Дома Сопранови
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Балкан > Архива > Декември 2001

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 

АРХИВА: Балкан, Декември 2001


 

Спречена трговија со радиоактивен материјал?
[01.12.2001] Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина соопшти оти се уапсени тројца босански државјани и еден југословен поради основано сомневање дека незаконски тргувале со експлозивен и радиоактивен материјал.

 

Евертс - независноста на Косово е „отворена можност“
[01.12.2001] Досегашниот шеф на мисијата на ОБСЕ на Косово, Дан Евертс изјави дека во иднина „независноста на Косово е отворена можност, што воопшто не е забрането прашање“.

 

Војската и полицијата финансирани од Гција и на Кипар
[01.12.2001] Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте побара спојување на трите обвиненија против поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ бидејќи смета оти тоа е „најдобриот начин против обвинетиот да се води фер и брзо судење“.

 

Смена на членовите на комисијата за помилување
[01.12.2001] Хрватскиот претседател Стипе Месиќ разреши десет од вкупно 11 членови на комисијата за помилување, со образложение дека некои од одлуките што ги донела оваа комисија го компромитирале угледот на шефот на државата.

 

Ослободен обвинетиот за атентатот врз Драшковиќ
[02.12.2001] Вишиот суд во Подгорица му го укина притворот на Мило Луковиќ, еден од петмината обвинети за атентатот врз лидерот на Српското движење за обнова Вук Драшковиќ на Ибарската магистрала.

 

ОВПМБ не го минирала контејнерот на полицијата
[02.12.2001] „Не постои никаква врска на припадниците на ОВПМБ со минирањето на пунктот за сместување на мултиетничката полиција, изведено прексиноќа во селото Раинце, близу Прешево“, изјави поранешниот командант на некогашната паравоена организација Шефкет Муслиу за белградската агенција Фонет.

 

Младиќ под заштита на војската на Југославија
[02.12.2001] Поранешниот командант на армијата на босанските Срби Ратко Младиќ, обвинет за воени злосторства во Босна и Херцеговина, се наоѓа во Србија, под заштита на Војската на Југославија, јави вчера агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на неименуван српски политички извор.

 

Се урна авион - пилотите спасени
[03.12.2001] Грчкото министерство за одбрана соопшти дека се најдени живи и непотврдени двајцата пилоти од воениот авион што претпладнето се урна за време на школски лет кај местото Каламбака во северна Грција.

 

„Железна тупаница“ за потрага по оружје на Косово
[03.12.2001] Минатата сабота во 5 часот изутрина КФОР ја започна најголемата досега координирана операција „Железна тупаница“ за потрага по оружје во сите 5 сектори на Косово.

 

Почнува судењето на генералот Галиќ
[03.12.2001] Хашкиот трибунал го започнa судењето на воениот генерал на војската на Република Српска, Станислав Галиќ, кој е обвинет за злосторства против човештвото и кршење на воените закони и обичаи за време на опсадата на Сараево.

 

Средба на градоначалници од Балканот
[03.12.2001] Денеска во Солун започна меѓународната средба на пријателство и соработка на поголемите градови од Балканот. 

 

Мултиетничката полиција доби нови контејнери
[03.12.2001] Мултиетничката полиција во селото Рајинце, кај Прешево во јужна Србија, доби нов контејнер за сместување, бидејќи претходниот беше уништен во подметната експлозија што се случи на 29-ти ноември, соопшти прес-центарот во Бујановац.

 

Резерви кон предлогот за заедничка федерација на Црна Гора и Србија
[04.12.2001] Официјалните власти во Белград и Подгорица, кои до крајот на неделава треба да одговорат на предлогот на високиот преставник на ЕУ Хавиер Солана да продолжат со преговорите, во првите изјави остануваат на старите позиции.

 

Испорачување на „вуковарската тројка“
[04.12.2001] Испорачувањето на тројцата офицери на Војската на Југославија обвинети за воени злосторства во Вуковар 1991-та на судот во Хаг, тема на разговорите меѓу делегацијата на Европскиот парламент предводена од Дорис Пак и југословенскиот претседател Воислав Коштуница.

 

Можно одложување на седницата на парламентот на Косово
[04.12.2001] Србите на Косово ќе побараат одложување на инаугуративното заседание на покраинскиот парламент, закажано за 10-ти декември, доколку цивилната мисија на ОН не обезбеди целосна слобода на движење за српските пратеници и новинари.

 

Раскол во владеачката социјалистичка партија во Албанија
[04.12.2001] Судирот меѓу лидерот на владејачката Социјалистичка партија на Албанија, Фатос Нано и премиерот Илир Мета предизвика раскол и најверојатно ќе доведе до формирање на две нови партии, пренесуваат албанските гласила.

 

Преговори за владеачката коалиција на Косово
[05.12.2001] Лидерите на двете најголеми албански партии на Косово, на Демократскиот сојуз на Косово, Ибрахим Ругова и на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи утре треба да разговараат за можна коалиција на партиите.

 

Мета нема да поднесе оставка
[05.12.2001] „И покрај сите напади од страна на лидерот на Социјалистичката партија Фатос Нано нема да поднесам оставка“, изјави албанскиот премер Илир Мета, додавајќи дека нападите кон него се без аргументи.

 

Грција прифаќа компромис околу спорниот назив „Македонија“
[05.12.2001] Грчкиот премиер Костас Симитис најави можност за компромисно завршување на прашањето во врска со името на Македонија. 

 

Човиќ денеска во Брисел
[05.12.2001] Ситуацијата на Косово е тема на разговор меѓу претставниците на Алијансата и потпретседателот на српската влада Небојша Човиќ кој престојува во Брисел, соопшти портпаролот на Српската демократска алтернатива, Нада Колунџија.

 

Големо признание од НАТО за Белград
[06.12.2001] „СР Југославија и Србија од претставници на НАТО добија големо признание за напорите во стабилизацијата на состојбата во јужна Србија и на Косово и Метохија“, изјави потпретседателот на српската влада Небојша Човиќ по враќањето од Брисел.

 

Путин во официјална посета на Атина
[06.12.2001] Рускиот претседател Владимир Путин престојува во официјална посета на Атина, како прв шеф на руска или советска држава.

 

Народот на Косово задоволен од мисијата на КФОР
[06.12.2001] Главниот командант на КФОР, генерал Марсел Валентин изрази оптимизам за новите избрани органи на владата на Косово во врска со иднината на покраината.

 

Поблиску до ЕУ доколку соседите соработуваат
[07.12.2001] „Балканските земји ќе влезат во Европска Унија само доколку соработуваат и ги унапредуваат односите со соседите“ изјави југословенскиот министер за надворешни работи, Горан Свилановиќ, зборувајќи на еден собир во Белград.

 

Средбата Ругова - Тачи без договор
[07.12.2001] Лидерите на двете најголеми албански партии Ибрахим Ругова од Демократскиот сојуз на Косово и Хашим Тачи од Демократската партија на Косово изјавија дека разговорите што ги водеа во седиштето на УНМИК во Приштина биле многу конструктивни, не наведувајќи ништо за евентуален договор за коалиција на двете партии.

 

Москва и Атина решително против промена на границите на Балканот
[07.12.2001] „Ангажирањето на Грција и на Русија овозможи во 1999 година да се најде компромисно решение меѓу Србите и САД и НАТО за Косово и да се постигне еднострана интервенција на НАТО или ЕУ во текот на кризата во Македонија годинава, оцени грчкиот премиер, Костас Симитис.

 

Ширак во посета на Белград
[07.12.2001] Францускиот претседател Жак Ширак е првиот претседател на земја која учествувала во НАТО бомбардирањата врз Југославија кој денеска треба да престојува во официјална посета на Белград.

 

ЕУ не е подготвена да ја признае независноста на Црна Гора
[08.12.2001] „Не верувам оти Европската Унија е подготвена да ја признае независноста на Црна Гора“, изјави францускиот претседател, Жак Ширак на крајот од дводневната посетата на Белград.

 

Путин наместо во Света Гора во Солун
[08.12.2001] Рускиот претседател, Владимир Путин, во рамките на повеќедневната посета на Грција, денеска поради невреме и снежна луња ја откажа приватната посетата на Света Гора.

 

Ослободен водачот на косовските студенти
[08.12.2001] Jугословенските власти денеска го ослободија Aлбин Kурти, поранешниот лидер на косовските студенти.

 

Притисок врз Црна Гора да се откаже од независност
[09.12.2001] Изјавите на францускиот претседател Жак Ширак  и на некои други меѓународни лидери дека Европската Унија нема да ја прифати независноста на Црна Гора се  притисок врз властите во Подгорица да се откаже од настојувањата за референдум и независност.

 

Путин одбегна да даде изјава за сонцето од Вергина
[09.12.2001] Рускиот претседател Владимир Путин при посетата на археолошкиот локалитет во Вергина не покажа големо интересирање, одбегна да даде изјава и да ги коментира објаснувањата на претседателот Костис Стефанопулос, дека Македонија се обидела да ја присвои sвездата од Вергина, како симбол на своето знаме.

 

Плавшиќ, Краишник и Милошевиќ пред Хаг
[10.12.2001] Трибуналот за воени злостори во поранешна Југославија денеска во Хаг ќе одржи таканаречена статусна конференција по обвиненијата против поранешните српски лидери во Босна и Херцеговина, Биљана Плавшиќ и Момчило Краишник.

 

Иницијатива за надминување на недоразбирањата во ДОС
[10.12.2001] Шефот на југословенската дипломатија и претседател на Граѓанскиот сојуз на Србија, Горан Свилановиќ најави дека денеска ќе ја соопшти иницијативата за надминување на недоразбирањата и средување на односите во Демократската опозиција на Србија.

 

Албанско-американски проект за борба против криминалот
[10.12.2001] „Во Тирана наскоро ќе започне реализацијата на заедничкиот проект на албанската и американска влада за борба против организираниот криминал“, соопшти албанскиот премиер, Илир Мета.

 

Конститутивна седница на косовското собрание
[10.12.2001] Шефот на цивилната мисија на Обединетите Нации на Косово, Ханс Хакеруп го прогласи денеска конституирањето на парламентот на Косово.

 

Грција и Турција загрижени за состојбата во регионот
[10.12.2001] Грција и Турција ја потврдуваат својата приврзаност на принципите на меѓународното право, почитувањето на неповредливоста на границите и на територијалниот интегритет на земјите во регионот на Балканот, како и за заштита и почитување на човековите и на правата на малцинствата.

 

Во БИХ се уште има околу 20.000 исчезнати
[10.12.2001] Хелсиншкиот комитет за човекови права на Босна и Херцеговина предупреди дека се уште околу 20 илјади лица се водат како исчезнати, иако од крајот на војната што се водеше на подрачјето на оваа држава изминаа шест години.

 

Нано бара реконструкција на владата
[11.12.2001] Лидерот на албанските владеачки социјалисти Фатос Нано ги одби четворицата министри што ги предложи премиерот Илир Мета и побара реконструкција на владата.

 

Мирот во Босна и Херцеговина заслуга на Милошевиќ
[11.12.2001] „Мене ми припаѓа заслугата за мир во Босна и Херцеговина“, изјави поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, одбивајќи пред судскиот совет на Хашкиот трибунал да се изјасни во врска со обвинението за геноцид во БИХ.

 

Свилановиќ во посета на Шпанија и Португалија
[11.12.2001] Шефот на југословенската дипломатија, Горан Свилановиќ замина во дводневна посета на Шпанија и Португалија каде ќе разговара со министрите за надворешни работи на тие земји, Жозе Пике и Жаиме Гама.

 

Корупцискиот скандал и денеска во фокусот на Црна Гора
[11.12.2001] Корупцискиот скандал на црногорското раководство поврзан со продолжувањето на мандатот на парламентарната комисија за уште три месеци, што го објави хрватскиот неделник „Национал“, и денеска тема на расправата на црногорскиот парламент.

 

Избор на претседател на Косово в четврток?
[11.12.2001] „Без оглед на тоа што не е постигнат коалиционен договор во Приштина во четврток ќе продолжи седницата на парламентот на која ќе биде избран претседател и влада на Косово“, изјави претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Ибрахим Ругова.

 

Изетбеговиќ му ја нудел Херцеговина на Туѓман
[12.12.2001] Поранешниот претседател на БИХ Алија Изетбеговиќ во Сплит 1993. година му ја нудел на тогашниот хрватски претседател Фрањо Туѓман Херцеговина да ја припои кон Хрватска, а за возврат Загреб да се откаже од Хрватите во средна и северна Босна.

 

Прекинати илегални канали на шверц со луѓе и оружје
[12.12.2001] Полицијата во Врање од нова година пресекла осум илегални канали по кои се префрлувани луѓе на Косово и во Македонија, соопшти во Бујановац началникот на полицијата, полковник Новица Здравковиќ.

 

Судењето на Милошевиќ на 18-ти февруари
[12.12.2001] Судењето на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ во врска со обвинението за злостори извршени на Косово треба да почне на 18-ти февруари следната година.

 

Aмериканска закана за Хрватска
[12.12.2001] САД бараат од Хрватска да се откаже од законот за забрана на производство, употреба и ставање во промет генетски модифицирани организми и да не ги забранува производите со генетска модификација.

 

Повеќе од 30 сведоци на судењето против Милошевиќ
[13.12.2001] Помеѓу 30 и 35 сведоци би можеле да се појават во Хаг на судењето на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, соопшти портпаролот на обвинителството на Хашкиот трибунал Флоренс Артман, не соопштувајќи други детали.

 

Свилановиќ утре во Загреб
[13.12.2001] Југословенскиот министер за надворешни работи Горан Свилановиќ утре ќе отпатува во официјална посета на Хрватска на покана на својот хрватски колега Тонино Пицула.

 

Уапсен цариник и двајца полицајци заради шверц
[13.12.2001] Полицијата во Суботица пресече синџир на шверц со цигари и пијалоци преку граничниот премин Ќелебија, соопшти покраинскиот секретаријат за внатрешни работи на Војводина.

 

Премиерот Мета побара смена на Фатос Нано
[13.12.2001] Премиерот на Албанија, Илир Мета отворено побара смена на лидерот на владеачката Социјалистичка партија Фатос Нано, обвинувајќи го дека со самоволното однесување нанел големи штети на рејтингот на партијата.

 

Избор на претседател на Косово
[13.12.2001] На дневен ред на денешното продолжение на парламентот на Косово ќе биде избор на претседател на покраината, кој по изборот би требало да го предложи мандатарот за состав на новата покраинска влада, соопшти претседателот на собранието Неџат Даци.

 

Два милиони евра помош за за Македонија
[14.12.2001] Грција и Македонија денеска во Атина потпиша договор за билатерална соработка за проект во областа на екологија вреден околу два милиони евра.

 

Свилановиќ изрази жалење за жртвите во Хрватска
[14.12.2001] Министерот за надворешни работи на Србија, Горан Свилановиќ денеска во Загреб изрази искрено жалење за жртвите во Хрватска и во својата земја во изминатите години.

 

Парванов даде оставка од претседател на социјалистите
[15.12.2001] Новиот бугарски претседател Ѓорѓи Параванов денеска даде оставка на функцијата претседател на Социјалистичката партија.

 

КФОР уапси неколку лица под сомнение меѓународен тероризам
[15.12.2001] Припадниците на КФОР денеска уапсија неколку луѓе за кои се сомнева дека се вмешани во меѓународни терористички акции.

 

Ѓукановиќ: „Солана не е арбитар“
[15.12.2001] Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека високиот европски претставник за заедничка безбедносна и надворешна политика Хавиер Солана не е арбитар во разговорите меѓу Србија и Црна Гора.

 

Oсама бин Ладен и Јанез Дрновшек најбарани на интернет
[16.12.2001] Осама бин Ладен и Јанез Дрновшек се двете личности кои Словенците во текот на годината која изминува најмногу ги барале на интернет, покажаа податоците објавени од словенечкиот провајдер „Најди си“.

 

Бериша повторно лидер на албанските Демократите
[17.12.2001] Поранешниот албански претседател Сали Бериша со огромно мнозинство е реизбран за лидер на опозиционата Демократска партија.

 

Разговори за иднината на југословенската федерацијата
[17.12.2001] Денеска во Белград започнаа разговорите за редефинирање на односите помеѓу Србија и Црна Гора кои ги водат претставниците на Демократската опозиција на Србија и црногорската коалиција „Заедно за Југославија“.

 

Во јужна Србија во последната година убиени 19 луѓе
[17.12.2001] Албанските екстремисти во јужна Србија во општините Врање, Бујановац и Прешево во последната година извеле 724 оружени напади.

 

Европската ја става во сенка грчката армија
[17.12.2001] „Каква ќе биде идната европска армија која ја остава Грција надвор од можноста во случај на потреба да делува во Егејското Море и Кипар“.

 

САД сакаат СФОР да се намали на 6.000 војници
[18.12.2001] Најдоцна до крајот на идната година бројот на припадниците на меѓународните сили СФОР во Босна и Херцеговина од сегашните 18 се очекува да се намали на шест илјади.

 

Федерацијата останува најдобро решение
[18.12.2001] „На средбите со претставниците на властите на СРЈ, Србија и Црна Гора го повторив ставот на ЕУ дека федерацијата останува најдоброто решение за двете републики“, изјави координаторот на ЕУ за безбедност и надворешна политика, Хавиер Солана.

 

Убиен британски војник на Косово
[18.12.2001] Еден британски војник од составот на меѓународните сили синоќа им подлегнал на раните, здобиени од огнено оружје во центарот на Приштина.

 

Европска интеграција на балканските држави
[18.12.2001] „Пактот во наредните пет до шест години ќе ги подготвува балканските земји за европска интеграција“, изјави координаторот на Пактот за стабилност на југоисточна Европа, Ерхард Бусек, прецизирајќи дека станува збор за Хрватска, БИХ, Југославија и Македонија.

 

НАТО за намалување на силите на Балканот
[18.12.2001] Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денеска во Брисел ќе ги разгледаат мировните операции на Балканот и можноста за рационализација на 60 000 војници на Алијансата со третирање на регионот како единствено подрачје наместо одвоени акции.

 

Трговијата со луѓе врзана за Косово
[18.12.2001] Југословенскиот министер за внатрешни работи Зоран Живковиќ изјави дека најголем дел од трговијата со луѓе која се одвива и преку територијата на Југославија е врзана за Косово.

 

Воз заглавен во снег повеќе од 12 часови
[18.12.2001] Грчката војска денеска ги спаси сите 116-те патници од завеаниот воз кој сообраќал на релацијата дикеа-Александрополис - Атина. Возот синоќа се заглавил во снег длабок околу 2,5 метри и останал без греење на температура од минус 14 степени кај местото дидимотихо на североисточната граница со Турција.

 

Деманти дека се уапсени членови на Ал Каида
[18.12.2001] Албанското министерство за јавен ред ги демантираше наводите во дел од печатот дека полицијата во Тирана уапсила членови на терористичката организација на Осама бин Ладен.

 

Во Србија за литар млеко се работи 37 минути
[18.12.2001] Просечната плата во Србија за месец октомври изнесувала околу 200 марки и за неа се работело 23 дена во месецот, соопшти заводот за статистика во Белград.

 

Блокиран изборот на новите министри во Тирана
[19.12.2001] Изборот на новите четворица министри во владата на албанскиот премиер Илир Мета засега е блокиран поради несогласувањето во редовите на владеачката социјалистичка партија, пишува албанскиот печат, додавајќи дека се очекува некој компромис.

 

Атентат врз поранешен командант на ОНА
[19.12.2001] Поранешниот командант на ОНА, Џезаир Шаќири - Хоџа е ранет, информира весникот на албански јазик „Факти“. За атентатот врз Хоџа, весникот се повикува на сопствени извори.

 

Снежно невреме во Албанија, Грција и Турција
[19.12.2001] Големи делови на Грција, Турција и на Албанија од вчера се зафатени со невреме проследени со големи снежни врнежи и ниски температури, што предизвика затворање на патни правци и пруги, а некои возови беа завеани.

 

Mнозинството граѓани за зачувување на југословенската федерација
[19.12.2001] Мнозинството на граѓаните на Србија и Црна Гора сметаат дека треба да се зачува југословенската заедница со поинакво дефинирање на односите на двете републики, покажа истражувањето на новосадската маркетиншка агенција „Скен“ спроведено во ноември.

 

Приведени хуманитарци од две исламски организации во БИХ
[19.12.2001] Федералната полиција на Босна и Херцеговина изврши претрес во две исламски хуманитарни организации со седиште во Сараево и приведе седум лица, пишува сараевскиот весник „Дневни аваз“.

 

40 жртви на студот на Балканот
[20.12.2001] Острата зима на југот на Балканот предизвика 34 човечки жртви, стотина изолирани села и големи проблеми со снабдувањето со електрична енергија во повеќето земји.

 

35 проценти oд Југословените сиромашни
[20.12.2001] „Стандардот на Југословените во 2000-та година опадна за половина во однос на претходната година“, изјави еден од авторите на студијата „Сиромаштијата во Србија и реформа на државната помош за сиромашните“, Горана Крстиќ.

 

Командант Хоџа е вон животна опасност
[20.12.2001] Поранешниот командант на ОНА Џезаир Шаќири алијас Хоџа се наоѓа надвор од животна опасност во американската болница во кампот Бондстил, соопшти портпаролот на УНМИК, Роман Улиновски.

 

Странците сопственици на медиумите во СРЈ?
[20.12.2001] Пратениците на југословенскиот парламент денеска треба да се изјаснат по предлог законот за странски вложувања, чие усвојување е предложено по итна постапка и според кој странските фирми можат да бидат доминантни сопственици во медиумите.

 

Денешниот ден клучен за албанските социјалисти
[20.12.2001] Албанското собрание денеска треба да се изјасни во врска со новите четири министри во владата на премиерот Илир Мета.

 

Штрајк на грчките новинари
[21.12.2001] „Информирањето не е стока“ и „Новинарите не се за потрошувачка“ беа слоганите на тричасовниот предупредувачки штрајк на грчките новинари на иницијатива на Здружението новинари од дневниот печат во Атина.

 

Именувањето на албанските министрите под знак прашалник
[21.12.2001] Во албанија под знак прашалник се уште останува именувањето на новите министри, а со тоа и опстанокот на владата на Мета. Албанското собрание не го усвои именувањето на министрите поради неприсуството на шест пратеници.

 

Лидерите на трите најголеми албански партии на Косово не се сретнаа
[21.12.2001] Лидерите на трите најголеми албански партии на Косово не се сретнале, ниту преговарале, како што се очекуваше на седницата на привремениот административен совет на покраината, за формирање на заедничка власт во Косово.

 

По 570 марки за ноќта помината во завеан воз
[21.12.2001] Грчката државна железница соопшти дека секој од 116-те патници кои ја поминаа ноќта меѓу понеделник и вторник во завеаниот воз ќе добие оштета во висина од 100.000 драхми или 574 германски марки.

 

Истрагата за убиството на кфоровците без успех
[21.12.2001] Нема никакви детали од истрагата за убиствата на двајцата припадници на КФОР оваа недела. Истрагата официјално ја води воената полиција на КФОР, но според тамошни извори, се уште нема осомничени.

 

Извинување за војната не е задолжително
[21.12.2001] „За ХДЗ не е задолжително извинувањето на српската страна поради војната“, изјави претседателот на Хрватската демократска заедница, Иво Санадер.

 

Милошевиќ ја тужи Холандија
[22.12.2001] Поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ поднел тужба против холандската држава поради неговото апсење, притворот и судењето пред трибуналот во Хаг, соопшти Европскиот суд за човекови права.

 

Уставна одлука за случајот именување министри во Албанија
[22.12.2001] Албанскиот претседател Реџеп Мејдани упати писмо до уставниот суд во кое од највисокиот суд во земјата бара да даде објаснување како да  постапи шефот на државата доколку во понеделник не бидат избрани четворицата нови министри од кабинетот на премиерот Илир Мета.

 

Терористи на обука во Јужна Србија
[22.12.2001] Во реонот на Горно Карачево, во околината на рудникот за каолин, се наоѓа група од 50-тина албански терористи на обука, објави белградската агенција Фонет, повикувајќи се на извори блиски на некогашната ОВПМБ.

 

Позитивни сигнали до Белград од меѓународната заедница
[22.12.2001] „Советот на Европа е подготвен да ја прими СР Југославија во полноправно членство наредната година“, изјави известувачот на комитетот за политички прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Клод Фреј.

 

Односите меѓу Србија и Црна Гора ќе се решат на референдум
[23.12.2001] Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ синоќа со писма ги извести југословенскиот претседател Воислав Коштуница и високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана оти членовите на црногорскиот експертски тим ќе земат учество на состанокот што за утре се планира да се одржи во Белград.

 

Косово исчистено од мини
[23.12.2001] Претставниците на КФОР во Приштина соопштија дека целата територија на Косово е исчистена од мини, посебно нагласувајќи оти Меѓународниот фонд за мини и жртвите од заостанатите мини за чистење на територијата на покраината вложил 13,5 милиони долари, ангажирајќи ги најдобрите експерти за деминирање.

 

Средба на експертски тимови за односите во СРЈ
[24.12.2001] Експерти на Србија и на Црна Гора во Белград ги започнаа разговорите за односите во Сојузна Република Југославија.

 

Хакеруп не го напушта Косово
[24.12.2001] „Шефот на цивилната мисија на ОН за Косово, Ханс Хакеруп нема да ја напушти функцијата“, изјави портпаролот на УНМИК, Сајмон Хејзлок.

 

Приближување на бившите ЈУ-републики
[24.12.2001] „Неизвесно е како ќе се уредат идните односи меѓу народите на Балканот“, оцени познатиот полски интелектуалец и главен уредник на независниот дневник „Газета виброшча“, Адам Михњик во интервју за „Нови лист“ од Риека.

 

Опозицијата за оставка на премиерот Мета
[24.12.2001] Премиерот Илир Мета требаше да поднесе оставка по минатонеделниот неуспех во собранието, кога дел од пратениците на владеачката Социјалистичка партија се изјасниле против него, со тоа што не се појавија на седницата на собранието, соопшти опозиционата Демократска партија на Албанија.

 

Владина и политичка криза во Албанија
[25.12.2001] Албанија е во владина криза, по синоќешниот неуспешен обид парламентот да избере четворица министри на кабинетот на премиерот Илир Мета.

 

Косово самостојно во Пактот за стабилност
[25.12.2001] „Косово во Пактот за стабилност ќе биде претставено преку нејзината влада, а не преку УНМИК“, изјави претседателот на собранието на Косово, академикот Неџат Даци.

 

Босанско-српската партија го искључи Караџиќ од членство
[25.12.2001] Партијата на босанско-српските националисти од члество ги исклучи сите осомничени воени злосторници, меѓу кои се наоѓа и српскиот водач, Радован Караџиќ.

 

Милошевиќ не е „продаден“
[25.12.2001] „Поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ му е предаден на Хашкиот трибунал за воени злостори во поранешна Југославија и не е продаден“, изјави српскиот премиер, Зоран Ѓинѓиќ.

 

Генерал Павковиќ мора да биде сменет
[25.12.2001] „Началникот на генералштабот на војската на Југославија генерал Небојша Павковиќ мора да ја напушти должноста“, изјави потпретседателот на српската влада и шеф на координативното тело за јужна Србија и Косово, Небојша Човиќ.

 

Ѓукановиќ останува на определбата за референдум
[25.12.2001] Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ останува цврсто на определбата за распишување на референдум и покрај разговорите за уредување на односите меѓу Црна Гора и Србија во заедничка држава, што се одвиваат под покровителство на ЕУ.

 

Припадници на ДБ поврзани со убиството на новинарот Ќурувија
[26.12.2001] Има индиции дека некои припадници на службата за државна безбедност се поврзани не само со следењето туку и со убиство на новинарот славко ќурувија - изјави српскиот министер за внатрешни работи Душан Михајловиќ.

 

Целата опозиција против владата на Мета
[26.12.2001] Лидерот на новата демократска пратија на Албанија, Генц Поло, која има девет пратенички места во парламентот, побара нова влада со што застана зад барањата премиерот Илир Мета и неговиот кабинет да бидат сменети.

 

Експертските тимови утре продолжуваат со работа
[26.12.2001] Експертските тимови на Србија, Црна Гора и сојузните власти, со присуство на Европската Унија, утре во Подгорица треба да ги продолжат разговорите за преуредување на односите во федерацијата.

 

Косовски парламентарни консултации - Американец по Хакеруп?
[26.12.2001] Албанско-американската заедница во сојузната американска држава Илиноис при бројните средби со американските официјални претставници, побара по завршувањето на мандатот на Ханс Хакеруп, за шеф на цивилната мисија на Обединетите Нации на Косово да се „остави“ Американец, јави приштинското радио „21“.

 

Седница на врховниот совет за одбрана
[26.12.2001] Врховниот совет за одбрана, денеска во Белград треба да одржи седница која ја закажа југословенскиот претседател Воислав Коштуница. Како што е најавено на седницата, треба да се разгледува обезбедувањето на државната граница, основите на внатрешната организација, кадровски решенија во армијата и заштита на документите со тајни податоци.

 

Коалицијата „Враќање“ ќе гласа за косовската влада
[27.12.2001] „Србите најверојатно ќе гласаат за косовската влада оти со тоа ќе добијат едно место во тој кабинет“, изјави шефот на пратеничкиот клуб на српската коалиција „Враќање“ во косовскиот парламент Рада Трајковиќ, јави белградската агенција „Фонет“.

 

Уредување на црногорско-српската федерација
[27.12.2001] Експертски тимови на Србија и Црна Гора со присуство на претставници на ЕУ во Подгорица ги продолжуваат разговорите за преуредување на односите во федерацијата.

 

Без договор со ОВПМБ нема мир во Србија
[27.12.2001] Нема да има мир во јужна Србија, доколку не се реализираат спогодбите што мораа да бидат потпишани и од преставници на демилитаризираната Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац.

 

Грчки воени авиони го повредуваат турскиот воздушен простор
[27.12.2001] Грчките воени авиони и натаму го повредуваат турскиот воздушен простор во источен Егеј, предупреди секретаријатот на генералштабот на турската армија.

 

Парламентот на Република Српска за уставни промени
[27.12.2001] Парламентот на босанските Срби почна расправа за уставните амандмани со кои на трите народи, Србите, Муслиманите и на Хрватите, ќе им даде еднакви права.

 

Уставниот суд ќе го интерпретира уставот
[27.12.2001] Уставниот суд на Албанија на 9-ти јануари ќе одржи седница за интерпретирање на уставот, на барање на претседателот на Албанија, Реџеп Мејдани, за неговите надлежности во новонастанатата ситуација по недонесувањето на указите за четирите министри кои требаа да ги заменат нивните претходници кои поднеле оставка.

 

Aпсурдно е претседателот на партијата да биде фракција
[28.12.2001] „Фракциите не претставуваат недемократска пракса, но апсурдно е претендирањето на премиерот дека претседателот на Социјалистичката партија е во фракција“, изјави лидерот на социјалистите Фатос Нано, реагирајќи остро на изјавите на премиерот Мета за легализирање на фракциите во оваа партија.

 

Милошевиќ може само „теоретски“ да биде ослободен
[28.12.2001] Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте изрази уверување дека ќе ја докаже вината на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ по обвиненијата што против него ги покрена Меѓународниот суд за воени злосторства.

 

САД апелира босанскиот парламент да го усвои законот за сукцесија
[28.12.2001] Амбасадата на САД во Сараево им упати апел на пратениците на Домот на народите на БИХ што побрзо да постигнат договор за усвојување на законот за сукцесија и предупреди дека одлагањето ќе го усложни финансирањето на клучните институции на федерацијата и потребите на населението.

 

Исходот од експертските разговори до Нова година
[28.12.2001] „Сугестиите на ЕУ за иднината на односите во федерацијата се добредојдени, но решението за тие односи мора сами да го најдат Белград и Подгорица, односно тоа мора пред се да се најде во длабоко поделената Црна Гора“, изјави југословенскиот претседател Воислав Коштуница.

 

Коштуница го повикува Ругова на разговори за иднината на Косово
[28.12.2001] Претседателот на СРЈ, Војислав Коштуница го повика лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Ибрахим Ругова на разговори за иднината на Косово, пренесува „Глас на Америка“.

 

Хакеруп поднел оставка поради закани од приврзаници на Тачи?
[29.12.2001] Шефот на УНМИК Ханс Хакеруп поднесе оставка поради серија заканувачки пораки од кругови блиски до Хашим Тачи еден од косовските лидери, пишува белградскиот „Блиц“.

 

Нема место за две војски на Косово
[29.12.2001] „Нема место за две војски на Косово, а оној ден кога меѓународната заедница ќе каже дека КФОР ги завршил своите активности, тогаш ќе видиме што ќе се случи“, изјави главниот командант на силите на КФОР на Косово, генерал Марсел Валентен во интервју за агенцијата Тањуг.

 

Отворена книжевната оставнина на Крлежа
[29.12.2001] Оставината на ракописите на Мирослав Крлежа, најчуваната книжевна тајна во Хрватска, денеска е отворена за јавност, јави агенцијата Хина.

 

Aлбанците на југот на Србија не се откажуваат од востание
[30.12.2001] Меѓу Албанците на југот на Србија и натаму е присутно воено и политичко организирање на Албанците со „непроменети цели и обновување на терористички акти и провокации“, оцени командантот на третата Армија на војската на Југославија, генерал Владимир Лазаревиќ.

 

Премногу сличности меѓу Милошевиќ и Коштуница
[30.12.2001] Помеѓу поранешниот и сегашниот претседател на Југославија, Слободан Милошевиќ и Воислав Коштуница има „премногу сличности, а малку разлики“, оцени  Миодраг Вуковиќ, советник на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

 

Нема да има влада Бериша - Нано
[30.12.2001] Лидерот на албанската опозиција Сали Бериша на националната конференција на Демократската партија на Албанија, синоќа во тирана рече дека и покрај сите судири во владеачката социјалистичка партија на Албанија, тој нема да прифати да направи нова влада меѓу неговата партија и делот на пратениците-социјалисти кои го поддржуваат лидерот на партијата Фатос Нано.

 

Oд САД и ЕУ ќе бараме признавање на независноста
[30.12.2001] Од САД и од ЕУ „ќе бараме и формално признавање на незавиосноста на Косово“ - изјави во новогодишната порака Ибрахим Ругова, единствен кандидат за претседател и лидер на владеачкиот Демократски сојуз на Косово.

 

Оставка на југословенскиот министер за одбрана?
[31.12.2001] Југословенскиот министер за одбрана, Слободан Краповиќ ја оценува како добра идејата за оставка по пензионирањето на црногорските генерали во Војската на Југославија.

 

Месиќ најпозитивна политичка личност во Хрватска
[31.12.2001] Претседателот Стипе Месиќ е најпозитивна политичка личност во Хрватска во годината што изминува.

 

Над 100 илјади жители блокирани од снегот во Албанија
[31.12.2001] Над 100 илјади жители во северниот и северо-источниот дел на Албанија со денови се блокирани поради големиот снег поради што на барање на албанската влада во акцијата за помош се вклучени и припадниците на КФОР стационирани во оваа земја.

 

Конфликтот меѓу Нано и Мета може да биде опасен
[31.12.2001] Конфликтот во владеачката Социјалистичка партија на Албанија може да заврши со нејзино реформирање, според примерот на европските партии, или пак со целосен раскол, кој е мошне опасен.

 

Коалиција на Ругова со Србите на Косово
[31.12.2001] „Коалицијата на Демократскиот сојуз на Косово на Ибрахим Ругова со српската коалиција „Повратак“ претставува единствен излез од пат-позицијата во која се најде косовскиот парламент“, изјави претседателот на комитетот за толеранција и соживот на Косово, Адем Демаќи за белградскиот весник „Политика“.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk