Дома
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Ноември 2001

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 

АРХИВА: Свет, Ноември 2001


 

Средба Шредер - Цемин
[01.11.2001] Билатералните кинеско-германски односи и актуелните меѓународни прашања, меѓу кои и Авганистан, се централните теми на разговорите меѓу германскиот канцелар Шредер и кинескиот претседател Џијанг Цемин, кои денеска се сретнаа во Пекинг.

 

Guardian за изјавата на Џек Строу
[01.11.2001] Коментирајќи ја изјавата на шефот на британската дипломатија Џек Строу дека опаѓањето на поддршката за бомбардирањето на Авганистан е минливо и дека истото се случило и со воздушната кампања против Југославија, лондонскиот весник Guardian оценува дека овие две операции се неспоредливи.

 

Бомбардирањето за Рамазан ќе предизвика бес кај муслиманите
[01.11.2001] Турција објави дека ќе испрати околу 90 елитни војници во Авганистан и ќе стане првата земја со мнозинство муслимански граѓани која ќе испрати војници да учествуваат во офанзивата против владеачкиот талибански режим, а која е водена од страна на САД. 

 

Антракс и во Пакистан
[02.11.2001] Прв позитивен случај на антракс и во Пакистан. Писмото со бел прав пристигнало во најголемиот пакистански весник кој денеска е затворен поради деконтаминација.

 

Бин Ладен повика на одбрана од „христијанскиот крстоносен поход“
[02.11.2001] Силни експлозии се слушаа изутрината во Кабул, а над авганистанското небо беа забележани неколку „Б-52“ бомбардери, чија мета е повторно фронтовската линија на северот од земјата. 

 

Мали се шансите Путин и Буш да потпишат антиракетен договор
[02.11.2001] Русија денеска предупреди дека има мали шанси претседателот Владимир Путин и неговиот американски колега Џорџ Буш да потпишат поширок стратегиски ракетен договор за време на нивниот самит кој треба да се одржи подоцна овој месец.

 

Шредер ја заврши посетата на Кина
[02.11.2001] На последниот ден од посетата на Кина, германскиот канцелар Шредер ги посети градилиштата на возот Транспид во Шангај, кој се прави според германски магнетен систем.

 

Вонредни мерки и напори за спас на владата на Северна Ирска
[03.11.2001] Во Британија се преземаат вонредни мерки и напори во обид да се спаси владата на Северна Ирска и повторно избраниот Дејвид Тримбл на премиерската функција, пред крајниот рок кој истекува денеска на полноќ.

 

Мазар-и- Шариф заземен од Северната Алијанса
[03.11.2001] Северната Алијанса зазела предградие од градот Мазар-и- Шариф, досегашно упориште на талибанците.

 

Петминутна средба Перес - Арафат
[03.11.2001] Израелскиот министер за надворешни работи, Шимон Перес и палестинскиот лидер, Јасер Арафат денеска остварија зедничка средба во Шпанија.

 

Европски институции при вработување ги кршат основните права
[04.11.2001] Пет институции на Европската Унија, меѓу кои и Советот на Европа, при вработување на нови службеници се уште поставуваат горна старосна граница, со што ја кршат декларацијата на Унијата за основни права.

 

Нови насилства во Кашмир
[04.11.2001] Најмалку 34 лица, од кои повеќето муслимански сепаратисти, се убиени во текот на ноќта во провинцијата под идниска администрација, Кашмир.

 

Ноќеска најжестоки напади во Кабул
[04.11.2001] Американските авиони во текот на изминатата ноќ извршија досега најжестоки напади врз Авганистан, исфрлувајќи над 100 бомби, врз талибанските позиции североисточно од главниот град Кабул и во околината на градот Мазар-и-Шариф.

 

Глобалната коалиција против тероризмот
[05.11.2001] Лидерите на шест западноевропски земји синоќа во Лондон разговараа за војната против тероризмот, а постигнаа согласност и за зголемување на напорите за постигнување мир на Блискиот Исток.

 

Рамсфелд пристигна во Пакистан
[05.11.2001] Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд пристигна во Пакистан кој е петта станица во неговата турнеја во земјите од авганистанскотот опкружување и Русија.

 

Талибанците повеќе не функционираат како нормална власт
[05.11.2001] САД испратиле дополнителни копнени сили во Авганистан кои имаат за цел да им помогнат на бомбардерите во откривањето на цели, но и на опозиционите сили кои се борат против владеачките талибанци.

 

Загинати четворица американски војници во Авганистан
[06.11.2001] За време на американските напади врз Авганистан во последниве 24 часа загинале 36 цивили, соопштија талибански извори.

 

ЕУ побара од Израел и Палестинците да се вратат на мировниот процес
[06.11.2001] По средбата со палестинскиот лидер Јасер Арафат, претседавачот со ЕУ Ги Верхофштаг изјави дека е неопходно да се напушти спиралата на насилството и да се пристапи кон нови мерки за безбедност.

 

Втора фаза од борбата против тероризмот
[07.11.2001] Силите на авганистанската опозиција денеска ја презедоа контролата врз областа Шолгера и направија уште еден голем чекор кон клучниот град Мазар-и-Шариф, кој се наоѓа во рацете на талибанците, изјави за Франс Прес портпаролот на опозицијата.

 

Израел се повлече од Рамалах
[07.11.2001] Израел синоќа се повлече од градот Рамалах на Западниот брег. Предходно петмина Палестинци и еден израелски војник беа убиени во престрелките меѓу израелската армија и милитантните Палестинци во близина на градот Наблус на Западниот брег.

 

Информативна војна против талибанците
[08.11.2001] Паралелно со воздушните напади, амeриканските авиони исврлаат и пропагандни летоци над Авганистан, со кои се први обид да им се укаже на луѓето во земјата на злосторствата кои ги вршат талибанците.

 

Убиени тројца антиамерикански демонстранти
[09.11.2001] Пакистанската полиција утринава уби тројца антиамерикански демонстранти и застрела уште четворица откако тие се обидоа да ја блокираат железничката пруга во централен Пакистан.

 

Почнува генералното собрание на ОН
[10.11.2001] Во Њујорк денеска почнува Генералното собрание на ОН. Дебатата ќе се одржи во услови на најсилни безбедносни мерки. 

 

Германија мора да учествува во антитерористичката коалиција
[10.11.2001] „Доколку Германија не учествува во борбата против меѓународниот тероризам и со воени средства, и се заканува целосна изолација“, изјави германскиот канцелар Герхард Шредер за магазинот „Фокус“.

 

Мазар-и-Шариф конечно заземен
[10.11.2001] Опозиционата Северна алијанса го зазела стратешки важниот град во Авганистан, Мазар и Шариф, потврдија Талибанците.

 

Напредуваме кон Кабул
[11.11.2001] Рано изутринава по локално време продолжија американските воздушни напади во близина на главниот град Кабул.

 

Тероризмот дилема и за ОН
[11.11.2001] Кофи Анан и Џорџ Буш денска отидоа да го посетат местото на злосторот, местото на Светскиот трговски центар, каде што загинаа повеќе од 6.000 луѓе, кажано по њујоршки го посетија сега бришаниот простор.

 

Бин Ладен има нуклеарна бомба
[11.11.2001] Првиот светски терорист Осама бин Ладен ги има потребните составни делови за да направи нуклеарна бомба, но сепак му недостасува способност да го стори тоа, смета британскиот министер за одбрана Џеф Нун. 

 

И во Чеченија главен е бин Ладен
[11.11.2001] Чеченските бунтовници, кои веќе подолго време се борат за независност на оваа руска република, се поврзани со Осама бин Ладен, изјавил Владимир Путин за време на интервјуто со група на американски новинари. 

 

И Херат во рацете на опозиционата авганистанска алијанса
[12.11.2001] Опозиционата авганистанска алијанса го освои и градот Херат, јави утринава иранското радио, според кое талибанските трупи од градот целосно се повлекле.

 

Урнат авион во Њу Јорк, четири згради горат
[12.11.2001] Патнички авион Ербас 300,на компанијата „Американ Ерлајнс“, петнаесет минути по петнаесет часот се урна близу аеродрмот Џон Кенеди во њујоршкиот кварт Kвинс. 12 згради се зафатени, најмалку четири се во пламен, а бројот на жртвите, како и причините за уривањето на авионот сеуште не се познати.

 

Нови жртви на Блискиот Исток
[12.11.2001] Еден Израелец е убиен, а уште двајца се ранети откако палестински милитант отворил оган на Западниот брег.

 

Британската влада подготвува закон за терористи
[12.11.2001] Британската влада настојува да воведе нов закон според кој на полицијата би и се дозволило да ги апси и без судење да ги задржи во притвор осомничените за тероризам.

 

Нема преживеани во авионската несреќа во Њујорк
[13.11.2001] 265 тела на загинати се досега извадени од урнатините во њујоркшкиот кварт Квинс, a засега се уште не сe познати причини поради кои се урна патничкиот авион.

 

Северната Алијанса го зазеде Kабул
[13.11.2001] Припадниците на Северната Алијанса во Авганистан утрината влегоа во главниот град Кабул, каде се слушаат истрели од пешадиско оружје, мртви тела на талибанци лежат по улиците, а во тек е ограбување на владините згради, јавија агенциите.

 

Македонија е решена да оди по патот на мирот
[13.11.2001] „Македонија веднаш се придружи кон повикот за формирање на глобална антитерористичка коалиција и го даде предлогот на Скопје за формирање на регионален антитерористички пакт и за пресекување на финансиската поддршка на терористичките активности“, нагласи министерот за надворешни работи Илинка Митрева во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН.

 

Заложничка драма во Кина акционен филм
[13.11.2001] Двајца полицајци и двајца криминалци се убиени во заложничката драма која се случи во североисточната кинеска провинција Хејлонгјанг, јавија денеска државните медиуми.

 

Палестинците очекуваат нова иницијатива за Блискиот Исток
[14.11.2001] „Палестинското раководство очекува нова американска иницијатива за Блискиот Исток која ќе се базира врз соодветните резолуции на ОН“, изјави Саеб Ерекат, главниот палестински преговарач.

 

На средбата Путин - Буш потврдена довербата и соработката
[14.11.2001] Претседателите на САД и на Русија, Џорџ Буш и Владимир Путин од Вашингтон  повикаа на намалување на нуклеарното вооружување за две третини, но не постигнаа согласност за американскиот план за изградба на спорниот антиракетен одбранбен штит.

 

Американските командоси се распоредија во Кабул
[14.11.2001] Поранешна муџахединска група ја презема контролата врз градот Џалалабад, јави исламската агенција АИП, додека еден ден по влегувањето во Кабул, Северната опозициона алијанса целосно ја презема контролата во главниот град.

 

Талибанскиот режим падна и во Кахдахар
[15.11.2001] Борците на Северната Алијанса ноќеска го освоиле аеродромот во јужниот авганистански град Кандахар.

 

92 % од Зелените му даваат поддршка на Шредер
[15.11.2001] Според денешното испитување на јавното мислење, огромното мнозинство на поддржувачи на Зелените, 92 проценти, сакаат еколошката партија да остане во составот на владата на чие чело стојат социјалдемократите на канцеларот Герхард Шредер.

 

Олеснети блокади за Палестинците за рамазан
[15.11.2001] Еден Палестинец е убиен, а уште 18 се ранети при две одделни операции на израелските сили во областа Газа, соопштија претставниците од една палестинска болница.

 

Законодавство на ЕУ за електронските трансфери на пари
[15.11.2001] Европскиот парламент денеска со големо мнозинство го одобри законодавството на Европската Унија кое ќе ги стандардизира трошоците околу електронските трансфери на пари, кои ќе важат за 12 земји во кои се употребува еврото.

 

Шредер ја доби подршката од својот кабинет
[16.11.2001] Канцеларот Шредер ја доби подршката во глсањето доверба за својот кабинет. Тоа беше покренато по барањето на владата да се испратат германски војници во Авганистан.

 

Осама бин Ладен побегна од Авганистан во Манатик
[16.11.2001] Талибанскиот лидер Мулах Омар и Осама бин Ладен, денес побегнале во автономната погранична област на Авганистан со Пакистан, изјави иранското радио. „Мулах Омар и Осама бин Ладен побегнале од Авганистан во Манатик за да си ги спасат своите животи“ - беше изјавено на иранското радио, во северно источниот град Машад.

 

Мис на светот од Нигерија
[17.11.2001] Нигеријката Агбани Дарего е новата Мис на светот, со што стана првата црна африканска жена која е носител на престижната титула. 18-годишната студентка, која има амбиции да стане компјутерски аналитичар, беше избрана меѓу 93-те учеснички во јужноафриканскиот град Сан Сити. Настанот беше пренесуван телевизиски во скоро сите земји во светот.

 

Конференција на групата Г- 20 во Отава
[17.11.2001] Министрите за финансии на земјите членки на групата Г- 20 се сретнаа во Отава каде ќе дискутираат за борбата против тероризмот и ситуацијата во светската економија.

 

Талибанците се уште го држат Кандахар
[17.11.2001] Северната Алијанса на земјата изрази стравување поради се поголемиот број странски трупи кои се концентрираат во и околу Авганистан и соопшти оти мнозинстото британски сили мора да заминат, а само мал дел од нив да остане на моменталните позиции.

 

Ариел Шарон под притисок на тврдокорните десничари
[17.11.2001] Израелскиот премиер Ариел Шарон се соочува со притисок од тврдокорните десничари да го смени шефот на дипломатијата Шимон Перес, кој пред Генералното собрание на ОН изрази поддршка за создавање палестинска независна држава.

 

Осама бин Ладен не е на талибанска територија
[18.11.2001] Oсама бин Ладен не е повеќе на териториите под контрола на Талибанците изјави денеска за авганистанската агенција АИП, талибанскиот амбасадор во Пакистан, Абдул Салам Заиф.

 

Нова влада во Авганистан
[19.11.2001] Со оглед на зголемувањето на меѓународниот притисок за создавање широка влада во Авганистан, Северната Алијанса за оваа недела најави одржување преговори со сите етнички групи во Авганистан.

 

Изралски војници застрелале двајца Палестинци
[19.11.2001] Израелската армија во областа Газа застрела двајца Палестинци, кои, според израелскиот воен портпарол, планирале напад во една еврејска населба.

 

Откриен канал за префрлување на исламисти во Авганистан
[20.11.2001] Турската полиција во Газинтеп во југоисточниот дел на земјата откри организиран синџир за префрлување на радикалните турски исламисти во Авганистан со цел да се борат на страната на Талибанците.

 

Наскоро конференција за Авганистан
[20.11.2001] Конференцијата за Авганистан, што ја планираат Обединетите Нации, заради создавање повоена влада во оваа земја, најверојатно ќе се одржи следната недела.

 

Позитивни сигнали за Блиски Исток
[20.11.2001] Обединетите Нации и Израел ја поздравија најавата на американската администрација повторно да преземе активна улога на Блискиот Исток.

 

Северна Кореја подготвена за биохемиска војна
[20.11.2001] Северна Кореја најверојатно располага со повеќе илјади тони материи, кои можат да бидат употребени како биохемсико оружје.

 

Светски ден на заштита на правата на децата
[20.11.2001] Најмалку 600 милиони деца на земјината топка растат во сиромаштија со приходи помали од 1 долар дневно. Во земјите во развој годишо умираат околу 11 милиони деца од болести предизвикани од лошата исхрана и сиромаштијата. Податоците на УНИЦЕФ велат дека повеќе од 2 милиони деца загинале како резултат на вооружениет конфликти во последните 10 години.

 

Осама бин Ладен е уништен
[21.11.2001] „Лидерот на Ал Каида, Осама бин Ладен е уништен“, изјави британскиот министер за надворешни работи, Џек Строу, потенцирајќи дека по неколкунеделните воздушни напади, приврзаниците на Ал Каида се во бегство.

 

Убиени тројца странски новинари во Кабул
[22.11.2001] Уште тројца странски новинари беа убиени во средата попладне на патот од Џалалабад кон Кабул, објави иранското државно радио, повикувајќи се на извештајот на својот репортер во Кабул.

 

Бин Ладен ќе му биде комшија на Милошевиќ?
[22.11.2001] Последниве денови меѓународните правни експерти се повеќе ја навестуваат можноста Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг да се прошири и на сите други терористички злостори начинети во светот.

 

Израелски тенк уби петмина палестински ученици
[22.11.2001] Граната истрелана од израелски тенк утринава уби петмина палестински ученици на пат кон училиштето во појасот Газа, објавија палестински официјални претставници.

 

Нова офанзива на Северната Алијанса против Талибанците
[23.11.2001] По еднонеделното утврдување околу градот Кундус, Северната Алијанса започна нова офанзива против упориштето на Талибанците во овој град. Според извештаите на CNN, стотици војници со тенкови се наоѓаат околу градот.

 

Македонија на црната листа на САД
[23.11.2001] Турција може да се најде на црната листа на САД на земјите кои се водечки во производството и транзит на дрога, доколу се покаже дека југоазискиот херои, кој преку балканската рута доаѓа до Европа има значително влијание врз САД.

 

Германско - француски самит во Нант
[23.11.2001] Сојузниот германски канцелар, Герхард Шредер и францускиот претседател, Жак Ширак денеска го започнаа 78-от германско-француски самит во францускиот град Нант.

 

Средба Робертсон - Путин
[23.11.2001] Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ќе му биде домаќин на генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон.

 

Талибанците започнаа да се повлекуваат од Кундус
[24.11.2001] Илјада и седумстотини талибански борци го положиле одружјето и го напуштиле градот Кунду, соопшти еден oд портпaролите на командантот на Северната Aлијанса, Касим Фахим за новинската агенција АФП.

 

Најмалку десет загинати во падот на авионот
[25.11.2001] Најмалку десет лица, од вкупно 33 патници и членови на посадата, загинале, а останатите се повредени по падот на авионот на швајцарската компанија „Кросер“, што се случи синоќа во близина на циришкиот аеродром, јавија светските агенции.

 

За Талибанците нема да има место во новата влада
[25.11.2001] По двенеделни напади од страна на силите на Северната алијанса - Талибанците го предаваат и последниот град во северниот дел на Авгансистан, кој беше под нивна контрола. Талибанските војници меѓу кои и голем број странци денеска масовно им се предаваат на силите на генералот, Абдул Расид Достам, кој по синоќесните преговори со Талибанците, денеска со околу 2 илјади војници влезе во Кундуз.

 

Американски „Побрз мир“ - авганистански предразговори
[26.11.2001] САД започнаа со поголема копнена акција во Јужен Авганистан, именувана како „Побрз мир“. До 1.500 елитни војници, тенкови и друго тешко вооружување, според американскиот генерал, Џејмс Матис, во рок од 24 часа треба да бидат стационирани во регионот Кандахар.

 

Нов самоубиствен напад во Израел
[26.11.2001] Кратко пред почетокот на новата мисија на САД на Блискиот Исток беше извршен уште еден самоубиствен атентат.

 

Kлониран првиот човечки ембрион на светот
[26.11.2001] Американските научници го клонираа првиот човечки ембрион на светот. Ова е важен чекор на производтсвото ембрионални матични клетки, кои меѓу другото ќе бидат употребувани во третманот на дијабетес или срцеви заболувања - изјавија истражувачите од фирмата Advanced Cell Technology во американската држава Масачусетс.

 

Пост-талибанска транзициска влада во Кабул
[27.11.2001] Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд изјави дека дополнителни илјада маринци ќе бидат разместени во околу последното талибанско упориште Кандахар во јужен Авганистан во следните неколку денови.

 

Израелската армија се повлекува
[27.11.2001] Израелската армија соопшти дека се повлекла целосно од окупираните области и од градот Џенин на Западниот брег.

 

Пауел и Иванов без консензус
[27.11.2001] Американскиот државен секретар, Колин Пауел и министерот за надворешни работи на Русија, Игор Иванов не успеаја да постигнат договор за нова резолуција на Советот за безбедност на ОН за санкциите спрема Ирак.

 

Американците трагаат по Омар и Бин Ладен
[28.11.2001] Денеска во Бон продложува Конференцијата за Авганистан, во организација на ОН. На вчерашниот почеток на советувањата делегатите од сите етнички заедници во Авганистан се договорија за временски план за создавање преодна влада.

 

Експлозија во Рим
[28.11.2001] Бројот на жртвите во големата експлозија во еден стамбен блок во Рим предизвикана од истекување на гас се искачи на седум луѓе.

 

Траен прекин на насилствата меѓу Палестинците и Израелците
[28.11.2001] Американските посредници за Блискиот Исток, Ентони Зини и Вилијам Брнс денеска треба да се сретнат со палестинскиот лидер Јасер Арафат и неговиот преговарачки тим.

 

Бин Ладен се крие во пештерите на Тора Бора
[29.11.2001] Врховниот лидер на талибанците Мула Мохамед Омар и Осама Бин Ладен и по 54 дена американски бомбардирања се живи и најверојатно се кријат во планинските предели на источен или јужен Авганистан, соопшти портпарол на Северната Алијанса. 

 

Повреден полицаец во Шпанија
[29.11.2001] Еден француски полицаец е тешко повреден во синоќа во Пау, југозападна Франција, во нападот за кој се смета дека е изведен од членови на баскиската терористичка група ЕТА. 

 

Привремен парламент во Авганистан
[30.11.2001] На конференцијата за Авганистан во Петерсберг кај Бон, спонзорирана од ОН, доближени се ставовите за постигнување договор.

 

Почина Џорџ Харисон од „Битлси“
[30.11.2001] Џорџ Харисон, сологитаристот на можеби највлијателната поп  група на сите времиња, „Битлси“, почина на 58 годишна возраст.

 

Израел нема да преговара со Палестинците
[30.11.2001] Израелскиот премиер Ариел Шарон го обвини палестинскиот лидер Јасер Арафат дека е виновен за самоубиствениот напад на еден автобус во кој загинале тројца Израелци.

 

Продолжена програмата „Нафта за храна“ во Ирак
[30.11.2001] Советот за безбедност на ОН ги продолжи за шест месеци санкциите кон Ирак.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk