Дома Сопранови
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Ноември 2003

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 

АРХИВА: Свет, Ноември 2003


 

11 лица во Судан загинаа во наезда на скакулци
[01.11.2003] Единаесет лица загинаа, а 1.685 беа хоспитализирани со симптоми на астма, како последица на облаците од скакулци, кои го прекрија централниот дел на Судан, пишува денеска суданскиот владин весник „Ан Анбаа“.

 

40 загинати во судири во Авганистан
[01.11.2003] Околу 40 лица загинаа денеска во провинцијата Хелманд во Авганистан за време на судирите меѓу авганистанската полиција и воената формација на поранешниот воен командант Мохамед Идрис.

 

Палестинците подготвени за преговори со Израел
[01.11.2003] Шефот на палестинскиот преговарачки тим Саеб Ерекат изјави денеска дека палестинските власти се подготвени за сериозни преговори со Израел.

 

Автомобил влета во салата во која Буш држеше говор
[01.11.2003] Еден автомобил влета денеска во салата во Саутхевн, во Мисисипи, откако американскиот претседател Џорџ Буш го заврши говорот за поддршка за кандидатите на Републиканската партија.

 

Земјотрес во североисточна Јапонија
[02.11.2003] Земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска североисточниот дел на Јапонија, јави јапонската метеоролоша служба, не наведувајќи дали има жртви и материјална штета.

 

Хитроу блокиран поради штрајк на вработените
[02.11.2003] Неколку стотини товарни работници и службеници во лондонскиот аеродром Хитроу, кој е еден од најголемите во Европа, почнаа денеска 48-часовен штрајк, кој се очекува дека ќе предизвика пореметување во сообраќајот на околу 20 авиокомпании.

 

22 жртви во сообраќајна несреќа во западна Индија
[02.11.2003] Најмалку 22 лица загинаа, а 30 се повредени во западна Индија, кога автобусот со кој патувале излетал од патот во еден планински дел и паднал во амбис, јавуваат денеска индиските медиуми.

 

Буш ја губи поддршката кај граѓаните
[02.11.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш се повеќе ја губи поддршката од граѓаните на САД, покажуваат денеска објавените резултати од истражувањето на јавното мислење, спроведено од „EBS-news“ и „Washington Post“.

 

Соборен американски хеликоптер во Ирак
[02.11.2003] Најмалку 15 Американски војници загинаа а 21 е ранет во најкрвавиот напад врз окупационите сили предводени од САД - откако пред 6 месеци американскиот претседател Џорџ Буш прогласи крај на големите воени операции во Ирак.

 

Парламентарни избори во Грузија
[02.11.2003] Во Грузија денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои за 225 пратенички места се пријавени 3.700 кандидати.

 

Нови судири во Појасот Газа
[02.11.2003] Припадниците на израелската армија изутринава во Појасот Газа убија еден, а ранија двајца Палестинци, кои влегле во забранетата зона на граничниот пункт Суфа, источно од местото Кан Јуни, тврдат палестински безбедносни извори.

 

Уапсена жената која влета во зградата каде Буш држеше говор
[02.11.2003] Припадниците на американските сили за безбедност ја уапсија жената која вчера, удри со автомобил, во спортскиот комплекс во градот Саутхевн, во сојузната држава Мисисипи, каде американскиот претседател Џорџ Буш имаше обраќање пред членовите на Републиканската партија.

 

Богатството на Садам
[02.11.2003] Садам Хусеин имал околу седумдесет палати. Градел маркантни и гламурозни зданија. Уживал во раскош и богатсво. Ги имал на неколку места во Ирак. Тоа е комплекс од една голема централна палта и неколку помали. Сместени се околу езеро порибено со пастрмки. Сега ова место е воена база.

 

Избран првиот бискуп хомосексуалец
[03.11.2003] Во американската држава Њу Хемпшир синоќа за бискуп на англиканската Епископска црква е избран Џин Робинсон, кој е првиот деклариран хомосексуалец на толку висока функција во христијанска црква во светот.

 

САД водат кампања за забрана на клонирање луѓе
[03.11.2003] САД во Генералното собрание на ОН водат кампања за усвојување резолуција за започнување преговори за договорот за забрана на сите форми на клонирање луѓе и покрај тоа што 23 држави се против и се залагаат за легализирање на клонирањето.

 

Ирански новинари ги обвинуваат американците за тортура
[03.11.2003] Двајцата ирански новинари кои работеле за националната телевизија денеска по четири месеци притвор од американските сили во Ирак изјавија дека додека биле в затвор биле изложени на „силна тортура“.

 

Ирак според експертите започна герилска војна
[03.11.2003] Во Ирак почна герилска војна, на што потврдуваат најновите напади врз сојузничките сили, а зад кои стојат добро обучени борци и современо вооружување, оценуваат американски воени претставници.

 

Хамас не прифаќа едностран прекин на огнот
[03.11.2003] Радикалната палестинска организација Хамас денеска ја исклучи можноста од едностран прекин на огнот, но најави дека нападите би можеле да бидат ограничени врз израелски војници и еврејски доселеници на палестинските територии, доколку и Израел престане со напади врз палестински цивили.

 

66 загинати во поплави во Суматра
[03.11.2003] Според најновите податоци, во поплавите на индонезискиот остров Суматра се удавија најмалку 66 лица, а повеќе десетици се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

 

Судир меѓу работниците и полицијата во Бангладеш
[03.11.2003] Едно лице загина, а 200 се повредени во судирот меѓу работниците и полицијата во градот Нарајангањ, во близина на главниот град на Бангладеш, Дака.

 

Најавени демонстрации по повод посетата на Буш на Британија
[03.11.2003] Тридневната официјална посета на американскиот претседател Џорџ Буш на Велика Британија, како гостин на кралицата Елизабета втора, може да му донесе многу повеќе проблеми отколку задоволство на премиерот Тони Блер, на чија иницијатива се организира посетата, пишува денешен „Гардијан“.

 

Човекот можеби е создаден од земја
[03.11.2003] Најновите откритија на научниците речиси да ги поддржуваат верските уверувања дека животот е создаден од глина - како што проповедаат голем број религиозни учења.

 

Бродот „Аурора“ се упати кон Гибралтар
[03.11.2003] На британскиот патнички брод „Аурора“ со повеќе од 430 патници заразени од стомачен вирус, поради брзото ширење на болеста грчките власти само му дозволија да се приближи до пристаништето Пиреја за да се снабди со лекови. По укажаната лекарска помош и достава на лекови од британски медицински персонал кои специјално пристигнаа од Лондон во Атина бродот се упати кон Гибралтар.

 

Буш: „САД нема да побегнат од Ирак“
[04.11.2003] „САД никогаш нема да побегнат од Ирак и да се повлечат пред нападите на непријателот“, изјави американскиот претседател Џорџ Буш во синоќешниот говор во Бирмингем.

 

Брисел: Новите членки не се подготвени за ЕУ
[04.11.2003] Шест месеци пред проширувањето на ЕУ, ниту една од десетте земји-кандидати не е подготвена за влез во Унијата, оценува Европската комисија во годишниот извештај за напредокот на новите членки, пишува францускиот весник „Фигаро“.Документот од 60 страници официјално ќе биде претставен утре пред Европскиот Парламент.

 

Именуван нов претседател на „Јукос“
[04.11.2003] Американскиот државјанин од руско потекло Симон Кукес, експерт во нафтениот сектор, е именуван за претседател на управата на нафтената компанија „Јукос“, на местото на Михаил Ходорковски, кој во понеделникот поднесе оставка, објавија денеска претставници на компанијата.

 

Експлозија во турската амбасада во Хаг
[04.11.2003] Експлозија на бомба денеска избувна во дворот на турската Амбасада во Хаг без да предизвика жртви.

 

Зголемена воената помош од САД за Израел
[04.11.2003] Белата куќа од американскиот Конгрес ќе побара за Израел да бидат одобрени 2,22 милијарди воена помош за фискалната 2005 година, што е за 60 милиони повеќе отколку што беше одобрено за 2004 година, соопшти Стејт департментот.

 

Ходорковски поднесе оставка од функцијата во „Јукос“
[04.11.2003] Претседателот на рускиот нафтен гигант „Јукос“, Михаил Ходорковски, кој беше уапсен на 25 октомври, под обвинение дека затајувал данок и оти со финансиски малверзации ја оштетил државата за милијарда долари, поднесе оставка на раководната позиција во компанијата.

 

Русија не размислува за нејзино воено присуствo во Ирак
[04.11.2003] Русија засега дури и не ја разгледува можноста за испраќање воен контингент во Ирак, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервјуто за италијанските медиуми пред почетокот на официјалната посета на Италија.

 

Се скрши најголемата санта мраз на светот
[04.11.2003] Најголемата санта мраз на светот на Антарктикот се преполови на половина поради силна бура, пишува денеска весникот „Антарктик сан“.

 

НВО бараат од ООН поголема контрола на кршењето на човековите права
[04.11.2003] „Амнести интернешнал“, „Хјуман рајтс воч“ и уште девет невладини организации, од Организацијата на обединетите нации побараа воспоставување на траен механизам за истражување на кршењето на човековите права во името на борбата против тероризмот.

 

САД со критики до ЕУ за меѓународниот кривичен суд
[04.11.2003] Државниот потсекретар на САД Џон Болтон ја обвинил ЕУ дека ги става во незгодна позиција државите кои ќе склучат билатерален договор со САД за изземање на американските граѓани од Меѓународниот кривичен суд, со инсистирање оти не смее да го поткопуваат авторитетот на Судот, пишува лондонски „Индепендент“.

 

Новите напади на американските сили претходно испланирани
[04.11.2003] Во првите четири дена од ноември, откако беше најавен почетокот на герилската војна во Ирак, во оваа држава загинаа 22 американски војници.

 

Ранети 4 американски војници во Авганистан
[05.11.2003] Четворица американски војници се повредени во престрелка во југоисточниот дел на Авганистан со лица за кои се верува дека се талибански милитанти, соопшти денеска портпаролот на американските сили полковник Родни Дејвис.

 

Јужна Кореја распоредува ракети во тампон зоната
[05.11.2003] Од следниот месец Јужна Кореја ќе почне со распоредување ракети од американско производство со кои ќе можат да се погодат цели во Северна Кореја, соопшти денеска претставник од Министерството за надворешни работи во Сеул.

 

Двајца починати на британскиот брод „Аурора“
[05.11.2003] Две патнички од британскиот брод „Аурора“, кој беше погоден од „Норовирус генотип два“ починаа поради проблеми со срцето, соопшти сопственикот на бродот.

 

САД ќе повлечат 30.000 војници од Ирак
[06.11.2003] Американската армија се надева дека до мај наредната година од Ирак ќе повлече 30.000 војници, изјави синоќа заменикот на шефот на Генералштабот на САД генералот Питер Пајс.

 

Убиен полски офицер во Ирак
[06.11.2003] Полски офицер денеска беше убиен при напад врз полскиот воен контингент во околината на ирачкиот град Ал Мусаи.

 

Мајкал Хаурд нов лидер на британските конзервативци
[06.11.2003] Мајкал Хауард, доскорешен министер за финансии во конзервативната „Влада во сенка“, е избран за нов лидер на британската Конзервативна партија, по оставката на досегашниот партиски шеф Јан Данкан Смит, кој ја загуби подршката на својата пратеничка група во Парламентот.

 

Тестирања за можна вакцина против сида
[06.11.2003] Во Јужна Африка оваа недела почнаа првите тестови за можната вакцина против сида за да се утврди нејзината сигурност и имунолошките реакции на организмот, објави весникот „Стар“.

 

Судири меѓу турската армија и курдските бунтовници
[06.11.2003] Двајца кудски бунтовници и еден турски војник загинаа во судири во југоисточна Турција, јавија денеска локалните медиуми повикувајќи се на претставник на турските служби за безбедност.

 

Во Индија изгореа 21 берач на чај
[06.11.2003] Најмалку 21 берач на чај изгореле живи во источната индиска провинција Западен Бенгал, соопшти денеска локалната полиција. Инцидентот се случил на плантажата за чај Далгаон, а меѓу изгорените има 19 мажи и две жени.

 

„Аурора“ вплови во Саутхемптон
[06.11.2003] Британскиот брод за туристички крстосување „Аурора“, на кој се појави сериозна епидемија на стомачен вирус, денеска вплови во англиското пристаниште Саутхемптон, каде патниците во моментов го напуштаат бродот, соопшти компанијата „П&О“, сопственик на бродот.

 

Шест жртви во пожар во Германија
[06.11.2003] Шест лица, меѓу кои и три деца, загинаа денеска при пожар во една станбена зграда во германскиот град Јулих.

 

На Сонцето се случи најголемата експлозија досега
[06.11.2003] Завчера вечер се случи најголемата експлозија на Сонцето која досега е забележана во историјата. Активниот сончев регион познат под ознаката 10486, за само неколку дена беше извор на неколку големи експлозии. Самиот регион е еден комплекс од сончеви пеги кој има пречник колку планетата Јупитер, или колку 10 пречници на Земјата.

 

Нов лидер на козервативците во Британија
[06.11.2003] Денес Британската опозиција едногласно го избра конзервативецот Мајкл Хауард за лидер на Ториевците.Со изборот на Хауард конзервативците се надеваат дека ќе можат да се консолидираат и да ги зголемат своите шанси да ги победат лабуристите на Тони Блер на следните избори во 2005.

 

Американскиот сериски убиец ја избегна смртната казна
[06.11.2003] Најгрозоморниот сериски убиец во САД, Гери Ригвеј, кој пред судот во Вашингтон призна дека убил 48 жени нема да биде осуден на смрт бидејки на полицијата и помогна да ги пронајде телата на убиените. Сепак на Ригвеј, познат како убиецот од „Зелената река“, му се заканува доживотен затвор без можност за помилување.

 

Буш го потпиша законот за забрана на абортус
[06.11.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш го потпиша законот со кој се забранува абортус во последните фази на бременоста, дури и ако бременоста го загрозува животот на мајката или на детето. Сличен закон првпат е донесен во 1995 година, но поранешниот американски претседател Бил Клинтон стави вето, со образложение дека со него не се води сметка за здравјето на мајката.

 

Хронологоја на најголеми напади во Ирак
[07.11.2003] Во продолжение следува хронологија на некои од поголемите напади во Ирак откако американскиот претседател Џорџ Буш на 1 мај објави крај на војната.

 

Убиени 4-ица Палестинци во Појасот Газа
[07.11.2003] Четворица Палестинци, меѓу кои и едно дете, загинаа денеска во три одвоени инциденти во Појасот Газа.

 

Соборен американски хеликоптер во Багдад
[07.11.2003] Шест лица загинаа при денешното уривање на американски воен хеликоптер од типот УХ-60 Блекхок во близината на базата на Армијата на САД кај ирачкиот град Тикрит.

 

Ограбени канцелариите на Сорос во Москва
[07.11.2003] Маскирани лица синоќа упадна во кацелариите на Институтот „Отворено општесто“ на Џорџ Сорос во Москва, запленувајќи документи и комјутери, соопшти денеска адвокатот на Фондацијата Павел Кузмин, дополнувајќи дека упадот е мотивиран од имотно-правен спор.

 

Повлечени претставниците ООН од Багдад
[07.11.2003] Сите претставници на ООН во Багдад вчера се евакуирани и префрлени на Кипар, каде ќе останат се додека во главниот град на Ирак не бидат испитани безбедносните услови и не бидат превземени ефикасни мерки за заштита на перосналот на ООН, потврдено е во седиштето на ООН.

 

Во Лондон пронајдени предмети украдени од ирачки музеи
[07.11.2003] Во Лондон се пронајдени предмети кои се украдени од ирачките музеи во Багдад, соопшти британската полиција.

 

САД отфрлиле Ирачка мировна понуда
[07.11.2003] Вашингтон ја отфрли ирачката понуда за мировни преговори само неколку дена пред почетокот на инвазијата на оваа земја, на 19.март, тврди американската мрежа „ABC news“.

 

Борба за превласт меѓу Блер и Браун
[07.11.2003] Битката за превласт и доминација во британската Влада меѓу премиерот Тони Блер и неговиот министер за финансии Гордон Браун достигна кулминација откако Блер го организира целиот свој Кабинет за да се постави против Браун околу спорното прашање за воведувањто на систем на лични карти во Велика Британија, пишува „Гардијан“ откривајќи дека околу тоа во Владата постои длабока поделеност.

 

Клонирањето ги подели земјите членки на ООН
[07.11.2003] Правниот одбор на Генералното собрание на ООН реши донесувањето на одлука за забрана на клонирање на луѓето да ја одложи за уште две години, јавуваат агенциите.

 

Црвениот крст се повлекува од Багдад и Басра
[08.11.2003] Меѓународниот комитет на Црвениот крст објави дека привремено ги затвора своите канцеларии во Багдад и Басра,а претставниците на Црвениот крст ќе бидат упатени во градот Ербил во северен Ирак, за да извршуваат хуманитарни работи како посети на затвореници.

 

Убиени четворица Палестинци од Израелски војници
[08.11.2003] Израелските војници денеска убија четворица Палестинци во три одделни акции на Западниот Брег и во појасот Газа.

 

Се урна дел музеј во Џенова
[08.11.2003] Осум работници беа извлечени живи од под урнатините при денешното уривање на новиот дел од музејот во Џенова што беше во градба.

 

ООН: „Децата се искористуваат како војници“
[08.11.2003] Илјадници деца се уште се искористуваат како војници во повеќе земји во светот, се вели во извештајот на генералниот секретар на ОН Кофи Анан објавен синоќа во Њујорк.

 

Хакам Балави нов министер за внатрешни работи во Палестина
[08.11.2003] Палестинскиот лидер Јасер Арафат и премиерот Ахмед Кореи се договорија нов министер за внатрешни работи во палестинската влада да биде Хакам Балави, долгогодишен соработник на Арафат.

 

Убиени двајца американски војници во Фалуџа
[08.11.2003] Двајца американски војници загинаа, а неколкумина се повредени во ракетниот напад врз воен конвој на сојузничките сили во близина на ирачкиот град Фалуџа.

 

Можни нови терористички напади на Ал Каеда
[08.11.2003] Aмериканскиот Секретаријат за внатрешни работи предупреди на можноста од терористички напади од страна на терористичката мрежа Ал Каеда. Според Американската разузнавачка служба Ал Каеда планира напади врз транспортни авиони од други земји а кои се осетливи цели на САД-како што се нуклеарната електрана, мостовите и бранит

 

Во сообраќајка во Иран 34 загинати 10 повредени
[09.11.2003] Триесет и четири лица загинаа, а 10 се повредени при судар на патнички автобус и камион што се случи синоќа на патот меѓу градовите Јазд и Табас во централен Иран.

 

Нови напади врз сојузничките сили во Ирак
[09.11.2003] Неколкумина американски војници се повредени, а едно возило е уништено при синоќешниот напад врз воен конвој на сојузничките сили во центарот на Багдад.

 

Парламентарни избори во Јапонија
[09.11.2003] Во Јапонија денеска се одржуваат избори за долниот дом на Парламентот. Околу 102 милиона регистрирани гласачи треба да ги изберат 480-те идни пратеници во долниот дом за што се предложени 1.590 кандидати.

 

Палестинскиот премеир формираше нова Влада
[09.11.2003] Палестинскиот премиер Ахмед Кореи изјави денеска дека формирал нова влада, во која силите за безбедност, кои се клучни во „мировната мапа“, ќе останат под контрола на палестинскиот лидер Јасер Арафат.

 

САД незадоволни од новата Палестинска влада
[10.11.2003] Составот на новата палестинска Влада укажува на тоа дека службите за безбедност се уште се под контрола на претседателот Јасер Арафат, се наведува во соопштението на Стејт департментот издадено по повод изборот на новиот палестински владин Кабинет.

 

17 загинати и 122 повредени во експлозијата во Ријад
[10.11.2003] Во завчерашните терористички напади во Ријад, кога бомбаши-самоубијци облечени во униформи на саудиски полицајци кренаа во воздух возило полно со експлозив во станбен комплекс во кој живеат странци, според последните податоци загинале 17 лица, меѓу кои и пет деца.

 

Судир на војската на САД и курдски бунтовници во Ирак
[10.11.2003] Американските сили се судриле со курдски бунтовници во северен Ирак, изјави денеска турскиот Mинистер за надворешни работи Абдула Ѓул.

 

Бремер: „Во Ирак ќе има се повеќе напади“
[10.11.2003] „Во Ирак ќе има се повеќе напади и се повеќе тероризам, затоа што терористите согледуваат дека стабилизацијата на земјата се движи во посакуваната насока“, изјави цивилниот администратор Пол Бремер во интервју за лондонскиот весник „Тајмс“.

 

6-мина загинати при затворско бегство во Бразил
[10.11.2003] Најмалку шестмина бразилски затвореници се задушиле во одводен канал при обидот за бегство од државниот затвор во Сао Паоло, објави локалната државна служба за безбедност.

 

Пат Кокс со критика до Проди и Берлускони
[10.11.2003] Оставете ги на страна караниците и полемиките на вашите политички симпатизери во Италија, им порача денеска претседателот на Европскиот парламент Пат Кокс, на претседателот на Европската комисија Романо Проди и претседавачот на Европската унија Силвио Берлускони.

 

Нарушен воздушниот простор над Белата Куќа
[11.11.2003] Еден жител на Флорида, кој со авион се враќал во својот дом, вчера го наруши забранетиот воздушен простор над Вашингтон, јавија американсите медиуми.

 

4 во Басра и 6 загинати во Багдад од бомби
[11.11.2003] Четворица Ирачани, од кои двајца полицајци, загинаа, а девет беа ранети во експлозијата на бомба што се случи утринава во Басра, изјави ирачкиот полковник Мохамед Казим ал-Али.

 

11 сепаратисти и 3 цивили загинаа во Кашмир
[11.11.2003] Единаесет исламистички сепаратисти и тројца цивили загинаа во изминатите 24 часа во индискиот административен дел на Кашмир, соопшти полицијата.

 

САД преговараат со 14 земји за испраќање на војници ви Ирак
[11.11.2003] Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд изјави дека САД преговараат со 14 земји за испраќање нивни војници во Ирак и оти во исто време 118.000 Ирачани ја продолжуваат обуката за извршување безбедносни задачи во земјата.

 

Ал Каеда ја презеде одговорноста за нападот во Ријад
[11.11.2003] Терористичката мрежа Ал Каеда ја презеде одговорноста за саботниот напад во Ријад при што загинаа најмалку 18 лица, а над 120 се повредени, објавува арапското списание „Ал Маџала“ кое излегува во Лондон.

 

Лондон поверојатна мета за терористи од Њујорк
[11.11.2003] Опасноста од терористички напади во Лондон е многу поголема отколку во Њујорк или Вашингтон, смета консултанска фирма специјализирана за проучување на ризиците.

 

Конгресмени бараат смена на Рамсфелд
[11.11.2003] Група од над 20 членови на Претставничкиот дом на САД синоќа соопштија дека бараат од американскиот претседател Џорџ Буш да го разреши секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд.

 

Русите би сакале и трет мандат на Путин
[11.11.2003] Мнозинството Руси сакаат Владимир Путин да остане претседател на Русија и по 2008 година, кога би истекол неговиот евентуален втор претседателски мандат.

 

Полската полиција ќе ја спонзорираат приватни фирми
[11.11.2003] Полската Влада успеа во Парламентот да ги „протурка“ измените на Законот со кои се овозможува полицијата да ја спонзорираат приватни компании.

 

Договор за ширење на Европскиот Економски Простор
[11.11.2003] Норвешка, Исланд и Лихтенштајн денеска треба да го потпишат договорот за проширување на Европскиот економски простор со десетте идни земји членки на Европската унија. Шефовите на дипломатиите на трите земји документот треба да го потпишат во Вадуз, престолнината на кнежевството Лихтештајн, кој моментално претседава со Европската асоцијација за слободна трговија и неодамна го блокираше потпишувањето на договорот за проширување на ЕЕЗ.

 

Исклучена руска нуклеарка
[11.11.2003] Нуклеарната централа во рускиот град Волгодонск е затворена денеска поради се уште неутврдени „технички проблеми“.

 

Протести во Германија поради складирање на нуклеарен отпад
[12.11.2003] Германските екологисти организираa утрово серија протести поради пристигнувањето на конвој камиони натоварени со контејнери со радиоактивен отпад во складиштето во градот Горлебен во северна Германија.

 

САД воведе санкција спрема Сирија
[12.11.2003] Американскиот Сенат синоќа усвои Одлука за воведување економски и дипломатски санкции кон Сирија, која Вашингтон ја обвинува дека го поддржува тероризмот.

 

Саудиска Арабија демантира дека уапсила осомничен за нападот во Ријад
[12.11.2003] Саудискиот министер за внатрешни работи принцот Најеф Абдул Азис ал Сауди денеска ги демантираше информациите објавени во некои саудиски медиуми, дека полицијата уапсила неколку лица под сомнение за вмешаност во бомбашкиот напад во саботата во Ријад, при што загинаа најмалку 18 лица.

 

20 загинати во самоубиствен напад во јужен Ирак
[12.11.2003] Најмалку 12 италијански војници и 8 Ирачани, загинаа во експлозијата што денеска одекна во штабот на италијанските карабинери, во јужниот ирачки град Насирија, јавија западните агенции.

 

Земјотрес во Индонезија
[12.11.2003] Земјотрес со интензитет од 5,7 степени по рихтеровата скала ги погоди денеска индонезиските Молучки Острови и островот Сулавеси, но засега нема податоци за евентуалните жртви и материјална штета.

 

Итни консултации за Ирак во Вашингтон
[12.11.2003] Главните советници на американскиот претседател Џорџ Буш, кои го губат трпението поради спороста на ирачките преодни власти, одржаа консултации со американскиот цивилен администратор во Ирак Пол Бремер, кој беше итно повикан во Вашингтон.

 

Американски војници убија 5-мина ирачани
[12.11.2003] Петмина Ирачани се убиени, а четворица ранети синоќа кога американски војници отвориле оган врз камионот во кој Ирачаните се превезувале во Фалуџа, соопшти денеска претставникот на ирачката полиција Асад Абдул Карим.

 

Запленет 1 тон хероин во Пакистан
[12.11.2003] Пакистанските власти запленија над еден тон хероин, по жестоката престрелка со шверцери на дрога во југозападниот дел на земјата во близина на границата со Авганистан.

 

САД замрзнаa банкарски сметки на 15 лица
[13.11.2003] Американското Министерство за финансии соопшти дека ги замрзнало банкарските сметки во САД на 15 лица од Блискиот Исток и од Африка, за кои има докази дека се поврзани со терористичката мрежа Ал Каеда.

 

„Интернешнл Хералд Трибјун“: Крај на ЕУ!
[13.11.2003] „Крај на Европската унија! На дневен ред е француско-германски сојуз?!“, е основниот мотив на серијата статии на француски „Ле Монд“, каде се тврди дека Франција и Германија „разгледуваат проекти за обединување“, пишува денеска влијателниот британски весник „Интернешнл Хералд Трибјун“.

 

ЦИА предупредува ситуацијата во Ирак може да излезе од контрола
[13.11.2003] Белата куќа вчера направила план за забрзување на предавањето на власта на ирачкиот народ, откако претходно ЦИА во извештај предупредила дека војната на ирачките герилци би можела да излезе од контрола, објавува денеска лондонски „Гардијан“.

 

Сирија подготвена за дијалог со САД
[13.11.2003] Сирија е подготвена за дијалог со САД, и покрај одлуката на американскиот Конгрес за воведување санкции кон Дамаск, изјави сирискиот министер за информации Ахмед ал Хасан.

 

Нападот во Насирија ги смени ставовите на Португалија и Јапонија
[13.11.2003] Португалските полицајци кои вчера требаша да им се придружат на италијанските карабинери во Ирак, го сменија првичниот план, поради бомбашкиот напад во Насирија во кој загинаа 27 лица, и денеска ќе се распоредат во Басра.

 

Рекорден воен буџет во САД
[13.11.2003] Сенатот на САД синоќа го одобри буџетот за потребите на американската одбрана за 2004 година, кој изнесува рекордни 401,3 милијарди долари, а со кој е предвидено и изработување на ново нуклеарно оружје со мала моќност.

 

Јавно егзекутирани 13 криминалци во Виетнам
[13.11.2003] Тринаесет лица осудени на смрт за шверц за дрога или за убиства денеска беа јавно егзекутирани во Виетнам.

 

Убиени 2 американски војници во Багдад
[13.11.2003] Еден американски војник загина, а двајца биле повредени, од кој едниот подоцна им подлегнал на повредите, откако нивното возило нагазило на мина во Багдад, потврди портпаролот на Првата оклопна дивизија на американската армија.

 

7 руски војници загинаа во Чеченија
[13.11.2003] Седум руски припадници на силите за безбедност загинале во последните 24 часа во Чеченија, соопшти синоќа неименуван претставник на чеченската администрација, додавајќи дека во овој период бунтовниците извршиле 19 напади.

 

Солана: „Крајно време е за промена на политиката кон Ирак“
[13.11.2003] Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, во интервјуто за германскиот канал ЗДФ оцени дека ситуацијата во Ирак е драматична и крајно време е за промена на политиката кон таа земја.

 

Израелските сили влегоа во Тулкарем
[13.11.2003] Израелските сили синоќа влегле во Тулкарем и во соседниот бегалски логор, јавија агенциите, повикувајќи се на палестински безбедносни извори.

 

Тамилските тигри ќе го почитуваат прекинот на огнот
[13.11.2003] Тамилските тигри денеска соопштија дека ќе го почитуваат прекинот на огнот со Владата на Шри Ланка, и покрај политичката криза која владее на островот.

 

Невреме во Лос Анџелес
[14.11.2003] Силно невреме, проследено со поројни дождови, синоќа го зафати реонот во Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи поплави по улиците.

 

Украински водник загина во Ирак
[14.11.2003] Еден припадник на украинската армија загина во близина на место Ал Азизија во источниот дел на Ирак, соопшти Министерство за одбрана на Украина.

 

Филипинските исламисти масакрираа мајка со шест деца
[14.11.2003] Припадници на сепаратистичкото милитантно движење Фронт за исламско ослободување Моро (МИЛФ) убија една вдовица и нејзините шест деца во местото Калавит, во јужниот дел на Филипини, соопшти денеска генералот Трифонио Саласар.

 

Кинез силувал најмалку 37 стари жени
[14.11.2003] 26-годишен Кинез признал пред полицијата дека силувал најмалку 37 жени, некои од нив и на возраст од 90 години, поради тоа што „биле лесни за контролирање“, соопшти денеска полицијата.

 

Австрија целосно ја укина смртната казна
[14.11.2003] Австрискиот Парламент синоќа го усвои 13. Протокол од Конвенцијата за човековите права на Советот на Европа со што во целост се укинува смртната казна во оваа земја.

 

Грузиската опозиција со ултиматум до Шеврнадзе
[14.11.2003] Лидерот на опозицијата во Грузија побара од претседателот Едуард Шеварнадзе да се појави пред демонстрантите во рок од еден час и доколку не го стори тоа тие нема да го сметаат за претседател.

 

33 загинати во поплави во Виетнам
[14.11.2003] Најмалку 33 лица ги загубија животите, а 16 се водат како исчезнати во поплавите што го зафатија централниот дел на Виетнам, соопштија локалните власти.

 

Започна операцијата „Железен чекан“ во Ирак
[14.11.2003] Ирачкиот главен град синоќа го потресоа експлозии и артилериски оган кога американските сили, втора ноќ по ред, бомбардираа цели на антиамерикански герилски сили во Багдад, во рамките на операцијата „Железен чекан“.

 

Односот на САД навредлив за Британија
[14.11.2003] Претстојната посета на претседателот Џорџ Буш на Лондон е „Најновата епизода во односот кон американската администрација кој е толку едностран што го повредува националното достоинство на Велика Британија“, вели Робин Кук, поранешен британски министер за надворешни работи, а сега жесток критичар на ирачката војна и на политиката на својот партиски лидер Тони Блер.

 

Опожарена еврејска гимназија во Париз
[15.11.2003] Зградата на еврејската гимназија е значително оштетена во пожарот, што рано утринава избувна во предградието на Париз, Гагни, а во инцидентот нема повредени лица, јавија агенцииите повикувајќи се на полициски извори.

 

Британските сили воведоа втор степен на приправност
[15.11.2003] Британските сили за безбедност воведоа втор степен на приправност по предупредувањата за можни нови акции на следбениците на Ал - Каеда.

 

Сингапур не ги повлекува, а Јапонија не испраќа војници во Ирак
[15.11.2003] Сингапур нема да ги повлече своите војници од Ирак и покрај серијата напади на страна на трупите во таа земја, објавува денеска весникот „Стрејт тајмс“, повикувајќи се на тврдењата на висок владин претставник.

 

Тројца американски војници загинаа во Авганистан
[15.11.2003] Тројца американски војници загинаа во источен Авганистан кога нивното возило налета на нагазна мина поставена од екстремистите, соопшти денеска гувернерот на авганистанската провинција Кунар, Сајед Фазл Акбар.

 

Берлускони ја критикува Европа
[15.11.2003] ЕУ има премногу правила што ја гушат економијата поради што Европа заостанува зад САД.

 

49 жртви во поплавите во Виетнам
[15.11.2003] Најмалку 49 лица го загубија животот, девет се сметаат за исчезнати, а 32 се повредени во поплавите предизвикани од обилните дождови во централниот дел на Виетнам.

 

12 загинати во бродска несреќа во Франција
[15.11.2003] Најмалку 12 лица загинаа, а 22 се повредени, од кои десетмина потешко на новиот луксузен брод „Кралица Мери Втора“, кој е вкотвен во француското пристаниште Сен Назер.

 

Израел повикува на борба против злото
[15.11.2003] Израелскиот министер за надворешни работи Силван Шалом остро ги осуди нападите врз двете синагоги во Истанбул, во кои што загинаа најмалку 23 лица, оценувајќи ги како „криминални терористички напади“ и ја повикаа меѓународната заедница на „борба против силата на злото“.

 

Во судар на два хеликоптери загинаа 17 американски војници
[16.11.2003] Најмалку 17 американски војници загинаа во судар на два борбени хеликоптери во северниот дел на Ирак, јавија западните агенции, повикувајќи се на официјални воени извори во Багдад.

 

Претставник на УНЦХР убиена во централен Авганистан
[16.11.2003] Претставник на Обединетите нации денеска е убиена во централниот дел на Авганистан, соопшти ОН. Светската организација не го соопштува името на загинатата, освен дека била француски државјанин, која работела во Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).

 

Уапсен најбараниот дилер на дрога
[16.11.2003] Шпанската полиција во округот Марбелја вчера го уапсија еден од најбараните дилери на дрога од страна на американските власти, соопштија денеска шпанските медиуми.

 

Над 100.000 семејства останаа без покрив по вчерашниот земјотрес
[16.11.2003] Близу 100.000 семејства во југозападна Кина останаа привремено без покрив над главата откако нивните куќи беа целосно уништени или сериозно оштетени во вчерашниот земјотрес, соопштија денеска локалните власти.

 

Британските власти одбија дел од барањата на обезбедувањето на Буш
[16.11.2003] Британското министерство за внатрешни работи го одбило барањето на обезбедувањето на американскиот претседател Џорџ Буш за дозвола за употреба на оружје и право да можат да пукаат во случај на нужност за време на претстојната посета на Буш на Велика Британија, пишува британскиот неделник „Обсервер“.

 

Буш: „Ја научив лекцијата од 11. септември“
[16.11.2003] „Ја научив лекцијата од 11 септември 2001 година. Терористите тогаш им објавија војна на САД и на сите луѓе кои ја сакаат слободата. Јас и нашите сојузници, како што се пријателите во Велика Британија, имаме намера да ја добиеме таа војна“, изјави американскиот претседстел Џорџ Буш во интервју за телевизиската мрежа на Би-Би-Си, пред неговата посета на Лондон што почнува во вторник.

 

Силен земјотрес го потресе дното на Тихиот Океан
[17.11.2003] Силен земјотес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Тихиот Океан меѓу Камчатка и Аљаска.

 

Ал Каеда ја презеде одговорноста за нападот на италјанската база во Ирак
[17.11.2003] Терористичката организација Ал Каеда во соопштението испратено до саудискиот весник што излегува во Лондон, „Ал Маџалах“ ја презеде одговорноста за нападот врз базата на италијанските карабињери во ирачкиот град Насирија, во кој загинаа 19 италијански војници и неколку Ирачани.

 

Две жртви во пожар во египетско пристаниште
[17.11.2003] Две лица загинаа и 60 се повредени во пожарот што синоќа избувна во бесцаринската зона на египетското средоземноморско пристаниште Порт Саид.

 

Кларк ќе сведочи во Хаг
[17.11.2003] Пензионираниот американски генерал и еден од кандидатите за иден американски претседател Весли Кларк соопшти синоќа дека ќе сведочи пред Хашкиот трибунал во процесот против поранешниот српски и југословенски лидер Слободан Милошевиќ.

 

Русија е против воведување санкции кон Иран
[17.11.2003] Евентуалното воведување санкции против Иран е неприфатлив чекор поради тоа што Техеран покажува отвореност и подготовеност за соработка во врска со својата нуклеарна програма, изјави денеска рускиот министер за атомска енергија Александар Румјанцев.

 

Черномирдин издаде книга за Косово
[17.11.2003] Во Москва денеска е претставена книгата „Предизвик“, чиј автор е поранешниот специјален претставник на Русија за Југославија Виктор Черномирдин, посветена на улогата на Русија во косовската криза во 1999 година.

 

Британија на највисоко безбедносно ниво
[17.11.2003] Британската престолнина Лондон е претворена во тврдина во страв од можни терористички напади на Ал Каеда- терористичката мрежа на Осама Бин Ладен пред утрешната посета на американскиот претседател Џорџ Буш.

 

Вашингтон ја смета т.н „АНА“ за криминална организација
[18.11.2003] САД ја сметаат т.н. „АНА“ за „криминална, екстремистичка организација, која со своите акции е закана за мирот и стабилноста на земјите од Западен Балкан“, поради што американската Влада презела мерки за спречување на нејзиното финансирање, се вели во писмената декларација на Стејт департментот.

 

Тринаесет загинати во авионска несреќа во Судан
[18.11.2003]  Тринаест лица загинале во несреќата кога експлодирал транспортен авион при слетувањето на аеродромот во градот Вау во јужен Судан, јавија денеска локалните медиуми.

 

Палестинец уби двајца Израелски војници
[18.11.2003] Палестински милитант утрово застрела двајца израелски војници во областа на Западниот брег.

 

Припадници на ЕТА осудени на 60 години затвор
[18.11.2003] Еден припадник на ЕТА и еден поранешен локален претставник, се осудени на дологодишни затворски казни од 30 до 60 години, поради убиство и соучество во убиство на тројца припадници на Шпанската цивилна гарда во 1980 година, објавија денеска шпански правосудни органи.

 

Епидемија на ебола во Конго
[18.11.2003] Министерот за здравје на Конго Ален Мока потврди дека епидемијата на ебола повторно се појавила во подрачјето Мбома, на границата со Габон, јавуваат агенциите.

 

Во северна Индија убиени 11 бунтовници
[18.11.2003] Единаесет бунтовници ги загубија животите во сојузната индиска држава Манипур во вооружена престрелка меѓу две ривалски групи, соопшти денеска локалната полиција.

 

Француски политичари обвинети за перење пари
[18.11.2003] Поранешниот француски министер за надворешни работи Франсоа Леотар и портпаролот на владејачката партија на францускиот претседател Жак Ширак - Руо Дондио де Вабр вчера се појавија во суд под обвинение за перење пари и нелегално партиско финансирање.

 

Еу упати критики на Израел за акциите во Газа
[19.11.2003] Европската унија  го предупреди синоќа Израел дека со своите воени акции и рестриктивни мерки на Западниот брег и во Газа „им го прави животот на Палестинците се понеподнослив“.

 

Издадена наредба за апсење на Мајкл Џексон
[19.11.2003] Калифорнискиот суд денеска издаде наредба за апсење на поп-sвездата Мајкл Џексон поради сексуално злоставување на едно 12-годишно дете.

 

4 лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Шведска
[19.11.2003] Најмалку 4 лица загинаа, а 2 сe водат како исчезнати во синоќешната несреќа кога воен хеликоптер од типот „Супер пума“ се урна за време на воена вежба во близина на западниот брег на Шведска во областа на островот Руру.

 

Кина ќе употреби сила ако Тајван прогласи независност
[19.11.2003] Кина денеска предупреди дека „употребата на сила ќе биде неизбежна“ доколку Тајван продолжи со активностите за прогласување независност на Островот, кој Пекинг го смета за составен дел на Кина.

 

ФБИ уапси 48 брокери од Волстрит
[19.11.2003] Американското Федерално истражно биро во рамките на операцијата за спречување на финансиски криминал уапси 48 брокери на Волстрит.

 

Силен земјотрес ги потресе Филипините
[19.11.2003] Најмалку едно дете го загуби животот во силниот земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала што го потресе филипинскиот остров Самар.

 

Жестока акција на американските сили во Ирак
[19.11.2003] Американските сили синоќа извршија најжесток напад врз ирачките герили во северните и централните делови на Ирак од официјалното завршување на големите воени судири, во мај годинава.

 

Мачениците на Ал Акса ја отфрлија можноста за примирје
[19.11.2003] Вооружената екстремистичка групација Бригадите на мачениците на Ал Акса која е поврзана со движењето Фатах на палестинскиот лидер Јасер Арафат, денеска ја отфрли можноста за прекин на нападите врз израелски цели.

 

Буш ја почна официјалната посета на Британија
[19.11.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш денеска ја почна официјалната посета на Велика Британија со церемонијален пречек во Бакингамската палата, проследен со 41 топовски истрел, но и во услови на обезбедување што досега не е забележано во Обединетото кралство.

 

Еден загинат, 5 повредени на Израелско-јорданската граница
[19.11.2003] Едно лице загина, а петмина се повредени денеска во вооружена престрелка на израелско-јорданската граница, на граничниот премин Рабин.

 

Судир помеѓу опозицијата и приврзаниците на Шеврнадзе
[20.11.2003] Повеќе десетици демонстранти се повредени во вчерашниот судир на сипмпатизерите на грузискиот претседател Едвард Шеварнандзе и околу 200 припадици на опозицијата кои бараат оставка од претседателот.

 

Експлозии од бомби го тресат Ирак
[20.11.2003] Две ирачки деца беа убиени, а две ранети во вчерашната експлозија во училиште во ирачкиот град Кербала, соопштија денеска болнички извори.

 

Хамас и Исламски џихад подготвени за разговор за примирје
[20.11.2003] Вооружените палестински групи Хамас и Исламски џихад се согласија да учествуваат на преговорите за примирје со Израел кои со посредништво на Египет треба да се одржат на 2.декември во Каиро.

 

Мајкл Џексон ги отфрла обвиненијата
[20.11.2003] Американскиот пејач Мајкл Џексон  ги отфрли обвиненијата за сексуално малтертирање малолетно дете и изјави дека веднаш ќе се врати во Калифорнија.

 

Демонстрантите и полицијата се судрија во Лондон
[20.11.2003] Лондонската полиција и група демонстранти кои протестираа против посетата на американскиот претседател Џорџ Буш се судрија доцна синоќа на лондонските улици.  Во краткотрајната пресметка нема повредени, но полицијата соопшти дека се уапсени 31 лице, сите со обвинување за насилничко однесување.

 

Герилците се борат против американците а не за Садам
[20.11.2003] Нападите во т.н. „Сунитски триаголник“ ги вршат мали групи што се борат независно една од друга, при што тие не се раководени од Садам Хусеин или некоја друга личност, изјави поранешен ирачки генерал кој тврди дека учествува во герилските акции против американската војска во Ирак.

 

Израел не ја смета обврзувачка резолуцијата на ОН
[20.11.2003] Израел не се чувствува „обврзан“ со резолуцијата што Советот за безбедност на ОН ја усвои за мировниот план за решавање на блискоисточниот конфликт.

 

Хронологија на терористичките напади во светот по 11. септември
[20.11.2003] Хронологија на терористички напади во светот по 11. септември.

 

Официјално завршија протестите во Лондон
[20.11.2003] Со кршење на шестметарска кукла со ликот на американскиот претседател Џорџ Буш, вчерва на Трафалгар сквер во Лондон завршија повеќечасовните масовни демонстрации против неговата посета на Велика Британија, како и против политиката на британскиот премиер Тони Блер.

 

Австралија замрзна сметки на лидери на Хамас
[21.11.2003] Австралиската Влада денеска соопшти дека ги замрзнува сметките на шестмина лидери на палестинското радикално движење Хамас и на четири хуманитарни асоцијации, за да го прекине префрлањето на средства за терористички организации.

 

Ракетирано Министерството за нафта во Багдад
[21.11.2003] Зградата на ирачкото Министерство за нафта е во пламен, по ракетните напади врз објектот извршени рано изутринава. Ирачката полиција соопшти дека врз зградата биле истрелани три ракети.

 

Американската армија уапсила зет на Хусеин
[21.11.2003] Американската армија го уапсила Арчад Јасин, зетот на Садам Хусеин кој бил пилот на приватниот претседателски хеликоптер и еден од одговорните за неговото обезбедување до почетокот на 90-те години на минатиот век.

 

Мајкл Џексон ослободен од притвор со кауција
[21.11.2003] Поп sвездата Мајкл Џексон синоќа, веднаш по апсењето, беше ослободен од притвор откако плати кауција од три милиони американски долари, а му беше вратен и пасошот. Џексон беше приведен од калифорниската полиција под обвинение за сексуално злоставување на едно 12-годишно дете.

 

Смејствата на загинатите карабинери ќе добијат оштета
[21.11.2003] Италијанските власти соопштија дека семејствата на 12-те италијанци кои загинаа мината недела во Насирија, ќе добијат отштета од 200.000 евра. Родителите на загинатите, од државата ќе добијат и месечна пензија.Одговорноста за минатонеделниот напад во Насирија је презеде терористичката мрежа Ал Каеда.Во нападот загинаа 12-ет карабињери, пет војници и двајца италијански цивили.

 

Балканот со зголемена безбедност по нападите на Ал Каеда
[21.11.2003] Службите за безбедност во сите земји од регионот -се ставени во зголемена готовност -по веднаш по првиот од двата крвави терористички напади во Истанбул во кои загинаа повеке од 50 а близу 800 луѓе беа повредени.

 

11 лица убиени во бомбашки напади во Ирак
[22.11.2003] Најмалку 11 лица се убиени, а 26 повредени во експлозии на два автомобила бомби што се случија изутринава во ирачките градови Хан Бани Саад и Баакуба.

 

Во Сад успешно тестирана најјаката бомба
[22.11.2003] На Флорида синоќа беше извршено успешно тестирање на бомбата ГБУ-43 МОАБ тешка 9,800 килограми, најјака конвенционална бомба во американскиот воен арсенал.

 

Прогласена вонредна состојба во Грузија
[22.11.2003] Грузискиот претседател Едуард Шеварнадзе попладнево прогласи вонредна состојба во земјата, откако приврзаници на опозицијата влегоа во зградата на Парламентот во престолнината Тбилиси.

 

Се планира евакуирање на израелските населби од Западниот брег
[22.11.2003] Израелскиот премиер Ариел Шарон планира до средината на идната година да евакуира одредени еврејски населби од Западниот брег и од Појасот Газа, со цел да отвори пат за создавање палестинска држава, јави израелската телевизија.

 

40 години од смртта на Кенеди
[22.11.2003] Најголемата енигма во новата американска историја се уште без одговор кој навистина го уби Џон Фицџералд Кенеди - американската јавност најмалку верува во официјалната верзија дека Ли Освалд е човекот кој пукаше во Кенеди пред точно 40 години. На 22.ноември 1963 година во Далас, најмладиот претседател на Америка беше погоден од снајпер додека тој и неговата сопруга Џеки, се возеа во нивната лимузина по улиците на градот за време на предизборната кампања.

 

Осуден поранешен италијански министер
[22.11.2003] Судот во Милано денеска го осуди поранешниот италијански министер за одбрана Чезаре Превити на пет години затвор под обвинение за корупција.

 

Иран ја зајакна безбедноста околу американската амбасада
[23.11.2003] Иранците денеска јавија дека ги зголемиле безбедносните мерки околу британската амбасада во Техеран, откако персоналот на амбасадата извести дека во петокот се откриени траги на молотови коктели фрлени на задната врата од зградата.

 

Именуван ирачки амбасадор во САД
[23.11.2003] Советот на ирачката преодна управа ја именуваше Американката од ирачко потекло Ренд Рахим за вршител на должноста на ирачки амбасадор во Вашингтон, прв пат од Заливската војна во 90-те години.

 

Шеварднадзе потврди дека поднел оставка
[23.11.2003] Грузискиот претседател Едуард Шеварднадзе поднесе оставка, и со тоа стави крај на кризата во земјата која траеше три недели, односно од одржувањето на парламентарните избори, чии резултати опозицијата не ги призна.

 

14 рудари загинаа во експлозија на гас во Кина
[24.11.2003] Најмалку 14 рудари загинаа, a 9 се водат како исчезнати во експлозија на гас во рудникот за јаглен Сундиан, во кинеската провинција Хенан.

 

Избори во Грузија најдоцна за 45 дена
[24.11.2003] Едуард Шевернадзе, кој вчера поднесе оставка на должноста претседател на Грузија, го напушти грузискиот главен град Тбилиси, јавија руските медиуми.

 

5 американски војници загинаа во хеликоптерска несреќа во Авганистан
[24.11.2003] Најмалку 5 американски војници загинаа, а 7 се ранети кога американски воен хеликоптер се урна во близина на воената воздухопловна база во Баграм во Авганистан, соопшти Централната команда на САД.

 

32 студенти загинаа во пожар во Московски студентски дом
[24.11.2003] Најмалку 32 странски студенти загинаа, а повеќе од 130 се повредени во пожарот што рано утринава избувна во студенски дом на Универзитетот „Патрис Лумумба“ во Москва, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

 

Американците убија тројца Ирачани
[24.11.2003] Американска воена патрола уби тројца Ирачани во една продавница во ирачкиот град Тикрит, јави арапската сателитска телевизија Ал-Џезира.

 

Руските сили убија 17 чеченски бунтовници
[24.11.2003] Најмалку 17 чеченските бунтовници се убиени синоќа во престрелка со руските специјални сили, соопшти денеска штабот на руската армија за Северен Кавказ.

 

Американската дијаспора против Буш
[24.11.2003] Американските граѓани кои живеат надвор од САД, незадоволни од политиката на Администрацијата во Вашингтон, викендот во Прага почнаа со собирање потписи против претседателот Џорџ Буш и за поддршка на „оној кандидат кој ќе биде во сосотојба да ја прекине војната во Ирак“.

 

Запален нафтовод во Ирак
[24.11.2003] Во близина на северниот ирачки град Киркук денеска е запален нафтовод, а ирачки претставници сметаат дека станува збир за саботажа која ја извеле ирачките бунтовници.

 

Заложничка драма во затвор во Франција
[24.11.2003] Група од 33 затвореници од затворот во францускиот град Мулин-Изер како заложници држат 5 затворски чувари, соопшти денеска француското Министерство за правда.

 

Производство на заедничка ракета на САД и Јапонија
[24.11.2003] Јапонија планира заедно со САД да произведува пресретнувачки ракети, поради што е потребно ревидирање на јапонскиот закон, стар неколку децении, за забрана за извоз на оружје, пишува денеска весникот „Асахи шимбун“.

 

Лансирана руска ракета со два комуникациски сателити
[24.11.2003] Руска ракета-носач „Протон-К“ со два комуникациски сателити „Јамал-200“ беше истрелана утринава од космодромот Бајконур во Казахстан, соопшти прес-службата на Вселенските војски на Русија.

 

Бројот на гладните во светот секоја година е се поголем
[25.11.2003] Наспроти меѓународните обиди за намалување на сиромаштијата, бројот на лицата во светот кои гладуваат е во постојан раст, се вели во годишниот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

 

18 години затвор за 2-ца американски муслимани за тероризам
[25.11.2003] Двајца американски муслимани беа осудени на по 18 години затвор, поради обид да се приклучат кон талибанците во Авганистан, по терористичките напади врз САД на 11 септември 2001 година.

 

Полицијата ја затвори „Ал Арабија“ во Багдад
[25.11.2003] Ирачката полиција синоќа ја затвори канцеларијата на арапската телевизија Ал Арабија во Багдад, со образложение дека таа „поттикнувала на насилство“.

 

Врховниот суд ги поништи изборите во Грузија
[25.11.2003] Врховниот суд на Грузија денеска ги поништи резултатите од парламентарните избори во земјата што се одржаа на 2. ноември, кои беа причина за протести на опозицијата и доведоа да оставка на грузискиот претседател Едуард Шеварнадзе.

 

Британија подготвена да стави вето на уставот на ЕУ
[25.11.2003] Велика Британија е подготвена да вложи вето на усвојувањето на Уставот на ЕУ, доколку не и биде овозможено да одржи национална контрола над подрачјата на даноците, одбраната и надворешната политика, пишува денеска британскиот печат.

 

Протести поради покачувањето на цигарите во Франција
[25.11.2003] Неколку илјади француски продавачи на цигари синоќа протестираа во Париз против одлуката за зголемување на даноците на цигарите во висина од 20% од 1. јануари.

 

Предложен планот за превземање на власта во Ирак
[25.11.2003] Ирачкиот Преоден управен совет, три недели порано од предвиденото, на Советот за безбедност на Обединетите нации му достави план за преземање на власта и побара од Советот да усвои резолуција со која ќе стави крај на окупацијата на земјата.

 

Прекин на огнот во Кашмир
[25.11.2003] Индија и Пакистан одлучија од полноќ да ги запрат судирите долж границата во регионот на Кашмир, соопшти денеска индиското Министерство за надворешни работи.

 

Анан апелира за спречување на насилството врз жените
[25.11.2003] Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан денеска по повод Меѓународниот ден за борба против злоупотреба на жените, упати апел до сите општествени слоеви да ги зголемат своите напори во спречување на сите видови насилства врз жените, истакнувајќи дека тоа бара успешно лидерство на сите нивоа, во секоја земја и на сите континенти.

 

Робертсон: „НАТО ја продолжува борбата со тероризмот“
[25.11.2003] Борбата против тероризмот останува една од главните задачи на Северноатлантската алијанса, која и досега беше ангажирана во акции за справување со криминалот и терористичките активности, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон.

 

Застрелани 3 ирачани додека поставувале бомба
[25.11.2003] Американски војници убија тројца Ирачани, кои поставувале рачно изработена бомба на еден од локалните патишта во близина на Фалуџа, потврди командата на силите на САД во Ирак.

 

Укината програмата „Нафта за храна“
[25.11.2003] ОН официјално ја укинаа програмата „Нафта за храна“ во чии рамки Ирак во последните 7 години продаваше нафта под контрола на ОН за набавка за храна и за лекови.

 

Откриен магацин со оружје во близина на Насирија
[26.11.2003] Италијански војници синоќа во близина на ирачкиот град Насирија открија таен магацин во кој било сокриено поголемо количество оружје.

 

Робертсон: „ЕУ не треба да се обидува да биде ривал на САД“
[26.11.2003] „Европската унија не треба да се обидува да и биде ривал на воената моќ на САД, бидејќи тоа е финансиски неприфатливо и политички неосновано“, истакна генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон во говорот пред Европскиот парламент.

 

Џексон вети бескомпромисна борба за правдата
[26.11.2003] Поп sвездата Мајкл Џексон цврсто е решен да се бори против опортунистите кои го гледаат како лото ливче, изјави адвокатот на Џексон, Марк Герагос.

 

Повредени од експлозии на бомби во Багдад
[26.11.2003] Еден американски војник и двајца ирачани се повредени во две силни експлозии кои одекнаа синоќа во Багдад, во близина на зградата на штабот на сојузничките сили и на ирачкото МВР.

 

Пожар во најголемиот нафтовод во Ирак
[26.11.2003] Голем пожар избувна денеска на нафтоводот што ги поврзува нафтените полиња во северниот дел на Ирак со најголемата рафинерија во земјата.

 

40 загинати при бродолом во Замбија
[26.11.2003] Најмалку 40 лица, меѓу кои и 11 деца, се удавија во бродолом на езерото Мверу, во северниот дел на Замбија. Како што соопшти локалната полиција, досега се пронајдени телата на 26 лица.

 

„Вечерни лист“: „Терористите од Истанбул се обучувале во БиХ“
[26.11.2003] Tерористите кои ги извршија самоубиствени бомбашки напади во Истамбул, се обучувале во Босна и Херцеговина, пишува хрватскиот весник „Вечерњи лист“ повикувајки се на анонимни полициски извори.

 

Ракетирана италијанската амбасада во Багдад
[27.11.2003] Италијанската Амбасада во Багдад синоќа е погодена со ракета или проектил, но како што јави италијанската телевизија во нападот нема жртви, ниту повредени.

 

Блер со нови здравствени проблеми
[27.11.2003] Британскиот премиер Тони Блер синоќа беше подложен на лекарски преглед во неговиот кабинет на Даунинг стрит, откако се пожалил на болки во стомакот.

 

163 загинати во судир на два фериброда во Конго
[27.11.2003] Најмалку 163 лица се удавија во судар на два ферибота на езерото Маји Ндомбе, (Црна Вода), во Демократската Република Конго.

 

Берлин, Париз и Лондон за независно европско воено планирање
[27.11.2003] Високи претставници и експерти на министерствата за надворешни работи на Германија, Франција и на Велика Британија синоќа во Берлин расправаа за формирање на независна европска ќелија за планирање на воени мисии, независна од НАТО, пишува денеска британски Фајненшл Тајмс.

 

Затруени 5 лица во њујоркшкото метро од непозната супстанција
[27.11.2003] Најмалку 5 лица синоќа се пренесени во болница откако биле затруени од „непозната суспанца“ во њујоршкото метро, соопшти локалната противпожарна служба.

 

Убиени 5 ирачани и едно дете во одвоени судири
[27.11.2003] 5-мина ирачани меѓу кои и едно 12 годишно дете се убиени синоќа во два одвоени судири меѓу американски војници и членови на ирачкиот отпор во центарот на Мосул, соопштија ирачки полициски и медицински извори.

 

Тројца Палестинци убиени во појасот Газа
[27.11.2003] Тројца палестинци синоќа биле убиени од страна на израелските војници во селото Кфар Даром во појасот Газа, јавија претставници на палестинските служби за безбедност.

 

Американците убија 2 ирачки девојчиња
[28.11.2003] Две ирачки девојчиња (12) и (15) денеска се убиени во селото Бакуба, 60 километри од Багдад од страна на американските сили.

 

Војната во Ирак Британија ја чини 2,9 милијарди евра
[28.11.2003] Инвазијата и окупацијата на Ирак Велика Британија досега ја чини повеќе од две милијарди фунти (2,9 милијарди евра), пишува денеска британскиот весник „Фајненшел тајмс“.

 

Обвинети американски војници за злоставување на ирачки заробеници
[28.11.2003] Четворица американски резервисти се обвинети во САД за злоставување на ирачки затвореници, и им се заканува воено судење и затвор доколку се утврди дека не ги почитувале правилата на службата или ги кршеле наредбите.

 

Анан:„Сидата е како оружје за масовно уништување“
[28.11.2003] Генералниот секретар на ОН Кофи Анан изјави дека во некои земји СИДА-та е како „оружје за масовно уништување“, додавајќи оти светот ја губи битката против нејзиното ширење.

 

Рамсфелд:„Потрагата по Хусеин е како игла во пласт сено“
[28.11.2003] Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд оцени дека потрагата по Садам Хусеин и исто како трагање по „игла во пласт сено“, како и оти поранешниот ирачки претседател веројатно не е организатор на речиси секојдневните напади врз американските војници во Ирак.

 

Уапсени емигранти во Италија осомничени за тероризам
[28.11.2003] Италијанските власти уапсија четворица имигранти поради сомнение дека регрутирале исламски екстремисти за извршување самоубиствени напади во Ирак, соопштија синоќа извори од италијанските безбедносни органи.

 

10 мина загинати во пожар во Кина
[28.11.2003] Најмалку десет лица загинаа при пожар што избувна денеска во една шесткатна станбена зграда во градот Јиву во источната кинеска провинција Жеџјанг.

 

Во Нигерија илјада луѓе дневно умираат од СИДА
[29.11.2003] Во Нигерија најмалку илјада луѓе дневно умираат од СИДА, изјави Бамиделе Осотимехин, претседател на нигерискиот Акционен комитет за борба против СИДА.

 

Експлозија во седиштето на опозиционата партија во Грузија
[29.11.2003] Во седиштето на Лабуристичката партија во Тбилиси рано утрово одекна силна експлозија во која нема повредени лица. Лабуристичката партија беше во опозиција на поранешниот претседател Едуард Шеварнадsе, но не учествуваше во протетстите кои доведоа до негово сменување од функцијата.

 

Нови инциденти во Ирак
[30.11.2003] Тројца Ирачани загинаа денеска додека постаувале бомба покрај патот по кој се движат американски конвои во областа Хавиџа, 50 километри западно од Киркук, соопшти локалната полиција.

 

Франција го подигнува нивото на подготвеност од терористички напади
[30.11.2003] Франција утре ќе го подигне нивото на подготвеност поради евентуални терористички напади за време на божиќните празници, иако немало никакви конкретни закани, соопшти денеска Кабинетот на премиерот Жан Пјер Рафарен.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk