Дома Пријатели
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Економија > Архива > Октомври 2001

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 

АРХИВА: Економија, Октомври 2001


 

Линк телеком се врати во трката за втор мобилен оператор
[01.10.2001] Владината комисија за економски систем му го продолжи животот на Линк Телеком во трката за втор мобилен оператор. Спас за Линк чија понуда беше одбиена како непотполна сега може да биде третиот партнер фондот Си Ви Пи, чии претставници се веќе дојдени во Скопје и чекаат средба со министерот за транспорт и врски.

 

Првиот човек на Телекомот поднесе оставка
[01.10.2001] Првиот човек на Македонскиот Телеком - Даниел Ден Дончев, денеска поднесе оставка од функцијата извршен директор на Телекомот. Дончев соопшти дека оставката била мотивирана од приватни причини.

 

Акциите на прилепскиот Тутунски комбинат на продажба
[01.10.2001] Агенцијата за приватизација намерата за продажба на 35,5 проценти од акциите на прилепскиот Тутунски комбинат со попуст од 70 проценти денеска ја објави и во службен весник. Понудата за продажба на овие акции во наредните седум дена ќе се најде и во два дневни веснци, еден на македонски и еден на албански јазик.

 

Премиерот го ополномоштил Блажевски да преговара за цените на украинските хеликоптери
[01.10.2001] Хеликоптерите од Украина, амбасадорот во Киев, Владо Блажевски ги купил со потпишано полномошно од премиерот Георгиевски, објавува денешен “Вест“. Блажевски бил писмено ополномоштен од премиерот Георгиевски во март годинава да набавува воена опрема од Украина.

 

Џон Манери нов директор на Македонски Телекомуникации
[02.10.2001] Управниот одбор на Македонски Телекомуникации денеска ја прифати оставката на Даниел Дончев, но до овој момент се уште нема назначено нов дирекор.

 

„Свис Ер“ банкнотираше
[02.10.2001] Банкротираше една од најголемите светски авиокомпании. Денеска напладне по средно европско време швајцарската „Свис Ер“ објави дека престанува да лета на сите дестинации.

 

Алтернативците обвинети за земање провизија
[02.10.2001] „Алтернативците за признавањето на Тајван инкасирале 42 милиони марки, кои легнале на нивна сметка во една париска банка“, обвинува пратеникот од СДСМ Илија Илоски.

 

Преговорите со Линк се прекинуваат
[02.10.2001] Владата бара да се одржи уште една средба со партнерот на Линк Телеком, CVP пред да се прекинат разговорите со Линк.

 

Преструктуирањето на стопанството, иако тежко и болно, мора да се спроведе
[02.10.2001] „Процесот на преструктуирање на стопанството, иако е многу тежок и болен, мора да се спроведе, и тоа со соодветна брзина“, препорача шефот на мисијата на ММФ за Македонија, Бишваџит Банерџи на разговорите со претседателот на ССМ, Живко Толевски и со преставниците на фирмите загубари.

 

Дивите кладилници ја скусиле државната каса 2.5 милиони марки
[02.10.2001] Во Македонија легално работат само 17 спортски обложувалници, а дури 44 работат на диво.

 

600 милиони марки за „Свис Ер“ од швајцарската влада
[03.10.2001] Швајцарската влада му одобри на “Свис Ер“ помош од 450 милиони франци или околу 600 милиони марки. Со ова „Свис Ер“ е спасен од банкрот и од утре оваа авикомпанија ќе лета на сите дестинации низ целиот свет, како и пред два дена што значи и кон и од Македонија.

 

Штрајкот во битолска Шеќерана продолжува
[03.10.2001] Вработените од битолската фабрика за шеќер веќе два дена штрајкуваат, поради одлуката на апелациониот суд од Битола да го врати старото раководство во шеќераната од редовите на ВМРО - ДПМНЕ, како и поради неисплатени три плати.

 

Македонија полесна за 150 милиони марки од „увозот“ на бугарските автомобили
[03.10.2001] Дозволувајќи низ Македонија да се возат автомобили со бугарски таблички државата замижува пред класичен криминал - обвинуваат дистрибутерите на автомобили порачувајќи дека во истрагата за начинот на кои се внесени од 15 до 20.000 возила од Бугарија треба да се вклучи и МВР.

 

Телекомот тешко до „крунисување“ на новиот директор
[03.10.2001] Како се случи вчера договорената седница на управниот одбор на Македонски Телекомуникации да не се одржи. Седницата на која требаше да биде прифатена оставката на Даниел Дончев, и да биде назначен нов директор Џон Манери од Лондон практично заврши пред да почне, поради кавгата што изби меѓу македонските и странските членови во одборот.

 

Продажба на „Злетово Батерии“ со партиска поддршка
[04.10.2001] "Асец Груп" од Панама од пред еден месец е новиот газда на загубарот „Злетово Батерии“ од Пробиштип.

 

Ќе се покачат ли сметките за парно греењето
[04.10.2001] Владата следната недела треба да реши дали ќе го прифати барањето на Топлификција за поскапување на парното греење.

 

Финансиска инјекција за „Свис Ер“
[04.10.2001] „Продолжување на смртта" е оквалификувана денешната финансиска инјекција од швајцарската влада за банкротираната „Свис Ер“.

 

Даравелски вмешан во продажбата на „Трготекстил“
[04.10.2001] Во екот на безедносната криза се нашол купувач и за „Трготекстил Малопродажба“. Газда на големата мрежа дуќани на оваа фирма, не само во Македонија, туку и низ просторите на поранешна Југославија, станала шпедитерската фирма „Комтекс Тони“. 

 

10,5 милиони евра за ЕСМ
[04.10.2001] Електростопанство на Македонија ќе добие од Eвропската Унија 10,5 милиони евра за поправање на електроенергетскиот ситем оштетен за време на воените дејствија.

 

Исклучена струјата на најголемиот македонски загубар „Југохром“
[05.10.2001] Електростопанство денеска му ја исклучи струјата на најголемиот македонски загубар „Југохром“ од Јегуновце. Вработените во овој гигант се огорчени што струјата е исклучена сега, само неколку дена пред да почнат преговорите со францускиот инвеститор кој сака да го земе Југохром под концесија.

 

Петти ден од штрајкот во битолска Шекерана
[05.10.2001] Работниците од битолската Шекерана кои веќе пет дена штрајкуваат, денеска не ја пуштија старата директорка Бранка Стојановска да влезе во фабриката иако судот во Битола донел одлука таа да се врати на функцијата генерален директор на Шекераната, откако во мај месец таа беше разрешена од функција и на нејзино место го поставија Благоја Петковски.

 

Безбедносната криза го зема својот данок
[05.10.2001] Безбедносната криза го зема својот данок не само во забрзаното трошење на државните пари за набавка на оружје и финансиарње на полиција и армијата, туку и во ослабнувањето на економијата која годинава во буџетската каса инкасираше дури 167 милиони марки помалку од приливот направен во 2000-та година.

 

Додека Македонија калкулира - ЕУ ја одложува донаторската конференсија
[05.10.2001] Директните штети предизвикани од воените дејствија во Македонија изнсуваат 144 милиони евра. Ваквата проценка на кординативното тело за кризи не е конечна. Таа треба да се усогласи и прифати и од страна на Европската Унија и Високиот Комесаријат за бегалци, но со оглед на тоа што најголем дел од штетите се оценувани во соработка со странски организации поголеми отстапувања од оваа бројка не се очекуваат.

 

105 милијарди долари - штетата од нападите во САД
[05.10.2001] Во Америка денеска за прв пат е објавена проценка на штетите од неодамнешните напади врз двете згради на Светскиот трговски центар. Проценката направена од властите на градот Њу Јорк е дека вкупните штети изнесуваат 105 милијарди долари.

 

Повторно објавен тендерот за продажба на велешка „Порцеланка“
[05.10.2001] Aгенцијата за приватизација денеска повторно објави тендер за продажба на велешка „Порцеланка“, откако на првиот тендер објавен на 10-ти август оваа година не се јави ниту еден заинтересиран странски или домашен купувач.

 

По вчерашното исклучување на Југохром без струја останаа и 20-тина села
[06.10.2001] Поради долгот на Југохром кон Електростопанство на Македонија денеска без струја останаа и 20-тина села од тетовскиот регион. Јавното претпријатие околу 14 часот ја сопре испораката на струја за овој регион откако најголемиот македонски загубар повторно ги вклучи печките обидувајќи се на тој начин да спречи тие да се оладат и трајно да се оштетат.

 

Данокот на финансиски трансакции ќе се плаќа и следната година
[06.10.2001] Расправајќи по условот што го поставила мисијата на ММФ, или за сите производи да се плаќа повисоката 19-ет процентна стапка на ДДВ или ММФ си оди без договор од Скопје, економските министри од владата доцна синоќа решиле да му предложат на Фондот приходите во буџетот да се зголемат со продолжување за една година на обврската за плаќање на данокот на финансиски трансакции.

 

Преговорите на ММФ и Владата западнаа во криза
[07.10.2001] Како да се зголемат буџетските приходи во 2002 година: со укинување на привилегираната стапка на ДДВ од 5 проценти и наплатата на овој данок исклучиво со стапка од 19 проценти, како што предлага ММФ, или со продолжување на рокот на употерба на воен данок, како што предлага владата.

 

Владата ќе бара одложување на приватизацијата или ликвидацијата на загубарите
[08.10.2001] А1 дознава: Владата ќе бара шестмесечно одложување на крајниот рок за приватизација или ликвидација на првата група од 6-те загубари: „Југохром“, ФАС, „Злетово батерии“, „Злетово рудници“, „Порцеланка“ и „Македонка“.

 

Ослободување од концесија поради лошата економско-политичка состојба
[08.10.2001] Здружението на трговски радиодифузни друштва бара да биде ослободено од плаќање надомест за концесија за третата концесиска година поради општата економско-политичка состојба и големиот број диви емитувачи во етерот.

 

Пакет економска помош за подобрување на економската состојба
[08.10.2001] „Европската конфедерација на синдикатите ќе ги искористи сите механизми за да направи притисок Европската Комисија да и додели на Македонија дополнителна економска помош за надомест на штетите од воените дејствија“, изјави денеска претседателот на ЕКС Емилио Габаљо.

 

Административната тромост ќе го отфрли Линк од играта за втор мобилен оператор
[08.10.2001] Линк Телеком стравува дека владата и министерството за транспорт и врски изготвиле сценарио со кое целосно ќе го исклучат Линк од играта за втор мобилен оператор, дури и во постапката за жалба.

 

Владата мора да донесе долгорочни мерки за македонската економија
[08.10.2001] Шефот на тимот на ММФ за Македонија, Бишваџит Банерџи вели дека информациите околу предлогот на ММФ за 19 процентен ДДВ за сите производи не ја отсликуваат реално ситуацијата што владее на самите преговори. 

 

Индексите на европските берзи осетно опаѓаат
[08.10.2001] Курсевите на акциите на најголемите европски берзи денеска, ден по американските напади врз Авганистан, по отворањето на берзите започнаа осетно да опаѓаат.

 

Се распродава имотот на фабриката за чевли „Газела“
[08.10.2001] Имотот на „Газела“ која е во стечај се распродава по одделни делови: производниот погон, дуќаните и основите средства, како што се камионите, дознава А1.

 

Намалени цените на нафтените деривати за седум проценти
[09.10.2001] Влaдата на Македонија донесе одлука за намалување на цените на нафтените деривати во просек за 7,6 проценти.

 

ЕСМ сепак ќе го снабдува Југохром со струја
[09.10.2001] Електростопанство на Македонија ќе го снабдува Југохром со струја неопходна за одржување на печките се додека не биде решена судбината на најголемиот македонски загубар, а за возврат комбинатот од Јегуновце ќе почне да го отплаќа долгот.

 

Македонија ќе добие два милиони долари за проблемот со невработеноста
[09.10.2001] Македонија ќе добие 2,3 милиони долари за вработување на 3000 луѓе на возраст од 18 до 30 години, од програмата за развој на Обединетите Нации и од американската агенција за меѓународен развој.

 

Пеловски - главен во аферата со вештачкото ѓубриво
[09.10.2001] Директорот на бирото за стокови резерви, Ванчо Пеловски денеска и офцијално ги потврди информациите што А1 веќе ги објавени дека МХК Злетово преставен од Чедо Петров добил 10 милиони марки дел во пари, а дел во стока, за вештачко ѓубриво што никаде го нема.

 

Идната недела во Скопје „Технома 2001“
[10.10.2001] Идната недела во Скопје почнува најголемата саемска манифестација во Македонија, меѓународниот саем „Технома 2001" на кој ќе учествуваат 630 изложувачи од 25 земји.

 

Следниот аранжман со ММФ на пролет
[10.10.2001] Следните шест месеци, почнувајќи од денеска, македонската економија влегува во фаза на нормализирање за да може некаде на пролет идната година да се договори новиот аранжман со ММФ.

 

Џон Манери и официјално нов директор на Телеком
[10.10.2001] Официјализирана смената на Даниел Дончев на директорската позиција во Македонски Телекомуникации.

 

Народна Банка ги намали каматите
[10.10.2001] Народната Банка на Македонија денеска ги намали каматните стапки за благајничките записи или каматите што таа ги исплатува за депонирање пари од фирмите и банките кај неа. Каматите се намалени за три процентни поени.

 

„Водостопанство“ законски не постои
[10.10.2001] „Јавното претпријатие „Водостопанство“ законски не постои веќе три години, уште од 1998-та година, иако сеуште функционира како правен субјект“, тврди директорот Аце Денковски.

 

Почнаа преговорите со ОТЕ за втор мобилен оператор
[11.10.2001] Почнаа преговорите со грчката компанија ОТЕ за добивање концесија за втор мобилен оператор. И министерот Љупчо Балкоски и потпретседателот на ОТЕ, Георги Скарпелис се оптимисти дека набргу ќе се постигне конечен договор.

 

Банерџи: „Мост кон аранжман“
[11.10.2001] Преодната програма во која се наоѓаат Македонија и ММФ и која шефот на тимот за Македонија, Банерџи ја нарече „мост кон аранжман“, всушност ќе биде основа со која ќе се излезе пред богатите земји, донатори со барање за финансиска помош.

 

Целосна партизација на „Македонска книга“
[12.10.2001] Новите газди на „Македонска книга“, директорот на фондот за здравство Војо Михајловски и неговиот возач Марјанчо Коневски, веќе воведоа новини - и тоа во насока на целосна партизација на фирмата.

 

Отпуштени четвртина од вработените во „Газела“
[12.10.2001] На 10-ти октомври, ден пред националниот празникот, 318 вработени во скопската фабрика за чевли си заминаа дома со информација дека веќе не работат во „Газела“.

 

Аеродромите во финансиска криза
[13.10.2001] Двата аеродроми во земјава имаат големи финансиски тешкотии поради драстично намалениот број на патници.

 

Што добиваат граѓаните со втор мобилен оператор
[13.10.2001] Во тек е постапка за избор на втор мобилен оператор. Прво во игра беше Линк Телеком, па отпадна. Сега е грчката Оте.

 

Голема разлика меѓу планираните и прибраните приходи во буџетот
[14.10.2001] Само 3 месеци по усвојувањето на новиот буџет за 2001 година полнењето на државната каса ги доведува во прашање проекциите на буџетските приходи.

 

„Цип Продукт“ ќе ги задржат на работа сите вработени во „Лозар“
[15.10.2001] Агенцијата за приватизација го потврди изборот на фирмата „Цип Продукт“ за нов сопственик на битолската фабрика „Лозар“. Управниот одбор на агенцијата денеска го одби приговорот на вработените од лозар и ја потврди одлуката на директорката на агенцијата Марија Јовановска, според која најповолна понуда на тендерот достави фирмата „Цип Продукт“.

 

Линк и Минт со барање за забрана на доделувањето концесија на втор мобилен оператор
[15.10.2001] Линк Телеком и Минт Конзорциум до основниот суд во Скопје поднесуваат барање за времена мерка за забрана на доделување на концесија за втората мобилната мрежа.

 

450 илјади луѓе во Македонија живеат во сиромаштија
[15.10.2001] 22,3 проценти од македонските домаќинства што според груба пресметка значи околу 450 илјади луѓе живеат во сиромаштија. Денеска објавеното истражување на Заводот за статистика покажува дека бројот на сиромашни домаќинства секоја година се зголемува за повеќе од еден процентен поен или за нови околу 20 илјади луѓе.

 

Укинување на режимот ЛП-8
[16.10.2001] Владата го прифати предлогот на динамиката за укинување на режимот ЛП-8, односно листата на производи за чиј увоз и извоз беше неопходна согласност на одделни министерства кон земјите членки на Светската трговска организација, а што беше наметнато како обврска при процесот за зачленување на Македонија во СТО.

 

Донаторска конференција за Македонија до декември
[16.10.2001] Македонија се уште се надева дека ќе добие голема финансиска инфузија од меѓународната заедница до крајот на годината, но донаторите, особено Европската Унија, инсистираат пред да биде одобрена финансиската помош, парламентот во Скопје да ги имплементира обврските преземени пред два месеци, кои што вклучуваат поголеми права на албанското малцинство во земјата.

 

Кризата ја чинеше Македонија над една милијарда марки
[16.10.2001] Вкупните штети на македонското стопанство поради безбедносната криза во земјава изнесуваат една милијарда и 232 милиони марки, процени денеска Стопанската комора.

 

Партизацијата на „Лозар“ пред суд
[16.10.2001] „Цип Продукт“ со партиска поддршка доби уште едно решение, петто по ред, од Агенцијата за приватизација со кое станува сопственик на 50 проценти од капиталот на битолски „Лозар“, обвинуваат работниците.

 

Уште неполни пет месеци до еврото
[16.10.2001] Во последниот месец и половина во Македонија штедењето е зголемено за 10 милиони марки, односно попрецизно од 230 на 240 милиони.

 

Штрајк на типовци
[16.10.2001] Дел од вработените во скопската фабрика „Типо“ денеска протестираа пред управната зграда.

 

Првите луѓе на Агенцијата за приватизација извршиле незаконска продажба на битолски Лозар
[17.10.2001] Кривични пријави денеска заработија директорката на Агенцијата за приватизација, Марија Јовановска и директорот на правниот сектор во Агенцијата, Слободан Шаиновски. Пријавите ги доставија вработените на битолски Лозар обвинувајќи ги првите луѓе на Агенцијата за приватизација за против законска продажба на битолски Лозар на фирмата Цип Продукт.

 

САД инвестираат во „Фонко
[17.10.2001] Агенцијата на САД за меѓународен развој, фондот СЕАФ - Македонија денеска во Скопје треба да ја објават 750.000 долари вредната инвестиција во македонска фирма „Фонко“, познат изведувач, дистрибутер, дизајнер и продавач на клима уреди во земјата и странство.

 

Жито Лукс доби нов директор, а ние нова цена на лебот
[17.10.2001] Ацо Симевски веќе не е директор на Жито Лукс. Акционерското собрание вчера избра нов надзорен одбор кој го разреши Симески и на негово место постави човек од централата на Елбиско, грчката фирма која во март годинава го купи Жито Лукс. Името на новиот директор засега се држи во тајност. Според инфорамациите на А1 за случувањата во Жито Лукс расправала дури и владата на вчерашната седница бидејќи претходно Симески побарал владата да го заштити од разрешување.

 

Аферата со вештачко ѓубриво продолжува
[17.10.2001] Aктерите во аферата со вештачкото ѓубриво и натаму со свои различни толкувања каде запре владината операција која го олесни буџетот за 10 милиони марки. Oваа операција усвоена од владата во декемрви минатата година подразбирала, владата од буџетот да им исплати на рудниците Tораница, Саса и Злетово и на велешката Топилница вкупно 10 милиони марки.

 

Сеаф Македонија стана косопственик на Фонко
[17.10.2001] Сеаф Македонија стана косопственик на Фонко инвестирајки 750 илајди долари за развој на фирмата. Ова е најголема инвестиција на Сеаф досега во Македонија. Инветсицијата е наменета за развојни цели предвидени во плановите на Фонко.

 

Антраксот ги разниша берзите
[18.10.2001] Денеска цените на акциите на европските берзи доживеаја голем пад откако стравувањата поврзани со влијанието на вирусот антракс врз потрошувачите доведе до пад на цените на акциите во САД и во Азија.

 

Кугларскиот сојуз од Скопје не го почитува законот за игри на среќа
[18.10.2001] Министерството за финансии поднесе кривична пријава против градскиот Кугларски Сојуз бидејќи на диво, без дозвола организира игри на среќа и не ја почитува забраната за работа.

 

Сомнителна продажба на „Газела“
[18.10.2001] Зад австриската фирма „Штрит“ која се јавува како купувач на скопска „Газела“ стои Методија Смиленски, сопственик на „Експорт Импорт Банка“, на фирмата „ЕВТ“, поранешно „Центро“ и најголем доверител во „Македонка“, тврдат вработените.

 

Директорот на рудникот Саса си поднесе оставка
[19.10.2001] Пукаат бизнис нишките во аферата со вештачкото ѓубриво. Денеска од функцијата директор на рудникот Саса - оставка поднесе Љупчо Димитровски. Објаснувајќи ја својата оставка со приватни, поточно здравствени причини Димитровски за А1 изјави дека рудникот Саса доследно ја испочитувал владината одлука со која за парите што ги добиле од буџетот, на Топилница и испорачале руден концентрат.

 

Ќе ги поскапи ли Топлификација услугите за 7 проценти
[19.10.2001] Сметките за парно греење за ноември ќе бидат повисоки за околу 7 проценти, ако владата го прифати барањето на Топлификација за зголемување на цената на нејзините услуги.

 

Дупката во наплата на даноците на свој начин ја среди Груевски
[19.10.2001] Mинистерот за финансии Груевски најде виновник за слабата наплата на даноците. Тој ќе ги смени директорите на регионалните центри на управата за јавни приходи, ако во најскоро време не покажат резултати во наплатата на давачките кон државата.

 

Една третина од работниците на Газела ќе бидат вратени на работа
[19.10.2001] Една третина од 320-те работниците од скопска Газела што добија отказни решенија ќе бидат вратени на работа, изјави директорот на фабриката Никола Цветановски, коментирајќи дека е пдобро да си одат 200 луѓе отколку да бидат отпуштени сите 1200 работници, како што предвидува зконот за стечај.

 

Цип Продукт - газда на битолски Лозар
[20.10.2001] Цип Продукт и официјално стана газда во битолски Лозар. Тане Николовски и Цветан Панделевски вчера го потпишале договорот со Агенцијата за приватизација со кој стануваат сопственици на 51,6 проценти од капиталот на фабриката што ја произведува познатата кисела вода Пелистерка.

 

До утре ќе се реши судбината на „Свис Ер“
[21.10.2001] Швајцарската влада денеска води интензивни преговори со банките и со врвните бизнисмени од земјата, пред утрешниот краен рок до кога треба да се реши судбината на пропаднатата национална авиокомпанија „Свис Ер“.

 

ВМРО-ДПМНЕ вмешаа прсти и во „Анска Река“
[21.10.2001] За само три месеца од директорската фотелја на земјоделскиот комбинат „Анска Река“ од Валандово се сменија тројца директори.

 

Приватизацијата на „Лозар“ повторно стопирана
[22.10.2001] Претседателот на управниот одбор на агенцијата за приватизација Димитар Јуруковски одлуката за приватизирање ја донесе откако директорот на „Лозар“ и преставници на синдикатот во фирмата пет часа разговараа со директорката Марија Јовановска и директорот на правниот сектор Слободан Шаиновски. 

 

Германската „Зендер“ можен иден концесионер на скопскиот аеродром
[22.10.2001] Германската компанија „Ем Плус Даблју Зендер“ има големи шанси да стане иден концесионер на скопскиот аеродром, но само ако учествува во реконструкција на терминалната зграда.

 

Стопанска Банка продолжува со успешната работа
[22.10.2001] Најголемата од 20-те банки во Македонија, Стопанска Банка ја продолжува лани воведената политика на финансирање исклучиво на извонредно добри и здрави проекти и фирми. 

 

Осум илјади работници ќе штрајкуваат за своите права
[22.10.2001] Работниците од повеќе фирми загубари утре ќе го блокираат центарот на Скопје и неколку магистрални патишта во земјава. 

 

Нова национална авиокомпанија која ќе ја замени пропаднатата „Свис Ер“
[23.10.2001] Швајцарската влада синоќа одлучи да обезбеди пари за финансирање на нова национална авиокомпанија која ќе ја замени пропаднатата „Свис Ер“. Владата ќе даде една, а најголемите приватни компании уште две милијарди швајцарски франци за новата компанија која всушност ќе биде формирана од постојните две „Свис Ер“ и „Крос Ер“.

 

Укинати ограничувањата за увоз
[23.10.2001] А од први јануари идната година, Македонија ги укинува количинските ограничувања за увоз на стоки од вкупно 142 земји од светот. Овие ограничувања се укинуваат како дел од процесот на зачленување на Македонија во Светската трговска организација.

 

Продолжува процесот на приватизација на ЕСМ
[23.10.2001] Владата денеска ја избра консултантската куќа што ќе ја советува во процесот на приватизација на најголемото државно претпријатие во земјава, Електростопанство на Македонија.

 

Десетина цариници вмешани во шверцерска акција
[23.10.2001] Полицијата објави дека во изминатите две недели спречила шверц на овошје, месо, цигари, техничка опрема и нафтени деривати при што сторителите се веќе во притвор, а против десетината цариници вмешани во шверцот е поведена кривична постапка.

 

Кривични пријави против првите луѓе на „Газела“
[23.10.2001] Унијата на независни синдикати денеска застана зад 320-те избркани работници од скопска „Газела“ и побара од нив утре да се вратат на работа. Унијата, во договор со доминантниот сопственик на „Газела“ - Македонска банка, денеска најави дека поднесува кривични пријави против директорот на „Газела“ Цветковски и стечајниот управник Тамбурковски.

 

Социјални протести низ цела Македонија
[23.10.2001] Oд 10 до 12 часот денеска синдикалците од ССМ ги блокира патните приоди кон Скопје. Причините како што велат работниците се неисплатени плати и придонеси повеќе години и неивесноста во која се наоѓаат фабриките во кои тие работат.

 

МВР нема поднесено кривични пријави против царински работници
[24.10.2001] Царинската управа денеска реагира на вчерашната изјава на портпаролот на МВР дека во десетина откриени случаи на шверц биле вмешани исто толку цариници и против нив е поведена постапка.

 

Проект „Можности за инвестирање во секторот на енергетиката“
[24.10.2001] Управниот комитет во врска со изработката на проектот „Можности за инвестирање во секторот енергетика“ денеска во министерството за економија треба да одржи седница на која ќе биде разгледан првичниот извештај.

 

Нема мито при доделување на концесии за кабелски телевизии
[24.10.2001] Претседателот на Советот за радиодифузија Љубомир Јакимовски демантира дека тој или членови на советот земале мито при доделување на концесиите за кабелски телевизии. 

 

„Зендер“ само владин политички маркетинг
[24.10.2001] „Владата не смее да дава ексклузивни понуди за реконструкција и концесија на скопскиот аеродором, туку треба да распише нов тендер ако веќе отстапува од првобитниот проект за целосно нов изглед на аеродоромот“, тврди поранешниот директор на јавното аеродромско претпријатие Вања Битоњану.

 

„Цип Продукт“ нема да влезе во „Лозар“
[24.10.2001] Вработените од „Лозар“ и нивниот германски партнер „Месер“ ќе поднесат тужба до судот за поништување на одлуката за приватизација и ќе бараат времена мерка стопирање на процесот на приватизација на фабриката.

 

„Тораница“ замрена е само една тажна слика
[24.10.2001] После деветмесечно неработење на рудникот за олово и цинк „Тораница“ во Крива Паланка, рударите наместо во јамите, во потрага по некој денар за егзистенција за тешката состојба ја обвинуваат групацијата „Алмако“ дека ја опустошила фирмата.

 

Макпетрол заработува екстра профит на сметка на граѓаните - обвинува Окта
[25.10.2001] Рафинеријата Окта го обвинува Макпетрол дека заработува екстра профит на сметка на граѓаните, бидејки и покрај предлогот од Окта за намалување на цените на бензините, владата по ургенција на вицепремиерот Зоран Крстевски, кој порано беше директор во Макпетрол, не го сторила тоа.

 

Tри од шесте милијарди луѓе на земјата живеат во сиромаштија
[25.10.2001] Од 17 до 24 октомври светот ги одбележуваше светската недела и меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата. Фактите велат дека: три од шесте милијарди луѓе на земјата живеат во сиромаштија, или со помалку од два долара, односно во наши услови 135 денари дневно.

 

Новите граѓански чекови - гарантирани и негарантирани
[25.10.2001] Банките се договорија - сегашните граѓански чекови што ќе се издаваат до крајот на оваа година, ќе можат да се реализираат до 30 јуни идната година или во подолг рок кој ќе го определи банката што ги издала чековите.

 

Вработени во „Феротурист“ утре ќе ја блокираат Железничката станица во Скопје
[25.10.2001] 220-те вработени во „Феротурист“ од Скопје утре ќе почнат штрајк и од 10 до 17 часот ќе ја блокираат Железничката станица во Скопје. Ова ќе значи и сопирање на домашниот и меѓународниот патнички и товарен железнички сообраќај.

 

Кривична пријава за финансовата директорка на Газела
[25.10.2001] Синдикалната организација од УНАСМ во Газела најавува дека ќе поднесе кривична пријава против финансовата диеркторка Благица Тасевска, бидејки со измама добила потписи од сите 1200 работници со што станала нивни преставник во стечјаниот совет и во нивно име одлучува за нивната судбина. А директорот пак ги уценува работниците кои се вратоле на своите работни места, да не поднесуваат тужба против него и против стечајниот управник, обвинуваат тие.

 

Продажбата на битолски Лозар законска
[25.10.2001] Продажбата на „Лозар“ е направена во рамки на законот и ако треба тоа ќе го докажеме и на суд, велат газдите на „Цип Продукт“, фирмата која го купи контролниот пакет акции во „Лозар“. Идните газди во „Лозар“ им понудија соработка на работниците од битолската фабрика во случај, како што велат да им се прават опструкции.

 

Криминални групи ги крадат броилата за електрична енергија
[26.10.2001] Лица што се претставуваат како вработени од Електростопанство хараат во Скопје и околината крадејќи ги часовниците и броилата за електрична енергија и ги оштететуваат разводните табли на станбените згради.

 

Нови штрајкови за идната недела
[26.10.2001] Синдикатите на неколку фирми загубари за наредната недела најавија нови протести и блокади затоа што владата и натаму ги игнорира нивните барања. 

 

Седумчасовна блокада на железничкиот сообраќај
[26.10.2001] Вработените во „Феротурист“ од денеска почнаа со седумчасовна блокада на железничкиот сообраќај во земјава протестирајќи против македонските железници кои ги укинале спалните вагони на возот до Љубљана, а во киосците и во угостителските објекти на „Феротурист“ исклучиле струја.

 

Скршен економскиот ’рбет на Македонија
[26.10.2001] На пат сме да ја загубиме државата, но не заради политичките турбуленции, туку заради постепеното, но сериозно кршење на нејзиниот економски ’рбет, констатираа македонските бизнисмени на трибината во организација на Центарот за истражување и развој.

 

Работниците од фирмите на Николовски и Панделевски се соочија со лозарци
[26.10.2001] Додека работниците во фирмите на Тане Николовски и Цветан Панделевски од една, и работниците од „Лозар“ од друга страна, повеќе часови протестираа пред зградата на агенцијата за приватизација, директорката на агенцијата Марија Јовановска прати абер до медиумите дека приватизацијата на битолската фабрика е завршена работа.

 

Исклучени меѓу 40 и 50 илјади телефонски претплатници
[27.10.2001] И денеска продолжи акцијата на Телеком за исклучување на фиксните телефони на претплатниците кои не ги платиле сметките за месец август. Досега, според нецелосните податоци добиени од Телекомот низ цела Македонија се исклучени меѓу 40 и 50 илјади претплатници.

 

Од Македонија си заминуваат „Аерофлот“ и „Свис Ер“
[28.10.2001] Уште две странски авиокомпании од денеска нема да летаат до и од Македонија, а повеќето од оние што ги задржаа линиите до Скопје го намалија бројот на летови.

 

Меѓународна конференција за статистика
[29.10.2001] Меѓународната конференција на тема „Статистиката - основа за креирање на економската политика и економскиот развој на југоисточна Европа“ во организација на заводот за статистика, економскиот факултет и министерството за економија треба да се одржи денеска и утре во Скопје.

 

Граѓаните револтирани од односот на Телеком
[29.10.2001] Aкцијата на Tелеком за дисциплинирање на корисниците, во која се исклучени 60.000 телефонски линии, создаде хаос на поштенските шалтери. Граѓаните револтирани од односот на Телеком и од лошата организација на пошта. Најнервозни во редиците се граѓаните кои иако ги платиле сметките Телеком им ги исклучил телефоните.

 

Македонија ќе ја загуби помошта од Холадија
[29.10.2001] Македонија ќе ја загуби помошта од 45 милиони марки од Холадија, ако до 20 ноември собранието не ги усвои уставните измени. Ваква порака деновиве добија министрите за финансии и за економија од македонскиот амбасадор во Холандија, Милијана Даневска. 

 

Владата утре ќе биде блокирана
[29.10.2001] Намерата на околу 3.000 илјади работници од фирмите загубари утре да протестираат пред зградата на владата, барајќи да се реши стаус на нивните фирми кои се во стечеј или се ликвидирани, ја потврди денеска и првиот синикалец, Живко Толевски. Организаторите на протестот велат ова е само уште една порака до власта да не си игра со социјалните проблеми на нејзините граѓани.

 

Вработените од Лозар побараа помош од Георгиевски
[29.10.2001] Вработените од Лозар незадоволни од одлуката на Агенцијата за привтазиција фабриката да ја продаде на Цип Продукт и денеска продолжија со двочасовна блокада на граничниот премин Меџитлија, на македонско - грчката граница, како и на крстосницата, на патните правци од Битола кон Скопје, Кичево и Охрид.

 

Нема целосна либерализација во стоковата размена меѓу Македонија и Хрватска
[29.10.2001] Македонија и Хрватска не успеаа да се договорат за целосна либерализација во стоковата размена. Делегацијата од хрватското министерство за стопанство минатата недела беше во Скопје, но си замина разочарано за Загреб, откако не успеа да издејствува увозот и извозот на производите меѓу двете земји да се одвива без ограничувања и без царина.

 

Mакедонската берза стартува со сопствен индекс
[29.10.2001] Од четврток, први ноември, македонската берза по пет и пол годишно постоење, почнува со објавување на сопствен индекс за движењето на цените на акциите. Индексот ќе биде дневен показател за стабилноста или нестабилноста на македонското стопанство.

 

Масовните социјални протести овојпат поуспешни
[30.10.2001] Повеќе од илјада работници од неколку фирми загубари денеска со четиричасовни протести пред зградите на владата и на републичкото собрание на премиерот и министрите им порачаа да почнат да ги решаваат социјалните проблеми во државата.

 

И денеска гужви пред поштенските шалтери
[30.10.2001] На поштенските шалтери и денеска редици граѓани чекаа да ги платат телофнските сметки или пак да докажат дека телефоните неоправдано им биле исклучени бидејќи редовно ги плаќале сметките.

 

Владата побара подетални податоци за приватизацијата на „Лозар“
[30.10.2001] Во завршницата на испроблематизираната приватизација на битолската фабрика „Лозар“ се вклучи и Владата.

 

Mакедонските граѓани имаат двојно повеќе заштеди од пред 5 години
[31.10.2001] Mакедонските граѓани во моментов во банките имаат вкупни заштеди од околу 500 милиони марки, што e двојно повеќе од пред 5 години. Банкарите тврдат дека со воведувањето на еврото и збогувањето со марката оваа сума три ќе се зголеми во против вредност на 1, 5 милијарди марки. На одбележувањето на светскиот ден на штедењето со поскромна проценка, излегува Народната Банка.    

 

Неоправдано исклучените телефонски корисници под закрила на народниот правобранител
[31.10.2001] Додека илјадници граѓани деновиве се туркаат на поштенските шалтери за да ги расчистат сметките со Телеком и телефоните повторно да им бидат пуштени, скопјанецот Блажо Митровски веќе две недели чека телефонот да му биде исклучен.

 

Пилотите на Авиоимпекс штрајкуваат
[31.10.2001] Домашната авиокомпанија, Авиоимпекс од утре ги откажува сите закажани летови поради штрајк на пилотите, кој практично започна денеска кога не се реализира единствениот лет закажан на релација Скопје - Виена - Цирих.

 

Социјалните проблеми може да очекуваат своја разврска
[31.10.2001] Синдиклаците од фирмите загубари и владината комисија денеска повеќе од три часа разговара за социјалните проблеми на работниците во 40-тина фирми кои немаат светла иднина. Од средбата работниците задоволни но и воздражани во исчекување дали владата овој пат ќе ги задоволи нивните барања.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk