Дома Семејни интриги
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Август 2001

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Време online
 

АРХИВА: Свет, Август 2001


 

Руските сили остануваат во Босна и Косово
[02.08.2001] Министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Иванов изјави денеска дека руските мировни сили ќе останат во Босна и Хецеговина, како и на Косово. Но, нема да бидат ангажирани во евентуални мировни мисии во Македонија.

 

Либерасион - договор на Караџиќ и Младиќ со запад
[02.08.2001] Францускиот весник "Либерасион" изрази во својот денешен број сомнеж дека постои "премолчен договор" на запад и поранешните лидери на босанските срби Радован Караџиќ и Ратко Младиќ дека нема да бидат уапсени, доколку се повлечат од јавната сцена.

 

Се наѕира решавањето на проблемот Северна Ирска
[02.08.2001] Британија и Ирска го претставија заедничкиот план чија цел е разоружување на ИРА и спречување на распаѓањето на администрацијата во Северна Ирска.

 

САД им должи 582 милиони долари на ООН
[02.08.2001] Конгресот забрзано работи на обезбедувањето на 582 милиони долари за плаќање на заостанатиот долг на САД кон ООН - изјави американскиот државен секретар Колин Пауел.

 

Хаг ќе започне истрага и за настаните во Македонија
[05.08.2001] Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг наскоро може да започне истрага и за настаните во Македонија ова го пишува љубљанскиот весник „Дневник“ повикувајки се на доверлизи извори во Хаг.

 

Пердју за CNN
[06.08.2001] "Jа надминавме втората од двете големи препреки во мировните преговори. Првата беше прашањето за јазикот, а со помош на Хавиер Солана постигнавме договор и за полицијата.“ изјави Џејмс Пердју за телевизиската станица CNN.

 

Помалку пченица во тековната година
[06.08.2001] Светскиот род на пченицата во тековната сезona 2001 / 2002 (јули / јуни) ќе изнесува околу 567 милиони тони, што е за околу 14 милиони тони помалку од претходната сезona - прогнозира меѓународниот совет за житарици.

 

56 години од првата атомска бомба
[06.08.2001] Денеска се навршува 56 годишнината од моментот кога јапонскиот град Хирошима беше претворен во пепел од првиот воздушен напад со атомска бомба во светот.

 

НАТО ги довршува плановите за испраќање војници
[07.08.2001] НАТО забрзано ги довршува плановите за испраќање на 3.500 војници во Македонија, откако ќе се постигне мировен договор - пишува печатот во Британија.

 

Договорот во Македонија е близу
[08.08.2001] Надежите за скорешно завршување на политичкиот дијалог во Oхрид вчера се обновени и договорот во Македонија е близу - оценува денеска британскиот печат.

 

Палестинец - човек бомба
[09.08.2001] Најмалку 15 лица загинаа, а 88 се повредени од експлозија на бомба, детонирана при самоубиствен бомбашки напад во една пицерија во Ерусалим, јави израелското воено радио.

 

Буш - Блиски Исток
[11.08.2001] Претседателот на САД Џорџ Буш нагласи дека Јасер Арафат ќе треба да се потруди и да ги фати виновниците за самоубиствениот напад кој што во четвртокот се случи во Ерусалим.

 

Independent за Македонија
[11.08.2001] Новите борби во Македонија ги поматија надежите дека во понеделник ќе дојде до потпишување на македонско - албанскиот договор, оценува лондонски "Индипендент".

 

Монд - Македонија до граѓанска војна
[11.08.2001] Македонија оди по патот на граѓанска војна и не треба да се има илузии околу парафираниот македонско - албански договор, предупредува парискиот весник "Монд".

 

Британија - Северна Ирска
[12.08.2001] Работата на Протестантско- католичкото собрание беше обновена во саботата на полноќ откако Џон Рајт , секретар на  Владата на Северна Ирска ја потпиша наредбата рано утрото.

 

НАТО загрижен за разоружувањето на ОНА
[13.08.2001] Борбите водени во текот на викендот беа најтешки од почетокот на судирите и се приближија до главниот град на Македонија, пишува "Фајненшл Тајмс", пренесувајќи ја оценката на западен политичар дека, пред потпишувањето на мировната спогодба, двете страни се обидуваат да го "наведат НАТО да го смени својот мандат во врска со прибирањето на оружјето од бунтовниците". 

 

Далмација во пламен
[14.08.2001] Поради пожарите што започна пред четири дена на јадранскиот брег на потегот од Дубровник до Шибеник, е прогласена состојба на елементарна непогода.

 

Британската полиција побара помош од населението
[15.08.2001] На тригодишнината од бомбардирањето на ирскиот град Омаг, шефовите на британската полиција побара помош од населението при вршењето на истрагата за неодамнешниот обид напаѓачите да се изведат пред лицето на правдата.

 

Многу прашалници за кревкото примирје
[15.08.2001] Постојат многу прашалници во врска со кревкото примирје, што го потпишаа Албанците и Македонците оценува германскиот "Франкфуртер Рундшау".

 

Состанок на Арафат со шефот на арапаската лига Амра Муса
[15.08.2001] Еден палестинец е пронајден мртов во Хеброн. Извештаите на израелското радио велат дека тој бил убиен од страна на израелските разузнавачки трупи.

 

Aлбанскиот нaционализам против демократски избрана Влада во Македонија
[15.08.2001] Лондонските весници опширно пишуваат за состојбата во Македонија забележувајќи им на западните земји и на НАТО за некохерентна политика во однос на случувањата на просторите на поранешна Југославија.

 

ООН со дефицит
[16.08.2001] Обединетите Нации се соочуваат со недостаток на пари за исплата на платите на вработените за овој месец.

 

„Daily telegraf“ - тешка мисија на НАТО
[16.08.2001] Oсврнувајќи се на можниот прием на кој ќе наидат британските и други војници на НАТО во Македонија, британскиот весник „Daily telegraf“ смета дека македонските државни медиуми го „распламтуваат антизападното расположение меѓу Македонците“.

 

Лондонски „Times“ - британските војници утре во Македонија
[16.08.2001] Првите британски војници ќе тргнат за Македонија утре вечер, објавува денеска британскиот весник „Times“, констатирајќи дека НАТО се воздржува од „давање зелено светло“ за распоредување на главнината на силите се додека од британските и дански команданти на операцијата не добие потврда дека условите на теренот се до таа мерка поволни, што дозволуваат упатување на лесно вооружени единици.

 

Неизвесности околу предавањето на оружјето
[17.08.2001] „Предавање на оружјето во Македонија и натаму има проблеми. Лидерот на таканаречената ОНА Али Ахмети бара пред да започне операцијата, македонската страна потпишаната спогодба да ја претвори во уставни промени, а македонската страна бара разоружување на терористите пред да се пристапи кон промените на Уставот.“, пишува лондонскиот весник „Times“.

 

Русија дистанцирана и навредена
[17.08.2001] Русија се дистанцирала од мисијата на НАТО, бидејќи е уверена дека терористите неможат да бидат разоружани пишува угледниот московски „Комерсант“.

 

Автомобил бомба експлодорал во едно шпанско одморалиште
[18.08.2001] Десетици туристи во Шпанија мораа да бидат евакуирани откако експлодира автомобил бомба  пред нивниот хотел.

 

Убиен еден палестинец
[18.08.2001] Еден палестинец беше убиен по престрелките кои избувнаа откако израелските сили рано утринава влегоа на палестинска територија во јужниот дел од појасот Газа. Според палестинските доктори од болницата Насер во градот Кан Јунис, има уште 10 повредени лица.

 

Во пожар загинале 70 лица
[18.08.2001] 70 лица загинаа  а најмалку 54 се повредени во пожарот што вчера изби во еден хотел во предградието на Манила, поголемиот дел од нив останаа заробени од шипките на прозорци кои служат како заштита од крадци, велат пожарникарите.

 

Блиски Исток
[19.08.2001] Tројца Палестинци и двајца Израелци се повредени во жестоките борби помеѓу израелките сили и палестинските милитанти во појасот Газа.

 

Шпанија - бомба
[20.08.2001] Една жена загина, а едно дете е повредено во експлозијата на бомба во центарот на Сан Себастијан, Шпанија.

 

10 рудари се заробени во урнатините од експлозијата во рудникот Засјадко во Украина
[20.08.2001] Околу 800 пожарникари денеска се обидуваа да го изгаснат пожарот во рудникот во источниот регион на Украина Донецк, во кој вчера во експлозија на метан загинаа 36 рудари, а околу 40 беа повредени.

 

Печатот - сомничав за успехот на операцијата на НАТО
[20.08.2001] Укажувајќи дека прес конференцијата на лидерот на таканаречената ОНА во тетовското село Шипковица била "внимателно испланиран медиумски настап", лондонскиот весник "Times" објавува дека Али Ахмети, но и неговите борци, "не претставуваат одраз на ветувањата оти ќе го предадат оружјето".

 

Средба Фишер - Арафат
[21.08.2001] Германскиот министер за надворешни работи, Јошка Фишер, денеска во Рамалах имаше состанок со палестинскиот лидер, Јасер Арафат.

 

Анџелина Џоли - амбасадор на УНХЦР
[21.08.2001] Американската артистка Анџелина Џоли, која ја игра улогата на сексапилниот компјутерски лик Лара Крофт во „Томб Рајдер“ ќе се вклучи во мисија на добра волја како амбасадор на УНХЦР.

 

Големо невреме во Јапонија
[22.08.2001] На околу 50 илјади луѓе во Јапонија денеска им беше наредено да се иселат од своите домови затоа што моќната тропска бура што уби 4 лица и повреди десетици од нив се движи накај Токио.

 

Насилства на Блискиот Исток
[24.08.2001] По убиството на едното 11 годишно палестинско дете, израелската армија ја презема контролата врз поголем дел од градот Хеброн, кој е на палестинска територија.

 

Деактивирана бомба во Северна Ирска
[24.08.2001] Британските безбедносни сили деактивираа бомба во градот Лондондери во Севрна Ирска, обвинувајќи ја Вистинската ИРА за поставување на моќната направа.

 

Чеченија - вооружени дејства
[25.08.2001] Шест руски војници загинале, а 19 биле повредени во 44-те напади на чеченските бунтовници врз руските сили за период од 24 часа, изјавил портпаролот на чеченските бунтовници за Франс Прес.

 

Газа - нови немири
[25.08.2001] Три израелски војници загинаа за време на ноќешните напади на палестинските командоси врз израелските безбедносни сили во Газа.

 

Израелски тенкови и авиони “оперираат“ јужно од Газа
[26.08.2001] Рано изутринава израелски тенкови и воени авиони од типот Ф - 16 демолираа полициски згради во 4 палестински градови.

 

Продолжуваат мисиите на Марс
[27.08.2001] Минатата сабота НАСА упати нова сонда кон Марс со цел да се проучи оваа мистериозна планета.

 

Мадрид - Експлодира бомба на аеродромот
[27.08.2001] Одговорноста за нападот ја презела баскиската терористичка организација ЕТА.

 

Чеченија- Загинаа 4 полицајци од нагазна мина
[27.08.2001] Четворица руски полицајци загинале, а двајца се повредени, откако нивниот камион налетал на нагазна мина во глвниот град на Чечениа, Грозни.

 

Соборен американски авион во Ирак
[28.08.2001] САД потврдија дека извидувачки авион од типот Предатор, кој извршувал задачи во зоната за забранети летови во Ирак исчезнал.

 

Светска конференција против расизмот
[29.08.2001] Генералниот секретар на ОН Кофи Анан им се придружи на африканските земји, во повикот до САД сепак да учествуваат на светската конференција за расизмот која треба да започне во петок во Дурбан, Јужна Африка.

 

Американски авиони нападнаа ирачки позиции
[29.08.2001] Десет Американски авиони во текот на ноќта бомбардираа две позиции на ирачките противоздушни сили во Јужен Ирак.

 

Австралија нареди враќање на бродот со авганистански емигранти
[29.08.2001] Австралиските специјални сили, влегоа во норвешкиот брод кој превезува повеќе од 400 илегални имигранти, кој нелегално влезе во австралиските води.

 

12 загинати во експлозија на бомба во Чеченија
[29.08.2001] Дванаесест лица загинаа, а шест се повредени во екплозијата на автомобил бомба вчеравечер во чеченското село Октобарское.

 

Први демократски избори во Источен Тимор
[30.08.2001] Денеска луѓето од Источен Тимор по векови странска окупација излегоа на првите демократски избори во земјата.

 

Започна Конференцијата на ОН за расизмот
[31.08.2001] Во Дурбан, Јужна Африка, започна конференцијата на ОН за расизмот.

 

Нов Зеланд и Источен Тимор во пресрет на "Тампа"
[31.08.2001] Нов Зеланд соопшти дека може да прими дел од 460-те илегални имигранти кои се наоѓаат на норвешкиот товарен брод "Тампа".

 

Западен Брег - екплозија на бомба во куќа на висок палестински претставник
[31.08.2001] Во куќата на еден висок палестински претставник на Западниот брег екплодирала бомба, а во екплозијата нема повредени или загинати.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk