Дома Ентер - сабота 18:00
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Спорт > Архива > Февруари 2002

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Фудбалски резултати и статистики
 

АРХИВА: Спорт, Февруари 2002


 

Реал Мадрид и Ла Коруња ќе играат во финалето на шпанскиот фудбалски куп
[01.02.2002] Фудбалерите на кралскиот клуб Реал од Мадрид се вториот финалист во шпанскиот фудбалски куп.

 

Марјан и Драган Начевски ќе судат во финалето на Европското ракометно првенство
[01.02.2002] Македонската ракометна судиска двојка Марјан и Драган Начевски ќе го водат финалниот натпревар на петото Европско Првенство чиј домаќин е Шведска.

 

Седум средби во НБА лигата
[01.02.2002] Седум средби беа на програмата во НБА лигата. Најинтересно беше во Сиетл каде тимот на Сакраменто предводен од Стојаковиќ и Дивац дојде до победата.

 

Младите фудбалери на Беласица Г.Ц. го победија Кастел Ди Сангро со 3:2
[02.02.2002] Младите фудбалери на Беласица Герас Цунев ги победија младите врсниците на Кастел Ди Сангро со 3:2 за второ место во нивната група на традиционалниот турнир "Копа Карневале" во Вијареџо.

 

Резултати од НБА лигата
[02.02.2002] Сакраменто и натаму фуриозно во НБА лигата, ноќеска од нив настрада Денвер.

 

20-то коло од Бундес и 25-то коло од Премиер лигата
[02.02.2002] По подолго време, Баер Леверкузен симнат од лидерската позиција на табелата во германското фудбалско првенство.

 

Штефан Еберхартер и Ренате Гечл се победници на денешните спустови
[02.02.2002] Штефан Еберхартер го обезбеди малиот кристален глобус во спуст, со петтата победа сезонава во оваа дисциплина во Светскиот куп, денеска во Сент Мориц. Ренате Гечл супериорна во спринт спустот во две трки во Оре.

 

Шведска е првиот финалист на Европското ракометно првенство
[02.02.2002] Селекцијата на Шведска е првиот финалист на европскиот ракометен шампионат во оваа скандинавска земја и го очекува својот противник во утрешното финале од вториот полуфинален дуел меѓу Германија и Исланд.

 

Резултати од европските фудбалски натпревари во недела
[03.02.2002] Фудбал во Европа во недела. „Баерн“ го прави интересен заплетот на врвот во Бундес лигата по победата над лидерот „Баер“ во дербито, исто како и „Ливерпул“, кој во вистински момент го прегази „Лидс“ и тоа на Еланд роуд. Во италјанското Калчо киксовите на „Интер“ и на „Рома“ ги користи „Јувентус“, кој влезе во серија од шест последовни победи.

 

Еберхартер поблиску до кристалниот глобус во Скијачкиот куп
[03.02.2002] Штефан Еберхартер е чекор поблиску до големиот кристален глобус во Светскиот скијачки куп по денешната велеслаломска победа во Сент Мориц. Французиунката Лор Пекињо и натаму најдобра во слалом. Нова победа денеска во шведскиот Оре.

 

Исланд повторно ракометарски ривал на Македонија
[03.02.2002] Ракометарите на Шведска на својата публика во Стокхолм им ја подарија четвртата титула на петото по ред европско првенство. А ждребот за Баражот за мундијалот во Португалија 2003-та на македонската ракометна репрезентација и го врати Исланд за ривал.

 

ЛА Лејкерси по подолго време се претставија во шампионско издание
[04.02.2002] Од синоќешните 9 средби гостите беа подобри на шест. Шампионот Лос Анџелес Лејкерс забележа сигурна победа во Американ Ерлјанс Центарот во Далас и ја совлада истоимената екипа со 101:94.

 

НФЛ: Њу Ингланд се победници во финалето на американскиот Супербол
[04.02.2002] Во најдраматичното финале во 36 годишната историја на професионалната лига во американски фудбал (НФЛ) екипата на Њу Ингланд Петриотс успеа во самиот финиш од средбата да дојде до драгоцениот трофеј.

 

Шарпланинскиот скијачки куп ги разбранува духовите во македонското алпско скијање
[05.02.2002] Одлуката на техничкиот организатор, тетовскиот скијачки клуб Љуботен, да ги промени терминот и локацијата па купот да се одржи во Маврово во февруари наместо на Попова Шапка во март, предизвика реакции во јавноста.

 

Лажна тревога пред почетокот на ЗОИ во Солт Лејк Сити
[05.02.2002] Одговорните лица за безбедност на Зимските Олимписки Игри во Солт Лејк Сити го имаа првиот сериозен тест за подготвеноста, откако денеска открија сомнителен, но безопасен пакет на автопатот кон алпските терени на Сноу Бесин.

 

НБА: Њу Џерси убедливи против Сакраменто
[05.02.2002] Њу Џерси Нетс и натаму го зајакнува сјајот по катастрофалната ланска сезона и ги освојува симпатиите на НБА фановите.

 

НБА резултати
[06.02.2002] Во НБА лигата нови десет дуели. По пет победи за домаќините и за гостите.

 

Позната шемата на мундијалот во Индијанаполис
[06.02.2002] На кошаркарскиот Глобус позната шемата според која шеснаесетте репрезентации на мундијалот во Индијанаполис ќе ги бркаат најдобрите постигнувања. Германија, Кина и Ангола налетаа на НБА ѕвездите уште во првата фаза.

 

Резултати од НБА лигата
[07.02.2002] Резултати од шесте синоќешни натпревари од НБА лигата. Најголемото изненадување се случи во Лос Анџелес каде Лејкерси доживеаа пораз од Чикаго.

 

Прв случај на допинг пред почетокот на ЗОИ во Солт Лејк Сити
[07.02.2002] Остануваат уште 30 часови до почетокот на 19-тите Олимписки Игри чиј домаќин ќе биде американскиот град Солт Лејк Сити. Меѓутоа уште пред официјалниот старт на игрите регистриран е првиот случај на позитивен допинг тест.

 

НБА резултати
[08.02.2002] Резултати од последните натпревари во НБА лигата.

 

„Кометал Ѓорче Петров“ размислува само на победа
[08.02.2002] Само на победа и на ништо друго не се размислува во редовите на „Кометал Ѓорче Петров“ пред утрешниот натпревар со европскиот првак „Крим Ета Неутро Робертс" на „Кале" од 18 часот, во четвртото коло од лигата на шампионките.

 

Започнуваат 19. Зимски олимписки игри
[08.02.2002] Спортските погледи насочени кон Соединетите Американски Држави. Рано изутрина почнуваат 19. Зимски олимписки игри.

 

Гостинските екипи постигнаа само 2 гола во 22-рото коло на Бундес лигата
[09.02.2002] Фудбалската сабота во Бундес лигата во знакот на резултатски само мирољубивото дерби Баерн - Борусија Дортмунд во Минхен.

 

26-то коло од англиската Премиер лига
[09.02.2002] Ливерпул фуриозно на врвот во Премиер лигата.

 

Прв натпреварувачки ден по отарањето на Олимписките игри во Солт Лејк Сити
[09.02.2002] Италијанката Стефанија Белмондо е првата олимписка шампионка во Солт Лејк Сити.

 

Победа на ракометарките на Кометал Ѓ.П. над Крим
[09.02.2002] Важна победа на ракометарките на Кометал Ѓорче Петров во 4-тото коло од Б групата во Лигата на шампионите.

 

Резултати од Бундес, Премиер и Калчо лигата
[10.02.2002] Во Германија се одиграа двете последни средби од 22-рото коло, во Италија тимот на Болоња го стопираше Интер, а во Премиер лигата Манчестер Ј. ја продолжува победоносната серија.

 

По 51-ви пат ќе се игра Ол Стар натпреварот во НБА лигата
[10.02.2002] Вечерва во Филаделфија на програмата е Ол-Стар натпреварот меѓу најдобрите екипи од источната и западната конференција, кој ќе биде ослабен поради отсуството на повредените Шекил О'Нил и Винс Картер.

 

Втор натпреварувачки ден на ЗОИ во Солт Лејк Сити
[10.02.2002] Фритц Штробл е нов олимписки шампион во спуст, финецот Сампа Лајунен го освои златото во нордиска комбинација,а швајцарецот Симон Аман е сензационалниот победник во скијачките скокови од 90-метарската скокалница.

 

Втор меѓународен меморијален крос Методи Веновски Мето
[10.02.2002] Бугарскиот атлетичар Никола Илиев е победник на вториот меѓународен меморијален крос Методи Веновски Мето, кој се одржува во знак на сеќавање на починатиот Веновски, кој целиот свој живот го посвети на кралицата на спортовите.

 

Александар Стајковски ја одбрани титулата европски шампион во фул контакт
[10.02.2002] Европскиот шампион во фул контакт, македонскиот кик боксер Александар Стајковски ја одбрани титулата во категоријата до 69,4 килограми.

 

Осамна третиот олимписки ден во Солт Лејк Сити
[11.02.2002] Осамна и третиот олимписки ден во Солт Лејк Сити.

 

Во 51. „НБА Ол Стар“ Истокот поразен од Западот
[11.02.2002] Во Америка ноќеска уште еден спортски спектакл. 51. „НБА Ол Стар“ натпревар во Филаделфија.

 

На четвртиот ден од Солт Лејк Сити Јана Николовска со повреда
[12.02.2002] Солт Лејк Сити. Олимписки ден број четири. Претпладенво таму блесна најновото олимписко злато за Норвежанката Бенте Скари која во трката на 10 километри ги победи фаворизираните руски Нордијки Олга Данилова и Јулија Чепалова.

 

Резултати од петиот натпреварувачки ден на ЗОИ во Солт Лејк Сити
[13.02.2002] Швајцарецот Симон Аман е скокачката сензација на Зимските Олимписки Игри во Солт Лејк Сити.

 

11 средби од НБА лигата
[13.02.2002] Во НБА лигата на програмата беа 11 средби. Најинтересно беше во Лос Анџелес каде Лејкерси го совладаа тимот на Мајкл Џордан Вашингтон.

 

Хрватката Јаница Костелич победи во алпска комбинација на ЗОИ
[14.02.2002] Шестиот олимписки ден во Солт Лејк Сити е се уште без освојувачи на медали. Нешто е поскромна денешната понуда, а четирите дисциплини во кои ќе се поделат трофеи завршуваат подоцна според сатницата.

 

Германија засега најуспешна на ЗОИ во Солт Лејк Сити
[15.02.2002] Германците се досега водечка нација со вкупно освоени 16 од кои 5 златни, еден најсјаен повеќе од домаќинот кој освои 13 и Австрија и Норвешка со по 10 медали. Со 7 одличја полека фаќа приклучок Русија која против Белорусија го отвори спектакуларниот и суперинтересен хокеарски турнир.

 

Неизвесно одржувањето на Шарпланинскиот скијачки куп
[15.02.2002] Голема неизвесност иако се е подготвено. Техничкиот организатор на 32 Шарпланински куп СК Љуботен се обезбедил, но ништо од традиционалниот ски натпревар без пари. Финансиите се чекаат од Скијачкиот Сојуз на Македонија и од покровителот - претседателот Борис Трајковски.

 

Резултати од НБА лигата
[15.02.2002] Во синоќешните шест средби гостите беа подобри на пет, а само Сакраменто против Вашингтон победи на домашен терен.

 

Гостинските екипи имаа добар ден во натпреварите од НБА лигата
[16.02.2002] Во синоќешните десет натпревари од НБА лигата само Шарлот ја победи Индијана на домашен терен, а во останатите натпревари гостите поуспешни. Меѓу неочекуваните порази на домашен терен се на ЛА Лејкерс од Атлана и на Њујорк од Детроит.

 

Кјетил Андре Омот и Оле Ејнар Бјорндален го одбележаа осмиот натпреварувачки ден на ЗОИ
[16.02.2002] Точно половина од 19-тите Зимски Олимписки Игри. Кјетил Андре Омот потврди дека е најсестраниот алпинец во светот со победата во супервелеслалом, по онаа во алпска комбинација. Оле Ејнар Бјорндален пак, влезе во олимписката историја како прв биатлонец во историјата со три златни медали на едни игри, откако победи и во пурсуит трката на 12,5 километри, по успесите на 10 и на 20 километри.

 

23-то коло од германската Бундес лигата
[16.02.2002] 23-то коло од Бундес лигата не донесе битни промени на табелата, со исклучок на Баерн кој по лошата серија се искачи на 5 место.

 

Ракометарките на Кометал Ѓ.П. убедливо го совладаа Монтекс
[17.02.2002] Ракометарките на Кометал Ѓ.П. на најубав можен начин го потврдија пласманот во 1/4 финалето на Лигата на шампионките.

 

Резултати од германската Бундес и италијанската Калчо лига
[17.02.2002] Келн под водството на новиот тренер Функел ремизираше со Вердер, а во вториот денешен меч од 23-тото коло Енерги со 3:0 ја совлада Ханза.

 

Даниела Чекарели е победничка на супер-велеслаломската трка на ЗОИ
[17.02.2002] Италјанката Даниела Чекарели е сензационалната победничка на супер-велеслаломската трка на 19-тите Олимписки Игри во Солт Лејк Сити.

 

НБА - резултати
[17.02.2002] Во синоќешните четири средби Сиетл и ЛА Клиперс победија на домашен терен против Бостон и Далас, а Орландо и Кливленд во гости ги совладаа Хјустон и Чикаго.

 

Резулати од десет НБА средби
[18.02.2002] Во синоќешните десет натпревари поразени се и шампионот и вицепрвакот Лејкерси односно Филаделфија, во пакет со големиот фаворит Сакраменто.

 

Преглед на осмиот ден од Олимписките игри во Солт Лејк Сити
[18.02.2002] Новиот светски рекорд во брзо лизгање на американката Крис Вити, златото на германскиот боб двосед Ланген - Цимерман, и тесните победи на Шведска над Чешка и на Канада против Германија, доцна синоќа го затворија осмиот олимписки ден во Солт Лејк Сити.

 

Нордиец Ѓоко Диневски го освои 65 -тото место
[19.02.2002] Македонскиот нордиец Ѓоко Диневски го освои 65 -тото место во новата дисциплина на Олимписките игри спринтот на еден и пол километар.

 

НБА: Гостите беа подобри
[19.02.2002] На програмата на НБА лигата беа седум натпревари на кој гостите беа подобри и салвеа победа на четири. Еве ги резултатите: 

 

Продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите
[19.02.2002] По двомесечна пауза вечерва продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите во фудбал. На програмата се средбите од 3 коло од втората фаза во Ц и Д групите.

 

НБА - резултати
[20.02.2002] Синоќа во НБА лигата се одиграа шест натпревари, од кои во три беа подобри гостите.

 

Старт на фудбалскиот турнир "Вуко Каров"
[20.02.2002] Традиционалниот фудбалски турнир "Вуко Каров" веќе десет години е увертира на пролетната полусезона во домашното првенство и во купот.

 

Кошаркарите на Фершпед Работнички загубија од Вилнус
[20.02.2002] Фершпед Работнички и вторпат за само седум дена поразен од литванскиот Литвос Ритас, во кошаркарската НЕБЛ лига.

 

Шарпланинскиот Куп сепак нема да се одржи
[20.02.2002] Денеска организацискиот комитет соопшти дека Шарпланинскиот Куп нема да се одржи, на два дена пред предвидениот почеток на 32-рото издание на традиционалната скијачка манифестација.

 

Германија засега најуспешна на ЗОИ во Солт Лејк Сити
[20.02.2002] Американските спортисти во блескав сјај го завршија претходниот, единаесетти натпреварувачки ден во Солт Лејк Сити, со што веќе стигнаа до бројката од 21 медал на игрите - 6 златни, 8 сребрени и 7 бронзени.

 

Нов пораз на Вардар на турнирот „Вуко Каров“
[21.02.2002] Традиционално турнирот „Вуко Каров“ , овојпат во Кавадарци и во Неготино е последниот посериозен тест. Во второто коло нов пораз на Вардар, Победа го совлада Борац Бања Лука. 

 

Лига на Шампиони - Барселона на првото место
[21.02.2002] Лига на Шампиони - половина од втората фаза во „А“ и во „Б“ групата. Холандското дуо Патрик Клајверт и Руд ван Нистелрој се фудбалерите за насловни страници.

 

Претходниот дванаесетти олимписки ден
[21.02.2002] Претходниот дванаесетти олимписки ден го заокружија другите три четвртфинални нокаут дуели на хокеарскиот турнир.

 

ЗОИ - Дејан Пановски 65 - ти
[21.02.2002] Нешто порелаксиран ден на олимпијадата во Солт Лејк Сити. Кај алпинците досега заврши првата велеслаломска трка, по која води Штефан Еберхартер кој влегува во решавачката трка пред изненадувањето од Италија - Масимилијано Билардоне.

 

НБА резултати
[21.02.2002] Филаделфија - Г.Стејт 114:107

 

НБА - резултати
[22.02.2002] Во три од синоќешните осум средби од НБА лигата гостите беа поуспешни.

 

Тиквеш и Победа во финалето на фудбалскиот турнир Вуко Каров
[22.02.2002] Фудбалерите на Тиквеш и Победа ќе играат во неделното финале на 10-тиот фудбалски турнир Вуко Каров.

 

Кометал Ѓ.П. ќе атакува на победа против рускиот тим Аква
[22.02.2002] Ракометарките на Кометал Ѓ.П. и покрај тоа што изборија пласман во 1/4 финалето на Лигата на шампионите во утрешниот последен натпревар од групата против Аква ќе атакуваат на нова победа.

 

Рускиот претседател Путин го спречи олимпискиот тим да ги напушти ЗОИ
[22.02.2002] Олимписките Игри во Солт Лејк Сити ќе останат запаметени по скандалите врзани со судиите, а претседателот на Русија Путин се со цел да се сочува спортскиот дух со указ го спречи напуштањето на рускиот тим.

 

Шалке 04 во борбата за шампионската титула на Бундес
[23.02.2002] Европски фудбал како надополнување на богатата содржинска понуда информации од меѓународниот спорт.

 

Триесетина часа до згаснувањето на олимпискиот оган
[23.02.2002] Завршница на Зимските олимписки игри во Солт Лејк Сити. Триесетина часа до згаснувањето на олимпискиот оган, до затворањето на 19. поглавје во историјата на зимскиот олимпизам.

 

НБА резултати
[23.02.2002] Резултати од последните НБА натпревари.

 

НБА - резултати
[24.02.2002] Резултати од осумте синоќешни средби во НБА лигата.

 

Победа го освои фудбалскиот турнир "Вуко Каров"
[24.02.2002] Победа го освои традиционалниот турнир "Вуко Каров", последниот тест пред стартот на новата сезона.

 

Резултати од европските фудбалски терени
[24.02.2002] Баер Леверкузен го превзема врвот на табелата во Бундес Лигата откако убедливо го совлада досегашниот лидер Борусија Дортмунд во дербито.

 

Нов допинг скандал на ЗОИ во Солт Лејк Сити
[24.02.2002] Нов допинг скандал ги разнишува Зимските Олимписки Игри во Солт Лејк Сити, уште повеќе помрачувајќи ја сликата на игрите, само неколку часа откако полициските сили пукаа со гумени куршуми во разбеснетата толпа.

 

Затворени ЗОИ 2002 во Солт Лејк Сити
[25.02.2002] Со чинот на свеченото затворање утринава во Солт Лејк Сити завршија 19-тите Зимски Олимписки Игри едни од најконтраверзните во историјата на олимпиското движење. Следните 20-ти ќе се одржат по 4 години во италијанскиот град Торино.

 

Резултати од осум НБА средби
[25.02.2002] Осум средби беа на програмата во НБА лигата.

 

Никола Илиевски - Џиџи потенцијален нов фудбалски селектор
[26.02.2002] Македонската фудбалска репрезентација утре треба да добие нов селектор. На конститутивната седница на управниот одбор на ФСМ, која по седум месеци ќе се одржи конечно утре во Крушино, крај Кичево, Никола Илиевски - Џиџи ќе ја преземе престижната функција, како вршител на должноста.

 

Допинг тестот на Милег позитивен
[26.02.2002] Светот ги средува импресиите од Зимските олимписки игри во Солт Лејк Сити. А само два дена по нивното завршување, потврда за допингот кај натурализираниот шпански нордиец Јохан Милег.

 

Во Лигата на фудбалските шампиони поатрактивна „Б“ од „А“ групата
[26.02.2002] По првата половина од вториот круг во Лигата на фудбалските шампиони, проста ситуација околу екипите што ќе се пласираат во четвртфиналето од групата „А“, но сите опции се во игра во далеку поатрактивната група „Б“, пред вечерашните средби од четвртото коло, возвратни меѓу екипите што се сретнаа пред 7 дена.

 

Резултати од седум НБА средби
[27.02.2002] Сакраменто и Лејкерси, еден - два по синоќешните нови победи на двата најуспешни тима досега.

 

Четврто коло од Лигата на шампионите
[27.02.2002] Четири нови дуели од четвртото коло во Лигата на шампионите вечерва.

 

Никола Илиевски е новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација
[27.02.2002] Никола Илиевски - Џиџи по четириесетина дена го наследува Ѓоре Јовановски на селекторското место, Илија Најдоски наместо директор, на мала врата промовиран за државен капитен на македонските фудбалски селекции пред фаворитот Дарко Панчев.

 

Девет средби во НБА лигата
[28.02.2002] Девет средби беа на програмата во НБА лигата. Најголемото изненадување го приреди тимот на „Минесота“ кој предводен од Гарнет го совлада шампионот „Л.А. Лејкерс“ со 112:101.

 

„Реал Мадрид“ обезбеди учество во 1/4 финалето на Лигата на шампионите
[28.02.2002] Kралскиот клуб „Реал“ од Мадрид на две кола пред крајот во „Ц“ групата веќе обезбеди учество во 1/4 финалето на Лигата на шампионите.

 

„Фершпед работнички“ поразен од „Сконто Рига“
[28.02.2002] Кошаркарите на „Фершпед работнички“ во рамките од 4. коло на НЕБЛ лигата го доживеаа третиот пораз. Во салата во градскиот парк нашиот шампион е совладан од летонскиот преставник „Сконто Рига“.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk