Дома Сопранови
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Економија > Архива > Ноември 2003

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 

АРХИВА: Економија, Ноември 2003


 

Розвадовски допатува во Скопје
[02.11.2003] Шефот на мисијата на ММФ Франек Розвадовски денеска допатува во Скопје. За министерските смени ќе го информира лично Гошев на веќе договорена вечера. Според најавите од владата утре преговорите со ММФ ќе ги започне Гошев, а по неговата смена домаќин на Розвадовски ќе му биде новиот министер за финансии, Никола Поповски.

 

Стопирано уривањето на спорните објекти во Охрид
[03.11.2003] Урбаната полиција при државниот инспекторат за градежништво и урбанизам за подрачната единица Охрид денеска времено се повлече од извршување на претходно донесените решенија за уривање на трите спорни објекти во овој град, соопшти Министерството за транспорт и врски.

 

Во Валандово згасна единствениот Стопански субјект
[03.11.2003] Во Валандово денеска згасна единствениот стопански субјект.Со одлука на собранието на доверители ликвидирано е акционерското друштво „Анска река“, а сите 560 вработени се отпуштени од работа и се пријавени во бирото за вработување.

 

Гошев ги почна преговрите со ММФ
[03.11.2003] Министерот Гошев со шегата, „Да се насмееме за да не изгледа дека сме тажни“ денеска претпладне сепак ги почна преговорите со ММФ, иако во среда тој ќе биде сменет со парламентарецот Никола Поповски.

 

Прва средба на македонски и норвешки стопанственици
[03.11.2003] „Политичките односи меѓу Македонија и Норвешка се на високо ниво, што не е случај и со економските, поради што треба да се ангажираме оваа област да се движи по нагорна линија“, истакна амбасадорот на Норвешка во Македонија Даг Халворсен на првата средба меѓу македонски и норвешки стопанственици, што се одржува денеска во Скопје.

 

Усвоени измените во законот за тутун
[03.11.2003] Пратениците денеска го усвоија предлогот за измена на законот за тутун, со забелешка дека владата во наредниот период треба да изготви извештај во кој ќе бидат земени во предвид забелешките од денешната расправа во парламентот.

 

Несогласувања помеѓу синдикатот и менаџментот на „Телеком“
[03.11.2003] Синдикатот на „Телеком“ бара од раководството на компанијата веднаш да ја обелодени содржината на бизнис планот што ги засега околу 400 вработени од несуштинските дејности.

 

Распишан тендер за продажба на ФАС
[04.11.2003] По три неуспешни обиди да се продаде скопски „Фас“, денеска е објавен четвртти меѓународен тендер за продажба на имотот на фабриката. Новина во овој тендер е што понудувачот кој ќе биде одбран за најсериозен ќе мора да уплати 50.000 евра како гаранција дека има вистинска намера да го купи скопски „Фас“.

 

Македонија треба да се подготви за слободна трговија со Романија
[04.11.2003] Македонските стопанственици треба максимално да се подготват за да ги искористат погодностите што ги содржи договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Романија што ќе стапи во сила на почетокот на следната година, оценија денеска претставниците на Министерството за економија и на Стопанската комора.

 

Производителите на грозје се уште не ги добиле парите
[04.11.2003] Производителите на грозје и оваа година како и минатите се сретнаа со проблемот на  исплатата иако одделни претпријатија на лозарите им ветуваа дека парите ќе ги добијат на меѓата ништо од тоа.

 

Реконструкцијата ги забави преговорите со ММФ
[04.11.2003] Реконструкцијата во министерството за финансии не ги прекина, но дефинитивно ги забавува преговорите со ММФ за буџетот на земјата за идната година. Извори од преговарачките тимови велат дека преговорите, ќе траат до петок како што било предвидено, но дека тие од денеска се одвиваат само на техничко ниво, без учество на главните преговарачи Розвадовски и Гошев.

 

ЕСМ ќе се дели на два дела
[04.11.2003] Од следната година електростопанство ќе се подели на два дела, едниот дефинитивно останува во државна сопственост, а другиот се подготвува за евентуална продажба.

 

Рускиот долг кон Македонија ќе се плаќа преку проекти
[04.11.2003] Министерството за надворешни работи ја подготвува меѓувладината спогодба за регулирање на долгот која до крајот на годинава ќе треба да ја потпишат Македонија и Руската Федерација. Од наплата на рускиот долг кој Македонија го доби од наследството на СФРЈ најголем ќар ќе има ЕСМ. 

 

Владата и ММФ ќе преговараат само на техничко ниво
[05.11.2003] Ставајќи крај на малата криза што ги поремети преговорите за буџетот за догодина, ММФ и владата се договорија следново: до петок да продолжи да се преговара само на техничко ниво. Во финансии - за буџетот, а во народната банка - за монетарната политика.

 

Продажбата на загубарите со слаби резултати
[05.11.2003] Од 24 фирми загубари со околу 40.000 работници чие решавање беше условено со „фесал два аранжманот“ досега се продадени само 4 фабрики со околу 6.000 вработени. За најголемите фирми од листата на загубарите, „Фас“, „Хемтекс“, „Годел“и по три обајвени тендери, не се најдоа купувачи.

 

Проектите кои ги финасира „Телеком“ со слаби резултати
[05.11.2003] Недоизградени патишта, незавршени водоводи, канализации чија изградба застана на половина пат. Ова е судбината на проектите што се финансираат со парите добиени од продажбата на „Телеком“, дел поради немоќта на владата да ги реализира, а дел поради матните трансакции со овие пари.

 

Ликвидирана велешка „Порцеланка“
[06.11.2003] Велешка „Порцеланка“ е ликвидирана. Вака одлучи одборот на доверители во кој се наоѓаат претставникот на вработените, на ЕСМ и на фондовите за  пензиско и здравствено осигурување на Македонија.

 

„Кравјо лудило“ во Грција
[06.11.2003] Во соседна Грција е откриена овца заболена од опасната болест „кравјо лудило“, јавија денеска грчките медиуми. Овцата е откриена во едно село во северна Грција.

 

„Газела“ и натаму без киријата од НАТО
[06.11.2003] Флоријан Дос, Сопственикот на „Газела 2001“ и натаму незаконски заработува илјадници евра од киријата што НАТО ја плаќа за објектите на „Газела“ во кои се сместени.

 

Фасовци незадоволни од тендерот за продажба
[06.11.2003] Работниците од ФАС, не се задоволни од новиот начин и условите под кои е објавен четвртиот тендер за продажба на имотот на скопската фабрика за автобуси, каде целиот имот на ФАС се продава во еден пакет, а не како во изминатите три тендери каде скопската фабрика се нудеше на продажба во три пакети.

 

Отпуштања во „Жито лукс“
[06.11.2003] Сто и педесет вработени во „Жито Лукс до нова година ќе добијат отказ, дознава А1. Извори од синдикатот на фирмата ја потрврдуваат оваа информација и најавуваат реакција за следната недела.

 

Корисниците на државно земјоделско земјиште нема да плаќаат надомест
[07.11.2003] Лицата кои добија и кои во иднина ќе добијат земјоделско земјиште од државата на плодоуживање нема да плаќаат надомест за негово користење, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Славко Петров на денешната прес-конференција.

 

Рударите од „Саса“ бараат смена на стечајниот управник
[07.11.2003] На само една недела пред распишување на тендер за распродавање на рудниците „Саса“, „Македонска Каменица“ 60 стечајни работници предводени од поранешниот претседател на синдикати, претседател на управен одбор одржаа стечаен собир на кој побараа смена на стечајниот управник и смена на стручните кадри за одржување на рудникот.

 

Одложено судењето на „А.Д. Лозар“
[07.11.2003] Денешното судско извршување со кое требаше да се даде на владение „А.Д. Лозар“ од Битола на извршните директори од ново формираната фирма „Лозар пелистерка“. Сопствениците на „Тип продукт“ Тане Николоски и Цветан Панделевски одложено е за 1. Декември.

 

Газдите на НПК не ги почитувале критериумите при отпуштањето на вработените
[07.11.2003] Бугарските газди на НПК  без да почитуваат какви било критериуми го составија списокот на луѓето кои ги отпуштија од работа, тврдат вработените во НПК.

 

Овцата во Грција заболена од скрејпи
[07.11.2003] Болеста што ја има овцата во Грција не е кравјо лудило, туку скрејпи. Станува збор за различни болести, но сепак од иста група. Болеста кај овците скрејпи, не е пренослива и заразна за луѓето. 

 

Идната година повеќе пари за земјоделието
[08.11.2003] Идната година ќе има повеќе пари од буџетот за вложување во земјоделство, за разлика од оваа кога со тие пари се плаќаа долговите од 2002-та, вели министерот за земјоделство Славко Петров.

 

Виничката фирма „Трико“ оди во стечај
[09.11.2003] На виничката трикотражна фирма „Трико“ и се заканува стечај. „Трико“ е најголема виничка фирма со 500-тини вработени кои се вклучени во производство на памучен асортиман. 

 

Промовиран проектот изградба на патoт Дебар-Тирана
[09.11.2003] Во својата прва министерска задача, Агрон Буџаку кој го води ресорот транспорт и врски денеска во Дебар заедно со својот албански колега Спартак Кочи го промовираа проектот изградба на пат од Дебар до Тирана.

 

Откажан протестот на фасовци
[10.11.2003] Поранешните вработени во ФАС „11 октомври“ го откажаа за денеска најавениот протест пред консултантската куќа „Lajons and Bridjes“ и Министерството за економија каде требаше да го изразат незадоволството од условите под кои е распишан четвртиот по ред тендер за продажба на имотот на фабриката.

 

Нападите во Ријад ги зголемија цените на нафтата
[10.11.2003] Цените на суровата нафта денеска на меѓународниот пазар во Лондон се зголемија, по бомбашките напади, што во текот на викендот ја погодија Саудиска Арабија, како и веста за напад на еден ирачки нафтовод, што ги зголеми стравувањата на пазарите од можни прекини во испорака на нафта.

 

Горивото поевтинува за 1 денар
[10.11.2003] Бензинот од ноќеска од полноќ ќе поевтини за 1 денер или во просек за 2,6%. Единствено не поефтинува обичниот бензин.

 

Првиот човек на „Бучим“ натепан од рударите
[10.11.2003] Претседателот на бордот на директори на рудникот „Бучим“ Лазар Чукиќ успеа да ја спаси својата глава од 60 гневни работници. Овој настан се случуваше пред основниот суд во Струмица по завршувањето на судското рочиште за поведување на стечајна постапка за Бучим кое е одложено за три дена.

 

Обуката на идните службеници се уште не почнала
[10.11.2003] Иако требаше да почне овој месец и веќе да е во тек, обуката на идните државни службеници се уште не почнала. Официјално причината за пробивањето на сите рокови за старт на обуката е барањето на вицепремиерот Муса Џафери за прекројување на списоците на кандидатите - Албанци според нов географски критериум.

 

Доставени доказите за направениот криминал во МВР
[10.11.2003] Министерството за внатрешни работи до јавното обвинителство ги достави доказите за криминалите во министерството направени во текот на 2001- та година. Се работи за криминали што неодамна во својот годишен извештај ги обелодени државниот завод за ревизија. Во документите што МВР ги испорачало на обинителството, се докази за исплата на пари за фиктивни набавки, за купување на униформи за полицајците без постоечки договор, за набавки без тендер, за незаконско авансно плаќање и други слични злоупотреби.

 

Роберто Беличанец: „Се надеваме дека новиот закон ќе го запре хаосот во радиодифузијата“
[10.11.2003] „Очекуваме дека законот ќе биде донесен најдоцна до март наредната година“, рече во интервјуто за А1 Роберто Беличанец, чиј тим го изготви новиот закон за радиодифузија

 

Презентирана стратегија за развој на Светска Банка
[11.11.2003] Износот на заемите што ќе ги одобри Светската банка за Македонија преку тригодишната Стратегија за помош ќе зависи од количеството на реформи што Владата ќе успее да ги спроведе, порача претставникот на Светската банка во државава, Сандра Блуменкамп пред македонските стопанственици на денешната презентација на Стратегијата во Стопанската комора.

 

Отпуштени 40 работници од „Бучим“
[11.11.2003] По вчерашниот инцидент што се случи вчера пред основниот суд во Струмица раководството на „Бучим“ им даде отказни решенија на 40 работници без право на жалба. Поголем дел од решенијата се доделени на работници кои учествуваа врз напад на директорот Лазар Чупиќ. Поделените решенија во саботата беа пак главната причина за нападот врз Чупиќ.

 

Денеска се расправаше за извештајот на заводот за ревизија
[11.11.2003] Ревизорите досега стално откриваа криминал во државните институции, време е  некој да одговара за тоа. Ова е накусо поентата од денешната дебата на надлежната собраниска комисија пред за извештајот на заводот за ревизија да расправа и парламентот на првата наредна седница.

 

Синдикатот на „Фас“ реши да нема протести
[11.11.2003] Во „Фас“ 11.октомври заврши средбата на новиот министер за економија Стевче Јакимовски со синдикатот и стечајниот управник на фабриката.

 

Политичката нестабилност пречка за инвестиции
[11.11.2003] Политичката нестабилност, високите даноци, лошиот правосуден систем се главните проблеми што ги одвраќаат инвеститорите од земјите во југоисточна Европа. Светската банка во својата студија ги открива најголемите проблеми во 8 држави од овој регион каде е очигледно ниско ниво на инвестиции.

 

Протестет во фабриката за шински возила „Колска“
[12.11.2003] Вработените од велешката фабрика за шински возила „Колска“ претпладнево протестираат на железничката станица во Велес незадоволни од односот на јавното претпријатие „Македонски железници“ кон решавањето на статусот на фабриката.

 

Воведување на систем за обележување на говедата
[12.11.2003] Од понеделник во земјава почнува пописот на земјоделските семејства што одгледуваат добиток. Прва фаза е регистрација на домашните животни, а следен чекор - нивно обележување.

 

Објавени тендерите за продажба НИП „Нова Македонија“
[12.11.2003] Денеска се објавени тендерите за продажба на заштитните марки на весниците на новинско издавачката куќа „Нова Македонија“. Се продаваат вкупно десет брендови, и тоа на весниците „Нова Македонија“, „Вечер“, „Флака“ и „Бирлик“,изданијата „Пулс“, „Екран“, „Остен“, „Скок“, како и на издавачката куќа „Детска радост“.

 

Нелојалната конкуренција го уништува патниот транспорт
[12.11.2003] Патниот транспорт во Македонија не пропаѓа, туку умира, како резултат на нелојалната конкуренција, високите даноци и несоодветната законска регулатива, констатираа транспортерите на денешната седница на Здружението за сообраќај и врски во Стопанската комора.

 

„Саса“, „Тораница“ и „Злетово“ од денеска на меѓународен тендер
[12.11.2003] Трите рудници за олово цинкова руда, „Саса“, „Тораница“ и „Злетово“ од денеска па до 20 февруари се продаваат преку меѓународен тендер. Имотот на овие рудници се продава поединечно, иако тендерите се објавени во исто време .

 

„МЖ“ им исплати пет заостанти плати на вработените
[13.11.2003] Од како јавното претпријатие „МЖ“ обезбеди средства, денеска на работниците на шински возила им беше исплатена една од вкупно петте заостанати плати. Исплатата на јунската плата претставуваше причина штрајкувачкиот одбор да донесе одлука за ставање на штрајкот во мирување.

 

„Југотутун“ незаконски префрлен на друга фирма
[13.11.2003] Вработените акционери кои се сопственици на 77,23% од акционерскиот капитал во светиниколски „Југотутун“, констатираа оти имотот од нивната фирма без нивна согласност е префрлен на друга фирма.

 

„Бучим“ во стечај
[13.11.2003] Единствениот рудник за бакар и злато во Македонија „Бучим“ од Радовиш од денеска е во стечај. Стечајот во контроверзниот купен рудник „Бучим“ од Радовиш доаѓа поради побарувањата на доверителите. Со 1,5 милиони евра најголем побарувач е агенцијата за управување со средства како и царинската управа, скопската фирма „Жарина промет“ и агенцијата за блокирани сметки.

 

Цената на лебот може да се покачи и до 50%
[13.11.2003] Цената на лебот до крајот на годинава може да се зголеми дури за 50%, предупредуваат некои од мелничките комбинати во земјава. Причината е двојно зголемената цена на увозната пченица.

 

ГТЦ за малку ќе останеше без струја
[13.11.2003] Градскиот Трговски Центар за малку ќе останеше без струја. ГТЦ, велат извори од таму, на електростопанство му должи околу 50.000 евра за неплатена струја. Минатата недела екипи на ЕСМ сакале целосно да му ја исклучат струјата на трговскиот, со што сите дуќани и заеднички простории во ГТЦ би биле во целосен мрак, а не би функционирале ниту елеваторите.

 

ОКТА бара зголемување на рафинериската цена на бензинот
[13.11.2003] Грчките газди на ОКТА бараат од владата да дозволи зголемување на рафинериската цена на бензините со што ОКТА би си ги покрила трошоците во работењето на новата постројка за десулфуризација на дизел горивата.

 

ОКТА ќе произведува горива по европски стандарди
[14.11.2003] Месец и пол пред да почне употребата на новите бензини, според европски стандарди, ОКТА ја пушти во употреба постројката за производство на чисти дизел горива.

 

Лебот со нови цени
[14.11.2003] Мелничките комбинати од Битола и Кичево денеска и официјално најавуваат зголемување на цената на лебот, поради зголемување на цената на пченицата на светскиот пазар. Проценките се дека до крајот на годината граѓаните во сите градови на земјата, освен Скопје, ќе јадат поскап леб и тоа за 30% до 50%.

 

Најавено решавање на случајот „Македонска банка“
[14.11.2003] Висок извор од министерството за финансии денеска потврди дека до крајот на годинава ќе се реши проблематичната „Македонска банка“, како еден од условите за исполнување на обврските од аранжманот Фесал со Светската банка. 

 

Доделена Нобеловата награда за економија
[14.11.2003] Годинешни добитници на нобеловата награда за економија се Роберт Ингл и Клив Гренџер. Тие наградата ќе ја добијат за труд изработен уште пред 16 години.

 

Јавното аеродромско претпријатие во финансиска криза
[14.11.2003] Јавното аеродромско претпријатие финансиски тоне, а новиот директор не презема ништо да ја запре кризата која уште повеќе се засили откако почна зимскиот ред на летање.

 

Владата и ММФ пред договор за нов аражман
[16.11.2003] Македонската Влада и Меѓународниот Монетарен Фонд се пред договор за нов аранжман. Новиот министер за финансии Поповски ги најавува македонските желби. Место до јуни, сегашниот аранжман стенд-бај да продолжи до крајот на идната година, а потоа фондот на Македонија да и одобри нов, тнр. аранжман за проширено финансирање или ЕФФ. Нескромно, владата сака тој,нов аранжман да трае до 4 години.

 

Нерегистрирани земјоделски апарати во источна Македонија
[16.11.2003] Нерегистрирани и забранети препарати за продажба, семенски материјал со поминат рок на употреба и вештачки ѓубрива без соодветна декларација се пронајдени во земјоделските аптеки во источна Македонија, кои беа цел на државниот инспекторат за земјоделство.

 

Цената на лебот мора да се зголеми, велат мелничките комбинати
[16.11.2003] Цената на лебот мора да се зголеми, не само поради зголемената цена на увозната пченица, туку и поради тоа што и сегашната е многу ниска и далеку под реалното ниво. Вака коментираат мелничките комбинати од внатрешноста на земјата, освен од Скопје.Според нивните изјави поради конкуренцијата со приватните пекарници, тие биле принудени да ја намалат цената на лебот од 24 денари на 20 денари за леб.

 

Рудниците „Саса“ со пријави до екс претседателите на управните одбори
[16.11.2003] Рудниците „Саса“ во стечај изготвија 4 кривични пријави против поранешни претседатели на управни одбори, генерален директор и претседател на синдикат за злоупотреба на службена должност и овластување.

 

Стопирана купопродажбата на акциите на „Макпетрол“
[17.11.2003] Се додека „Макпетрол“ не ја потврди или демантира веста дека руски „Лукоил“ ќе го купува македонскиот нафтен дистрибутер, со акциите на „Макпетрол“ нема да се тргува. Оваа одлука македонската берза, ја донесе за да спречи евентуални вештачки потреси во цената на акциите на „Макпетрол“.

 

Најдоборо за обоената металуригија е менаџерството, велат стручњаците
[17.11.2003] Доколку не се оствари брза приватизација на рудниците „Саса“, „Злетово“ и „Тораница“ дел од стручњаците на рударско геолошкиот факултет сметаат дека најдобро решение на обоената металургија е комплетно менаџирање на овој сектор од нивна страна. Притоа дел од оваа фела бара да се склучи договор со владата.

 

Објавен тендер за продажба на „Порцеленка“
[17.11.2003] Агенцијата за приватизација денеска објави тендер за продажба на велешката фабрика „Порцеланка“, која е на листата претпријатија загубари опфатени со „ФЕСАЛ 2“ аранжманот со Светската банка, а чиј статус треба да се реши до крајот на годината.

 

Синдикалците од образованието најавуваат штрајк
[17.11.2003] Синдикалците од образованието и културата и оставија рок на владата до 31. декември да ги зголеми платите на сите вработени во овој сектор. Ако тоа не се случи, по Нова година тие најавуваат штрајк.

 

Владата и ММФ го договараат буџетот за 2004
[17.11.2003] Буџетот за идната година и дупката во него се двете клучни теми за кои денеска и утре преговараат новиот министер Поповски и Шефот на тимот на фондот Розвадовски.

 

Непознат купувачот на прилепски „Микрон“
[17.11.2003] Кој ќе го купи имотот на прилепскиот загубар „Микрон" вреден 2,3 милиони евра, прилепската конфекција „Васидора" зад која стои грчки капитал или прилепчанецот Кирил Мирчевски кој е застапник на скопска компанија чие име засега се чува во тајност, ќе се знае наскоро.

 

Штрајк за запирање на производството на ПОС АИК Лозар
[18.11.2003] Три часа, вработените од фирмите „Промет тутун“, „Цип Продукт“, „Рибарско стопанство Охрид“ и „Лозар Пелистерка Скопје“, сите сопственост на Тане Николовски и Цветан Панделевски, денеска протестираа пред Министерството за финансии.

 

Вработените на нипот работат во неподносливи услови
[18.11.2003] Без греење, без телефони и факс, без елементарни хигиенски услови и без пари, 600 работници во НИП Нова Македонија, еден месец по ликвидацијата на фирмата се уште пишуваат и ги печатат весниците на нипот.

 

Акциите на „Макпетрол“ вратени на берзата
[18.11.2003] Акциите на „Макпетрол" од денеска се вратени за тргување на берзата, откако компанијата негираше дека се водат преговори со рускиот гигант „Лук Оил" за влегување во „Макпетрол".

 

На приватниот сектор му треба визија
[18.11.2003] На приватниот сектор во Македонија не му требаат милион закони туку визија. Ова е поентата од денешната дебата што ја организираше програмата за развој на обединетите нации, а требаше да даде идеја за намалување на невработеноста.

 

600-тината работници од нипот ќе ги потпишат договорите за работа
[19.11.2003] 600- тините работници од „Нова Македонија“ утре ќе ги потпишат договорите за работа во нипот. По ова, работниците кои беа вратени за да не запре печатењето на весниците по ликвидацијата на нипот, треба да го добијат и првиот хонорар кој најмалку ќе изнесува 6.000 илајди денари.

 

Најголемата кочанска конфекција во стечај
[19.11.2003] Најголемата кочанска конфекција замина во стечај. Денеска во оваа некогашна призната конфекциска се изврши примопредавање. Стечајната управничка Соња Ефремова очекува наскоро доверителите да ги достават своите побарувања во должникот „Прима“.

 

ММФ и владата ги поставија основите на буџетот
[19.11.2003] 48 - часовните преговори на владата со ММФ што завршија синоќа, два часа пред полноќ, ги поставија основите на буџетот, но тој ќе се прецизира во следните денови, според генерално договорените одредби: замрзнати плати во јавниот сектор, намалување на вработените во администрацијата за 4%, кусок во буџетот од 40 милиони евра, исти даноци како и годинава.

 

„Бујото“ доби награда во Белград за квалитетен настап
[19.11.2003] Македонската фирма „Бујото“ на неодамна одржаниот Меѓународен саем за мебел во Белград го доби признанието „Златен клуч“ за програмата комоди „ретро“, како и посебното признание за квалитетен целокупен настап.

 

Виновниците за незаконски потрошените пари треба да се казнат
[20.11.2003] Виновниците за незаконски потрошените пари во 2001-та година да се казнат, бараат пратениците од власта. Тогаш владееше широката коалиција во која учествуваше и СДСМ, возвраќа опозцијата.

 

Производителите на раноградинарски култури бараат мазут
[20.11.2003] Производителите на раноградинарски култури од државата бараат помош за обезбедување мазут со цел да можат да го одржат континуитетот на производството. Грејната сезона, велат производителите, е веќе започната, а во оранжериите нема резерви на мазут.

 

Наскоро нови вработувања во јавната администрација
[20.11.2003] Најдоцна до идната недела ќе бидат познати имињата на кандидатите, припадници на заедниците кои не се мнозинство во земјава, што ќе бидат вработени во јавната администрација, а нивната обука се очекува да почне од 25 или 30 овој месец.

 

Потпишан договор со Јапонија за заем за „Злетовица“
[20.11.2003] 7 години откако побара кредит за решавање на овој проблем, владата конечно денеска потпиша кредит за заем со Јапонија, кој овозможува 7 општини да добијат вода за пиење преку изградба на хидросистем за искористување на водата од реката Злетовица. 

 

Три понуди за купување на „Фас“
[20.11.2003] Три фирми доставија понуди за купување на имотот на скопската фабрика „11-ти октомври“, на последниот ден од тенедрот за продажба на имотот на „Фас“.

 

Нипот ќе остане без греење
[20.11.2003] Топлификација нема да пушти греење во „Нова Македонија“ поради тоа што ниту раководството на нипот, ниту министерството за економија не гарантираат дека греењето ќе биде платено, изјави за А1 првиот човек на топлификација, Димитар Хаџимешев.

 

И оваа година нема пари за откуп на тутунот
[21.11.2003] Откупот на тутунот, кој некои тутунски комбинати го најавуваат веќе за десетина дена и оваа година како и изминатите со познатите проблеми. Комбинатите што имаа странски капитал, се подготвени за откупот од годинашнава реколта. Оние пак со домашен капитал, стандардно немаат се уште обезбедено пари, освен „Јака табак“ од Радовиш.

 

Словенците најавуваат инвестиционен бум во Македонија
[21.11.2003] 40 тина словенечки бизнисмени денеска во Скопје, во потрага по своите македонски партнери, најавуваат инвестициски бум во земјава.

 

Македонија не искористила 70 милиони евра помош од Германија
[21.11.2003] Македонија не искористила 70 милиони евра од вкупната сума што Германија и ја ставила на располагање како финансиска помош. Толку пари не се повлечени, а има и други проекти кои од разни причини или не се почнати или пак не се спроведуваат.

 

„Макстил“ бара девалвација на денарот
[21.11.2003] Фирмата со најголем извоз - „Макстил“ и предлага на владата девалвација на денарот за да се намали огромниот дефицит што Македонија го има во трговската размена со странство.

 

Советот за радиодуфузија го поддржува законот
[21.11.2003] Советот за радиодифузија го поддржува предлог законот што ја регулира оваа дејност но има и забелешки за одредени решенија. На промотивна прес конференција новиот состав на советот ги посочи прашањата кои смета дека треба да се сменат или доработат.

 

Измислен држач за шишиња и мобилен кој лаже за вас
[22.11.2003] Овој држач за шишиња треба да ви овозможи пијалокот слободно да ви виси на вратот и да не ви ги зафаќа рацете. Негов  пронаоѓач е Петар,  24 годишен невработен дипломиран економист.

 

Грчката индустрија за шеќер најави дека ќе ја купи Шеќерана
[23.11.2003] Грчката индустрија за шеќер најави дека ќе ја купи единствената шеќерана во Македонија. Хеленик Шугар во петокот, како што јавува Макфакс, одржал акционерско собрание на кое било соопштено дека имаат намера да ја купат битолската Шеќерана, чиј сопственик сега е бугарската фирма „Литекс“.

 

Семинар за економски криминал
[24.11.2003] Финансискиот криминал и перењето пари по својата организираност ги надминуваат националните платежни системи и често се закануваат да ги опустошат националните стопанства. Темната бројка на овој вид криминал по својата тежина и последиците сигурно ги надминува сите видови други кривични дела, а во суштина се работи за последна фаза на криминалот.

 

Тантаров: „Трајковски вети поддршка на земјоделците“
[24.11.2003] Претседателот Борис Трајковски идната недела ќе организира средба на која со премиерот Бранко Црвенковски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Славко Петров, ќе ги разгледаат актуелните проблеми на земјоделците и ќе понудат конкретни решенија за излез од аграрната криза.

 

4 фирми потенцијални купувачи на „Хемтекс“
[24.11.2003] 4 фирми се потенцијаните купувачи на имотот на фабриката „Хемтекс“. На тендерот за продажба на имотот на оваа скопска фирма, одборот на доверителите прифатил 4 понуди кои имале исправна техничка документација.

 

Скопскиот аеродром доби заменик директор
[24.11.2003] Скопскиот аеродром се уште нема директор, ама има заменик директор. Минатата недела првиот човек на Јавното аеродромско претпријатие Орхан Рамадани, го назначи Уљуси Бекири за заменик директор на аеродромот. Бекири е професор по историја од Куманово, а на оваа функција доаѓа како кадровско решение на ДУИ.

 

Драма во „Нова Македонија“
[24.11.2003] По целодневна драма во „Нова Македонија“, во последен момент, падна одлуката печатењето на весниците да продолжи до продажбата на заштитните имиња на изданијата. На ова претходеа серија средби на релација вработени, стечаен управник, министер за економија, топлификација.

 

ЕСМ доби кредит за изградба на далновод до Бугарија
[25.11.2003] Директорот на А.Д. „Електростопанство - Македонија“, Панде Лазаров, и директорот на Одделот за енергетика и телекомуникации при Европската банка за обнова и развој, Петер Реинигер, денеска потпишаа договор со кој ЕСМ се задолжува кај ЕБОР со 40 милиони евра за реализација на проект за електроенергетско поврзување на Македонија со Бугарија и за изградба на 400 киловолтна трафостаница во Штип.

 

Мелничарите имаат само 3 понуди за увоз на пченица
[25.11.2003] Мелничарите од земјава засега имаат понуди за увоз на пченица од само 3 фирми, но на денешната седница во Стопанската комора, не се договорија за ниту една.

 

„Унитајерс“ потенцијален сопственик на ФАС
[25.11.2003] Од трите фирми кои учествуваа на тенедрот за купување на имотот на ФАС, најмногу пари понуди „Унитајарс“ од Скопје - еден милион и двеста илјади евра.

 

ГТЦ доби нов директор
[25.11.2003] Нов директор на градскиот трговски центар е Милан Милошевски, кадар на СДСМ. Тој истовремено е и заменик претседател на управниот одбор на клинички центар и член на надзорниот одбор во Македонски Железници.

 

Турска фирма понуди 1 милион евра за „Хемтекс“
[25.11.2003] Турската фирма „Самса“ понуди највисока цена од 1.022.000 евра за купување на производствениот дел на фабриката „Хемтекс“.

 

Ер Вардар ќе ја тужи управата за цивилна воздушна пловидба
[25.11.2003] Ер Вардар ќе ја тужи управата за цивилна воздушна пловидба. Оваа домашна авикомпанија која својот старт го најави пред неколку месеци, досега не реализираше ниту еден лет. Таа од управата побара пет дестинации, но доби само една.

 

Собранието бара одговорност за ненаменското трошење
[26.11.2003] Собранието и препорачува на владата да ги преземе сите потребни мерки за да ја утврди одговорноста на државните функционери кои според ревизорскиот извештај во 2001 та година ненаменски потрошиле 60 милиони евра.

 

Владата ќе го спречи покачувањето на лебот
[26.11.2003] Владата ќе се обиде да го спречи поскапувањето на лебот по најавите на мелничките комбинати дека двојно е зголемената цена на увозната пченица.

 

Скопски саем ја претстави својата најголема инвестиција
[26.11.2003] Скопски саем денеска ја претстави својата најголема планирана инвестиција. Изградба на деловен трговски центар во саемскиот комплекс. Центарот ќе чинел 65 милиони евра а ќе го граделе повеќе фирми здружени во меѓународен конзорциум.

 

Директорот на ГТЦ поднесе оставка на други свои функции
[26.11.2003] Новиот директор на градскиот трговски центар, Милан Милошевски, денеска поднесе оставка од досегашните функции: заменик преседател на управниот одбор на клинички центар и претседател на надзорниот одбор на македонски железници. 

 

Двата етникума со различни ставови за проблемите во државава
[26.11.2003] Најзначаен проблем во општеството во кое живеат, за Македонците е невработеноста. Албанците сметаат дека е тоа бавното спроведување на Рамковниот договор. На второ место, Македонците го ставаат порастот на криминалот, Албанците - невработеноста.

 

Протест на вработените во штипска „Баргала“
[26.11.2003] Пред штипскиот Основен суд и пред штипската локална самоуправа илјада вработени од А.Д „Баргала" денеска одржаа јавен протест. Во страв да не ги загубат работните места штипските чевлари инсистираа да останат во погоните на А.Д „Предилница" вториот по големина погон од поранешниот текстилен комбинат „Македонка".

 

Царината отвори телефонска линија за шверцот и корупцијата
[27.11.2003] Дали имате нешто да пријавите? Компанија што шверцува стока? Луѓе што нелегално тргуваат со оружје и дрога? Дали ви било побарано мито?

 

И оваа година мегаломански буџет
[27.11.2003] Министерството за финансии ја финишира подготовката на новиот буџет за 2004 година. Изненадувања нема. Буџетската потрошувачка останува на исто ново како и во претходните години.

 

Македонија испраќа 4 промотори во економска офанзива
[27.11.2003] Од први јануари Македонија испраќа по еден економски промотор во 4 европски градови.За првата, пробна фаза на овој проект избрани се: Рим, Белград, Москва и Берлин. Двајца од промоторите ќе бидат трговски, а другите двајца инвестициони.

 

Канадски пошти и нудат на Македонија систем за слење на пратки
[27.11.2003] По објавениот мораториум во преговорите за влез на канадски во македонски пошти, канаѓаните со нова овојпат комерцијална понуда за владата.

 

Еврото за првпат достигна вредност над 1,20 долари
[28.11.2003] Европската заедничка валута денеска првпат во својата историја го надмина симболичниот праг од 1,20 долари. На Лондонската берза попладнево еврото се менуваше за 1,2001 долар, наспроти 1,1978 долари денеска претпладне и 1,1908 долари доцна синоќа.

 

На девизниот пазар во земјава недостигаат девизи
[28.11.2003] Во последните два месеца на девизниот пазар во земјава недостигаат девизи. За да ја задоволи ваквата зголемена потреба од евра, Народна банка на Македонија продава девизи на пазарот од државните девизни резерви. Така во октомври таа потрошила 7,6 милиони евра, а во првите 20 дена од овој месец дополнителни 4,8 милиони евра.

 

Констатиран проблем со сувомеснатите производи од Лијановичи
[28.11.2003] Домашните производители на сувомеснати производи денеска на средба со министерот за земјоделство Славко Петров констатирале дека имаат голем проблем со увозот на сувомеснати производи од Лијановичи од Босна и Херцеговина. 

 

Владата не го прифаќа предлогот на синдикатите за основната плата
[28.11.2003] Владата не го прифаќа предлогот на синдикатите од јавниот сектор основната плата да изнесува 5.060 денари и врз неа да се пресметуваат платите на сите буџетари.

 

Владата одби да ги зголеми платите во јавниот сектор
[29.11.2003] Владата синоќа одби да го прифати барањето на синдикатот за зголемување на платите во јавниот сектор. Единствената порака од министерот Јован Манасиевски е дека вкупната маса за плати во буџетот останува иста, и дека евентуални прераспределби се можни само во рамките на веќе испланираните пари за плати.

 

Утре на владина седница ќе биде решено за цената на лебот
[30.11.2003] Мелничките комбинати ќе ја чекаат утрешната владина седница на која веќе е најавено дека треба да биде донесена одлука со која владата ќе се обиде да го спречи поскапувањето на лебот. Реакцијата на македонскиот тим министри доаѓа по најавите на мелничките комбинати дека двојно е зголемената цена на увозната пченица.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk