Дома
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Спорт > Архива > Јули 2002

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 

АРХИВА: Спорт, Јули 2002


 

Бразил ја слави шампионската титула од СП во Ј. Кореја и Јапонија
[01.07.2002] Бразил е повторно на фудбалскиот Монт Еверест. Петти пат досега. Години ќе минат додека не биде достигнат од најблиските ривали Германија и Италија.

 

Оливер Кан е прогласен за најдобар фудбалер на СП
[02.07.2002] Голманот на германсклата репрезентација Оливер Кан е добитник на златната топка.

 

Извлечени групите за престојната сезона во кошаркарската Евролига
[02.07.2002] Денеска во седиштето на кошаркарската Евролига во Барселона беа извлечени групите за престојната кошаркарска сезона во која титулата ќе ја брани грчкиот Панатинаикос.

 

Венус Вилијамс е првата 1/2 финалистка на Вимблдон
[02.07.2002] Дождот и натаму ја диктира програмата на третиот гренд слем тениски турнир во Вимблдон.

 

Четврти ден Бразил живее во самба ритамот
[03.07.2002] Државата е се уште целосно опиена од петтата светска шампионска титула во фудбал.

 

Дождот се заканува да ја наруши програмата на Вимблдон
[03.07.2002] Малку тенис, многу повеќе дожд и денеска на тениските терени во Вимблдон. Само 17 минути траеја последните два женски четвртфинални дуела.

 

Сестрите Серена и Венус Вилијамс се финалистки на Вимблдон
[04.07.2002] Серена и Венус Вилијамс в сабота ќе ги одмерат силите во уште едно сестринско гренд слем финале.

 

Баричело најдобар на двата слободни тренинга во Силверстоун
[05.07.2002] Возачот на Ферари бразилецот Рубенс Баричело постигна најдобри времиња на денешните два слободни тренинга на патеката Силверстоун каде в недела ќе се вози трката за големата награда на Британија.

 

Лејтон Хјуит е првиот финалист на Вимблдон
[05.07.2002] Австралијанецот Лејтон Хјуит е првиот финалист на третиот гренд слем турнир во Вимблдон.

 

Монтоја ќе стратува од пол позицијата на трката во Силверстоун
[06.07.2002] Колумбиецот Хуан Пабло Монтоја ќе стратува од пол позицијата на утрешната трка во Силверстоун.

 

Старт на 89 издание на велосипедската трка околу Франција
[06.07.2002] Ленс Армстронг со победа ја стартуваше одбраната на титулата на прологот во Луксембург со што беше отворено 89-тото издание на Тур Д' Франс.

 

Серена Вилијамс е победник во женското финале на Вимблдон
[06.07.2002] Американката Серена Вилијамс е победничка на третиот гренд слем турнир во Вимблдон, додека во машкото финале утре ќе играат Хјуит и Налбандијан.

 

Хаос во Фудбалскиот Сојуз на Македонија
[06.07.2002] Управниот одбор не одржал седница од април, а го очекува жешка обврска да пресече околу превирањата за фотелјата на генералниот секретар, за несериозноста во однос на системот за натпреварување во следната сезона, за дилемата - една или две втори лиги, но и за статусот на Шкендија ХБ.

 

Тенисерот Аницинов го освои трофејот „Амфора“
[07.07.2002] Македонскиот претставник во конкуренција на тенисери - ветерани Владимир Аницинов го освои трофејот „Амфора“ како победник на меѓународниот турнир Алпе-Адрија 2002 во Умаг.

 

60. гранд-при победа за Шумахер во славната кариера
[07.07.2002] Михаел Шумахер триумфално денеска и во Силверстоун. 60.гранд-при победа за него во славната кариера.

 

Хјуит ја освои втората гренд-слем титула
[07.07.2002] Австралиецот Лејтон Хјуит го врежа своето име на долгиот список победници на најпрестижниот тениски турнир во светот - Вимблдон.

 

Бертољати ја освои „жолтата маичка“
[07.07.2002] Швајцарецот Рубенс Бертољати ја презеде „жолтата маичка“ од американецот Ленс Армстронг, откако денеска мина прв низ целната линија во воведната етапа од  89. издание на профиесионалната велосипедска трка Тур'д'франс.

 

Вардар, Цементарница, Силекс и Слога Ј. во спор со ФСМ
[08.07.2002] Четирите прволигашки фудбалски клубови Вардар, Цементарница, Силекс и Слога Југомагнат ќе поднесат тужба до Фудбалскиот Сојуз на Македонија, ако не биде во нивна полза конечната одлука во нивните спорови со играчите, кои неодамна добија раскин на договорите на клупска штета, поради наводно неплаќање придонеси за социјално и пензиско осигурување.

 

Роби Мек Иавн е победник на 3-тата етапа од Тур Д'Франс
[09.07.2002] Австралијанецот Роби Мек Иавн е победник на 3-тата етапа од велосипедската трка Тур Д'Франс, а германецот Ерик Забел од денеска е нов лидер во генералниот пласман.

 

Закана од т.н. албански клубови за формирање паралелна фудбалска лига
[09.07.2002] Шкендија ХБ најверојатно второлигаш. Шпекулациите се дека таков може да биде компромисот во случајот со ултимативното барање на овој клуб за прволигашки статус по административен пат.

 

Тимот на Онс триумфираше на 4-тата етапа од Тур Д'Франс
[10.07.2002] Тимот на Онс Ероски триумфираше на 4-тата етапа од велосипедската трка Тур Д'Франс.

 

Дали ФСМ потклекна на уцените од т.н. албански клубови ?
[10.07.2002] Македонскиот фудбал во пат позиција, по заканата од таканаречените албански клубови за формирање паралелна лига во северозападна Македонија, ако не им се исполнат барањата по етничка основа.

 

Јан Кирсипу најбрз во 5-тата етапа од велосипедската трка околу Франција
[11.07.2002] Естонецот Јан  Кирсипу беше најбрз на 5-тата етапа од велосипедската трка околу Франција.

 

ФСМ на двете Шкендии им нуди второлигашки статус
[11.07.2002] По силниот медиумски притисок и противречните информации за вчерашните ручек преговори Фудбалскиот Сојуз на Македонија конечно со став во однос на ултимативните барања по етничка основа на таканаречените албански клубови.

 

Игор Гонзалес де Галдеано ја задржа жолтата маичка во Тур Д'Франс
[12.07.2002] Шпанецот Игор Гонзалес де Галдеано ја задржа жолтата маичка и вкупното водство во професионалната велосипедска трка Тур Д'Франс и по денешната шеста етапа од Фурже Ле Окс до Аленсон, долга 199,5 километри.

 

Фудбал: Можно формирање на паралелелен натпреварувачки систем
[12.07.2002] Таканареченото Координативно тело на албанските клубови останува на заканите дека следната седмица формира паралелелен натпреварувачки систем со 78 клубови во северо западниот дел на Македонија, ако Фудбалскиот Сојуз на Македонија не му ги прифати барањата по етничка основа.

 

Гонзалес де Галдеано во водство и по 7. етапа од Тур Д'Франс
[13.07.2002] Шпанецот Игор Гонзалес де Галдеано остана во водство и по седмата етапа од професионалната велосипедска трка Тур Д'Франс, од Бањол де Лорн до Авранш, долга 176 километри.

 

Неславен старт на македонските боксери
[13.07.2002] Македонските боксери неславно го почнаа настапот на 34. европско првенство во рускиот град Перм. Во категоријата до 48 килограми Вели Мумин е елиминиран во првото коло од Украинецот Георги Чигаев со 24:14 на поени.

 

Смирувачки тонови од албанските фудбалски клубови
[13.07.2002] Сите фудбалски клубови на македонските Албанци и фудбалските работници Албанци на состанок в понеделник ќе се произнесат по понудата од Фудбалскиот сојуз на Македонија за второлигашки статус на „Шкендија ХБ“ и на „Шкендија Арачиново“, како компромис во случајот со нивните барања, дознава А1.

 

Кореча триумфира на швајцарскиот тениски опен во Гштад
[14.07.2002] Шпанецот Алекс Кореча ја освои третата титула на швајцарскиот тениски опен во Гштад. Со победата од 3-0 во сетови над аргентинецот Гастон Гаудио во финалето, Кореча третпат триумфира на овој турнир, по успесите во 1998 и во 2000.

 

Италијанецот Роси победи на Гранд При трката во Донингтон
[14.07.2002] Италијанецот Валентино Роси ја забележа шестата последовна победа во класата до 500 кубни сантиметри од светскиот мотоциклистички шампионат, во денешната британска Гранд При трка во Донингтон.

 

Македонскиот бокс доживеа апсолутен дебакл
[14.07.2002] Македонскиот бокс, поделен меѓу две раководства од кои ниедно нема вистински легитимитет, доживеа апсолутен дебакл на 34.европско првенство што се одржува во рускиот град Перм.

 

И по денешната делница де Галдеано прв во генерален пласман
[14.07.2002] Ниту осмата етапа од професионалната велосипедска трка Тур'д'франс не донесе смена на врвот. Жолтата маичка остана на градите на шпанецот Игор Гонзалес де Галдеано и по денешната делница од Сент-Мартен-де-Ландел до Плује, долга 217,5 километри.

 

До петок нема отцепувањето од ФСМ на т.н. албански клубови
[15.07.2002] Компромис за да победи фудбалот и разумот и да се надмине најновата фудбалска рашомонијада во Македонија. Барем до петок ништо од отцепувањето од ФСМ и формирање паралелелен натпреварувачки систем што го најави координативното тело на албанските клубови.

 

Сантијаго Ботеро е победник на деветата етапа од Тур Д'Франс
[15.07.2002] Лидерот на Тур Д'Франс, Игор Гонзалес де Галдеано ја сочува жолтата маичка и по денешната девета етапа.

 

Ракомет: Вардар Ватростална во септември игра против Ејнатен
[16.07.2002] На европскиот поход во елитата македонскиот ракометен шампион Вардар Ватростална тргнува на почетокот на септември од Белгија. Ова по денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена.

 

Вардар против Дуделанж стартува во Лигата на шампионите
[16.07.2002] Се смируваат страстите во македонскиот фудбал во вистински момент пред утрешниот старт на најеминентното европско клубско натпреварување - Лигата на шампионите.

 

Патрис Алган триумфираше во десетата етапа од Тур Д'Франс
[17.07.2002] Французинот Патрис Алган триумфираше на десетата етапа на велосипедската трка Тур Д'Франс.

 

Вардар играше 1:1 против луксембурскиот Дуделанж
[17.07.2002] Вардар - Дуделанж 1:1. Во натпреварот од стартното претквалификациско коло во елитното европско натпреварување - Лигата на шампионите.

 

Светски рекорд на патеката од 400 метри слободно во куси базени за Грент Хакет
[18.07.2002] Австралискиот пливач Грент Хакет го собори светскиот рекорд на патеката од 400 метри слободно во куси базени.

 

Вардар во бледо светло се претстави на европската фудбалска сцена
[18.07.2002] Ништо од помпезно најавуваниот европски сјај на Вардар. Шансата несфатливите организациски гафови, да се покријат со резултат пропаднаа уште на стартот по камбекот во елитната европска Лига на шампионите.

 

Триумф на Ленс Армстронг во 11-тата етапа од Тур Д'Франс
[18.07.2002] Велосипедската трка околу Франција полека добива де жа ву расплет. Трикратниот и актуелен шампион Ленс Армстронг по триумфот на 11-та етапа ја превзема лидерската жолта маичка од Игор Гонзалес де Галдеано.

 

Жак Сантини е новиот селектор на Франција
[19.07.2002] Жак Сантини е новиот селектор на актуелниот европски фудбалски првак - репрезентацијата на Франција која на неодамна завршениот мундијал му ја препушти титулата на Бразил.

 

Ленс Армстронг победи и на 12-тата етапа од Тур Д'Франс
[19.07.2002] На Тур Д'Франс американецот Ленс Армстронг ги уништи своите ривали за жолтата маичка со уште една супериорна победа на планинските етапи на Пиринеите.

 

Во златната атлетска лига oстануваат петте досегашни конкуренти
[20.07.2002] По четвртиот атлетски митинг од златната лига во трката за делба на џек потот вреден 50 килограми злато остануваат петте досегашни конкуренти. Хишам ел Геруж, Феликс Санчез, Мерион Џонс, Гејл Диверс и Ана Гевара беа супериорни и во кнежевството Монако што беше домаќин на елитата на кралицата на спортовите синоќа.

 

Ќе му ја попречи ли Монтоја на Шумахер 5. светска круна?
[20.07.2002] Колумбиецот Хуан Пабло Монтоја направи обид барем за момент да го оддалечи Михаел Шумахер од надежите за петата светска круна во Формула еден, откако успеа пред него да дојде до пол позицијата пред утрешната гранд при трка на Франција на патеката во Мањи Кур.

 

Михаел Јужњи и Гиљермо Кањас во финалето на Мерцедес куп
[20.07.2002] Русинот Михаел Јужњи и Аргентинецот Гиљермо Кањас ќе играат во финалето на половина милион долари вредниот тениски турнир Мерцедес куп во Штудгарт.

 

Милар најбрз на велосипедската трка околу Франција
[20.07.2002] Британецот Дејвид Милар беше најбрз од петмината велосипедисти кои влегоа во спринт финишот на 13-та етапа од велосипедската трка околу Франција.

 

Ришар Виренк победи на 14-тата етапа на Тур Д'Франс
[21.07.2002] Домашниот велосипедист Ришар Виренк го одбележа своето враќање на патеката по суспензијата поради допинг скандалот, со победа на 14-та етапа на велосипедскиот Тур Д'Франс.

 

Михаел Јужњи победник на тенискиот Мерцедес куп
[21.07.2002] Михаел Јужњи ја освои првата титула во кариерата на традиционалниот тениски Мерцедес куп во Штудгарт вреден половина милион долари.

 

„Манчестер јунајтед“ успеа да го купи Рио Фердинанд
[21.07.2002] Англискиот премиер лигаш Лидс успеа да се исценка и да му го продаде на Манчестер Јунајтед репрезентативниот центархалф Рио Фердинанд за рекорден трансфер од 47,3 милиони долари.

 

Михаел Шумахер ја освои петтата титула во Формула 1
[21.07.2002] Формула еден има уште еден крал со пет круни. На тронот сега покрај легендарниот Хуан Мануел Фанџо има место и за Михаел Шумахер. Супер Шуми со Ферари го освои и француското гранд при и на шест трки до крајот е недостижен за конкурентите.

 

Македонскиот фудбал во исчекување на новата сезона
[22.07.2002] Мирен спортски понеделник во очекување на официјалното промовирање на новата фудбалска сезона кај нас задутре. На градскиот стадион во Скопје „Вардар“ против „Дуделанж“ го игра реваншот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

 

ФИФА ќе го решава спорот со албанските клубови во ФСМ
[22.07.2002] Повеќето од професионалците на ФСМ се на одмор далеку од настаните и невремето што ја зафати нашата куќа на фудбалот. А во неа единствена новост е разладниот клима уред. Но, тие што останаа деновиве таму беа и дополнително оладени со поканата од ФИФА за решавање на спорот со албанските клубови и нивното координативно тело, кое без пауза се подготвува за состанокот в четврток.

 

Утре „Вардар“ ќе има можност да ја мине пречката за Лигата на шампионите
[23.07.2002] „Вардар“ во екот на превирањата во клубот собра сили и организираше прес пред реваншот со „Дуделанж“ од стартното квалификациско коло во лигата на шампионите.

 

Колумбиецот Сантијаго Ботеро стигна до втората етапна победа на велосипедскиот Тур де Франс
[23.07.2002] Колумбиецот Сантијаго Ботеро стигна до втората етапна победа на велосипедскиот Тур де Франс, откако успеа да ја освои 15-та, најдолга етапа, прва од трите планински во Алпите.

 

Трансфер на Карстен Јанкер во „Удинезе“
[24.07.2002] Во очекување на нови потреси на фудбалската берза, што го нуди Ривалдо на пример, денеска од бундеслигашкиот гигант „Баерн“ веста за трансферот на Карстен Јанкер во италијанскиот прволигаш „Удинезе“.

 

На 16. етапа на Тур Д`Франс триумфираше Михаел Богерд
[24.07.2002] Холандскиот велосипедист Михаел Богерд триумфираше на 16-та етапа на Тур Д`Франс што се возеше од Ле Ду Алап до Ла Плањ во должина од 179,5 километри.

 

Сериозна финансиска криза на фудбалските гиганти
[24.07.2002] За Ривалдо лоши вести. Сериозната финансиска криза што ги потресува фудбалските гиганти им се закaнува на екипите од серијата А, „Рома“ и „Лацио“.

 

Во Цирих потврден легитимитетот на ФСМ во поглед на решавање на спорните прашања
[25.07.2002] Бурно се одвиваат настаните во Мак фудбалот деновиве. Рејтингот го сочуваа вчера фудбалерите на нашиот шампион Вардар во дуелот со луксембуршкииот Дуделанж, во Цирих денеска потврден легитимитетот единствено на ФСМ во поглед на решавањето на внатрешните спорни прашања, конкретно барањата на координативното тело на албанските клубови.

 

„Вардар“, ако го елиминира „Легија“, ќе се судри со „Барселона“
[26.07.2002] Ако нема пари за премии, барем има дополнителен мотив за докажување, а богами и чиста шанса за решавање на проблемите на фудбалерите на „Вардар“ по денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

 

Ривалдо го официјализира трансферот
[26.07.2002] Според информациите од италијанскиот печат, црвено - црните од Милано најверојатно со Ривалдо ќе го почнат европскиот поход. Според „Кориере Де Ла Сера“, бразилскиот репрезентативец денеска ја прифатил понудата од клубот на италијанскиот премиер Силвио Берлускони.

 

Хусховд најбрз на 18. етапа на Тур Д'Франс
[26.07.2002] Норвежанецот Тор Хусховд беше најбрз во спринтерскиот финиш на целта на 18-та етапа на велосипедскиот Тур Д'Франс, што се возеше од Клузе до Бурж Ен Бреш во должина од 176,5 километри.

 

Армстронг се ближи до легендите на велосипедизмот
[27.07.2002] Американецот Ленс Армстронг ја зголеми на речиси недостижни 7 минути и 17 секунди предноста над најголемиот конкурент Шпанецот Хосеба Белоки на  врвот во генералниот пласман.

 

Eвропската пливачка елита собрана во Германија
[27.07.2002] Во Германија е собрана европската пливачка елита. Во увертира на дисциплините што се пливаат во базен денеска на програмата беше маратонот на 5 километри во кој се појави и нашиот Михајло Ристевски. Беше само 18-ти во конкуренција меѓу 21 маратонец кои стигнаа на целта со време од 1 час, 3 минути и 10 секунди.

 

Шумахер на најповолна стартна позиција во Хокенхајм
[27.07.2002] Новокрунисаниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, ја обезбеди најповолната стартна позиција пред утрешното германско гранд - при во Хокенхајм.

 

Алекс Кореча го освои Кицбил
[28.07.2002] Шпанецот Кореча во финалниот меч на еден милион долари вредниот турнир го совлада, сонародникот Хуан Карлос Фереро убедливо во три сета, 64, 61 и 63.

 

Ривалдо го комплетираше трансферот во Милан
[28.07.2002] Милан чиј сопственик е италијанскиот премиер Силвио Берлускони, во наредните три години ќе му плаќа по 4,8 милиони евра. Фудбалерот на годината 1999-та, изненадувачки беше ослободен од Барселона, зашто не се вклопуваше во шемата на новиот тренер Луис ван Гал.

 

Триумф на греманското Гранд за Шумахер
[28.07.2002] На пет станици пред крајот, новиот предизвик за неприкосновениот владетел на најбрзиот циркус, до крајот е соборувањето на рекордот на Најџел Мансел од 1992-та кога британецот деветпати беше најбрз но, на 16 трки.

 

Ленс Армстронг по четврти пат триумфално на престижната Тур де франс
[28.07.2002] 30 годишниот Армстронг станува само петтиот велосипедист во 99 годишната историја на Тур д'Франс, што успеал да оствари вака импресивен дострел, по Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернар Ино и Мигуел Индураин, легендите кои се петкратни шампиони на оваа професионална трка.

 

Вардар ситно одбројува до соочувањето со Легија
[29.07.2002] Мирисот на фудбалската Лига на Шампионите веќе се чувтствува над Скопје. Вардар веќе ситно одбројува до соочувањето со Легија, вистински предизвик во второто квалификациско коло од еминентното европско натпреварување.

 

Бошевска четврта во Европа во дисциплината 400 метри мешано
[29.07.2002] Марија Бошевска четврта во Европа во дисциплината 400 метри мешано на првенството во Берлин што стартуваше со светски рекорд на германската женска штафета на 100 метри слободно.

 

Миладиновски постигна нов државен рекорд на 200 метри мешано
[30.07.2002] Уште се радуваме заедно со Мирјана Бошевска за нејзиното четврто место во трката на на 400 метри мешаново Берлин што е најдобар резултат на македонското пливање на европските првенства.

 

Извлечени противниците на македонските екипи во EКК
[30.07.2002] А денешната ждрепка во Софија беа извлечени противниците на македонските претставници во европските кошаркарски купови, екипите на Фершпед Работнички, Куманово, Жито Вардар и Николферт.

 

Вардар подготвен за влез во Лигата на шампионите
[30.07.2002] Вардар и покрај нефудбалските работи околу него, подготвен и во позитивна атмосфера го пречекува утрешниот дуел со полската Легија од прв од квалификациско коло во Лигата на шампионите. Ова е ехото од денешниот прес пред претстојниот голем предизвик.

 

Пливачката Бошевска обезбеди пласман во финалето
[31.07.2002] По освоеното чертврто место на патеката од 400 метри мешано на Европското првенство во Берлин, македонската пливачка Мирјана Бошевска обезбеди пласман и во финалето на 200 метри мешано.

 

Вардар доживеа пораз од полската Легија
[31.07.2002] Историјата се повтори. Македонскиот шампион Варадр пред своите симпатизери повторно доживеа пораз од полската Легија. Гостите од Варшава исто како и пред три години во Скопје забележаа победа овојпат, со 3:1 и веќе со едната нога се во третото коло од квалификациите во лигата на шампионите.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk