Дома Лудиот град
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Март 2003

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 

АРХИВА: Свет, Март 2003


 

Традиционален карневал во Рио Де Женеиро
[01.03.2003] Под засилени мерки на безбедност во бразилскиот град Рио Де Женеиро започна традиционалниот карневал. Врв на церемонијата е моментот кога градоначалникот Марко Антонио де Мауро Васи му ги предаде клучевите на градот на симболичниот владетел на Рио додека трае карневалот, кралот Момо.

 

Северна Кореја ги обвини САД за шпионски летови
[01.03.2003] Северна Кореја ги обвини САД дека минатиот месец извршиле повеќе од 180 шпионски летови над нејзината територија, објави севернокорејската новинска агенција КЦТА, повикувајќи се на воени извори.

 

Триста загинати во борби во Конго
[01.03.2003] Повеќе од 300 лица, главно цивили, загинаа во петдневните борби на подрачјето на Бунија, во северно-источниот дел на Конго, објавија бунтовниците на Патриотската унија на Конго, кои го контролираат ова подрачје.

 

И Блер, по стапките на Буш, ќе го разоружа Ирак
[01.03.2003] Британскиот премиер Тони Блер изјави денеска дека е решен да го разоружа Ирак „без оглед на ставот на Америка“. „Ако тоа не го сторат Американците, јас ќе ги присилам“, рече Блер за весникот „Гардијан“.

 

Арапските држави во обид да спречат војна во Ирак
[01.03.2003] Арапскиот самит организиран со цел да се спречи војната против Ирак започнна денеска во Египет, додека САД продолжуваат да ги трупаат своите сили во Заливот, заканувајќи му се на Багдад да се разоружа или ќе биде нападнат.

 

Ирак започна да ги уништува ракетите „АЛ-Самуд 2“
[02.03.2003] Ирак денеска под надsор на инспекторите на ОН за разоружување почна да уништува нови шест забаранети ракети „Ал-Самуд 2“ на локација во близина на Багдад, објавија официјални ирачки извори.

 

Уапсен „мозокот“ на терористичките напади во САД
[02.03.2003] Халид Шеик Мохамед, осомничен за планирање на терористичките напади на САД на 11 септември 2001 година, кој вчера е уапсен во близина на Исламабад, им е предаден на американските полициски сили и одведен од Пакистан во непознат правец, јавуваат странските агенции повикувајќи се на извори од пакистанската Влада.

 

Пјонгјанг се заканува со нуклеарна катастрофа
[02.03.2003] Северна Кореја ги заплаши САД дека доколку ја нападнат конфликтот ќе прерасне во нуклеарна војна и ќе предизвика атомска катастрофа во Азија и во целиот свет, соопштија западните агенции повикувајќи се на севернокорејскиот владин весник „Рондон синмун“.

 

„Сандеј Телеграф“: Војната во Ирак ќе почне по втората резолуција во ОН“
[02.03.2003] Велика Британија и САД ќе почнат со воени операции против Ирак веднаш по изгласувањето на втората Резолуција во Советот за безбедност на ОН, без оглед каков ќе биде резултатот, пишува денеска британскиот весник „Сандеј телеграф“.

 

Парламентарни избори во Естонија
[02.03.2003] Естонците денеска го почнаа гласањето на општите избори, четврти по ред од распаѓањето на поранешниот СССР во 1991 година. Според анкетите најголеми шанси за изборна победа има Партијата на центарот на градоначалникот на престолнината Талин Едгар Сависаар.

 

Интерпол бара зголемена борбена готовност
[02.03.2003] Генералниот секретар на меѓународната полициска организација Интерпол Роналд Нобл ги повика сите полициски органи во светот да ја зголемат борбената готовност поради можноста од терористички напади во случај на војна против Ирак.

 

Нови жртви во Појасот Газа
[02.03.2003] Израелската армија со тенкови и со хеликоптери навлезе во градот Кан Јунис во Појасот Газа, при што во улични борби загинале 2 лица, а повеќе од 40 биле повредени.

 

Самит за Северна Ирска
[03.03.2003] Самитот за Северна Ирска денеска започна во Белфаст, а со свое уводно излагање го отвори британскиот премиер Тони Блер, кој изрази надеж дека припадниците на ИРА овој пат ќе бидат подготвени да направат поголеми отстапки во поглед на разоружувањето.

 

Централистичката партија победи на изборите во Естонија
[03.03.2003] Левата Центристичка партија Естонија победи со сосема мала предност пред десната партија Рес Публика на вчерашните парламентарни избори во оваа балтичка држава.

 

Руските цариници заплениле 105 килограми дрога
[03.03.2003] Руските цариници во изминативе 24 часа на границите со Таџикистан и Авганистан заплениле над 105 килограми хероин.

 

Седум загинати Палестинци во операција на израелската армија
[03.03.2003] Најмалку седум Палестинци се убиени, а десет се повредени кога израелската армија поддржана од тенковски единици синоќа влезе во бегалскиот камп Ел Буреиџ, јужно од Газа.

 

Над 40 убиени при судирите во Нигерија
[03.03.2003] Најмалку 40 лица, од кои седум полицајци, се убиени во вчерашните судири меѓу сточарите и фармерите во североисточниот дел на Нигерија.

 

„Сан“: Војната во Ирак ќе започне на 13 март
[03.03.2003] Воената интервенција против Ирак ќе започне на 13 март, пишува денеска британскиот весник „Сан“. Според политичкиот уредник на весникот, гласањето за нова резолуција на Советот за безбедност на ОН за разоружување на Ирак најверојатно ќе се одржи на 12 март.

 

Северна Кореја смета дека има суверено право врз ракетите
[03.03.2003] Северна Кореја денеска соопшти дека има суверено право да ги развива и распоредува ракетите и истовремено ги обвини САД и Јапонија дека наводната опасност од нејзините ракети ја користат како изговор да ја нападнат.

 

Евакуирани 6.200 лица поради бомба од Втората светска војна
[04.03.2003] Околу 6.200 лица се евакуирани од своите домови во францускиот град Ренес поради отстранување на бомба тешка 250 килограми, што датира од Втората светска војна, јавија агенциите.

 

САД ги селат своите трупи во Европа кон исток
[04.03.2003] Главниот командант на силите на НАТО во Европа и командант на американските сили стационирани во Европа, генерал Џемс Џонс ги потврди гласините дека САД планираат дел од своите трупи распоредени во Германија да ги преместат во помали бази во источна Европа, најверојатно во Полска, Романија и Бугарија.

 

Севернокорејски „ловци“ пресретнале американско шпионско летало
[04.03.2003] Четири севернокорејски борбени авиони вчера пресретнале американско набљудувачко летало во меѓународниот воздушен простор над Јапонското Море и 20-тина минути го следеле на воен радар, летајќи на многу мало растојание.

 

Дополнителни 60.000 американски војници во Заливот
[04.03.2003] Пентагон реши да испрати дополнителни 60.000 војници во Персискиот Залив што треба да учествуваат во можната војна против Ирак и веќе развива алтернативен план без употреба на територијата на Турција, земја што засега одбива да соработува.

 

Најмалку 18 загинати во експлозија во Филипини
[04.03.2003] Најмалку 18 лица загинаа, а над 140 се повредени во денешната експлозија на подметната бомба на меѓународниот аеродром Давао во јужниот дел на Филипините.

 

Пентагон планира сопствена ЦИА
[04.03.2003] Пентагон планира да состави сопствена шпионска мрежа што ќе собира информации за терористите и други воени цели, со што ќе „навлезе“ во традиционалното подрачје на функционирање на ЦИА, пишува денешен „Лос Анџелес Тајмс“.

 

Одложени парламентарните избори во Северна Ирска
[05.03.2003] Изборите на пратеници за Собранието во Северна Ирска ќе бидат одложени за четири седмици за да се добие на време во постигнувањето конечен мировен договор што ќе вклучи разоружување на ИРА, соопшти денеска Велика Британија.

 

САД испраќаат 24 бомбардери како превентива од Северна Кореја
[05.03.2003] САД ќе испратат 24 бомбардери од типот „Б-1“ и „Б-2“ на островот Гуам во западниот дел од Тихи Океан, со цел да ја спречат евентуалната агресија од страна на Северна Кореја, соопшти Пентагон.

 

Најмалку 140 настрадани во карневалот во Рио
[05.03.2003] Најмалку 140 лица настрадаа во насилството и несреќите во текот на карневалскиот викенд во Латинска Америка, а само во Рио де Женеиро имаше 72 жртви, соопштија официјални лица.

 

Уапсени петмина осомничени за експлозијата во Давао
[05.03.2003] Филипинската полиција уапси петмина припадници на герилското сепаратистичко движење Ослободителен исламски фронт Моро, поради поврзаност со вчерашната експлозија на аеродромот во градот Давао, при што загинаа 21 лице, а повеќе од 150 беа повредени.

 

Исламските земји се испокараа околу решение за Ирак
[05.03.2003] Можноста со дипломатски напори да се избегне војната против Ирак е главна тема на денеска почнатиот вонреден состанок на 57-те членки на Организацијата на Исламската конференција што се одржува во главниот град на Катар, Доха.

 

Секинески народен конгрес за избор на нов државен врв
[05.03.2003] Со учество на околу 3.000 делегати денеска во Пекинг почна годишното заседание на Секинескиот народен конгрес, на кое треба да биде избрано новото кинеско државно раководство и да се утврдат насоките за идниот развој на НР Кина.

 

Европејците ги сметаат САД за опасност на мирот
[05.03.2003] Ставот на граѓаните на државите од Европската унија главно е негативен кон активностите на САД на меѓународната сцена, а особено кон нивната улога за зачувување на мирот, покажуваат резултатите од анкетата на Евробарометар, сектор на Европската комисја за испитување на јавното ислење.

 

Над 11 загинати при бомбашки напад во Израел
[05.03.2003] Најмалку 11 лица загинаа, а 32 се повредени во самоубиствен бомбашки напад врз автобус во град Хаифа во северен Израел, јавија израелските медиуми.

 

7 загинати при експлозија на бомба во Колумбија
[06.03.2003] Најмалку седум лица загинаа, а уште најмалку 29 се ранети во експлозијата на бомба што во трговскиот центар на североисток од Колумбија ја подметнаа припадниците на Националната ослободителна војска, соопштија тамошните власти.

 

Сеул побара САД да ги задржат трупите во Јужна Кореја
[06.03.2003] Јужнокорејскиот премиер Го Хун денеска побара од САД да го продолжат военото присуство на Корејскиот Полуостров.

 

Ирак ги бомбардира нафтените наоѓалишта
[06.03.2003] Ирак денеска бомбардира 2.500 пунктови за експлоатација на нафта на површина од неколку десетици километри. Светските агенции јавија дека акцијата е преземена со цел уништување на ирачките нафтени наоѓалишта и платформи.

 

Бин Ладен е жив и престојува во Пакистан
[06.03.2003] „Осама Бин Ладен е жив и здрав и престојува на пограничните подрачја меѓу Пакистан и Авганистан“, изјави за време на сослушувањето Халид Шеик Мухамед, кој беше уапсен пред неколку дена во Пакистан поради сомневање дека е „мозокот“ на терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година.

 

11 загинати при одмазнички напад на израелските сили
[06.03.2003] Единаесет Палестинци се убиени, а околу 100 се ранети при синоќешниот напад на израелската армија во бегалскиот логор Џабалија во Појасот Газа, соопштуваат палестински извори.

 

97 загинати во авионска несреќа во Алжир
[06.03.2003] 97 патници и членови на екипажот загинаа во несреќата на авион на алжирската авио-компанија, што се урна попладнево веднаш по полетувањето од градот Таманрасет, југоисточен Алжир.

 

Лондон подготвува амандман за новата резолуција за Ирак
[06.03.2003] Британија изработува амандман на американската резолуција, со кој на Ирак би му се дало повеќе време за разоружување, а „несигурните“ членки на Советот за безбедност би се увериле во нужноста од воена акција, објавија изутрината неименувани дипломатски извори.

 

Уапсени двајца синови на Осама бин Ладен
[07.03.2003] Американските сили во Авганистан уапсиле двајца од синовите на Осама бин Ладен и уште шест членови на Ал Каеда во вооружени операции во југоисточниот дел на Авганистан, соопшти министерот на пакистанската провинција Балокистан Сардар Санаулах Зехри.

 

Нема докази дека Ирак развивал нуклеарно оружје
[07.03.2003] Нема докази дека Ирак развивал нуклеарно оружје, а уништувањето на 34-те ракети од типот „Ал самуд 2“ е многу важен чекор кон разоружувањето на Багдад, се клучните поенти на извештајот кој денеска пред Советот за безбедност на ОН го поднесоа шефот на инспекторите Ханс Бликс и директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Мухамед ел Барадеј.

 

Пјонгјанг: Нуклеарниот проблем измислица на САД
[07.03.2003] Севернокорејскиот нуклеарен проблем е измислица на САД, смета Пјонгјанг. Локалните медиуми денеска ја обвинија администрацијата на Буш дека се обидува Северна Кореја „да ја фрли на колена“, принудувајќи ја да се откаже од нејзината нуклеарна програма пред почетокот на дијалогот меѓу двете земји.

 

Еден преживеан, 102 загинати во авионската несреќа во Алжир
[07.03.2003] Едно лице преживеа, додека 102 патници и членови на екипажот загинаа во авионската несреќа што се случи вчера во Алжир, кога „Боинг 737-200“ на компанијата „Ел Алжери“ се урнал при полетувањето од алжирскиот аеродром во Таманрасет, што се наоѓа на 1.900 километри јужно од главниот град Алжир.

 

Арафат номинираше премиер на палестинската власт
[07.03.2003] Палестинскиот лидер Јасер Арафат денеска го номинираше својот заменик, генералниот секретар на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација, Махмуд Абас за прв палестински премиер.

 

Евакуиран хотелот во кој бил Пауел
[07.03.2003] Хотелот во Њујорк во кој е сместен американскиот државен секретар Колин Пауел изутрината е евакуиран поради сомневања за подметната бомба.

 

Фидел Кастро реизбран за претседател на Куба
[07.03.2003] Кубанскиот Парламент вчера повторно го избра Фидел Кастро за претседател на Државниот совет, која го покрива местото претседател на државата и претседател на Владата, функција на која се наоѓа од 1976 година.

 

Тројца загинати во напад на рафинерија во Индија
[08.03.2003] Најмалку три лица загинаа, а четворица се ранети при напад на припадници на илегалното сепаратистичко движење Обединет ослободителен фронт на Асам врз рафинерија за нафта во североисточната индиската држава Асам, соопштија претставниците на локалната полиција.

 

Хамас повика на убивање израелски министри и пратеници
[08.03.2003] Функционерот на Хамас, Абделазис Ал-Рантиси, денеска го повика военото крило на милитантната исламистичка организација да организира убиства на „израелски министри и пратеници“, како одмазда за вчерашното убиство на еден од основачите на Хамас.

 

Северна Кореја ќе изврши нова ракетна проба?
[08.03.2003] САД и Јужна Кореја соопштија дека Северна Кореја за неколку дена може да изврши нова ракетна проба, што би претставувало втор тест за помалку од две недели.

 

Ултиматум за Ирак да се разоружа до 17 март
[08.03.2003] САД, Велика Британија и Шпанија предложија Советот за Безбедност на ОН му одреди на Ирак ултиматум, според кој се до 17 март мора да се ослободи од забранетотo оружје или ќе се соочи со војна. Соочен со можното тространо вето, американскиот државен секретар Колин Пауел изјави дека за дополнителната резолуција ќе се гласа идната недела.

 

САД и Франција во дипломатска офанзива за решение за Ирак
[09.03.2003] Американскиот државен секретар Колин Пауел и шефот на француската дипломатија Доминик де Вилпен во дипломатска офанзива за обезбедување на потребниот минимум во Советот за безбедност на ОН за усвојувањето на Предлог-резолуцијата на САД, односно на Меморандумот на Франција и Германија.

 

Израел со зголемена борбена готовност
[09.03.2003] Службите за безбедност на Израел денеска се во состојба на зголемена готовност поради заканите на радикалното движење Хамас дека ќе одговори на вчерашното убиство на еден од нејзините лидери, Ибрахим ал Макадма.

 

Ел Барадеј побара повеќе време за инспекциите во Ирак
[09.03.2003] Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Мохамед Ел Барадеј извести денеска дека му се потребни уште неколку месеци за да може да донесе конечна проценка дали Ирак располага со нуклеарно вооружување.

 

Пет министри му се заканиле на Блер со оставка
[09.03.2003] Пет министри во британската влада му се заканиле на премиерот Тони Блер дека ќе поднесат оставки, доколку донесе одлука за започнување воена интервенција против Ирак без одлука на Советот за безбедност на ОН, тврди британскиот печат. Владата на Лондон денеска демантираше дека постои криза во кабинетот на Блер.

 

Малтежаните „за“ членство во ЕУ
[09.03.2003] Мнозинството жители на Малта се изјаснија за членство на нивната земја во Европската унија, покажуваат денеска објавените неофицијани резултати од вчерашниот референдум.

 

ЦИА предупреди на напади од ирачки терористи
[09.03.2003] ЦИА издаде предупредување во кое се тврди дека припадниците на Ал Каеда на саудискиот милијардер Осама бин Ладен ќе се обидат да се инфилтрираат меѓу ирачките цивили и ќе ги нападнат американските сили во случај на инвазија на Ирак, пишува денеска „Њујорк Тајмс“.

 

Распишан тендер за поствоена обнова на Ирак
[10.03.2003] Американската администрација веќе распишала тендер за фирмите што би биле ангажирани во поствоената обнова на Ирак, што се проценува дека би достигнала вредност од 900 милиони долари, соопштува во денешното издание њујоршкиот весник „Вол стрит журнал“.

 

Јапонија ќе лансира шпионски сателит
[10.03.2003] Шпионските сателити што Јапонија ќе ги лансира кон крајот на овој месец не претставуваат закана за Северна Кореја, но се работи за политички чувствителен настан, соопшти денеска Јапонската вселенска агенција.

 

Еден министер на Блер поднесе, а уште еден се закани со оставка
[10.03.2003] Британскиот министер за животна средина Ендрју Рајд синоќа поднесе оставка, а министерка за меѓународен развој Клер Шорт се закани на ист чекор, во знак на протест поради политиката на британскиот премиер Тони Блер кон Ирак.

 

Русија ќе стави вето на резолуцијата на САД
[10.03.2003] „Русија ќе стави вето на американско-британска резолуција пред Советот за безбедност на Обединетите нации со која се одобрува употреба на сила против Ирак“, изјави шефот на руската дипломатија Игор Иванов, по интензивните дипломатски контакти со Вашингтон и европските сили, јави „Франс прес“ од Москва.

 

Уапсени 19 Палестинци на Западниот брег
[10.03.2003] Израелската армија ноќеска на Западниот Брег уапси 19 Палестинци, поради осомниченост за учество во напади врз израелски цели, а другите за задржани заради сослушување, соопштија денеска израелски воени извори.

 

Убиен војник и киднапирани 50 цивили во Филипини
[10.03.2003] Група од 200 филипински муслимански бунтовници денеска на југот на Филипините убиле еден војник и киднапирале 50 цивили, соопштија локалните воени власти.

 

Штрајкови во авионскиот и железничкиот сообраќај во Франција
[11.03.2003] Во Франција продолжуваат серијата штрајкови во авионскиот и железничкиот сообраќај. Синдикатите на „Ер Франс“ го повикаа членството да прекине со работа поради предлог-законот за приватизација на националната француската авиокомпанија.

 

Американското воено воздухопловство лансираше сателит
[11.03.2003] Американското воено воздухопловство во земјината орбита лансираше сопствен сателит, кој во вселената го однесе ракетата-носач „Делта 4“, јавија денеска американските медиуми.

 

Еден израелски војник убиен, тројца ранети
[11.03.2003] Еден израелски војник е убиен, а тројца се ранети во синоќешната престрелка помеѓу група Палестинци и израелската војска во центарот на Хеброн, во јужниот дел на Западниот брег, се дознава од израелски воени извори.

 

Одложено гласањето на резолуцијата за војна против Ирак
[11.03.2003] САД и Велика Британија побараа одложување на гласањето во Советот за безбедност на ОН, кое беше предвидено за денеска, откако не го обезбедија потребното мнозинство за усвојување на предлог резолуцијата со која би се одобрила употреба на воена сила за разоружување на Ирак. Според агенциите, гласањето би можело да се одржи кон крајот на неделата.

 

Меѓународниот кривичен суд започнува со работа
[11.03.2003] Меѓународниот кривичен суд со борд од 18 судии денеска започнува со работа во Хаг. Судот е прва постојана институција на ООН каде ќе одговараат лица за извршени дела против човештвото и кршење на човековите права.

 

Инцидент во канцелариите на „Ројтерс“ во Пекинг
[12.03.2003] Во канцеларијата на новинската агенција „Ројтерс“ во Пекинг утрово влегол еден маж и се заканил дека ќе активира експлозивна направа што ја носел во рачна торба. По инцидентот полицијата го уапсила напаѓачот.

 

Отворен камп за „бомбаши-самоубијци“ во Ирак
[12.03.2003] Ирачкиот претседател Садам Хусеин отворил камп за обука на доброволци од арапските држави кои сакаат да извршат самоубиствени бомбашки напади врз воени цели на САД, доколку Вашингтон го нападне Ирак.

 

Можни измени во предлог-резолуцијата на САД
[12.03.2003] „САД би можеле да извршат мали интервенции во нацрт-резолуција во која е утврден рок до 17 март за целосно разоружување на Ирак, но генералниот пристап останува ист“, изјави синоќа во Вашингтон портпаролот на американскиот Стејт департмент Ричард Баучер, не наведувајќи ги можните измени што САД планираат да ги извршат.

 

Единаесет жртви при хелихоптерска несреќа во Њујорк
[12.03.2003] Единаесет лица загинаа, а двајца се потешко повредени при уривањето на американскиот воен хеликоптер од типот „Блек хок“ во воената база „Форт Драм“, во северниот дел на сојузната држава Њујорк.

 

Сеул го повика Пјонгјанг на мултилатерални преговори со САД
[12.03.2003] Јужна Кореја денеска ја повика Северна Кореја да го прифати предлогот на САД за мултилатерални преговори за изнаоѓање мирно решение за нуклеарната криза.

 

САД ја тестираа најголемата конвенционална бомба
[12.03.2003] Американската армија во воздухопловната база „Еглин“ на Флорида синоќа изврши тестирање на најголемата конвенционална бомба од својот арсенал, тешка 9,5 тони.

 

Најмалку 17 ранети во експлозија во Кашмир
[13.03.2003] Најмалку 17 лица се ранети, а некои од нив во критична задравствена состојба, по денешната експлозија на бомба во автобус во индискиот Кашмир, соопшти тамошната полиција.

 

На САД им недостасува еден глас за поддршка на резолуцијата
[13.03.2003] САД веруваат дека им недостасува само уште еден глас во Советот за безбедност за да обезбедат поддршка на резолуцијата со која „се отвора патот“ кон воената акција во Ирак, се дознава од американскиот Стејт Департмент.

 

Северна Кореја може за неколку месеци да произведе нуклеарно оружје
[13.03.2003] „Северна Кореја би можела да произведе високо збогатен ураниум за производство на нуклеарно оружје во рок од неколку месеци, а не неколку години како што се веруваше“, изјави синоќа американскиот помошник државен секретар Џејмс Кели.

 

Уапсен шефот на колумбискиот кокаински картел
[13.03.2003] Колумбиските сили за сузбивање на дрогата го уапсија синоќа шефот на кокаинскиот картел Кали Гилберт Родригез Орејуела, чие предвремено ослободување во минатиот ноември ги шокираше Колумбијците, соопштија тамошните судски власти.

 

Уапсени 18-те најбарани Палестинци
[13.03.2003] Израелската војска во текот на ноќта ги уапсила 18-те најбарани Палестинци, јавуваат агенциите, повикувајќи се на израелски воени извори. Меѓу уапсените активисти се и лица кои планирале самоубиствени напади, тврдат властите.

 

Европската комисија со опомена до идните членки на ЕУ
[13.03.2003] Европската комисија ќе упати писмо на „опомена“ до идните членки на Европската унија во кое ќе изрази загриженост поради доцнење на подготовките за членство во некои точно одредени подрачја, се дознава во Брисел.

 

Убиени пет Палестинци
[14.03.2003] Пет палестински активисти се убиени претпладнево во текот на нападот на израелската војска врз бегалскиот камп во Џенин, на Западниот брег, објавија палестински извори. Нападот бил извршен со триесетина оклопни возила и џипови и два јуришни хеликоптери.

 

Франција предлага меѓународен орган за разоружување
[14.03.2003] „Франција е против превентивни војни и смета дека за спречување на меѓународните кризи неопходно е да биде создаден орган за мирно разоружување“, изјави францускиот министер за одбрана Мишел Алио-Мари во интервјуто за грчкиот весник „Елефтеротипија“.

 

Повторно одложено гласањето за новата резолуција за Ирак
[14.03.2003] Белата куќа се откажа од гласањето за новата резолуција за Ирак што беше најавено за денеска, но американскиот претседател Џорџ Буш викендов ќе се сретне со неговите клучни сојузници за да се консултира за новонастанатата ситуација, затоа што Франција и Русија и понатаму се закануваат со вето, доколку Советот за безбедност на ОН предложи употреба на сила против Багдад.

 

Убиени 20 муслимански бунтовници во Филипини
[14.03.2003] Најмалку 20 муслимански сецесионистички бунтовници се убиени во денешните судири со владините трупи во југоисточниот дел на Филипините.

 

САД и Јужна Кореја за дипломатско решение на севернокорејската криза
[14.03.2003] САД и Јужна Кореја ја потврдија подготвеноста да изнајдат дипломатско решение за кризата настаната по одлуката на Пјонгјанг за рестартирање на нуклеарната програма.

 

Ирак разместува „скадови“ на северот
[14.03.2003] Ирачката армија почнала да разместува тактички ракети од краток дострел од типот „Скад“ во северниот дел од земјата, јавуваат денеска израелските средства за информирање, повикувајќи се на телевизиската станица „Фокс њуз“.

 

Ху Џинтао нов претседател на НР Кина
[15.03.2003] Секинескиот народен конгрес денеска го избра генералниот секратар на Комунистичката партија Ху Џинтао за нов претседател на НР Кина, на местото на досегашниот шеф на државата Џијанг Цемин.

 

Во светот демонстрации против војна во Ирак
[15.03.2003] Во повеќе градови во светот денеска се одржуваат демонстрации против војната во Ирак, што се продолжени на недоамнешните масовни протести во кои учествуваа повеќе од еден милион луѓе.

 

Поранешни конгресмени на САД против војната во ирак
[15.03.2003] Група од 70 поранешни американски конгресмени упатија писмо до претседателот на САД Џорџ Буш со барање за преземање дополнителни дипломатски чекори пред евентуалното воено решавање на ирачката криза.

 

Со декрет на Хусеин Ирак поделен на 4 воени зони
[16.03.2003] Советот на Револуционерната команда на Ирак синоќа објави декрет со кој се формираат четири регионални раководства под команда на претседателот Садам Хусеин со цел да се преземат неопходните чекори да се одбие секоја странска агресија, јави ирачката национална агенција ИНА.

 

Уапсен еден од лидерите на Ал Каеда
[16.03.2003] Јашар ал-Џазери, еден од лидерите на Ал Каеда, денеска е уапсен во Лахор, соопшти пакистанската полиција.

 

Последен договор Буш - Блер - Азнар пред напад на Ирак
[16.03.2003] Иако формално е наречен „последна шанса за мир“, самитот Буш - Блер - Азнар парктично ќе го означи крајот на дипломатскиот процес околу ирачката криза.

 

Франција, Русија и германија за мирно решавање на ирачката криза
[16.03.2003] Франција, Русија и Германија синоќа издадоа заедничка декларација во која уште еднаш повторуваат дека „во овој момент со ништо не може да се оправдува запирањето на работите на инспекторите на ОН во Ирак и прибегнувањето кон насилно решавање на кризата“.

 

Државен удар во Централноафриканската република
[16.03.2003] Бунтовниците во Централноафриканската република синоќа ја зазедоа претседателската палата и меѓународниот аеродром во Бангуи, главниот град на оваа африканска држава со околу 3,5 милиони жители, јавуваат денеска западните агенции.

 

Светот во страв од мистериозна пневмонија
[16.03.2003] Светот, а пред се Азија деновиве се вознемирени од појавата на мистериозната пневмеонија, која досега однесе најмалку девет човечки животи.

 

Либералите победници на изборите во Финска
[17.03.2003] Опозиционата либерална партија Фински центар победи на вчерашните парламентрани избори во Финска, јавија медиумите во оваа нордиска земја.

 

Таинствената азиска „пневмонија“ се шири и во Европа
[17.03.2003] Првите симптоми на мистериозниот „азиски“ грип се појавија и кај жители на Европа, кои претходно престојувале во Азија и авионски ја пренеле болеста во европските држави, јавуваат агенциите.

 

Над 20 загинати во сообраќајна несреќа во Кина
[17.03.2003] Најмалку 20 лица загинаа, а 22 се повредени со сообраќајната несреќа што се случи во провинцијата Јонан во југозападниот дел на Кина.

 

Нови жртви на Западниот брег
[17.03.2003] Шестмина Палестинци се убиени, а 18 се повредени кога триесетина тенкови и израелски околпни возила денеска навлегоа во бегласкиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа.

 

Буш вечерва ќе најави војна против Ирак
[17.03.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш вечерва ќе и се обрати на нацијата со ултиматум до ирачкиот претседател Садам Хусеин да ја напушти земјата, со што и практично ќе ја најави воената операција против Ирак.

 

ФБИ подготвува 5.000 агенти
[17.03.2003] ФБИ се подготвува да мобилизира околу 5.000 свои агенти кои ќе имаат за задача да ја заштитат територијата на САД од евентуални терористички напади, кои би следеле по евентуалната воена инвазија врз Ирак, пишува денешен „Вашингтон пост“.

 

Очајни обиди да се идентификува причинителот на САРС
[18.03.2003] Медицинските истражувачи ширум светот очајно се обидуваат да го идентификуваат причинителот на респираторната болест од која починаа најмалку девет лица и се прошири речиси во целиот свет.

 

Војната се’ поизвесна до крајот на неделава
[18.03.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш му даде ултиматум на ирачкиот лидер Садам Хусеин и неговите синови да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, ако сака да ја избегне војната. Ирачкото раководство го одби ултиматумот, најавувајќи победа на Ирак врз САД во „ирачката последна битка“.

 

Израелската војска застрела член на „Хамас“
[18.03.2003] Израелската армија во денешната операција во селото Мрах Рабах, јужно од Витлеем, на Западниот Брег застрела активист на палестинското исламистичко радикално движење „Хамас“.

 

Криза во кабинетот на Блер
[18.03.2003] Во Лондон денеска и трет министер од Кабинетот на британскиот премиер Тони Блер поднесе оставка, поради несогласувањата со неговата политика за решавање на кризата во Ирак.

 

Застрелани три лица во Јемен
[18.03.2003] Неидентификувано лице денеска застрела три лица, од кои еден Американец и еден Канаѓанец, вработени во нафтена компанија во источниот дел на Јемен. Откако ги застрелал трите лица, напаѓачот се самоубил.

 

Ирачкиот парламент едногласно го одби ултиматумот
[19.03.2003] Ирачкиот парламент денеска едногласно го одби американскиот ултиматум за напуштање на државата на ирачкиот претседател само неколку часа пред истекот на времето дадено со ултиматумот.

 

Идентификуван вирусот на мистериозната пневмонија
[19.03.2003] Лекарите во Хонг Конг успеале да го идентификуваат вирусот на смртоносната болест што предизвикува воспаление на белите дробови и поради кој досега починаа неколку десетина луѓе ширум светот, пишува денеска весникот „Стандард“.

 

Војната против Ирак ќе започне за два дена
[19.03.2003] Војната против Ирак ќе почне најверојатно за два дена, јавија денеска дел од западните медиуми, пренесувајќи го тврдењето кое денеска на екипажот на „Кити Хоук“ им го пренел вицеадмиралот Тимоти Кијтинг.

 

„Шпионски бубачки“ во седиштето на ЕУ
[19.03.2003] Службите за обезбедување на Европската унија откриле илегално поставени „шпионски бубачки“ во телефонските апарати во просториите на Унијата во Брисел, во кои што се сместени делегациите на Франција и на Германија.

 

Четврта оставка во британската Влада
[19.03.2003] Лабуристот Мајкл Мичер поднесе оставка од функцијата парламентарен секретар на државниот министер во британското Министерство за животна средина. Причината е несогласувањето на британскиот премиер Тони Блер околу политиката за решавање на ирачката криза.

 

Уапсен осомничен соработник на Ал Каеда во Сомалија
[19.03.2003] Шест неидентификувани вооружени Американци вчера во болница во сомалискиот главен град Могадишу упасија едно лице за кои се претпоставува дека е од јеменска националност и кое е осомничено оти е поврзано со терористичката организација Ал Каеда, јавија денеска медиумите во Сомалија.

 

Арафат му понуди на Абаз премиерско место
[19.03.2003] Палестинскиот лидер Јасер Арафат денеска официјално му понуди на неговиот заменик во Палестинската ослободителна организација Махмуд Абаз да биде премиер само еден ден откако парламентот одобри формирање таква функција.

 

Поважни факти за Ирак
[19.03.2003] Ирак зафаќа површина од 437.000 квадратни километри и во него живеат 23 милиони жители (урбаната популација опфаќа 70 отсто).

 

Поважни воени бази во Персискиот Залив
[19.03.2003] Повеќе од 270.000 американски и британски војници во базите во регионот на Персискиот Залив се подготвени да почнат војна во Ирак.

 

Багдад во очекување на војната „град на духови“
[19.03.2003] Багдад се повеќе се претвора во „виртуелен град на духови“ како што се наближува почетокот на војната, односно крајниот рок на ултиматумот на американскиот претседател Џорџ Буш упатен до ирачкиот лидер Садам Хусеин.

 

Американски „блицкриг“ против Ирак
[19.03.2003] Американските гласила деновиве се преплавени со анализи за војната со Ирак, откакао стана јасно дека нема назад по ултиматумот што претседателот на САД Џорџ Буш му го постави на ирачкиот лидер Садам Хусеин да ја напушти својата земја до утре во еден часот изутрина.

 

Ирачката републиканска гарда - елитните трупи на Садам Хусеин
[19.03.2003] Ирачката републиканска гарда е најефикасната воена единица на Блискиот Исток, од аспект на воениот морал и нејзината техничка опременост.

 

Садам Хусеин - синови и соработници
[19.03.2003] Биофграфските подароци за Садам Хусеин и неговото семејство многу тешко се наоѓаат. Официјална биграфија на ирачкиот претседател не постои, а скудни се и информациите за неговите блиски соработници.

 

Хронологија на американско-ирачката криза
[20.03.2003] Воената акција против Ирак ќе ја одбележи финалната фаза од последната криза меѓу Вашингтон и Багдад која почна во 2001 година.

 

Уапсени киднапери на кубански авион
[20.03.2003] Американските власти изутринава уапсија шест лица за кои се верува дека го киднапирале кубанскиот авион ДЦ-3 со 35 патници и членови на екипажот, што синоќа беше приземјен во Мајами откако беше пресретнат од американски ловци Ф-15.

 

САД го нападнаа Ирак
[20.03.2003] Во 3 часот изутрината САД го нападнаа Ирак, само 90 минути по истекот на ултиматумот на претседателот Џорџ Буш ирачкиот лидер Садам Хусеин да ја напушти земјата. Меѓународниот црвен крст соопшти дека во првите воздушни напади е убиено едно, а се повредени 14 лица.

 

Почеток на нов светскиот поредок
[20.03.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш, со подршка на британскиот премиер Тони Блер, започнувајќи ја за денеска најавената војна за уривање на режимот на ирачкиот лидер Садам Хусеин, означи почеток на крупни промени во светскиот поредок.

 

Ракетирана резиденција на Садам Хусеин
[20.03.2003] Американски проектили вечерва ја погодиле резиденцијата на ирачкиот претседател Садам Хусеин во Багдад, каде тој живее со неговиот син Удај и семејството. Никој не е повреден, јавува ирачкото радио.

 

САРС под котрола, освен во Азија
[20.03.2003] Атипичниот облик на воспаление на белите дробови што одненадеж се појави во светот е под контрола надвор од Азија, објави Светската здравствена организација.

 

Северна Кореја се уште не известила за војната во Ирак
[20.03.2003] Севернокорејските државни средства за информирање се уште не јавиле за воениот напад на САД против Ирак.

 

Франција бара итна конференција за Блискиот Исток
[20.03.2003] Официјален Париз побара итно свикување меѓународна конференција за Блискиот Исток, јавија француските гласила.

 

Садам Хусеин: „Ирак ќе победи“
[20.03.2003] Ирачкиот претседател Садaм Хусеин во денешното обраќање до нацијата повика на отпор против војната што ја започна САД и најави победа.

 

Абас прифати да биде прв палестински премиер
[20.03.2003] Заменикот на палестинскиот лидер Јасер Арафат во Палестинската ослободителна организација Махмуд Абас, познат како Абу Мазен, ја прифати функцијата премиер на палестинската управа.

 

ЦИА знае каде е Садам Хусеин
[20.03.2003] Директорот на Американската разузнавачка служба Џорџ Тенет неколку часови пред првиот напад врз Ирак го информирал претседателот Џорџ Буш дека ЦИА знае каде се наоѓа ирачкиот претседател Садам Хусеин, соопшти денеска „Вашинтон пост“.

 

Состав на ирачките вооружени сили
[20.03.2003] Ирак располага со одбранбен систем кој не треба да биде потценет иако според проценките на воените стручњаци се уште не се докрај опоравени од поразот во Заливската војна.

 

Исчезнати два руски хеликоптери над Чеченија
[20.03.2003] Два руски воени хеликоптери исчезнале денеска во Чеченија, јавија дел од руските медиуми. Засега не се знае колку членови на екипаж имало во хеликоптерите.

 

Реакции по почетокот на војната во Ирак
[20.03.2003] Разочараност, жалење, „сериозна политичка грешка“, се дел од реакциите во светот за почетокот на војната во Ирак, повикувајќи ги САД да ги запрат нападите. Некои од државите отворено ја поддржаа воената операција.

 

Протести ширум светот како револт од војната
[20.03.2003] Американскиот напад врз Багдад предизвика бројни антивоени демонтрации во речиси цела Европа и поголем број земји во светот.

 

Кој е Садам Хусеин?
[20.03.2003] Садам Хусеин е роден на 28 април 1937 година, во селото Ал-Авџа, кај градот Тикрит, 175 километри северно од Багдад. Член е на БААС партијата од своите 20 години, а една година по симнувањето на монархијата, во 1959 година, учествувал во заговорот против претседателот Абдул Карим Касем.

 

САД под засилена заштита од тероризам
[20.03.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш изутрината ја извести нацијата дека започна воената интервенција против Ирак, а низ целата држава забележливо е значително зголемено присуство на полицијата поради стравот од можни терористички напади.

 

Путин: „Војната во Ирак се заканува да се прошири“
[21.03.2003] Војната во Ирак се заканува да се прошири и на други региони, а можно е и дестабилизирање на ситуацијата во некои од поранешните републики на Советскиот Сојуз, предупреди денеска рускиот претседател Владмиир Путин.

 

Ракетирани американски бази близу Кабул
[21.03.2003] Припадници на Ал Каеда извршија ракетни напади врз три американски бази во близина на Кабул, соопшти денеска портпаролот на воената мисија на САД во Авганистан, Роџер Кинг.

 

Британските сили го завзедоа полуостровот Фао
[21.03.2003] Британските сили ги ставија под контрола нафтените извори на полуостровот Фао, на југоистокот од Ирак, соопшти денеска британскиот министер за одбрана Џеф Хун, кој изјави дека војниците наишле на жесток отпор кај местото Ум Касар.

 

Повредени 37 цивили во нападите во Багдад
[21.03.2003] Во американско-британските напади врз Багдад минатата ноќ се повредени 37 цивили, јави денеска ирачката државна агенција ИНА, нагласувајќи дека цели на американските и британските бомбaрдери биле станбени објекти.

 

Убиен американски маринец
[21.03.2003] Еден американски маринец е убиен во денешните борби во Ирак, извести портпаролот на американската армија во Катар, без да соопшти повеќе детали. Светските медиуми потсетуваат дека тоа е првата жртва меѓу сојузничките сили.

 

Загуби и човечки жртви во Заливската војна во 1991
[21.03.2003] Во Заливската војна која траеше од 17 јануари до 21 февруари 1991 година загинаа повеќе од 100 илјади лица.

 

Не стивнуваат антивоените протести во светот
[21.03.2003] Во повеќе градови во светот денеска се одржуваат или се закажани масовни протести против војната во Ирак која САД ја почнаа без дозвола на Обединетите Нации и покрај противењето на огромен број земји ширум светот.

 

Сенатот со резолуција едногласно го поддржа Буш
[21.03.2003] Американскиот Сенат синоќа едногласно изгласа Резолуција со која му даваат поддршка на претседателот Џорџ Буш и трупите ангажирани во војната против Ирак.

 

САД напаѓале севернокорејски нуклеарни постројки
[21.03.2003] Северна Кореја денеска ги обвини САД дека паралелно со војната во Ирак се подготвуваат да извршат напад врз севернокорејските нуклеарни постројки.

 

Пентагон ја демантираше информацијата за соборениот авоин
[21.03.2003] Пентагон денеска ги демантираше информациите дека ирачката притиввоздушна одбрана соборила авион-ловец на американското или британското воено воздухопловство.

 

Хронологија на инспекциите на ОН во Ирак
[21.03.2003] Советот за безбедност на ОН воведе санкции кон Ирак во 1990 година по ирачката инвазија врз Кувајт.

 

Уапсени шест осомничени за терористи во Берлин
[21.03.2003] Германската полиција вчера во Берлин уапси шест лица поради сомневање дека се исламистички терористи. Во операцијата биле претресени неколку згради, џамијата Ал Нур во Берлин и канцеларијата на асоцијацијата на Исламската заедница во Гермнија.

 

Демографска карта на Ирак
[21.03.2003] Популацијата во Ирак може да се подели на две главни етнички групи - Арапи и Курди и две поважни религиозни групи, Сунити и Шиити и двете со муслиманска вероисповест.

 

САД презентираше ситуацискиот извештај за Ирак
[21.03.2003] Стејт департментот на САД денеска преку медиумите го презентираше ситуацискиот извештај за, како што се наведува во него, неразрешените прашања околу разоружувањето презентиран пред Советот за безбедност на 7 март.

 

Москва, Париз, Хаг и Берлин нема да ги протераат ирачките дипломати
[21.03.2003] Русија, Франција, Холандија и Германија го отфрлија барањето на САД за протерување на ирачките дипломати од овие четири земји.

 

Париз не прифаќа администрација на САД во поствоен Ирак
[21.03.2003] „Франција нема да прифати воспоставување американско-британска администрација во поствоен Ирак“, изјави денеска францускиот претседател Жак Ширак.

 

Ирачките сили го спречија американското напредување близу Насирија
[21.03.2003] Ирачките сили го спречија денеска напредувањето на американските трупи во јужен Ирак, во близина на стратешки важниот град Насирија, јавија агенциите.

 

Започна масовна офанзива врз Ирак
[21.03.2003] САД започнаа воздушна офанзива врз Ирак, изјави вечерва американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд. Тој нагласи дека во тек се жестоки бомбардирања на Багдад и други ирачки градови.

 

Околу 3.000 ирачки бегалци се упатиле кон Иран
[21.03.2003] Околу 3.000 лица денеска од Ирак пребегаа во Иран, што е прв бран бегалци од почетокот на војната врз Ирак, изјави денеска во Женева, портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци Вивина Белмонте.

 

Силни детонации во Кувајт Сити
[21.03.2003] Во Кувајт Сити претпладнево повторно се огласија сирените за воздушна опасност, а во градот се слушаат силни детонации.

 

Околу 300.000 до 450.000 бегалци вo северозападен Ирак
[22.03.2003] Околу 300.000 до 450.000 лица ги напуштиле нивните домови во северозападен Ирак, соопштија денеска ОН во последниот извештај за ситуацијата во Ирак.

 

Илјадници демонстранти повторно на улиците
[22.03.2003] Илјадници демонстранти денеска повторно излегоа на улиците ширум светот во знак на протест против војната во Ирак.

 

Еден убиен, петмина ранети и тројца исчезнати новинари
[22.03.2003] Австралиски новинар е убиен вчера при експлозија на автомобил-бомба во близина на ирачкото село Кормал, пренесе „АФП“, повикувајќи се на изјави од очевидци и новинари. При експлозијата е ранет уште еден новинар, а се убиени и тројца курдски војници.

 

Убиени четири американски војници во централен Ирак
[22.03.2003] Четворица американски војници се убиени денеска откако нивните две возила од типот „Хамви“ биле нападнати од ирачките сили во централен Ирак, јави британската телевизија „Скај“, повикувајќи се на воени извори.

 

Пјонгјанг ги прекина економските врски во Сеул
[22.03.2003] Властите во Северна Кореја денеска соопштија дека на неодредено време ги суспендираат економските преговори со Јужна Кореја, поради поддршката што Владата во Сеул и` ја даде на антиирачката коалиција, предводена од САД.

 

Светски ден на водата
[22.03.2003] Денеска е светски ден на водата. Експертите се се` погласни дека таа во 21-от век ќе биде причина за војни. Кон неа треба да се однесуваме крајно одговорно. Конкретно во Македонија од вкупните количини се искористуваат само 20%. Остатокот се губи во дел од нашата неодговорност.

 

Френкс: „Тешките денови се пред сојузниците“
[22.03.2003] „Офанзивата врз Ирак ќе биде како ниту една во историјата - шокантна, изненадувачка и флексибилна, при што ќе се користи муниција во обем каков што до сега не е виден“, порача „мозокот“ на американските напади врз Ирак, генералот Томи Френкс.

 

Буш: „Војната би можела да потрае“
[22.03.2003] „Војната во Ирак можела да трае подолго отколку што предвидовме“, изјави денеска американскиот претседател Џорџ Буш. Рускиот шеф на дипломатијата Игор Иванов возврати: „На Ирак не му е потребна демократија донесена од крилата на `Томахавки`“.

 

Нови експлозии во Багдад
[22.03.2003] Нови експлозии во Багдад се слушнале вечерва, јави „Франс прес“, додавајќи дека истовремено е регистрирана и активност на ирачката противвоздушна одбрана. Во меѓувреме, американските и британските сили го продолжија своето напредување кон Багдад.

 

Сојузничките сили со целосна контрола над Басра и Насирија
[22.03.2003] Американско-британските сили имаат целосна контрола над градовите Басра и Насирија, јавуваат агенциите, повикувајќи се на американски воени извори.

 

Данска му објави војна на Ирак
[22.03.2003] Данска му објави денеска војна на Ирак, јавија гласилата во Копенхаген, пренесувајќи соопштение на Министерство за одбрана дека земјата и официјално е во војна со Ирак.

 

Две ракети паднале на територија на Иран
[22.03.2003] Две ракети на коалиционите американско-британски сили денеска паднаа на територија на Иран, соопшти ирански командант, додавајќи дека британски и американски воени авиони денеска повторно го нарушија воздушниот прстор над иранската област Абадан.

 

Aмерикански шпионски авион го повредил рускиот воздушен простор
[22.03.2003] Русија денеска активираше авиони од типот ловци да следат американски шпионски авион кој го повредил рускиот воздушен простор трет пат овој месец, соопшти денеска руското министерство за одбрана.

 

Хронологија од почетокот на војната во Ирак
[23.03.2003] Следува хронологија на настаните од почетокот на нападите врз Ирак.

 

Жртви од досегашните воени дејствија
[23.03.2003] Список на загинатите до моментов во воената кампања во Ирак.

 

75. доделување на Оскар
[23.03.2003] Американската филмска индустрија, во името на Националната академија за филм, ноќеска ќе ги додели наградите на светскиот комерцијален престиж со прекар Оскар.

 

Уставен референдум во Чеченија
[23.03.2003] Во Чеченија денеска се отворени гласачките места на кои граѓаните го започнаа гласањето за уставниот референдум, јави „Франс Прес“.

 

Осма жртва од непознатиот вирус
[23.03.2003] Во Хонг Конг денеска почина и осмата жртва заразена од засега се уште непознатиот вирус на пневмонија, т.н. САРС синдром.

 

35 загинати во експлозија во рудник во Кина
[23.03.2003] Најмалку 35 лица загинаа, 37 се водат за исчезнати, а голем број се повредени во експлозијата на гас што избувна вчера во рудникот за јаглен Мегананџуанг, во северна Кина.

 

Нов бегалски бран на ирачко-јорданската граница
[23.03.2003] Вкупно 332 лица, меѓу кои нема ниту еден Ирачанец, денеска пристигнаа во бегалскиот камп на границата меѓу Ирак и Јордан, соопшти јорданската Црвена полумесечина.

 

Соборен британски авион од ракета на САД
[23.03.2003] „Авионот на британската Кралска воена авијација што беше соборен од страна на американска ракета „Патриот“ над Персискиот залив, беше од типот „Торнадо“ ловец бомбардер“, изјави денеска Мајк О'Брајан, претставник на британскиот Форин офис.

 

Силен ирачки отпор кај Ум Каср
[23.03.2003] Сојузничките сили веќе четврт ден по ред го напаѓаат Ум Каср и иако речиси секојдневно пристигнуваат информации дека градот е заземен, во него се уште трае ирачкиот отпор, јави дописникот на „Франс Прес“. 77 лица загинале, а 366 се ранети во нападите на Басра.

 

Бомбашки напад на американски војник врз американски воен логор
[23.03.2003] Еден американски војник е уапсен поради осомниченост дека го извршил бомбашкиот напад врз американскиот воен логор во Кувајт, соопштија денеска американски воени претставници.

 

Хусеин преживеал напад со крстосувачки ракети
[23.03.2003] „Ирачкиот лидер Садам Хусеин најверојатно е повреден при напад со крстосувачки проектили врз командниот штаб во Багдад, но е пренесен со амбулантно возило“, изјави британскиот министер во Министерството за надворешни работи, Мајк О`Брајан за „ВСС“.

 

Јошка Фишер предупредува од нови војни
[23.03.2003] „Американската воена кампања за разоружување на Ирак може да предизвика серија нови војни во регионот и пошироко“, предупреди денеска германскиот шеф на дипломатијата Јошка Фишер.

 

Пентагон негира дека Ирачаните собориле авион
[23.03.2003] Ирачките сили денеска над Багдад урнале авион на сојузничките трупи, при што уапсиле двајца британски пилоти, јави катарската телевизија „Ал Џезеира“. Пентагон ја демантираше оваа информација.

 

Нови воздушни напади врз Багдад
[23.03.2003] Серија експлозии одекнаа во Багдад непосредно по огласувањето на сирените за предупредување од воздушни напади во 14:15 по локално време. Се слушна и силен противавионски оган од неколку багдадски предградија.

 

Силна експлозија близу американската воена команда во Ирак
[23.03.2003] Силна експлозија одекна денеска во близина на американската воена команда во Ирак. Силите на САД веднаш се упатиле кон местото на настанот за да ги испитаат причините за експлозијата.

 

Десетина американски војници заробени во јужен Ирак
[23.03.2003] Пентагон денеска потврди дека десетина американски војници што се исчезнати во јужен Ирак се заробеници на ирачката армија, јави „CNN“. Информирањето на семејствата за заробениците почнало веднаш по емитувањето на снимките на „Ал Џезира“, каде беа прикажани неколкумина мажи и една жена, за кои се смета дека се американски заробеници.

 

Убиен лидерот на кашмирските милитанти
[23.03.2003] Лидерот на најголемата фракција на милитантната Хузбула Муџахедин во Кашмир, Абдул Маџид Дар денеска е убиен од се уште неидентификувано лице, соопшти полицијата.

 

Убиен репортерот на „ITN“ во Ирак
[23.03.2003] Британската телевизија „ITN“ денеска јави дека има доволно докази оти нејзиниот репортер Тери Лојд е убиен вчера во инцидент во јужен Ирак. Веруваме дека неговото тело е во болница во Басра, која е се уште под ирачка контрола, јави телевизијата.

 

Антивоените демонстранти се погласни
[23.03.2003] Над 100.000 лица денеска масовно протестираат во источниот пакистански град Лахор, барајќи прекин на војната во Ирак, поддржувајќи го ирачкиот народ со паролите „Ирачки муслимани ние сме со вас“.

 

Сериозни загуби на Американците кај Насирија
[23.03.2003] Во борбите кај Насирија во јужен Ирак загинале 25 американски и британски војници, а голем број се ранети и заробени при судирите со ирачките војници „Садамови федајини“, соопшти денеска ирачката армија.

 

Пет загинати во воздушните напади врз Багдад
[24.03.2003] Пет лица, меѓу кои и една жена, загинаа денеска кога ракета исфрлена од авион на сојузничките сили погоди неколку куќи во една населба во Багдад, јави „Франс прес“, повикувајќи се на изјави на очевидци.

 

Во рок од еден час четири ракети врз Кувајт
[24.03.2003] Во период од еден час денеска во Кувајт Сити четири пати се огласија сирените со кои се предупреди на почеток на воздушни напади, по што се слушнаа три силни експлозии, а беше потврдено и дека кон градот била исфрлена и четвртата ирачка ракета.

 

Убиени 24 лица во Кашмир
[24.03.2003] Најмалку 24 Хиндуси се убиени синоќа од засега непознат напаѓач во селото Нади Марг во индискиот дел на Кашмир.

 

Неосновани најавите за напад на САД врз Северна Кореја
[24.03.2003] Тврдењата дека по војната во Ирак, следна цел на САД ќе биде Северна Кореја се неосновани, смета јужнокорејскиот претседател Но Му Хен.

 

Демонстранти се обидоа да влезат во австралискиот Парламент
[24.03.2003] Стотици австралиски антивоени демонстранти денеска се обидоа насилно да влезат во зградата на државниот Парламент во Канбера, барајќи итно повлекување на австралиските војници од Ирак.

 

Соборен американски „Апачи“ во Ирак
[24.03.2003] Aмерикански хеликоптер „Апачи“ бил соборен во Ирак, соопшти денеска американски официјален претставник, откако националната телевизија во Багдад емитуваше снимки на остатоци од урнат хеликоптер.

 

Хусеин предвидува долга војна со тешки последици
[24.03.2003] „Судирот ќе биде долг и со тешки последици“, порача денеска ирачкиот лидер Садам Хусеин, кој облечен во воена униформа се обрати на државната телевизија.

 

Доделени филмските награди „Оскар“
[24.03.2003] Рано изутрината во Лос Анѓелес по 75-ти пат беа доделени филмските награди „Оскар“. Во најважната категоријата - најдобар филм „златната статуетка“ ја доби филмот „Чикаго“.

 

Жестоки борби во северен Ирак
[24.03.2003] Во северниот дел на Ирак се водат жестоки борби меѓу ирачката армија и американските војници, јави катарската телевизија „Ал Џазира“. Засега нема информации за жртви.

 

Мистериозната пневмонија можно да постоела со години
[24.03.2003] „Таинствената“ пневмонија најверојатно е болест што егзистира со години, оцени денеска во Пекинг претставникот на Светската здравствена организација, австралискиот епидемиолог Џон Мекензи.

 

Се урна американски хеликоптер во Авганистан
[24.03.2003] Зест американски војници загинаа кога американски воен хеликоптер од типот „ХХ-60 Пејв Хок“ се урна вчера во Авганистан, јави денеска „Франс Прес“.

 

Загинати двајца американски и еден британски војник
[24.03.2003] Двајца американски маринци и еден британски војник настрадаа во одделни инциденти во Ирак, а уште двајца британски војници кои учествувале во воените операции во јужен Ирак се водат како исчезнати, објавија денеска официјални американски и британски извори.

 

Мнозинството Чеченци го поддржаа новиот устав
[24.03.2003] Мнозинството од граѓаните на Чеченија на вчерашниот референдум го поддржале предлогот за специјален статус на кавкаската република во рамките на Руската Федерација, покажуваат првичните референдумски резултати.

 

Загинаа петмина Сиријци од американска ракета
[24.03.2003] Петмина Сиријци загинаа, десетмина други се повредени кога американска ракета погодила автобус во Рутба, западен Ирак, кој се движел кон соседна Сирија.

 

Кина им ја даде на САД точната адреса на амбасадата во Багдад
[24.03.2003] Официјален Пекинг им ја даде на САД точната адреса на кинеската амбасада во Багдад со цел, за секој случај, да биде избегнат евентуален инцидент како оној што се случи за време на бомбардирањето на Југославија во 1999 година, кога беше погодена нејзината дипломатска мисија во Белград, соопшти денеска анонимен кинески дипломат.

 

Британските сили се повлекуваат од пред Басра
[24.03.2003] Жестокиот отпор на Ирачаните, како и нападите од нерегуларни сили кои се преправаат дека се предаваат и употребувањето на деца и жени како мамка, ги принуди британските сили да се повлечат денеска од Басра заради прегрупирање, јави „Франс Прес“.

 

Руски фирми продавале воена опрема на Ирак
[24.03.2003] „САД поседуваат уверливи докази дека руски фирми продавале воена опрема на Ирак“, изјави денеска портпаролот на Белата куќа Ари Флечер, нагласувајќи дека Вашингтон изразил загриженост до Москва.

 

Побарана заштита на воените репортери во Ирак
[24.03.2003] Меѓународната федерација на новинари побара денеска од САД и нивните сојузници да ги заштитат сите новинари и другиот медиумски персонал кои ја покриваат војната во Ирак, а не само оние кои кои се во придружба на нивните вооружени сили.

 

Ирачката телевизија ги прикажа заробените пилоти
[25.03.2003] Ирачката државна телевизија објави снимка на две лица за кои тврди дека се пилотите на американскиот хеликоптер „Апачи“ што вчера беше соборен на околу 70 километри јужно од Багдад.

 

Неколку силни детонации во Кувајт
[25.03.2003] Неколку силни детонации одекнале во Кувајт, откако претходно се огласиле сирените за воздушна тревога. Нема информации од што биле предизвикани детонациите.

 

Убиен американски војник во централен Ирак
[25.03.2003] Американски војник денеска е убиен во близина на градот Наџаф, во централниот дел на Ирак што се наоѓа на околу 160 километри јужно од Багдад.

 

Пронајден вирусот на мистериозната пневмонија
[25.03.2003] Американските здравствени власти денеска соопштија дека го идентификувале вирусот кој е „можниот предизвикувач“ на пневмонијата од која досега во светот починаа најмалку 17 лица.

 

Русија не испорачувала оружје за Ирак
[25.03.2003] Рускиот претседастел Владимир Путин во телефонскиот разговор со претседателот на САД Џорџ Буш ги отфрли американските обвинувања за испорака на руско оружје за Ирак.

 

Сојузничките сили го бомбардираат Киркук
[25.03.2003] Сојузничките авиони попладнево го бомбардираат северниот ирачки гард Киркук, во чија близина се наоѓаат богати нафтни полиња, јави АФП.

 

Црвена линија околу Багдад можна употреба на хемиско оружјe
[25.03.2003] Ирачкото водство зацртало таканаречена црвена линија на картата околу Багдад и кога американските војници ќе ја поминат, Ирачката републиканска гарда би можела да биде овластена да употреби хемиско оружје, изјавиле американски воени претставници. 

 

За Микис Теодоракис Буш е сличен на Хитлер
[25.03.2003] Светски познатиот грчки композитор Микис Теодоракис го обвини американскиот претседател Џорџ Буш дека со војната во Ирак покажува оти е сличен на Хитлер, Џингис Кан, Атила.

 

Покренато обвинение против екс еврокомесарка
[25.03.2003] Белгиските власти подигнаа обвинение против поранешниот европски комесар Едит Кресон заради фалсификување на документи, корупција и финансиски проневери во периодот од 1995 до 1999 година, кога беше член на Европската комија под раководство на Жак Сантер.

 

Песочната бура го отежнува доближувањето кон Багдад
[25.03.2003] Седмиот тенковски полк на армијата на САД ја премина реката Еуфрат, во централен Ирак, и се движи кон Багдад, каде што и попладнево одекнуваат детонации од бомбите што врз градот ги исфрлаат сојузничките авиони, јавуваат американските медиуми.

 

Ум Касар конечно заземен
[25.03.2003] Коалиционите сили целосно го ставија под контрола ирачкото пристаниште Ум Касар. На југот денеска е забележано жестоко бомбардирање на Басра, а стотина ирачки трупови лежат северно од Насирија.

 

Кои се „Садамовите федајини“?
[25.03.2003] Кои се „Садамовите федајини“, чии припадници ирачкиот претседател Садам Хусеин, во вчерашното обраќање до нацијата, ги пофали поради „жестокиот отпор што го пружаат во одбрана на земјата од американско-британските агресори“?

 

Хронологија на воените операции во Ирак
[25.03.2003] Хронологија на воените операции во Ирак.

 

Американските маринци запнаа кај Насирија
[26.03.2003] Американските маринци денеска наишле на силен ирачки отпор, со што е спречено нивното натамошно напредување северно од Насирија, јави „Ројтерс“.

 

Ракетирана ирачката телевизија
[26.03.2003] Рано изутрината сојузничките сили ја ракетирале зградата на Ирачката државна телевизија. „CNN“ и „ВСС“ јавија дека целта била да се онеспособи телевизијата, која по нападот повторно емитува програма.

 

Пјонгјанг го предупреди Токио од „самоуништување“
[26.03.2003] Северна Кореја денеска ја предупреди Јапонија дека ќе се соочи со „самоуништување“ доколку лансира шпионски сателит во орбитата. Токио, пак, соопшти дека станал „повнимателен“ по извештаите дека Пјонгјанг може да тестира балситичка ракета во времето кога ќе се лансира сателитот.

 

Југословенските бункери во Ирак можат да издржат масовни бомбардирања
[26.03.2003] „Подземните бункери што ги градеа југсловенски фирми за ирачкиот претседател Садам Хусеин можат да издржат масовни бомбардирања, а луѓето засолнети во нив можат да се кријат до шест месеци“, изјави денеска пензионираниот босански офицер од поранешната ЈНА Ресад Фазлиќ.

 

Најмалку 12 загинати во напад во Филипини
[26.03.2003] Најмалку седум цивили и петмина муслимански бунтовници загинаа изутрината во најновиот бран напади врз христијаните во јужниот дел на Филипини, соопшти денеска филипинската армија, која се сомнева дека нападите се дело на Исламскиот ослободителен фронт на Моро.

 

Ирачки проектил повторно заскита во Иран
[26.03.2003] Иран денеска беше погоден од уште еден заскитан проектил од војната во соседен Ирак, без да предизвика жртви. Од почетокот на војната во Ирак, иранската територија ја погодија најмалку три американски и една ирачка ракета.

 

Убиени петмина Палестинци
[26.03.2003] Петмина Палестинци, меѓу кои и 10-годишно девојче и 14-годишно момче, загинаа синоќа во одвоени инциденти на Западниот Брег, што се први немири по релативното затишје на палестинските територии од почетокот на војната против Ирак.

 

Иванов:„САД не го ослободуваат ирачкиот народ“
[26.03.2003] Рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов денеска остро ги критикуваше тврдењата на Вашингтон дека војната во Ирак е за ослободување на ирачкиот народ.

 

Успешна ракетна проба на Пакистан
[26.03.2003] Пакистан денеска изврши ракетна проба, непосредно откако Индија тестираше ракета од типот земја-земја, соопштија пакистанските власти.

 

Блер предупреди да не се употребува био-хемиско оружје
[26.03.2003] „Сите ирачки офицери што ќе наредат користење хемиско или биолошко оружје ќе бидат судени и најостро казнувани“, предупреди денеска британскиот премиер Тони Блер.

 

„Ал Џазира“ емитуваше тела на убиени британски војници
[26.03.2003] Катарската сателитска телевизија „Ал Џазира“ денеска емитуваше снимка на која беа прикажани тела на двајца британски војници, убиени во заседа од страна на ирачките борци во близина на Ал-Зубаер јужно од Басра.

 

Сојузнички ракети погодиле пазар во Багдад
[26.03.2003] Најмалку 15 цивили загинаа, а околу 30 се ранети кога две американско-британски ракети го погодиле пазарот во населениот дел на Багдад, јави агенцијата „Франс прес“.

 

Бојкот на американските производи
[26.03.2003] „Не на „Кока - Кола“, „Бадвајзер“, „Марлборо“, американското виски и кредитните картички „Американ Ексрес““, е паролата која важи во поголемиот број ресторани и продавници во Германија во знак на протест поради војната во Ирак.

 

Седум држави потпишаа протокол за влез во НАТО
[26.03.2003] Седум држави од централна и источна Европа денеска во Брисел потпишаа протокол за зачленување во НАТО, четири месеци откако лидерите на Алијансата ги прифатија нивните апликации за членство.

 

САД ги интересирале само „посакувани“ резултати на инспекторите
[27.03.2003] САД уште пред војната во Ирак биле заинтересирани само за одредени „посакувани резултати“ од инспекторската мисија на ОН кои одговарале на нивната политичка линија, а соработката на инспекторите со Вашингтон била „проблематична“, тврди првиот инспектор Ханс Бликс.

 

Сирискиот муфтија повика на самоубиствени напади
[27.03.2003] Шеик Ахмад Кафтаро, сирискиот муфтија и највисокиот исламски авторитет во земјата, денеска повика на самоубиствени напади врз американските и британските агресори во Ирак.

 

Руска компанија бара отштета поради војната во Ирак
[27.03.2003] Руската компанија „Енергопромстрој“ побара од САД отштета од 19 милиони долари поради нарушен бизнис, како последица на војната во Ирак, јавуваат руски медиуми.

 

Завојуваните во Ирак може да одговараат за воени злосторства
[27.03.2003] Двете завојувани страни во конфликтот во Ирак може да бидат виновни за воени злосторства, соопшти „Амнести интернешнал“.

 

Повредени 37 Американци во „пријателски оган“
[27.03.2003] 37 американски маринци се повредени, од кои тројца се во критична и двајца во сериозна состојба, во инцидент кога по грешка нивните единици отвориле оган една врз друга во близина на Насирија, потврди Американската централна команда во Катар.

 

САД сакаат учество на ОН за иднината на Ирак
[27.03.2003] САД сакаат учество на ОН во решавањето на иднината на Ирак, но без да ја отстапат својата водечка улога, изјави американскиот државен секретар Колин Пауел.

 

Нападнат станбен комплекс во Багдад
[27.03.2003] Сојузничките сили денеска нападнаа станбен комплекс во јужниот дел на Багдад, при што имало голем број загинати и ранети цивили, соопшти ирачки воен претставник. Други детали не се соопштени.

 

САД го отвораат северниот фронт во Ирак
[27.03.2003] Припадници на Патриотската унија на Курдистан денеска ги заземаа позициите на ирачките сили во близина на Киркук, јави „Франс прес“. Киркук во неколку наварти беше цел на американските воздушни напади.

 

Убиени тројца палестински полицајци
[27.03.2003] Тројца палестински полицајци загинаа, а четворица се повредени во денешната престрелка со израелските сили што се случи во градот Беит Ханун во северниот дел на Појасот Газа.

 

Уништен конвој од ирачки тенкови
[27.03.2003] Британските сили во денешните судири јужно од Басра уништија 14 ирачки тенкови „Т-55“, соопшти претставник на командата на британската армија.

 

Уапсени две нобеловки протестантки во САД
[27.03.2003] Американската полиција синоќа во Вашингтон привела повеќе од 60 лица кои протестираа против војната во Ирак, а меѓу демонстрантите се и две добитнички на Нобеловата награда за мир.

 

Идентификуван вирусот САРС
[27.03.2003] Научниците во Хонг Конг потврдија дека го идентификувале вирусот што предизвикува атипично воспаление на белите дробови, болест која досега одзеде најмалку 50 животи ширум светот.

 

Пакистанска артилерија втор ден напаѓа во Кашмир
[27.03.2003] Пакистанската артилерија втор ден по ред напаѓа позиции на индиската армија во Џаму и Кашмир. Цел на нападите биле областите на Раџури и Пунч, што се наоѓаат јужно од контролната линија што го дели Кашмир на индиски и пакистански дел.

 

Русија лансираше балистичка ракета
[27.03.2003] Руската војска денеска изврши пробно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета од северозападната база Плистеск, соопштија воени извори.

 

Спасени 59 имигранти од брод што тонел
[27.03.2003] Припадниците на италијанската крајбрежна стража спасија околу 59 илегални имигранти, меѓу кои и шест Ирачани, кои се наоѓале на брод што тонел, на околу 100 километри од островот Сицилија, јавија денеска локалните медиуми.

 

Двајцата исчезнати британски војници најверојатно се мртви
[27.03.2003] Двајцата британски војници, кои во неделата исчезнаа во јужен Ирак, најверојатно се мртви, изјави денеска британскиот министер за одбрана Џеф Хун.

 

Европарламентарците не усвоија заедничка резолуција за Ирак
[27.03.2003] Европскиот парламент не успеа да ја усвои заедничката резолуција за војната во Ирак. На денешното гласање против заедничката резолуција, поднесена од социјалистите, зелените и либералите, гласаа 255 пратеници, додека својата поддршка на документот му ја дадоа 218 европарламентарци.

 

Садам со семејството ќе бега за Сирија
[27.03.2003] Ирачкиот лидер Садам Хусеин го испрати своето најблиско семејство во ирачката амбасада во Дамаск, а и тој наскоро планира да замине за Сирија, објавува денеска британскиот весник „Дејли Мејл“, цитирајќи го поранешниот ирачки министер Хаитам Рашид Вихаиб, кој веќе 8 години живее во егзил во Лондон.

 

Сојузнички десантни сили по грешка слетале во Иран
[27.03.2003] Американско-британски десантни сили по грешка слетале во Иран, наместо во јужен Ирак, јавија денеска кувајтските медиуми.

 

Досега најсилни бомбардирања во Багдад
[28.03.2003] Најмалку 28 цивили загинаа, а 33 се повредени кога две ракети погодија денеска една стамбена област во Багдад во нападот што го извршија сојузничките сили, јавија западните агенции, повикувајќи се на изјави на очевидци.

 

Блер: „Војната во Ирак тешка и сложена“
[28.03.2003] Британскиот премиер Тони Блер денеска соопшти дека пред британско-американските сили кои се борат во Ирак стојат исправени тешки борби и предизвици. Рускиот претседател Владимир Путин, пак, побара итно прекинување на воените дејства.

 

Најмалку десет експлозии во Насирија
[28.03.2003] Најмалку десет експлозии се слушнале денеска во јужноирачкиот град Насирија, како дел од американско-британските бомбардирања, при што е уништен еден ирачки команден центар.

 

Јапонија ги лансира првите два шпиунски сателити
[28.03.2003] Првпат во својата историја, Јапонија денеска лансира два шпионски сателити. Од вселенскиот центар „Тенегашима“ е лансирана ракетата носиел „Ејч-2А“ со два шпонски сателити, но се уште не е познато дали сателитите влегле во нивната орбита.

 

Франција го зголеми степенот на безбедност
[28.03.2003] Франција синоќа објави нов систем на степенувањето на опасноста од тероризам, кој се изразува четири бои, прогласувајќи „портокалова опасност“, според која терористичките акции се сметаат за „можни“.

 

Загинале 28 Американци од почетокот на војната
[28.03.2003] 28 Америкаци загинале од почетокот на нападите врз Ирак, објави Пентагон. Ирачката војска соопшти дека се убиени уште 9 припадници на американско-британските сили во последните 24 часа.

 

Ирачката армија гранатира позиции на курдските бунтовници
[28.03.2003] Силни детонации денеска го потресоа курдското упориште Чамчамал во северен Ирак. Засега нема информации за загинати или повредени.

 

Американски воен удар во Авганистан
[28.03.2003] Американските војници во Авганистан започнаа втора по ред голема операција на воени удари на планината во североисток од земјата, изјавија денеска американски претставници.

 

Опожарени „фордови“ како протест на војната во Ирак
[28.03.2003] Дванаесет автомобили марка „Форд“ ноќеска биле опожарени во салон за автомобили во туристичка населба западно од Рим, во знак на протест против војната во Ирак.

 

Русија стравува за нафтените извори во Ирак
[28.03.2003] Русија може да се прости од своите нафтени интереси во Ирак, бидејќи по војната Вашингтон и Лондон нема да и дозволат на Москва да ги користи богатите ирачки наоѓалишта на нафта, смета Николај Токарев, директорот на руската државна нефтена компанија „Зарубежневт“.

 

Бункерот на Хусеин може да се уништи само со атомска бомба
[28.03.2003] Германецот Карл Есер, кој учествувал во изградбата на еден од главните бункери на Садам Хусеин, изјави дека бункерот на ирачкиот лидер може да биде уништен само со атомска бомба.

 

Продолжена програмата „Нафта за храна“ за Ирак
[28.03.2003] Советот за безбеднсота на ОН вечерва едногласно усвои резолуција за продолжување на програмата „Нафта за храна“, со која треба да се обезбедат средства за набавка на храна и лекови за жителите на Ирак.

 

Интензивни напади врз Багдад
[29.03.2003] Сојузничките сили денеска вршат интензивни напади врз јужниот дел и центарот на Багдад, по што е активирана и ирачката противвоздушна одбрана.

 

Тајни служби го убиваат најтесниот круг околу Хусеин
[29.03.2003] Тајни американски групации оперираат во Ирак со настојување да ги убијат припадниците на најтесниот круг околу претседателот Садам Хусеин, пишува денешен „Вашингтон пост“. Мисијата трае најмалку една седмица, а досега овие групи убиле неколку важни ирачки личности.

 

Американски ракети истрелани по грешка во Саудиска Арабија
[29.03.2003] Неколку американски крстосувачки ракети истрелани врз цели во Ирак по грешка паднале во Саудиска Арабија, соопшти денеска американската воена команда.

 

Загинаа пет американски војници во самоубиствен напад
[29.03.2003] Пет американски војници загинаа во самоубиствениот бомбашки напад северно од ирачкиот град Наџаф, соопшти денеска американската команда.

 

Италијанските новинари пуштени на слобода
[29.03.2003] Седумте италијански новинари кои вчера ги уапси ирачката полиција на влезот во Басра, денеска се префрлени во Багдад каде ќе останат со дозвола од ирачките власти да ја продолжат работата, потврдено е денеска во Рим.

 

Ирак ја отфрли програмата „Нафта за храна“
[29.03.2003] Ирак ја отфрли резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за продолжување на програмата „Нафта за храна“, со која треба да се обезбедат средства за набавка на храна и лекови за жителите на Ирак.

 

Заложничка драма во Бејрут
[29.03.2003] Еден вооружен маж цела ноќ ги држел вработените и странките во една британска банка во Бејрут како заложници, по што им се предал на властите.

 

50 Јеменки доброволно се пријавија за жив штит
[29.03.2003] Во главниот град на Јемен, Сана денеска се одржува антивоен протест на кој учествуваат околу 300 жени. 50 од нив доброволно се пријавија да заминат за Багдад и да служат како жив штит, соопштија организаторите на протестот.

 

Курдски вооружени единици со контрола над дел од северен Ирак
[29.03.2003] Курдски вооружени единици се наоѓаат на 20 километри од градот Киркук во Северен Ирак. Тие воспоставиле контрола над регионот Кара Инџир, откако ирачките војници ги напуштиле своите позиции и се предислоцирале во градот.

 

Уништена зградата на владејачката Баас
[29.03.2003] Сојузничките сили денеска уништија зграда во која се наоѓале 200 членови на ирачката владејачка партија Баас, северно од градот Басра, изјави портпарол на Централната американска команда.

 

Убиени двајца американски војници во Авганистан
[29.03.2003] Двајца американски војници загинаа денеска, а еден е повреден во заседа на вооружени напаѓачи во јужниот дел на Авганистан, соопшти американската армија.

 

Почина лекарот кој го идентификуваше САРС
[29.03.2003] Во една болница во Бангкок почина лекарот Карло Урбани кој прв го идентификуваше атипичното воспаление на белите дробови, наречено САРС, од кој досега ширум светот починаа 50 лица, соопшти денеска СЗО.

 

Бомбардирана демаркационата линија во северен Ирак
[30.03.2003] Американски и британски авиони изутрината повторно ги бомбардираа регионите околу демаркационата линија во северен Ирак, која ја дели ирачката територија од курдските автономни области.

 

За првпат протести и во Пекинг
[30.03.2003] Стотици кинески студенти демонстрираа денеска против војната во кругот на Универзитетот во Пекинг, откако кинеските власти за прв пат им одобрија да го изразат своето противење на американско-британските напади врз Ирак на овој начин.

 

Непочитување на човековите права во Ирак
[30.03.2003] Од почетокот на војната против Ирак, пред 11 дена, забележано е непочитување на човековите права во 14 земји, вклучувајќи ги и САД и Велика Британија, соопшти меѓународната организација за заштита на правата на човекот „Амнести интернешнел“.

 

Околу 30 повредени во самоубиствен бомбашки напад во Израел
[30.03.2003] Околу 30 лица се повредени денеска во самоубиствен бомбашки напад во еден ресторан во центарот на Нетанија. Одговорноста ја презеде радикалната палестинска група Исламски џихад.

 

Ракетиран станбен комплекс во Багдад
[30.03.2003] Неколку проектили попладнево паднале во еден станбен дел во центарот на Багдад, соопшти ирачкото Министерство за информации. Во директниот пренос од местото на настанот, телевизијата „Ал Џезира“ покажа голем пожар кој го зафатил кварталот Ал Карида и јави дека во нападот има загинати и повредени.

 

Двајца маринци загинале во централен Ирак
[30.03.2003] Двајца маринци загинаа во одвоени инциденти во централен Ирак, соопшти денеска централната команда на американските сили во Катар.

 

Израелски новинари малтерирани од американски војници
[30.03.2003] Двајцата израелски новинари протерани од Ирак биле малтерирани од американските војници кои ги притвориле 72 часа, соопшти денеска еден од новинарите.

 

Урнати два американски хеликоптери кај Басра
[30.03.2003] Ирак денеска соопшти дека урнал два американски хеликоптери во борбите кај Басра, јужен Ирак, при што загинале најмалку двајца членови на екипажот. Пентагон го демантира тврдењето. 

 

Ранети најмалку 10 војници во инцидент во Кувајт
[30.03.2003] Најмалку 10 американски војници се повредени во инцидентот што денеска се случи во една американска база во Кувајт, откако камион директно се налета на група војниците, се дознава од американски воени извори.

 

Убиени шест ирачки цивили во нападите во Багдад
[31.03.2003] Шест ирачки цивили се убиени, а десетина се повредени во денешното бомбардирање на еден станбен кварт во Багдад, соопштија болнички извори. Светските агенции јавија дека во тој дел на градот се уништени „шест домови“.

 

Американски хеликоптер се урна во јужен Ирак
[31.03.2003] Транспортен хеликоптер од типот „УХ-1“ на американската морска пешадија синоќа се урнал во јужен Ирак, при што загинале тројца членови на екипажот, а еден е повреден, соопшти Централната команда во Катар.

 

Вонредна состојба во Торонто поради САРС
[31.03.2003] Канадските здравствени власти објавија дека САРС го „одзеде“ и петиот живот, а бројот на заразени во Торонто се зголеми на стотина, јавуваат агенциите.

 

Ирак поседува руски противтенковски ракети
[31.03.2003] Во последните неколку месеци Ирак се снабдил со околу 1.000 руски противтенковски ракети „Корнет“, што предизивка загриженост кај дел од американските воени стратези, откако ирачката армија уништи два американски тенка, објави денеска магазинот „Њузвик“.

 

Прва сериозна битка со елитната Републиканска гарда
[31.03.2003] Американските сили почнале прва сериозна битка со ирачката елитна Републиканска гарда во близина на градот Карбала, јужно од Багдад, соопшти денеска американски офицер.

 

Заладување на односите САД - Русија
[31.03.2003] „Разликите во ставовите околу решавањето на ирачката криза предизвикаа најголемо заладување на односите меѓу САД и Русија во последните неколку години“, изјави денеска американскиот амбасадор во Москва, Александер Вершбоу.

 

Сирија ќе ја поддржи борбата на ирачкиот народ
[31.03.2003] Сирија ќе ја поддржи борбата на ирачкиот народ против американско-британските напади врз земјата, изјави претставник на сириското Министерство за надворешни работи.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk