Дома Семејни интриги
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Економија > Архива > Ноември 2001

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Фудбалски резултати и статистики
 

АРХИВА: Економија, Ноември 2001


 

Заврши дводневниот штрајк на пилотите на „Авиоимпекс“
[01.11.2001] Со летот за Штудгарт денеска попладне заврши дводневниот штрајк на пилотите на домашната авиокомпанија „Авиоимпекс“, кои од вчера наутро престанаа да летаат барајќи исплата на заостанатите плати. 

 

Пензионерите се изборија за посмртнината
[01.11.2001] Здружението на пензионери ја извојува прва битка во војната со фондот за пензиско осигурување околу правото кој да управува со парите од солидарниот фонд наменети за исплата на посмртнина на пензионерите. 

 

„Тораница“ во стечај, работниците во паника
[01.11.2001] Рудникот за олово и цинк „Тораница“ од Крива Паланка од вчера е во стечај, а работниците се во паника.

 

Преговорите со Оте за втор мобилен оператор при крај
[02.11.2001] Преговорите со Оте за доделување концесија за втор мобилен оператор се одвива според предвидениот тајминг и се очекува наскоро нивно финализирање, изјавуваат од министерството за транспорт и врски.

 

Авиоимпекс и МАТ се дават во долгови
[02.11.2001] Двете домашни авиокомпании се соочуваат со големи долгови и со сериозни проблеми, денеска и официјално обелодени директорот на управата за цивилна воздушна пловидба Миле Манолев.

 

Владата нема да се меша во приватизацијата на „Лозар“
[02.11.2001] Владината комисија за приватизација денеска го затвори случајот „Лозар“ со заклучок да и предложи на владата да не влијае врз приватзиацијата на битолската фабрика, а евентуланите приговори од незадовлоните страни да се упатат до судските органи.

 

„Арарат“ со помош на човек од власта сака да го лапне „Емо“
[05.11.2001] Никшичката фирма за трговија и услуги „Арарат“ сака да стане домининатен сопственик на „Емо Охрид“.

 

Купувачот на „Порцеланка“ се држи во тајност
[05.11.2001] Во агенцијата за приватизација до денеска била доставена само една понуда за купување на „Порцеланка“ во рамки на јавниот тендер за продажба на велешката фабрика кој траеше до петокот.

 

Владата нема намера да даде пари за вработените во загубарите
[05.11.2001] Владата на утрешната седница нема да одлучува за еднократната парична помош за работниците од фирмите загубари бидејќи во предлогот што денеска го доставиле од Сојузот на синдикатите немало критериуми, туку само број на вработени од фирмите кои не земале плата повеќе од една година.

 

ЕСМ повторно ќе исклучува струја
[05.11.2001] Македонското електростопанство повторно се заканува дека ќе им ја исклучува струјата на должниците, но овојпат заканата е упатена и до малите индивидуални корисници. 

 

Донаторската конференција во декември последен воз за Македонија
[05.11.2001] Најновите проценки на Светската Банка, која се јавува како организатор на претстојната донаторска конференција за Македонија, е дека таа ќе се одржи во Брисел меѓу 15-ти и 20-ти декември.

 

Намалување на акцизата за автомобили
[05.11.2001] Министерството за финансии утре ќе достави барање до владата за намалување на акцизата за автомобили.

 

Владата се огради од „Лозар“ - судовите ќе решаваат
[06.11.2001] Владата на денешната седница донесе одлука да не се меша во приватизацијата на „Лозар“, бидејќи тоа е веќе завршена работа, а евентуалните приговори од незадоволните страни може да се упатат до судот.

 

„МАТ“ станува национален авиопревозник
[06.11.2001] Министерството за транспорт и врски денеска попладне соопшти дека заради надминување на проблемите со кои се соочуваат домашните авиокомпании, ќе почне да се применува договорот за редовен авиоипревозник. Ако се има предвид содржината на тој договор, ова значи дека домашната компанија „МАТ“ станува национален авиопревозник.

 

Либерализација на цените на нафтените деривати
[06.11.2001] Вицепремиерот Зоран Крстевски денеска на владата и предложи либерализација на цената на нафтените деривати. Тоа значи дека ако неговиот предлог биде прифатен владата веќе нема да има контрола врз цената на бензините, туку цената ќе се формира слободно, пазарно.

 

Цената на нафтените деривати пониска за 1,5 денари
[06.11.2001] Од ноќеска на полноќ поефтинуваат цените на нафтените деривати, за околу 1,5 денари по литар. Намалувањето на цената е резултат на падот на светската цена на суровата нафта и намалувањето на курсот на доларот.

 

Поефтинија автомобилите
[06.11.2001] Владата денеска одлучи старите акцизни стапки, кои во зависнот од кубикажата изнесуваа 25 и 55 проценти да се заменати со една единствена стапка од 7,5 проценти. Цените на автомобилите што сега чинат меѓу 20 и 30 илјади марки со новите акцизни давачки ќе паднат за 2 до 4 илјади марки.

 

Започнаа разговорите за единствен национален авиопревозник
[07.11.2001] Aвиокомпанијата MAT и министерството за транспорт и врски денеска и официјално почнаа да разговараат за спроведување на договорот за редовен авиопревозник.

 

Продолжуваат препукувањата на релација „Лозар“ - „Цип Продукт“
[07.11.2001] По писмото што вчера синдикалците од „Лозар“ го упатија до работниците од трите фирми на Тане Николовски и Цветан Панделевски, „Цип Продукт“, „Тутун Промет“ и „Охридска пастрмка“ денеска одговор или контра прашања од синдикатот на овие фирми.

 

Расправа и гласање по точки од економската сфера
[07.11.2001] Бавно, без доволен интерес и на границата од потребниот кворум за расправа, пратениците денеска едвај ја почнаа седницата на чиј дневен ред се наоѓаат без малку сто предлози за донесување, изменување и дополнување на закони, најголем дел од економската сфера.

 

„Хидропол“ концесионер на седум хидроцентрали
[07.11.2001] Британската фирма „Хидропол“ и официјално стана концесионер за седумте мали хидроцентрали.

 

Хотелите „Парк“ и „Горица“ имаат нов австриско - германски сопственик
[08.11.2001] Денеска на македонската берза, во две, однапред договорени блок трансакции продадени се 70 проценти од охридската фирма „Инекс Горица“ и уште еднаш 8,8 проценти од Македонска банка Скопје.

 

Зајакната контрола на нелегалните активности
[08.11.2001] Министерството за финансии денеска соопшти детали за завчерашниот состанок меѓу министерот Никола Груевски и директорот на царинската управа Даравелски на кој, четири часа се расправало како да се зголемат приходите од царини кои годинава се многу пониски од планираните.

 

Меѓународна ревизија во „Лозар“
[08.11.2001] Вработените во „Лозар“ и германската фирма „Месер“ ангажирале независна меѓунардона ревизорска куќа за да се напрабви ревизија на приватизацијата во фабриката.

 

„Авиоимпекс“ повторно не лета
[08.11.2001] „Авиоимпекс“ денеска без објаснување ги откажа летовите предвидени за денеска и за утре. Оваа авиокомпанија денеска имаше предвидно два лета и тоа до Истанбул и до Штутгарт, а утре до Виена и до Цирих.

 

Административците повикуваат на генерален штрајк
[08.11.2001] Околу 100 илјади вработени во јавната администрација преку нивните синдикални преставници од образованието, одбраната, здравството, полицијата и управата и правосудните органи се закануваат дека ќе организираат генерален штрајк, ако најдоцна за 10 дена, премиерот и ресорните министри не разговараат со нив за решавање на проблемот со ниските и нередовни плати, за исплата на регресот за годишен одмор и за спроведување на колективните договори.

 

Грчки „ОТЕ“ втор мобилен оператор
[08.11.2001] Грчката компанија „ОТЕ“ е вториот мобилен оператор во Македонија. Денеска министерот за транспорт и врски Љупчо Балкоски и потпретседателот на „ОТЕ“, Георги Скарпелис го потпишаа договорот со кој „ОТЕ“ се промовира во мобилен оператор.

 

30 милиони марки инвестиции во „Макстил“
[09.11.2001] Денеска во „Макстил“, дел од скопската железарница, беа пуштени во употреба четири технолошки проекти за модернизација на производството на челик. 

 

Враќање на стариот закон - со 25 години стаж до пензионирање
[09.11.2001] Владата започнала преговори со Светската Банка за враќање на стариот закон со кој работниците со над 25 години стаж ќе одат под заводот за вработување до пензионирање, но кој закон ќе важи само за вработените во 40-те фирми загубари.

 

Промовирањето на „Оте“ во нов мобилен оператор само обична парада
[09.11.2001] Англискиот „Минт“ конзорциум апелира до владата да го сопре министерот Балковски во неговата, како што тврди „Минт“, индивидуална акција со која сака да го промовира „Оте“ во нов мобилен оператор.

 

Градоначалникот на Битола застана зад битолската фабрика
[09.11.2001] „Ако владата и агенцијата за приватизација не сакаат да ги расчистат сомнежите во приватизацијата на „Лозар“, веруваме дека судската власт ќе ги обезеди посакуваните принципи и ќе ги острани аномалиите во приватизацијата“, порача градоначланикот на Битола, Златко Вршковски.

 

Тешеира во Кавадарци
[09.11.2001] Шефот на делегацијата на европската комисија во Македонија Жозе Мануел Пинто Тешеира денеска треба да ја посети општината Кавадарци. Тешеира, каде што ќе посети неколку организации и фирми кои добиле финансиска и техничка помош од ЕУ.

 

МАТ и официјално редовен македонски авиопревозник
[09.11.2001] Министерот за транспорт и врски Љупчо Балковски денеска по втор пат и официјално ја промовираше авиокомпанијата МАТ во редовен македонски авиопревозник.

 

30 милиони долари помош од владата за македонските фабрики
[10.11.2001] Владата ќе обезбеди финансиска помош за стопанство од 30 милиони долари, ако на донаторската конференција, која се уште е неизвесно дали воопшто ќе се одржи, се соберат повеќе од 80 милиони долари, дознава А1.

 

Вредноста на доларот опаѓа
[12.11.2001] Остар пад на цените на акциите, намалување на вредноста на доларот, а зголемување на цената на златото беа итните реакции на светските берзи по веста дека еден авион паднал во Њујорк. И овој пат, најголеми губитници се авиокомпаниите, чии акции изгубија и по десет проценти од вредноста.

 

Велешанец, газда на австриска „Ексклузива“, сака да ја купи „Порцеланка“
[12.11.2001] Фирмата Екслузива од Виена е единствен заинтересиран купувач за Порцеланка. Во Агенцијата за приватизација денеска беше отворена понудата на австриската фирма, која конкурираше на тендерот за купување на велешката фабрика.

 

Рудникот Саса го чека новиот директор
[12.11.2001] Управниот одбор на рудникот Саса ја прифати оставката на досегашниот директор Љупчо Димитровски, а утре се очекува назначување на нов прв човек на Саса за кој единствено се знае дека повторно ќе биде од редовите на ВМРО - ДПМНЕ.

 

Авиоимпекс од утре повторно нема да лета
[12.11.2001] Авиокомпанијата Авиоимпекс од утре повторно нема да лета на сите дестинации овој пат поради долгот кон јавното аеродромско претпријатие.

 

Oд 21-ви ноември до 10-ти декември на македонската берза нема да се тргува со акции
[13.11.2001] Oд 21-ви ноември до 10-ти декември на македонската берза нема да се тргува со акции, заради пренос на акционерските книги на трговските друштва во централниот депозитар за хартии од вредност.

 

Вработените во „Тораница“ бараат смена на стечајниот управник
[13.11.2001] Одборот за спас на „Тораница“ бара од судот смена на тазе поставениот стечаен управник во овој рудник, бидејќи и по 10-тина дена од неговото назначување тој ниту се појавил во фирмата, ниту се обидел да стапи во контакт со нив.

 

10 проценти за увоз на нов и 15 процнети за увоз на стар автомобил
[13.11.2001] Од новиот принцип на владата за изедначување на давачките за возилата, без оглед на кубикажата, најголем ќар, како и пред намалување на акцизите и кај царините ќе имаат мал круг на граѓани што планираат да купат возило со над 2.000 кубици.

 

Домашните авиокомпани денеска приземјени
[13.11.2001] Oткако вчера директорот на јавното аеродромско претпријатие Ернат Фејзулаху ги предупреди двете домашни авиокомпани дека ќе ги приземји ако не почнат да ги отплаќаат долговите денеска и МАТ и Авиомпкс побрзаа да го сторат тоа. 

 

Основниот суд во Битола не расправаше по барањето на „лозарците“
[13.11.2001] Основниот суд во Битола денеска не расправаше по барањето на работниците од „Лозар“ за воведување времена мерка стопирање на приватизацијата на фабриката, пред воопшто да почне главната расправа за ова барање.

 

Македонските авиокомпании и денеска приземјени
[14.11.2001] И покрај најавите дека Авиоимпекс од денеска ќе продолжи да лета според зимскиот ред на летање, авионот на оваа компанија утрово не летна за Виена, а сеуште е неизвесно дали ќе се реализира и утрешниот лет за Истанбул.

 

Топлификација го раскинала договорот со Агенцијата за приватизација
[14.11.2001] Единствената компанија чии што акции официјално котираат на македонската берза, скопска Топлификација ја информирала берзата дека го раскинала договорот со Агенцијата за приватизација за откуп на дел од акциите од страна на врботените.

 

Новите царински стапки се маркетиншки потег
[14.11.2001] И со најавените намалување на акцизата и на царината Македонија повтроно има високи давачки за возилата. Коментираат дистрибутерите на возила препорачувајќи и на владата да собере уште малку кураж па комплетно да ги укине акцизите за возилата, на кои не треба да им се дава третман на луксузен
производ.

 

Oсми меѓународен совет за соработка на трговските и стопанските комори
[15.11.2001] Либерализацијата на надворешно трговскиот режим во земјите од централна и источна Европа, од балтичките земји и од заедницата на независните држави е основен предуслов за добра економско - трговска соработка.

 

Стопирана приватизација на „Лозар“
[15.11.2001] Приватизацијата на „Лозар“ ќе биде стопирана се додека не се донесе конечна одлука по барањето на работниците и нивниот германски партнер „Месер“ да се направи ревизија на приватизацијата во фабриката, одлучи Основниот суд во Битола.

 

Македонија ги спушти рампите за увоз на месо од Словенија
[15.11.2001] Македонија ги спушти рампите за увоз на месо од Словенија, а ако случајот „луда крава“ и официјално биде потврден ќе се воведе целосна забрана за увоз на словенечко месо. Месото од оваа земја што во моментов се наоѓа по продавниците кај нас не е опасно за јадење.

 

Багателна продажба на фабриката за чевли „Газела“
[15.11.2001] Две недели пред одржување на собранието на доверители на кое треба да се гласа за планот за реорганизација на „Газела“, која е во стечај, вработените се под сериозен притисок да потпишат полномоштва со кое правото на глас од 1.200-те вработени го добива финансовиот директор Благица Тасевска.

 

ЕСМ го откажа договорот за осигурување со „Кјуби“
[15.11.2001] Електростопанство го откажа договорот за осигурување со „Кјуби Македонија“ за наредната 2002 година. Раководството на ЕСМ за ова ги известил „Кјуби“ со образложение дека за договорот за осигурување идната година ќе биде организиран тендер.

 

Падот на цената на нафта продолжува
[16.11.2001] Продолжува падот на цената на суровата нафта во светот, која денеска се продаваше за 17, 86 долари за барел или 13 центи пониско од вчера. Паѓањето на цената се должи на намалувањето на побарувачката по нафта.

 

Што со цената на лебот и вработените во „Жито Лукс“
[16.11.2001] Нов директор на „Жито Лукс“ е Димитриос Русос, кој доаѓа од атинската централа на „Елбиско“, фирмата што во март годинава стана доминантен сопственик на најголемиот македонски производител на леб.

 

Нема договор со ММФ, нема да има ниту донаторска конференција
[16.11.2001] Покрај интензивната телефонска комуникација што отиде дури до разговор меѓу првиот човек на ММФ Орст Колер и претсетаделот Трајковски - владата и ММФ до овој момент се уште немаат постигнато согласност за склучување на новата преодна програма со ММФ што е услов за одржување на донаторската конференција.

 

НБМ ги намали каматните стапки
[16.11.2001] Народната банка ги намали каматните стапки на благајничките записи кои имаат рок на достасување од 28 дена од 17 проценти на 15 проценти на годишно ниво. Со ова се создаваат услови за намалување на камтните стапки и на кредити што ги доделуваат деловните банки.

 

Самостојно сценарио за приватна забава во „Лозар“
[17.11.2001] Тане Николовски и Цветан Панделевски, сопствениците на над 51 насто од капиталот на „Лозар“, денеска го одржаа најавеното собрание на акционерите во Домот на културата во Битола, иако битолскиот основен суд донесе одлука за времена мерка стопирање на приватизацијата на фабриката.

 

Расте довербата во заедничката валута во Европа
[18.11.2001] Оптимизмот во Европската Унија дека воведувањето на еврото на почетокот на идната година ќе биде без проблеми го потврди и анкетата за односот на граѓаните на Европа кон заедничката валута.

 

Од 1-ви јануари 2002 година ЗПП нема да постои
[18.11.2001] Во македонските банки денеска се случија првите трансакции во новиот платен систем. Наместо во Заводот за платен промет „Скопски пазар“ денеска готовината од дневниот пазар ја уплати на својата ново отворена сметка во Комерцијална банка.

 

Повторно актуелизирана идејата за формирање финансиска полиција
[19.11.2001] Денеска на тема формирање финансиска полиција разговарале министерот за финансии Груевски, неговиот заменик Дуљанов и директорот на управата за јавни приходи Димитриевски.

 

Широка акција на ЕСМ за исклучување на струја
[19.11.2001] Во саботата и во неделата екипи на Електростопанство во широка акција им ја исклучија струјата на над илјада домаќинства во Скопје.

 

ВМРО-ДПМНЕ вмеша прсти и во „Зус“
[19.11.2001] Доминантниот пакет акции на „Зус“ од денеска ги поседува „Фотоцентар“, фирма зад која од пред неколку месеци стои Сашко Станинов.

 

Водоснадбувањето на Скопје ќе го врши странски приватен оператор
[19.11.2001] Странска приватна фирма ќе стане сопственик на изворот Рашче и на скопската водоводна мрежа, ако и парламентот ја потврди одлуката на градските власти со која градот кај Светската Банка се задолжува со 29 милиони долари.

 

Парламент - укинување на акцизите за увоз на автомобили
[20.11.2001] Макеоднските пратеници не само што го подржуваат предлогот за намалување на акцизите за увоз на автомобили, туку и предлагаат целосно укинување на акцизните давачки. Пратеникот од ВМРО - ДПМНЕ, Чедомир Кралевски веќе доставил амандман за уште поголемо намалување на акцизите, што денеска го прифати и Илија Иљовски од СДСМ.

 

430 вработени во „Водовод“ ќе останат на улица, пo приватизацијата
[20.11.2001] 430 вработени во „Водовод и канализација“ ќе бидат отпуштени од работа по приватизацијата на ова јавно претпријатие.

 

„Промет Тутун“ на рати и се оддложува на државата
[20.11.2001] Во време кога затворањето на дупката во државната каса поради зголемените расходи, а намалени даночни приходи е најпроблематично власта и натаму им дава бенифициите на фирми блиски до неа во плаќањето на даночните обврски.

 

Бизнис плановите на „ЗУС“ ги знае само Станинов
[20.11.2001] „Пред да извршиме финансиска анализа на работењето на „ЗУС“ не можам да ги откријам бизнис плановите„ - вели денеска за А1 Сашко Станинов, кој потврди дека преку „Фото центар“ од вчера е доминантен сопственик на оваа фирма.

 

Груевски не ја прифаќа идејата за укинување на акцизите
[21.11.2001] Идејата на пратениците, по пат на амандмани да ги укинат акцизите за сите возила или барем за возила до 2.000 кубни сантиметри, е неприфатлива за министерот за финансии Никола Груевски.

 

Намалени цените на дериватите
[21.11.2001] Цените на нафтените деривати со одлука на владата од ноќеска на полноќ се поевтини, поради опаѓање на цената на нафтата на светскиот пазар за околу 5,4 проценти.

 

По масовните исклучувања Телекомот ги зголеми приходите за 25 %
[21.11.2001] „Со исклучувањето на телефоните на оние што не платиле, само им помагаме за да не им се трупаат сметките“, изјави денеска главниот оперативен директор на Телекомот, Кирил Трендафилов.

 

Болеста луда крава во Словенија и официјално потврдена
[21.11.2001] Постоење на болеста луда крава во Словенија и официјално е потврдено од страна на швајцарската лабораторија во Берн.

 

Ненајавен штрајк на Авиоимпекс
[21.11.2001] Авиоимпекс повторно, овој пат на неопределено време, престанува да лета на сите дестинации.

 

На работниците од „Злетово Батерии“ не им е исполнето ниту едно од барањата
[21.11.2001] На работниците од „Злетово Батерии“, загубарот кој по ликвидацијата на фирмата доби нов газда, се уште не им е исполнето ниту едно од нивните барања, иако крајниот рок што го поставија е овој петок.

 

Работниците од „Газела“ од понеделник ќе штарјкуваат
[22.11.2001] Работниците од скопска „Газела“, од понеделник ќе почнат протести пред Македонска банка, ако раководството на банката не го спречи стечајот во оваа фабрика за чевли. Освен ова, работниците од „Газела“ објавија и дека поднеле кривични пријави против стечајниот управник, генералниот директор и финансиската директорка на „Газела“.

 

Преку еврото се раѓаат соединетите европски држави
[22.11.2001] „Преку еврото всушност се раѓаат соединетите европски држави и неговото воведување е голем историски настан не само за ЕУ туку и за целиот свет. Тука е и големата шанса на Република Македонија“.

 

ММФ се согласи донаторската конференција да се оджи до 20-ти декември
[22.11.2001] Претставниците на меѓународната заедница прифатиле - преодната програма меѓу Македонија и Меѓународниот монетарен фонд наместо од први декември, да стапи на сила од јануари идната година, што всушност значи дека нема да биде исполнето претходното барање на донаторите - пред да дадат пари земјата да има договор со ММФ.

 

Авиоимпекс може да заработи и казна
[22.11.2001] МАТ останува единствен редовен авиопревозник, а Авиоимпекс може да заработи и казна поради одлуката да не ги извршува редовните летови утврдени во зимскиот ред на летање.

 

Од собранието - акцизите за сите возила се 7,5 проценти
[22.11.2001] Акцизата за сите моторни возила ќе изнесува 7,5 проценти. Мнозинството пратеници денеска се изјаснија за владината верзија на измените на законот за акцизи.

 

Пилотите од Авиоимпекс нема да преминат во МАТ
[23.11.2001] Ниту еден од пилотите на Авиоимпекс нема да премине на работа во МАТ, а договорот за редовен авиопревозник нема да заживее затоа што е незаконски.

 

Идниот месец донаторска конференција
[23.11.2001] „Донаторска конференција за Македонија ќе се одржи кон средината на идниот месец“, соопшти денеска министерот за финасии Никола Груевски, по средбата со претседателот Трајковски, претставниците на Меѓународниот монетарен фонд, на Светската Банка и на ЕУ.

 

„Македонија Турист“ мора да се преструктуира
[23.11.2001] Угостителскиот комплекс „Македонија Турист“, сопственик на хотелите „Холидеј Ин“, „Турист“, „Јадран“, „Белви“, како и повеќе ресторани во градот, мора да се преструктуира, бидејки подолго време не остварува позитивни финансиски резултати, е ставот на менаџментот на фирмата.

 

Присилно запленет имот на 80 даночни обврзници
[23.11.2001] Управата за јавни приходи во последниве два месеци на 80 даночни обврзници присилно им наплатила данок односно им запленила движен и недвижен имот.

 

Канадската пошта бара 11 годишна концесија за стопанисување со нашата пошта
[23.11.2001] Канадската пошта од македонската влада бара 11 годишна концесија за стопанисување со нашата пошта, едно од последните големи неприватизирани претпријатија во државава.

 

Половина од вкупно увезеното говедско месо во Македонија e од Словенија
[23.11.2001] Половина од вкупно увезеното говедско месо во Македонија, годинава дошло од Словенија, земјата која од пред три дена ја потврди болеста „кравјо лудило“ кај нејзините говеда. 

 

Оте стана вториот концесионер на мобилната телефонија
[24.11.2001] Mинистерството за транспорт и врски и грчки Oте го потпишаа договорот за концесија со кој оваа фирма доби 22-годишно право да стопанисува со мобилната телефонска мрежа.

 

Петтата по ред донаторска конференција сеуште без официјална потврда
[25.11.2001] На дваесетина дена пред најавеното одржување на донаторската конференција за Македонија, нема ниту една официјална потврда за нејзиното одржување било од Светската банка или пак од ЕУ, институции кои ќе бидат организатори на конференцијата.

 

Работниците на „Газела“ денеска протестираа
[26.11.2001] Дел од работниците на „Газела“ денеска протестираа пред Македонска банка барајќи од директорот на банката да го исполни ветувањето што им го дал пред еден месец.

 

Индустриското производство зголемено за 26.5 насто
[26.11.2001] Индустриското производство во Македонија во октомври годинава во однос на претходниот месец е зголемено за 26.5 насто, соопшти денеска Заводот за статистика, додавајќи дека порастот се должи пред се на зголеменото производство на материјалите за репродукција од 9 насто и на стоките за широка потрошувачка за 57.2 проценти.

 

Битка за втората мобилна мрежа финишира пред суд
[26.11.2001] Проблематичниот тендер за избор на втор мобилен оператор заврши во министерството за транспорт и врски со победа на ОТЕ, но финалната битка за втората мобилна мрежа сепак ќе се води пред македонските судови. 

 

За фирми што не ги доствиле акционерски киниги - парична казна
[26.11.2001] Истече рокот во кои акционерските друштва требаше да ги достават своите акционерски книги до централниот депозитар за хартии од вредност. Последниот ден - гужва пред канцелариите на депозитарот.

 

Утре почнуваат преговорите меѓу Македонија и ММФ
[26.11.2001] Утре во Скопје и официјално почнуваат преговорите меѓу Македонија и ММФ за новата преодна програма, која што е услов за одржување на донаторската конференција за Македонија.

 

„Македонија Турист“ многу брзо ќе биде преструктуирана
[27.11.2001] „Македонија Турист“ многу брзо ќе биде преструктуирана, со што поголем дел од рестораните и хотелите сопственост на овој угостителски комплекс наместо да бидат ликвидирани ќе продолжат да работат, а управувањето ќе може да го преземат некој од акционерите на фирмата.

 

Штрајкот на „Газела“ продолжува
[27.11.2001] Група работници од „Газела“ и денеска два часа протестираа пред Македонска Банка која е доминантен сопственик на фабриката.

 

Со кисели насмевки започнаа преговорите со ММФ
[27.11.2001] „Овде сме за да се обидеме и да видиме дали можеме да постигнеме договор за програмата за набљудување која ќе биде чекор кон донаторска конференција“, порача шефот на мисијата на ММФ Бишваџит Банерџи денеска во Скопје, започнувајќи ги еднонеделните преговори со владата.

 

Старосна граница за увоз на возила од сегашните 6 се покачи на 10 години
[27.11.2001] Владата ги усвои измените на законот за надворешно трговско работење и ја подигна старосна граница за увоз на возила од сегашните 6 на 10 години.

 

Штрајк на сто илјади административци
[28.11.2001] Сто илјади работници од јавната администрација најавуваат штрајк за 17-ти декември. Владата ќе ги пишмани од штрајкот ако седне на преговарачка маса со нив.

 

Еднократна парична помош за 7.000 работници
[28.11.2001] Седум илјади работници од 15 фирми загубари, ќе добијат еднократна парична помош од по 6 илајди денари, дознава А1.

 

Намалувањето на акцизите ги поефтини автомобилите
[28.11.2001] По зголемувањето на старосната граница за увоз на автомобили од 6 на 10 години, А1 неофицијално дознава дека министерството за економија работи на опциите или привремено да ги суспендира т.н. стандарди за хомологација или да ги ублажи. 

 

Грчката фирма „Елбиско“ планира да ја намали вредноста на „Жито Лукс“
[28.11.2001] Новите газди на „Жито Лукс“, грчката фирма „Елбиско“ планира да го намали бројот на вработени во фирмата, да го зголеми пласманот на своите проиозводи од Грција во Македонија и да ја намали вредноста на „Жито Лукс“, обвинува сменетиот директор на „Жито Лукс“ Ацо Симевски во писмо кое деновиве циркулира низ фабриката.

 

Разговори Банерџи - Груевски
[28.11.2001] Шефот на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија, Бишваџит Банерџи и министерот за финансии Никола Груевски и денеска во Скопје ги продолжуваат преговорите за обновување на соработката.

 

Новите газди нема да ја ликвидираат „Газела“
[29.11.2001] Доверителите во „Газела“ денеска донесоа одлука фабриката да продолжи да работи според планот за реорганизација, што го изготвил стечајниот управник Владислав Тамбурковски.

 

Намалена невработеност, но само на хартија
[29.11.2001] За прв пат од осамостојувањето наваму, една година во Македонија ќе заврши со намалена невработеност. Тоа е токму оваа, најкризната во современата македонска историја.

 

Бизнис лобито на ДПА сака дел од колачот „редовен авиопревозник“
[29.11.2001] Бизнис лобито на ДПА сака дел од колачот „редовен авиопревозник“ и планира тоа да го оствари со покривање на дел од милионските долгови на МАТ, пишува скопски „Вест“. 

 

Избришаните лица - вработени
[30.11.2001] По вчерашната информација од Заводот за вработување дека околу 30 илјади луѓе биле избришани од евиденцијата на невработени поради нередовно пријавување, денеска заводот со ново појаснување околу бришењето од евиденција.

 

Давањето на Водовод под кирија - незконски
[30.11.2001] „Нема да го приватизираме градскиот „Водовод“, туку ќе го дадеме под кирија“, тврди скопскиот градоначалник Ристо Пенов. Тој додава дека овој проект е во интерес на сите скопјани, бидејќи 49 проценти од профитот на фирмата што ќе стопанисува со водовод ќе остануваат за градот.

 

Газела никогаш не соработувала со австраиската фирма Шрит
[30.11.2001] Работниците од Газела членови на УНАСМ ќе поднесат жалба на решението со кое вчера судиката Маја Малахова го одобри планот за реорганизација, кој предвидува фабриката да се продаде за 4 милиони марки, иако претходно исчистена од сите долгови.

 

Македонија се соочува со крајна нужда за храна
[30.11.2001] Светската организација за храна и земјоделство - ФАО денеска го објави најновиот извештај за земјите од светот што страдаат од недостаток од храна. Меѓу 30 и едната земја на овој список, како новододадена се наоѓа и Македонија.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk