Дома Ентер - сабота 18:00
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Економија > Архива > Април 2002

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 

АРХИВА: Економија, Април 2002


 

Приватизацијата на водата на референдум
[01.04.2002] Дилемата дали скопскиот водовод ќе се приватизира или не најверојатно ќе се решава со рефендум. Жителите на Скопје ќе можат самите да одлучат дали водоводот да се даде под кирија на странска фирма или водоснабдувањето и натаму да го врши градското јавно прептријатие.

 

Ембаргото за влез на нафтените деривати и натаму во сила
[01.04.2002] Ембаргото за влез на нафтените деривати во Македонија чии увозник е „Макпетрол“ и натаму е на сила. 68-те цистерни се уште чекаат на граничниот премин.

 

Пенов се премислува за продажба на „Пајак службата“
[01.04.2002] Градоначалникот Ристо Пенов се премислува дали треба да го потпише решението за продажба на „Пајак службата“ во Скопје.

 

Забрзано се работи на продажба на „Нова Македонија“
[01.04.2002] „Постапката за решавање на „Нова Македонија“ треба да заврши до почетокот на мај оваа година“, заклучило на претпоследната седница владиното тело за структурни реформи, расправајќи по точката - продажба на загубарот НИП „Нова Македонија“.

 

Законот на загубарите државата ќе ја чини 46 милиони евра
[02.04.2002] Законот кој на работниците со повеќе од 25 години стаж ќе им се обезбеди социјална сигурност државата ќе ја чини 46 милиони евра кои ќе треба да се платат во период од 10 години, почнувајќи од 2004-та година.

 

Увозот на нафтени деривати од „Макпетрол“ за царината е нелегален
[02.04.2002] Царинската управа денеска јавно го обвини „Макпетрол“ за злоупотреба на времената спогодба со Европската унија, врз основа на која најголемиот нафтен дистрибутер увезува деривати од Грција.

 

Владата го поскапе бензинот
[02.04.2002] По втор пат за две недели, владата денеска ги зголеми цените на нафтените деривати во просек за 3,27 проценти. Бензините поскапуваат за два денари од литар, а дизел горивата ќе бидат поскапи за еден денар.

 

Крстевски демантира словенечки инвеститор во НИП-от
[02.04.2002] Вицепремиерот Зоран Крстевски денеска ја демантираше вчерашната информација на А1 дека имал неофицијални контакти со словенечкиот инвеститор заинтересиран за НИП „Нова Македонија“.

 

Kривични пријави за првите луѓе на најмоќните фирми
[02.04.2002] Mинистерот за внатрешни работи Љубе Бошковски вчера активирал кривични пријави против директори на неколку големи скопски претпријатија осомничени за затајување на данок, за повреда на законот за акцизи или за перење пари, пишува „Дневник“, повикувајќи се на владини извори.

 

Градот се сложува со референдум за водата
[03.04.2002] Идејата за референдум на кој жителите на Скопје ќе решат дали водоводот да се даде под закуп на странска компанија е сосема легитимна и советот на градот ќе расправа за неа откако раководството на „Водовод и канализација“ и официјално ќе побара од градските власти распишување на референдум за ова прашање.

 

Втората мобилна мрежа не се знае кога ќе профункционира
[03.04.2002] Втората мобилна мрежа, која е под концесија на грчката фирма Оте, се уште не профункционира и како што сега стојат работите не се знае ни кога ќе почне.

 

Меморандумот за Коридорот 8 на чекор до потпишување
[03.04.2002] Меморандумот за изградба на Коридорот осум на потегот исток - запад конечно е на чекор до потпишување, тврдат во македонското министерство за транспорт и врски.

 

Акционерите бараaт ревизија на приватизацијата на „Младина“
[03.04.2002] Група акционери од „Младина“ бараат ревизија на приватизацијата на фирмата, обвинувајќи дека е извршена нелегално.

 

Рација низ трговските центри
[04.04.2002] Инспекторите од управата за јавни приходи денеска спроведоа масовни контроли низ скопските продавици.

 

Советот за радиодифузија за некого мајка за некого маќеа
[04.04.2002] Засилениот притисок на државните органи финишира со најновото барање на управата за телекомуникации - да се плати концесијата за следната концесиска година, само еден месец откако медиумите ја платија концесијата за минатата година.

 

Истече рокот за продажба на државните пакети акции
[04.04.2002] Иако истече рокот од седум дена откако Агенцијата за приватизација објави продажба на државните акции во 33 фирми, на берзата денеска се понудија само 9 од нив.

 

Штрајкувачите од загубарите се судрија со полицијата
[04.04.2002] Околу илјада работници од фирмите загубари денеска на штрајкот пред парламентот се судрија со полициското обезбедување, во обидот насилно да влезат во зградата на собранието.

 

Профункционира новата авиокомпанија „Свис“
[05.04.2002] Од почетокот на неделава почна да функционира авиокомпанијата „Свис“, која е наследник на пропаднатата „Свис Ер“ и нејзината компанија ќерка „Крос Ер“, и двете од Швајцарија.

 

Груевски нелегално организира втор курс за ревизори
[05.04.2002] Доделувањето на сертификатите за сметководители ревизори ги фрли во отворен конфликт министерството за финансии и Советот на овластени сметководители.

 

Политичката криза драматично влијае и на економијата
[05.04.2002] Приватизацијата и продажбата или ликвидацијата на загубарите беа одложени. Транспарентноста на процесот на приватизација не е обезбедена, а здравствената состојба на банкарскиот систем останува кревка.

 

Четири локални телевизии се борат за национална концесија
[05.04.2002] Советот за радиодифузија објави дека од денеска почнува да тече рокот од 30 дена во кој треба да се одлучи на кои нови радија и телевизии ќе им се доделат концесии за работа.

 

Корупцијата еден од клучните проблеми на Балканот
[05.04.2002] Корупцијата, покрај сиромаштијата, невработеноста и лошиот животен стандард, е еден од најголемите проблеми на Балканот, покажа истражувањето спроведено од регионалната невладина организација Иницијатива за правен развој во Југоисточна Европа.

 

Запленета стока вредна повеќе од 340 илјади евра
[06.04.2002] Инспекторите од управата за јавни приходи во заврчерашната акција низ скопските продавници заплениле стока вредна повеќе од 340 илјади евра.

 

Италијанците го враќаат радиоактивниот челик на „Макстил“
[07.04.2002] Радиоактивност во челикот на македонскиот производител „Макстил“ - е информација која меѓудругото ја возбуди овдешната јавност во текот на неделава што изминува.

 

Фабрика „Карпош“ од Крива Паланка се гуши во долгови
[08.04.2002] Работниците на текстилната фабрика „Карпош“ од Крива Паланка речиси две години немаат земено ниту денар, заборавена од деловните партнери фирмата се гуши во долгови, а пред нешто повеќе од една недела инспектори од управата за јавни приходи ги собрале од магацинот и последните употребливи залихи од текстил, со тоа наплаќајќи си го долгот од неплатен данок.

 

Продадени акциите на „Младина“
[08.04.2002] На македонската берза денеска се продадени 41,57 проценти државни акции во „Младина“. Пакетот акции го чини купувачот кој засега се чува во тајност 250 илјади евра.

 

Раководството на АД „Хартија“ се оградува од здружението на стечајци
[08.04.2002] Раководството н АД „Хартија“ Кочани  има единствена задача, враќање на социјалната сигурност  на сите поранешни и сегашни  вработени вкупно 600.

 

Одложен утрешниот штрајк на загубарите
[08.04.2002] Работниците од фирмите загубари утре нема да протестраат пред зградите на собранието и владата како што најави синдикалниот лидер Муратовски на протестот во четвртокот.

 

Увозот на нафтените деривати на „Макпетрол“ утре пред владата
[08.04.2002] Вицепремиерот Крстевски ќе бара цистерните на „Макпетрол“ да влезат во Македонија, а секторскиот директорот во Царинската управа, Мицевски продолжување на блокадата за влез на 68-те цистерни.

 

Нафтоводот Скопје-Солун ќе им го одземе на МЖ - превозот на нафта
[08.04.2002] На утрешен ден, пред точно 129 години, возот од Солун прв пат влезе во велешката железничка станица. Продолжувањето на линијата до Скопје, што се случило четири месеци подоцна и честите штрајкови на железничарите биле главните проблеми што стоеле на патот на идејата на тогашната отоманска империја, преку Солун и Скопје, Турција побрзо да се поврзе со западна Европа.

 

Синдикатот не треба да има неизводливи барања
[09.04.2002] „Синдикатот не треба да бара од Република Македонија нешто што не може да се направи“, му порача денеска на синдикатот владиниот портпарол Ѓорѓи Трендафилов, кој не прецизираше каков став зазела владата за предлог-законот со кој на работниците со повеќе од 25 години стаж им се гарантира паричен надомест до пензионирање.

 

Македонија и Србија во трка по титуларот регионална пошта
[09.04.2002] „Српската пошта ќе биде водечка пошта на Балканот“, изјави српскиот министер за транспорт и врски минатата недела, откако во Отава, Канада, српската и канадската пошта потпишаа договор за деловно техничка соработка.

 

Владата не најде решение за цистерните на „Макпетрол“
[09.04.2002] Владата денеска не успеа да најде компромисно решение за спорот на „Макпетрол“ и царината.

 

А1 интервју: Македонија е целосно подготвена за историската шанса Олимпијада 2004
[09.04.2002] На 13-ти август 2004-та, на само неколку стотина километри од Скопје, во Атина, ќе се одржи летната олимпијада. За прв пат во современата историја најмасовната спортска манифестација се случува во земја наш сосед, што е ретка и можеби единствена можност и Македонија да заработи нешто од илјадниците туристи што ќе ја преплават Грција за време на олимпијадата.

 

И независните синдикати ќе штрајкуваат
[10.04.2002] Под мотото социјален протест на бедата и сиромаштијата во Македонија, унијата на независните синдикати на 29-ти овој месец ќе организира протест пред владата. Датумот на протестот вели претседателот на УНАСМ, Антевски не е склучаен.

 

Mакпетрол го запре увозот на нафтени деривати
[10.04.2002] Mакпетрол привремено ќе го запре увозот на нафтени деривати. Вицепремиерот Крстевски, директорот на царината Даравелски и министерот за економија Фетаи на вчерашниот специјален состанок не успеаја да се договорат околу спорот со увозот на бензините на Макпетрол.

 

Состанок за поделбата на дипломатскиот имот на поранешна СФРЈ
[10.04.2002] Третиот состанок на заедничкиот одбор за поделбата на дипломатските и конзуларни претставништва на бившата СФРЈ ќе се одржи денеска во словенското министерство за надворешни работи во Љубљана.

 

Функионерите не плаќаат за одржување на нивната зграда
[10.04.2002] Министри и пратеници, високи владини функционери не платиле ниту денар за одржување на зградата во која јавното претријатие за стопанисување со станбен и деловен простор им доделило станови на користење.

 

Мобимак со нови бенифиции
[10.04.2002] Намалувањата на цената се однесуваат на „пост пејд“ моделот. Новата цена во „моби про“ тарифниот модел сега е два денари пониска и изнесува 16 денари, а во „моби поп“ моделот поефтинувањето е за 4 денари од 32 на 28 денари.

 

Тораница не отиде во ликвидација
[11.04.2002] Доверителите на рудникот Тораница не донесоа одлука за ликвидација на фирмата. Иако ова беше единствен предлог на судското рочиште, сепак доверителите не ја прифатија ваквата препорака од владата.

 

Приведени четворица службеници од даночната управа
[11.04.2002] Под сомневање дека примале поткуп МВР приведе четворица шалтерски службеници на Управата за јавни приходи.

 

Спорните нафтени деривати под царински надзор
[11.04.2002] Во спорот „Макпетрол“ - Царинската управа позициите се менуваат само за неколку часа. Денеска е напуштен радикалниот став што вчера го бранеше директорот на Царинската управа Драган Даравелски - нафтените деривати на „Макпетрол“ што чекаат за влез во Македонија да се прогласат за забранет увоз, што значи да се вратат во Грција или ќе бидат запленети, велат информациите на А1.

 

ФАС и „Македонка“ ја добија втората рата од отпремнината
[11.04.2002] Работниците од ФАС „11-ти Октомври“ и „Македонка“ денеска ја добија втората рата од отпремнината што им следи по ликвидацијата на овие две фабрики загубари.

 

Владата ги укинува контингентите за бесцарински увоз
[11.04.2002] Погрешно сфаќајќи ги препораките од запад, владата повторно најавува радикална мерка - укинување на контингентите за бесцарински увоз на одделни производи. Имено, препораката на меѓународните организации не е укинување на контингентите, кои и самата Европска унија многу ги применува, туку нивна транспарентна поделба.

 

Дозволата за летање на МАТ важи уште две недели
[11.04.2002] Важноста на дозволата за летање на МАТ истекува за две недели, но директорот на оваа авиокомпанија Душко Груевски, промовирајќи го летниот ред на летање на МАТ, најави дека важноста на дозволата ќе биде продолжена.

 

Корупцијата и слабата економија закана за траен мир
[11.04.2002] Корупцијата во владата и слабата економија на државата, сите луѓе од Македонија, независно од нивната етничка припадност, ги сметаат за најголема закана за конечен успех на мировниот процес.

 

Роднина на премиерот го купи штипски „Балкан Експрес“
[12.04.2002] Просекот на купување на фирми со големи дисконти е расипан, бидејќи 6 месечното истеквање за продажба на авто-транспортното претпријатие „Балкан Експрес“-Штип заврши со изненадување.

 

Груевски не се откажува од „Краун Ејџент“
[12.04.2002] Министерот за финансии не се откажува од идејата за ангажирање на англиската приватна агенција, „Краун Ејџент“, која во царинската управа би работела на сузбивање на шверцот и корупцијата и на зголемување на царинските приходи.

 

Пет компании сакаат да го купат ФАС
[12.04.2002] Пет фирми доставија понуди за купување на имотот на ФАС „11-ти Октмври“ на јавниот повик кој заврши денеска.

 

Mакедонските бизнисмени треба да ги регистраат трговските марки
[13.04.2002] Mакедонските бизнисмени за да си го заштитат пласманот на своите производи на домашниот пазар, но и надвор, треба да ги регистраат трговските марки.

 

Македонија се одалечува од европските процеси
[13.04.2002] Што со последниот извештај на европската комисија за степенот на стабилизација и асоцијација на Македонија, прв што Унијата го изработи по потпишувањето на спогодбата, лани во април.

 

Светската банка не ги убеди скопјани да го приватизираат водоводот
[15.04.2002] Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ да го добие управувачкиот пакет акции во фирмата што ќе го врши водоснабдувањето на Скопје, а странската компанија да добие 49, а не 51 процент од сопственоста на новиот оператор, како што досега беше предвидено.

 

ОКТА сака да изгради 8 бензински пумпи во општината Карпош
[15.04.2002] Рафинеријата „ОКТА“ бара од општината Карпош дозвола да изгради осум бензински пумпи на атрактивни локациии во овој дел од градот Скопје.

 

Бугарската „Маринир“ со најголеми шанси за имотот на ФАС
[15.04.2002] Oдборот на доверители на ФАС „11 Октомври“ по отворањето на понудите за купување на имотот на фабриката, денеска утврди дека само бугарската фирма „Маринир“ од Бургас, Бугарија ги исполнувала условите од јавниот повик.

 

Набавката на фискалната апаратура партиски бизнис на ВМРО-ДПМНЕ
[15.04.2002] Истекуваат последните 10 дена во кои големите маркети, рестораните и бензинските пумпи треба да ја купат и инсталираат т.н. фискална апаратура. Сите без исклучок коментираат дека нема да можат да го запазат рокот за тоа, кој истекува на 25-ти овој месец.

 

Водоводот вреден 500 милиони треба да се даде за само 2 милиона долари
[16.04.2002] Освен дел од градското раководство, и голем број експерти се против издавањето на скопскиот водовод под закуп на странска компанија.

 

Селаните од Волково и Орман се против заобиколен пат на Скопје
[16.04.2002] Изградбата на заобиколен автопат околу Скопје ќе го замре животот во двете села кои што ќе ги подели овој пат, Волково и Орман, предупредуваат селаните.

 

Најсериозниот кандидат за ФАС со најслаба понуда
[16.04.2002] За купување на технолошката целина на ФАС „11 Октомрви“ одборот на доверители ќе одлучува меѓу три фирми, едната македонска „Мотор Коач индустри“ и двете бугарски „Маринер“ и „Булмак“.

 

МРТВ ќе се финансира само од претплата, а приватните медиуми од рекламите
[16.04.2002] Како начин за решавање на проблемот со финансирањето на електронските медиуми, и Македонската радиотелевизија се приклучи на предлогот - во иднина таа да се финансира исклучиво од парите од телевизиската претплата, а од реклами да се финансираат само приватните радија и телевизии.

 

Животниот стандард во Македонија постојано опаѓа
[17.04.2002] И бројките и самите изјави на граѓаните покажуваат дека животниот стандард во Македонија постојано опаѓа. Откако ќе се купат сите прехранбени производи неопходни за месечен живот на едно четиричлено семејство, од просечната плата денес остануваат само три проценти, додека пред три години останувале шест проценти.

 

Кулминација на старото непријателство меѓу Станинов и Костов
[17.04.2002] Акционерското собрание на Комерцијана банка се претвори во жестока серија директни меѓусебни обвинувања меѓу акционерот Сашко Станинов и директорот на банката Хари Костов. Вистинска кулминација на старото непријателство меѓу Станинов и Костов.

 

Приватизираните фирми сами ќе си ја утврдуваат висината на платите
[17.04.2002] Сите фирми во кои повеќе од 51 процент од капиталот е приватен од идниот месец ќе може да си ги зголемуваат платите без да ја консултираат за тоа владата.

 

ОКТА ќе гради триесетина бензински низ целата држава
[17.04.2002] Бензинските пумпи што ОКТА сака да ги гради во општината Карпош се само дел од операцијата со која рафинеријата треба да стане сопственик на триесетина вакви објекти низ Македонија.

 

Истражување на „Брима-Галуп“ - А1 најгледана телевизија
[18.04.2002] Денеска во Скопје, пред членовите на асоцијацијата на приватни електронски медиуми беше презентирано најновото истражување за медиумите во Македонија, спроведено од агенцијата „Брима-Галуп“, а финансирано од американската агенција „Ирекс“.

 

Не е избран купувач за ФАС
[18.04.2002] Иако, беше најавено одборот на доверители на фабриката за автобуси денеска не утврди која од трите понуди што стигнаа за купување на фабриката е најповолна.

 

Дозволен влез во Македонија за цистерните на „Макпетрол“
[18.04.2002] 63-те цистерни на „Макпетрол“ по четири недели чекање на граничниот премин Богородица денеска влегоа во Македонија. Но, според изјавите од царината со ова не завршува спорот.

 

Земјоделците бараат - владата да го стопира нелегалниот увоз на млеко
[18.04.2002] Во Македонија цути шверцот на млеко и млечни производи кои нелегално се увезуваат од соседните земји, обвинуваат земјоделците.

 

„Пивара Скопје“ контингентот за увоз на шеќер му го подари на Фетаи
[18.04.2002] Скопската „Пиварница“ денеска во отворено писмо до министерот за економија Бесник Фетаи, заблагодарувајќи му се на одобрениот контингент за увоз на шеќер од 150 тони, информира дека доброволно се откажува од него и му го става на располагање.

 

Средба на градежниците
[18.04.2002] Претставници на над 175 фирми од Македонија, Бугарија и Косово од областа на градежништвото и машиноградбата денеска се собраа во Скопје за да ги обноват старите или да склучат нови зделки.

 

Фетаи упорен во тезата дека контингентите треба да се доделуваат на мали фирми
[19.04.2002] „Драг наш господине министре Фетаи, искрено Ви благодариме на вашата добра воља да ни одобрите царински контингент за увоз на бел шеќер во количина од 150 тони, од кој и на овој начин доброволно се откажуваме“, се вели во отвореното писмо од скопската пиварница до министерот за економија Бесник Фетаи.

 

Е-декларација за забрзан развој на информатичкото општество и дигиталната економија
[19.04.2002] Македонските фирми што работат во сферата на информатичката технологија, преку нивната асоцијација „Масит“, денеска во Скопје ја поддржаа таканаречената Е-декларација за забрзан развој на информатичкото општество и дигиталната економија во Македонија како национален приоритет.

 

Продажбата на ФАС станува се поинтересна
[19.04.2002] Продажбата на ФАС „11-ти Октомври“ станува се поинтересна не само поради тоа што имотот на фабриката се продава без обврски и без вработени, туку и поради новопројавениот интерес за производство на автобуси на нови потенцијални пазари.

 

Законот за антикорупција нема да се справи со корупцијата во Македонија
[19.04.2002] Вчера усвоениот закон за спречување на корупцијата ќе биде немоќен да се справи со корупцијата во Македонија. Експертите оценуваат дека голем број мерки од законот се поврзани со формирање на комисијата за спречување на корупцијата, која ќе профукционира за дури 6 месеци.

 

Горан Гаврилов: „Црно - бела слика во односите на јавниот и приватниот радиодифузен сектор“
[19.04.2002] Измена на законот за радиодифузна дејност и воспоставување на фер и пазарни односи во оваа сфера ќе бидат клучните приоритети во работата на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми на Македонија, е оценката на нејзиниот претседател Горан Гаврилов, која тој ја изнесе по повторниот избор на оваа функција за наредните две години.

 

Директорите на „Инекс Горица“ и „Галеб“ не дозволуваат продажба на хотелите
[19.04.2002] Македонскиот бизнисмен од Aмерика Гоце Блажевски сака да ги купи охридските фирми „Инекс Горица“ и „Галеб“, но директорите на овие две фирми не му го дозволувале тоа, тврди адвокатот на инвеститорот Блажевски.

 

Македонија и БиХ склучија договор за слободна трговија
[20.04.2002] Македонија го склучи десетиот договор за слободна трговија. Денеска во Скопје ваков договор е потпишан со Босна и Херецеговина.

 

Национална стратегија против сиромаштијата
[21.04.2002] Стапката на сиромаштијата во Македонија е 22 проценти или секое петто семејство во државава е сиромашно, покажуваат најновите мерења на трошоците на семејствата односно на потрошувачката на домаќинствата.

 

Инсталирањето на фискалните машини продолжено до средината на мај
[21.04.2002] Mинистерството за финансиии попушти и уште еднаш го одложи рокот за набавка на фискална aпаратура. Наместо до 25 април големите маркети, рестораните и бензинските пумпи до 15 мај ќе треба да ги купат и инсталираат фискалните машини.

 

МАТ сепак ќе добие летечка дозвола
[22.04.2002] Управата за цивилна воздушна пловидба денеска одби да и ја продолжи важноста на дозволата за летање на редовниот авиопревозник-МАТ, но тоа го стори министерот за транспорт и врски Љупчо Балковски.

 

Стопанска банка и оваа година ја завршува со загуба
[22.04.2002] Втора година по ред, најголемата банка во земјава - Стопанска ја завршува со загуба од скоро 22 милиона евра, шест пати поголема загуба од таа остварена во 2000-та.

 

„Македонија пат“ доби нови машини за одржување на патиштата
[22.04.2002] Jавното претпријатие „Македонија пат“ доби од јапонската влада опрема вредна 6,8 милиони долари. Станува збор за 37 нови машини за поправка и одржување на патишта како и комплетна база за производство на асфалт.

 

Кој ќе биде новиот газда на ФАС?
[22.04.2002] Владинито тело за структурни реформи во моментов одлучува која од 5-те фирми кандидати ќе ја купи скопската фабрика за автобуси ФАС 11 Октомври.

 

Истражување: Најподложни на корупција се цариниците
[22.04.2002] Корупцијата во Македонија заедно со невработеноста, сиромаштијата и политичката нестабилност е еден од главните проблеми во земјата се вели во најновото истражување  на американската агенција за меѓународен развој спроведено со анкетирање на населението.

 

УНАСМ и Агенцијата за приватизација заедно во ревизијата
[23.04.2002] Унијата на независни автономни синдикати на Македонија и претставници на Агенцијата за приватизација на денешната средба во Скопје договорија заеднички настап во претпријатијата каде се врши ревизија според доказите на базичните независни синдикати за извршена повреда на постапката за приватизација.

 

Злоупотреба на вработените инвалиди во „Македонија Картонажа“
[23.04.2002] Инвалидите со оштетен вид вработени во А.Д. „Македонија Картонажа“ денеска почнаа штрајк револтирани што 6 месеци работат без да добијат плата.

 

MAT може да лета до 26. октомври, а Aвиоимпекс чека дозвола за да се врати во Македонија
[23.04.2002] Управата за цивилна воздушна пловидба му ја продолжи важноста на летачката дозвола на МАТ до 26-ти октомври и им даде рок на МАТ и на ЈАТ да ги отстранат недостатоците во сервисирањето на матовите авиони. Другата домашна авиокомпанија, Авиоимпекс, која подолго време не лета од Скопје и од Охрид, чека дозвола од власта да се врати во Македонија.

 

341 милион долари девизни заштеди на граѓаните
[23.04.2002] Девизните заштеди на граѓаните во македонските банки во моментов изнесуваат 341 милион долари. Ова салдо е за два ипол пати повисоко од заштедите што граѓаните ги имаа во банките пред една година, но и за 30 проценти помало од нивото што вкупните заштеди го достигнаа пред 4 месеци.

 

Банкарскиот систем стабилен, но сепак кршлив
[23.04.2002] Денес, десет години по монетарното осамостојување на земјата, македонскиот банкарски систем се соочува со нови проблеми. Тоа е групата на тнр. проблематични банки кои како кршлива компонентна на македонскиот банкарски систем се наведуваат и во шестмесечната програма со ММФ и во последниот извештај на Европската комисија.

 

Непознат доминантниот сопственик на „Инекс Горица“
[23.04.2002] На македонската берза денеска се продадени 64 проценти од акциите на охридската фирма „Инекс Горица“. Во три блок трансакции продадени се три пакети акции. 

 

Во Македонија влегува европскиот автомобилски крш
[23.04.2002] Oд почетокот на годинава досега во Македонија се увезени околу 10 илјади автомобили, стари нешто под 10 години. 

 

Продажбата на „Инекс Горица“ станува случај
[24.04.2002] Директорот на „Инекс Горица“, Вангел Николовски користејќи ги локалните моќници од Охрид на сила купи 40 проценти од акциите на овој хотелски комплекс, обинува Алксандар Станковски адвокат на тројца македонски бизнисмени од Америка, заинтересирани за купување на оваа фирма.

 

Работниците ќе штрајкуваат на 1-ви Мај
[24.04.2002] Сојузот на синдикатите на Македонија на први мај два часа ќе протестираат пред зградите на собранието и владата и на плоштадот во центарот на Скопје.

 

Донесен е законот за пензиско осигурување
[24.04.2002] Собранието денеска го донесе законот за капитално финансирано пензиско осигурување кој предвидува, покрај државниот, формирање и на приватни пензиски фондови.

 

Во земјава има 13 диви емитувачи на програма
[24.04.2002] Управата за Телекомуникации објави дека во моментов во земјава има 13 диви емитувачи на програма и дека бројот на вакви нелегални радија и телевизии постојано се менува.

 

Трпески - денарот ќе постои само уште десет години
[24.04.2002] „Македонија е една од ретките земји во транзиција што успеа да избегне системска банкарска криза, иако за тоа имаше причини, особено во 99-та и во 2001-та година“, оцени на денешната прослава на десетгошнината од монетарното осамостојување на земјата, актуелниот гувернер на Централната банка Љубе Трпески.

 

Паѓањето на мобилната мрежа не е последица на земјотресите
[25.04.2002] Денешното паѓање на мрежата на мобилните телефони во јужноисточниот дел на Македонија, што се случи утротото од 8 до 9,30 часот не е поврзано со земјотресите, велат од „Мобимак“.

 

Штедачите на ТАТ поделени околу предлогот за обештетување
[25.04.2002] На штедачите што имаат судски доказ за побарување до илјада евра парите да им се исплатат веднаш во готовина, додека на оние со побарувања поголеми од илјада евра да им бидат издадени потврди со кои ќе можат да купуваат државни акции или државен имот. За ваквата понуда владата им дала рок на штедачите на ТАТ да размислат до петок и ако се согласат со неа, во петок премиерот и министерот за финансии лично со нив ќе склучеле договор.

 

Ново ембарго на цистерните на „Макпетрол“
[25.04.2002] Нова блокада на цистрените на „Макпетрол“. Ембаргото за влез е на сила од понеделник, а на граничниот премин Богородица чекаат 60-тина цистерни.

 

Четврт тендер за рудникот Злетово
[25.04.2002] Владата вчера објави нов тенедер за подажба на рудникот Злетово, по четврти пат откако на претходните три не се јави ниту еден заинтересиран купувач.

 

Приватизацијата на водоводот неуставна
[25.04.2002] За Уставниот суд условеноста на кредитот со влегување на странска компанија во јавното претпријатие „Водовод и канализација“ е неуставна бидејќи го доведува во прашање уставниот принцип на слобода на пазарот и еднаквата положба на сите субјекти.

 

НБМ ги повика банките да работат за празниците
[26.04.2002] Народната банка на Македонија денеска соопшти дека ќе работи на 29-ти и на 30-ти април, како и на 3-ти мај годинава, и ги повика и банките да работат за да можат граѓаните и претпријатијата непречено да го извршуваат платниот промет.

 

Намалување на платите и индустриското производство
[26.04.2002] Просечната исплатена месечна нето плата по работник во Македонија во февруари е намалена за 3,3% номинално и 3,4% реално во споредба со претходниот месец, а индустриското производство во март 2002-рата година во однос на претходниот месец е поголемо за 8%, а споредено со март минатата година е помало за 7,2%.

 

Владата се обврза да ги обезштети штедачите на ТАТ
[26.04.2002] Во Битола денеска владата и формално се обврза да ги обезштети штедачите на ТАТ. Откако премирот и претставници на штедачките асоцијации на ТАТ го потпишаа договорот, Геориевски изјави - „Штедачите ќе бидат одушевени колку брзо ќе им бидат вратени парите“.

 

Продолжен рокот за продажба на ФАС
[26.04.2002] Владата за десет дена го продолжи рокот во кој заинтересираните купувачи за ФАС треба да достават банкарски гаранции и физибилити студија.

 

20% зголемување на цените на фиксниот телефон
[26.04.2002] Од Први Мај, Телекомот ја зголемува цената на импулсите на домашните телефонски разговори. Првиот човек на компанијата, кој оваа вест ја спомена попатно на денешната прес конференција, рече дека тоа е дел од планираното и со договорот за купување предвиденото приближување на цените до европските.

 

Зголемување на цената на бензинот
[26.04.2002] За да се овозможи поголем профит за бензинските пумпи владата најверојатно ќе ја зголеми цената на нафтените деривати за 0,80 денари. Со ова најавено зголемување трговската маржа за бензинските пумпи ќе порасне за 40% од сегашните 2 на 2,80 денари за еден литар.

 

Цистерните на „Макпетрол“ ќе чекаат за влез во Македонија
[26.04.2002] Царинската управа е децидна - цистерните на „Макпетрол“ ќе чекаат за влез во Македонија се додека не се добие офцијален став од грција дека европското потекло на дериватите може да се докажува со цертификати од грчката стопанска комора.

 

Земјоделците бараат годинава да се прогласи за елементарна непогода
[28.04.2002] Сојузот на земјоделците бара од владата оваа година да биде прогласена за елементарна непогода поради ланската суша, поларната зима и мразот кој се појави на почетокот од овој месец.

 

Конзервната фабрика од Струмица не отпуштила 100, туку 59 работници
[29.04.2002] Раководството на конзервната фабрика од Струмица негира дека деновиве стотина работници добиле отказ.

 

Нови пречки во поделбата на имотот на поранешна СФРЈ
[29.04.2002] Откако петте земји наследнички на поранешна Југославија и на состанокот во Љубљана не успаеја да откријат каде се 645-те милиони долари, што при распадот останаа на сметки во странски банки, прашањето на поделба на овој дел од имотот се издигнува на повисоко ниво и од финансискиот комитет се префрла на решавање во заедничкиот комитет за поделба на вкупниот имот.

 

Драма во гевгелиски „Оранжерии“
[29.04.2002] Драма во гевгелиски „Оранжерии“, во која еден работник е повреден. Триесетина лица, за кои вработените велат дека ги ангажирал поранешниот директор, синоќа насила влегле во управната зграда на „Оранжерии“. Вработените дури утрото повторно ја презедоа управната зграда, откако полицијата синоќа одби да ги исфрли насилниците, објаснувајќи дека врши истрага.

 

„ИК“ и „Тутунска“ од мај ќе делат микро и мали кредити
[29.04.2002] Преку германската банка „КФВ“ во две македонски банки, „ИК“ и „Тутунска“, од мај  ќе почнат да се делат микро и мали кредити, во износ од 50 до 50.000 евра.

 

Работниците наместо на пикник, на 1. Мај на штрајк
[29.04.2002] Синдикалците на Први мај, за прв пат по дванаесет години, наместо на пикник, Денот на трудот ќе го прослават со протест во Скопје, изразувајќи го на овој начин своето социјално незадоволство.

 

Пропуштени цистрените на „Макпетрол“
[30.04.2002] Царината вчера попладне ги пропшти цистрените на „Макпетрол“, кои за влез во Македонија чекаа една недела.

 

Преку анономните бугарски фирми власта го купува ФАС
[30.04.2002] Дали преку анономните бугарски фирми наводно зантересирани за ФАС, се кријат луѓе од власа кои за неколу пати пониска цена сакаат да го купат огромниот имот на оваа скопска фабрика.

 

Неколкучасовен упадот во гевегелиски „Винојуг“ - Оранжерии
[30.04.2002] Драмата во Гевгелија продолжува - неколкучасовен упадот во гевегелиски „Винојуг“ - Оранжерии. Во проблематизираното решавање кој раководи со тамошната фирма и капитал, „лавови“ или униформирани лица кои се легитимирале како спецјалци се соочиле со незадоволство од вработените или дел од нив.

 

За 20% поскапени и локалните и меѓуградските телефонски разговори
[30.04.2002] И официјално, од утре поскапуваат локалните и меѓуградските телефонски разговори за цели 20%. Освен импулсот за разговор од фиксен на фиксен телефон, поскапува и зборувањето од фиксен на мобилен телефон, како и телефонската претплата, а се намалува бројот на бесплатните импулси што влегуваат во претплатата.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk