Дома Сопранови
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Јануари 2003

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Фудбалски резултати и статистики
 

АРХИВА: Свет, Јануари 2003


 

Повеќе од 28 загинати во експлозија во Мексико
[01.01.2003] Повеќе од 28 лица загинаа синоќа, а 50-тина се повредени кога за време на прославата на Новата година избувна експлозија во мексиканскиот град Веракруз.

 

Папата повика на мир во светот
[01.01.2003] По повод Денот на Светскиот мир, кој денеска го одбележува Католичката црква, папата Јован Павле Втори ја нагласи важноста на моралните аспекти во меѓународната политика.

 

Прославата на Новата 2003 под засилена безбедност
[01.01.2003] Прославата на Новата 2003 година во целиот свет мина во услови на засилени мерки за безбедност поради стравувањата од глобалниот тероризам и можната војна со Ирак.

 

Нови непостојани членки на Советот за безбедност на ОН
[01.01.2003] Ангола, Германија, Шпанија, Пакистан и Чиле од денеска се новите непостојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.

 

Инспекторите и првиот ден од новата година во контрола на Ирак
[01.01.2003] Инспекторите на Обединетите нации за разоружување на Ирак првиот ден од новата година го почнаа со посета на два објекта во околината на Багдад.

 

Танкер со керозин се судри со потонат брод во Северното Море
[02.01.2003] Танкер што превезувал керозин синоќа се судри со потопен брод во Северното Море, во водите меѓу британското и француското крајбрежје, соопшти британската крајбрежна стража.

 

САД ги засилуваат силите во Персискиот Залив
[02.01.2003] Пентагон планира двојно да го зголеми бројот на сегашните 50.000 американски војници во Персискиот Залив за евентуалниот напад врз Ирак, пишува денешен „УСА тудеј“.

 

Самоубиствените чеченски напади ќе продолжат
[02.01.2003] „Самоубиствените напади ќе продолжат се додека руските сили не се повлечат од Чеченија“, изјавува самопрогласениот чеченски претседател, Аслан Масхадов.

 

Пакистан и Индија го обновија договорот за нуклеарно ненапаѓање
[02.01.2003] Пакистан и Индија денеска го обновија договорот од 1991 година за взаемно ненапаѓање со нуклеарно оружје, соопшти денеска пакистанското министерство за надворешни работи. Со овој договор се предвидува да се намалат тензиите меѓу двете земји.

 

Вооружени престрелки во Појасот Газа
[02.01.2003] Израелската војска и вооружени Палестинци денеска се судрија во бегалските логори Буреџ, Муаси и Рафи, во централниот дел на Појасот Газа, соопшти портпаролот на израелската војска.

 

Кина и Јужна Кореја ќе соработуваат за севернокорејската криза
[02.01.2003] Кина и Јужна Кореја денеска постигнаа договор за соработка при решавањето на севернокорејската нуклеарна криза, со цел да не дозволат влошување на состојбата и мирно решавање на севернокорејското нуклеарно прашање.

 

Буш ги одбројува деновите за пресметка со Садам
[03.01.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш го предупреди синоќа ирачкиот претседател Садам Хусеин дека се наближува денот за пресметка, додавајќи оти постојат мали изгледи ирачкиот лидер да се разоружа по мирен пат.

 

Студениот бран во Европа однесе повеќе стотици животи
[03.01.2003] 180 жители на Полска, главно бездомници, починаа како последица на хипотермија предизвикана од исклучително ниските температури и обилните врнежи од снег. Животот го загубија и најмалку седум лица, а седум други се повредени во невремето кое синоќа ја зафати и Швајцарија и кое предизвика големи материјални штети во многу кантони, јавија западните медиумите.

 

Се бара судско старателство за првото клонирано бебе
[03.01.2003] Родителите на наводно првото клонирано бебе, претседателката на Друштвото за човечко клонирање, Брижит Боасолје и гуру на раелијанската секта „Ракл“, на 22 јануари се повикани да се појават на прелиминарно сослушување пред судот во Флорида, кој треба да одлучи по барањето детето да биде под судско старателство, соопшти адвокатот Бернард Сигел.

 

18 загинати во судир на возови во Индија
[03.01.2003] Најмалку 18 лица го загубија животот, а над 50 се повредени, од кои тројца потешко, во судир на два воза што денеска се случи во индиската држава Махараштри, јави агенцијата „Јунајтед Њуз оф Индиа“.

 

Пјонгјанг бара дијалог со Вашингтон за нуклеарната криза
[03.01.2003] Официјален Пјонгјанг ги обвини САД дека се виновни за кризата во врска со севернокорејскта нуклеарна програма, но изрази подготвеност за преговори со Вашингтон. Американскиот претседател Џорџ Буш и натаму се надева оти кризата со нуклеарната програма на Северна Кореја ќе се реши мирно.

 

САД ја почнаа 2003 со засилени мерки против тероризам
[03.01.2003] Од почетокот на оваа година на сите американски аеродроми секоја торба што ќе биде ставена во авион ќе мора да помине низ специјален детектор против експлозив. Истовремено, повеќе од 15.000 војници добија наредба да се поготват за заминување во Персискиот Залив. Со овие две новини Америка ја почна новата 2003 година.

 

Две жртви во судурите во Венецуела
[04.01.2003] Две лица загинаа, а десетици се повредени во судирите помеѓу приврзаниците и противниците на венецуелскиот претседател Хуго Чавез.

 

САД го засилуваат военото присуство во Персискиот залив
[04.01.2003] Специјалните американски воздухопловни сили, маринци и ескадрони на авиони од типот „Ф-16“ добија наредба за распоредување во регионот на Персискиот залив.

 

САД бара враќање на ОБСЕ во Чеченија
[04.01.2003] Амбасадорот на САД во Москва Александер Вербшо изрази надеж дека мисијата на на ОБСЕ ќе се врати во одметнатата руска република, Чеченија.

 

ЕТА се закани дека ќе го напаѓа шпанскиот туризам
[04.01.2003] Шпанската сепаратистичка група „ЕТА“ денеска се закани дека во текот на летото има намера да извршува терористички акции во туристички места во Шпанија.

 

Договорена градбата на највисоката зграда во Светот
[04.01.2003] Претставници на главниот јужно-кореански град Сеул најавија дека постигнале прелиминарен договор за изградба на највисока зграда во светот.

 

Неколкумина загинати од невремето во Европа
[04.01.2003] Две лица загинаа во германија и едно во Франција од силното невреме со дожд кое ја зафати Европа. Граѓаните на повеќе европски држави се загрижени поради обилните дождови, и стравуваат да не им се повтори сликата од пред четири месеци, кога водената стихија однесе со себе многу животи.

 

На аеродромот во Франкфурт се приземји грабнатиот авион
[05.01.2003] На аеродромот во Франкфурт доцна попланево се приземји малиот авион кој беше грабнат од страна на непознато лице, соопшти полицијата.

 

Во бомбашки напад во Алжир 43 загинати
[05.01.2003] Најмалку 43 војници загинаа, а 19 се повредени при вчерашниот бомбашки напад на исламските милитанти врз конвој на алжирската армија во близина на градот Бискра, во североисточен Алжир, објави денеска алжирскиот весник „Ле Матин“.

 

Повеќе починати од алкохол за време на празниците во Русија
[05.01.2003] Над 40 лица починале како последица на конзумирање алкохол во текот на новогодишните празници на подрачјето на рускиот Новоград, соопшти денеска локалната полиција.

 

Поради снегот сообраќаен хаос во Франција
[05.01.2003] Во Париз и североисточниот дел на Франција од вчера владее сообраќаен хаос, како последица на интензивните врнежи од снег и ниските температури што предизвикаа навеви и голомразици на патиштата.

 

Убиени 25 новинари во 2002
[06.01.2003] Изминатата година во светот се убиени 25 новинари што е помалку од претходната 2001, објави во својот годишен извештај организацијата „Репортери без граници“.

 

Уште една шанса за Пјонгјанг да ја напушти нукеларната програма
[06.01.2003] Агенцијата за атомска енергија на ОН ќе и даде уште една шанса на Северна Кореја да ја напушти својата нуклеарна програма и да ги прифати инспекторите пред целиот проблем да се најде на разгледување пред Советот за безбедност.

 

Садам Хусеин ги обвинува инспекторите за шпијунажа
[06.01.2003] Ирачкиот претседател Садам Хусеин ги обвини денеска инспекторите на светската организација дека се повеќе ангажирани околу разузнавачки активности, наместо да истражуваат дали во земјата поостои програма за производство на нукеларно, хемиско и биолошко оружје.

 

24 настрадани во два самоубиствени напади во Тел Авив
[06.01.2003] Најмалку 24 лица настрадаа, вклучително и двајцата самоубијци, а стотици се ранети, во двата самоубиствени напади во Тел Авив за кои одговорноста ја презеде милитантната група Исламски џихад. Неколку часа по нападот, израелски воени хеликоптери истрелаа најмалку четири проектили врз работилници за обработка на метал во Газа, при што се ранети осум лица.

 

Прекинат сообраќајот поради снежното невреме во Јапонија
[06.01.2003] Силно невреме проследено со снежни врнежи и ветрови го погодија централниот и северниот дел на Јапонија, блокирајќи ги патиштата и предизвикувајќи доцнење на возовите, соопштија денеска официјални извори.

 

Роландас Паксас нов претседател на Литванија
[06.01.2003] Поранешниот литвански премиер Роландас Паксас победи на вчерашниот втор круг од изборите за претседател на Литванија, соопшти денеска литванската Централна изборна комисија.

 

Големиот студ зема жртви ширум светот
[07.01.2003] Ниските температури и снегот зафатија голем дел од светот, земајќи притоа и многубројни жртви, јавуваат светските медиуми, наведувајќи дека во Индија се регистрирани повеќе од 100 починати, а поради временските неприлики воздушниот и железничкиот сообраќај е блокиран во Скандинавија, балтичките држави и САД.

 

Израелската армија покрена акција во Газа
[07.01.2003] Тројца Палестинци ги загубија животите рано утринава во Појасот Газа при оружена пресметка меѓу група Палестинци и израелски војници.

 

4.000 американски маринци заминаа за Персискиот Залив
[07.01.2003] Околу 4.000 американски маринци и воен болнички брод заминаа доцна синоќа за Персискиот Залив, во забрзаното натрупување сили пред се` поизвесната војна против Ирак, за што Белата Куќа веќе подготвува планови за времето по Садам Хусеин.

 

За Северна Кореја санкциите на САД значат војна
[07.01.2003] Северна Кореја им порача денеска на САД дека економските санкции би значеле војна и дека е подобро Вашингтон да седне на преговарачка маса.

 

Прва конститутивна седница на американскиот Конгрес
[07.01.2003] Денеска во Вашингтон, прва конститутивна седница на новиот, 108. американски Конгрес. И во двата дома, за прв пат по времето на Ајзенхауер, мнозинство имаат конзервативните републиканци на Буш. Во Долниот дом имаат 24 места повеќе, додека во Сенатот само две повеќе од демократите.

 

Лидер на Ал Каеда повика на убивање Американци
[07.01.2003] Еден од лидерите на терористичката група Ал Каеда, Ајман ал Завари објави писмо во кое ги повикува сите муслимани во светот да го продолжат џихадот, убивајќи Американци и други непријатели на Бог, пишува денеска арапскиот весник „Ал Хајат“.

 

Христијанските цркви го слават Божиќ
[07.01.2003] Христијанските цркви кои се придржуваат до Јулијанскиот календар, денеска го слават својот најголем празник, ден на христовото раѓање.

 

Американските Демократи предложија задолжителна воена обрска
[08.01.2003] Влијателниот демократ во американскиот Претставнички дом Чарлс Ренџел вчера побара воведување на задолжителна воена или национална служба за сите мажи и жени меѓу 18 и 26 години, од што не би биле изземени ниту студентите, како ни оние кои имаат високо образование.

 

Арктичките температури одзедоа 255 животи во Индија
[08.01.2003] Во Индија како последица на студениот бран починаа најмалку 255 лица, а оваа зима во Москва однесе рекордни 239 животи. Центарот на Париз бил затворен поради тревога од можно излевање на реката Сена. Во Германија температурата во текот на ноќта се спушти до -31 степен, а обилните врнежи од снег предизвикаа проблеми и во британскиот железнички сообраќај.

 

Убиени седум индиски војници
[08.01.2003] Најмалку седум индиски војници се убиени во престрелките меѓу припадници на вооружените сили на Индија и Пакистан долж заедничката граница во спорниот регион Кашмир, јавија денеска пакистанските медиуми.

 

Во нападот на САД можат да настрадаат половина милион Ирачани
[08.01.2003] Експерти на ОН сметаат дека при евентуален напад на САД врз Ирак можат да настрадаат околу половина милион Ирачани, се оценува во доверлив извештај на ОН, цитиран од францускиот весник „Монд“.

 

САД и Европа со различен пристап во меѓународните односи
[08.01.2003] „ЕУ и САД се повеќе се оддалечуваат во меѓународната политика бидејќи Вашингтон се повеќе го прифаќа „верскиот“ пристап во меѓународните односи, а Брисел има повеќе „секуларен“ пристап“, изјави високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Хавиер Солана.

 

Истрага против Шарон и неговите двајца синови
[08.01.2003] Израелското државно обвинителство отвори истрага против премиерот Ариел Шарон и двајцата негови синови поради сомнителни уплати за финансирање на шароновата изборна кампања во 1999 година, објави израелскиот дневник „Хаарец“.

 

САД подготвени да преговараат со Северна Кореја
[08.01.2003] САД се подготвени да преговараат со властите во Северна Кореја, но притоа нема да направат никакви отстапки со кои би го убедиле Пјонгјанг да се откаже од својата нуклеарна програма, соопшти американскиот Стејт департмент.

 

Индија изврши успешна проба на балистичка ракета
[09.01.2003] Индија денеска изврши успешна проба на балистичката ракета „Агни“, која може да носи нуклеарна боева глава, соопштија официјални извори во Њу Делхи.

 

Русија планира да испрати воени бродови во Персискиот Залив
[09.01.2003] Русија планира да испрати два воени брода со подморници, придружувани од еден танкер, во Персискиот Залив, пишува во денешното издание рускиот весник „Комерсант“.

 

ЕУ ќе го забрани клонирањето со закон
[09.01.2003] Европската комисија повика на воведување светска забрана на репродуктивното клонирање луѓе, нарекувајќи го тоа неодговорна практика, не само од морално, туку и од научно гледиште.

 

САД го отфрлија мировниот план на Сеул за Северна Кореја
[09.01.2003] САД го отфрлија планот на Сеул за решавање на кризата со Северна Кореја, со кој се предвидуваше обновување на американските испораки на мазут за Пјонгјанг и писмени гаранции на Вашингтон за безбедност на Северна Кореја, под услов Пјонгјанг да се откаже од нукеларната програма.

 

Седум загинати во хеликоптерска несреќа во Авганистан
[09.01.2003] Пет американски војници и двајца Авганистанци ги загубија животите во несреќата кога хеликотер на американското воено воздухопловство се урна во источната авганистанска провинција Кунар.

 

Москва бара ратификација на Спогодбата за вооружување
[09.01.2003] Русија обвини некои членки на НАТО дека намерно го одолговлечуваат процесот на ратификација на Спогодбата за контрола на вооружувањето и конвенционалните вооружени сили во Европа, што според руските власти може да ја загрози и имплементацијата на самата спогодба.

 

Атина свечено го презема претседавањето со ЕУ
[09.01.2003] Грција вечерва со концерт во Атина свечено ќе го одбележи преземањето на полугодишното претседавање со Европската унија, кое ќе биде увод во утрешното традиционално заедничко заседание на Европската комисија и новото претседателство.

 

Либија не планира да му даде азил на Садам Хусеин
[10.01.2003] Либија ги демантираше тврдењата дека предлагала азил за ирачкиот претседател Садам Хусеин, со цел спречување нова војна во Персискиот Залив.

 

Патнички авион се урна во Перу
[10.01.2003] Перуански патнички авион со 41 патник и пет членови на екипажот се урна вчера во амазонската џунгла на околу 30 километри од градот Чачапојас во централниот дел на Перу.

 

Северна Кореја се повлече од договорот за неширење нуклеарно оружје
[10.01.2003] Северна Кореја денеска соопшти дека се повлекува од Меѓународниот договор за неширење на нуклеарно оружје, истовремено додавајќи дека нема намера да развива таков вид технологија.

 

Инспекторите не најдоа оружје за масовно уништување во Ирак
[10.01.2003] „Инспекторите за оружје на Обединетите нации не најдоа оружје за масовно уништување во Ирак“, изјави главниот инспектор Ханс Бликс непосредно пред состанокот со членките на Советот за безбедност.

 

Москва му предложи на Вашингтон договор за противракетна одбрана
[10.01.2003] Русија им предложи на САД потпишување на нова спогодба за противракетни системи, соопшти руското министерство за надворешни работи.

 

Во светот зимава од студ починаа околу илјада лица
[10.01.2003] Во светот зимава од студ починаа околу илјада лица, а најмногу жртви, повеќе од 500, се регистрирани во Русија и во Индија.

 

Унгарија најголем евроентузијаст, Чешка и Малта евроскептици
[10.01.2003] Од десетте земји-кандидати, кои со одлуката на самиот на Унијата во Копенхаген во мај 2004 година треба да влезат во ЕУ, во Унгарија постои најголемо расположение за присоединување во Унијата.

 

Антиамерикански демонстрации во Пјонгјанг
[11.01.2003] Повеќе од милион луѓе се собраа денеска во престолнината на Северна Кореа, Пјонгјанг на демонстрации во знак на подршка на владината одлука оваа источноазиска држава да се повлече од Меѓународниот договор за неширење на нуклеарното оружје.

 

САД предупредија од можни терористички напади во Занзибар
[11.01.2003] САД предупредија синоќа за можни терористички напади на танзинискиот остров Занзибар и ги посоветуваа американските граѓани кои се наоѓаат во регионот, да бидат претпазливи.

 

Арафат повикува на запирање на нападите
[11.01.2003] Палестинскиот лидер Јасер Арафат денеска ги повика палестинските екстремистички организации да ги прекинат нападите врз израелски цели пред изборите во Израел закажани за 28 јануари.

 

Наредба за разместување на нови американски војници во Заливот
[11.01.2003] Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд издаде наредба за разместување на уште 35 илјади војници во регионот на Заливот меѓу кои има маринци и пилоти на борбени авиони.

 

Чавез се закани дека војската ќе ги преземе фабриките за храна
[11.01.2003] Венецуелскиот претседател Хуго Чавез се закани денеска дека ќе испрати војска да ја преземе контролата во фабриките за храна и отпушти 700 работници од државната нафтена компанија во обид да го прекине 40 дневниот штрајк кој ја парализира државата чија цел е негово симнување од власта.

 

Тони Блер ќе се обиде да ја спречи војната против Ирак
[11.01.2003] Британскиот премиер Тони Блер кон крајот на месецов ќе отпатува за САД на разговори со американскиот претседател Џорџ Буш, „во обид да спречи војната во Ирак да стане неизбежност“, пишува денешен лондонски „Тајмс“.

 

Турскиот премиер допатува во Техеран
[12.01.2003] Турскиот премиер Абдула ѓул допатува денеска во Техеран на разговори со иранските власти за најновиот развој на ситуацијата во соседен Ирак.

 

Израелската армија навлезе во Џенин на Западниот брег
[12.01.2003] Израелската армија навлезе утринава во Џенин на Западниот брег воведувајќи ограничено движење во градот и почна со претрес на куќите.

 

Почина Морис Гиб, член на „Би Џиз“
[12.01.2003] Членот на некогаш многу популарната група „Би Џиз“, Морис Гиб умре на 53-годишна возраст од последици на инфаркт. Гиб починал во болница во Мајами каде неколку дена се наоѓал на интензивна нега поради претрпен срцев удар.

 

Висок американски претставник на разговори во Сеул
[12.01.2003] Американскиот заменик-државен секретар Џејмс Кели денеска допатува во Сеул на разговори со официјални претставници на Јужна Кореја во врска со се поголемата криза на Корејскиот полуостров, поради одлуката на Пјонгјанг да ја реактивира својата нуклерана програма.

 

САД испраќаат нови 27.000 војници во Заливот
[12.01.2003] Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд наредил испраќање на 27.000 војници во Персискиот Залив со што цифрата на војници испратени таму се искачи на 62.000 за последните 24 часа.

 

Јошка Фишер сака да го наследи Романо Проди
[12.01.2003] Шефот на германската дипломатија Јошка Фишер планира до година да го наследи актуелниот претседател на Европската Комисија Романо Проди, јавија денеска германските медиуми.

 

Студениот бран и натаму коси животи и предизвикува штети
[13.01.2003] Синоптичарите во Европа и светот и за наредните денови предвидуваат ниски температури проследени со врнежи од снег и дожд. Повеќе населени места во Грција и Турција останаа отсечени поради снегот, во Москва студот однесе уште пет животи, во Бангладеш нови 50, а бројот на жртвите од невремето во Индија достигна до 400.

 

Започна префрлањето на американски војници во Персискиот Залив
[13.01.2003] Од денеска почнува операцијата за префрлање на американски војници и воена техника преку белгиското пристаниште Антверпен кон Персискиот Залив, соопшти белгиското министерство за одбрана. Во Кувајт пристигнаа британските трупи за поддршка со цел да изградат позадинска база за можни операции против Ирак.

 

Вооружен Палестинец застрелал израелски цивил
[13.01.2003] Вооружен Палестинец синоќа упаднал во израелската доселеничка населба Гадиш, која се наоѓа во близина на границата меѓу Израел и Западниот Брег, каде застрелал еден израелски цивил.

 

Уапсени шестмина осомничени за тероризам во Велика Британија
[13.01.2003] Шест лица, од кои петмина се мажи, а една е жена, се уапсени синоќа во Борнморт, јужна Англија, во врска со истрагата за терористичката група која подготвувала напади врз важни личности во Велика Британија користејќи го отровот рицин, јави денеска телевизијата „Скај њуз“.

 

Вашингтон го ублажува ставот кон Северна Кореја
[13.01.2003] „САД се подготвени да го разгледаат пружањето помош на Северна Кореја во областа на енергијата, доколку Пјонгјанг се откаже од својата програма за развој на нуклеарно оружје“, изјави денеска во Сеул помошникот на државниот секретар на САД Џејмс Кели.

 

ОБСЕ во борба против тероризмот и организираниот криминал
[13.01.2003] Борбата против тероризмот, сузбивање на прекуграничниот организиран криминал, трговијата со луѓе, оружје и со опојни дроги, како и зачувување на безбедноста ќе бидат главни приоритети на годинешното холандско претседавање со ОБСЕ.

 

Политичките притисоци ја одлагаат војната против Ирак
[14.01.2003] Официјални претставници и воени експерти од САД соопштија дека политичките притисоци и проблемите со логистиката можат да ја одложат евентуалната воена интервенција против Ирак за неколку месеци, иако од почетокот на годинава во регионот на Персискиот Залив се испратени повеќе илјади американски војници.

 

Судири меѓу филипинските војници и муслиманските герилци
[14.01.2003] Најмалку двајца муслимански бунтовници загинаа во денешниот вооружен судир со владините трупи во западниот дел на Филипините, соопштија армиски извори.

 

Една жртва при експлозија во Наблус
[14.01.2003] Еден активист на палестинската група Исламски Џихад загинал, а друг е полесно повреден синоќа во експлозија во Наблус, соопшти Палестинската служба за безбедност.

 

Пјонгјанг предлага преговори со САД
[14.01.2003] Официјален Пјонгјанг денеска објави дека посредни преговори меѓу Северна Кореја и САД се единствениот начин да се стави крај на нуклеарната криза меѓу овие две држави.

 

Чеченските бунтовници се закануваат со нова терористичка акција во Москва
[14.01.2003] Еден од водачите на чеченските бунтовници Шамил Басаев се закани дека во Москва ќе организира нова терористичка акција, јавија руските медиуми.

 

Спасен брод со 121 илегални имигранти во Италија
[14.01.2003] Брод на италијанската морнарица денеска спаси рибарски брод со 121 илегални имигранти, кој пловел во водите близу брегот на Сицилија.

 

Двете Кореи заедно ќе ја решаваат нуклеарната криза
[15.01.2003] Јужна Кореја денеска прифати да учествува на разговорите со Северна Кореја идната недела, во рамките на дипломатската иницијатива за решавање на кризата во врска со производството на нуклеарно оружје во Пјонгјанг.

 

Франција и Германија предлагаат двојно претседателство во ЕУ
[15.01.2003] Францускиот претседател Жак Ширак и германскиот канцелар Герхард Шредер предложија воведување двојно претседателство во Европската унија.

 

Британски полицаец избоден со нож до смрт
[15.01.2003] Еден британски полицаец до смрт е избоден со нож, а четворица се повредени во антитерористичка акција, која беше спроведена вчера во северноанглискиот град Манчестер, соопштија локалните власти.

 

Убиени тројца Палестинци на Западниот Брег
[15.01.2003] Израелски војници денеска убиле двајца Палестинци во бегалскиот камп Тулкарем на Западниот Брег, од кои едниот бил 16-годишно момче. Уште едно лице било застрелано јужно од Џенин.

 

Густ чад од пожари ја прекри Канбера
[15.01.2003] Густ чад од околните шумски пожари денеска го прекри главниот град на Австралија, Канбера. Австралиските власти стравуваат дека пепелта од пожарите може да ги загади изворите за вода за пиење од кои се снабдуваат жителите на Канбера, а густиот чад да ја влоши здравствената состојба на луѓето со респираторни проблеми.

 

Инспекторите ја проверија претседателската палата во Ирак
[15.01.2003] Меѓународните инспектори на Обединетите нации за контрола на ирачкото оружје денеска, на 47-от ден од инспекциите, извршија проверка во претседателската палата во центарот на Багдад.

 

Најмалку 28 загинати во судар на автобуси во Иран
[15.01.2003] Најмалку 28 патници загинаа, додека околу 40 се повредени во судар на два автобуси во североисточниот дел на Иран, во близина на границата со Авганистан, јави денеска Иранското државно радио.

 

Откриени три контејнера опасни хемикалии во Џенова
[16.01.2003] Италијанските власти во три контејнери во пристаништето во Џенова пронајдоа опасни хемикалии за кои се стравува дека можат да бидат искористени за изработка на оружје за масовно уништување, пишува денеска италијанскиот дневен весник „Република“.

 

Уапсен Палестинец кој отворил оган
[16.01.2003] Израелски војници денеска уапсија вооружен Палестинец кој влегол во еврејската доселеничка населба Гуш Катиф, во јужниот дел на Појасот Газа.

 

Буш ќе се консултира со ОН пред евентуален напад врз Ирак
[16.01.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш ќе одржи консултации со Советот за безбедност на ОН пред евентуална воена акција против Ирак, соопшти денеска Белата Куќа.

 

Откажани 28 летови на „Луфтханса“ поради штрајк
[16.01.2003] Германската авионска компанија „Луфтханса“ изутрината откажа 28 летови поради штрајк на своите вработени, објавија претставници на компанијата.

 

Решавањето на кризата со Северна Кореја спор процес
[16.01.2003] „Решавањето на кризата со Северна Кореја ќе биде спор процес“, изјави денеска највисокиот американски претставник за Азија, Џејмс Кели по разговорите во Пекинг со кинески претставници.

 

Инспекторите пронајдоа боеви глави со хемиско полнење во Ирак
[16.01.2003] Инспекторите на ОН кои во Ирак трагаат за евентуално постоење оружје за масовно уништување, објавија денеска дека во еден склад пронашле празни хемиски боеви глави.

 

ОН без коментар за празните боеви глави во Ирак
[17.01.2003] Членовите на Советот за безбедност на ОН не сакаа да ја коментираат веста за откривањето на 11 празни хемиски боеви глави, наведувајќи дека чекаат нови информации за тоа.

 

Москва и Пекинг против дискусија во ОН за севернокорејската криза
[17.01.2003] „Москва и Пекинг сметаат дека нуклераната програма на Северна Кореја не треба да биде тема на дискусија во Советот за безбедност на ОН“, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Лосјоков по консултации во кинеската престолнина.

 

Се повеќе талибанци се групирааат во Кандахар
[17.01.2003] Се поголем број талибанци се групирааат во регионот на Кандахар, во јужниот дел на Авганистан, соопштил анонимен претставник на една хуманитарна организација.

 

Садам Хусеин ги повика Ирачаните да се подготват за војна
[17.01.2003] Ирачкиот претседател Садам Хусеин, во говорот по повод 12-годишнината од почнувањето на Заливската војна, ги повика денеска Ирачаните да се подготват за можна војна.

 

18 настрадани во обилните дождови во Бразил
[17.01.2003] Најмалку 18 лица, меѓу кои и шест членови на едно семејство, настрадаа во поплавите и лизгање на земјиштето што го предизвикаа обилните дождови во централниот дел на Бразил, јавуваат агенциите.

 

Москва предупреди од снадбување на терористите со нуклеарно оружје
[17.01.2003] „Постои реална опасност борци од авганистанското екстремистичко движење на талибанците и терористи од организацијата Ал Каеда да се снабдат со нуклеарно оружје“, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов.

 

Најмалку 32 загинати во поплави во Бразил
[18.01.2003] Бројот на лицата кои загинаа во поплавите, кои ја зафатија бразилската држава Минас Жераис, се зголеми на 32. Меѓу нив се и едно десетгодишно момче и семејство со девет деца, кое исчезна во градот Бело Хоризонте, јавуваат денеска бразилските медиуми.

 

САД нема да потпишат пакт за ненапаѓање на Северна Кореја
[18.01.2003] Заменикот на американскиот државен секретар Ричард Армитиџ денеска ја исклучи можноста за потпишување пакт за ненапаѓање на САД со Северна Кореја и нагласи дека таквата спогодба нема да ја одобри американскиот Конгрес.

 

Ефикасни нуклеарни сили приоритет за Русија
[18.01.2003] „Ефикасни нуклеарни сили кои би можеле соодветно да одговорат на агресија што доаѓа однадвор, е прашање што е од приоритетно значење за Русија“, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов.

 

Бомбардирани воено комуникациски објекти во Ирак
[18.01.2003] Американски и британски воени авиони синоќа бомбардираа два воено комуникациски објекти во зоната забранета за летови во јужен Ирак, соопштија американски воени извори.

 

Поради пожарите вонредна состојба во Канбера
[18.01.2003] Во главниот град на Австралија, Канбера, денеска е прогласена вонредна состојба поради неконтролираното ширењето на огнената стихија која ги зафати јужните предградија.

 

Убиени 40 осомничени терористи во Алжир
[18.01.2003] Најмалку 40 осомничени исламистички терористи, меѓу кои имало и Пакистанци, Јеменци и Авганистанци, се убиени од алжирската армија во источниот дел на земјата, јавија денеска локалните медиуми.

 

Протести против евентуалната војна во Ирак
[18.01.2003] Демонстрации против евентуалната војна војната во Ирак се одржани денеска во САД, Велика Британија, Ирска, Австрија и Пакистан. Илјадници учесници на протестите, како што јавуваат агенциите, ги повикаа САД да се откажат од нападот врз Ирак кој може да биде закана за мирот во светот со несогледливи последици.

 

Најмалку 100.000 протестанти бараат смена на Чавез
[19.01.2003] Најмалку 100.000 лица излегоа на улиците на венецуелскиот град Каракас во знак на солидарност со седумдневните протести, со кои се бара оставка на претседателот Хуго Чавез, јавуваат агенциите.

 

Четири настрадани во пожарите во Канбера
[19.01.2003] Четири лица настрадаа, а најмалку 50 се хоспитализирани во големите пожари што последниве денови ја зафатија Австралија. Во главниот град Канбера од огнената стихија уништени се 380 домови, а околу 2.500 лица се евакуирани.

 

Шарон ќе признае демилитаризирана палестинска држава
[19.01.2003] Израелскиот премиер Ариел Шарон најави дека е подготвен да ја признае палестинската држава што би била целосно демилитаризирана и во почетокот без конечни граници.

 

САД минатиот месец планирале напад врз Северна Кореја
[19.01.2003] „Вашингтон минатиот месец ја разгледувал можноста за напад врз Северна Кореја, пред да утврди дека дипломатското решение е подобро за кризата предизвикана со реактивираната нуклеарна програма на Пјонгјанг“, изјави новоизбраниот јужнокорејски претседател Ро Мо -Хун.

 

Осуетен атентат врз шефот на проруската управа во Чеченија
[19.01.2003] Шефот на проруската управа во Чеченија Ахмад Кадиров одбегна атентат, откако е откриена експлозивна направа на траектот со кој вообичено оди на работа, јави денеска руската државна агенција „Итар Тас“.

 

Американски бродови натоварени со оружје пловат кон Персискиот Залив
[19.01.2003] Пет товарни бродови, кои превезуваат американски тенкови, артилерија и оклопни транспортери денеска го преминаа Суецкиот Канал и се упатија кон Персискиот Залив, каде ќе им се приклучат на веќе распоредените американски трупи во регионот, кои треба да учествуваат во евентуалната воена операција против Ирак.

 

Бин Ладен ги повика муслиманите да се обединат
[20.01.2003] Муслиманите треба да престанат да војуваат едни против други и да се обединат против „крстоносната коалиција“ која тргнала против муслиманскиот свет, повикува лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен во соопштението објавено денеска во лондонскиот весник на арапски јазик „Аш Шарк ал Аусат“.

 

Во Алжир неуспешен обид за киднапирање на авион
[20.01.2003] Тројца Алжирци синоќа се обиделе да го киднапираат патнички авион „Боинг 737-800“ на алжирската авиокомпанија „Ел Алжери“ што летал на линијата Константин - Алжир.

 

Уапсени седум муслимани во Лондон
[20.01.2003] При синоќешната акција на британската полиција во централната џамија и во неколку куќи во северниот дел на Лондон се уапсени седум лица.

 

Руски предлози за надминување на севернокорејската криза
[20.01.2003] Рускиот специјален пратеник Александер Лосјуков денеска во Пјонгјанг на севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ил му го изложи планот на Русија за надминување на кризата околу нуклеарната програма на Северна Кореја.

 

Популарноста на Буш во опаѓање
[20.01.2003] Популарноста на претседателот на САД Џорџ Буш продолжува да опаѓа и во моментов само половина од Американците ги одобруваат неговите одлуки како шеф на државата, за разлика од мината седмица, кога поддршката беше околу 60%.

 

Ирачките власти се согласија на подобра соработка со ОН
[20.01.2003] Главниот експерт на ООН за разоружување на Ирак, Ханс Бликс денеска во Багдад објави дека постигнал договор за подобра соработка на ирачките власти со неговите инспектори, јавија агенциите.

 

22 загинати во судар на бразилски автобуси
[21.01.2003] 22 лица загинаа, а девет се повредени во синоќешниот судир на два автобуса во бразилската држава Сеара, јавуваат западните агенции.

 

Кина бара директен дијалог меѓу Вашингтон и Пјонгјанг
[21.01.2003] Кина ги демантираше тврдењата на САД дека Пекинг го поддржува противењето на Северна Кореја во Советот за безбедност на ОН да се расправа за актуелниот спор за нуклеарното вооружување.

 

Убиен Американец во Кувајт
[21.01.2003] Еден Американец е убиен, а еден тешко повреден денеска кога непознати лица отвориле оган врз возило во движење во близина на логорот Доха, главната воена база во Кувајт.

 

Бликс не е сигурен што пронашле неговите инспектори во Ирак
[21.01.2003] Шефот на инспекцијата на Обединетите нации во Ирак Ханс Бликс доцна синоќа во Атина не можеше да потврди дали инспекторскиот тим во Ирак пронашол било какво недозволено оружје за масовно уништување.

 

969 жртви од невремето во Индија
[21.01.2003] Билансот на жртвите од невремето кое ги зафати северниот, источниот и централниот дел на Индија достигна 969 лица. Најголем број жртви од студот во Индија се регистрирани во северната сојузна држава Утар Прадеш, 521 лице.

 

Потона шпански танкер со 1.000 тони нафта
[21.01.2003] Шпански танкер што превезувал околу 1.000 тони нафта денеска потона во водите кај Гибралтар. Членовите на екипажот се спасени, но по капетанот на танкерот „Спабункер ИВ“ се уште се трага.

 

Франција се противи на можниот напад на Ирак
[21.01.2003] Франција му порача синоќа на Советот за безбедност дека нема никаква причина за воена акција против Ирак, алудирајќи дека може да стави вето на евентуалната нова резолуција за напад врз Ирак.

 

Пјонгјанг нема да произведува нуклеарно оружје
[22.01.2003] Пјонгјанг нема намера да изработува нуклеарно оружје, соопштија членовите на севернокорејската делегација што учествуваат на преговорите на министерско ниво во Сеул со владини претставници на Јужна Кореја.

 

Германија нема да поддржи војна во Ирак
[22.01.2003] Германскиот канцелар Герхард Шредер изјави синоќа дека неговата земја нема да гласа за резолуција на ОН со која би се поддржала војната против Ирак.

 

Во Австралија беснеат пожари
[22.01.2003] Високите летни температури и силните ветрови се причина за проширувањето на шумските пожарите и во нови области во Австралија.

 

Израелски тенкови навлегоа во појасот Газа
[22.01.2003] Неколку изрелски тенкови синоќа навлегоа во северниот дел на Појасот Газа, соопштија претставници на палестинските служби за безбедност, додавајќи оти при операцијата нема повредени лица, но е урнат еден хотел и неколку згради.

 

Во земјотрес во Мексико над 21 загинат
[22.01.2003] Над 21 лице загинаа во силниот земјотрес што синоќа го потресе Мексико. Според сеизмолошките служби во Мексико, интензитетот на земјотресот, чиј епицентар бил во морето на десеттина километри од бреговите на сојузната држава Колима, изнесувал 7,6 степени според Рихтеровата скала.

 

Во Холандија предвремени парламентарни избори
[22.01.2003] Граѓаните на Холандија денеска ќе гласаат на предвремените парламентарни избори, за да ги изберат 150-те членови на новиот состав на Долниот дом на холандскиот Парламент.

 

Војната во Ирак ќе почне за еден месец, тврди Пентагон
[22.01.2003] Воените дејствија против Ирак може да почнат за еден месец, соопштија официјални претставници на Пентагон.

 

Париз возвраќа: Постарите континенти се помудри
[23.01.2003] Колку континентот е постар толку е и помудар, истакна денеска портпаролот на француската Влада Жан Франсоа Копе, како одговор на изјавата на американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд во која тој Франција и Германија ги оквалификува како „стара Европа“.

 

Демохристијаните и лабуристите изедначени на изборите во Холандија
[23.01.2003] Владејачката десничарска Демохристијанска партија и левичарската Лабуристичка партија добија речиси еднаков број гласови на вчера одржаните парламентарни избори во Холандија.

 

Зголемен билансот на жртвите од земјотресот во Мексико
[23.01.2003] Најмалку 26 лица загинаа, а над 400 се повредени во земјотресот што завчера го погоди тихоокенаското крајбрежје на Мексико. Според официјалните информации, земјотресот урнал околу 500 куќи, 86 болници и други објекти.

 

Киднапирани двајца новинари во Колумбија
[23.01.2003] Припадници на левичарски герилски групи во Колумбија синоќа во околината на местото Фортул, што се наоѓа во источната област Араука, киднапирале двајца новинари на американскиот дневен весник „Лос Анџелес тајмс“.

 

Катастрофални последици од пожарите во Австралија
[23.01.2003] Експертите сметаат дека годинашниве пожари и суши што ја зафатија Австралија ќе ја чинат австралиската економија над две милијарди долари. Загрозени се луѓето, имотите, земјоделските производи, а во дивината животните и птиците чудно се однесуваат.

 

Северна Кореја санкциите на ОН ќе ги смета за „акт на војна“
[23.01.2003] Северна Кореја ќе ги смета за „акт на војна“ сите санкции кои би ги вовел Советот за безбедност на ОН со цел да го принуди Пјонгјанг да се откаже од својата нуклеарна програма.

 

Ирачките власти против егзил на Садам Хусеин
[23.01.2003] Ирачкиот вицепремиер Тарик Азис ја отфрли можноста Садам Хусеин да ја напушти земјата со цел да се избегне можна војна против Ирак, без оглед на некои непотврдени информации дека неколку арапски земји работат на подготвување егзил за ирачкиот лидер.

 

САД „за“, Русија „против“ севернокорејскиот спор пред ООН
[24.01.2003] САД очекуваат од ООН да ја примат на разгледување севернокорејската нуклеарна програма во најкус временски период, но притоа нема да вршат притисок за воведување санкции против Пјонгјанг. Москва напоредно соопшти дека е „прерано“ да се изнесува севернокорејскиот проблем пред Советот за безбедност.

 

Три израелски жртви на Западниот Брег
[24.01.2003] Тројца Израелци се убиени во синоќешниот палестински напад во близина на градот Хеброн на Западниот Брег. Според израелски медиуми, нападот во Хеброн е извршен од заседа.

 

Поранешен дански премиер можен кандидат за лидер на НАТО
[24.01.2003] Поранешниот дански премиер Пол Расмусен изјави дека се надева оти ќе стане нов генерален секретар на НАТО, откако пред два дена актуелниот прв човек на Алијансата Џорџ Робертсон најави дека си заминува од оваа функција во декември годинава.

 

САД во потрага по нови сојузници за војна против Ирак
[24.01.2003] САД и Велика Британија се убедени дека голем број земји ќе им се придружат во војната против Ирак и без согласност на Обединетите Нации. Наспроти нив, Русија, Германија и Франција и натаму се противат на воената акција во Ирак. Во меѓувреме, соседните муслимански земји го повикуваа ирачкото водство да покаже поактивен пристап со меѓународните инспектори.

 

САД и Русија со исти позиции против тероризмот
[24.01.2003] Русија и САД имаат еднакви позиции и планови по прашањата за борбата против тероризмот, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Вјачеслав Трубников по заседанието на руско-американската работна група за борба против тероризмот.

 

Крај на војната на Брегот на Слоновата Коска
[24.01.2003] Спротивставените фракции во Брегот на Слоновата Коска на синоќешниот состанок, што се одржа во близина на Париз, усвоија пакет мерки за прекин на четиримесечната граѓанска војна во оваа западноафриканска држава.

 

Четворица загинати при судар на два авиона
[25.01.2003] Четири лица загинаа, а седум се повредени кога два мали авиони рано изутрината се судрија, при што еден експлодирал и се урнал во населен реон во Денвер, соопштија западните медиуми.

 

Авганистански терористи на пат кон Европа
[25.01.2003] Германската разузнавачка служба БНД предупредила дека 20 терористи од Авганистан, кои имале пакистански пасоши, тргнале на пат кон Европа, пишува во денешното издание германскиот весник „Билд“.

 

Вашингтон и Лондон се решени и на сила да го разоружаат Ирак
[25.01.2003] САД и Велика Британија се решени да го разоружаат Ирак, „ако треба и на сила“, повторија американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер во вчерашниот телефонски разговор.

 

Холандски танкер потона во Северното Море
[26.01.2003] Холандскиот танкер „Аши Еуролинк“ потона вчера во Северното Море откако се судри со шведскиот танкер „Сивил Рајн“, изјави претставник на холандската крајбрежна стража.

 

Жесток напад на израелските сили во појасот Газа
[26.01.2003] Најмалку 12 лица загинаа, а 64 се повредени во досега најжестокиот напад на израелската војска врз Газа, која со 25 тенкови и оклопни транспортери за првпат влезе во центарот на овој град.

 

Успешно раздвоени сијамски близнаци во Лондон
[26.01.2003] Неделниот таблоид „Мирор“ објави дека близначките Зејнаб и Џенет Рахман биле успешно разделени со операција која траела 4 часа, а била изведена на 15 јануари во лондонската „детска болница на улица Ормонд“.

 

Американски шпионски авион се урна во близина на Сеул
[26.01.2003] Американски шпионски авион „У-2“ денеска се урна во една населена област во градот Хвасонг, во близина на Сеул, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.

 

САД планираат употреба на нуклеарно оружје во Ирак
[26.01.2003] Американски воен експерт Вилијам Аркин, повикувајќи се на официјални извори од Пентагон, истакна, во денешното издание на весникот „Лос Анџелес тајмс“, дека администрацијата на Буш ја разгледува употребата на нуклеарното оружје во евентуалната војна против Ирак.

 

Пауел: „Нуклеарната програма на Северна Кореја е опасност за светот“
[26.01.2003] Американскиот државен секретар Колин Пауел изјави денеска во Давос дека севернокорејската нуклеарна програма претставува опасност за азискиот свет и регионот.

 

Извештајот за Ирак пред Советот за безбедност
[27.01.2003] Седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации, на која ќе се расправа за ирачкото прашање, а која може да се покаже многу важна за самата иднина на Светската организација, закажана е за денеска во Њујорк.

 

Индија му се закани на Пакистан
[27.01.2003] „Пакистан би можел да биде збришан од мапата на светот, доколку употреби нуклеарно оружје против Ирак“, предупреди индискиот министер за одбрана Џорџ Фернандес во синоќешното телефонско интервју за британскиот „BBC“.

 

Најмалку шест загинати од автомобил-бомба во Колумбија
[27.01.2003] Најмалку шест лица загинаа, а деветмина се повредени во синоќешната експлозија на автомобил-бомба во градот Араука, североисточна Колумбија.

 

Багдад негира поврзаност со Ал Каеда
[27.01.2003] „Ирак нема врски со Ал Каеда и не се користи со терористички методи за да си ја постигне целта“, изјави ирачкиот вицепремиер Тарик Азис во интервју за четвртиот канал на националната телевизија на Велика Британија.

 

Шарон го задржува лидерското место пред изборите
[27.01.2003] Партијата на израелскиот премиер Ариел Шарон и натаму го задржува лидерското место, но по се изгледа, нема да и биде лесно да формира стабилна Влада, се наведува во резултатите од најновите предизборни истражувања на јавното мислење.

 

Договор за безбеден премин меѓу двете Кореи
[27.01.2003] Воените власти на Северна и Јужна Кореја денеска постигнаа договор за безбеден премин на демаркационата гранична линија што ги раздвојува двете држави.

 

Седумдесет загинати во сообраќајка во Камерун
[27.01.2003] Најмалку 70 лица загинаа, а десетина се повредени во сообраќајна несреќа во Камерун, соопштија денеска локалните медиуми.

 

ЕУ побара повеќе време за Ирак да ги исполни барањата на ОН
[27.01.2003] Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска побараа повеќе време за инспекторите за оружје на Обединетите нации за да се исполнат целите на мисијата до крај, и предупредија дека Багдад мора да соработува со тимот на ОН.

 

Свештеник обвинет за сексуално злоставување на деца
[28.01.2003] Католички свештеник во Германија ќе се соочи со обвинение поради сексуално злоставување на 45 деца во период од 10 години, соопштија денеска германските власти.

 

Убиени 18 талибански бунтовници во Авганистан
[28.01.2003] Најмалку 18 бунтовнички борци се убиени во најновата оружена престрелка меѓу војници на ИСАФ и група милитантни следбеници на талибанскиот лидер Ѓулбудин Хикметјар.

 

Москва стравува од нови терористички напади
[28.01.2003] Поради закана од терористички напади руските сили за безбедност во Москва преземаат дополнителни мерки за обезбедување на сите железнички станици во градот, објави денеска прес-службата на Московски железници.

 

Велика Британија „куче за борби“ на САД
[28.01.2003] „Велика Британија на себе ја презеде улогата на куче за борби на САД“, изјави американскиот лингвист и политиколог Ноам Чомски на Социјалниот форум во бразилскиот град Порто Алегре.

 

Багдад ги отфрли обвинувањата на инспекторите
[28.01.2003] Официјален Багдад доцна синоќа ги отфрли обвиненијата дека ги украл доказите за програмите за оружје за масовно уништување.

 

Средношколец ранил девет лица, па се самоубил
[28.01.2003] Најмалку девет лица се ранети откако еден 18-годишен ученик отворил оган во училиште, по што се самоубил. Тројца други ученици се потешко ранети.

 

Парламентарни избори во Израел
[28.01.2003] Во Израел денеска под засилени мерки за безбедност се одржуваат парламентарни избори. Околу 4,3 милиони Израелци со право на глас ќе го изберат новиот состав на парламентот.

 

Атина Оназис од денеска има 18 години и 800 милиони долари
[29.01.2003] Aтина Oназис денеска наполни 18 години и со тоа  наследи 800 милиони долари. Kако последен потомок на богатиот грчки Бродосопственик Аристотел, Атина Оназис стана најбогатата жена во светот.

 

Буш: „Садам Хусеин ја пропушти шансата да се разоружи“
[29.01.2003] Aмериканскиот претседател Џорџ Буш синоќа ја поведе нацијата на чекор од војна со Ирак, објавувајќи дека Садам Хусеин ја пропуштил последната шанса за разоружување.

 

Солана: „Светот мора да соработува за да се спречи војната во Ирак
[29.01.2003] „Светот мора да соработува во Обединетите нации за да се спречи војната во Ирак која ќе има катастрофални последици“, изјави претставникот на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана.

 

Партијата на Шарон победи на изборите во Израел
[29.01.2003] Партијата на израелскиот премиер Ариел Шарон „Ликуд“ е победник на вчера одржаните општи избори во Израел со освоени 37 од вкупно 120-те пратенички места во Кнесетот.

 

Штрајк на дистрибутерите на весници во Франција
[30.01.2003] Во Франција денеска не може да се купат весници поради штрајк на фирмата за дистрибуција на весници и списанија „Нувел месажери де ла прес Паризиен“.

 

Израелската армија навлезе во Хеброн
[30.01.2003] Израелската армија изутрината започна голема воена операција во градот Хеброн, на Западниот брег на Јордан. Според локалните медиуми, во палестинските делови од Хеброн се распоредени голем број тенкови, а израелски војници вршат контроли во домовите и апсат луѓе.

 

Сообраќаен хаос поради невремето во Германија
[30.01.2003] Невремето што во изминатотото деноноќие ја зафати Германија предизвика хаос во сообраќајот, особено во северниот дел од државата.

 

Ватикан бара САД да не иритираат милијарда муслимани
[30.01.2003] Официјален Ватикан ги предупреди САД да не иритираат милијарда муслимани со планирањето на воената интервенција против Ирак, јавија светските агенции.

 

Осум европски држави го поддржаа Буш
[30.01.2003] Осум европски државници, вклучително и британскиот премиер Тони Блер, денеска потпишаа писмо во кое ја изразуваат својата поддршка кон ставот на американскиот претседател Џорџ Буш за ирачкото прашање, јавуваат агенциите.

 

Евакуација во Австралија поради пожарите
[30.01.2003] Жителите на најмалку 10 австралиски села се евакуирани, додека во градовите е воведена состојба на зголемена готовност поради огнен чад предизвикан од пожарите што во последните три недели беснеат во Југоисточна Австралија.

 

Берлускони најави можност за предвремени избори
[31.01.2003] Италијанскиот премиер Силвио Берлускони најави можност за организирање предвремени парламентарни избори поради судскиот процес што се води против него за корупција, пишува во денешниот број италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

 

Над 18 загинати од експлозија на бомба во Авганистан
[31.01.2003] Најмалку 18 лица загинаа во денешната силна експлозија на бомба поставена на еден мост јужно од авганистанскиот град Кандахар, соопшти локалната полиција.

 

Над 20 жртви во железничка несреќа во Австралија
[31.01.2003] Најмалку 20 лица ги загубија животите во синоќешната железничка несреќа кога патнички воз излета од шините на 30 километри јужно од Сиднеј.

 

Буш и Блер ги договараат следните активности
[31.01.2003] Буш и Блер во Белата куќа ќе ги договараат следните активности во притисокот врз Ирак да се разоружа. Се очекува Блер да го притисне или замоли Буш да се оди на нова, втора резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации, нешто на што инсистираат и многу други европски земји.

 

Северна Кореја бара директни преговори со САД
[31.01.2003] Официјален Пјонгјанг е против одржување повеќестрани преговори за решавање на прашањето за нуклеарната програма и побара директни преговори со САД, со кои Северна Кореја настојува да потпише договор за меѓусебно ненапаѓање.

 

Уапсени членови на Ал Каеда во Италија
[31.01.2003] Во италијанскиот град Торино е откриена терористичка група поврзана со Ал Каеда, соопштија за медиумите во Италија претставници на Бирото за борба против тероризмот и организираниот криминал.

 

Вонреден самит на ЕУ поради расцепот околу Ирак
[31.01.2003] Претседавачот со ЕУ Костас Симитис ја најави можноста да свика вонреден самит на Унијата на кој би се разгледала состојбата, но не и писмото со кое пет членки и три држави кандидати за влез во ЕУ се дистанцираа од заедничкиот став во врска со ирачката криза и се определија за воената опција што ја заговараат САД.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk