Дома Виза за во иднина - недела 20:00
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Декември 2003

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 

АРХИВА: Свет, Декември 2003


 

Американците убиле 54 ирачани
[01.12.2003] Најмалку 54 ирачани се убиени а повеќе од 20 се ранети вчера попладне во Самара ,град во северн ирак во најкрвавиот судир меѓу американските сили и ирачките герилци од крајот на војната во Ирак,на 1. мај годинава.

 

Убиени 3-ца палестинци
[01.12.2003] Тројца палестински екстремисти се убиени за време на операцијата на израелските сили во Рамалах.

 

Силен земјотрес ја погоди Кина
[01.12.2003] 10 лица загинаа во земјотресот со интензитет од 6,1 степен според рихтеровата скала што го потресе денеска северозападниот дел на Кина, јавуваат државните медиуми.

 

Анан основаше советодавно собрание за Ирак
[02.12.2003] Генералниот секретар на Обединетите нации (ООН) Кофи Анан синоќа одржа состанок со претставници на 17 земји, ирачки соседи и некои членки на Советот за безбедност, учесници во новото советодавно собрание, за кое што постојат надежи дека би можело да прерасне во меѓународна конференција за ирачката иднина.

 

Буш одобри закон за деблокирање на милион долари за нуклеарна програма
[02.12.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш синоќа одобри закон со кој се одмрзнуваат милиони американски долари за проучување и создавање нова генерација нуклеарно оружје и за експериментирање на полигонот во Невада, соопшти портпаролот на Белата куќа Скот Меклејн.

 

Уапсени 4 осомничени терористи во Лондон
[02.12.2003] Британската полиција денеска упаси 4 лица осомничени за планирање, подготвување и обид за извршување терористички напад.

 

Усвоена одлука за формирање на парламент на Евромедитеранот
[02.12.2003] Претставниците на парламентите од земјите од Европската унија и регионот на јужното Средоземје на денешната шеста евромедитеранска конференција одлучија да формираат прв парламент на Евромедитеранот.

 

Вториот човек на екс ирачкиот режим е убијан или заробен
[02.12.2003] Заменикот на Садам Хусеин во Револуционерниот команден совет Изат Ибрахим, кој се смета за втор човек во поранешниот ирачки режим, веројатно е уапсен или убиен во денешната операција на американските сили во Киркук, изјави Муафик ар Рубаи, член на ирачкиот Преоден управувачки совет.

 

Италија треба да одобри контроверзен закон за медиумите
[02.12.2003] Италијанските сенатори денеска треба да го одобрат контроверзниот закон, со кој ќе се зголеми контролата врз медиумите од страна на премиерот Силвио Берлускони.

 

Разбиена мрежа која тргувала со човечки органи во Бразил
[03.12.2003] Полицијата во североисточната бразилска област Пернамбуко разбила криминална мрежа што тргувала со човечки органи.

 

Пауел ги отфрла критиките на Израел
[03.12.2003] Американскиот државен секретар Колин Пауел синоќа изјави дека негово е правото да се сретне со секого кој има идеја за постигнување мир на Блискиот Исток, наспроти забелешките на Израел дека ќе направи грешка ако се сретне со авторите на неофицијалниот Женевски договор.

 

Прогласени добитниците на наградата за човекови права
[03.12.2003] Претседателката на Асоцијацијата што трага по исчезнати деца, западноафриканска женска мировна мрежа и јорданскиот проект за борба против насилството во семејството, се некои од добитниците на овогодинешните награди на ОН за човекови права, соопшти претседателот на Генералното собрание на ОН Хулиан Хунте.

 

Русија нема да го потпише протоколот од Кјото
[03.12.2003] Русија нема да го ратификува Протоколот од Кјото со кој се предвидува редуцирање на емисијата на штетни гасови во атмосферата, соопшти советникот за економија на рускиот претседател Андреј Иларионов.

 

Судир меѓу маоистите и силите за безбедност на Непал
[03.12.2003] Најмалку 4 припадници на непалските сили за безбедност загинаа, а 14 се повредени во судирот со маоистичките бунтовници во западниот дел на Непал, јави радиото Кантипур.

 

Италија го усвои контроверзниот закон за медиуми
[03.12.2003] Италијанскиот  Парламент синоќа го усвои  контроверзниот закон за медиуми, за кој што критичарите тврдат дека оди во прилог на медиумското „царство“ на премиерот Силвио Берлускони.

 

Кина со апел до САД да се спротивстави на тајванските одлуки
[03.12.2003] Официјален Пекинг упати апел до Вашингтон да се спротистави на активностите што ги презема тајванскиот претседател Чен Шуи-Биан за кои Кина смета дека се насочени кон прогласување независност на Тајван.

 

Словачка го намали воениот рок на 6 месеци
[03.12.2003] Словачките парламентарци денеска гласаа за намалување на задолжителниот воен рок во земјата, од девет на шест месеци, почнувајќи од јануари идната година.

 

Пет нови жртви во поплавите во Франција
[04.12.2003] Пет лица е билансот на жртвите во поплавите што го зафатија југот на Франција. Поројните дождови проследени со силен ветер, доведоа до излевање на реките од коритата во десет реони во таа област.

 

Австралија предупредува за нови напади во Ирак
[04.12.2003] Австралија предупреди за опасност од нови напади во саудиската престолнина Ријад и им препорача на своите државјани да не патуваат во Саудиска Арабија.

 

Јапонија ќе испрати околу 1.100 војници во Ирак
[04.12.2003] Јапонскиот премиер Јуничиро Коиsуми, одобри испраќање на околу 1.100 војници во Ирак, пишува денеска весникот „Јомиури шимбун“.

 

Нападната полициската зграда во ирачкиот град Рамади
[04.12.2003] Пет лица, тројца цивили и двајца полицајци, се повредени денеска при нападот врз зградата на ирачката полиција во центарот на Рамади, соопшти локалниот полициски заменик-началник Самир Хабиб.

 

Сад се против формирање воен штаб на ЕУ
[04.12.2003] САД порачаа денеска дека нема да попуштат во своето противење на плановите на ЕУ да формира штаб за воено планирање независен од НАТО.

 

Во САД припадник на Ал Каеда осуден на 10 години затвор
[04.12.2003] Американец со јеменско потекло, обвинет дека и припаѓал на единицата „во мирување“ на терористичката мрежа Ал Каеда во Бафало, северниот дел на државата Њујорк, синоќа е осуден на десет години затвор.

 

Тајван нема да бара независност
[04.12.2003] Tајванскиот претседател Чен Шуи Бјен денеска им порача на САД дека Тајван на престојниот референдум нема да бара независност, туку задржување на статус-кво на тајванското прашање.

 

Полицијата во Синсинати претепала црнец до смрт
[04.12.2003] Полицијата во американскиот град Синсинати претепала до смрт еден 41 годишен црнец, откако примила повик дека извесен човек прави неред во еден Фаст фуд ресторан.

 

Американец со јеменско потекло осуден за тероризам
[04.12.2003] Американец со јеменско потекло, обвинет дека припаѓал на терористичката мрежа на Ал Каеда во САД, осуден е на 10 години затвор.

 

Силна експлозија пред амбасадата на САД во Кабул
[04.12.2003] Силна експлозија одекна денеска пред амбасадата на САД во Кабул, непосредно откако американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфел го напуштил главниот град на Авганистан.

 

Најмалку 36 загинати во експлозија на воз во Русија
[05.12.2003] Три жени и еден маж се извршителите на терористичкиот напад на патничкиот воз во јужна Русија во кој загинаа најмалку 36 лица а 155 беа повредени, соопшти директорот на Федералната служба за безбедност Николај Патрушев.

 

3-ца загинати и 20 повредени во експлозија во Нов Багдад
[05.12.2003] Тројца Ирачани загинаа, а 20 се повредени во експлозијата на бомба на пазар во квартот Нов Багдад во близина на џамијата Ас Самарија.

 

Неуспешни преговорите за идниот европски устав
[05.12.2003] Преговорите меѓу конзервативните челници на Европската унија не успеаја да ги надминат несогласувањата околу идниот заеднички устав, изјавија синоќа премиерите на Франција и на Италија Жан Пјер Рафарен и Силвио Берлускони.

 

Скандал во британската компанија за оружје „БАЕ“
[05.12.2003] Најголемата британска компанија за производство и продажба на оружје „БАЕ“ е обвинета за плаќање високи суми како провизија за да се „подмачка бизнисот“ при склучувањето зделки со нејзините партнери, пишува денешен „Гардијан“.

 

Мек Шејн со жестоки критики до Романо Проди
[05.12.2003] Британскиот министер за Европа Денис Мек Шејн жестоко го нападна претседателот на Европската комисија Романо Проди и побара од него да се повлече од функцијата, пишува денешен „Гардијан“.

 

Рамсфелд во посета на Ирак
[06.12.2003] Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд денеска, без претходна најава, пристигна во ирачкиот главен град Багдад.

 

Убиени 2-ца Палестинци во Појасот Газа
[06.12.2003] Двајца Палестинци се убиени во текот на минатата ноќ во судири меѓу израелски војници и палестински милитанти во близина на контролниот пункт Карни во Појасот Газа.

 

Најмалку 18 повредени во бомбашки напад во Кандахар
[06.12.2003] Најмалку 18 лица се повредени денеска при експлозија на бомба поставена на еден мотоцикл на централниот пазар во јужниот авганистански град Кандахар, соопшти локалната полиција.

 

Божиќната елка во Прага повреди 4 лица
[06.12.2003] Четири лица се полесно повредени кога силниот ветер ја собори божиќната елка поставена во центарот на чешкиот главен град Прага.

 

Протести против реформите во пензискиот систем во Италија
[06.12.2003] Над 1 милион луѓе учествуваа во денешниот марш во Рим против реформите во пензискиот систем што ги најави Владата на италијанскиот премиер Силвио Берлускони, соопшти претстваник на синдикатите што го организираа протестот.

 

Спречен нов бомбашки напад во Русија
[06.12.2003] Припадници на руските специјални сили утрово успеаја да деактивираат експлозивна направа поставена во еден товарен вагон на железничката станица во рускиот Краснодарски Регион.

 

САД стравуваат од терористички напади на Божиќ
[06.12.2003] Американсите разузнавачки служби стравуваат од можни терористички напади на територијата на САД за време на божиќните празници, јави телевизиската мрежа CNN.

 

Анан го поддржува мировниот план за Блискиот Исток
[06.12.2003] Генералниот секретар на ОН Кофи Анан синоќа го поддржа неофицијалниот мировен план за Блискиот Исток, т.н. Женевска иницијатива, нагласувајќи дека документот „заслужува пофалба“.

 

Денеска гласа руската дијаспора
[06.12.2003] Во руските дипломатско-конзуларни претставништва во 140 земји ширум светот денеска се отворени 339 избирачки места на кои околу 1,2 милиони државјани на Русија што живеат во странство ќе можат да гласаат за избор на членови на руската Државна дума, еден ден пред Русите во татковината.

 

Еболата се појави повторно во Африка
[06.12.2003] Најмалку 29 лица починаа последниве денови во Демократска Република Конго како последица на смртоносната болест ебола, соопштија експети на Светската здравствена отганизација.

 

Иванов: „САД се вмешани во соборувањето на Шеварнадѕе“
[06.12.2003] Случувањата во Грузија, кои доведоа до оставка на претседателот Едуард Шеварнадsе, беа претходно испланирани, а во тоа учествуваа и САД, изјави шефот на руската дипломатија Игор Иванов.

 

19 лица повредени во судар на возови во Милано
[07.12.2003] Деветнаесет лица се повредени во судар на патнички воз и локомотива што се случи на станица во близина на Милано.

 

Заплeнети 2,7 тони кокаин во Шпанија
[07.12.2003] Шпанските власти денеска запленија 2,7 тони кокаин и упасија 6 лица, петмина Шпанци и еден Венецуелец, кои се осомничени за шверц на наркотици.

 

Снежното невреме во САД однесе најмалку 9 жртви
[07.12.2003] Најмалку 9 лица загинаа како последица на снежното невреме што денеска ги зафати североисточните делови на САД.

 

Парламентарни избори во Русија
[07.12.2003] Избирачките места во Москва и во поголемиот дел на европската зона на Русија беа отворени изутрината во 8 часот по локално време (6:00 по средноевропско време), додека на Камчатка и Чукотка, области во рускиот Далечен Исток, гласањето почна 11 часа порано, односно вчера во 21 часот по средноевропско време.

 

Американците убија 9 деца во Авганистан
[07.12.2003] 10 лица, од кои 9 се деца, беа убиени синоќа во југоисточната авганистанска провинција Газна во напад на американската авијација, соопшти денеска командата на американските сили во Баграм.

 

6 загинати и 24 повредени во верски судири во Индија
[07.12.2003] 6 лица се повредени во јужноиндискиот град Хајдерабад, во вчерашните судири меѓу екстремните хундуси и муслимани на 11-годишнината од уништувањето на џамијата Бабри.

 

Хусеин ги раководи бунтовниците во Западен Ирак
[07.12.2003] Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин се наоѓа во западниот дел на Ирак, од каде ги контролира антиамериканските операции, изјави племенскиот водач Абу Мохамед, кој му е приврзаник на Хусеин.

 

25 Маоисти загинаа во одвоени судири во Непал
[07.12.2003] Најмалку 25 маоисти и еден полицаец загинаа во повеќе одвоени судири во Непал во изминативе 2 дена, јавија денеска непалските медиуми.

 

Лидерот на Хамас смета дека Израел треба да се помести во ЕУ
[07.12.2003] Духовниот лидер на радикалната палестинска групација Хамас шеих Ахмед Јасин истакна дека е против формирање независна еврејска држава на палестинските територии и нагласи дека Израелците треба својата држава да ја поместат во Европа.

 

Израел го отфрли договорот за ограничен прекин на огнот
[07.12.2003] Израел го отфрли договорот на палестинските фракции, кои се согласија да ги спречат самоубиствените бомбашки напади само на израелската територија, но не се согласија да ги прекинат нападите врз израелските војници и еврејските доселеници на Западниот Брег и Појасот Газа, изјави анонимен израелски функционер.

 

Уапсен е лидерот на Абу Сајаф
[07.12.2003] Припадници на филипинската армија денеска го уапсија лидерот на озлогласената исламистичка организација Абу Сајаф, Галиб Анданг, познат како „командант Робот“.

 

Најмалку 19 жртви во рударска несреќа во Кина
[08.12.2003] Најмалку 19 лица загинаа во експлозија на гас што се случи вчера во еден рудник за јаглен во кинеската провинција Хјубеј, јавија денеска локалните медиуми.

 

Обединета Русија е победник на изборите во Русија
[08.12.2003] Пропретседателската партија Обединета Русија освои 36,7% од гласовите на вчерашните избори за членови на руската Државна дума, соопшти утрово членот на Централната изборна комисија, Владимир Лисенко.

 

Американците во Ирак страдаат од кожна болест
[08.12.2003] Дваесет војници од 101-та воздухопловно-транспортна дивизија на американската армија отпатувале од Ирак во Вашингтон, каде ќе се лекуваат од кожната болест лишманијаза која ја пренесуваат песочни муви.

 

Се зголемува бројот на жртвите од нападот на рускиот воз
[08.12.2003] Бројот на жртви во самоубиствениот бомбашки напад врз патничкиот воз кај местото Есентуки во јужна Русија во петокот, денеска достигна 44, откако уште 2 лица им подлегнаа на повредите.

 

Нинослав Константиновиќ е погрешно идентификуван
[08.12.2003] Холандската полиција синоќа соопшти дека погрешно е идентификуван Нинослав Константиновиќ, еден од двајцата уапсени во врска со убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

 

Њусвик: „Ал Каеда ги пренасочува ресурсите во Ирак“
[08.12.2003] Претставници на терористичката мрежа Ал каеда ги информирале талибанците дека голем дел од своите борци од Авганистан ќе ги прераспоредат во Ирак и ќе го намалат финансирањето на „авганистанскиот отпор“.

 

Анан: „ОН ја поддржува политиката на „една Кина“
[08.12.2003] Ние ја поддржуваме политиката на „една Кина“ и потребата да се изнајде мирно решавање на сите проблеми, изјави синоќа генералниот секретар на ОН Кофи Анан по средбата со кинескиот премиер Вен Џиабао.

 

Убиени 4 руски војници во Чеченија
[08.12.2003] Најмалку 4 руски војници се убиени, а 4 се повредени во денешниот напад на бунтовници во планинскиот дел на Чеченија.

 

Формирана нова група на отпорот во Ирак
[08.12.2003] Во Ирак е формирана нова група Движење за ирачки отпор која во Мосул поделила летоци во кои граѓаните се повикуваат на борба против странското воено присуство во земјата.

 

8 Јужно Корејци исчезнаа на Антарктикот
[08.12.2003] Осум државјани на Јужна Кореја, вклучувајќи тројца научници кои работеле во Антарктичкиот истражувачки центар, се водат како исчезнати, откако нивните чамци се превртеле поради лошите временски услови, соопшти денеска Ким Џин-нам, претставник на Владата во Сеул.

 

ОБСЕ: „Изборите во Русија не беа според европските стандарди“
[08.12.2003] ОБСЕ денеска изрази незадоволство од начинот на кој беа спроведени парламентарните избори во Русија, на кои Партијата Обединета Русија, блиска до рускиот претседател Владимир Путин, освои апсолутно мнозинство во новиот состав на руската Дума.

 

Повредени 31 американски војник во експлозија во Ирак
[09.12.2003] 31 американски војник изутринава е повреден при експлозија на автомобил-бомба во базата во ирачкиот град Тал Афар, западно од Мосул, јавија западните медиуми.

 

Израел ја осуди одлуката на ОН
[09.12.2003] Израел денеска ја осуди одлуката на Генералното собрание на ООН, која што од Меѓународниот суд за правда побара да се изјасни во врска со правните последици од изградбата на израелскиот безбедносен sид на Западниот брег. Истовремено, палестинските власти изразија задоволство од ваквата резолуција на ООН.

 

До 2300 година земјата ќе има 9 милијарди жители
[09.12.2003] Населението на Земјата, кое во моментов изнесува 6,3 милијарди лица, до 2300 година може да се зголеми на 9 милијарди жители, се наведува во извештајот за светското население, објавен денеска од Одделот за економски и социјални прашања на Обединетите нации.

 

Долниот дом на конгресот во Сад усвои закон за помош во странство
[09.12.2003] Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои Закон за помош во странство во 2004 година во износ од 17,2 милијарди американски долари.

 

Словачката владеачка коалиција го изгуби парламентарното мнозинство
[09.12.2003] Владејачката словачка коалиција го загуби мнозинството откако седуммина пратеници го напуштија Словачкиот демократски и христијански сојуз на премиерот Микулаш Sуринда.

 

5 загинати во самоубиствен напад во Русија
[09.12.2003] 5 лица загинаа, а 14 се повредени, од кои 3 потешко, во самоубиствен бомбашки напад што се случи денеска во центарот на Москва, на неколку стотини метри од Кремљ и Државната дума, соопшти московската служба за цивилна одбрана.

 

САД со предупредување до Тајван и Кина
[09.12.2003] САД синоќа упатија апел до Тајван да не презема унилатерални чекори во правец за прогласување независност, но нагласија дека оваа порака не значи дека Вашингтон му дава зелено светло на Пекинг за почнување воена акција против Тајван.

 

Пронајдени 7 од 8-те исчезнати Јужнокорејци на Антарктикот
[09.12.2003] Седум од осумте државјани на Јужна Кореја, вклучувајќи 3 научници кои работеле во Антарктичкиот истражувачки центар, беа пронајдени, додека еден од нив загинал.

 

Јапонија ќе испрати војници во Ирак
[09.12.2003] Јапонската Влада го одобри денеска планот за испраќање војници во Ирак, најголема и најопасна мисија на јапонската војска надвор од земјата од Втората светска војна.

 

Гардијан: „САД формираат „одреди на убијци“ за Ирак“
[09.12.2003] САД формираат специјални воени „одреди на убијци“, кои би требало да ги ликвидираат лидерите и припадниците на герилското движење на отпорот во Ирак, пишува денеска лондонскиот весник „Гардијан“, повикувајќи се на американски разузнавачки и воени извори.

 

Уапсен лидерот на ЕТА задолжен за вооружени акции
[09.12.2003] Првиот човек на баскиската сепаратистичка организација ЕТА задолжен за вооружени акции, Горка Паласиос, заедно со уште тројца членови на групацијата се уапсени изутрината во местото По во Франција, јавуваат шпанските медиуми.

 

Пјонгјанг е подготвен да се повлече од нуклеарната програма
[09.12.2003] Севернокорејското Министерство за надворешни работи денеска сооппшти дека Пјонгјанг е подготвен да постигне спогодба со САД и нивните сојузници, според која би ја „замрзнал“ својата нуклеарна програма во замена за помош во енергија и други отстапки.

 

Советот на Европа го осуди нападот во Москва
[09.12.2003] Советот на Европа го осуди денешниот самоубиствен напад во Москва во кој загинаа шест лица и изрази „гнев поради тој безумен акт“. Атентатот се случи во центарот на Москва, во близина на хотелот во кој претстојуваат претставници на Советот на Европа кои учествуваат во меѓународната набљудувачка мисија на парламентарните избори, одржани во неделата. „Никој од нив не е повреден“, се вели во соопштението од СЕ.

 

Приватните армии го развија бизнисот во Ирак
[10.12.2003] Приватните компании толку многу го прифатија и развија воениот бизнис што станаа втор снабдувач по големина на жива сила за потребите на војската на коалицијата во Ирак, веднаш по американскиот Пентагон, пишува денеска „Гардијан“.

 

Велика Британија ја реформира армијата
[10.12.2003] Британскиот армиски врв и Владата најавија почеток на сериозно реформирање на војската што според нив е неопходно за да може армијата на Велика Британија полесно да одговори на новите предизвици на 21 век и на борбата против меѓународниот тероризам.

 

САД не дозволуваат фирми од Германија и Франција да учествуваат во обновата на Ирак
[10.12.2003] Американскиот заменик-секретар за одбрана Пол Волфовиц истакна дека САД нема да им дозволат компании од Германија и Франција да се вклучат во процесот на обнова на поствоен Ирак, бидејќи овие две земји беа против воената операција во блискоисточната земја.

 

Буш: „Бараме целосен прекин на нуклеарната програма на Пјонгјанг“
[10.12.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш го отфрли предлогот на Северна Кореја за замрзнување на нејзината програма за производство на нуклерано оружје во замена за отстапки од страна на САД.

 

18 починаа од опасна бактерија во Франција
[10.12.2003] Најмалку 18 лица починаа поради бактерија отпорна на антибиотици, што се појави во 21 болница во северниот дел на Франција јавија западните агенции повикувајќи се на извори во француското здравство.

 

Граѓаните на најбогатите членки против проширување на ЕУ
[10.12.2003] Мнозинството од населението во трите најголеми и најбогати земји од Европската унија, Германија, Франција и Велика Британија, не го поддржува проширувањето на Унијата.

 

Нобеловите награди ќе бидат доделени денес
[10.12.2003] Нобеловите награди денеска свечено ќе им бидат врачени на добитниците во Стокхолм и во Осло.

 

Дезертерства во новата ирачка армија
[11.12.2003] Повеќе од една третина од војниците во составот на Првиот баталјон на новоформираната ирачка армија веќе дезертираа, соопштија извори на американските сили во Ирак.

 

Русија не размислува за членство на НАТО
[11.12.2003] „Русија нема да стане членка на НАТО се додека Алијансата е во ваква организација“, изјави синоќа шефот на руската дипломатија Игор Иванов во Минхен.

 

Францускиот парламент го одобори проширувањето на ЕУ
[11.12.2003] Францускиот Парламент синоќа го одобри проширувањето на Европската унија со уште десет нови земји-членки.

 

Полска се заканува со вето за новиот устав на ЕУ
[11.12.2003] „Варшава ќе стави вето на новиот уставот на Европската унија ако биде намалено правото на глас на Полска“, изјави полскиот претседател Александер Квашњевски за британската телевизија Би-Би-Си, додавајќи дека има право да се бори за рамнотежа во ЕУ.

 

Самит на ЕУ во Брисел
[12.12.2003] Шефовите на држави и влади на Европската унија денеска на состанокот во Брисел ќе го разгледуваат преуредувањето на Унијата и усвојувањето на Уставната повелба со цел да се постигне значително поголема делотворност во системот на одлучување и делување на институциите на ЕУ.

 

Франција ќе забрани верски симболи во училиштата
[12.12.2003] Впечатливите религиозни симболи, меѓу кои муслиманското фереџе, еврејското капче и голем христијански крст, наскоро би можеле да бидат забранети во сите државни училишта во Франција, јавуваат француските медиуми.

 

2 проектили паднале блиску „зелената зона“ во Багдад
[12.12.2003] 2 проектила синоќа паднаа во близина на „зелената зона“ во Багдад, седиштето на коалиционите сили, изјави портпаролот на американската војска, без да наведе дали е погоден некој објект.

 

Ранети 7 Израелци во Наблус
[12.12.2003] 7 Израелци се ранети од истрели од огнено оружје додека се обидувале да влезат во едно од спорните свети места во Наблус, гробот на Јосиф.

 

Кралицата Елизабетa успешно ги помина операциите
[13.12.2003] Кралицата Елизабета Втора денеска ја напушти лондонската болница „Едвард Седми“ каде и беше извршена 75-минутна операција на левото колено, како и отстранување на бенигнен тумор од нејзиното лице.

 

Полски католички свештеник обвинет за злоупотреба на деца
[13.12.2003] Еден 43-годишен католички свештеник во Полска се соочува со 10 години затвор откако е обивнет за сексуална злоупотреба на пет девојчиња од основно училиште.

 

Одложени преговорите за европскиот Устав до 1. јануари
[13.12.2003] Шефовите на држави или влади на 15-те актуелни и 10-те идни членки на ЕУ одлучија да ги одложат преговорите за европскиот Устав по 1. јануари 2004 година.

 

Павароти се ожени за Николта Мантовани
[13.12.2003] Оперската sвезда, тенорот Лучијано Павароти (68) и неговата долгогодишна девојка, Николета Мантовани (34) денеска се венчаа, а нивата свеченост веќе е прогласена за „свадба на годината“.

 

Уапсен Садам Хусеин
[14.12.2003] „Дами и господа, го фативме! Садам Хусеин е фатен во сабота, на 13. декември, во 20 часот и 30 минути по локално време во подрум во градот Дур, на 15 километри јужно од Тикрит“ изјави американскиот цивилен администратор Пол Бремер на почетокот од прес-конференцијата.

 

Хронологија на активностите на Хусеин
[14.12.2003] Хронологија на активностите на поранешниот претседател Садам Хусеин.

 

10 загинати во напад врз полициска станица во Ирак
[14.12.2003] Најмалку 10 лица загинаа, а повеќе од 11 се повредени откако автомобил-бомба удрил во полициската станица во ирачкиот град Халидија, 60 километри западно од Багдад, потврдија американските сили.

 

ЕУ членките не успеаја да се договорат за Уставот
[14.12.2003] Европските лидери не успеаја денеска да се договорат за првиот Устав на Унијата поради непремостливи разлики околу предложениот систем на гласање.

 

Британија против смртна казна за Хусеин
[15.12.2003] Велика Британија се спротивставува на евентуалната смртна казна за Садам Хусеин, изјави за BBC државниот министер во британското Министерство за надворешни работи Бил Ремел.

 

Хамас: „САД ќе платат висока цена за апсењето на Хусеин“
[15.12.2003] САД ќе платат многу висока цена за апсењето на соборениот ирачки претседател Садам Хусеин „што претставува навреда за сите муслимани“, изјави денеска во Газа портпаролот на Хамас, Абделазиз ал Рантиси.

 

Северна Кореја го отфрли планот за решавање на нуклеарната криза
[15.12.2003] Северна Кореја денеска го отфрли планот за решавање на нуклеарната криза поддржан од САД и предупреди дека стратегијата на Вашингтон за одложување на преговорите би можела да ја натера комунистичката Влада да ги забрза активностите во врска со нуклеарната програма.

 

Неуспешен обид за атентат врз Первез Мушараф
[15.12.2003] Пакистанските власти уапсија 7 лица, вклучувајќи тројца полицајци, поради сомневање за вмешаност во вчерашниот неуспешен обид за атентат врз претседателот Первез Мушараф.

 

Ирачки студенти протестираат против апсењето на Хусеин
[15.12.2003] Околу 300 ирачки студенти протестираа изутринава во Тикрит, осудувајќи го апсењето на Садам Хусеин.

 

Конференција за борба против трговијата со луѓе во ЈИЕ
[15.12.2003] Стратегија за сузбивање на трговијата со луѓе во регионот на Југоисточна Европа, и иницијатива за започнување на програма за обука на полицијата и посебни сили за борба против трговијата со луѓе, ќе бидат теми на дводневната Конференција на претставници од 13 земји на ЈИЕ, што денеска започнува во Виена.

 

Убиени 2-ца Палестинци во обид да влезат во Израел
[15.12.2003] Двајца Палестинци беа убиени синоќа од израелските војници во нивниот обид да влезат во Израел од северниот дел на Појасот Газа, соопштија израелски воени извори.

 

Во Конго од ебола досега починаа 29 лица
[15.12.2003] Од епидемијата на ебола, која се шири во северозападниот дел на Конго, досега починаа 29 од вкупно 42 заразени лица, се истакнува во најновиот официјален извештај на здравствените власти во државата.

 

Кина бара помош за борба против меѓународниот тероризам
[15.12.2003] Кина побара помош од меѓународната заедница да се справи со 4 терористички групи, обвинети дека се стремат да создадат независна држава Источен Туркестан на територијата на Синцзјан-Ујгурската автономна област.

 

9 Руски граничари загинаа во Дагестан
[15.12.2003] 9 припадници на погранична единица загинаа во денешниот судир со екстремисти во руската република Дагестан, јавија руските медиуми.

 

Весли Кларк ќе сведочи против Милошевиќ
[15.12.2003] Пензионираниот американски генерал Весли Кларк денеска се појави како сведок на Обвинителството во процесот што пред Хашкиот трибунал се води против поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ.

 

Весли Кларк го продолжи сведочењето против Милошевиќ
[16.12.2003] Пензионираниот американски генерал Весли Кларк, поранешен командант на НАТО во Европа и кандидат за претседателска номинација на Демократската партија денеска го продолжи своето сведочење на судењето на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ во Хашкиот трибунал.

 

Најмалку 34 загинати во судири во Сомалија
[16.12.2003] Најмалку 34 лица загинаа, а околу 80 се ранети во судирите меѓу два ривалски клана, во централна Сомалија во изминатите два дена, јавија агенциите.

 

43 рудари повредени во експлозија во Полска
[16.12.2003] Најмалку 43 рудари се повредени, од кои двајца потешко, во синоќешната експлозија во рудникот за бакар во Лубин, јавија денеска полските гласила.

 

Велика Британија испраќа нови војници во Ирак
[16.12.2003] Уште 500 британски војници ќе бидат испратени во Ирак во текот на јануари, објавуваат денеска британските медиуми повикувајќи се на изјавата на министерот за одбрана Џеф Хун.

 

САД немаат ништо против смртна казна за Хусеин
[16.12.2003] „Вашингтон нема да се спротивстави ако ирачкиот суд му даде смртна казна на соборениот претседател Садам Хусеин, се додека тој добие фер судење“, изјави денеска претставник на американскиот Стејт Департмент кој побарал да остане анонимен.

 

Британија поделена околу тоа кој да му суди на Хусеин
[16.12.2003] Британската јавност е длабоко поделена околу тоа кој да му суди на соборениот ирачки претседател Садам Хусеин особено откако стана јасно дека Владата на Тони Блер е согласна со Американците судењето на Хусеин да им се препусти на Ирачаните.

 

Турски адвокат поднесе барање да го брани Садам Хусеин
[16.12.2003] Турскиот адвокат Арич Ѓултекин поднесе официјална молба во ирачката амбасада со која бара да го брани поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин.

 

Можна криза во ЕУ
[16.12.2003] Комесарот за проширување на ЕУ Гинтер Ферхојген предупреди на можна криза после неуспехот на самитот на унијата, но изрази уверување дека ќе се најде компромис за спорот околу европскиот устав.

 

Апсењето на Хусеин го подобри рејтингот на Буш
[17.12.2003] Апсењето на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин го подобри рејтингот на претседателот на САД Џорџ Буш, но мал број Американци сметаат дека САД се сега побезбедни од терористички напади, покажуваат денеска објавените резултати од истражувањето на „Њујорк тајмс“ и „CBS News“.

 

Јужна Кореја ќе испрати 3.000 војници во Ирак
[17.12.2003] Јужнокорејската Влада одлучи да испрати 3.000 војници во Ирак, кои ќе учествуваат во рамките на напорите на сојузничките сили за воспоставување стабилност во земјата.

 

ООН: „Европа мора да ги подобри своите стандарди за бегалци“
[17.12.2003] Европа мора да ги подобри своите стандарди во згрижувањето на бегалци и одлуките за давање азил, изјави синоќа во Стокхолм, високиот комесар на ООН за бегалци Руд Луберс.

 

100 години од првиот лет на браќата Рајт
[17.12.2003] Браќата Орвил и Вилбур Рајт на денешен ден пред точно 100 години со својот моторен двокрилен авион го изведоа првиот лет во историјата.

 

Ал-Раубај: „На Садам Хусеин ќе му се суди во Ирак“
[17.12.2003] На Садам Хусеин ќе му биде судено во Ирак, изјави денеска Муафак Ал-Раубај, член на ирачкиот преоден совет, додавајќи дека поранешниот ирачки претседател до судењето ќе остане во притвор во околината на Багдад.

 

Циклон уби 49 луѓе во Индија
[17.12.2003] Најмалку 49 луѓе загинаа, а 8.000 останаа без покрив над главата, во силната циклонска луња што ги погоди крајбрежните подрачја на јужноиндиската сојузна држава Андра Прадеш, соопштија денеска официјални извори на индиската влада.

 

Јерг Хајдер тврди дека апсењето на Хусеин е измама
[17.12.2003] Гувернерот на австриската покраина Корушка Јерг Хајдер синоќа оцени дека апсењето на соборениот ирачки претседател Садам Хусеин е „само една измама на САД“.

 

Најмалку 17 загинати во експлозија на бомба во Багдад
[17.12.2003] Најмалку 17 лица загинаа во експлозија на бомба што се случи рано изутрината во Багдад, соопшти полицијата.

 

Германија, Франција и САД нудат отпишување на дел од долгот на Ирак
[17.12.2003]  Германија, Франција и САД се подготвени да понудат олеснувања за ирачките долгови, се истакнува во заедничкото соопштение на трите земји.

 

Шарон планира евакуaција на сите еврејски населби во Појасот Газа
[17.12.2003] Израелскиот премиер Ариел Шарон планира да ги евакуира сите еврејски населби во Појасот Газа и уште некои на Западниот Брег, во рамките на прегрупирањето на израелската армија на палестинските територии.

 

Смртни казни за организатори на оргии во Кина
[17.12.2003] Судот во кинескиот град Џухаиу денеска осуди 14 лица, од кои две на смрт, заради организирање на сексуални оргии за 400 јапонски туристи, а за што биле ангажирани 500 проститутки.

 

Блер: „Во Ирак не постои оружје за масовно уништување“
[17.12.2003] „Нема сомнеж дека Ирак во минатото имаше оружје за масовно уништување, но тоа веќе не постои и до сега не е пронајдена ниту една трага од истото“, изјави британскиот премиер Тони Блер во интревју за BBC на арапски јазик.

 

Јапонија ќе испрати 1.000 војници во Ирак
[18.12.2003] Јапонскиот премиер Џуничиро Коиsуми денеска го одобри планот за испраќање 1.000 јапонски војници во хуманитарна мисија во Ирак, соопшти Министерството за одбрана во Токио.

 

Садам го издрогирал и предал негов роднина
[18.12.2003] Поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин непосредно пред апсењето бил издрогиран и предаден од негов роднина, пишува денеска јорданскиот весник „Алараб Алиум“ повикувајќи се на извори блиски до властите во Ирак.

 

Мајкал Џексон обвинет за сексуална злоупотреба на дете
[19.12.2003] Поп-пејачот Мајкл Џексон денеска e обвинет  за сексуална злоупотреба на дете помладо од 14 години. Девет точки од обвинението го товарат Џексон за сексуална злоупотреба на детето, седум за блуд и две за давање средство за опивање.

 

Кај Хусеин пронајдена листа на ирачки тајни агенти
[19.12.2003]  Во акцијата на апсење на Садам Хусеин пронајдена е листа на тајни агенти кои го известувале поранешниот ирачки лидер за американските активности во земјата, а некои од се инфилтрирале и меѓу воените сили на САД, јави американската телевизиска станица „Еј-Би-Си“.

 

Милошевиќ: Кларк е воен злосторник кој ги извртува работите
[19.12.2003] Поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ на судењето во Хашкиот трибунал го нарече поранешниот американски генерал Весли Кларк „воен злосторник“, а неговиот исказ го оквалификува како „извртување на фактите“.

 

Експлозија во центарот на шиитска група во Багдад
[19.12.2003] Најмалку едно лице загина, а седум се ранети во силна експлозија што изутрината се случи во зградата во сопственост на шиитската муслиманска политичка група Врховен совет на Исламската Револуција (СЦИРИ), јавуваат западните агенции.

 

На Хусеин ќе му судат ирачки судии во Ирак, тврди ирачкиот министер за правда
[19.12.2003] Ирачкиот министер за правда Хашем ал-Чибли оцени денеска дека на Садам Хусеин треба да му судат исклучиво ирачки судии во Ирак.

 

Ирска од 1.јануари претседател со ЕУ
[19.12.2003] Ирска, која од први јануари го презема ротациското претседателството со ЕУ, истакна дека „односите со Западен Балкан и натаму ќе имаат значајно место во политиката на Унијата во 2004“.

 

Скандал во нуклеарна лабараторија во САД
[19.12.2003] Најмалку десет компјутерски дискови полни со исклучително чувствителни информации за американската нуклеарна програма исчезнаа од Националната нуклеарна лабораторија во Лос Аламос, објавија деновиве гласилата во САД.

 

Кларк: „Милошевиќ знаел дека во Сребреница се подготвува масакр“
[19.12.2003] Слободан Милошевиќ знаел дека во Сребреница се подготвува масакр врз Бошњаците рекол во средата, поранешниот командант на НАТО американскиот генерал Весли Кларк сведочејќи во процесот против поранешниот српски и југословенски претседател.

 

12 лица загинаа во автобуска несреќа на француско-белгиската граница
[20.12.2003] 12 лица загинаа, а 37 се повредени утринава кога германски автобус во кој се наоѓале удрил во бетонска преграда на француско-белгиската граница, по што се превртел и се запалил.

 

Белата куќа затворена поради сомнителен бел прав
[20.12.2003] Американската тајна служба денеска на кратко го затвори задниот влез на Белата куќа и приодот од пешачките патеки околу зградата, поради сомнителен бел прав на тротоарот, за кој на крајот се утврдило дека не е опасен.

 

Американците по грешка убија 3 ирачки полицајци
[20.12.2003] Американските војници убија 3 ирачки полицајци во близина на северниот ирачки град Киркук, мислејќи дека тие се борци на ирачкиот отпор, изјави денеска анонимен ирачки офицер.

 

САД ќе испратат дополнителни 2.000 војници во Ирак
[20.12.2003] Високи американски воени претставници денеска најавија дека Пентагон ќе испрати уште 2.000 војници во Ирак, бидејќи коалиционите сили секојдневно се соочуваат со напади на припадници на герилското движење во државата.

 

Либија ја прекинува програмата за оружје за масовно уништување
[20.12.2003] Претседателите на Либија и САД, Моамер ал Гадафи, Џорџ Буш, како и британскиот премиер Тони Блер синоќа потврдија дека постигнале Договор според кој, Владата во Триполи се согласува на безусловна меѓународна инспекција и прекин на програмата за развивање оружје за масовно уништување.

 

Јапонија одлучи да го намали воениот буџет
[20.12.2003] Јапонија одлучи да го намали воениот буџет за одбрана за 1% наспроти плановите за изградба на систем за противракетна одбрана.

 

Пекинг воведе ограничување за извоз на оружје
[20.12.2003] Еден од најголемите производители и продавачи на оружје во светот, Кина, соошти дека воведува ограничување на продажбата на преку 600 типа оружје или клучни делови за произвдоство на софистицирани оружја, вклучувајќи го и нуклеарното.

 

САД нема да ја исплатат наградата за предавањето на Садам
[20.12.2003] Директорот на разузнуивањето на Првата бригада на Четвртата пешадиска дивизија на американските сили во Ирак, мајор Стен Марфи, ја исклучи денеска можноста да биде исплатена ветената награда од 25 милиони долари на човекот кој го предаде ирачкиот диктатор Садам Хусеин.

 

100 жртви во лизгање на земјиште на Филипини
[20.12.2003] Околу 100 лица го загубија животот или се сметаат за исчезнати во лизгањето на земјиштето поради обилните дождови на островот Лејте во централниот дел на Филипините, соопштија денеска филипински официјални претставници.

 

Убиена поранешната функционерка на БААС партијата
[20.12.2003] Поранешната функционерка на БААС партијата на Садам Хусеин, Џамија Абас и нејзиниот петгодишен син се убиени утринава пред нивната куќа во шиитскиот град Наџаф.

 

Експлозии на четири нафтоводи во Ирак
[21.12.2003] Силни експлозии одекнаа денеска на четири нафтоводи во близина на градот Тикрит, северно од Багдад, јави катарската телевизија Ал Џезира.

 

200 лица загинати или исчезнати во лизгање на земјиште на Филипините
[21.12.2003] Најмалку 200 лица го загубија животот или се водат како исчезнати во лизгањето на земјиштето во централните и јужните области на Филипините, предизвикани од обилните дождови кои паѓаа деновиве.

 

Келијата на Садам наредена со слики на неговите синови и Буш
[22.12.2003] На еден од ѕидовите во ќелијата на уапсениот поранешен ирачки претседател Садам Хусеин се наредени портретите на 38 припадници на поранешната ирачка власт, уапсени или убиени од сојузничките сили, меѓу кои се и неговите синови Удај и Кусај, јави денеска американската телевизија CBS.

 

Ферибот со 70 лица исчезна во морето на Филипините
[22.12.2003] Ферибот, на кој се наоѓале повеќе од 70 лица исчезна во морето во јужниот дел на Филипините, откако екипажот јави дека поради силната бура бродот почнал да се полни со вода, соопшти филипинската крајбрежна стража.

 

Иванов: „Нуклеарното оружје е гарант за руската безбедност“
[22.12.2003] „Единствено нуклеарното оружје може да го обезеди суверенитетот и независноста на земјата„ - изјави министерот за одбрана на Руската федерација Сергеј Иванов.

 

САД го зголемија степенот на воена готовност
[22.12.2003] Американската Влада синоќа го зголеми степенот на воена готовност на „портокалов„ односно втор од скалата со пет степени, поради можни терористички напади во САД или на американски цели во странство.

 

11 лица загинаа во судир на 2 автобуси во Гватемала
[22.12.2003] Најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои и 3 деца, а 20 лица се повредени, во директен судир на 2 автобуси во јужниот дел од Гватемала, соопштија денеска локалните спасувачки служби.

 

Убиени двајца полицајци во Грозни
[22.12.2003] Непозната група напаѓачи синоќа отворила оган врз едно кафуле во чеченскиот главен град Грозни, при што убила двајца полицајци, јави изутринава руската агенција Риа новости, повикувајќи се на чеченското Министерство за внатрешни работи.

 

Израелските командоси одбиваат учество во акции вон Израел
[22.12.2003] Околу 15 припадници на елитните единици на израелската војска одбија во иднина на спроведуваат воени акции на палестински територии, јави Израелската приватна телевизија.

 

Британски печат: „Тајни преговори со Иран и Сирија“
[22.12.2003] Прашањето на кој начин одлуката на Либија да се откаже од програмата за развој на оружјето за масовно уништување ќе влијае врз останатите земји, апсењето на ирачките бунтовници и подготовките на доказниот материјал за судењето на Садам Хусеин, како и зголемениот степен на воена опасност од терористички напад во Америка, се главните теми на кои што лондонскиот печат денеска им посветува најголемо внимание во надворешно-политичките рубрики.

 

Либија ќе дозволи ненајавени посети на инспектори на ОН
[22.12.2003] Либија е подготвена да потпише дополнителен протокол кон Спогодбата за неширење на нуклеарно оружје, со што на инспекторите на Обединетите нации ќе им биде дозволено ненајавено да ја посетат оваа земја, со цел да извршат контрола на нејзините нуклеарни потенцијални, изјави денеска либискиот премиер Шокри Ганем.

 

Пакистан и Индија ќе ги обноват заедничките погранични патроли
[22.12.2003] Пакистан и Индија се договорија од средината на следниот месец да ги обноват заедничките патроли долж границата меѓу двете земји, јавија денеска пакистански медиуми.

 

Експлозија на 2 бомби пред куќата на Романо Проди
[22.12.2003] 

Две мали бомби од рачна изработка експлодираа синоќа во кантите за смет покрај домот на претседателот на Европската комисија Романо Проди, без да предизвикаат материјална штета, ниту човечки жртви, објави денеска полицијата во Болоња.

 

Две лица загинаа во земјотрес во Калифорнија
[23.12.2003] Две лица загинаа, а околу 50 се повредени во вчерашниот силен земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди централниот и јужниот дел на американската сојузна држава Калифорнија.

 

Во Лондон осуден Албанец за шверц на луѓе од Балканот
[23.12.2003] Еден емигрант од Албанија кој бил на листата на оние што очекуваат да добијат политички азил во Велика Британија е осуден од лондонскиот Суд поради организирање на шверц на луѓе од Балканот и ширење на мрежата на проституција низ земјата.

 

Џексон организираше журка по повод враќањето во „Недојдија“
[23.12.2003] Oколу 600-тина луѓе присуствувале на журката која американскиот пејач Mајкал Џексон ја ораганизирал по повод враќањето на на својот ранч „Недојдија“.

 

Убиени 3 лица на пазарот во Грозни
[23.12.2003] Тројца луѓе се убиени денес на пазар во центарот на Грозни, кога непознато лице со пиштол стрелало врз група полицајци, соопшти руското министерство за внатрешни работи.

 

6 загинати во Русија во работилница за црковни предмети
[23.12.2003] Шест работници загинаа, а 10 се повредени во денешната експлозија во една работилница за црковни предмети од благодарни метали во јужниот руски град Рилск, во близина на Курск.

 

Во Австрија се запалил воз со течен метан
[23.12.2003] Во близина на градот Химберг, југоисточно од Виена, денеска се запалил воз што превезувал 780 тони течен метан кој помешан со воздух може да создаде експлозивна материја.

 

Уапсени 7 лица во врска со нападот на Ахмед Махер
[23.12.2003] Израелските сили за безбедност синоќа во источен Ерусалим уапсиле седум лица поврзани со вчерашниот напад врз египетскиот министер за надворешни работи Ахмед Махер.

 

Странците при влез во САД ќе оставаат отпечатоци
[23.12.2003] Американското министерство за безбедност соопшти дека од петти јануари идната година на 115 меѓународни аеродроми и на 14 пристаништа ќе почне да се применува новата програма за надзор на странските посетители.

 

Приведени 7 Палестинци за нападот врз египетскиот министер Махер
[23.12.2003] Израелската полиција приведе 7 палестинци после нападот врз египетскиот министер за надворешни работи Ахмед Махер. Министерот бил нападнат од радикални Палестинци додека бил во посета на џамијата Ал Акса, по што бил прененесен во болница.

 

3 убиени и 19 повредени Палестинци во областа Рафа
[23.12.2003] Tројца палестинци се убиени а 19 повредени од кои 4 посеризоно, при упад на израелските војници во областа Рафа, јужно од појасот Газа.

 

Прв случај на „кравјо лудило“ во САД
[24.12.2003] Во САД вчера официјално е регистриран прв случај на болеста „кравјо лудило“. Како што соопшти синоќа американскиот секретар за земјоделство Ен Венеман, станува збор за крава од една фарма во сојузната држава Вирџинија, кај која болеста е официјално потврдена.

 

Ракета „Касам“ експлодира во израелскиот град Сдерот
[24.12.2003] Ракета од типот „Касам“ предизвика експлозија во израелскиот град Сдерот, при што нема жртви и не е причинета материјална штета.

 

Калифорнија стравува од терористички напади
[24.12.2003] Гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер синоќа соопшти дека во оваа американска сојузна држава е воведен максимален степен на готовност, поради можни терористички напади.

 

4 жртви и 20 повредени во експлозија во ирачкиот град Ербил
[24.12.2003] Најмалку четири лица загинаа, а 20 се повредени во денешната експлозија на автомобил-бомба во северноирачкиот град Ербил.

 

Во Русија почна кампањата за претседателските избори
[24.12.2003] Руската Централна изборна комисија денеска ја започна регистрацијата на кандидатите за изборите за претседател закажани за 14 март идната година, со што во Русија официјално започнува претседателската изборна кампања.

 

Руската војска уништи група терористи во Чеченија
[24.12.2003] Голема банда терористи, меѓу кои имало и странци, е уништена во Чеченија, изјави помошникот на рускиот претседател Сергеј Јастржембски.

 

Во Германија регистрирани 40 степени под нулата
[24.12.2003] Во Германија изминатата ноќ беа регистрирани рекордни 39,8 степени Целзиусови под нулата, што е најниската температура измерена оваа зима.

 

Израел ја забрзува изградбата на контроверзната ограда
[24.12.2003] Изградбата на безбедносната ограда на Западниот брег ќе се забрза следната година и ќе стане „најголем градежен проект“ кој Израел некогаш го направил, изјави денеска заменик-началникот на израелскиот генералштаб Габи Ашкенази.

 

Серија ракетни напади во Багдад
[25.12.2003] Еден американски војник беше убиен утрово во Багдад, при експлозија на рачно изработена експлозивна направа.

 

156 жртви во експлозија на природен плин во Кина
[25.12.2003] Најмалку 165 лица ги загубија животите во експлозија во наоѓалиште на природен плин во југозападна Кина, јави денеска државната новинска агенција Ксинхуа.

 

Европската вселенска сонда „Бигл 2“ не воспостави контакт со Земјата
[25.12.2003] Британските научници кои во контролата на летањето, што се наоѓа во северен Лондон ја следат вселенската сонда „Бигл 2“, соопштија дека не успеале да добијат сигнал од леталото, па затоа и не знаат дали тоа воопшто се спуштило на планетата Марс.

 

Еквадор со највисока елка на светот
[25.12.2003] Највисоката божиќна елка во светот, висока 92 метри, поставена на метална конструкција се наоѓа на крајбрежниот булевар во еквадорскиот пристанишен град Гвајакил.

 

Болната крава од „кравјо лудило“ не е увезена од САД
[25.12.2003] Националната Управа за храна и лекови на Соединетите Американски Држави (САД) синоќа соопшти дека кравата од државата Вашингтон се заразила со „кравјо лудило“ во своето стадо и оти не е увезена.

 

Нов обид за атентат врз Первез Мушараф
[25.12.2003] Најмалку 14 лица загинаа, а 46 се повредени во обидот за атентат врз пакистанскиот претседател Первез Мушараф во пакистанскиот град Равалпинди, соопштија официјални претставници во Исламабад.

 

Најмалку 111 заагинати во авионска несреќа во Бенин
[26.12.2003] Најмалку 111 лица загинаа при вчерашното уривање на авионот Боинг 727 во водите на Атлантскиот Океан непоредно по полетувањето од аеродормот во Котону, соопшти денеска бенинскиот министер за сообраќај Хамед Акоби.

 

Инепендент: „Американците живеат во страв од лудите крави“
[26.12.2003] Иако болеста „луди крави“ е засега локализирана на еден земјоделски имот во државата Вашингтон, во земјата на каубојците и бифтекот вистинска лавина критики се урива врз администрацијата на претседателот Џорџ Буш, пишува денеска бротанскиот весник „Индипендент“.

 

Лажна закана за напад на амбасадата на САД во Хаг
[26.12.2003] По телефонска закана, холандските полициски и антитерористички единици ноќеска за кусо време го затворија реонот околу американската Амбасада во Хаг.

 

Се уште не е воспоставен контакт со „Бигл 2“
[26.12.2003] Научниците од британската астрономска опсерваторија „Џодрел банк“ во Чешир по втор пат не успеаја да воспостават контакт со европската вселенска сонда „Бигл 2“ и да го потврдат нејзиното слетување на Марс.

 

6.000 загинати во земјотрес во Иран
[26.12.2003] Повеќе од 6.000 луѓе загинале, а околу 30. 000 се повредени во силниот земјотрес кој го погоди изутринава древниот град Бам во југоисточен Иран.

 

Затрупан детски камп при лизгање на земјиштето во Калифорнија
[26.12.2003] Најмалку 10 лица се водат како исчезнати откако при лизгање на земјиштетото е затрупан еден детски камп во американската сојузна држава Калифорнија.

 

Напад врз воена база на САД во Ирак
[26.12.2003] 2-ца американски војници загинаа ноќеска, а 4 други се повредени, при напад врз базата на Армијата на САД во ирачкиот град Бакуба, на 60 километри од Багдад.

 

Анан: „Сиромаштијата и болестите се закана за светскиот мир“
[26.12.2003] Американската воена интервенција во Ирак го одвлече вниманието од проблемите како што се сиромаштијата, гладот и болестите, со кои светот мора да се позанимава, бидејќи претставуваат закана за светскиот мир, порача синоќа генералниот секретар на ОН Кофи Анан.

 

Продолжува операцијата „Железна правда“
[26.12.2003] Во рамките на операцијата „Железна правда“ во Ирак во последното деноноќие се уапсени 66 лица.

 

25.000 жртви во земјотресот во Бам
[27.12.2003] Спасувачките екипи интензивно бараат преживеани по катастрофалниот земјотрес што вчера го погоди југоисточниот дел на Иран, обидувајќи се, барем малку, да го намалат трагичниот биланс.

 

20 жртви во новите напади во Ирак
[27.12.2003] Најмалку 20 припадници на коалиционите сили во Ирак загинаа денеска откако ирачки бунтовници извршија напади во јужниот град Карбала, соопшти американски воен портпарол.

 

Најмалку 26 рудари загинаа во Кина
[27.12.2003] Најмалку 26 рудари загинаа во пожар што изби во рудник на северот од Кина, додека десет успеале да се спасат, јавија кинеските медиуми.

 

Пронајдени 1.000 преживеани под урнатините во Бам
[28.12.2003] Околу 1.000 преживеани се извлечени денеска и вчера под урнатините на иранскиот град Бам, кој во петокот беше погоден од катастрофален земјотрес.

 

Најмалку 24 лица починаа од студ во Индија
[28.12.2003] Најмалку 24 лица починаа од студ во изминатите 2 дена во северна Индија, откако температурата се спушти до минус 13,7 Целзиусови степени.

 

4 загинати во автомобил-бомба во Кабул
[28.12.2003] Најмалку 4 лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба што се случи денеска во близина на аеродромот во Кабул, соопштија властите во Авганистан.

 

Нов бомбашки напад во Ирак
[28.12.2003] Еден американски војник и две ирачки деца загинаа во два бомбашки напада што се случија денеска во центарот на Багдад.

 

150 деца починаа од студ во Бангладеш
[28.12.2003] Најмалку 150 деца починале во изминатата недела поради воспаление на белите дробови, како последица на студот што го погоди северен Бангладеш, јавуваат агенциите.

 

Бремер демантира дека Ирак поседува тајни хемиски лаборатории
[28.12.2003] Шефот на американската цивилна администрација во Багдад Пол Бремер ги демантира тврдењата на британскиот премиер Тони Блер дека во Ирак се откриени тајни лаборатории за производство на хемиско оружје.

 

Оскар Бергер нов претседател на Гватемала
[29.12.2003] Оскар Бергер, кандидатот на конзервативната десна партија Голем национален сојуз и поранешен градоначалник на главниот град на Гватемала, е нов претседател на оваа централноамериканска држава.

 

Најмалку 30.000 жртви во земјотресот во Иран
[29.12.2003] Повеќе од 30.000 тела пронајдени под урнатините во историскиот град Бам и околниот регион во југоисточен Иран, е најновиот трагичен биланс од катастрофалниот земјотрес, што го погоди ова подрачје во петокот.

 

Смртна казна за вицегувернер во Кина за земање мито
[29.12.2003] Поранешниот вицегувернер на кинеската провинција Анхуи, Ванг Хваизонг денеска е осуден на смрт, поради тоа што примал мито и затоа што немал покритие за имотот кој многу ги надминувал неговите примања.

 

„Ал- шарк Ал- авсат“: „Садам признал многу валкани работи“
[29.12.2003] Ирачкиот претседател Садам Хусеин признал „многу валкани работи“, пишува денеска саудискиот весник „Ал- шарк Ал- авсат“. Хусеин ги признал имињата и организациите на кои им доверил да ги чуваат средствата, како и имињата на групите што имаат податоци за магацините со оружје.

 

Мајкл Џексон ги отфрли обвинувањата против него
[29.12.2003] Поп пеачот Мајкл Џексон ги отфрли обвинувањата против него и ја обвини калифорниската полицијата за злоупотреба.

 

Американците убија 3 ирачани припадници на Ансар ал Ислам
[29.12.2003] Американски војници во операција во северноирачкиот град Мосул убија тројца ирачани, осомничени дека се членови на терористичката група Ансар ал Ислам.

 

Жртви на студ во Индија
[30.12.2003] Дваесет и едно лице ноќеска го загуби животот како последица на студениот бран што во изминатава недела ја зафати северна Индија, соопштија денеска официјални претставници.

 

Потврден нов случај на САРС во Кина
[30.12.2003] Нов случај на тешкиот респираторен синдром САРС е регистриран во кинескиот град Кантон.

 

Деактивирано писмо-бомба во Хаг
[30.12.2003] Припадниците на специјалната единица на холандската полиција синоќа деактивираа писмо-бомба испратено до главниот штаб на интерпол во Хаг.

 

САД препорачуваат авио компаниите да имаат вооружен агент во авионот
[30.12.2003] САД им препорачаа на авио компаниите во одредени случаи задолжително да имаат вооружен агент во авионот.

 

Кина и ЕУ започнаа со заедничка вселенска мисија
[30.12.2003] Кина и ЕУ започнаа со заедничка вселенска мисија за проучување на магнетните полиња на земјата.

 

Јап де Хоп Шефер нов генерален секретар на НАТО
[30.12.2003] Јап де Хоп Шефер на 5. јануари стапува на должноста генерален секретар на Северноатлантската алијанса со што ќе го замени Лорд Џорџ Робертсон.

 

Ограничен авиосообраќајот над Њујорк и Лас Вегас
[31.12.2003] Небото над Њујорк, Лас Вегас и некои други американски градови за време на новогодишната ноќ ќе биде затворено за сообраќај за некои авиони, а контролата над градовите ќе ја спроведуваат ловци на американското воено воздухопловство.

 

МААЕ бара контрола на бразилски нуклеарни капацитети
[31.12.2003] Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) побара од Бразил да им дозволи на инспекторите на Агенцијата непречано да можат да вршат контрола врз нуклеарните капацитети во земјата и истовремено настојува Бразил и останатите земји што имаат нукеларни амбиции да потпишат дополнителен договор за неширење на нуклеарно оружје.

 

Спасувачките екипи се откажуваат од потрагата по преживеани во Иран
[31.12.2003] Во Иран денеска пристигнаа тони хуманитарна помош, додека властите се борат да ги подобрат животните услови за десетици илјади преживеани во катастрофалниот земјотрес кој пред 5 дена го погоди Бам, во кој загинаа најмалку 30.000 луѓе.

 

Тајванскиот претседател го потпиша законот за референдум
[31.12.2003] Тајванскиот претседател Чен Шуј-бјан го потпиша законот за одржување на референдум, со што официјално е отворен патот за јавно изјаснување по барањето за повлекување на кинеските ракети насочени кон овој Остров што Пекинг го смета за интегрален дел на својата територија.

 

Кина најавува истражувачки мисии во вселената
[31.12.2003] Кинеската вселенска програма во наредните две години планира да испрати уште еден космонаут во Веселената и да изврши низа истражувачки мисии на Месечината, соопшти денеска претставник на Кинеската национална агенција за вселенски истражувања.

 

Ирска 2004-та ја започнува како претседател на ЕУ
[31.12.2003] Ирска од Италија утре ќе го преземе претседавањето со Европската унија, шестмесечен период во кој се очекува најмалку еден историски настан.

 

Светот се подготвува да ја дочека Новата 2004 Година
[31.12.2003] Жителите на Берлин се подготвуваат да ја дочекаат Новата година со прослава насловена „Добредојде 2004“ крај Брандербуршката порта.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk