Дома Сопранови
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Март 2002

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Фудбалски резултати и статистики
 

АРХИВА: Свет, Март 2002


 

Американците се за укинување на Хашкиот трибунал
[01.03.2002] Администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш побара затварање на Хашкиот трибунал до 2008-та година, наговестувајќи го противењето на предложениот Постојан меѓународен кривичен суд чие што седиште би требало да биде во Рим.

 

Меѓународната заедница бара крајна воздржаност од Израел
[01.03.2002] Најмалку еден Палестинец го загуби животот, а повеќе од 20 се повредени во утринскиот напад на израелската војска во бегалскиот камп Џенин, соопштија палестински извори.

 

Штрајк со глад во Гвантанамо
[01.03.2002] Стотина авганистански затвореници во поморската база Гвантанамо на Куба кои немаат никаков контакт со надворешниот свет започнаа штрајк со глад.

 

Започна историската конвенција за иднината на Европската унија
[01.03.2002] Со учество на 105 пратеници на националните и на Европскиот парламент, членови на влади и претставници на Европската комисија и земјите кандидати за влез во Европската унија, во зградата на Европскиот парламент во Брисел започна историската конвенција за уставната иднина на Унијата.

 

Судири меѓу Индусите и Муслиманите во Индија
[01.03.2002] По подметнувањето на пожар во еден воз, во кој патниците биле претежно Индуси, во Индија се проширија судирите меѓу Индусите и Муслиманите.

 

Израелците не дозволиле да му се помогне на еден ранет цивил
[02.03.2002] Еден Палестинец го загубил животот, затоа што израелската војска не и дозволи на медицинската екипа да и помогне, откако што бил ранет од израелците во северот на Газа, соопштија денес палестински медицински извори.

 

Германскиот парламент го усвои законот за доселување на странци
[02.03.2002] Германскиот парламент, со гласовите на владеачката коалиција на социјалдемократите и зелените, го усвои законот за доселување на странците во Германија.

 

Буш потврди дека основал „влада во сенка“
[02.03.2002] Американскиот претседателот Џорџ Буш потврди постоење на американска „влада во сенка“, основана по нападите на 11 септември минатата година, која е сместена во една тајна подземна локација во САД.

 

Велика Британија подготвена да поддржи воени акции против Ирак
[02.03.2002] Британскиот министер за одбрана Џеф Хун изјави дека Велика Британија ќе ја поддржи воената акција против Ирак доколку за тоа постојат соодветни услови, додавајќи дека одлуката за тоа се уште не е донесена.

 

САД ги напаѓаат скривалиштата на Талибанците
[03.03.2002] Во Авганистан вооружените сили на САД продолжија со нападите врз локации во кои се претпоставува дека се наоѓаат скривалиштата на Талибанците.

 

Вооружените сили во Индија воспоставија мир
[03.03.2002] Во поголемите градови на западноиндиската држава Гуџарат вооружените сили официјално воспоставија мир.

 

Швајцарците гласаат за влез во ОН
[03.03.2002] Швајцарските гласачи излегоа денеска на референдум за влез на нивната земја во Обединетите нации. Право на глас имаат 4,8 милиони Швајцарци.

 

Израелски авиони го нападнаа Рамалах
[03.03.2002] Израелски борбени авиони „Ф-16“ нападнаа палестински цели на Западниот брег, по загинувањето на 20 Израелци во палестинските напади во последните 24 часа.

 

Побарано одложенo емитување на „9/11“
[03.03.2002] Американските власти побараа од ТВ станицата CBS да го одложат најавеното прикажување на документарниот филм за терористичките напади во Њујорк и Вашингтон од 11-ти септември минатата година, објавија американските медиуми.

 

САД презедоа силни напади во источен Aвганистан
[04.03.2002] Американските борбени авиони покренаа денеска силни напади на едно село во источен Авганистан, на подрачјето на кое претходно беше преземена најголемата копнена офанзива под водство на Американците во војната против Талибанците и припадниците на Ал Каеда во Авганистан.

 

19 загинати во пожар во трговски центар
[04.03.2002] Најмалку 19 лица загинаа, а 25 се повредени во пожарот што го зафати трговскиот центар на една деветокатница во Нанчонг, во југозападна Кина, објави денеска весникот „Дејли“.

 

Убиени тројца Палестинци во Рафах
[04.03.2002] Тројца Палестинци се убиени денеска пред зори во Рафах, во појасот Газа, кога израелските тенкови упаднаа во тој бегалски логор и отворија оган.

 

Швајцарија бара членство во ОН
[04.03.2002] Швајцарскиот министер за надворешни работи Јозеф Деис побара членство на својата земја во ОН, откако 54 проценти од Швајцарците на вчера одржаниот референдум се изјаснија позитивно за зачленување на оваа земја во светската организација.

 

Загинаа девет американски војници
[05.03.2002] Девет американски војници загинаа, а 40 беа повредени вчера во хеликоптерски десант во источниот планинскиот дел на Авганистан, соопшти претставник на американските сили.

 

Зачестени самоубиствени напади на Палестинци
[05.03.2002] Вооружен палестински напаѓач рано изутрината на централната раскрсница во Тел Авив убил тројца, а ранил најмалку 25 лица.

 

Грција станува земја на „старци“
[05.03.2002] Грција според стареењето на своето население се наоѓа на второто место во светот, се вели во најновиот извештајот на Обединетите нации.

 

Спасени 19 работници од пожар во Париз
[06.03.2002] Деветнаесет работници се спасени денеска, откако беа заробени во тунел во изградба во близината на Париз, кој беше зафатен со пожар, соопштија пожарникарите.

 

Најмалку шест загинати во израелски напади
[06.03.2002] Израелското радио повикувајќи се на израелски и палестински извори соопшти дека израелските сили рано утринава нападнале пет локации во појасот на Газа при што загинале најмалку шест лица.

 

Продолжуваат нападите на САД во Авганистан
[06.03.2002] Во најновата офанзива на американските трупи и нивните сојузници во источен Авганистан убиени се стотици борци на Ал Каида и Талибанците. 

 

Бројот на мртвите во Гуџарат се искачи на 600
[06.03.2002] Бројот на мртвите во судирите меѓу индусите и муслиманите во индиската држава Гуџарат се зголеми на над 600, откако се откриени нови тела на жртви, соопшти денеска индиската полиција.

 

Не запираат бомбардирањата во Авганистан
[07.03.2002] Бомбардерите Б-52 и денеска продолжија со нападите врз позициите на Талибанците и припадниците на Ал Каида во источниот дел на Авганистан.

 

Израелските „Ф-16“ во антипалестинска офанзива
[07.03.2002] Десетина луѓе беа ранети при утринските напади на израелските борбени авиони Ф-16 на штабот на палестинската полиција во Газа, јавија агенциите повикувајќи се на очевидци и болнички извори.

 

Ирак ги прекршува санкциите на ОН
[07.03.2002] Спроти разговорите помеѓу Обединетите нации и Ирак, САД прикажаа фотографии и видео снимки со кои треба да се документира прекршувањето на санкциите на Светската организација од страна на Ирак.

 

665 загинати во борби во Индија
[07.03.2002] Во најжестоките судири меѓу индусите и муслиманите во последните 10 години загинаа 665 луѓе, но таа бројка не е конечна, соопшти денеска индиската полиција во државата Гуџарат.

 

Уапсени седум припадници на Фалунг Гонг
[07.03.2002] Кина денеска уапси седум странски припадници на забранетото духовно движење Фалунг Гонг кои на главниот плоштад во Пекинг, Тијенанмен протестираа против прогонот на групата, која кинеските власти ја прогласија за култ на злото.

 

Превртен брод со бегалци во Италија
[08.03.2002] 50 луѓе се водат за исчезнати откако еден брод со бегалци се превртел поради големи бранови јужно од италијанскиот остров Сицилија.

 

Убиен палестинскиот воен командант
[08.03.2002] Израелските сили денеска го убија палестинскиот воен командант за јужниот дел на Појасот Газа, соопштија палестински извори.

 

Инспекторите за контрола на оружјето се враќаат во Ирак
[08.03.2002] По едногодишен прекин Обединетите нации ги продолжија преговорите со ирачкото раководство за враќање на инспекторите за контрола на оружјето во земјата.

 

Силен отпор на Ал Каида во борбите во Авганистан
[08.03.2002] Американските вооружени сили наидоа на голем отпор од страна на муслимански екстремисти при операцијата во источен Авганистан.

 

Офанзива на американските сили во Авганистан
[09.03.2002] Американската армија и сојузниците ја продолжија офанзивата на позициите на Талибанците и Ал Каида на истокот во Авганистан, каде се претпоставува дека стотици непријателски борци се сокриени во пештерите на овој планински регион.

 

Уапсени 400 Палестинци
[09.03.2002] Во бегалскиот логор Тулкарем во Западен Јордан израелската војска уапси повеќе од 400 Палестинци, меѓу кои се наоѓаат 60 припадници на палестинската војска.

 

Kонструктивни разговори за контролата на вооружувањето во Ирак
[09.03.2002] „Ирак нема да дозволи никакво менување на резолуциите на Обединетите нации што се однесуваат на земјата“, изјави ирачкиот потпретседател Таха Рамадан и побара санкциите да бидат кренати.

 

Експлозија пред тунелот Мон Блан
[09.03.2002] Непознати лица ноќеска активираа експлозивна направа пред тунелот низ Мон Блан што ја поврзува Франција и Италија, само неколку часови пред најавеното повторно отворање на овој тунел за сообраќај, соопшти француската полиција.

 

15 загинати во автобуска несреќа
[10.03.2002] Најмалку 15 лица загинаа денеска во северна Индија, која автобусот, во кој се наоѓале гостите на една свадба излетал од патот и се урнал во провалија длабока 200 метри, соопшти полицијата.

 

Ел Нињо и се заканува на југоисточна Азија
[10.03.2002] Земјите од југоисточна Азија започнаа подготовки за можните временски непогоди кои годинава во тој регион би можел да ги предизвика климатскиот феномен Ел Нињо, соопшти Асеан.

 

Претседателски избори
[10.03.2002] Гласањето на претседателските избори во Зимбабве продолжи рано изутрината, а на подрачјето на главниот град Хараре каде опозицијата е многу силна гласањето, по судирите со полицијата, траеше цела ноќ.

 

Самоубиствен напад во кафуле
[10.03.2002] Најмалку 11 лица загинаа, а 54 беа повредени во нападот на палестински самоубиец, припадник на Хамас во едно преполно кафуле во Ерусалим во близината на резиденцијата на израелскиот премиер Ариел Шарон.

 

Израел ќе продолжи со воените операции
[10.03.2002] Израелската војска ќе продолжи со интензивните воени операции започнати на 28 февруари на палестинските подрачја Газа и Западниот брег, изјави Залман Шовал, политички советник на премиерот Ариел Шарон.

 

Подготовки за конечен напад на бунтовниците
[10.03.2002] Откако во американските бомбардирања тешко беше оштетен комплексот бункери на терористичката мрежа Ал Каида, највисоките авганистански воени команданти се собраа на фронтот кај Гардез за да започнат конечен напад врз бунтовниците.

 

Буш најавува нова ера во борба против тероризмот
[11.03.2002] Половина година по терористичките напади во Њујорк и Вашингтон, американскиот претседател Џорџ Буш денеска се очекува да најави нова ера во борбата против тероризмот.

 

Израелски тенкови влегоа во нови палестински територии
[11.03.2002] Израелски тенкови, следени со војници, рано изутрината упаднаа во градот Калкилија на Западниот Брег, соопштија израелски официјални претставници.

 

Уште 200 борци во упориштата на Ал Каеда
[11.03.2002] Операцијата „Анаконда“ во источен Авганистан за разбивање на упориштата на борците на Ал Каеда и Талибанците продолжува.

 

30 загинати во две одделни несреќи во Кина
[11.03.2002] Најмалку 30 луѓе загинаа во две одделни експлозии на пиротехнички сретства во јужниот дел на Кина за време на викендот.

 

Нови верски судири во Индија
[11.03.2002] Две лица беа убиени, а шест повредени откако индиската полиција пукаше на толпа луѓе кои ги палеа куќите на Муслиманите во селото Панвад во провинцијата Гуџарат, каде што повторно се разгоруваат меѓуверските насилства.

 

Израелските сили го зазедоа градот Рамала
[12.03.2002] Израелски војници изутрината го зазедоа речиси целиот град Рамала освен центарот, каде се наоѓаат канцелариите на палестинскиот лидер Јасер Арафат, врз кои исто така е отворан оган, соопштија палестински извори, додавајќи дека во акцијата во која учествуваат стотина тенкови и оклопни возила загинале најмалку двајца Палестинци, а двајца се ранети.

 

Загинаа најмалку 14 ученички во Мека
[12.03.2002] Најмалку 14 ученички загинаа, а над 50 беа повредени во пожар кој вчера избувна во нивното училиште во саудискиот град Мека, јавија денеска гласилата.

 

Американска сојузна држава ја призна Баскија
[12.03.2002] Американската дипломатија со сите средства мораше да и се извинува на Шпанија поради одлуката на парламентот на сојузната држава Ајдахо, која вчера ја призна независната баскиска држава.

 

На изборите во Зимбабве води Роберт Мугабе
[13.03.2002] Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе по пребројувањето на две третини од гласачките ливчиња на претседателските избори во државата го зголеми своето водство пред опозициониот лидер Морган Тсвангираи.

 

На повидок независна Палестина
[13.03.2002] Советот за безбедност на Обединетите нации доцна синоќа ја усвои резолуцијата 1397 за Блискиот Исток, која ја предложија САД и во која за првпат се спомнува палестинската држава.

 

САД ќе згрешат ако ја нападнат Северна Кореја
[13.03.2002] Северна Кореја денеска предупреди дека силно ќе се спротистави ако се оствари, како што наведува американскиот печат, можниот план американската војска да употреби нуклеарно оружје против седум земји, меѓу кои е и Северна Кореја.

 

Манипулации во изборната постапка
[14.03.2002] По спорните претседателски избори во Зимбабве, генералниот секретар на ОН Кофи Анан го повика наслението на оваа африканска земја на мир и откажување од одмазднички акции.

 

Нова офанзива во Авганистан
[14.03.2002] Американски и канадски војници почнаа нова офанзива на истокот на Авганистан под името „харпун“. Цел на комбинираната операција што се води на копно и од воздух е уништување на преостанатите терористички гнезда во регионот на Гардес, изјави во Отава шефот на канадскиот Генералштаб Грег Медисон.

 

Продолжуваат насилствата на Блискиот Исток
[14.03.2002] На Блискиот Исток не е на повидок крај на насилството и против насилството. При една експлозија во близината на еврејската населба Незарим во јужниот дел на појасот Газа тројца Израелци се убиени, а повеќе се повредени.

 

Се урна авион во Куба
[15.03.2002] Воздухоплов со 17 патници, од кои 13 странци, се урна вчера попладне во близината на Санта Клара во централна Куба, соопштено е денеска во Хавана.

 

Mугабе утре ќе положи заклетва
[15.03.2002] Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе утре треба да положи заклетва за уште еден шестгодишен мандат.

 

Самит на ЕУ во Барселона
[15.03.2002] Состанокот на шефови на држави и влади на земјите членки на Европската унија започна денеска во Барселона со нивната средба со претседателот на Европскиот парламент, Пат Кокс.

 

Индиските власти го блокираа градот Ајодја
[15.03.2002] Поради заканата од повторни судири меѓу хиндусите и муслиманите, индиските власти го блокираа градот Ајодја.

 

Израел делумно се повлече од Западниот Брег и Газа
[15.03.2002] Израелската војска денеска официјално соопшти дека се повлече од палестинските градови Рамалах, Калкилија, Тулкарем и Витлеем на Западниот Брег, како и од бегалскиот камп „Ал Боуреиј“ во појасот Газа.

 

Пожар во училиште - најмалку седум мртви ученици
[16.03.2002] Најмалку седум девојчиња го загубија животот, а повеќе од 50 се повредени во пожарот што избувна денеска во едно исламско женско училиште во главниот град на Бангладеш Дака.

 

Можни напади на „Ал Каеда“ во Германија и Британија
[16.03.2002] Американската разузнавачка служба (ЦИА) ги предупреди владите на Германија и на Велика Британија за можни бомбашки напади од членови на терористичката група „Ал Каеда“ на Осама бин Ладен - пишува во денешниот број германскиот неделник „Фокус“.

 

Германија нема да финансира проширување кон Исток
[17.03.2002] Германскиот канцелар Герхард Шредер ги предупреди останатите земји членки на Европската унија да не очекуваат германска поддршка кога е во прашање финансиското покривање на проширувањето на Унијата кон исток.

 

Eксплозија во протестантска црква во Исламабад
[17.03.2002] Најмалку пет лица загинаа, а над 40 се повредени при експлозија на бомба утринава во една протестантска црква, во дипломатскиот кварт на Исламабад.

 

Вонредни избори во Португалија
[17.03.2002] Повеќе од 9 милиони граѓани треба да гласаат на денешните вонредни избори во Португалија, најавени како можност да прекине шестгодишното владеење на социјалистите.

 

САД подготвува нови напади врз талибански цели
[17.03.2002] Американската армија и сојузници планираат нови напади врз неколку изолирани скривалишта на талибанските милитанти и припадниците на терористичката мрежа Ал Каеда во јужниот и источниот дел на Авганистан.

 

Нов напад на милитантен Палестинец
[17.03.2002] Вооружен Палестинец отворил денеска оган од автоматско оружје врз група луѓе во Кфар Саби, северно од Тел Авив, ранувајќи неколку лица.

 

Годишно заседание на Комисијата за човекови права на ОН
[18.03.2002] Женева е домаќин на годишното заседание на Комисијата за човекови права на Обединетите нации, што започнува денеска.

 

Уште четворица загинати во Индија
[18.03.2002] Уште четири загинати лица во последните немири кои продолжија во неделата во западната индиска држава Гуџарат.

 

Операцијата „Анаконда“ треба да финишира за 12 часа
[18.03.2002] „Операцијата „Анаконда“ која се спроведува на истокот на Авганистан против Талибанците и Ал Каида ќе заврши за 12 часа односно вечерва по локално време“, изјави шефот на централната американска команда во воздухопловната воена база Баграм, генерал Томи Франкс.

 

Победи опозицијата на изборите во Португалија
[18.03.2002] Oпозиционите социјалдемократи на вчерашните парламентарни избори во Португалија со мала предност ја победија владеачката Социјалистичка партија.

 

Средба на израелски и палестински воени команданти
[18.03.2002] Израелски и палестински воени команданти на Западниот Брег и во Појасот Газа синоќа неочекувано се состанаа и разговараа, што укажува дека американскиот посредник Ентони Зини направил напредок во мисијата за воспоставување на прекинот на огнот меѓу двете страни.

 

Членовите на Ал Каида се кријат во кањонот Панкиси
[19.03.2002] „Околу 500 чеченски бунтовници, меѓу кои би можеле да бидат и членови на Ал Каида, се кријат во кањонот Панкиси, на северот од Грузија“, изјави синоќа официјален претставник на грузиската војска.

 

Израелската војска се повлекува од Беит Јала
[19.03.2002] Израелските војници почнаа да се повлекуваат од градот Беит Јала на Западниот Брег во рамките на поширокото повлекување од неодамна окупираните подрачја по палестинска контрола, потврдија палестински извори.

 

Конференцијата за финансирање на развојот на ООН
[19.03.2002] „Завршниот документ на конференцијата за финансирање на развојот што се одржува во Монтереј определува посебни задачи на стопанскиот и социјален совет на ОН“, изјави претставникот на овој совет, хрватскиот амбасадор Иван Симоновиќ.

 

Палестински самоубиец уби четворица цивили во автобус
[20.03.2002] Палестински самоубиец активираше утринава бомба во автобус на север од Израел, убивајќи се себе си и уште четворица цивили, а повредени се уште 25 патници во автобусот, потврдија израелски извори.

 

САД го обвинуваат Ирак за контакти со Ал Каеда
[20.03.2002] Американските разузнавачки служби не ја исклучуваат можноста дека Ирак и Иран се поврзани со тетористичките напади врз САД на 11-ти септември.

 

Oтворен оган врз американска воздушна база во Авганистан
[20.03.2002] Врз сојузничките коалициони сили што се борат под американско водство против членовите на остатоците на Ал Каида во Авганистан, синоќа беше отворен оган во источната авганистанска покраина Кост, близу подрачјето каде се водеа најжестоките битки од авганистанската војна, објави денеска претставник на американската армија.

 

Македонија еден од потпретседателите на конференцијата на ООН
[20.03.2002] Mексиканскиот претседател Винсенте Фокс е избран за претседател, а Македонија е избрана за еден од потпретседателите на меѓународната конференција за финансирање на развојот која од 18-ти до 22-ри март се одржува во мексиканскиот град Монтереј, соопшти министерството за надворешни работи.

 

Членките на Комонвелтот го суспендираа Зимбабве
[20.03.2002] Земјите-членки на Комонвелтот го суспендираа Зимбабве од оваа групација што ја сочинуваат 54 земји, по контроверзната победа на претседателот Роберт Мугабе на изборите што се одржаа минатата недела.

 

Убиен советникот на италијанскиот министер за труд
[20.03.2002] Економистот Марко Бјаџи (51), советник на италијанскиот министер за труд и професор по трудово право, беше убиен доцна синоќа пред својата куќа во центарот на Болоња, објави портпаролот на министерството.

 

Американската војска уби најмалку 10 Талибанци
[21.03.2002] Американската војска соопшти денеска дека убила најмалку десет Талибанци и припадници на Ал Каида, кои го нападнаа силите на коалицијата во источен Авганистан.

 

„Црвените бригади“ презедоа одговорност за убиството на Бјаџи
[21.03.2002] Лево ориентираната терористичка организација „Црвени бригади“ ја презедоа одговорноста за убиството на Марко Бјаџи, висок економски советник на италијанската влада.

 

Ирак бара доказ дека ООН нема да шпиунира за САД
[21.03.2002] Советот за безбедност на Обединетите нации започна да ги разгледува прашањата доставени од ирачката влада за можно враќање на инспекторите на светската организација за разоружување, за што ќе се расправа во април.

 

Израелците и Палестинците не постигнаа прекин на огнот
[21.03.2002] Израелците и Палестинците не успеаја да постигнат прекин на огнот на состанокот за безбедносни прашања одржан во текот на ноќта, јави израелското радио, додавајќи дека е договорено одржување нов состанок со посредство на американскиот пратеник за Блискиот Исток, Ентони Зини.

 

Продолжува мировната мисија на Зини
[22.03.2002] Специјалниот американски посредник за Блискиот Исток, Ентони Зини денеска треба да се сретне со лидерот на Палестинците Јасер Арафат.

 

Правила за судење на припадниците на Aл Kаида
[22.03.2002] САД синоќа ги објавија правилата за воено судење на припадниците на Ал Каида и на талибанските затвореници, што набргу предизвика лавина критики од борците за човекови права.

 

Четири лица обвинети за смртта на новинарот Даниел Перл
[22.03.2002] Четири лица, меѓу кои и Ахмед Омар Саид Сеик роден во Велика Британија денеска се обвинети пред пакистанскиот суд за киднапирање и убиство на американскиот новинар Даниле Перл, соопшти главниот обвинител.

 

Буш бара 27.1 милијарди долари за борба против тероризмот
[22.03.2002] Американскиот претседател Џорџ Буш побара од конгресот 27.1 милијарди долари за борбата против тероризмот, од кои 14 милијарди се за одбраната, а 5.3 за внатрешната безбедност, соопшти Белата Куќа.

 

Убиени над 20 чеченски бунтовници во последните 48 часови
[23.03.2002] Повеќе од 20 бунтовници се убиени во Чеченија во последните 48 часови, соопшти денеска главната команда на руските сили на северен Кавказ.

 

Масовен протест против политиката на Берлускони
[23.03.2002] Повеќе од два милиони демонстранти се собраа денеска во Рим на повик на најголемата италијанска синдикална конфедерација ЦИГЛ за да го осудат тероризмот и да протестираат против социјалната политика на владата на Силвио Берлускони.

 

Загинаа шест Палестинци во најновото насилство
[23.03.2002] Шест Палестинци, меѓу кои и едно четиригодишно девојче од Рафах, загинаа во судирите на израелската војска и палестинските милитанти во Газа и на Западниот Брег во најновиот бран насилства, соопштија палестински болнички извори.

 

Оскаровците во очекување на „оскарот“
[24.03.2002] Америка ги одбројува минутите во осум часот по локално време започнува церемонијата на доделување на „Оскар“. Страниците на весниците се фокусирани на возбудата, кој ќе победи.

 

Италијанските синдикати најавуваат генерален штрајк
[24.03.2002] Конфедерацијата на италијанските синдикати најави дека ќе организира генерален штрајк, доколку владата со реформскиот зафат го исфрли членот 18 од статутот за работниците, кој го забранува давањето отказ без вистински причини.

 

Убиени 4-ца арапски милитанти
[24.03.2002] Израелските сили денеска убиле најмалку 4-ца арапски милитанти во близина на границата со Јордан, во јужниот дел на Голанската висорамнина, соопштија за “Франс прес“ извори од израелските сили за безбедност.

 

Над сто уапсени во протест во Минск
[25.03.2002] Над сто лица беа уапсени во текот на вчерашниот ден во главниот град на Белорусија, Минск на забранетиот протест на противникот на претседателот Александар Лукашенко, организиран по повод 84-годишнината од прогласувањето на Народната Белоруска Република.

 

Најмалку тројца загинати во напад на црква во Конго
[25.03.2002] Најмалку три лица загинаа, а 15 се повредени во нападот на една црква во источниот дел на Конго во градот Гома, кој го контролираат бунтовниците, јавија агенциите.

 

Убиен Палестинец и Израелец
[25.03.2002] Еден Палестинец бил убиен, а најмалку двајца се повредени откако израелски тенкови и оклопни возила влегоа синоќа во палестинскиот бегалски камп Бразил во јужниот дел на појасот Газа, соопштија палестински извори.

 

Филипини го одбија предлогот за прекин на огнот од Абу Сајаф
[25.03.2002] Филипинските власти денеска го одбија предлогот за прекин на огнот понуден од муслиманските герилци поврзани со терористичката мрежа Ал Каида и им порачаа на бунтовниците да изберат меѓу предавање и смрт.

 

Ирак пука врз американски и британски авиони
[25.03.2002] Ирачката противоздушна одбрана испали ракети врз американски и британски авиони во зоната забранета за летови, јави ирачката државна агенција ИНА.

 

Гламурозна церемонија за доделувањето на оскарите
[25.03.2002] Американската академија на филмски уметности рано изутринава ги објави добитниците на наградите од 74-тото доделување на „Оскарот“ за 2001-вата година кое го водеше американската актерка Вупи Голдберг.

 

Режимот на Хусеин подели чекови за палестинските атентатори
[26.03.2002] Режимот на Садам Хусеин неделава подели околу 500 илјади долари во чекови на семејствата на палестинските атентатори-самоубијци, пишува денеска австралискиот весник „Сиднеј Морнинг Хералд“.

 

Протест против апсењето на сепаратистот Малик во Кашмир
[26.03.2002] Индиската полиција на Кашмир денеска употреби солзавец во вториот ден од судирите со активистите коишто протестираат против апсењето на лидерот на сепаратистите Јасин Малик, на кого му е одреден притвор од една недела.

 

Kатастрофален земјотрес во Авганистан
[26.03.2002] Во земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала кој синоќа го погоди северниот дел на Авганистан загинаа меѓу 1.500 и 4.800 луѓе, соопшти денеска канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, повикувајќи се на проценки на локални и владини претставници, јавија агенциите.

 

Израел ги прифаќа условите за прекин на огнот
[26.03.2002] Израелската влада соопшти изутрината дека ги прифаќа условите за прекин на огнот на американскиот мировен посредник Антони Зини, и покрај извесни „резерви“.

 

САД бараат соработка за проектот „Галилео“
[27.03.2002] По лансирањето на сателитот за навигација „Галилео“, Соединетите Американски Држави побараа од Европската унија да не се движи во посебна насока.

 

Самитот на Арапската лига нема среќна ѕвезда
[27.03.2002] Мировниот план за Блискиот Исток, предложен од страна на Саудиска Арабија, се наоѓа во фокусот на самитската средба на Арапската лига, што од денеска започнува во главниот град на Либан, Бејрут.

 

Силен земјотрес повторно го погоди Авганистан
[27.03.2002] Уште еден силен земјотрес го погоди регионот на Авганистан, веќе зафатен од катастрофални потреси што се случија во понеделникот, јави денеска геолошкиот институт во Стразбург.

 

Вооружен инцидент во париско преградие
[27.03.2002] Осум лица загинале, а 30-ина се ранети, од кои барем 8 се во критична состојба, во еден вооружен инцидент во градското собрание во францускиот град Нантер, западно од Париз, соопштија претставници на француската спасувачка служба.

 

Буш понуди помош за Авганистан
[28.03.2002] Американскиот претседател Џорџ Буш во телефонски разговор со шефот на авганистанската преодна влада Хамид Карзаи понуди американска помош за ублажување на последиците од разорниот земјотрес.

 

Продолжува самитот на Арапската лига
[28.03.2002] Самитот на лидерите на арапските земји, на кој се очекува да биде поддржан саудискиот мировен план со Израел денеска треба да продолжи во Бејрут.

 

Oсуда на нападот во Нетанија
[28.03.2002] Петнаесет лица загинаа синоќа во нападот на палестински самоубиец во израелскиот град Нетанија, а бројот на повредените би можел да достигне и до стотина, соопштија полицијата.

 

Советот за безбедност ја продолжи мисијата во Авганистан
[28.03.2002] Советот за безбедност на Обединетите Нации синоќа донесе одлука мандатот на меѓународните сили за безбедност распоредени во авганостан да се продолжи по истекувањето во јуни.

 

Сослушување на осомничените за убиство на новинарот Перл
[29.03.2002] Стотици вооружени полицајци денеска го опколија судот во пакистанскиот град Карачи, каде трае затвореното сослушување на двајцата главни осомничени за киднапирање и убиство на американскиот новинар Дениел Перл.

 

Израел го прогласи Арафат за непријател
[29.03.2002] „Израелскиот премиер Ариел Шарон им објави војна на Палестинците и го повика светот да ја запре израелската опсада на комплексот згради во кои престојува палестинскиот лидер Јасер Арафат“, изјави денеска висок палестински претставник.

 

Арафат се крие во бункер во Рамалах
[30.03.2002] Израелските тенкови денеска влегоа во Витлеем. По синоќешните борби во кои загинале 7 Палестинци, а 40 се ранети, седиштето на палестинскиот лидер Јасер Арафат во Рамалах е целосно уништено.

 

Борби на израелско-либанонската граница
[30.03.2002] Герилците на либанскиот Хезболах размениле денеска тежок оган со израелските војници во пограничното подрачје на фармите Шебе, во подножјето на голанската висорамнина, јавија агенциите, повикувајќи се на очевидци и безбедносни извори од областа.

 

Советот за безбедност бара повлекување на израелските сили од Рамалах
[30.03.2002] Советот за безбедност на ОН усвои доцна синоќа резолуција со која бара повлекување на израелските сили од Рамалах и од другите палестински градови.

 

Убиен локален пратенички кандидат на социјалдемократската партија
[30.03.2002] Непознати напаѓачи вчера убиле еден кандидат за пратеник во новиот состав на украинскиот парламент, јави руската агенција Интерфакс.

 

Седиштето на Арафат мета на Израел
[31.03.2002] Израелските војници се обиделе денеска да се пробијат до уредот на палестинскиот лидер Јасер Арафат во неговата резиденција во Рамалах, но се судриле со неговите чувари, соопштија палестински извори.

 

Последна почит на Kралицата Мајка Елизабета
[31.03.2002] Пред Бакингамската Палата денеска голем број цвеќиња, пораки и луѓе кои дојдоа да и оддадат последна почит на мајката на британската кралица.

 

Парламентарни избори во Украина
[31.03.2002] Со отворањето на избирачките места во целата земја, во Украина претпладнево започнаа парламентарните избори, чија кампања беше проследена со убиства и бројни неправилности.

 

Најмалку четири жртви во силен земјотрес во Тајван
[31.03.2002] Најмалку четири лица загинале, петнаесетина се потешко повредени, а десетина се исчезнати во силниот земјотрес што го погоди денеска Тајван, објавија локалните медиуми и официјални извори.

 

Папата повика на мир во светата земја
[31.03.2002] Папата Јован Павле Втори ги повика денеска политичките и верските лидери да ја прекинат трагичната спирала на неправди и убиства кои ја погодуваат светата земја, додавајќи дека во светата земја на мирот му е објавена војна која ништо не решава.

 

Забрзано ширење на сидата
[31.03.2002] Светската здравствена организација предупредува од забрзано ширење на сидата бидејќи луѓето се помалку се грижат и се поневнимателни.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk