

Ханс Бликс и удри шлаканица на американската администрација
[11.06.2003] „Одредени членови на американсктаа администрација се ѓубриња и никогаш не престануваат да го прогонуваат“, обвини шефот на инспекторската мисија на ОН Ханс Бликс, кој на крајот на овој месец официјално ја напушта функцијата.

 

Антивладини демонстрации во Техерен
[11.06.2003] Припадниците на иранските сили за ред со пендраци и солзавец ги растераа демонстрантите кои од синоќа, па се до изутринава протестираа пред Универзитетот во центарот на Техеран, извикувајќи пароли и слогани против Владата.

 

Цензура на ирачките медиуми како во времето на Хусеин
[11.06.2003] Една од првите одлуки на цивилниот администратор во Ирак, Пол Бремер била воведување цензура во печатот, иста како и онаа во времето на Садам Хусеин кога „само контролираниот печат е одговорен печат“, пишува денеска лондонскиот весник „Индепендент“.

 

Отворен судир на САД и ЕУ околу Меѓународниот кривичен суд
[11.06.2003] САД ја предупредија Европската унија дека нејзиното ангажирање во корист на Меѓународниот кривичен суд дополнително ги оптоварува трансатлантските односи. Европската комисија ги отфрли обвинувањата на САД.

 

Најмалку 7 убиени Палестинци во израелски напад
[12.06.2003] Најмалку седум Палестинци се убиени, а над 30 се ранети попладнево во израелскиот напад со хеликоптери „Апачи“ врз возило во предградие на Газа, соопштија палестински болнички извори.

 

Иран ќе биде безмилосен кон демонстрантите
[12.06.2003] „Исламскиот режим ќе биде безмилосен кон наемниците кои работат за ѓаволот“, предупреди денеска иранскиот духовен водач и лидер на исламската република, ајатолахот Али Хаменеј, мислејќи на околу 3.000 млади луѓе кои одржуваат антивладини демонстрации.

 

ЦИА со специјален претставник во потрагата по забрането оружје во Ирак
[12.06.2003] ЦИА го назначил Дејвид Кеј за специјален советник на ОН за нуклеарно оружје во инспекторскиот тим што во Ирак трага по оружје за масовно уништување.

 

900.000 лица годишно жртви на трговија со луѓе
[12.06.2003] Помеѓу 800.000 до 900.000 лица годишно во светот се жртви на трговија со луѓе, соопшти синоќа американскиот Стејт Департмент.

 

САРС најверојатно е совладан
[12.06.2003] Светската здравствена организација денеска соопшти дека најверојатно е совладана заразата со смртоносниот вирус на тешкиот акутен респираторен синдром САРС, од кој во светот заболеа 8.435, а починаа 789 лица.

 

Прв смртен случај од САРС во последните 16 дена
[13.06.2003] Здравствените власти во Тајван денеска информираа за шест нови случаи на заболени од САРС и за уште еден починат од атипичната пневмонија.

 

САД демантираат тајни преговори со Северна Кореја
[13.06.2003] САД ги демантираа информациите дека американски специјален преставник во Њујорк водел тајни разговори со претставници на Северна Кореја и предложил компромис за преговори меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.

 

Пронајден експлозив во авион на „Ал Италија“
[13.06.2003] Италијанската полиција синоќа пронајде експлозивна направа во авион што требал да превезува патници на релација Рим - Анкона, јавуваат агенциите.

 

Убиени еден Израелец и двајца Палестинци
[13.06.2003] Вооружени Палестинци синоќа убија еден Израелец во близина на Џенин на Западниот Брег, откако во престрелка со израелски војници се убиени и двајца активисти на радикалното палестинско движење Исламски џихад.

 

Американски војници убија 97 Ирачани
[13.06.2003] Американските војници во Ирак денеска убија 27 Ирачани кои нападнале патрола на САД во северниот дел на Багдад. Претходно американски воен портпарол објави дека биле убиени најмалку 70 лица во „терористичкиот“ логор за обука.

 

САД ги поздравија антивладините протести во Иран
[13.06.2003] САД ги поздравија противвладините протести во Иран и изразија поддршка на „желбата на Иранците да живеат во слобода и демократија“.

 

Почина холивудскиот актер Грегори Пек
[13.06.2003] Легендарниот холивудски актер Грегори Пек умре синоќа на 87 годишна возраст. Тој во својата долгогодишна и разновидна филмска кариера, глумел во многу холивудски класици, како што се „Празник во Рим“, „Точно напладне“ и „Моби дик“.

 

Шарон предлага тридневен прекин на огнот
[14.06.2003] Израелскиот премиер Ариел Шарон синоќа им предложи на Палестинците тридневен прекин на огнот, соопшти палестински функционер во Рамала.

 

Во Индија 150.000 семејства останаа без домови поради поплавите
[14.06.2003] Поројните монсунски дождови во Индија предизвикаа големи поплави, од што беа урнати домовите на околу 150.000 лица во североисточната индиска држава Асам.

 

Експлозија на брод на Тамилските тигри, 12 загинати
[14.06.2003] Брод на сепаратистичката организација „Тигри за ослободување на Тамил илам“ утрово експлодира, при што се претпоставува дека загинале сите 12 лица кои се наоѓале на него.

 

Северна и Јужна Кореја се поврзаа со железничка линија
[14.06.2003] Во источниот и западниот дел на границата меѓу Северна и Јужна Кореја за првпат по повеќе од 50 години на симболичен начин без поврзани железничките линии на двете држави.

 

Нападнато американско воено седиште во Ирак
[15.06.2003] Неидентификувани напаѓачи отвориле минофрлачки оган на американско воено седиште во Рамад, западно од Багдад, кое по нападот се запалило, јави денеска катарската телевизија „Ал Џазира“. Засега нема информации за евентуални жртви.

 

Јошка Фишер се забавува со студентка
[15.06.2003] Четвртиот брак на германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер е окончан и неговата нова љубов е студентка на Академијата за филм во Берлин, објави германскиот магазин „Штерн“.

 

Над 100.000 лица зафатени од поплавите во Индија и Бангладеш
[15.06.2003] Речиси 100.000 лица се приморани да ги напуштат своите домови во северозападниот дел од Индија поради поплавите предизвикани од монсунските дождови.

 

Буш: „Светот треба да се пресмета со Хамас“
[15.06.2003] „Сиот слободен свет и оние кои ги сакаат слободата и мирот треба жестоко да се пресметаат со Хамас и убијците“, изјави денеска американскиот претседател Џорџ Буш, оправдувајќи ги израелските напади против радикалната палестинска организација.

 

Израел не прифаќа времен прекин на огнот
[16.06.2003] Израел нема да прифати времен прекин на огнот со Палестинците, додека американскиот сенатор Ричард Лугер најави можност американски сили да се вклучат во борбата против радикалната палестинска група Хамас

 

Објавените писма на Садам Хусеин фалсификат
[16.06.2003] Објавените писма кои му се препишуваат на Садам Хусеин се фалсификат, изјави шефот на протоколот на поранешниот ирачки претседател Хајсам Рашид ал Вахиб за денешниот број на весникот „Аш Шарк ал Авсат“.

 

Mожно присуство на Ал Каеда во Јапонија
[16.06.2003] Официјален Токио стравува дека терористичката организација Ал Каеда е присутна во оваа островска држава, објавуваат јапонските медиуми.

 

Приведени 30 демонстранти воТехеран
[16.06.2003] Иранската полиција утрово приведе најмалку 30 лица кои во центарот на Техеран протестираат против исламистичкиот режим и политичката репресија, соопштија иранските медиуми.

 

Тропски горештини во јужна Европа
[16.06.2003] Тропски горештини на Балканот и јужна Европа. Живата во термометарот се приближи до 40 степен Целзиусов. Рекордните температури веќе се одразија негативно на земјоделските посеви на Полуостровот.

 

Убиен американски војник при патрола во Ирак
[17.06.2003] Припадник на американската армија е убиен доцна синоќа со истрел од снајперска пушка, додека бил во патрола во северен Ирак, соопштија денеска силите на САД во Багдад.

 

Загинаа тројца руски војници и тројца цивили во Чеченија
[17.06.2003] Тројца руски војници и тројца цивили загинаа денеска во Чеченија во три одделни инциденти.

 

Хамас го осуди повикот на Буш
[17.06.2003] Радикалното палестинко движење Хамас ја осуди изјавата на американскиот претседател Џорџ Буш, кој ја повика меѓународната заедница „енергично да се пресмета“ со ова движење.

 

Најмалку седум рудари загинаа во сибирски рудник
[17.06.2003] Најмалку седум рудари загинаа, а шестмина се исчезнати синоќа при експлозија на метан во сибирскиот рудник „Зиминка“. Спасувачките екипи во текот на целата ноќ трагаа по исчезнатите рудари.

 

Акција на француската полиција против Народни муџахедини
[17.06.2003] Француската полиција утринава почна голема операција против иранската организација Народни муџахедини во реонот на Париз.

 

ЕУ бара построга контрола на иранската нуклеарна програма
[17.06.2003] Министрите за надворешни работи на Европската унија побараа синоќа од Иран да прифати построга контрола врз својата нуклеарна програма доколку сака да ја увери Унијата дека не развива оружје за масовно уништување.

 

САД, Јапонија и Јужна Кореја ќе ја блокирале Северна Кореја
[17.06.2003] Северна Кореја денеска ги обвини САД, Јапонија и Јужна Кореја дека на минатонеделната трилатерална средба на Хаваи го усвоиле предлогот за блокада на Пјонгјанг.

 

Потона брод со 70 илегалци во Сицилијанскиот канал
[18.06.2003] Во водите на Сицилијанскиот канал исчезнал брод со повеќе од 70 илегални имигранти од Африка, јавија денеска италијанските медиуми. Од водата досега се извадени само седум тела.

 

Индија и Пакистан ги затегнаа односите
[18.06.2003] Пакистан загуби три војни против Индија, а сега се подготвува и за четврти пораз, изјави денеска индискиот премиер Атал Бихари Ваџпај.

 

Убиено израелско девојче од палестински милитант
[18.06.2003] Една седумгодишна Израелка е убиена, а нејзините брат, сестра и дедо се повредени, кога палестински милитант отворил оган врз автомобилот во кој тие се наоѓале во близината Калкилија на Западниот Брег.

 

Ескадрони на ирачкиот отпор одговорна за нападите врз американските сили
[18.06.2003] Досега непозната милитантна организација Ескадрони на ирачкиот отпор ја презеде одговорноста за серијата напади против американските војници во Ирак, соопшти денеска телевизиската мрежа „Ал Џезеира“.

 

Двајца тајвански лекари прикривале информации за САРС
[18.06.2003] Двајца тајвански лекари денеска се обвинети дека прикривале информации за САРС, со што довеле до распространување на оваа смртоносна болест во една од тајванските болници.

 

Иран со позитивен став кон ИАЕА
[18.06.2003] Иран соопшти синоќа дека со „позитивен став“ го разгледува барањето на Меѓународната агенција за атомска енергија да дозволи непречени инспекции на своите нуклеарни постројки во време на растечки притисок поради американските тврдења дека Техеран развива нуклеарно оружје.

 

Иранка се самозапали во Париз
[18.06.2003] Една Иранка се самозапали денеска во Париз за време на протестот против вчерашната акција на француската полиција за масовните апсења на ирански опозиционери од групата Народни муџахедини.

 

Убиени тројца американски војници во Ирак
[19.06.2003] Тројца американски војници се убиени кога нивниот конвој денеска паднал во заседа во Ал-Даура, јужно од Багдад, јави катарската телевизија Ал Џазира, која емитуваше снимки од американските возила во пламен.

 

САД и сојузниците нема да трпат нуклеарно оружје
[19.06.2003] „Меѓународната заедница мора да стави до знаење дека нема да трпи изградба на нуклеарно оружје, а Иран би бил многу опасен доколку поседува нуклеарно оружје“, изјави синоќа американскиот претседател Џорџ Буш.

 

Загинаа тројца руски полицајци од нагазна мина
[19.06.2003] Тројца полицајци загинаа, а седуммина се повредени во руската република Северна Осетија кога нивниот автобус нагазил на мина.

 

Самоубиствен напад во ресторан во Израел
[19.06.2003] Две лица загина при самоубиствен бомбашки напад во еден ресторан во населбата Зде Трумот во северниот дел на Израел. Одговорноста занападот ја презеде вооруженото крило на Исламски Џихад.

 

Шредер ги „отрезнува“ источноевропејците
[19.06.2003] „Луѓето од Источна Европа кои имаат високи очекувања од економскиот развој на нивните земји по присоединувањето кон Еврпската унија, може да преживеат период на отрезнување“, изјави денеска германскиот канцелар Герхард Шредер.

 

Италијанската морнарица спаси 150 илегалци
[19.06.2003] Италијанската морнарица, заедно со три рибарски брода денеска успеаја да спасат 150 илегални имигранти, меѓу кои и 14 деца чиј брод потонал во меѓународните води, на 115 километри од брегот на Либија.

 

Двајца Иранци се самозапалија во Рим
[19.06.2003] Двајца Иранци денеска се самозапалија во знак на протест поради апсењето 165 нивни сограѓани пред француската амбасада во Рим.

 

Судскиот процес против Берлускони ќе „замрзне“
[19.06.2003] Долниот дом на италијанскиот Парламент синоќа усвои Закон за имунитет за петте највисоки функционери во државата за време на нивниот мандат, со што судскиот процес за корупција против премиерот Силвио Берлускони ќе мора да биде суспендиран.

 

Садам Хусеин најверојатно е жив
[20.06.2003] Поверојатно е дека поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин е жив, отколку мртов, тврдат американските разузнавачки аналитичари, врз основа на досегашните информации од извори блиски на поранешниот ирачки претседател.

 

САД упорни Иран да ги исполни барањата на ИАЕА
[20.06.2003] САД повторно го повикаа Иран да ги исполни барањата на Меѓународната агенција за атомска енергија, со кои што Техеран треба да го спречи развојот на нуклеарното оружје.

 

Почина една од Иранките што се самозапали во Париз
[20.06.2003] Една од двете Иранки кои вчера се самозапалија во Париз синоќа им подлегна на повредите во една од париските болници.

 

Пауел: „Хамас непријател на мирот“
[20.06.2003] Државниот секретар на САД Колин Пауел го нарече денеска палестинското движење Хамас „непријател на мирот“ и ја повика меѓународната заедница да изврши посилен притисок врз него и други вооружени групи за да ги натера да се откажат од насилството.

 

Во САД регистрирани 87 случаи на мајмунски сипаници
[21.06.2003] Американските медицински власти соопштија дека досега на територија на САД се регистрирани 87 случаји на мајмунски сипаници.

 

Запленети пет тони дрога во Пакистан
[21.06.2003] Пакистанската гранична полиција денеска соопшти дека запленила повеќе од пет тони дрога во југозападната провинција Балуџистан.

 

Двајца Иранци се обиделе да се самозапалат во Лондон
[21.06.2003] Двајца Иранци денеска, во два одделни инциденти, се обидоа да се замозапалат пред француската Амбасада во Лондон, во знак на протест поради апсењето на повеќе членови на опозиционото иранско движење „Муџахедини на иранскиот народ“ од страна на француската полиција.

 

Буш ја продолжи одлуката за национална криза во Западен Балкан
[21.06.2003] Буш ја продолжи одлуката за национална криза во Западен Балкан со образложение, дека делувањето на поединците кои работат против мирот и стабилноста во регионот и ги загрозуваат инересите на САД.

 

Ал Каеда повторно ќе напаѓа
[22.06.2003] Маскирани милитантни исламисти на видео снимка предупредуваат дека терористичката Ал Каеда ќе изврши нови самоубиствени напади и оти организацијата на Осама бин Ладен ги извршила бомбашките напади во Ријад, Саудиска Арабија и во Казабланка, Мароко.

 

Садам Хусеин бил убиен при напад на конвој
[22.06.2003] Американски експерти испитуваат ДНК од човечки остатоци за кои се верува дека се на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин и еден од неговите синови, пишува денеска британскиот весник „Обзервер“.

 

Убиен локален лидер на Хамас
[22.06.2003] Локалниот лидер на палестинското радикално движење Хамас синоќа е убиен за време на израелската воена акција во Хеброн, на југот од Западниот брег, јавуваат агенциите, повикувајќи се на израелски воени извори.

 

Уапсени стотици студенти демонстранти во Иран
[22.06.2003] Лидерите на иранските студенти денеска соопштија дека стотици нивни колеги се уапсени во последниот бран демонстрации против исламската власт во Техеран.

 

Експлозија на ирачкиот нафтовод кон Сирија
[23.06.2003] На ирачкиот нафтовод, во близината на границата со Сирија, синоќа дојде до експлозија, само два дена по извршената саботажа на гасоводот во близината на Багдад, соопштија денеска претставници на ирачкото Министерство за нафта.

 

Убиени четворица Палестинци при напад на израелски тенк
[23.06.2003] Четворица Палестинци, припадници на милитантното крило „Фатах ал-Акса Мартирс бригади“, синоќа биле убиени, а четворица биле ранети при обидот да нападнат тенк на израелската војска.

 

Торнада во Небраска, пожари во Аризона
[23.06.2003] Едно лице загина, а петмина се повредени во најмалку седум торнада што беснееа синоќа во централниот и југоисточниот дел на сојузната американска држава Небраска.

 

САД не планираат напад врз Иран
[23.06.2003] Американскиот државен секретар Колин Пауел синоќа ги отфрли како „целосно погрешни“ шпекулациите дека САД планираат напад врз Иран, јавуваат агенциите.

 

Исламски екстремисти гранатираа автобуска станица во Кашмир
[23.06.2003] Две лица се убиени, а 38 повредени кога исламските екстремисти во индискиот дел на Кашмир испукаа граната кон една преполна автобуска станица, соопшти претставник на локалната полиција.

 

Буш за една вечер собра четири милиони долари
[24.06.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш за една вечер во Њујорк собра четири милиони долари наменети за предизборната кампања на Републиканската партија, што претставува рекордна сума во историјата на кампањите во САД.

 

Уапсени околу 130 активисти на Хамас
[24.06.2003] Околу 130 Палестинци се уапсени изутринава во израелската акција организирана со цел апсење на припадници на Хамас во Хеброн, соопштија воени извори.

 

Бликс: „Ирак го уништил нуклеарното оружје во 1991“
[24.06.2003] „Се повеќе е веројатно дека оружјето за масовно уништување Ирак го уништи после првата Заливска војна во 1991 година“, изјави шефот на инспекторите на ОН Ханс Бликс.

 

Италијанската полиција „чешла“ група поврзана со Ал Каеда
[24.06.2003] Италијанската финансиска полиција започна операција во реонот на Милано против припадници на извесна исламистичка група поврзана со терористичката организација Ал Каеда.

 

Мула Омар организира отпор кон странските трупи во Авганистан
[24.06.2003] Лидерот на поранешниот талибански режим во Авганистан Мула Омар именува десетчлен совет кој ќе организира отпор кон странските трупи во земјата, објавува денеска пакистанскиот весник „Њуз“.

 

Толпа Ирачани убија шест британски војници
[25.06.2003] Шестмина британски војници загинаа, додека осумина се ранети во два одделни инциденти на југ од Ирак, соопшти кабинетот на британскиот премиер Тони Блер.

 

Посмртно признание на Че Гевара
[25.06.2003] Латиноамериканскиот револуционер Ернесто Че Гевара посмртно е прогласен за почесен граѓанин на неговиот роден град Росарио, во централна Аргентина, на свеченоста организирана по повод 75 годишнината од неговото раѓање.

 

Убиени двајца членови на Хамас
[25.06.2003] Во денешната престрелка во Појасот Газа израелски војници убија два члена на радикалната палестинска организација Хамас, се наведува во соопштението на оваа група.

 

САД ќе протера Србин зошто се вика Слободан Милошевиќ
[25.06.2003] Американските власти одлучија да го депортираат Србинот Слободан Милошевиќ (45) од САД само поради тоа што го има истото име и презиме со поранешниот југословенски претседател.

 

Николас Вајт: „Параноја на Вашингтон поради МКС“
[25.06.2003] Американската политика на неподдржување на Меѓународниот кривичен суд и притисокот врз балканските земји создава непотребна нестабилност во регионот и ја поткопува долгорочната стратегија на Америка, смета директорот на Европската програма на Меѓународната кризна група, Николас Вајт.

 

САД ги замрзна сметките на 55 најбарани екс ирачки функционери
[25.06.2003] Американското Министерство за финансии ги замрзна банкарските сметки на 55-те најбарани претставници на поранешниот режим на Садам Хусеин и ги повика и другите држави да го следат овој пример.

 

Хамас и Исламски Џихад се согласиле на тримесечен прекин на огнот
[26.06.2003] Портпаролите на Хамас и на Исламски Џихад потврдија денеска дека се согласиле на тримесечен прекин на огнот со Израел, јавуваат агенциите.

 

Американскиот Конгрес го одликуваше Блер со златен медал
[26.06.2003] Американскиот Конгрес одлучи да му додели златен медал на британскиот премиер Тони Блер за безрезервната поддршка која Лондон му ја даде на Вашингтон во симнувањето од власт на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин.

 

САД и ЕУ ќе ја зајакнат борбата против тероризмот
[26.06.2003] САД и ЕУ синоќа се договорија да ја зајакнат заедничката борба против тероризмот и ширење на оружјето за масовно уништување, како и за спроведување мир на Блискиот Исток.

 

Нападнато американско возило во Багдад
[26.06.2003] Најмалку двајца американски војници загинаа откако нивнто околопно возило беше нападнато од вооружена ирачка група во едно од предградијата на Багдад, јавува катарската телевизија „Ал Џезеира“.

 

Проширувањето на ЕУ ќе запре со балканските земји
[26.06.2003] Концептот на европската иднина предвидува Европската унија, покрај сегашните, да ги опфати и државите кандидати за членство и балканските земји и тука проширувањето би се запрело, изјави денеска претседателот на Европската комисија Романо Проди за руската агенција „Итар-тасс“.

 

Oколу 200 милиони луѓе во светот користат дрога
[26.06.2003] Oколу 200 милиони луѓе во светот користат дрога, што претставува 4,7% од светската популација постара од 14 години. Неофицилајната бројка е најверојатно шестпати поголема.

 

Високите температури го топат снегот на Алпите
[26.06.2003] Високите температури што ја зафатија Средна и Јужна Европа во последниве седмици резултираа со забрзано топење на снежната покривка на Алпите.

 

Израелците и Палестинците постигнаа согласност за повлекување од Газа и Витлеем
[27.06.2003] Израел и палестинските автономни власти денеска постигнаа спогодба за повлекување на израелската војска од северниот дел на Појасот Газа и од градот Витлеем, кој се наоѓа на Западниот Брег.

 

Убиен американски војник близу Нацаф
[27.06.2003] Американски војник е убиен синоќа за време на воена вежба во близина на Наџаф, изјави денеска официјален американски претставник.

 

САД подготвени да дејствуваат сами против Иран и Северна Кореја
[27.06.2003] „САД се подготвени да дејствуваат сами против Иран и Северна Кореја, доколку европските држави немаат желба да соработуваат во борбата за неширење на нуклеарното оружје“, изјави советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Кондолиза Рајс.

 

Се предаде првоосомничениот за терористичките напади во Ријад
[27.06.2003] Главниот осомничен за терористичките напади на 12. мај во Ријад, во коишто беа убиени 34 лица, им се предаде на саудиските власти.

 

САД нема да ги санкционираат кандидатките на НАТО
[27.06.2003] Земјите од источна Европа идни членки на НАТО би можеле да избегнат укинување воена помош од САД поради непотпишување на спогодбата за изземање на американските државјани од Меѓународниот кривичен суд.

 

Ториевците по 10 години пред лабуристите
[27.06.2003] Британската Конзервативна партија, за првпат во повеќе од 10 години, се наоѓа пред Лабуристичката партија на премиерот Тони Блер, покажаа резултатите од последните испитувања на јавното мислење.

 

САРС-от ќе исчезне за две -три недели
[27.06.2003] Светската здравствена организација денеска соопшти дека смртоносниот вирус на атипичната пневмонија (САРС) ќе исчезне за две до три седмици, но предупреди дека болеста може повторно да се појави во Кина следната зима.

 

САД уапсија 11 осомничени за тероризам
[28.06.2003] Единаесет лица, меѓу кои и деветмина американски државјани се обвинети за учество во терористички напади во индискиот дел на Кашмир, Чеченија и Филипини.

 

Осум загинати во самоубиствен напад во Кашмир
[28.06.2003] Осум лица загинаа, а деветмима се повредени денеска во индиската држава Џаму и Кашмир, кога група бомбаши-самоубијци нападнале логор на индиската армија.

 

Над 20 повредени од експлозија на гас во Хаг
[28.06.2003] Повеќе од 20 лица се повредени денеска при експлозија на гас во две продавници во еден трговски центар во холандскиот град Хаг.

 

Убиен американски војник во Багдад
[28.06.2003] Еден американски војник е убиен, а четворица други се повредени синоќа во северниот дел на Багдад, соопштија американски воени извори.

 

Буш исвиркан пред собир на Републиканската партија
[28.06.2003] Околу 1.000 противници на политиката на официјален Вашингтон со свирежи го дочекаа пристигнувањето на американскиот претседател Џорџ Буш на собирот на неговата Републиканска партија во Лос Анџелес.

 

Израелската војска ќе се повлече од Појасот Газа
[28.06.2003] Израелската војска ќе се повлече од делови на Појасот Газа, јавуваат израелските медиуми по синоќешната спогодба на експертите за безбедносни прашања од двете страни.

 

Геј паради во Париз, Берлин, Виена и Мадрид
[29.06.2003] Во Париз, Берлин, Виена и Мадрид - над еден милион луѓе продефилираа на геј парадите, барајќи донесување на закон за казнување на делата мотивирани од хомофобија односно омраза спрема хомосексуалците.

 

Уставот на нова европа ќе биде потпишан во Рим
[29.06.2003] Италијанскиот премиер Силвио Берлускони денеска изјави дека уставот на нова Европа ќе биде потпишан во Рим, посочувајќи оти во италијанската престолнина во 1957 година, е потпишан документот за формирање на Унијата.

 

Беатрис Мерино прва жена премиер во Перу
[29.06.2003] Адвокатот Беатрис Мерино синоќа положи заклетва како прва жена во историјата на Перу на местото премиер, со што заврши кризата во Владата на таа латиноамериканска земја.

 

Папата се заложи за обдинување на православната и католичката црква
[29.06.2003] Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори порача дека неговата желба за помирување на Католичката и Православната црква не е обична „духовна учтивост“, туку знак на искрена желба за обединување на двете цркви.

 

6 загинати и 8 ранети британски војници во јужен Ирак
[29.06.2003] 6 загинати и 8-ранети британски војници е билансот на вчерашните оружени судири кај местото Маџар ал кабир северозападно од Басра. Ова се први сериозни напади на британските сили кои го контролираат поголемиот дел на територијата на јужен Ирак -по завршувањето на војната.

 

Четири лица загинаа, осум се ранети во напад во Чеченија
[30.06.2003] Четири лица загинаа, а осум се ранети во напад извршен од непознати лица, што се случи утринава во чеченското село Стари Атраги, кое се наоѓа во близина на Грозни.

 

Израелската армија се повлече од Бејт Ханун
[30.06.2003] Израелските сили во текот на ноќта се повлекоа од градот Бејт Ханун во северниот дел на Појасот Газа и им ја предадоа контролата над регионот на палестинските автономни власти, согласно претходно постигнатата спогодба.

 

Почина актерката Кетрин Хепберн
[30.06.2003] Славната американската актерка Кетрин Хепберн, почина вчера на 96 годишна возраст. Хепберн глумеше во повеќе од 50 филмови и беше добитник на четири „Оскари“ за најдобра женска улога. Таа почина во својата куќа во Конектикат, опкружена со семејството и пријателите.

 

Американските сили во Ирак започнаа операција „Пустинска sвечарка“
[30.06.2003] Американските сили во Ирак ноќеска започнаа нова акција во рамките на операцијата „Пустинска sвечарка“, која има за цел да се пронајдат приврзаниците на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин, лицата осомничени дека извршиле напади врз американски војници, како и некогашните ирачки воени лидери.

 

Легализација на хомосексуалните врски во Британија
[30.06.2003] Британската Влада одлучи да ги легализира и правно целосно да ги изедначи хомосексуалните врски со хетеросексуалните, со што на хомосексуалците ќе им ги овозможи истите права кои потекнуваат од бракот меѓу маж и жена.

 

Ракетирана канцеларија на ОН во Авганистан
[30.06.2003] Во близината на канцеларијата на Обединетите нации во авганистанскиот град Џалалабад беа истрелани три ракети, но засега нема информации за евентуални жртви или повредени.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk